Views
4 months ago

Sony STR-DN840 - STR-DN840 Istruzioni per l'uso Macedone

Sony STR-DN840 - STR-DN840 Istruzioni per l'uso Macedone

– Капацитетот на меморијата енадминат. – Интегралната меморија е фрагментирана. Затоа, ги препорачуваме следниве насоки. – Вкупен број на папки на USB уред: 256 или помалку (вклучително ипапката „ROOT“) – Вкупен број на датотеки по папка: 256 или помалку. Аудио датотеката не може да се репродуцира. • MP3 датотеките во MP3 PRO формат не може да се репродуцираат. • Аудио датотеката претставува аудио датотека со повеќе песни. • Некои AAC датотеки може да не се репродуцираат правилно. • WMA датотеките во Windows Media Audio професионален формат и формат без загуба не може да се репродуцираат. • USB уред форматиран со системи на датотеки кои се поинакви од FAT16 или FAT32 не се поддржани.* • Ако користите партициониран USB уред, само аудио датотеките на првата партиција може да се репродуцираат. • Репродукцијата е можна до 8 нивоа (вклучително и папката „ROOT“). • Бројот на папки надминал 256 (вклучително и папката „ROOT“). • Бројот на датотеки во папка надминал 256. • Датотеките кои се шифрирани или заштитени со лозинки и друго, не може да се репродуцираат. * Оваа единица поддржува FAT16 и FAT32, но некој USB уред може да не ги поддржува овие табели за адресирање датотеки. За детали, погледнете го упатството за работа за секој USB уред или контактирајте со производителот. 116 MK Мрежна врска Приемникот не може да се поврзе на WPS преку безжична LAN врска. • Не може да се поврзете на мрежата употребувајќи WPS кога вашата пристапна точка е поставена на WEP. Поставете ја вашата мрежа по пребарувањето на пристапната точка употребувајќи скенирање за пристапна точка. Се појавува порака за грешка. • Проверете ја природата на грешката. Погледнете „Список со пораки за мрежните карактеристики“ (страница 77). Не може да се поврзе на мрежата. • Проверете го статусот на мрежата. Погледнете „Information“, а потоа одберете „Physical Connection“ во чекор 2 (страница 98). Ако се појави „Connection Fail“ (Неуспешно поврзување), повторно поставете ја мрежната врска (страница 60). • Кога системот е поврзан преку безжична мрежа, поставете ги приемникот и рутерот/пристапната точка за безжичен LAN поблиску едни до други и повторете го поставувањето. • Проверете ги поставките за рутерот/ пристапната точка за безжичен LAN и повторете го поставувањето. За деталите за поставувањето на уредите, погледнете во упатствата за работа на уредите. • Бидете сигурни дека употребувате рутер/пристапна точка за безжичен LAN. • Безжични мрежи се под влијание на електромагнетното зрачење емитувано од микробранови печки и други уреди. Оддалечете го уредот од овие уреди.

• Бидете сигурни дека рутерот/ пристапната точка за безжичен LAN се вклучени. Не можете да го контролирате приемникот со користење на TV SideView уред. • На приемникот може да му биде потребно долго време за да се поврзе со мрежата откако ќе го вклучите приемникот. Почекајте неколку мига, а потоа обидете се повторно да го користите TV SideView. • Осигурете се дека „Network Standby“ е поставено на „On“ во менито за мрежни поставки, така што ќе можете да го користите TV SideView веднаш откако ќе го вклучите приемникот. Не може да го избере менито за мрежни поставки. • Почекајте неколку мига откако ќе го вклучите приемникот, а потоа повторно изберете го менито за мрежни поставки. Домашна мрежа Не може да се поврзе на мрежата. • Бидете сигурни дека рутерот/ пристапната точка за безжичен LAN се вклучени. • Осигурете се дека серверот е вклучен. • Мрежната поставка на приемникот може да не е точна. Проверете го статусот на мрежата. Погледнете „Information“, а потоа одберете „Physical Connection“ во чекорот 2 (страница 98). Ако се појави „Connection Fail“, повторно поставете ја мрежната врска (страница 60). • Серверот можеби е нестабилен. Рестартирајте го. •Потврдете дека приемникот и серверот се правилно поврзани на рутерот/пристапната точка за безжичен LAN. • Потврдете дека серверот е правилно поставен (страница 60). Потврдете дека приемникот е регистриран на серверот и го дозволува музичкиот проток од серверот. • Кога системот е поврзан на безжична мрежа, поставете ги приемникот и рутерот/пристапната точка за безжичен LAN поблиску едни до други и повторете го поставувањето. • Ако ICF (Заштитен ѕид за поврзување на Интернет) функцијата е активна на сметачот, ова може да спречи приемникот да се поврзе на сметачот (само кога вашиот сметач се користи како сервер). Можеби ќе треба да ги промените поставките на заштитниот ѕид за да дозволите приемникот да се поврзе. (За детали околу менување на поставките на заштитниот ѕид, погледнете ги упатствата за работа дадени со вашиот компјутер.) • Ако сте го иницијализирале приемникот или сте извршиле системска обнова на вашиот сервер, повторно извршете ги мрежните поставки (страница 60). Серверот (како сметач) не се појавува во овој серверски список. („No Server“ се појавува на ТВ екранот.) • Можеби сте го вклучиле овој приемник пред да го вклучите серверот. Освежете го серверскиот список (страница 65). • Бидете сигурни дека рутерот/ пристапната точка за безжичен LAN се вклучени. • Осигурете се дека серверот е вклучен. • Потврдете дека серверот е правилно поставен (страница 60). Потврдете дека приемникот е регистриран на серверот и го дозволува музичкиот проток од серверот. Дополнителни информации 117 MK