Views
1 month ago

Sony STR-DN840 - STR-DN840 Istruzioni per l'uso Macedone

Sony STR-DN840 - STR-DN840 Istruzioni per l'uso Macedone

За да ја

За да ја слушате претходно поставената станица 1 Притиснете SEN. Списокот со даватели на услугата се појавува на ТВ екранот. Ако ресиверот автоматски ја прикаже последната избрана станица, притиснете RETURN O повеќе пати, сè додека не се појави списокот со даватели на услугата. 2 Изберете „Preset“, потоа притиснете . „Preset“ се појавува на горниот дел на списокот со даватели на услугата. 3 Изберете ја саканата претходно поставена станица, потоа притиснете . Забелешка Може да постојат некои станици кои не може претходно да се постават, во зависност од давателите на услугата. Ако се обидете претходно да поставите таква станица, „Not available“ се појавува на екранот. Совет Користете ги нумеричките копчиња за да ја изберете претходно поставената станица. Притиснете SHIFT, а потоа притиснете го нумеричкото копче кое соодветствува на претходно поставеното копче, потоа притиснете за директно да ја изберете пертходно поставената станица. Уживање во различни музички услуги Можете да уживате во слушање на содржината на различни музички услуги кои се нудат на Интернет. Посетете ја долната веб-локација за повеќе информации околу музичките услуги, околу тоа како да уживате во услуги и за кодот за регистрација на ресиверот. http://munlimited.com/home Проверка на кодот за регистрација Можеби ќе се бара од вас да го внесете кодот за регистрација на ресиверот кога уживате во нова музичка услуга. 1 Изберете „Listen“ од менито, потоа притиснете . 2 Изберете „SEN“, потоа притиснете . Списокот со даватели на услугата се појавува на ТВ екранот. Ако ресиверот автоматски ја прикаже последната избрана услуга или станица, притиснете RETURN O повеќе пати, сè додека не се појави списокот со даватели на услугата. 3 Изберете „Registration Code“, потоа притиснете . Се појавува кодот за регистрација на ресиверот. Користење на PARTY STREAMING функцијата Аудио содржината која моментално се репродуцира на овој ресивер, исто така може истовремено да се репродуцира на сите уреди кои се соодветни на PARTY STREAMING функцијата на вашата домашна мрежа. Ако се соочите со прекин кога употребувате безжична врска, поврзете го вашиот ресивер на рутерот со жична врска (страница 33). При PARTY текот, уред наречен „PARTY домаќин“ започнува PARTY и емитува музика, а уред наречен „PARTY гостин“ се придружува на PARTY и добива музика од „PARTY домаќинот“. Пред да ја користите PARTY STREAMING функцијата, осигурете се дека „PARTY STREAMING“ е поставено на „On“ (страница 98). 72 MK

PARTY гостин PARTY гостин Започнување на PARTY PARTY домаќин PARTY гостин Можете да започнете PARTY, така што другите уреди кои ја поддржуваат PARTY STREAMING функцијата може да ја репродуцираат истата музика, иако се наоѓаат во различни соби. PARTY START/ CLOSE SHIFT PARTY JOIN/LEAVE Можете да уживате во PARTY STREAMING функцијата со други уреди* кои го имаат овој PARTY STREAMING знак прикажан подолу. * Достапните уреди кои се во согласност со PARTY STREAMING може да се разликуваат во зависност од земјите или регионите. За детали околу достапните уреди, контактирајте со вашите најблиски продавачи на Sony. 1 Осигурете се дека уредите кои се PARTY гости се вклучени и подготвени да се придружат на PARTY. 2 Репродуцирајте го звучниот извор кој го сакате. Може да се емитува аудио содржина од сите звучни извори на овој ресивер. Забелешки • Може да се емитува само аудио содржина на овој ресивер. При PARTY домаќин, не излегуваат видео сигнали до телевизорот и аудио сигналите ќе се намалат на 2 канали. Во овој случај, можете да го изберете само „2ch Stereo“ како звучно поле. • Кога ќе започнете PARTY како PARTY домаќин, можеби ќе се соочите со временски јаз помеѓу аудио излезот и визуелниот приказ во следниве случаи. – Се користи функцијата на Аудио повратниот канал (ARC). – Видео излезот на опермата е поврзан со телевизорот и аудио излезот е поврзан со дигиталните или аналогните влезни аудио приклучоци на ресиверот. • Изворите со заштита на авторските права можеби нема да се емитуваат. 3 Притиснете PARTY START. „START.PARTY“ се појавува на екранот на панелот. Ресиверот почнува PARTY тек како домаќин за PARTY. За да затворите PARTY Притиснете PARTY CLOSE. Користење на мрежни карактеристики 73 MK