24.12.2015 Views

Никоб Инфо 30

Март 2013

Март 2013

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

СКИЈАЧКАТА ТИНА МАЗЕ

НЕ ОДИ НИКАДЕ БЕЗ ТЕЛОХРАНИТЕЛИ

РЕЛАКСАЦИЈА

АКТЕРОТ СТИВЕН СИГАЛ

ТЕЛОХРАНИТЕЛ НА ПУТИН

Тоа што ми се случува мене е навистина многу грдо, но претпоставувам дека тоа е

дел од спортот. Нема зборови со кои би опишала како се чувствувам, вели

Словенката. Словенечката скијачка Тина Мазе доби смртни закани пред стартот на

трката во супервелеслалом во германскиот скијачки центар Гармиш -

Партенкирхен, на која го освои четвртото место. Заради сериозноста на заканите

организаторите на Светскиот куп веднаш и обезбедија телохранители, кои имаа

задача да не ги тргнат очите од скијачката, која 24 часа претходно го подобри

рекордот по бројот на освоени поени во една сезона во најелитното скијачко

натпреварување.

-Навистина е многу непријатно да добиете смртни закани, изјави првиот човек на

Организацискиот комитет во Светскиот куп, Питер Фиушер. Тој откри дека

анонимните закани упатени кон Тина ги примил локалниот скијачки клуб. -Тоа што

ми се случува мене е навистина многу грдо, но претпоставувам дека тоа е дел од

спортот. Нема зборови со кои би опишала како се чувствувам. Во почетокот се

обидов да не размислувам за тоа и да се концентрирам само на трката. Но, не

можев, бидејќи ова е нова ситуација за мене и навистина не знам како да

реагирам, изјави Мазе. Мазе, трката во супервелеслалом ја заврши со 43 стотинки

заостанување во однос на победничката Ана Фенингер од Австрија. Но,

Словенката уште минатата недела се закити со големиот кристален глобус во

Светскиот куп, а моментно има рекордни 2.074 бодови во генералниот поредок.

За време на отворањето на едно училиште за боречки вештини во предградието

на Москва, децата помислија дека славниот глумец Стивен Сигал е телохранител

на претседателот. Владимир Путин во друштво на еден од најпопуларните

холивудски глумци во Русија, Стивен Сигал, го отвори училиштето за боречки

вештини "Sambo-70", а учениците го бутнаа Сигал на страна за да се ракуваат со

претседателот. После општата еуфорија, Путин ги смири страстите и кажа дека

физичкото образование е и повеќе од важно, заради што и планира да му го врати

"комунистичкиот сјај". "Мислам дека би било сосема во ред да се потсетите на

позитивното искуство од минатите децении кога "GTO" физичкото образование

беше задолжително. Секако, сега е друго време и сето тоа треба да биде

прилагодено на денешните околности", кажа Путин додека Сигал, како главен

промотер на неговата кампања, потврдно климаше со главата. "GTO", скратено од

"Готов к труду и обороне", што во превод значи "подготвен за работа и одбрана",

Сталин го воведе во Русија на почетокот на 30-тите години и се до распадот на

СССР училишниот предмет беше задолжителен во кој децата се "челичеа за

напорна работа", но стекнуваа и основни знаења од боречките вештини. Рускиот

претседател смета дека младите Руси би требало повеќе да се посветат на

физичките активности бидејќи тоа е еден од најдобрите начини за физичката

подготвеност и здравствената состојба на нацијата да бидат на задоволувачко

ниво. Путин и Сигал се запознаа во 2003 година на меѓународниот филмски

фестивал во Москва и оттогаш се многу добри пријатели.

ТЕЛОХРАНИТЕЛИТЕ НА ПУТИН ИСФРЛЕНИ

ОД САМИТОТ ВО ЈУЖНА АФРИКА

Мал инцидент се случил на самитот на БРИКС во Дурбан, откако припадниците на јужноафриканското

обезбедување не им дозволиле влез во зградата на телохранителите на Путин. Како што пренесува руската

телевизија РТ, Путин влегол во зградата со неколку телохранители, но потоа се појавиле луѓе во воени

униформи кои што не им дозволиле на бодигардите да влезат со претседателот на Русија. Јужноафриканските

телохранители постојано викале „Надвор, надвор“, па Русите морале да ја напуштат зградата, но подоцна им

бил овозможен влез во неа. Исто така, за време на овој самит на шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров

и на други членови на делегацијата вратата им ја затвориле „пред нос“.

Политичарите и пелените имаат едно нешто заедничко. Треба да се менуваат

редовно и тоа поради истата причина.

Сексот е како играње табланет.

Ако немаш добар партнер, тогаш мораш да имаш добра рака.

Всушност, ние никогаш не пораснуваме,

само учиме како да се однесуваме во јавност.

Знаење е знаењето дека доматот е овошје;

мудрост е да не го ставиш во овошна салата.

Сакам да умрам мирно во сон, како дедо ми.

Не, врискајќи како сопатникот во неговата кола.

Светлината патува побргу од звукот.

Затоа некој луѓе изгледаат бистри сè додека не ги слушнеш како зборуваат.

Му вели некој човек на Господ: - Цел живот бев праведен и не грешев, па дозволи

ми малку да уживам пред смртта. Отсекогаш сум сакал да одам на Хаваи, ама

многу ми е страв да летам со авион, а на брод добивам морска болест. Може ли да

ми направиш мост до Хаваи и таму да отидам со автомобил?

Господ му одговорил: - Тоа навистина нема смисла, каде би биле потпорните

столбови, морето е немирно, да возиш дотаму би било опасно. Навистина, тоа што

го бараш е многу тешко и технички неизводливо. Можам ли да ти исполнам некоја

друга желба?

- Добро, вели човекот. Би сакал да ги разберам жените, зошто зборуваат едно, а

мислат друго. Зошто плачат. Зошто не нè' разбираат. Зошто не можат да бидат

отворени и искрени. Зошто не гледаат некои работи или погрешно ги толкуваат.

Тоа сакам. Да ги разберам жените!

Господ на тоа му одговорил: - Сакаш мостот со две или со четири ленти да биде?

Малиот Трпе ја прашува баба му: - Кај е тато?

- Ене го во тоалет има проблем со триперот и не може да го најде растворот.

А од купатило се слуша: - Не го плаши детето имам проблем со твитерот не можам

да си го најдам пасвордот!

100

95

75

25

5

0

NIKOB_INFO_30_Pages

Monday, April 01, 2013 2:24:26 PM

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!