Views
3 months ago

Sony STR-DN840 - STR-DN840 Istruzioni per l'uso Macedone

Sony STR-DN840 - STR-DN840 Istruzioni per l'uso Macedone

Поставување

Поставување на серверот За да слушате аудио содржина складирана на вашиот сервер со вашиот ресивер, треба однапред да го поставите серверот. Следниве серверски уреди се компатибилни со овој ресивер. • Sony VAIO Media plus 1.3, 1.4, 2.0 и 2.1 • Sony HDD Network Audio System NAS-S500HDE*, NAS-S55HDE* • Аудио/видео ресивер на Sony Network STR-DA6400ES*, TA-DA5600ES* • Microsoft Windows Media Player 12 инсталиран на Windows 8 и Windows 7 (страница 60 и 62) • Microsoft Windows Media Player 11 инсталиран на Vista/Windows XP (страница 64) * Не е достапно во некои земји или региони. Кога користите Windows 8 Овој дел објаснува како да се постави Windows Media Player 12 за Windows 8 инсталиран од производителот. За детали околу тоа како да работите со Windows Media Player 12, погледнете во Помош за Windows Media Player 12. 1 Одете во Control Panel (Контролна табла). Изберете [All Apps] (Сите апликации) под [Start] (Старт). Изберете [Control Panel] (Контролна табла). Ако серверот има функција која го ограничува пристапот од други уреди, морате да ја промените поставката на серверот за да дозволите ресиверот да му пристапи. Овој дел објаснува како да се постави Windows Media Player кога го користите како сервер. За детали околу поставките на други серверски уреди, погледнете ги упатствата за работа или помошта на соодветните уреди или апликации. Забелешки • Членовите прикажани на сметачот може да се разликуваат од оние прикажани подолу, во зависност од верзијата на оперативниот систем или од компјутерската средина. За детали, упатете се во Помошта на вашиот оперативен систем. • Во зависност од ситуацијата, можеби ќе биде потребно малку повеќе време кога репродуцирате музика користејќи ја „Play To“ опцијата во Windows. Совет Ако екранот на Windows 8 не изгледа како што е прикажано погоре, продолжете со чекорите подолу. 60 MK

Изберете [Control Panel] (Контролна табла) под [Settings] (Параметри). 3 Изберете [Change advanced sharing settings] (Изменете ги напредните параметри за споделување). 2 Изберете [View network status and tasks] (Приказ на мрежен статус и задачи) под [Network and Internet] (Мрежа и интернет). Се појавува прозорецот [Network Sharing Center] (Центар за мрежа исподелување). Совет Ако членот кој го сакате не се појави на екранот, обидете се да го промените типот на екран во Control Panel (Контролна табла). 4 Изберете [Choose media streaming options] (Изберете ги опциите за проследување медиуми) од Media streaming (Следење медиуми). 5 Ако се појави [Media streaming is not turned on] (Континуираниот тек на медиуми не е вклучен) во [Media streaming options] (Опции за постојан тек на медиуми) прозорецот, изберете [Turn on media streaming] (Вклучете континуиран тек на медиуми). Користење на мрежни карактеристики 61 MK