Views
8 months ago

Sony STR-DN840 - STR-DN840 Istruzioni per l'uso Macedone

Sony STR-DN840 - STR-DN840 Istruzioni per l'uso Macedone

6 Притискајте

6 Притискајте на V/v за да изберете „Auto“, потоа притиснете . На телевизискиот екран се појавуваат информациите за поставките на интернет-протоколот. Кога користите фиксна IP-адреса Изберете „Custom“, потоа притиснете . На телевизискиот екран се појавува поставката за IP-адреса. Притиснете . Притиснете V/v за да ја изберете вредноста за „IP Address“. Притиснете b за да ја заклучите вредноста за следната положба. Притиснете за да го исклучите курсорот. Следно, внесете ја вредноста за „Subnet Mask“ и „Default Gateway“. Притиснете b за страницата за DNSпоставки. Внесете ја вредноста за „Primary DNS“ и „Secondary DNS“. 7 Притиснете b. На телевизискиот екран се прикажува „Connecting to the Internet“. „Network setup is completed“ се појавува откако ќе се завршат мрежните поставки. За да се вратите на менито Network Settings (Мрежни поставки), притиснете . (Во зависност од мрежната средина, мрежните поставки може да потраат.) 8 Изведете ги поставките за серверот. За да слушате аудио содржина меморирана на вашиот сервер, треба да го поставите серверот (страница 60). Совет Кога ги проверувате мрежните поставки, погледнете „Information“ (страница 98). Користење поврзување преку безжичен LAN. Постојат неколку начини за поврзување што можете да ги користите за поставување безжична мрежа: барање пристапна точка, користење начин за поврзување преку WPS (или со копче за притискање или со PIN-код) или рачно поставување. Забелешки • Осигурете се дека не ја користите функцијата за безжичен LAN на места каде што се користи медицинска опрема (на пример, пејсмејкер) и на места каде што е забранета употребата на безжична комуникација. • Пред да се поврзете на домашната мрежа треба да подготвите рутер/пристапна точка за LAN. За детали, погледнете во упатствата за работа на уредот. • Во зависност од домашната мрежа, рутерот/ пристапната точка за безжичен LAN може да се поставени на начин на кој не може да се поврзат користејќи WPS, дури и ако се компатибилни со WPS. За детали околу тоа дали рутерот/пристапната точка за безжичен LAN се компатибилни со WPS и за поставувањето поврзување преку WPS, погледнете во упатствата за работа на рутерот/пристапната точка за безжичен LAN. • Можете да искусите потешкотии ако ресиверот и рутерот/пристапната точка за безжичен LAN се поставени предалеку еден од друг. Ако тоа се случи, поместете ги уредите поблиску. Барање пристапна точка и поставување безжична мрежа (начин со скенирање за пристапна точка) Можете да поставите безжична мрежа со барање пристапна точка. За да ја поставите мрежата користејќи го овој начин на поврзување, ќе треба да ги изберете или внесете следните информации. Проверете ги следните информации однапред и забележете ги во обезбедениот простор подолу. 38 MK

Името на мрежата (SSID * ) што ја идентификува мрежата ** . (Ова ќе ви биде потребно во чекорот 7.) Ако безжичната домашна мрежа е заштитена со шифрирање, безбедносниот клуч (клуч WEP, клуч WPA/WPA2) за вашата мрежа ** . (Ова ќе ви биде потребно во чекорот 8.) * SSID (Идентификатор за поставена услуга) е името што идентификува дадена пристапна точка. ** Овие информации треба да се достапни од ознаката на рутерот/пристапната точка за безжичниот LAN, од упатствата за работа, од личноста што ви ја поставило безжичната мрежа или од информациите дадени од снабдувачот на услугата интернет. 1 Изберете „Wireless Setup“ во чекор 5 во „Користење поврзување преку жичен LAN.“ (страница 37). Ако на телевизискиот екран се појави „Change Settings?“, изберете „OK“, потоа притиснете . 2 Притискајте на V/v за да изберете „Access Point Scan“, потоа притиснете . Ресиверот започнува со барање пристапни точки и прикажува список со најмногу 30 имиња на достапни мрежи (SSID). 3 Притискајте на V/v за да го изберете името на саканата мрежа (SSID), потоа притиснете . Екранот за поставките за безбедност се појавува на телевизискиот екранот. 4 Внесете го безбедносниот клуч (клуч WEP, клуч WPA/WPA2), потоа притиснете . Стандардно безбедносниот клуч се појавува како „*****“. Притискајте на DISPLAY за да го шифрирате и оддадете безбедносниот клуч. На телевизискиот екран се појавува „IP Settings“. 5 Притискајте на V/v за да изберете „Auto“, потоа притиснете . Кога користите фиксна IP-адреса Изберете „Custom“, потоа притиснете . На телевизискиот екран се појавува поставката за IP-адреса. Притиснете . Притиснете V/v за да ја изберете вредноста за „IP Address“. Притиснете b за да ја заклучите вредноста за следната положба. Притиснете за да го исклучите курсорот. Следно, внесете ја вредноста за „Subnet Mask“ и „Default Gateway“. Притиснете b за страницата за DNS-поставки. Потоа внесете ја вредноста за „Primary DNS“ и „Secondary DNS“. 6 Притиснете b. На телевизискиот екран се прикажува „Connecting to the Internet“. „Network setup is completed“ се појавува откако ќе се завршат мрежните поставки и „ “ засветува на панелот за приказ. За да се вратите на менито Network Settings (Мрежни поставки), притиснете . (Во зависност од мрежната средина, мрежните поставки може да потраат.) Подготовка на ресиверот 39 MK