Views
8 months ago

Sony STR-DN840 - STR-DN840 Istruzioni per l'uso Macedone

Sony STR-DN840 - STR-DN840 Istruzioni per l'uso Macedone

Уживање во

Уживање во аудио содржина складирана на серверот Можете да репродуцирате аудио содржина складирана на серверот, преку користење на ресиверот во форматите MP3, линеарен PCM, WMA, FLAC и AAC*. Аудио содржината со DRM (Digital Rights Management) заштита на авторски права, не може да се репродуцира на овој ресивер. * Овој ресивер може да репродуцира датотеки AAC само со наставки „.m4a“, „.mp4“ или „.3gp“. HOME NETWORK Сервер SHUFFLE REPEAT DISPLAY RETURN O N X Овој ресивер ALPHABET SEARCH V/v/B/b, OPTIONS HOME ./> x 1 Притиснете HOME NETWORK. Серверската листа се појавува на ТВ екранот. Ако последниот избран член (список за репродукција, албум, папка, итн.) се појави на ТВ екранот, притиснете RETURN O повеќе пати сè додека не се појави серверскиот список. Кога „No server is available“ се појавува или кога серверот на списокот не е достапен, притиснете OPTIONS. Изберете „Refresh“, потоа притиснете . Се појавува освежениот серверски список. Совет Можете да изберете и „HOME NETWORK“ од „Listen“ во главното мени. 2 Изберете го серверот во кој се наоѓа содржината која сакате да ја репродуцирате. Списокот со содржината се појавува на ТВ екранот. Забелешка Ако серверскиот уред поддржува Wakeon-LAN стандард, ресиверот автоматски го вклучува серверот. Ако серверот не го поддржува Wake-on-LAN стандардот, вклучете го серверот однапред. За детали околу поставките или работата на Wakeon-LAN на вашиот сервер, погледнете ги упатствата за работа или помошта на вашиот сервер. 3 Изберете го членот (список за репродукција, албум, папка итн.) кој го сакате, а потоа притиснете . Ако се појави друг член, повторете го овој чекор за да ги намалите изборите сè додека не се појави членот кој го сакате. Членовите кои се прикажани зависат од поврзаниот сервер. 66 MK

4 Изберете ја песната која ја сакате, потоа притиснете . Започнува репродуцирањето. Осигурете се дека излегува звук од звучниците на ресиверот. Забелешки • Песните кои ресиверот не може да ги репродуцира, исто така се појавуваат на телевизискиот екран. Не можете да подредите список на песни кои може да се репродуцираат. • „!“ се појавува во горниот дел на името на песната која не може да се репродуцира на ресиверот и при репродуцирање се прескокнува. • Репродуцирањето не продолжува од последниот избран член ако го исклучите кабелот за струја од ѕидниот штекер. • На ресиверот може да му биде потребно време да ги прикаже ставките кога се пребарува папка која содржи големи количини на аудио содржина. Во овој случај, користете го пребарувањето по клучен збор (страница 79). Совети • Ако изберете папка (како уметничка папка, жанровска папка, итн.), а потоа го притиснете копчето N, ресиверот ги репродуцира сите членови во избраната папка. • Ресиверот продолжува од последниот избран член кога функцијата се менува на функцијата Home Network, сè додека ресиверот е исклучен. Кога „Network Standby“ (Подготвеност на мрежата) е поставено на „On“ (Вклучено), репродукцијата продолжува од последната избрана ставка, дури и ако сте го исклучиле ресиверот. За да ги поставите Access Settings Можете да поставите ограничувања за пристап или дозвола за уредите на списокот со уреди. 1 Притиснете HOME NETWORK. 2 Притиснете OPTIONS. 3 Изберете „Access Settings“, потоа притиснете . За да ја поставите дозволата за автоматски пристап 1 Изберете „Auto Access“ во „Access Settings“, потоа притиснете . 2 Изберете „Allow“ или „Not Allow“, потоа притиснете . • Allow: Сите уреди на домашната мрежа имаат дозвола за пристап на овој ресивер. Овој ресивер може да започне PARTY како уред-домаќин и да се придружи на PARTY како уред-гостин, ако се побара. • Not Allow: Ресиверот ограничува нов уред кој пристапува на ресиверот. Кога поврзувате нов уред на домашната мрежа, додајте го уредот во списокот на уреди и поставете дозвола за пристап (страница 68). Забелешка На списокот на уреди може да се додаваат до 20 уреди. Ако се веќе регистрирани 20 уреди, „Device list is full“ (Списокот со уреди е полн) се појавува и не може да се додаде нов уред на списокот. Во овој случај, избришете ги непотребните уреди од списокот (страница 68). За да додавате уреди на списокот на уреди 1 Изберете „Control Device“ во „Access Settings“, потоа притиснете . Регистрираниот список на уреди се појавува на ТВ екранот. 2 Изберете „Add Device“, потоа притиснете . 3 Изберете го уредот кој го сакате, потоа притиснете . Избраниот уред е додаден на списокот на уреди. За детали околу поставувањето на пристапот, видете „За да ја поставите дозволата за автоматски за уредите“ (страница 68). Користење на мрежни карактеристики 67 MK