Views
1 week ago

Sony STR-DN840 - STR-DN840 Istruzioni per l'uso Macedone

Sony STR-DN840 - STR-DN840 Istruzioni per l'uso Macedone

• Потврдете

• Потврдете дека приемникот и серверот се правилно поврзани на рутерот/пристапната точка за безжичен LAN. Проверете ги информациите на мрежната поставка (страница 98). •Погледнете ги упатствата за работа за рутерот/пристапната точка за безжичен LAN и проверете ја поставката за поголем број на корисници. Ако поставката за поголем број на корисници е вклучена на рутерот/пристапната точка за безжичен LAN, исклучете ја. Не може нормално да репродуцира аудио податоци. • Избрано е мешано репродуцирање. Повеќе пати притиснете SHUFFLE сè додека не исчезне „SHUF“. Не започнува репродукцијата или автоматски не се менува на следната песна или датотека. • Осигурете се дека аудио датотеката која се обидувате да ја репродуцирате е во формат поддржан од овој приемник (страница 66). • Не може да се репродуцираат WMA датотеките со DRM заштита на авторски права. За начинот за проверка на заштитата на авторски права на WMA датотека, погледнете страница 69. Звукот скока при репродукција. • Пропусниот опсег на вашиот безжичен LAN можеби е премногу мал. Поставете ги приемникот и рутерот/пристапната точка за безжичен LAN поблиску едни до други, без никакви пречки помеѓу нив. • Кога го користите вашиот сметач како сервер, на сметачот може да работат многу апликации. Ако е активен противвирусен софтвер на сметачот, привремено онеспособете го софтверот бидејќи нему му треба огромна количина ресурси. • Во зависност од мрежната средина, може да не биде можно да се репродуцираат песни со повеќе од еден уред кој работи истовремено. Исклучете друг уред за да овозможите приемникот да ги репродуцира песните. Се појавува „Cannot Play“. • Не можете да репродуцирате никакви датотеки освен аудио датотеки. • Потврдете дека серверот е правилно поставен (страница 60). Потврдете дека приемникот е регистриран на серверот и го дозволува музичкиот проток од серверот. • Проверете за да потврдите дали аудио датотеката на серверот е оштетена или избришана. Погледнете во упатствата за работа што се дадени со серверот. • Не можете да ги репродуцирате следниве песни: – Песна која ги нарушува ограничувањата на репродуцирањето. – Песна со неправилни информации за авторски права. – Песна која сте ја набавиле во онлајн музичка продавница која не дозволува проток на домашна мрежа. – Песна во формат кој не е поддржан од приемникот (страница 66). • Потврдете дека избраната песна не е избришана од серверот. Ако песната е избришана, изберете друга песна. • Бидете сигурни дека рутерот/ пристапната точка за безжичен LAN се вклучени. • Осигурете се дека серверот е вклучен. • Серверот можеби е нестабилен. Рестартирајте го. • Потврдете дека приемникот и серверот се правилно поврзани на рутерот/пристапната точка за безжичен LAN. 118 MK

Се појавува „No Track“. • Ако нема песни или папки во избраната папка, не можете да ја проширите папката за да ја прикажете нејзината содржина. Не може да репродуцира песна со WMA формат со заштитени авторски права. • За начинот за проверка на заштитата на авторски права на WMA датотека, погледнете страница 69. Не можете да изберете претходно избрана песна. • Информациите за песната може да биле променети на серверот. Повторно изберете го серверот во серверскиот список (страница 65). Уредите на домашната мрежа не може да се поврзат на приемникот. • „Network Standby“ може да биде поставен на „Off“. Вклучете го приемникот или поставете го „Network Standby“ на „On“ во менито за мрежни поставки (страница 98). • Потврдете дека мрежата е правилно поставена. Ако не е, врската не може да се воспостави (страница 98). • Уредот на списокот уреди е поставен на „Not Allow“ (страница 67) или уредот не е додаден на списокот уреди (страница 67). • Поставен е максимум од 20 уреди кои може да се поврзат. Избришете ги непотребните уреди на списокот уреди и потоа поставете „Auto Access“ за „Allow“ (страница 67). • Серверската операција на приемникот е суспендирана ако приемникот спроведува една од следните операции. – Репродуцирање на песна складирана на серверот (приемникот работи како плеер) – Ажурирање на софтверот – Форматирање на системот Приемникот не може автоматски да се вклучи кога се пристапува од уреди на мрежата. • Самиот приемник не го поддржува Wake-on-LAN стандардот. Затоа, приемникот не може да се вклучи од Wake-on-LAN кога „Network Standby“ е поставено на „Off“. Поставете го „Network Standby“ на „On“ во менито за мрежни поставки (страница 97) така што приемникот да може да одговори на операциите од другите уреди преку мрежа (страница 98). Уредите на мрежата не може да го вклучат приемникот. • Приемникот не може да се вклучи со Wake-on-LAN операција за вклучување од страна на други уреди на мрежа. Приемникот не може да ја репродуцира песната која моментално се репродуцира од PARTY домаќинот. •PARTY домаќинот репродуцира песна од аудио формат кој не може да се репродуцира на приемникот. • Може да биде потребно време пред да излезе звукот кој се репродуцира. Приемникот се придружува на непланиран PARTY. • Ако повеќе од еден PARTY е започнат кога приемникот се придружува, тој може да не биде способен да се придружи на PARTY кој го посакувате. Затворете го другиот PARTY и потоа придружете се на PARTY кој го посакувате. Дополнителни информации 119 MK