преземи PDF документ - T-Mobile

t.mobile.com.mk

преземи PDF документ - T-Mobile

BlackBerry ® Мail нагодување


Вистински одговор на сите ваши потреби!

Дали во текот на денот сте во постојано движење? Поминувате многу време

надвор од вашата канцеларија? Имате многу состаноци, патувате и чекате

повик или важна e-пошта? Сакате да сте во тек со сите инфoрмации и

случувања? Да имате многу повеќе време за пријателите и за семејството?

BlackBerry Mail од Т-Моbile е вистинскиот одговор

на сите ваши потреби.

Ова мобилно решение преку вашиот BlackBerry smartphone сега ви

овозможува да добивате електронска пошта во реaлно време, каде и да сте.

Плус, имате можност за уредување документи, GPS навигација, супер брз

интернет, користење 10 приватни е-адреси и креирање бесплатнa e-адреса

на веб страницата www.instantemail.t-mobile.mk.

Со BlackBerry Мail од T-Mobile сега можете да

имате целосна контрола врз вашиот живот!


Идеално решение

Создаден специјално за мали бизниси, независни професионалци и зафатени бизнисмени

BlackBerry ® Mail од T-Mobile е идеално решение за сите оние кои немаат сопствен mail сервер!

BlackBerry Маil ви овозможува да примате и да праќате е-пошта преку сите локални mail

провајдери со POP3/IMAP пристап, или преку светски популарните mail сервиси, како на пример:

Google Mail или Windows Live Hotmail.

За користење на BlackBerry Mail решението и креирање ваши е-адреси кои користат POP3/IMAP

пристап, потребно е да имате:

▪ BlackBerry smartphone

▪ Е-адреса

▪ BlackBerry Mail услуга

Главни фунционалности

Push e-mail технолгија

Со најбезбедната push e-mail технологија

добивајте електронска пошта во реално време.

Брз пристап на интернет

Имајте едноставен и брз пристап на интернет,

каде било и кога било! Следете ги сите важни

иформации, читајте вести, проверете ги

берзанските курсеви и гледајте online видео.

Attachment-ти

Преземајте и праќајте Microsoft ® Word, Excel

и PowerPoint документи, Adobe ® PDF и други

фајлови, како и слики во GIF, JPEG и TIFF формат.

Користење 10 приватни e-адреси

Нагодете и користете 10 приватни е-адреси

преку www.instantemail.t-mobile.mk или директно

преку вашиот BlackBerry smartphone. Плус, со

BlackBerry Mail имате можност да креирате

своја, бесплатна е-адреса:

ime_na_korisnik@instantemail.t-mobile.com.mk


Како да ја нагодите BlackBerry Mail услугата?

Нагодувањето на BlackBerry Mail услугата е полесно од кога и да било!

BlackBerry ви овозможува два начина на нагодување. Сторете го тоа на интернет, преку

веб страницата www.instantemail.t-mobile.mk или директно преку BlackBerry smartphone

и почнете веднаш да разменувате е-пошта со вашите пријатели и колеги, од кое било

место.

Проверете дали батеријата и SIM картичката се

правилно внесени во BlackBerry smartphone-от

и појдете до најблискиот T-Mobile салон за да

активирате една од дополнителните BlackBerry

услуги*.

Можете да изберете:

▪ S (Small)

▪ L (Large)

Откако ќе ја активирате избраната BlackBerry

Mail услуга, пред да започнете со нагодување,

потребно е да го регистрирате BlackBerry

smartphone на мобилната мрежа на Т-Mobile.

Одете во Home Screen на вашиот уред и

одберете ја иконата Turn Wireless On. Тогаш

ќе го видите знакот за мрежнa покриеност, кој

потврдува дека вашиот BlackBerry smartphone е

регистриран на Т-Mobile мобилната мрежа.

Потоа, можете да започнете со нагодување на

BlackBerry Mail услугата.

Имате две опции за креирање профил за

е-пошта:

▪ Преку веб страницата:

http://instantemail.t-mobile.mk

или

▪ Директно преку самиот smartphone:

Menu -> Setup-> Email Settings

* Дополнителната BlackBerry услуга се активира со дополнителна месечна претплата на постојниот тарифен модел што веќе го користите. По активирање на дополнителната услуга ќе можете да користите

одредено количество сообраќај, соодветно на избраниот пакет.


Нагодување на BlackBerry Mail услугата преку

http://instantemail.t-mobile.mk

За да креирате

кориснички account

за BlackBerry Mail

услугата, појдете на

веб страницата http://

instantemail.t-mobile.mk

и изберете Create New

Account.

Во прозорецот со

правни услови за

користење, изберете:

“I have read and understand

the legal terms

and conditions” и потоа

изберете I Agree.

Следно, во прозорецот Account Setup

внесете PIN и IMEI на вашиот уред

(PIN-от е испишан на кутијата од телефонот,

или во менито на самиот smartphone: Во Option

или Setting, изберете Status).


Доколку сакате да креирате своја е-адреса исклучиво за вашиот BlackBerry

smartphone, изберете уште едно корисничко име и внесете го во предвидениот

простор. При додавање на новата е-адреса ќе ја добиете следнава порака:

Внесете ги вашето корисничко име и лозинката и одберете Next. (Овие

информации подоцна ќе ви бидат потребни, доколку посакате да ги

промените нагодувањата на вашата е-пошта.)

По завршувањето на процесот се отвора контролен прозорец преку кој

можете да организирате, да бришете и додавате нови е-адреси.

Изберете и внесете постојната е-адреса што сакате да ја користите на вашиот

BlackBerry. Заедно со адресата, внесете ја и нејзината лозинка.


Нагодување на BlackBerry Mail услугата

директно преку вашиот BlackBerry smartphone

За да креирате кориснички account за BlackBerry Mail услугата преку вашиот BlackBerry smartphone влезете во основното мени на телефонот.

Одберете Setup

Одберете Е-mail Settings

Во Setup менито

одберете Create New Account


Доколку се сложувате со правните услови за

користење на BlackBerry Mail одберете Yes, а

потоа одберете ја опцијата I Agree

Сега внесете PIN и IMEI на вашиот уред (PIN-от е

испишан на кутијата од телефонот, или во менито

на самиот smartphone). Во Option или Setting

изберете Status.

По внесувањето на потребните информации,

одберете Next.


Внесете ново корисничко име и лозинка за

вашиот BlackBerry smartphone и одберете

Next. (Овие информации ќе ви бидат потребни

доколку посакате да ги промените нагодувањата

на вашата е-пошта.)

Откако ќе добиете порака дека имате

активирано BlackBerry Мail, ќе се отвори

прозорец со Правни услови за користење.


Одберете Yes за да потврдите дека се

согласувате со условите за користење.

Потоа, изберете и внесете постојната е-адреса

што сакате да ја користите на вашиот BlackBerry.

Заедно со адресата, внесете ја и нејзината

лозинка.

По завршување на процесот можете да додадете

друга е-адреса или да ги прегледате веќе

постојните е-адреси.

Сега на вашиот BlackBerry smartphone успешно е

интегрирана нова е-пошта адреса.


Повеќе нема потреба да бидете врзани за вашето

работно биро!

BlackBerry Mail решението од Т-Моbile ви

овозможува да добивате електронска пошта во

реално време и ве известува за секоја порака,

веднаш откако таа ќе пристигне на вашиот smartphone.

Отсега, со BlackBerry Маil организирајте

го и приватниот и професионалниот живот уште

поефикасно и никогаш не пропуштајте ниту една

е-порака, состанок или роденден на ваш пријател!

Без разлика дали станува збор за вашите приватни

или професионални потреби, со BlackBerry Мail

од T-Mobile постигнете многу повеќе и бидете во

постојан контакт со канцеларијата, семејството и

пријателите!


Контактирајте нè:

Т-Mobile Македонија АД Скопје

„Орце Николов“ бб, 1000 Скопје

Контакт центар: 070 122

kontakt@t-mobile.mk

www.t-mobile.mk

BlackBerry ® , RIM ® , Research In Motion ® , SureType ® , SurePress и поврзаните трговски марки, имиња и логоа се сопственост на Research In Motion Limited и се регистрирани и/или користени во САД и во

земјите низ светот. Користено по лиценца од Research In Motion Limited.

More magazines by this user
Similar magazines