Views
2 months ago

Sony STR-DN840 - STR-DN840 Istruzioni per l'uso Macedone

Sony STR-DN840 - STR-DN840 Istruzioni per l'uso Macedone

Кога

Кога користите Windows Vista/XP Овој дел објаснува како да се постави Windows Media Player 11 инсталиран на Vista/XP*. За детали околу тоа како да работите со Windows Media Player 11, погледнете во Помош за Windows Media Player 11. * Windows Media Player 11 не е инсталиран на Vista/Windows XP од производителот. Пристапете до веб-локацијата на Microsoft, преземете го инсталаторот, а потоа инсталирајте Windows Media Player 11 на вашиот сметач. 1 Одете во [Start] (Старт) – [All Programs] (Сите програми). 5 Изберете [Customize] (Прилагоди). Се појавува прозорецот [Set Network Location] (Постави мрежна локација). 6 Обележете [Private] (Приватно) и изберете [Next] (Следно). 2 Изберете [Windows Media Player] (Windows Media Player). Windows Media Player 11 започнува. 3 Изберете [Media Sharing…] (Споделување медиуми...) од менито [Library] (Библиотека). Ако користите Windows XP, одете на чекор 9. 4 Кога се прикажува, изберете [Networking…] (Мрежно работење...). 7 Потврдете дека [Location type] (Тип локација) е променето во [Private] (Приватно) и изберете [Close] (Затвори). 8 Потврдете дека [(Private network)] ((Приватна мрежа)) се прикажува на [Network and Sharing Center] (Центар за мрежа и споделување) прозорецот и затворете го прозорецот. Се појавува прозорецот [Network and Sharing Center] (Центар за мрежа и споделување). 64 MK

9 Ако [Share my media] (Сподели ги моите медиуми) во [Media Sharing] (Споделување медиуми) прозорецот кој се прикажува во чекор 3 не е обележано, обележете [Share my media] (Сподели ги моите медиуми), а потоа притиснете [OK] (OK). Се прикажува список на уреди кои може да се поврзат. За да го освежите серверскиот список Кога додавате нов сервер на домашната мрежа или кога не можете да го најдете серверот кој го сакате на списокот, освежете го серверскиот список. 1 Додека се прикажува серверскиот список, притиснете OPTIONS. 2 Изберете „Refresh“, потоа притиснете . Се појавува освежениот серверски список. 10 Изберете [Settings…] (Поставки…) што се појавува покрај [Share my media to:] (Сподели ги моите медиуми со:). 11 Обележете [Allow new devices and computers automatically] (Автоматски дозволи нови уреди и сметачи) и изберете [OK] (OK). Забелешка Поништете го изборот на овој член откако ќе потврдите дека ресиверот може да биде поврзан со серверот и да репродуцира аудио содржина складирана на серверот. 12 Освежете го серверскиот список. Откако ќе завршите со поставување, освежете го серверскиот список на ресиверот и изберете го овој сервер од серверскиот список. За детали околу избирање на сервер, видете „За да го освежите серверскиот список“ (страница 65). Совет Ресиверот чува историја од најмалку пет поврзани сервери и овие сервери се појавуваат во горниот дел на серверскиот список. Во серверски список може да се прикажат до 20 сервери. За да избришете сервер од серверскиот список 1 Додека се прикажува серверскиот список, изберете го серверот кој сакате да го избришете, а потоа притиснете OPTIONS. Се појавува менито за опции. 2 Изберете „Delete“, потоа притиснете . Приказот за потврдување се прикажува на телевизискиот екран. 3 Изберете „OK“, потоа притиснете . „Completed“ се појавува, а избраниот сервер е избришан. Забелешка Дури и ако го избришете серверот од серверскиот список, серверот ќе се појави во списокот повторно ако ресиверот го пронајде на мрежата (како на пример кога го освежувате серверскиот список). Користење на мрежни карактеристики 65 MK