You also want an ePaper? Increase the reach of your titles
YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.
се претера со нивната употреба. Честата употреба

може да предизвика обратен ефект и исказот да изгуби

во свежина а идиоматските изрази да преминат во

клишеа.

Во речников се обработени над 10 000 идиоматски

изрази. При изборот на јазичкиот материјал најголема

тешкотија претставуваше непостоењето речник

на македонски идиоми. Како главни пишани извори

ни послужиј а Речникот на македонскиот јазик,

збирката на Народни пословици и гатанки од Струга

и струшко , и Речникот на македонската народна поезија.

Одреден број идиоми се собрани од родени говорници

на македонскиот јазик од разни краишта на

Македонија, па оттука, извесен број од нив, се карактеристични

само за одреден јазичен простор. Покрај

идиомите што често се среќаваат во современиот

македонски јазик, во речникот на читателот му се

презентираат и одреден број малку подзаборавени

изрази кои, особено за помладите корисници, можеби

ќе звучат архаично. Голем број идиоми, особено пословици,

вклучени во овој речник за првпат сум ги

слушнал уште во најраното детство. Мојата мајка

Каранфилка и за најобична случка имаше по неколку

приказни, за секој збор напамет знаеше по грст идиоми.

Да не беше тој завет, јас можеби мојот живот ќе

го посветев на нешто сосема друго. Вечна и памјат!

3. Мургоски