Views
2 months ago

Sony STR-DN840 - STR-DN840 Istruzioni per l'uso Macedone

Sony STR-DN840 - STR-DN840 Istruzioni per l'uso Macedone

7 Изведете ги

7 Изведете ги поставките за серверот. За да слушате аудио содржина меморирана на вашиот сервер, треба да го поставите серверот (страница 60). Забелешка Ако мрежата не е заштитена со шифрирање (со користење безбедносен клуч), екранот за поставката за безбедност не се појавува во чекор 8. Совет Кога ги проверувате мрежните поставки, погледнете „Information“ (страница 98). Поставување безжична мрежа користејќи пристапна точка во согласност со WPS Можете лесно да поставите безжична мрежа користејќи пристапна точка во согласност со WPS. Поставувањето на WPS може да се направи или со користење на конфигурацијата со копче за притискање или со начинот со PINкод (број за лична идентификација). Што е WPS (Заштитено поставување на Wi-Fi)? WPS е стандард создаден од Wi-Fi Alliance што ви овозможува лесно и безбедно поставување безжична мрежа. Поставување безжична мрежа користејќи ја конфигурацијата со WPS-копче за притискање Можете лесно да поставите безжично поврзување WPS со едно притискање на назначеното копче. 1 Изберете „WPS Push“ во чекор 2 во „Барање пристапна точка и поставување безжична мрежа (начин со скенирање за пристапна точка)” (страница 38). 2 Следете ги упатствата на екранот и притиснете го копчето WPS на пристапната точка. Порака: Притиснете го копчето WPS на пристапната точка во текот на 2 минути Копче WPS на рутерот/ пристапната точка за безжичен LAN „Setup with WPS Push Button is completed“ се појавува откако ќе се завршат мрежните поставки и „ “ засветува на панелот за приказ. За да се вратите на менито Network Settings, притиснете . (Во зависност од мрежната средина, мрежните поставки може да потраат.) 3 Изведете ги поставките за серверот. За да слушате аудио содржина меморирана на вашиот сервер, треба да го поставите серверот (страница 60). Совет Кога ги проверувате мрежните поставки, погледнете „Information“ (страница 98). Поставување безжична мрежа користејќи го начинот со PINкод за WPS Ако пристапната точка го поддржува поврзувањето со PI-код (број за лична идентификација) за WPS, можете да поставите безжично поврзување преку WPS со внесување на PIN-кодот на ресиверот во рутерот/пристапната точка на LAN. 1 Изберете „Manual Registration“ во чекор 2 во „Барање пристапна точка и поставување безжична мрежа (начин со скенирање за пристапна точка)” (страница 38). 40 MK

2 Притискајте на V/v за да изберете „WPS PIN“ (PIN за WPS), потоа притиснете . Се појавува список со достапните SSID (пристапна точка). 3 Притискајте на V/v за да го изберете името на саканата мрежа (SSID), потоа притиснете . На телевизискиот екран се појавува PIN-кодот (8 цифри) на ресиверот. Оставете кодот PIN да се прикажува додека поврзувањето не е завршено. (Секојпат кога ја изведувате оваа операција се појавува различен PIN-код.) 4 Внесете го PIN-кодот на ресиверот во рутерот/пристапната точка за безжичниот LAN. Ресиверот ги започнува мрежните поставки. „Completed“ се појавува откако ќе се завршат мрежните поставки и „ “ засветува на панелот за приказ. За да се вратите на менито Network Settings (Мрежни поставки), притиснете . (Во зависност од мрежната средина, мрежните поставки може да потраат.) 5 Изведете ги поставките за серверот. За да слушате аудио содржина меморирана на вашиот сервер, треба да го поставите серверот (страница 60). Совети • Кога ги проверувате мрежните поставки, погледнете „Information“ (страница 98). • За детали околу внесувањето на PIN-кодот во рутерот/пристапната точка на безжичен LAN, погледнете во упатствата за работа на рутерот/пристапната точка за безжичен LAN. Ако не можете да го најдете името на саканата мрежа (SSID) (начин со рачно поставување) Можете рачно да го внесете името на саканата мрежа (SSID) ако истото не се појавува во списокот. 1 Изберете „Manual Registration“ во чекор 2 во „Барање пристапна точка и поставување безжична мрежа (начин со скенирање за пристапна точка)” (страница 38). 2 Притискајте на V/v за да изберете „Direct Input“ (Директно внесување), потоа притиснете . 3 Внесете го името на мрежата (SSID), потоа притиснете . 4 Притискајте на V/v за да ја изберете саканата безбедносна поставка, потоа притиснете . 5 Следете ги чекорите 1-7 во „Барање пристапна точка и поставување безжична мрежа (начин со скенирање за пристапна точка)” (страница 38). Водич за операцијата за приказ на екранот (OSD) Можете да го прикажете менито на ресиверот на телевизискиот екран и да ја изберете функцијата што сакате да ја користите на телевизискиот екран со притискање V/v/B/b и на далечинскиот управувач. Кога ќе започнете со работа на ресиверот, прво притиснете го копчето AMP на далечинскиот управувач. Во спротивно, операциите што следат може да не се наменети за ресиверот. Подготовка на ресиверот 41 MK