Create successful ePaper yourself
Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.
ПРЕДГОВОР

V

Овој речник претставува прв труд од ваков вид

во македонската лексикографија. Основната замисла

ни беше македонските идиоматски изрази да ги спротивставиме

и објасниме со соодветни англиски еквиваленти.

Идиоматски израз претставува состав од зборови

чиешто значење најчесто не може да се изведе од

значењето на составните зборови во самостојна употреба.

Збороредот на идиомот најчесто е неочекуван,

необичен, нелогичен, а не ретко и неграматичен и, со

исклучок на одредени делови (како на пр., времето на

глаголот, заменските форми), составните делови најчесто

се неменливи.

По својата семантичка и синтаксичка структура,

како и по своите функционални особености, идиомите

покажуваат мошне голема разновидност и не е

секогаш лесно да се одредат ниту причините, ниту

генезата на нивното настанување. Сепак, глобално

земено, настанувањето на еден идиом се одвива во

три основни стадиуми.

Во првиот стадиум, во јазичката практика одредена

група на зборови се зацврстува како постојана и

стабилна комбинација. Во вториот стадиум воспоставената

зборовна комбинација поприма преносено

или фигуративно значење. Во овој стадиум, во зависност

од формата и значењето на идиомот, доаѓа до

стеснување или проширување на употребата на изразот.

Некои идиоми се прошируваат речиси во сите