Views
1 week ago

Sony STR-DN840 - STR-DN840 Istruzioni per l'uso Macedone

Sony STR-DN840 - STR-DN840 Istruzioni per l'uso Macedone

* Кога ќе

* Кога ќе поврзете сабвуфер со функцијата автоматски подготвено, исклучете ја функцијата кога гледате филмови. Ако функцијата автоматски подготвено е вклучена, автоматски се менува во режим автоматски подготвено според нивото на влезен сигнал на сабвуферот и може да не се произведе звук. ** Забелешки за поврзување на терминалите SPEAKERS SURROUND BACK/ BI-AMP/ FRONT HIGH/ FRONT B. – Ако поврзете само еден сараунд заден звучник, поврзете го со L на овие терминали. – Ако имате дополнителен систем на преден звучник, поврзете го со овие терминали. Поставете го „SB Assign“ на „Speaker B“ во менито за поставки на звучници (страница 92). Можете да го одберете системот на преден звучник којшто го сакате со користење на копчето SPEAKERS на ресиверот (страница 36). – Можете да ги поврзете предните звучници со овие терминали користејќи врска на bi-засилувач (страница 24). Поставете го „SB Assign“ на „Bi-Amp“ во менито Speaker Settings (страница 92). Забелешка По инсталирање и поврзување на звучникот, осигурете се дека сте ја одбрале шемата на звучници од менито Speaker Settings (страница 89). Поврзување со bi-засилувач Ако не користите задни звучници за опкружувачки звук и предни високи звучници, можете да ги поврзете предните звучници на терминалите SPEAKERS SURROUND BACK/ BI-AMP/ FRONT HIGH/ FRONT B користејќи поврзување со bi-засилувач. Преден звучник (Десен) Преден звучник (Лев) Поврзете ги приклучоците на страната Lo (или Hi) на предните звучници на терминалите SPEAKERS FRONT A и поврзете ги приклучоците на страната Hi (или Lo) на предните звучници на терминалите SPEAKERS SURROUND BACK/ BI-AMP/ FRONT HIGH/ FRONT B. Проверете дали металните делови на Hi/Lo прикачени за звучниците се отстранети од нив за да се избегне дефект на ресиверот. Откако сте ја направиле врската на bi-засилувач, поставете го „SB Assign“ на „Bi-Amp“ во менито за поставки на звучниците (страница 92). 24 MK

3: Поврзување на телевизорот Можете да ја гледате избраната влезна слика кога ќе го поврзете приклучокот HDMI TV OUT или MONITOR OUT со телевизор. Можете да ракувате со ресиверов користејќи OSD (приказ на екран) ако го поврзете приклучокот HDMI TV OUT на телевизор. Пред поврзување на каблите, проверете дали сте го исклучиле кабелот за напојување со наизменична струја (главен довод). Поврзувања Аудио сигнали Телевизор Видео сигнали Аудио/видео сигнали или ARC A** B** C D* A Оптички дигитален кабел (не се доставува) B Аудио кабел (не се доставува) C Видео кабел (не се доставува) D Кабел за HDMI (не се доставува) Sony препорачува да користите HDMIодобрен кабел или HDMI-кабел на Sony. Препорачано поврзување Алтернативно поврзување 25 MK