Views
6 months ago

Sony STR-DN840 - STR-DN840 Istruzioni per l'uso Macedone

Sony STR-DN840 - STR-DN840 Istruzioni per l'uso Macedone

x Information Ви

x Information Ви овозможува да ја проверите мрежната информација за мрежата. 1 Изберете „Information“, потоа притиснете . 2 Изберете го членот на поставката кој сакате да го проверите, потоа притиснете . Моменталната информација за поставката се појавува на ТВ екранот. Можете да ги проверите поставките* за „Physical Connection“, „SSID“, „Security Settings“, „IP Address Setting“, „IP Address“, „Subnet Mask“, „Default Gateway“, „DNS Settings“, „Primary DNS“, „Secondary DNS“ и „MAC Address“. * Членовите за поставување за време на поставувањето се разликуваат во зависност од мрежната средина и типот на поврзување. x PARTY STREAMING Ви дозволува да го поставите приемникот за да ја користите PARTY STREAMING функцијата. 1 Изберете „PARTY STREAMING“, потоа притиснете . 2 Изберете „On“ или „Off“, потоа притиснете . • On: Приемникот може да биде откриен од други уреди на домашната мрежа. Приемникот може да започне или затвори PARTY и може да се придружи на PARTY или да го напушти. • Off: Приемникот може да биде откриен од други уреди на домашната мрежа. Сепак, приемникот не може да започне или да затвори PARTY и не може да се придружи на PARTY или да го напушти. x Device Name Ви дозволува да назначите име на уред на приемникот со најмногу 30 знаци, за да биде полесно препознатлив од другите уреди на домашната мрежа. За да го назначите името на уредот 1 Изберете „Device Name“, потоа притиснете . 2 Притиснете за да го изберете моменталното име на уред. 3 Држете притиснато SHIFT, потоа притиснете го нумеричкото/ текстуалното копче за да го внесете името на уредот. 4 Притиснете . Совет Стандардното име на уредот е „STR-DN840 ******“. „******“ се последните 6 бројки од MACадресата на ресиверот. x Network Standby Додека режимот „Network Standby“ е поставен на „On“, приемникот секогаш може да биде поврзан и контролиран преку мрежата. 1 Изберете „Network Standby“, потоа притиснете . 2 Изберете „Off“ или „On“, потоа притиснете . • On: Мрежната функција работи дури и кога приемникот се наоѓа во режим на подготвеност и продолжува со работа кога е контролиран преку мрежата. • Off: Мрежната функција се исклучува кога приемникот се наоѓа во режим на подготвеност. На приемникот му треба повеќе време за да продолжи со работа откако е повторно вклучен. Забелешка Кога приемникот е во режим на подготвеност, индикаторот ?/1 (вклучено/подготвено) на предниот панел свети жолто ако „Network Standby“ е поставено на „On“. 98 MK

System Settings мени Можете да ги прилагодите поставките на приемникот. x Language Ви овозможува да го изберете јазикот на пораките на екранот. •English •French •German •Spanish x Auto Standby Во дозволува да го поставите приемникот да се префрлува во режим на мирување автоматски кога не го користите или кога не постои влез на сигнали во приемникот. • On: Менува во режим на подготвеност по приближно 20 минути. • Off: Не менува во режим на подготвеност. Забелешки • Оваа функција не работи во следните случаи. – Избран е „FM TUNER“, „AM TUNER“, „USB“, „HOME NETWORK“ или „SEN“ влез. – Се користи AirPlay или PARTY STREAMING функцијата. – Софтверот на приемникот се ажурира. • Ако истовремено користите автоматски режим на подготвеност и бројач за спиење, бројачот за спиење има приоритет. x Network Update Ви дозволува да го ажурирате софтверот на приемникот на последната верзија. За детали, погледнете „Ажурирање на софтверот“ (страница 76). За да ја проверите верзијата на софтверот 1 Изберете „Network Update“, потоа притиснете . 2 Изберете „Version“, потоа притиснете . Верзијата на софтверот се појавува на ТВ екранот. x Update Alert Ви овозможува да поставите дали да ве информира за поновите верзии на софтверот на телевизискиот екран. •On •Off Работење без користење OSD Можете да работите со овој приемник со користење на екранот на панелот, дури и кога телевизорот не е вклучен на приемникот. DISPLAY RETURN O Користење на менито на екранот на панелот AMP MENU V/v/B/b, 1 Притиснете AMP MENU. Менито се прикажува во панелот на екранот на ресиверот. 2 Притиснете V/v повеќе пати за да го изберете менито кое го сакате, потоа притиснете . 3 Притиснете V/v повеќе пати за да го изберете параметарот кој сакате да го прилагодите, потоа притиснете . 4 Притиснете V/v повеќе пати за да ја изберете поставката која ја сакате, потоа притиснете . 99 MK Прилагодување поставки