Views
1 week ago

Sony STR-DN840 - STR-DN840 Istruzioni per l'uso Macedone

Sony STR-DN840 - STR-DN840 Istruzioni per l'uso Macedone

Забелешки •

Забелешки • Кога ќе ја поставите „Control for HDMI“ на „On“, „HDMI Audio Out може автоматски да се промени. •Кога приемникот е во режим на подготвеност, индикаторот ?/1 (вклучено/ подготвено) на предниот панел свети жолто ако „Control for HDMI“ е поставено на „On“. x Pass Through Ви дозволува излез на HDMI сигнали до телевизорот, дури и кога приемникот се наоѓа во режим на подготвеност. • On*: Кога приемникот се наоѓа во режим на подготвеност, тој постојано произведува HDMI сигнали од HDMI TV OUT приклучокот. • Auto: Кога телевизорот е вклучен додека приемникот се наоѓа во режим на подготвеност, приемникот произведува HDMI сигнали од HDMI TV OUT приклучокот на приемникот. Sony ја препорачува оваа поставка ако користите Sony телевизор компатибилен со „BRAVIA“ Sync. Оваа поставка штеди струја во режимот на подготвеност кога ќе се спореди со поставката „On“. • Off: Приемникот не емитува HDMI сигнали кога се наоѓа во режим на подготвеност. Вклучете го ресиверот за да уживате во изворот на поврзаната опрема на телевизорот. Оваа поставка штеди струја во режимот на подготвеност кога ќе се спореди со поставката „On“. * Само за модели од Австралија и Мексико. x HDMI Audio Out Ви овозможува да го поставите емитувањето на HDMI аудио сигнали од опремата за репродуцирање што е поврзана на ресиверот преку поврзување со HDMI. • AMP: HDMI судио сигналите од опремата за репродуцирање излегуваат само до звучниците поврзани на приемникот. Повеќеканалниот звук може да се репродуцира таков каков што е. Забелешка Аудио сигналите не се емитуваат од звучникот на телевизорот кога „HDMI Audio Out“ е поставено на „AMP“. • TV+AMP: Звукот излегува од звучникот на телевизорот и од звучниците поврзани на приемникот. Забелешки • Квалитетот на звукот на опремата за репродуцирање зависи од квалитетот на звукот на телевизорот, како бројот на канали и одмерната фреквенција итн. Ако телевизорот има стерео звучници, звукот кој излегува од приемникот исто така се наоѓа во стерео, како оној на телевизорот, дури и ако репродуцирате повеќеканален извор. • Кога го поврзувате приемникот на видео опрема (проектор итн.), може да не излегува звук од приемникот. Во овој случај, изберете „AMP“. Забелешка Кога е избрано „Auto“, можеби ќе биде потребно малку повеќе време за сликата и звукот да излезат до телевизорот кога еизбрано „On“. 96 MK

x Subwoofer Level Ви овозможува да го поставите нивото на сабвуферот на 0 dB или + 10 dB кога сигналите PCM се внесуваат преку поврзување со HDMI. Можете независно да го поставите нивото за секој влез на кој е назначен приклучок за HDMI. • Auto: Автоматски го поставува нивото на 0dB или +10dB, во зависност од протокот на аудио. • +10dB •0dB x Fast View Ви овозможува да ја поставите операцијата за Fast View. Оваа функција за брзо менување на HDMI ги поддржува сите HDMI влезови. • Auto: Можете побрзо да изберете влез HDMI од нормалниот избор. • Off: Функциите Fast View и preview for HDMI не се достапни. Input Settings menu Можете да ги прилагодите поставките за поврзувања на приемникот и другата опрема. x Input Mode Ви овозможува да го наместите ражимот за аудио влез кога ќе поврзете опрема со приклучоците за дигитално и аналогно аудио. За детали, погледнете „Менување помеѓу дигитално и аналогно аудио (INPUT MODE)“ (страница 84). x Input Edit Ви овозможува да ги поставите следните ставки за секој влез. • Watch: Прикажува влез во менито Watch. • Listen: Прикажува влез во менито Listen. • Watch+Listen: Прикажува влез во менијата Watch и Listen. x Audio Input Assign Ви овозможува да ги поставите приклучоците за влез на аудио што се назначени на секој влез. За детали, погледнете „Користење други приклучоци за аудио влез (Назначување на аудио влез)“ (страница 84). x Name In Ви овозможува да го поставите името прикажано во менито Watch/Listen. Можете да внесете име до осум карактери за внесувањата и да го прикажете. Подобро е да ја именувате опремата отколку приклучоците. 1 Изберете „Name In“, потоа притиснете . 2 Изберете го името на влезот кој сакате да го именувате, потоа притиснете . 3 Притискајте на V/v за да изберете знак, потоа притиснете b. Можете да ја менувате положбата на внесување нанапред и наназад со притискање B/b. 4 Повторете го чекор 3 за да внесете карактер еден по еден, потоа притиснете . Името што го внесовте е регистрирано. Network Settings мени Можете да ги прилагодите поставките за мрежата. Менито Network Settings е достапно само кога Home Network или SEN функцијата е избрана. x Internet Settings Ви дозволува да направите поставки за мрежата. За детали, погледнете „Конфигурација на мрежните поставки на ресиверот“ (страница 37). •Жични поставки •Безжични поставки 97 MK Прилагодување поставки