Views
6 months ago

Sony STR-DN840 - STR-DN840 Istruzioni per l'uso Macedone

Sony STR-DN840 - STR-DN840 Istruzioni per l'uso Macedone

Други

Други операции Менување помеѓу дигитално и аналогно аудио (INPUT MODE) Кога ќе ја поврзете опремата на дигиталните и на аналогните влезни аудио приклучоци на ресиверот, можете да го поправате режимот за аудио влез на кој било од нив или да менувате од еден на друг, во зависност од типот материјал кој сакате да го гледате. 1 Изберете „Settings“ од главното мени, потоа притиснете . Списокот на менито Settings се прикажува на телевизискиот екран. 2 Изберете „Input Settings“, потоа притиснете . 3 Изберете „Input Mode“ (Влезен режим), потоа притиснете . Избраниот влезен режим за аудио се појавува на ТВ екранот. • Auto: Им дава приоритет на дигиталните аудио сигнали. Ако постои повеќе од една дигитална врска, HDMI аудио сигналите имаат приоритет. Ако не постојат дигитални аудио сигнали, се избираат аналогни аудио сигнали. Кога се избира ТВ влезот, приоритет се дава на сигналите (ARC). Ако телевизорот не е компатибилен со функцијата ARC, се избираат дигиталните оптички аудио сигнали. Ако функцијата „Control for HDMI“ не е вклучена на ресиверот и телевизорот, функцијата ARC не работи. • OPT: Го специфицира влезот на дигиталните аудио сигнали во DIGITAL OPTICAL приклучокот. • COAX: Го специфицира влезот на дигиталните аудио сигнали во DIGITAL COAXIAL приклучокот. • Analog: Го специфицира влезот на аналогните аудио сигнали во приклучоците AUDIO IN (L/R). Забелешки • Врз основа на влезот, „------“ се појавува на панелот на екранот и не може да се изберат други режими. • Кога се користи „Analog Direct“, влезот за аудио е поставен на „Analog“. Не можете да изберете други режими. Користење други приклучоци за аудио влез (Назначување на аудио влез) Можете одново да ги назначите дигиталните влезни приклучоци на друг влез, ако стандардните поставки на приклучоците не соодветствуваат на вашата поврзана опрема. Откако одново ќе ги назначите влезните приклучоци, можете да го користите копчето за влез (или INPUT SELECTOR на ресиверот) за да ја изберете опремата која сте ја поврзале. Пример: Кога ќе го поврзете плеерот за DVD на приклучокот OPTICAL IN 1 (SAT/CATV). –Назначете го приклучокот OPTICAL IN 1 (SAT/CATV) на „DVD“. 1 Изберете „Settings“ од главното мени, потоа притиснете . Списокот на менито Settings се прикажува на телевизискиот екран. 2 Изберете „Input Settings“, потоа притиснете . 84 MK

3 Изберете „Audio Input Assign“, потоа притиснете . 4 Изберете го името на влезот кој сакате да го назначите, потоа притиснете . 5 Изберете ги аудио сигналите кои сакате да ги назначите на влезот кој го избравте во чекор 4, со користење на V/v/B/b. 6 Притиснете . Име на влез BD DVD GAME SAT/CATV VIDEO SA-CD/CD Аудио влезни приклучоци кои може да се назначат * Стандардна поставка Забелешки OPT 1 a a a a* a a OPT 2 a a a a a a COAX a a a a a a* None a* a* a* a a* a • Кога го назначувате дигиталниот аудио влез, поставката INPUT MODE може автоматски да се промени. • Едно повторено назначување е дозволено за секој влез. Користење врска на bi-засилувач 1 Изберете „Settings“ од главното мени, потоа притиснете . Списокот на менито Settings се прикажува на телевизискиот екран. 2 Изберете „Speaker Settings“, потоа притиснете . 3 Изберете „Speaker Pattern“, потоа притиснете . 4 Изберете ја соодветната шема на звучниците за да нема сараунд на задни звучници и на предни високи звучници, потоа притиснете . 5 Изберете „SB Assign“, потоа притиснете . 6 Изберете „Bi-Amp“, потоа притиснете . Истите сигнали кои излегуваат од SPEAKERS FRONT A терминалите може да излезат од SPEAKERS SURROUND BACK/ BI-AMP/ FRONT HIGH/ FRONT B терминалите. Излез од менито Притиснете HOME. Забелешки • Поставете „SB Assign“ на „Bi-Amp“ пред да извршите автоматска калибрација. • Ако поставите „SB Assign“ на „Bi-Amp“, нивото на звучникот и поставките за далечина на сараундот на задни звучници и на предни високи звучници станат неважечки и се користат оние на предните звучници. Други операции 85 MK