Views
1 week ago

Sony STR-DN840 - STR-DN840 Istruzioni per l'uso Macedone

Sony STR-DN840 - STR-DN840 Istruzioni per l'uso Macedone

Ажурирање на

Ажурирање на софтверот Со преземање на најновата верзија на софтверот, можете да ги искористите најновите функции. Ресиверот пристапува на серверот на Sony за да го ажурира софтверот. Ако е достапно ново ажурирање, „[New Software] Perform Software Update.“ се појавува на ТВ екранот и „UPDATE“ се појавуава на екранот на панелот, кога сте поврзани на Интернет и ја користите Home Network или SEN функцијата. Осигурете се дека е сопрена другата опрема поврзана на ресиверот, пред да го ажурирате софтверот. За детали околу достапното ажурирање на софтверот, погледнете ја веблокацијата за корисничка поддршка (страница 122). Забелешки • Осигурете се дека нема да го исклучите ресиверот, да го исклучите мрежниот кабел или да извршите каква било операција на ресиверот додека е во тек операцијата за ажурирање. • Ако се обидете да го ажурирате софтверот кога е вклучен Бројачот за спиење, тој автоматски ќе се исклучи. 1 Притиснете HOME. На телевизискиот екран се појавува главното мени. 2 Изберете „Settings“, потоа притиснете . Списокот на менито Settings се прикажува на телевизискиот екран. 3 Изберете „System Settings“, потоа притиснете . 4 Изберете „Network Update“, потоа притиснете . 5 Изберете „Update“, потоа притиснете . Ресиверот почнува да го проверува достапното ажурирање на софтверот. 6 Кога „A new version of software is found“ се појавува на телевизискиот екран, изберете „Update now“, потоа притиснете . Се појавува порака која потврдува дали се согласувате со условите на ажурирањето на софтверот или не. Потврдете ја пораката и исто така прочитајте го „ДОГОВОР ЗА ЛИЦЕНЦА НА СОФТВЕР НА SONY ЗА КРАЈНИОТ КОРИСНИК“ (страница 129), потоа притиснете . Ако ажурирањето не е достапно, се појавува „No update is required.“. 7 Изберете „Agree“, потоа притиснете . Ресиверот започнува со ажурирање на софтверот и телевизискиот екран автоматски се исклучува. Индикаторот ?/1 (вклучено/ подготвено) на предниот панел трепка за време на ажурирањето. Може да помине некое време (околу 40 минути најмногу) за ресиверот да го заврши ажурирањето. Потребното време ќе зависи од количеството податоци во ажурирањата, типот линија на мрежата, мрежната комуникациска средина итн. „Complete“ се појавува откако ажурирањето на софтверот завршува. Промените или прилагодувањата на поставките сега се ресетирани на зададените. 76 MK

Забелешка Ако се појави една од состојбите подолу, постои грешка во ажурирањето на софтверот. – Индикаторот ?/1 (вклучено/подготвено) брзо трепка последователно. – „ERROR“ се појавува на екранот на панелот. – Ниту еден индикатор не свети на екранот на панелот или индикаторот ?/1 (вклучено/подготвено) не свети. – Ресиверот не го завршува ажурирањето по 40 минути и „UPDATING“ продолжува да трепка на екранот на панелот. Исклучете го кабелот за напојување, и потоа повторно вклучете го. Ресиверот ќе се обиде да го ажурира софтверот. Ако состојбата опстојува, обратете се до најблискиот продавач на Sony. За да ја откажете постапката или да се вратите на претходниот екран Притиснете RETURN O во било кој момент пред ресиверот да почне со ажурирањето на софтверот. Не можете да ја откажете постапката или да се вратите на претходниот екран кога почнува ажурирањето. Список со пораки за мрежните карактеристики Network settings Порака и објаснување Connection failed Ресиверот не успеал да се поврзе на мрежата. Input error Внесените вредности се неточни или неважечки. Not in use Се извршува операција која моментално езабранета. Not supported Уредот на пристапната точка не поддржува WPS PIN метод на кодирање. Домашна мрежа Порака и објаснување Cannot connect Ресиверот не може да се поврзе со избраниот сервер. Cannot get info Ресиверот не може да ги поврати информациите на серверот. Cannot JOIN PARTY Ресиверот не успеал да се придружи на PARTY. Cannot play Ресиверот не може да репродуцира аудио датотеки поради неподдржан формат на датотека или поради ограничувања на репродуцирањето. Cannot START PARTY Ресиверот не успеал да се започне PARTY. Data error Сте се обиделе да репродуцирате датотека која не може да се репродуцира. Device list is full Не можете да регистрирате уште уреди на списокот со уреди. No server is available Нема сервер на мрежата на која може да се поврзе ресиверот. Обидете се да го освежите серверскиот список (страница 65). No track is found Во избраната папка на серверот нема датотека која може да се репродуцира. Not found На серверот нема член кој се совпаѓа со некој клучен збор. Not in use Се извршува операција која моментално езабранета. Користење на мрежни карактеристики 77 MK