4Ñона од декаÑи - ФедеÑаÑиÑа на ÑаÑмеÑиÑе на РепÑблика ...
4Ñона од декаÑи - ФедеÑаÑиÑа на ÑаÑмеÑиÑе на РепÑблика ...
4Ñона од декаÑи - ФедеÑаÑиÑа на ÑаÑмеÑиÑе на РепÑблика ...
You also want an ePaper? Increase the reach of your titles
YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.
број 83

септември 2012

50 ден

www.ffrm.org.mk

ТЕРА ДИСК

4

тона од

декари

Коригирачки

роеви за

јакнење на

друштвата

Третирање на

слама со уреа

Искуство од

Италија

Култура за

правење на

парфеми
УРЕДНИЧКИ ЗБОР

СОДРЖИНА

Со прашања до Стамбол

пеш се стигнува

Агрометерологија:

Карактеристики на

летната суша

9

Постои една наша народна изрека во која се вели

„Со прашања до Стамбол пеш се стигнува“. Е, ова

само го зборуваме, ама никако да го применуваме

кога нешто не разбираме или не ни јасно или, пак,

не сакаме да го разбереме.

Кога се работи за правење на теми каде што се бара

висока доза на стручност, добро е да се праша

ако некој нешто не знае, пред да се влезе во коментари.

Не би сакала тука да навлегувам со конкретни

примери и лица, но често пати сретнувам текстови

објавени во јавност каде што се коментира во име

на земјоделците и се даваат ставови во име на

земјоделците без да се знае што е тоа земјоделство

и како одредени мерки навистина влијаат во

земјоделството.

Ваквите личности кои се и лидери на некои земјоделски

здруженија, пратеници, јавни личности,

прво знаат една земјоделска мерка како на пример,

субвенциите, да ги фалат, а по еден период

тие истата работа ја напаѓаат, дури и си земаат за

право да навредуваат и други луѓе за нивни ставови.

И што е најтрагично, тие им биле пријатели

и за многу работи се советувале, разговарале и си

помагале.

Ова е дефиниција за „непознавање на одредена

проблематика“ или „криење на своето незнаење“

или „општа глупава манипулација“.

Јас секогаш велам и во моето работење како новинар

општо правило е „собери информации од

сите извори пред да донесеш општ заклучок и да

започнеш со критика“. Тоа не е само пракса во

новинарството, туку и во други гранки, и секогаш

кога нешто не знаеш или не си

сфатил добро, прашај.

Не би должела повеќе, само би

истакнала дека треба да бидеме

многу внимателни кога станува

збор за земјоделството, бидејќи

претстојниот период е интересен

за целокупното опкружување –

започнуваат кампањи, започнува

истакнување на проблемите,

започнуваат манипулации.

Со почит,

м-р Билјана Петровска

-Митревска

Градинарство

Сузбивање на плевели

во зелката

Лозарство

Интервју со Дамиано

Аванцато, консултант

од Италија

Градинарство

Сузбивање на лисниот

минер на доматите

Механизација

ALPLER плугови

10

12

22

34

Списанието „Моја земја” из

ле гува месечно и е во соп

ст веност на Федерација та

на фармери те на Репуб лика

Ма кедонија. Првиот број

из лезе како орга ни зациски

бил тен на ФФРМ во април

2003 година, а од декември

2006 се дис т ри бу ира како

ме сеч но спе цијализирано

спи са ние за зем јоделство и

ру ра лен раз вој.

Моја земја

Септември 2012

Издавач:

ФФРМ Медија

Ул. Гиго Михајловски

Бр. 3, 1000 Скопје

Тел/Факс: 02 3099042

e-mail: mojazemja@gmail.com

Број на жиро сметка:

380-1-645333 001-46

Прокредит банка

Управител и маркетинг

Благојче Најдовски 070/937132

pcelaveles@yahoo.com

blagojce.najdovski@ffrm.org.mk

Главен и одговорен уредник

Билјана Петровска Митревска

biljana.petrovska@ffrm.org.mk

Фото вест - насловна

Благојче Најдовски

Новинар

Марјан Кировски

Лектор

Верица Неделкоска

Стручни соработници

Проф. д-р Злaтко Арсов

Проф. д-р Душко Мукаетов

Стојан Глигоров

Раде Каранфиловски

Зоран Голубовски

Благојче Димитриев

Ѓорги Кочовски

Ангеле Ангеловски

Ванчо Захариев

Стеван Орозовиќ

Дизајн: Бригада дизајн [brigada.mk]

Печати: Пропоинт, Скопје

Почитувани читатели, сите сугестии, забелешки, прашања и критики, Ве молиме, да ги испраќате на маил адресите наведени во импресумот. Со

тоа ќе влијаете на квалитетот на содржината и ќе добиете информации за Ваше подобро и поквалитетно земјоделско производство или развој на

средината. Затоа, редакцијата Ве охрабрува да ни пишувате.
ФФРМ

ФФРМ го пренесува своето искуство на земјоделците од Косово

за формирање на земјоделска чадор-организација

Федерацијата на фармерите на РМ оствари средба

со Иницијативата за земјоделски развој на Косово

(ИАДК) на којашто ги презентираше своите

искуства и информации за формирање на една чадорорганизација

која функционира на национално ниво.

ИАДК планираат да формираат

организација како

ФФРМ во Косово и во рамките

на дводневната посета на

Македонија остварија средби

со управувачката структура

на ФФРМ, го посетија

регионалниот центар во Битола

и остварија средби со

членови на Федерацијата во

битолскиот регион.

„Ние постојано зборуваме дека здружувањето на земјоделците

е од посебна важност за развојот на аграрот и

тоа не само кај нас туку и во регионот. Колку имаме поорганизирани

и здружени земјоделци, толку и ние ќе

имаме поголем прогрес. Кога би се направила една анализа

за развојот на земјоделството во овие 20 години, ќе

се забележи дека ни се случи нешто позитивно, односно

започна здружувањето на земјоделците, се формираа

голем број здруженија, формирана е Федерацијата на

фармерите која во овие десет години создаде свои капацитети

и развиена структура на функционирање. Она

што е важно кога се формира една ваква организација е

да се мобилизираат здруженијата и да се создадат потсекторски

групи кои ќе дадат резултати. Исто така, важно

е да се посвети внимание на едуцирањето и информирањето

на фармерите“, вели Секуловски.

„Од 1990 година во Косово се формирани голем број земјоделски

организации од кои денес само 120 се активни.

Овие организации немаат развиена структура за да

настапуваат и да лобираат за правата и интересите на

земјоделците на повисоко ниво. Затоа, неминовен е процесот

на формирање на една чадор-организација. Во регионот

разговаравме и со други здруженија, но на овие

простори единствено Федерацијата на фармерите на РМ

е чадор-организација со развиена структура со којашто

решивме да оствариме соработка за размена на искуства

и да научиме како се создава една ваква организација.

Во Косово ние имаме поддршка и од Министерството за

земјоделство за формирање на оваа организација. Со

оваа средба само започнува процесот на учење кој ќе ни

помогне да формираме една добра организација, која ќе

биде гласот на земјоделците во Косово“, вели Магбуле

Хусени од ИАДК. •

Размена на искуства помеѓу ФФРМ и АФДИ за подобрување на квалитетот на млекото

Федерацијата на фармерите на РМ организираше

седумдневна посета на Француската земјоделска

организација АФДИ со која спроведува проект

за подобрување на квалитетот на млекото. Тие реализираа

средби со сточари и млекари, а се оствари и

средба со заменик-министерот за земјоделство, Зоран

Коњановски. Во рамките на средбата се разговараше и

за продолжување на соработката со АФДИ и АЛДА.

Според Андрија Секуловски, претседател на ФФРМ, овој

потсектор го очекуваат голем број предизвици, како и

закани со неможноста да инвестираат во сопствените

фарми, а особено голем број мали фармери тоа ќе го почувствуваат

доколку не се здружат и не ги следат стандардите

за квалитет на млекото.

„Клучни проблеми на кои треба да се работи се: фармерите

кои ќе се одлучат да егзистираат со производство

на млеко првенствено треба да имаат на располагање

земјиште за производство на храна по грло добиток, затоа

што храната најмногу влијае на крајниот производ;

примена на техничко-технолошки достигнувања за одржување

на квалитетот на млекото и доколку одлучат

да бидат земјоделците мали по обем, неминовно е

нивно здружување за да опстојат на пазарот. За млекопроизводителите

претставува голем проблем неорганизираноста

во делот на лабораториските испитувања за

хигиена на млекото“, вели Секуловски.

Проблемот со квалитетот на млекото во Франција се појави

пред 40 години и е надминат. Според француските

експерти, и Македонија треба да работи за надминување

на овој проблем за да се добие конкурентен производ на

пазарот. „Не се работи за тоа директно да се пренесат

методите од Нормандија, туку да се изнајдат начини да

се подобри квалитетот на млекото, согледани директно

на терен. Во рамките на оваа посета ќе се посетет млекарници

и фарми во Македонија и на самото место ќе се

увиди каде се греши и како тоа да се поправи. Она што

е најголем проблем кај сточарите, и тоа не само во Македонија,

е правилното

користење на машината

за молзење. Најчесто тоа

се однесува на чистењето

на машината и чувањето

на млекото на ладно. Ова

е посебно важно бидејќи

најчесто млекото не

се чува во добри услови

и така се создаваат бактерии

во млекото“, вели

Жулиен Кардер, техничар

за млекопроизводство од

АФДИ.

Во рамките на Федерацијата

на фармерите е

формирана и потсекторска

група за млекопроизводство

преку којашто се

спроведуваат активности

за подигање на квалитетот

на млекото. Во неа

активно учествуваат производители,

млекари, институции,

експерти, а се вклучува и меѓународно искуство

како што е оваа соработка со АФДИ, како претставници

на француските млекопроизводители. •

4 | МОЈА ЗЕМЈА
Во организација на ФФРМ, 25 земјоделци од Албанија во посета на Македонија

Федерацијата на фармерите

на РМ беше домаќин на

25 земјоделци од Албанија

кои имаа средби со сточаричленови

на ФФРМ. Во рамките на

престојот беа реализирани средби

со сите инволвирани институции

во сточарството, односно со

Агенцијата за храна и ветерина,

Институтот за сточарство, ЈП за

стопанисување со пасишта, а беа

остварени и посети на кланица и

ветеринарна станица.

„Оваа посета ФФРМ ја организираше

за да се разменат искуства

и знаења помеѓу сточарите од

Македонија и Албанија. Реализирана

е средба со ЈП за стопанисување

со пасишта за да се разгледаат

законските легислативи

и да размениме информации за

тоа како се регулирани тие во нашата

држава и во Албанија. Ние

сметаме дека треба повеќе да се

работи на ова поле за да се понудат

соодветни и практични решенија

и во нашата земја, за проблемите

со коишто се судираме

во секојдневното работење. Затоа

организираме вакви средби, за

да разгледуваме слични проблематики

во овој сектор и да се

понудат поквалитетни решенија.

Федерацијата на фармерите смета

дека треба да се направи измена

во Законот за пасишта и во

координативната група да бидат

вклучени одгледувачите на овци

од ФФРМ. Потребно е почитување

на склучените договори за користење

на пасиштата заради

пристап и нивно соодветно искористување.

За поефикасно искористување

на пасиштата, ние

предлагаме тие да не се пошумуваат,

да се одржуваат, да има

поила и да има пристап до нив“,

вели Андрија Секуловски.

Претставниците од Албанија објаснија

дека пасиштата кај нив ќе

преминат во надлежност на општините

кои ќе ги даваат под концесија.

Директорката на ЈП за стопанисување

со пасишта, Иљмије Власаку,

информира дека кај нас површината

на пасишта изнесува

600.000 хектари од кои 80% се искористени.

Суша, помал род, долгорочни мерки за прилагодување

Високите температури и сушатата кои ја зафатија државата имаат негативно

влијание врз целокупното земјоделството. Според агрометеролозите оваа суша

е сосема поинаква од другите кои се случуваат секое лето.

Според информациите кои ги добива Федерацијата на фармерите на РМ од

своите членови високите температури кои ја зафатија државата имаат негативно

влијание и намалување на родот во градинарството, овоштарството, пчеларството

и лозарството а што се однесува до сточарството најголем проблем прави сушата

која создаде потешкотии во снабдувањето со храна, но и цената на чинење на

храната се зголемува. Со сушата кај високите пасишта настана деградација на

тревната маса, односно преовладува трева со полош квалитет, а знаеме дека

стоката е пребирлива. Ова директно влијае на намалување на продуктивноста

на производено млеко. Исто

така поради неможноста за

наводнување ливадите останаа

неискористени. Сето ова има

големо влијание во млекопроизводството

и сточарството.

„Земјоделските култури трошат

вода од сопствените резерви и

тоа доведува до намалување на

родот и сушење на растението.

Ваквиот процес драстично е

изразен во регионите кои се

непокриени со системи за наводнување

како што е Овчеполието.

Ваквите временски

неприлики ќе продолжат и

во иднина. Излезот ние како

ФФРМ го гледаме во капитални

инвестиции во рационално

управување со постоечките ресурси за вода. Исто така потребно е градење на

една стратегија за прилагодување на земјоделството кон климатските промени

и едукација на земјоделците за примена на нови технологии за прилагодување

на земјоделството кон новите климатски промени. Поново здружувањето е

основен излез од ваквиот проблем и на ваков начин може полесно да се реагира

за цената на храната и тоа и од страна на производителите и потрошувачи и

воопшто за справување со климатските промени", вели Андрија Секуловски,

претседател на ФФРМ. •

септември 2012 | 5
ФФРМ

Извадок од интервјуто на Андрија Секуловски, претседател на ФФРМ за МИА

Само организирани и едуцирани

ќе влијаеме на пазарот

Сушата годинава ги загрижува сточа

рите, последиците по пасиштата и

ли вадите од недоволните количини

во да се огромни. Ќе има ли проблем

со добиточната храна?

Последиците од климатските промени

влијаат врз земјоделството. Во

сточарството најголем проблем направи

сушата, го отежна снабдувањето

со храна, предизвика и покачување

на нејзината цена, ги деградира планинските

пасишта и тревната маса.

Преовладува трева со полош квалитет,

а добитокот е пребирлив. Ова

директно влијае на намалување на

производството на млеко. Поради

неможноста за наводнување, ливадите

останаа неискористени, што

значително се одразува во млекопроизводството

и сточарството.

6 | МОЈА ЗЕМЈА

Дали сè уште сметате дека

субвенциите имаат социјална

димензија и колку сте задоволни од

динамиката на исплата?

Аналитички влеговме во поддршка

на сето ново што се спроведува

во Македонија. Истовремено сме

свесни дека сите почетоци се тешки

и тука излегуваат на површина голем

број проблеми. Кога станува

збор за субвенциите, отсекогаш се

актуелни прашањата дали тие се

развојни, каде одат парите од субвенциите,

колку помогнаа за развој

на земјоделството. Како земјоделец,

би истакнал дека тие

влегуваат во буџетот на семејството

и се користат за инвестиции во аграрот.

Федерацијата на фармерите

секоја година изработува Предлогпрограма

за субвенционирање која

ја доставува до Министерството за

земјоделство. Во неа детално се разработени

предлозите за секој сектор

одделно. Наши генерални барања

се: поставување на временска рамка

за субвенционирање, дефинирање

на периодот „од – до“, периодот

кога земјоделците ќе ги добијат финансиските

средства, планирањето

да биде повеќегодишно и да се

постават индикатори кои ќе ги одредат

позитивните и негативните вложувања

поодделно во секторите.

Постојано се нагласува потребата

од здружување на земјоделците и

формирање задруги/кооперативи,

за што Владата обезбеди и посебна

поддршка. Но, колкав е реално

интересот кај производителите

за ваква форма на организирано

дејствување, сè уште ли ја спо ре дува

ат со онаа во СФРЈ? Може ли тоа

да е причината поради која бројот на

за други во земајава е многу мал?

Во Македонија постојат големи

потенцијали за развој на кооперативното

движење кое ќе помогне

земјоделските производи да станат

конкурентни на пазарите. Во земјите

во развој обидите за формирање

и функционирање на кооперативите

најчесто завршува без успех. Кои се

причините? Од нашето тековно работење

е согледано следното: најголеми

проблеми се менаџерската одговорност,

недоволната посветеност на членовите,

нивната слаба соработка и комуникација,

недоволното познавање

на улогите во кооперативата на сите

членови, како и органи на управување,

несоодветните политички одлуки

и финансиските неправилности, недоволното

менаџерско искуство, нелојалноста

на членовите, како и недоволните

капитални и човечки ресурси.

Управувањето со кооперативите има

сличности со другите бизнис-ентитети,

но и специфичности, малите

фармери ја користат можноста преку

кооперативите да имаат пристап до

поевтини репроматеријали, механизација,

услуги и пазар за своите производи.

За да се создадат услови за

функционирање на кооперативите,

Федерацијата предлага првенствено

едуцирање и информирање на фармерите

за тоа кои се предностите и

користа од ваквиот начин на организираност.

На ваков начин ќе има

организирани и информирани земјоделци

кои ќе можат да влијаат на пазарот

и на добивањето поевтини репроматеријали.

Колкаво е учеството на ФФРМ во

пот секторските групи и колку овие

те ла влијаат на земјоделската по лити

ка? Формиран ли е Агросоветот во

кој треба и вие да членувате?

Потсекторскиот пристап го практикуваме

во ФФРМ, но и наши

членови учествуваат во потсекторските

групи на ресорното Министерство.

Овој процес сè уште ги нема

дадено соодветните резултати, но е

вистинскиот пат за постигнување на

целите. Агросоветот е советодавно

тело на МЗШВ и се формира согласно

Законот за земјоделството и рурален

развој. Во рамки на оваа тело

се овозможува земјоделците да ги

пренесат своите ставови за поефикасно

искористување на аграрните

можности и предлагање соодветни

решенија. Добро е Агросоветот да

функционира и редовно да одржува

состаноци за сите учесници да бидат

навремено информирани, да имаат

време да се подготват и да дефинираат

ставови. ФФРМ има свој претставник

во ова тело, тоа е претседателот на

ФФРМ, и како најголема национална

организација на фармерите и социоекономски

партнер на државата,

подготвена е да даде свој придонес.

Очекуваме што поскоро да почне да

функционира Агросоветот.

Можете ли за крај да направите

паралела на земјоделскиот сектор

сега и пред неколку години?

Евидентен ли е прогрес и што

мислите за владините мерки?

Промени во однос на развојот на

земјоделство има и тоа во позитивна

насока. Можеби не сме целосно задоволни

од динамиката, но прогрес има.

Се хармонизираат многу закони, се

даде можност на стопанството да се

ревитализира. Сето ова бара добро

развиени капацитети за спроведување,

но треба да се работи. Најголема

предност е тоа што се препознава

вредноста на македонското земјоделство

и неговите компаративни предности.

Со инвестирањето и вложените

пари преку субвенциите, Програмата

за рурален развој и ИПАРД-програмата

се додаде вредност на земјоделското

стопанство. Слабостите сè уште

се чувствуваат во администрацијата,

нефункционалниот однос меѓу земјоделските

институти за развој на

аграрот (како клучен фактор во земјоделството

за следење на брзиот техничко-технолошки

развој) и недавањето

посебен акцент на советодавната

служба во земјоделските стопанства

која е предуслов за спроведување на

конкурентно производство. Тоа значи

дека само организирани, обединети и

информирани можеме да одговориме

на предизвиците што нè очекуваат во

иднина. •
АГРОМЕТЕРОЛОГИЈА

Карактеристики на

летната суша

Треба многу посериозно да се

размислува за проширување

и развивање на системите

за наводнување, кои во

овој момент, се чини, се

единствениот спас за

земјоделството од ваквите

непогоди и од климатските

промени од кои не можеме да

избегаме.

Пишува: Ангелко Ангелевски, советник за агрометерологија во УХМР

Сушата, која трае веќе подолго време во

Македонија, слободно може да се квалификува

како поинаква од досегашните, а сето тоа

произлегува од анализите направени од

актуелните агрометеоролошки податоци од месеците

јуни, јули и првата половина на август, споредени со

многугодишните прегледи, историските резултати и

климатските карактеристики на ова подрачје од Балканот.

Сушни периоди сме имале и во минатото. Главна одлика

на овие суши се температурите, средномесечни или

среднодекадни, количествата врнежи и максималните

температури.

Сите овие параметри не се поклопуваат до тој степен

со овогодишната суша. Среднодекадните температури

на воздухот, споредени со многугодишниот просек се

повисоки и тоа континуирано од јуни до средината на

август за досега неверојатни 3-5ºС, додека апсолутно

највисоките максимални температури се во границите

на досега забележаните и тие се пониски во јуни за

4-7ºС, што како климатска карактеристика не е логично

и вообичаено високите дневни температури се следени и

со апсолутни максимални температури. Како илустрација,

во Скопје во јуни е забележана максимална температура

од 35,9ºС, а апсолутниот максимум за јуни измерен

досега е 41,4ºС, додека средномесечната температура

измерена оваа година изнесува 24,2, а просечната е за

3,3ºС пониска од овогодишната и изнесува 20,9ºС.

Отсуството или потпросечното количество врнежи

само ја надополнуваат констатацијата, со исклучок на

Штип каде што имаше 10 л/м2 повеќе врнежи и Гевгелија

каде што тие беа во границите на просекот.

Месецот јули како да ја отсликува состојбата од

јуни, но со уште помало количество врнежи и повторно

високи декадни температури, а пониски максимални

температури, со таа разлика што сега овие отстапувања

се помали и се движат околу 2-3ºС.

Невообичаени за оваа суша се и врнежите од дожд на

почетокот на втората декада од август, кога на одредени

места паднаа врнежи чии суми изнесуваа и 92 л/м2 во

Охрид, 76 во Берово или 68 во Струмица. Овие врнежи

се резултат на нестабилност, проследени најчесто со

ветер и град, краткотрајни, така што големо количество

вода паѓа на површината, а почвата не е во можност

да го прими со што има голем оптек, кој предизвикува

ерозивни процеси. Тие дополнително прават штети кај

културите и имаме многу мало искористување од страна

на земјоделските култури.

Ваквите врнежи немаат некое позабележително

значење за земјоделското производство, освен

разладувањето на атмосферата кое дојде како последица

на овие врнежи, со што состојбата со културите на

отворено се промени и само за момент ги исклучи

системите за наводнување, поради прогнозираното

стабилизирање на временската состојба во наредниот

период и постепеното затоплување до крајот на месецот,

секако дека наводнувањето ќе го врати на нивите.

Многу пати потенцираниот нерамномерен распоред

на врнежите во Македонија и овој пат доаѓа до израз.

Всушност, имаме измерени одредени количества врнежи,

но во почвата имаме многу малку од тоа. Имавме период

без врнежи или потпросечни количества, па период со

натпросечни количества, што како сума ги имаме, но во

суштина како количество вода ги немаме.

Ова е уште еден од аргументите за необичната состојба

со оваа суша. И покрај врнежите кои се натпросечни,

сушата продолжува со несмален интензитет.

Земјоделските култури со зголемениот интензитет на

транспирација трошат вода од сопствените резерви,

затоа што нема вода во почвата, што доведува до нивна

дехидрација и сушење што, во најлош случај, може да

доведе до губење на родот и сушење на растението,

особено во регионите кои не се покриени со системи за

наводнување и се оставени на забот на времето.

Ако во изминатиот период климатските промени се

квалификуваа како временски состојби кои се јавуваат

во одредени периоди од годината. Честото повторување

на ваквите временски состојби во изминатите години

со некои невообичаени карактеристики за една суша,

како што е овогодишната, со право нè наведува на

констатацијата дека промени постојат, се изменуваат

основните карактеристики на сушата како појава,

со што потребите од преземање на активности за

справување со сушата стануваат сè поактуелни и треба

многу посериозно да се размислува за проширување и

развивање на системите за наводнување, кои во овој

момент, се чини, се единствениот спас за земјоделството

од ваквите непогоди и од овие климатски промени од кои

не можеме да избегаме.

Нашата основна препорака до земјоделските

производители е да ги искористат сите можности за

наводнување. Секако, водата треба да се користи

најрационално, а потребите на културите од вода сè уште

се актуелни. •

септември 2012 | 7
ГРАДИНАРСТВО

Одгледување на

Пишува: Стојан Глигоров

Пиперката е еден од најзастапените

градинарски производи кај нас. За

да се добие квалитетен плод, треба

да се обрне големо внимание на

целосниот процес на одгледување.

Пред да започнете со одгледување,

треба да се видат климатските

услови, да се внимава на времето

на сеидба, наводнување, да се

користат соодветни ѓубрива и да

се применуваат постбербените

активности.

КЛИМАТСКИ УСЛОВИ

Оптимална температура при сончево

време е 25ºC, а при облачно 18-20º.

Отстапувањата за 5-7ºC не се одразуваат

негативно врз развојот и плодоносењето.

Семето најбрзо 'рти и

поникнува при 30ºC. Најголем број

цветови се развиваат и заврзуваат

плодови при дневна температура од

25ºC, а ноќни 16-21ºC.

Највисоки приноси се постигнуваат

при дневна температура 25ºC, а

ноќна 20ºC и температура на почвата

од 25ºC.

При температура над 32ºC и под

15ºC ги отфрла цветовите и плодовите.

Растенијата престануваат со порастот

и развојот при температура

под +5ºC и над 38ºC.

Прекинува со сите животни процеси

при температура од - 0,3 до 0,5ºC

Најинтензивен развој на надземните

растителни делови се постигнува

при влажност на почвата 70-80%

од максималниот воден капацитет

и релативна влажност на воздухот

60-70%. Наводнување на 7-10 дена

со 30-40 литри вода на квадратен

метар.

Оптимална температура во заштитен

простор при сончеви денови е

25-28ºC, а при облачно е 22-25ºC.

Температурата не смее да падне

под 16ºC, не треба да има големи

температурни амплитуди помеѓу

дневната и ноќната температура.

Релативната влажност да биде

60-70%, а влажноста на почвата 70-

80% од максималниот воден капацитет.

ЃУБРЕЊЕ

Минерални ѓубрива: за средноплодни

почви (за принос 30-40 т/ха)

потребно е да се употребат 120-140

кг/ха N; 80-100 кг/ха P 2

О 5

и 100-160

кг/ха К 2

О.

Оновно ѓубрење:

Свежо арско ѓубре (октомври или

ноември)

Прегорено арско ѓубре (февруари

и март) 40-50 т/ха

СЕИДБА

За 1 ха потребно е да се обезбедат

55.000 - 60.000 растенија расад.

За рано производство потребно

е 20-25 грама семе за 1 м 2 , за среднорано

и доцно производство 12

грама семе за 1 м 2 . Покривање на

семето со дезинфициран и просеан

компост или тресет 1,5 см. Семето да

се покрие со три пати подебел слој

од пречникот на семето.

Прихранување на расадот да се

направи два пати, прв пат во фаза на

првите два постојани листа и втор пат

15-20 дена подоцна. На десет литри

вода се ставаат два грама азотно

ѓубре (КАN) и четири грама фосфорно

ѓубре и со таа суспензија се поливаат

3 л/м 2 . Потоа расадот се измива со

чиста вода. Прихранувањето се извршува

при облачно време или

приквечер – фолијарно со фолијарни

ѓубрива збогатени со микро и макроелементи.

Добар расад е од 15 до 18

см со 6-8 добро развиени листови,

стеблото да биде збиено и еластично,

со добар корен и бочни коренчиња.

РАСАДУВАЊЕ

- Крупноплодни сорти

Расадување во редови: 70-80 см

(меѓуредово) x 30 см (редово)

Расадување во дворедни ленти:

8 | МОЈА ЗЕМЈА
пиперка

90 (меѓуленти) x 60 (ленти) + 60x30 (редово)

Окопување по 15-20 дена од расадувањето. Прихранување

да се направи два пати на база на извршена

агрохемиска анализа, првото по 25-30 дена од расадувањето

со КАN во доза од 300 кг/ ха, а второто 20-25

дена по првото во време на интензивното растење на

плодовите, а со комбинација од азотни и NPK ѓубрива.

Практично, треба да се земат 200 кг/ха КАN и 200 кг/ха

NPK (10:30:20 или 15:15:15). Ако е потребно, се врши

трето прихранување по првата берба на технолошки

зрелите плодови со иста мешавина во количество од

300 кг/ха.

НАВОДНУВАЊЕ

Влажност на почвата 70-80% од максималниот воден

капацитет. Највисок принос се постигнува со температура

на водата 20-22ºC. Од средината на јуни, па до

крајот на август наводнување на секои 7-10 дена. При

прекумерно наводнување, посебно на тешки почви, заостанува

порастот, лисјата жолтеат, цветовите паѓаат.

БЕРБА

Берба на технички зрели плодови кај:

Краткоплодни сорти: 60-65 дена по расадувањето

ОБРАБОТКА НА ПОЧВАТА

По прибирањето на реколтата во есен, обработка на 10-

15 см. Во ноември и декември длабоко орање на 30 см

со внесување на свежо арско ѓубре. На алувијални и

песокливи површини, обработка кон крајот на зимата,

февруари, почетокот на март, кога се користи само прегорено

арско ѓубре.

Обработка пред садење во втората половина на април

со браносување и ситнење. Ако во текот на зимата

почвата е набиена, се препорачува ранопролетно плитко

орање. Пред расадувањето да се внесе извесно количество

минерални ѓубрива, предвидено за стартно

ѓубрење (1/3 N :P : К + 1/3 КАN). •

септември 2012 | 9
ГРАДИНАРСТВО

„Хемомак Пестициди”

Правилна заштита

на зелката

Пишува: дипл. агр. Благојче Димитриев

За производство на добра и квалитетна зелка треба да се посвети внимание на неколку болести и

штетници, а пред сè треба да се внимава на плевелите со тоа што ќе се употреби ефикасен хербицид.

За сузбивање на плевелите во зелката пред расадување се користи хербицидот STOMP 330 Е. Овој

хербицид се користи за сузбивање на едногодишни тревни и широколисни плевели.

STOMP 330 Е се карактеризира со висока ефикасност

на плевелната флора и висока толерантност на одгледуваната

зелка. Хербицидот има широк спектар на дејствување.

Главни плевели што ги сузбива се дивото просо

(Echinochloa crus-galli), дивата лобода (Chenopodium album),

мувар (Setiria spp.), штир (Amaranthus retroflexus),

прстенесто просо (Diditaria spp.), див сирак (Sorghum halepense),

ветрушка обична (Apera spica – venti), ѕвезденка

(Stellaria media), див пипер (Poligonum spp.) и многу

други тревни и широколисни плевели. По третманот со

хербицидот STOMP 330 Е и пред расадувањето на зелката

се употребува почвен инсектицид за сузбивање на

почвените инсекти.

Препорачан почвен инсектицид е DURSBAN G-5 кој

се користи во доза од 35-60 кг со примана на целата површина

или 15-20 кг со примена во редови. За почвениот

инсектицид DURSBAN G-5 да ја достигне својата висока

ефикасност, мора да се изврши инкорпорација. Зелката во

текот на вегетацијата е нападната од повеќе габни болести

како што се црно гниење на основата (Rhizoctonia solani),

бело гниење (Sclerotinia sclerotiorum), алтернариски

рак (Alternaria brassicae), фузариозно венење (Fusarium

oxysporum) и пламеница (Peronospora parasitica). За

решавање на овие заболувања, треба да се употребат

неколку фунгициди. ORVEGO е нов системски иновативен

фунгицид наменет за сузбивање на пламеница кај

повеќе култури, како и кај зелка во доза од 1 л/ха. OR

VEGO е одличен фунгицид за сузбивање и на Pythium

spp. - сечењето на расад. Нов, модерен и веќе докажан

фунгицид од компанијата BASF против пламеница е

фунгицидот ENERVIN кој се користи во доза од 2 кг/ха.

Тој е комбиниран системски фунгицид кој се користи кај

разни видови култури во текот на целата вегетација.

SIGNUM е системски превентивен фунгицид со широк

спектар на дејствување. Кај зелката се употребува во доза

од 1 кг/ха. Се користи против разни заболувања како што

е сивото гниење, белото гниење, црната дамкавост, сивата

дамкавост. Зелката, покрај габни заболувања, може да

биде нападната и од голем број инсекти, како што се

големиот зелкар (Pieris brassicae), мал зелкар (Pieris rapae),

зелковиот молец (Plutella spp.), совица (Plusia spp.),

зелкова мува. За сузбивање на овие инсекти стручната

служба од „Хемомак Пестициди“ ДОО Велес го нуди новиот

системски и високоефикасен инсектицид ALVERDE кој се

користи во доза од 1 л/ха. Овој инсектицид има контактно

и дигестивно дејство на инсектите. ALVERDE е потполно

нов инсектицид од компанијата BASF кој се одликува со

одлично дејство на ларвата во сите стадиуми и на имагото

на инсектите, како и со исклучителна селективност кон

одгледуваната култура. Новиот механизам на дејствување

на ALVERDE доведува до директно дејство на ензимите и

го блокира протокот на јони низ натриумскиот канал во

нервниот систем на инсектот. Каренцата за зелка е само

три дена. Друг препорачан инсектицид за сузбивање на

штетниците кај зелката е NURELLE D кој се употребува во

доза од 1 л/ха. •

10 | МОЈА ЗЕМЈА
ГРАДИНАРСТВО

„Хромос Пестициди“

Сузбивање

на лисниот

минер на

доматите

Еден од најчестите начини на ширење на лисниот минер на доматите

„тута абсолута“ е со заразен расад, потоа со увоз и дистрибуција на

плодови од заразени подрачја и блиски депонии каде што се оставаат

растителни остатоци од претходното производство до местото каде

што се одгледува доматот.

Штетите ги прави ларвата (сите стадиуми) на сите надземни делови

на растението: стебло, лист, цвет, млади плодови, зрели плодови. По

испилувањето од јајцето ларвата се вбушува под епидермисот и целосно

го јаде паренхимското ткиво формирајќи неправилни „мини“. Епидермисот

на листот и од горната и од долната страна на листот останува неоштетен и

преку него може да се видат ларвите и изметот. Ларвите од трет и четврти

стадиум се многу мобилни и во раните утрински часови може да се забележат

како излегуваат од една мина и повторно се вбушуваат правејќи нова.

Многу јак напад може да предизвика штети од 80 до 100% (дефолијација),

а нападнатите зрели плодови имаат дополнителен проблем со секундарна

појава на складишни болести.

пишува: дипл. агр. Зоран Голубовски

– „Хромос Пестициди“ – ДОО

12 | МОЈА ЗЕМЈА

Мерки за сузбивање:

• Плодоред со култури кои не ги напаѓа „тута абсолута“, а ако веќе

мора да биде повторно домат, тогаш интервалот меѓу два турнуса

треба да биде до 40 дена.

• Здрав и незаразен расад е значаен предуслов за успешна сезона.

• Мрежи на сите отвори за вентилација, двојна врата на влезовите,

механичко отстранување на нападнатите листови во рана

фаза, сузбивање на плевели, уништување на растителниот отпад

од претходниот турнус, а не формирање на депонии.

• Мониторинг на појава на „тута абсолута“ во плантажите со феромонски

стапици.

• Употреба на паразити и предатори кои се хранат или паразитираат

на јајцата, ларвите или куклите од штетникот.

• Хемиска заштита. Доколку се појават знаци на присуство на „тута

абсолута“ се третира со инсектициди кои се од различни групи

и со различен начин на дејствување.

Фирмата „Syngenta“ ги препорачува производите Vertimec и

Match за почетните фази од вегетацијата, а подоцна кога веќе

започнува и бербата, да се употреби новиот инсектицид Affirm

кој има најдобро и најбрзо дејство на „тута“, а истовремено има и

најкратка каренца од само три дена. •
МРЕЖА ЗА РУРАЛЕН РАЗВОЈ – КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ

Мерки за заштита

на почвите

Пишува: Проф. Д-р Душко Мукаетов

Во Република Македонија почвата е во најголем

дел лимитиран природен ресурс, особено

обработливото земјиште кое како контролиран

екосистем е изложено на голем број негативни

влијанија поврзани со активноста на човекот.

Како резултат на глобалното затоплување, односно

ефектот „стаклена градина“ би можеле да се претпостават

некои значајни промени врз својствата на почвата:

• Пораст на температурата на почвата како резултат

на покачената температура на воздухот, со што

се зголемува и продолжува периодот во кој

почвите се доволно загреани за непречена работа

на микроорганизмите (потопли од 5ºС), што

резултира со забрзано распаѓање на органската

материја особено кај обработливите површини, со

сите негативни последици од него: намалување

на плодноста на почвата, водозадржливоста, на

стабилноста на структурните агрегати, нарушен

водно-воздушен режим и сл.

• Значајно зголемување на евапотранспирацијата

предизвикана од пораст на температурата, што во

спрега со продолжување на вегетацискиот период

и зголемениот интензитет на фотосинтезата,

води до зголемување на потребата од вода кај

растенијата.

• Зголемување на варијабилноста на врнежите,

како и нивно можно намалување.

Мерки на адаптација

Постојат шест главни принципи кои треба да се земат

како основни за одржливо управување со почвата како

природен и производствен ресурс:

1. Одгледување на покривни култури – со цел да се

продолжи периодот на покриеност на почвата со растителна

покривка, како најзначаен предуслов за: заштита

на почвата од водната и еолската ерозија; зголемување

на степенот на инфилтрација при врнежи од

дожд; редукција на влажноста преку испарување и

зголемување на достапната влага; редукција на температурата;

зголемување на содржината на органска материја

во површинскиот почвен слој.

2. Зголемување на содржината на почвена органска

материја е принцип кој е тесно поврзан со претходниот.

Преку збогатување на површинскиот почвен слој со

органска материја се зголемува: стабилноста на површинските

агрегати, капацитетот за задржување на вода

во почвата, како и капацитетот на почвите за задржување

на хранливи материи.

3. Пораст на степенот на инфилтрација и ка па ци тетот

за задржување на вода е значаен принцип со кој се

овозможува: намалување на дефицитот на вода за растенијата;

пораст на приносот и продукцијата на зелена

маса, како и редукција на површинското отекување на

водите (пороите).

Механизми за зголемување на почвената инфилтрација

и капацитетот за задржување на вода се:

заштитна покривка од растителни остатоци над почвата;

намалување на загубите на вода преку евапорација

(испарување) со редуцирање на брзината на

ветерот преку подигање на ветрозаштитни појаси; постојана

обработка меѓу редовите на посевот со цел да

изостане формирањето на покорица (површински непропустлив

слој); формирање на мали бариери за да се

намали површинското отекување (обработка и поставување

на растенијата по изохипси); подобрување на пропустливоста

на збиените потповршински слоеви кои го

попречуваат навлегувањето на водата во подлабоките

слоеви (длабоко орање); употреба на органски ѓубрива

за зголемување на почвената инфилтрација и

капацитетот за задржување на вода; редукција на

наклонот на земјиштето со цел да се даде повеќе време

за инфилтрација на водата.

14 | МОЈА ЗЕМЈА
Почвена деградација како резултат на климатските промени

Почвите претставуваат критичен ресурс во производството на

храна, подложен на разни типови на почвена деградација, која води

кон намалување на продуктивноста и комплексноста на растителното

производство и шумарство. Ерозијата, компакцијата на почвата, салинизацијата

и намалувањето на содржината на органски материи

претставуваат неколку многу сериозни форми на почвена деградација,

кои се сè поинтензивни во услови на сè поизразени климатски

промени.

Почвената ерозија претставува „одвојување и поместување на

почвените честички под влијание на ерозивните сили од ветерот или

водата од едно на друго место“.

4. Редукција на површинските истечни води (порои)

заради редукција на загубата на почва, вода, хранливи

материи и пестициди; зголемување на количеството

на достапна вода за растенијата и, следствено, зголемување

на приносите и продукција на зелена маса.

Мерките за оваа цел се следни: собирање на површинските

води во објекти од кои водата ќе може да се

инфилтрира; конструирање на структури кои ќе ги собираат

и одведуваат површинските води подалеку од полето,

со помош на ридски канали и дренажни пресеци

направени рачно или со помош на механизација; поставување

на пермеабилни бариери по изохипсите со цел

да се намали брзината на поројот со креирање на услови

кои ја фаворизираат инфилтрацијата, како што се

вегетативните бариери (живи бариери).

5. Подобрување на хемиската плодност и продуктивност

Позитивните ефекти добиени од подобрувањето на

хемиската плодност и продуктивност на почвата се:

зголемени приноси; зголемена продукција на растителна

биоматерија и подобра развиеност на коренот кај

растенијата.

Механизми за таа цел се: спроведување на детални

анализи на состојбата на хранливите материи во почвата

и растенијата; користење на какви било органски

материи кои се локално достапни; воведување на плодоред;

избегнување на загуби од хранливи материи

преку забрани за палење на растителните остатоци или

стрништа; зголемување на содржината на органска материја,

особено кај песокливите почви преку апликација

на големи количества органско ѓубриво и мулчирање;

замена на употребата на азотни ѓубрива со засејување

на легуминози; воведување на растенија со длабок коренов

систем кои апсорбираат хранливи материи од подлабоките

слоеви и др.

6. Намалување на загаденоста на почвата и околината

Намалувањето на степенот на загаденост на почвата

и околината може да се постигне преку: интегрирани

мерки за заштита од плевели и штетници со употреба на

биолошки препарати; етапна употреба на количествата

на ѓубриво според потребите на растенијата и капацитетот

на почвата за задржување на хранливи материи;

следење на квалитетот на површинските и потпочвените

води; обука на фармерите за правилна употреба

на хемиските препарати во земјоделството.

Контурно одгледување (подготовка на површината

по изохипси) – препорачливо како едноставна мерка за

контрола на ерозијата на ограничени површини каде

што наклонот е поголем од 3% и неговата должина не е

многу голема.

Зелено ѓубрење (сидерација) односно заорување

на неразложена растителна маса од засеаната култура

(најпогодни се легуминозните растенија), со цел да се

внесе големо количество биолошка материја во почвата.

Позитивни ефекти од оваа операција се: зголемување

на содржината на органски материи, подобрување на

инфилтрацијата на почвата, заштита на површинскиот

слој од силни дождови и ветер, подобрување на стабилноста

на почвените агрегати.

Задржување на дождовни води

Постојат едноставни техники на подготовка на почвата

за т.н. „ин ситу“ задржување на дождовни води

кои можат да се изведат или со механичка или со

животинска влечна сила: орање и садење на рамна

површина; формирање гребени по садењето; формирање

на гребени пред садењето; тесни гребени и делумно

орање. •

Во августовскиот број на „Моја земја" направена е

ненамерна грешка во рубриката „Климатски промени".

Текстот „Мерки за ефикасно и продуктивно користење на

водата во земјоделството" е подготвен од страна на проф.

д-р Ордан Чукалиев и доц. д-р Вјекослав Танасковиќ, чии

имиња беа ненамерно испуштени во текстот.

септември 2012 | 15
ПОЛЈОДЕЛСТВО

Одгледување на перуника

Култура за правење

Пишува: проф. д-р Златко Арсов

на парфеми

Перуниката се одгледува поради

задебелениот ризом од кој се

вади етеричното масло. Пред

екстракцијата, ризомот се суши

и меле, но етеричното масло

може да се вади и од свеж ризом

Изглед на растението

Перуниката е повеќегодишно, зелјесто растение. Коренот е со

жили коишто се развиваат со задебелени ризоми и главата на

кореновата маса е во површинскиот слој, со длабочина од 30 см.

Кога почвата е многу плитка, ризомите се наоѓаат над почвата.

Стеблото во првата година прави приземна лисната розета, а

подоцна се развива во цветно стебло со висина од 100 см и со

крупни цветови. Листовите се зелени, крупни, издолжени, сабјести,

долните се покрупни, а горните поситни. На врвот од стеблото и

кратките гранки се образуваат цветови со шест ливчиња како

круна, од кои секој втор е спуштен надолу, а три исправени прават

декоративна купа. Различни се по боја, а кај основниот вид најчесто

се сино-виолетови. Плодот е триделна чаура која е исполнета со

многу сплескани семки со кафена боја.

Перуниката потекнува од

Медитеранот, Средниот

Исток и од Северна Африка,

од каде што се проширила

низ цела Европа, освен

на крајниот север. Расте со самоникнување

на сончеви падини и

карпи. Позната е од времето на

старите Египќани, каде што се

употребувала за правење на мириси.

Домашното име го добила по

словенскиот бог Перун. Има повеќе

вариетети и многу сорти кои се

употребуваат во хортикултурата. Се

одгледува поради задебелениот ризом

од кој се вади етеричното масло.

Пред екстракцијата ризомот се

суши и меле, но етеричното масло

може да се вади и од свеж ризом.

Порано се употребувала за лечење.

Денес најчеста употреба има во козметичката

и индустријата за парфеми.

Перуниката расте на различни

типови на почва, но за одгледување

бара среднолесна и плодна почва,

со нормална влажност и киселост

pH 5-7. Не е погодна тешка, многу

кисела и влажна почва. За одгледување

на перуниката како лековито

растение се употребуваат неселектираните

видови на сорти.

Нејзиното размножување е со

помош на расад, со делење на изданоци

и со делење на ризомот.

Почнува со сеење на семето во рана

пролет, но е потребно 3 до 8 години

за да процвета и да се развие квалитетен

ризом. Се применува само за

селектирање на нови украсни сорти.

Делење на изданците и на ризомот

е најчест начин на размножување.

Изданоците и ризомот се

издвојуваат од старите засади во

есен, по вадењето на ризомот. Прво

се издвојуваат вршните изданоци

и ситните ризоми и се чуваат до

садењето. Се расадува на 30 до 40

х 20 до 30 см, што зависи од квалитетот

на почвата (содржината на

хумусот и длабочината на ораниот

слој). За одгледување често се користи

плитка и каменлива почва на

јужните делови од падините и ридовите,

каде што се расадува на помала

раздалеченост.

Перуниката е многу отпорна на

болести и штетници поради својот

хемиски состав и условите во кои се

одгледува.

Вадењето на задебелениот ризом

е во есен, кога има најголема

концентрација на лековити материи

и етерично масло. Се вади

со вадилки или со изорување со

плугови, без плужна даска. Деловите

од ризомот се сушат на околу

40 степени во сушилници или со

природно сушење, додека за екстракцијата

на етеричното масло се

користи свеж ризом. Приносот на

сув ризом е од 2 до 4 т/ха, а за етерично

масло е до 10 кг/ха. Се продава

како сув ризом или смелен во

прав. Кога делови од ризомот се

складираат за садење за во пролет,

се препорачува прво малку да се

исушат, а потоа задолжително да се

дезинфицираат со препарати врз

база на жива. Односот на свеж и сув

ризом е 3 спрема 1. •

18 | МОЈА ЗЕМЈА
HROMOS PESTICIDI

ul.: DAME GRUEV 5/3 ; 1000 Skopje

tel.: (02) 3113 292

faks: (02) 32337 413

e-mail: hrompest@t-home.mk

NOV STANDARD VO SUZBIVAWE NA [TETNICI OD REDOT

LEPIDOPTERA VO GRADINARSTVOTO

domati, piperki, modar patlixan, domat ~eri, sto~en gra{ok,

zelka, karfiol, arti~oka, brokula, krastavici, tikvici, diwa,

lubenica, jagoda... itn.

Tuta absoluta, Heliotis armigera, Pieris brassicae, Plutella xylostella,

Ostrinia nubilalis, Spodoptera spp., itn.

Ednakva efikasnost na site larveni stadiumi.

VE]E PO 24 ^ASA OD PRIMENATA NE E [TETEN ZA NAJVA@NITE PREDATORI,

PARAZITOIDI I OPRA[UVA^I.

KARENCA :

za arti~oka i jagoda = 1 DEN

za domati, piperki, modar patlixan, domat

~eri, zelka, karfiol, brokula, krastavici,

tikvici, diwa, lubenica = 3 DENA.
ОВОШТАРСТВО

Одгледување на малини од сортата „полана“

Четири тона од

Пишува: Марјан Кировски

„Оваа култура бара темелно кроење.

Јас ги кројам до 7-8 cm над земјата.

Кроењето се врши наесен. Потоа следува

презимувањето. Доколку има потреба,

напролет се врши прскање против

гасеници. Првата година бара најмногу

внимание. Тогаш плевењето и копањето

на земјиштето се задолжителни“, вели

Орце Спасовски, кој одгледува малини во

кривопаланечкото село Конопница

Малината е специфичен вид овошје

кој бара многу поволни климатски

и почвени услови, како и големо

внимание и одговорност при

процесот на одгледување. Резултатот е

производ со специфичен вкус и незаменливи

хранливи својства кој котира добро на

пазарот.

Во селото Конопница, на пет километри

од Крива Паланка, Орце Спасовски веќе

четири години одгледува малини од сортата

„полана“ и тоа на површина од четири декари

сопствено земјиште. Годишниот принос на

малините четири тона.

„Конопница е идеално место за

одгледување на малини. Ги исполнува сите

климатски, почвени и еколошки услови за

таа намена. Доволно зборува фактот што

ова е едно од ретките села каде што не е

забележана појава на миграција село-град

во втората половина на 20. век, а мојот насад

со малини се наоѓа на надморска висина од

700 метри“, објаснува Спасовски.

20 | МОЈА ЗЕМЈА
четири декари

Со одгледување

на малини

Орце започнал

пред четири години,

кога ги

набавил првите

садници од

странство. Малината

бара голема

одговорност и подготвеност за заштита од климатски промени,

како и од инсектите, бидејќи ова е многу нежна култура

и мало невнимание може да доведе до уништување на родот.

„Оваа култура бара темелно кроење. Јас ги кројам до 7-8

cm над земјата. Кроењето се врши наесен. Потоа следува презимувањето.

Доколку има потреба, напролет се врши прскање

против гасеници. Првата година бара најмногу внимание. Тогаш

плевењето и копањето на земјиштето се задолжителни“,

додава Орце.

Насадот со малини стои на потпорен систем од колци и манила

конец, а наводнувањето го врши со моторче за вода со

бразди до самиот насад.

Покрај малини, Спасовски одгледува и аронија и јагоди, но

на помала површина. •

септември 2012 | 21
ЛОЗАРСТВО

Интервју со Дамиано Аванцато, консултант од Италија

Ако го вперете показалец

останатите четири прст

Пишува: Стеван Орозовиќ

ЕПИЦЕНТАР Интернационал Скопје, во рамките на

проектот “ Fresh Fruits and Vegetables Value Chain”

потпомогнат од Програмата Агбиз, USAID во текот

на јули 2012, успеа да организира посета на еден од

најдобрите меѓународни консултанти од земјоделието,

г-динот Дамиано Аванцато. По неколкудневната

посета и одржаната обука за производителите на

трпезно грозје од Тиквешкиот регион, разговаравме

накратко за неговите импресии од посетата во

Република Македонија и иднината на овој сектор. Тој

вели ако немате љубов кон агрономијата немате и

успех, бидејќи од една страна таа значи специфична

врска со природата и растенијата, а од друга страна

со земјоделците. „Јас сум среќен бидејќи оваа

врска ја изградив како наследство од татко ми, кој

беше агроном и производител на трпезно грозје

уште во шеесеттите. Нашето семејство во тоа време

произведуваше трпезно грозје „реџина“ на почетокот

на шеесеттите, а нешто подоцна и сортата „италија“

која стана популарна. Истовремено мојот татко ги

советуваше земјоделците за технологиите и својот

насад го користеше како демонстративна фарма.“,

вели Аванцато.

„Се прават многу грешки уште

од поставувањето на насадите.

Прво со изборот на земјата, или

поточно соодветноста на подлогите

во однос на земјата на која се

поставува насадот. На пример во

Република Македонија интензивно

се користи Кober 5BB која има добро

коренување и дава висок принос, но

е со многу ниска резистентност кон

суши и калциумови почви, исто така

и SO 4

(која е послаба од Кober 5BB)

е посоодветна за повеќето почви,

но е сензитивна кон недостаток

на магнезиум кој предизвикува

физиолошки пореметувања“, вели

Аванцато

• Имавте можност да го видите производството на трпезно

гроз је во Република Македонија. Имајќи го предвид она што

го видовте и слушнавте, дали мислите дека производството од

на шата земја може да биде конкурентно на глобалниот или на

ев ропскиот пазар?

Глобалниот пазар претставува место без ограничување

во било која смисла. Глобалниот пазар поставува правила,

креира потреба дури и ако таа не постои, наметнува мислење

на потрошувачите, тој е движечката сила на производството,

и тоа не само на земјоделието. Од една страна на тој пазар се

поставуваат правила, стандарди за квалитет, изглед, количина,

а од друга страна се креираат стандарди за потрошувачите,

пакување, маркетинг, цена, приказна. Денеска како што гледате

не постојат пречки ни за едното, ни за другото, стандардите

за производство се толку јасни што се почитуваат од Чиле до

Кореја, од Јужна Африка до Австралија. Транспортот веќе не

е пречка, на секој пазар, па и во Република Македонија имате

производи од цел свет. Внимавајте свежи земјоделски производи,

што значи ако произведете како што се бара, тогаш потрошувачот

од глобалниот пазар ќе го бара вашиот производ.

Производството на трпезно грозје во Република Македонија,

во основа е на добар пат. Од една страна постојат многу добри

22 | МОЈА ЗЕМЈА
от кон друг,

и се кон вас

примери во однос на производната технологија, примената

на агротехничките мерки, а од друга страна пак, има

основни грешки во поставувањето на насадите, изборот

на земјата, ѓубрењето и сл. Кај вас како и секаде во светот

земјоделецот мисли дека знае се, и дека знаењето не му

е потребно. Тоа води во основни грешки. Од друга страна

она што меѓусебно го знаат земјоделците како техника,

како искуство, ретко го споделуваат со другите. Овие се

детски болести во земјоделството и додека полека не се

надминат подалеку ќе сте од вистинска конкуренција на

пазарот.

• Споменавте дека постојат основни грешки во зем јодел

ство то, кои се тие кај трпезното грозје? На што треба

да вни маваат нашите земјоделци?

Да, спомнав дека се прават многу грешки уште од поставувањето

на насадите. Прво со изборот на земјата, или

поточно соодветноста на подлогите во однос на земјата

на која се поставува насадот. На пример во Република

Македонија интензивно се користи Кober 5BB која има

добро коренување и дава висок принос, но е со многу

ниска резистентност кон суши и калциумови почви, исто

така и SO 4

(која е послаба од Кober 5BB) е посоодветна за

повеќето почви, но е сензитивна кон недостаток на магнезиум

кој предизвикува физиолошки пореметувања.

Затоа моја препорака е да се оди кон користење на Paulsen

1103 и 779, кои се порезистентни на глинени и калциумови

почви, како и Ruggeri 140, многу отпорен на суши

и кисели почви, и Richter 99 и 110 кои се отпорни и

на калциумови, глинени и кисели почви. Друг пример е

изборот на сортата. При изборот се земаат во предвид

помолошките и агрономските параметри. Грозјето треба

да поседува атрактивен грозд, со големи, сјајно обоени

зрна, со цврста текстура, со униформен изглед и величина

и добра арома. Во таа смисла она што би препорачал се:

Italia muscat, Victoria, Red Globe, Sugraone seedless, Michele

Palieri, Crimson seedless и други. Ова се однесува

на високо пребирливите европски пазари, но секој пазар

ја диктира сортата, затоа при избор треба да се внимава

и за кој пазар се произведува.

• Нашето производство трае многу кратко, а со тоа и присуството

на пазарите ни е ограничено. Кој е вашиот став

за продолжување на сезоната за производство кај нас?

Најголем дел од сортите на трпезно грозје созреваат

во периодот од јули до крајот на септември. Во минатото

се среќававме со проблем на огромна понуда за краток

временски период. Но, во последните 40 години производствената

технологија отиде напред и комплетно

го смени календарот за берба. Има група на сорти кои

според аплицираната технологија можат да се берат подоцна

(подоцна созреваат) или порано, што е резултат на

применетите мерки за производство. Денеска грозјето

може да го најдеме на пазар во текот на целата година,

а неговата берба се случува од мај до декември. Ваквиот

календар овозможува повисока цена во одредени временски

период, но и постабилен бизнис.

• Господине Аванцато кои се пазарните барања во момен

тот за трпезно грозје, кои чекори се применуваат за

да се подготви грозјето за пазарот?

Чекорите на обработка вклучуваат сортирање на

гроздовите и отстранување на оние кои не одговараат

на класата и квалитет или на гроздовите со аномалии

според барањата на пазарот, изборот на пакување,

прилагодување на соодветниот број на гроздови со

нивна заштита во внатрешноста со бели сунѓери кои ќе

спречат оштетување за време на транспортот како и тежината.

Најчесто користено пакување е со користење

на картон или дрво како и садови. Тежина на грозјето

варира од 0,5кг до 1 кг по сад до 12 кг по пакување во

картонски кутии и дрвени гајби. Пакувањата се наредени

едни врз други и се транспортираат во климатизирана

просторија до пазарите или центрите на користење.

Кога температурите се многу високи, за да се зачува

свежината, грозјето мора да се пренесува во климатизиран

простор и во ладилници (ако мора да се чува неколку

дена) или се применува ултра-брзо ладење во со

вакуум (каде што се транспортот се врши во еден ден).

Во овој случај, температурата на грозјето се намалува за

кратко време до 1° C и веднаш се префрла во камиони

со контролирана температура за време на транспортот.

Тоа се некои основни чекори за кои треба да се внимава.

• За крај, вашата порака за македонските про из во ди тели

на трпезно грозје?

Мојата порака е едноставна, да продолжат да работат

со љубов и со оптимизам во земјоделството. Времињата

се тешки за секој, стимулациите ретки, производството

напорно, а наплатата долга. Во таков случај секогаш е

лесно да го насочиме показалецот кон некој, во наш случај

тоа е најчесто државата и да кажеме дека таа е крива.

Но, да не заборавиме, секогаш кога тоа го правиме со

показалецот, останатите четири прста се насочени кон

нас. Тоа можеме сами да го поправиме, бидејќи само тоа

е патот кон успехот. •

септември 2012 | 23
ЛОЗАРСТВО

Добар пример од Алто Адиџе, Италија, за решавање на проблемите со грозјето

Винарската визба -

кооператива и главен орган

Пишува: проф. д-р Крум Бошков

„Erste + Neue Kellereigenossenschaft“

е винарска визба

која е носител на

кооперативата и

главен организатор

на производството.

Таа дава совети и

директиви за начинот

на изведување на

агротехничките мерки,

резидбата на виновата

лоза и очекуваниот

принос и квалитет на

грозјето. Лозарите се

обврзани да го предадат

грозјето во винарската

визба. Вината кои

се произведуваат во

винарската визба,

зависно од сортата

и квалитетот што го

постигнуваат, носат

ознаки за географското

потекло и за квалитетот,

според законската

регулатива. Главната

насока што ја дава

винарската визба

е ограничување на

приносот. За помалку

квалитетните вина,

приносот се ограничува

на 12 т/ха, а за

повисоките категории на

квалитет, помалку од 10

т/ха, повторно зависно

од сортата и од ознаката

за географско потекло и

квалитет.

Лозаро - винарската индустрија на Република Македонија во

последната деценија е во постојана криза и неодржливост. Главните

проблеми се неисплаќањето на грозјето на лозарите и одвоеноста

на лозарите и винарите како да припаѓаат на различни сектори.

Неодамнешната посета на регионот Алто Адиџе во Италија, организирана

од страна на ЕПИЦЕНТАР во рамките на Програмата Агбиз, покажа дека

решението е многу едноставно. Суштината на успешното производство е

квалитетот на грозјето. Од квалитетно грозје се произведува квалитетно

вино. За да се создаде одржлив ланец меѓу лозарите и винарите, лозарите

треба рамноправно да учествуваат во цената на виното односно профитот. Во

тој случај лесно е да се договори начинот на производство, ограничувањето

на приносот и времето на берба.

Здружувањето на производителите во кооперативи, здруженија,

организации, се случува од економската логика. Глобалниот пазар, покрај

квалитетот, бара и поголеми количества на производи што може да се

добие само со здружување на производните капацитети. Во регионот на

Трентино Алто Адиџе, здружувањето на производителите е школски пример

за успешни кооперативи. Регионот се простира во алпскиот дел на Италија,

но географски се означува како Јужен Тирол, што укажува дека припаѓа на

пошироката област Тирол, која се простира во три држави: Австрија,

Швајцарија и Италија. Планините се изградени од доломитни и варовнички

карпи. Меѓу планините течат реки кои заедно со дождовите вршат постојана

ерозија на карпите и создаваат богати, плодни долини.

Планините и ридовите стрмно се издигнуваат над долините. Вертикално,

на мало растојание може да се видат насади на 200 до 800 метри надморска

висина. Целиот регион е под дејство на медитеранската клима која овде е

максимално ублажена создавајќи пријатни воздушни бањи.

Во 1900 година, 70 лозари од Калтерн го формираат првото лозаровинарско

здружение „Erste Kellereigenossenschaft“. Целта на здружувањето

24 | МОЈА ЗЕМЈА
изатор на производството

Цената на грозјето варира. Најниска цена за килограм грозје

изнесува 0,9 евра, потоа 1,8 евра за „шардоне“, „совињон бел“,

„ризлинг“ до 2,5 евра за кг грозје од сортите „траминец“ и „каберне

совињон“.

Всушност, смислата на кооперативата се гледа токму во цената

на грозјето. Основна девиза на оваа кооператива е дека виното

се прави од грозјето кое е резултат на климата, почвата, сортата и

технологијата на производство на грозје и вино. Затоа, со високите

цени на грозјето лозарите учествуваат со значаен процент во цената

на виното. Цените на вината се движат од 5 до 15 евра, некои врвни

вина до 25-50 евра, но просечно за поголемо количество изнесува

околу 8-9 евра. Една груба проценка покажува дека лозарите

учествуваат со 30% во цената на виното. Приходот на лозарите од

1 ха лозје од сортата „шардоне“ би бил околу 10.000 евра или кај

„каберне совињон“ околу 20.000 евра.

била да го подобрат производството и продажбата на

вино. Во 1925 година е формирано уште едно здружение

под името „Neue Kellereigenossenschaft“ во превод

нова винарска кооператива. Овие две кооперативи се

здружуваат во 1991 година во една под името „Erste +

Neue Kellereigenossenschaft“. Денес 500 лозари го носат

своето грозје во оваа винарска визба за преработка и

производство во вино. Вкупната површина изнесува

280 ха, со просечна големина на едно лозје од 0,5 ха. Се

одгледуваат локалните сорти за Јужен Тирол како што се

Gewürztraminer, Lagrein и Vernatsch (Schiava), исто како и

познатите сорти Chardonnay, Pinot Noir, Cabernet и Merlot,

Pinot Blanc и Sauvignon.

Винарската визба е носител на кооперативата и

главен организатор на производството. Дава совети и

директиви за начинот на изведување на агротехничките

мерки, резидбата на виновата лоза

и очекуваниот принос и квалитет на

грозјето. Лозарите се обврзани да

го предадат грозјето во винарската

визба. Вината кои се произведуваат во

винарската визба, зависно од сортата

и квалитетот што го постигнуваат,

носат ознаки за географското потекло и за квалитет,

според законската регулатива. Главната насока што ја

дава винарската визба е ограничување на приносот. За

помалку квалитетните вина, приносот се ограничува на

12 т/ха, а за повисоките категории на квалитет, помалку

од 10 т/ха, повторно зависно од сортата и ознаката за

географско потекло и квалитет.

Постојат повеќе вакви примери во Европа и

затоа споделувањето вакви информации нека биде

стимул за понатамошна поширока соработка помеѓу

производителите на винско грозје и винариите.

Имајќи предвид дека нашите производители се слични

по обемот на производство, ваквите искуства се одлична

основа за потребата и можностите за здружување за

подобрување на состојбите во целиот сектор. •

септември 2012 | 25
ПЧЕЛАРСТВО

Коригирачки роеви за

јакнење на друштвата

Со коригирачкото друштво,

ослабнатото друштво го

доведуваме во нормален

есенски растеж и бројна

состојба. Таквото друштво

ќе има таква пролетна

сила што дури и од него

може да се направи рој

и натаму да остане јако и

спремно за главната паша

Пишува: Раде Каранфиловски,

советник за пчеларство при

„АПИЦЕНТАР“ Битола

Модерното, а уште повеќе

професионалното пчеларење,

многу ги оптоварува

и истоштува пчелите,

па често доаѓа до голема смртност на

пчелните друштва. За да не дојде до

ова, треба да се послужиме со некои

вештини, односно да ги пренасочиме

пчелите за тие меѓусебно да си

помогнат. Јас ова го гледам како во

спортот: кога ќе се премори екипата,

треба да се уфрли некоја нова сила

која успешно ќе го доистрча потребното

време, а тоа во пчеларството би

биле КОРИГИРАЧКИТЕ РОЕВИ.

Коригирачките роеви не се толку

истоштени, затоа што тие полека се

развиваат, па берат и преработуваат

производи онолку колку што ним

им се потребни, а со тоа пчелите не

се преоптоваруваат и се со голема

виталност. Вака витални, можат да

се борат и со најострите зими.

Јаките пчелни семејства кои дале

многу мед во летото, во есента

се многу ослабени со пчели,

истоштената матица несе помалку,

а поради недостиг на некои материи

во матичната млеч, тие не се во

можност да одгледаат зимски пчели.

Тие одгледуваат пчели, но наместо

да се испилуваат зимски

пчели, се испилуваат летни, чиј

живот завршува за 30-35 дена. Во

октомври, таквите друштва веќе

го завршуваат својот животен век,

но и да не дојде до ова, тие не ја

дочекуваат пролетта. Во кошницата

ќе остане многу мед без пчели. Овде

не зборувам за мистериозната болест

CCD, туку за обична премореност на

голем број пчелни семејства.

Друга појава, исто така, е многу

слаби семејства, кои од каква било

немарност на пчеларот, останале

многу слаби пред зимата или без

матица.

Во ваква состојба може да помогнат

само КОРИГИРАЧКИТЕ ДРУШТВА

кои со својот состав од одморени

пчели и млада матица ќе придонесат

за успешно закрепнување на истоштените

производни друштва.

Во последните години коригирачките

друштва се издигнаа во култ,

посебно од добрите пчелари – практичари.

Со сигурност може да се

тврди:

1. Создавањето рански роеви значи

создавање на сила.

2. Роевите стимулираат брз раст

т.е. тие создаваат многу пчели, пред

секоја главна паша и даваат многу

мед. Тие собираат многу мед и во

средна паша.

3. Го одржуваат основното пчелно

друштво во работна состојба, бидејќи

и многу производни друштва кои

својот максимум го постигнале во

јуни, почнуваат брзо да слабеат така

што во септември, нивната бројна

состојба може да спадне на 8.000-

10.000 пчели. Тоа, иако е биолошка

појава, не е добра и не треба да ни

се случи.

Со коригирачкото друштво, ослабнатото

друштво го доведуваме во

нормален есенски растеж и бројна состојба.

Таквото друштво ќе има таква

пролетна сила што дури и од него може

да се направи рој и натаму да остане

јако и спремно за главната паша.

РАНИТЕ КОРИГИРАЧКИ РОЕВИ

се најсигурната есенска паша. Тие,

всушност, се на 5-6 рамки затворено

легло и повеќе. Таквото затворено

легло го префрламе од

коригирачкото друштво во заслабнато

пчелно друштво (3-5 рамки)

затворено легло. Затвореното легло

нема опасност да се прелади затоа

што одделува сопствена топлина.

Вака, осиромашениот со легло, ран

рој (коригирачки), а со матица, со

силата на своите пчели создава

отворено легло кое за 10-12 дена

може повторно да го одземеме и

додадеме на некое основно заслабеното

друштво. На ваков начин,

заслабеното старо друштво станува

друштво со многу запечатено легло.

Матицата несе малку бидејќи нема

слободни ќелии, а нема ни потреба

од несење. Друштвото ја чувствува

својата сила.

26 | МОЈА ЗЕМЈА
Всушност, сега добиваме друштво

со 8-9 рамки легло од кое ќе

добиеме млади пчели кои не вршеле

прихранувачка должност за леглото

т.е. зимските пчели ќе направат една

добра БИОПАУЗА и ќе бидат многу

витални, добро згоени со масно

ткиво, ќе ја дочекаат пролетта со

задржани хранителни можности и ќе

имаат брз пролетен развој. Ваквите

друштва го постигнуваат својот

биолошки максимум уште во април.

Пчелите испилени од додаденото

легло (на корегирачкото друштво) се

хранети добро, тие немаат телесни

дефекти за разлика од пчелите на

основното друштво кои често пати се

оштетени од прекумерната работа.

Младите есенски пчели имаат

потреба од БИОПАУЗА, а тоа значи

да не преработуваат шеќерен сируп

и да не одгледуваат легло. Зимските

пчели почнуваат да се испилуваат

по 20 август, и затоа по овој

датум не е пожелна прихрана на

друштвата со шеќерен сируп (сахароза).

Со преработката на сахарозата

и одгледувањето на легло се

троши мрсното – протеинско и јагленохидратно

ткиво кое е одлична

зимска резерва на храна која ги

спасува пчелите во критичните ситуации.

Коригирачките роеви служат за:

помагање на основните друштва кога

тие ќе западнат во криза со пчели и

слабо легло. Производните друштва

пред зазимување треба да имаат 30-

40 илјади пчели. Недостигот до оваа

бројка е на товар на коригирачкото

друштво. Една матица не може секогаш

да создаде чудо, но две матици

создаваат и во поновите влошени

природни услови.

Коригирачките роеви пчеларот

ги прави веднаш по багремовата

паша од производните друштва и од

помошните друштва, а може и пред

багремовата паша. Со комбинација

на неколку вакви роеви може да

формираме и производно друштво. Со

овие роеви можеме да потпомогнеме

и обезматичени друштва со додавање

на цел рој (нуклеус) заедно

со пчелите и матицата. Тоа можеме

да го направиме и за спасување на

отрутено друштво ако ројот (нуклеусот)

го додадеме затворен во

изолатор со мрежа 3х3 mm, а внатре

се пчелите, леглото и матицата од

коригирачкото друштво.

Пчелите од коригирачките роеви

имаат и лекувачки особини што е

најново и најголемо откритие, односно

тие ја премостуваат смртноста

на старото друштво која почнува

од есента и е резултат на

преголема работа на пчелите. Во

интензивното пчеларство за секое

основно производно друштво треба

да има и коригирачко друштво кое

е поставено над основното друштво

преградено со мрежеста подница

или со непропустлива подница што

наликува на двоматично пчеларење,

а лесно може да премине во двоматично

пчеларење.

Коригирачките семејства најдобро

ја наоѓаат својата улога во август и

септември, но може и во секој период

и затоа пчеларите треба да ги имаат

во секое време. Нашата фирма, вакви

роеви има преку целата година за

своите потреби и за пазарот. •

септември 2012 | 27
Сточарство

Третирање на слама

Со ваквиот третман

се добива квалитетна

слама која има

темнокафеава до

костенлива боја на

целокупната маса

Пишува: Ванчо Захариев,

дипломиран земјоделски инженер

За подобрување на квалитетот на сламата

од сите видови житни култури и на сеното

добиено од неквалитетни пасишта се

применува третман со уреа. Тој се изведува при

правењето на копите или трупањето на балите, при

што задолжителен услов е копата или наредените бали

да бидат добро покриени со најлон вкопан или зариен

по краевите со земја.

Третманот на балирана слама се изведува на тој

начин што на површината каде што се редат балите

се постелува најлон или се наслојува мало количество

слама и се наредува еден слој – ред бали. Потоа

следува прскање со 5-6 кг уреа на 50-60 литри вода за

100 кг слама, ако балите слама се покриваат со најлон,

но ако имаме ѕидање со бали, тогаш е потребно 5-6 кг

уреа на 60-70 литри вода на секои 100 кг слама.

По прскањето се реди нов ред – слој бали кој се

третира на истиот начин како и првиот и сè така до

саканата висина на редење. Потоа се врши целокупно

покривање со најлон и негово вкопување или

заривање со земја или, пак, се врши ѕидање од сите

страни со бали.

Третманот на сламата која се натрупува во копи се

изведува при самото правење на копите при што слој по

слој се трупаат и на секои 100 кг слама се испрскуваат

по 50-60 литри вода во кои е растворено 5 кг уреа. По

прскањето се врши газење за да се набие слојот слама.

По формирањето на копата, таа се покрива целосно со

најлон кој се вкопува или натрупува со земја со цел да

се оневозможи излез или влез на гасови од копата.

За да не се губи време и за олеснување на по стапка

та, доколку се има буре или сад, во него на секои 100

литри вода се раствора по 10 кг уреа, односно 20 кг на

200 литри вода за 400 кг слама.

Времето кое е потребно да биде сламата изложена

на дејството на уреа и доведена во состојба погодна за

исхрана, многу зависи од надворешните температури

на воздухот во месноста.

Така, на пример, ако температурата на воздухот е

25ºC, сламата е готова за употреба по три седмици, а

ако е 15ºC, потребни се два месеца за да биде погодна

за употреба.

Од овие два научно докажани податоци произлегува

дека доколку третирањето на сламата го направиме до

средината на септември, за да биде готова за исхрана

сламата, доволни се 30-35 дена, а ако третирањето

се изврши во почетокот на октомври, потребни се

најмалку 60 дена.

За наши услови може да се каже дека најдобро

е третирањето на сламата со уреа да го извршиме

од жетва, па сè до крајот на септември при што ако

третирањето е направено порано, сламата ќе биде

погодна за исхрана и за три седмици, а ако тоа е

направено подоцна до почетокот на октомври ќе треба

да поминат и повеќе од 60 дена.

Во секој случај, кога и да е извршен третманот, ако

сламата не се отвора по процесот во кој се доведува

до погодност за исхрана или ако по секое земање од

неа за хранење, копата или купот повторно се покрива,

таа до крајот на искористувањето ќе остане погодна за

консумација. •

30 | МОЈА ЗЕМЈА
со уреа

Третман на слама со 2% раствор на уреа

Во литературата постојат научно потврдени сознанија

дека добри резултати се постигнуваат во исхраната на

крупните преживари со третирање на слама од жита

или сено од неквалитетни треви (белизмак, седињак) со

200 грама уреа на 10 литри вода за 10 кг слама којашто

може да се дава по 1-2 часа од третирањето. За наши

услови, треба да се испита дали на секаква температура

треба 1-2 часа или на високите 1-2 часа, а на пониските

повеќе.

Препораки за претпазливост

1. Кога давате слама третирана со уреа, добро е

десетина минути да се проветри пред да се даде на

стоката.

2. Многу мократа, раскашавена и црна по боја слама

од места каде што се стекло многу раствор уреа со

прскањето треба да се измешува со други делови

со посветла боја или такви што не биле зафатени од

третманот или, пак, воопшто да не се дава на стоката.

3. Не треба да се дозволи стоката да пие од раствор кој

се стекол и насобрал на одредени места под или околу

третираната слама.

4. Забележано е дека слама третирана со уреа не

треба да се дава на стелни крави и на телиња под шест

месеци.

5. Пред да ѝ се даде третирана слама на стоката, ѝ се

дава околу 0,5 кг крма од жита или резанки репа.

6. Во случај на појава на симптоми на труење од уреа

на стоката (неспокојство, треперења и грчеви на

мускулите, намален видов и слухов рефлекс, течење на

плунка, подуван стомак, обид за повраќање, забрзан

пулс и дишење, паѓање на земја) кои најчесто се

јавуваат во рок од 10 до 15 минути, поретко до 1 час,

на животното му се дава раствор од 4-5 литри ладна

вода во која е ставено половина литар 5% оцет за

човечка исхрана или 4-6 литри оладено и разредено

кисело млеко при што количеството на кој било од овие

раствори по потреба се зголемува.

7. Секогаш најпрво пробајте со едно животно некое

време, па ако нема проблеми, вклучете ја целокупната

бројка.

Препознавање на квалитетот

Добиената слама со третман со уреа е мека

со темнокафеава до костенлива боја на

целокупната маса.

Доколку има слоеви или места со посветла

и потемно кафеава или дури и црна боја, тоа

покажува дека поливањето со раствор не било

подеднакво насекаде така што во слоевите

или местата каде што е посветла бојата,

дозирањето било помало, додека таму каде

што е црна, дозирањето било повеќе отколку

што треба, па потребно е при хранењето да се

дава добро измешана слама од посветлиот и

темнокафеавиот до црн дел.

Боја на оризова слама, по добро извршен

третман со уреа третман и на нетретирана

слама

Боја на оризова слама помината низ успешен

процес на третман со уреа и на нетретирана

септември 2012 | 31
МЕХАНИЗАЦИЈА

ТЕРА ДИСК

Кратки

тањирачи

за брзо и

интензивно

мешање на

земјата

32 | МОЈА ЗЕМЈА

Пишува: Ѓорги Кочовски

Економското согледување на времето, заштедата на време и средства,

ефикасноста во работата и резултатите кои ќе произлезат од склопот

на овие мерки, претставуваат иднина во работата на земјоделството

и современо решение на големите и современите земјоделци.

За постигнување на современите погледи и постигнување на идеалното

решение, потребни се современи машини и прецизен начин на работа.

Кратките тањирачи од програмата на Vogel&Noot претставуваат последен

збор на технологијата кога се мисли на извршување на работа за плитка

постжетвена обработка, преорување на стрништа, преджетвена обработка,

порамнување и ефикасно набивање на структурата на земјата.

Vogel&Noot кратките тањирачи се изработени од современи висококвалитетни

материјали. Основен елемент се подмачканите затворени SKF лагери

кај дисковите, со тројно затворање, дворедни и без одржување, кај

кои можноста од навлегување на влага и прашина е 100% отфрлена. Друга

предност кај дисковите е нивната самостојност при работата. Секој е на своја

основа и работи индивидуално и може да се штелува во зависност од потребата.

На основата врз која се поставени има гумени елементи кои се осигурување

од преоптоварување и осигурување од камења и удари.

„Тера диск“ кратките тањирачи се со опција на работна зафатнина од 3 до

6 метра, во влечена и носена варијанта, од 24 до 48 дискови, Ф 510 мм, тежина

во зависност од изборот на валјакот: Терапак, Пакер или валјак со гумени

прстени. Нагодувањето на длабочината се врши механички или хидраулично.

Транспортната ширина на сите модели е 3 до 4 метри. Како додатна опрема

во понудата има: осветлување, сопирачки и опруги за распределба на растителните

остатоци.

„Тера диск“ тањирачите овозможуваат брзо и интензивно мешање на

земјата, голем работен учинок, мал влечен отпор, заштеда на гориво, создавање

на идеална основа за 'ртење на семињата, имаат заштита од камења,

нема одржување на лагерите и имаат огромен ефект врз целокупната економичност

при работата.

Vogel&Noot е дел од реномираните брендови од палетата на „Синпекс“

ДОО Битола и препознатлив бренд на земјоделските површини во Р. Македонија.

Ќе купувате ТРАКТОР?

Купете го СЕГА!

СО ПОПУСТ!

Серија 5Е

5%

Серија 6030

5%

Серија 7R

5%

ВЕ ОЧЕКУВАМЕ

СО НАЈДОБРИ ЦЕНИ

JohnDeere.com

AS 7321.1 EEX
МЕХАНИЗАЦИЈА

ALPLER плугови

Моќни, погодни

и лесни за употреба

ALPLER е најголемата компанија

во Турција и една

од водечките во светот за

производство на плугови.

ALPLER, заедно со стручните израелски

научници, перфектно ги

дизајнира своите плугови да бидат

многу лесни за користење и погодни

за сите типови трактори и почви.

Поради тоа, плуговите ALPLER

станаа ценети, исплатливи и барани

ширум светот.

Што ги прави посебни ALPER

плуговите:

u Механичко нагодување

на работниот зафат

(стандардно) и хидраулично

нагодување (опција)

u Сигурносен систем против

усукување

u Разни додатоци и облици на

тела за различни потреби

u Можност за додавање на

работно тело

u Лесно и едноставно

нагодување на работниот

зафат

u Хидраулично нагодување на

транспортно тркало

u Нагодување на растојание

на внатрешните траги

u Можност за поставување на

Kverneland даски

Модел

Kлиренс

(cm)

Растојание

помеѓу

тела

(cm)

Работна

ширина

(cm)

Работна

длабина

(cm)

Тежина

(Kg)

Потребна снага

(КС)

34 | МОЈА ЗЕМЈА
Изборот на професионалните фармери

Овластен дистрибутер:

Хемометал ДООЕЛ Гоце Делчев 49, Кравари 7000 Битола, Македонија

тел/факс +389 47 268 837 моб +389 70 237 290 е-пошта info@hemometal.com

Продажна мрежа:

Велес 072 211 380 • Облешево 072 211 378 • Прилеп 048 416 551 • Скопје 070 307 504

Св. Николе 072 211 379 • Ресен 078 312 940

hemometal.com
Земјоделците, преку потсекторски групи

за овошје и зеленчук, се вклучуваат во

процесот на одлучување

Ц

ентарот за промоција на одржливи земјоделски

практики и рурален развој – ЦеПроСАРД во

рамки на АгБиЗ Програмата, финансирана од

Американската агенција за меѓународен развој -

УСАИД го имплементира проектот “Зајакнување на јавно

- приватниот дијалог преку поефикасно застапување

на вредносните синџири за свежо овошје и зеленчук и

преработен зеленчук”.

Обука - Застапување и лобирање

Целта на проектот е

обезбедување услови за

воспоставување дијалог

помеѓу јавниот и приватниот

сектор преку јакнење

на капацитетите

Изработка на Годишна програма на

потсекторските групи за овошје и зеленчук

Дел од активностите на проектот се поддршка на

поставувањето на потсекторските групи за овошје и

зеленчук. Потсекторските групи се формирани согласно

Законот за земјоделство и рурален развој и се составени

од номинирани претставници од здруженијата од областа

земјоделското производство, преработката на земјоделски

производи и трговијата со земјоделски производи.

Исто така, во нив членуваат и претставници со

советодавна улога од Агенцијата за поттикнување на

развојот на земјоделството на РМ, високообразовните

и научни институции од соодветната област на земјоделството,

како и претставници од здружението на

потрошувачи. Потсекторските постојани групи се организирана

форма на континуиран дијалог преку кој

заеднички ќе се дискутираат и решаваат прашањата

од интерес на земјоделските потсектори во насока на

уредување на пазарите и зголемување на конкуреноста.

Преку активностите поддржани од проектот се дефинираа

мисијата и визијата на потсекторските постојани групи

за овошје и зеленчук, беше изработена годишна програма

и се поставија стратешките цели за наредните години и

активностите потребни за реализација на истите.

Исто така, планирана е изработка на on-line алатка

кон крајот оваа година која ќе биде поставена на веб

страната на ЦеПроСАРД, а по завршувањето на проектот

ќе премине во сопственост на Министерствотот за

земјоделство, шумарство и водостопанство за нејзино

одржување и редовно ажурирање.

Сите документи, стратегии, програми

за поддршка, закони, подзаконски

акти, политики и други информации

на учесниците во вредносните

синџири и претставниците на

владините институции, како

и воспоставување на систем

за редовна комуникација и

размена на мислења за одредени

теми и документи во

потсекторите овошје и зеленчук.

Почетна активност на проектот беше проценка на

потребите за обука на лицата од организациите на

производители, трговци и преработувачи на овошје и

зеленчук и претставници од Министерството за земјоделство,

шумарство и водостопанство и Агенцијата за

поттикнување на развојот на земјоделството со цел јакнење

на нивните капацитети за воспоставување на дијалог

и соработка. Врз основа на податоците добиени од

проценката беше подготвен тренинг модул со серија на

обуки во кој се вклучени теми од областа на стратешко

планирање, техники на преговарање, комуникација, бизнис

преговори, организациски менаџмент, лобирање и

застапување, креирање на политики и др.

Обука - Комуникациски и преговарачки

вештини

поврзани со

производство

на свежо овошје

и зеленчук и

пребработка на

зеленчук ќе бидат постирани на веб страната. На овој

начин, преставниците на производителите, трговците и

преработувачите ќе добиваат навремени информации

за подготовка на сите документи поврзани со нивната

работа и ќе може да интервенираат во секоја фаза на

нивна изработка, додека преставниците на институциите

ќе добијат алатка за добивање брзи и навремени

информации за потребите и можностите на сите

засегнати страни, со што краен резултат ќе биде побрза

и поквалитетна изработка на документи, политики и

стратегии, која едноставно може да се имплементира

по нејзиното донесување. Овој пристап и развиените

канали на комуникација понатаму може да се користат во

други сектори.

Процесот на промовирање одржливи комуникациски

канали ќе овозможи редовна комуникација и размена на

искуства меѓу институции на Владата на РМ и учесници

во вредносниот синџир, како и воспоставување на

почетни контакти и средби со претставници од различни

производствени и трговски организации кои се активни

во оваа област. •

36 | МОЈА ЗЕМЈА
АГЕНЦИЈА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ

ПРЕТХОДНА НАЈАВА

за објавување на Јавен повик 02/2012 за доставување на барања за користење на средства од петтата компонента

на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програмата 2007-2013)

Владата на Република Македонија и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

ги известуваат сите заинтересирани правни и физички лица дека во втората половина на месец септември 2012

година ќе се објави Јавен повик за доставување на барања за користење на финансиски средства од петтата

компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програма за

периодот 2007-2013 година “Службен весник на Република Македонија“ број 83/2009 од 03.07.2009 година).

Целта на ИПАРД Програмата 2007-2013 е преку соодветни мерки за поддршка на земјоделството и руралниот развој

да се подобри конкурентноста на земјоделското производство и земјоделско-прехрамбениот сектор, преку нивно

усогласување со стандардите на Европската унија и постигнување на одржлива животна средина и социо-економски

развој на руралните средини преку поттикнување на економската активност и зголемување на можностите за

вработување.

Финансиските средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 во врска со спроведување на овој Јавен повик од

септември 2012 година се наменети за следните мерки:

Мерка 101- Инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктуирање и надградба за постигнување

на стандардите на Европската Унија,

Мерка 103 - Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибни производи со нивно преструктуирање

и надградба за достигнување стандардите на Европската Унија, и

Мерка 302 - Диверзификација и развој на руралните економски активности.

Правилата за користење на финансиските средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 налагаат претходно склучување

на договор на потенцијалните корисници со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот

развој и реализација на одобрената инвестиција согласно претходно договорените услови. Контролата на самото

место и спроведувањето на надзорот над договорот извршуваат овластени лица од Агенцијата за финансиска

поддршка во земјоделството и руралниот развој и релевантни институции од Република Македонија за управување,

спроведување и контрола на ИПАРД и Европска Унија.

Начинот и постапката за користење на финансиска поддршка од ИПАРД Програмата 2007-2013 се пропишани во

Уредбата за начинот и постапката за користење на финансиска поддршка за мерки за рурален развој финансирани

од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија. (“Службен

весник на Република Македонија“, бр. 33 од 08.03.2012 година).

Огласот ќе трае 45 дена од денот на објавување на Јавниот повик во дневните весници.

НАПОМЕНА: Потребната документација за подготовка и поднесување на барања, вклучително и Упатствата за

корисниците на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 ќе бидат ажурирани и објавени на веб страната на

Агенцијата во периодот до објавување на Јавниот повик.

Подетални информации во врска со типовите на инвестиции, критериумите за добивање на финансиска поддршка,

висината на поддршката по мерки заинтресираните можат да ги добијат во

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

Телефон: 02 3097-460

Факс: 02 3097-454

е-mail адреса:ipardpa.info@ipardpa.gov.mk

www.ipardpa.gov.mk

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Тело за управување со ИПАРД

Телефон: 02 3109-809

Факс: 02 3110-887

е-mail адреса: info@ipard.gov.mk

www.ipard.gov.mk

Агенција за поттикнување на развој во земјоделството

Телефон: 047 228-330

Факс: 047 228-370

www.agencija.gov.mk секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.

Информации за изготвување и доставување на барања, како и практични совети за аплицирање, заинтересираните

земјоделски производители можат бесплатно да добијат во регионалните центри на Агенцијата за поттикнување

на развој во земјоделството. (Контакт листа на регионални центри и надлежни лица е објавена на веб страните на

надлежните институции).
PLUS ZA VAS

Inovativen fungicid

koj gi ispolnuva

potrebite na korisnikot