Преземи - Македонски Телеком

telekom.mk

Преземи - Македонски Телеком

Македонски Tелеком АД - Скопје и Т-Мобиле Македонија АД

Избор на Партнер за иновации за 2013 година

Ве повикуваме на учество во Конкурсот за избор на Партнер за иновации.

Заедно можеме да градиме подобра иднина преку унапреден поврзан живот и работа.

Вие може да дадете свој придонес со Вашата идеја и да создадете лична корист и репутација.

Покажете ги Вашите

способности!

Со нетрпение го очекуваме

Вашето учество.

Станете Партнер за иновации

на Македонски Tелеком и

Т-Мобиле Македонија.

Амбициозните поединци се

исто толку добредојдени, како и

компаниите или институциите.

Пристап и цели на Натпреварот

Сликата за комуникациите во иднина ќе изгледа сосема поинаку, како и ИТ технологијата на којашто тие се базираат.

Натпреварот за избор на Партнер за иновации на Македонски Tелеком и Т-Мобиле Македонија, Ви дава можност да развивате нови идеи

и концепти на полето на:

· Интерактивни медиумски апликации

· Апликации и услуги за е-влада

· Социјални мрежи и мобилност

Кога станува збор за учество, амбициозните поединци се исто толку охрабрени да учествуваат како и компаниите и институциите од

областа на ИТ и медиумската индустрија. Покрај многуте придобивки, имате можност да се стекнете со искуство за имплементација на

голема и платформа и база на корисници.

Натпреварот е отворен и им овозможува на учесниците максимална слобода; да се изнајдат идеи за иновација кои, со помош на

Македонски Tелеком и Т-Мобиле Македонија, ќе се претворат во проекти и ќе се имплементираат за потребите на широкиот пазар.

Преку овој Натпревар, Македонски Tелеком и Т-Мобиле Македонија имаат за цел да промовираат блиска соработка на креативниот

потенцијал со заедницата на експерти.

Во исто време, публицитетот за Натпреварот е наменет за промоција на јавната свест за големината на можностите што произлегуваат од

развојот на комуникациските услуги.

Цел на Натпреварот

Целта на Натпреварот е да се разработат нови идеи и концепти коишто ќе можат да се користат во рамките на: Интерактивни медиумски

апликации; апликации и услуги за е-влада; социјални мрежи и мобилност.

„Поврзани живот и работа“ е глобалното мото на Натпреварот за Партнери за иновации.


Истовремено, фокусот се става врз новите облици на интерактивност и дигитална разонода, како и на комуникациите и услугите коишто ни го

олеснуваат животот. Ќе се смета за предност доколку секое од предложените решенија вклучува мобилна апликација и е приспособено кон

локалните потреби.

Процесот на натпреварување

Предложените проекти во рамките на Натпреварот за Партнер за иновации на Македонски Tелеком и Т-Мобиле Македонија, ќе се избираат по

пат на транспарентна постапка ориентирана кон квалитетот.

Натпреварувачки фази

Во секоја категорија ќе се одвиваат по две натпреварувачки фази.

Во првата фаза од Натпреварот (прелиминарната фаза), учесниците мора да ги опишат новите идеи детално и во значајни концепциски насоки

и да ги достават до innovationpartner@telekom.mk, најдоцна до 15 февруари 2013 година. Најдоцна до 1 март 2013, Македонски Tелеком и

Т-Мобиле Македонија јавно ќе ја објават селекцијата од прелиминарната фаза.

Документите мора да бидат во состојба за обработка и да се достават на македонски и англиски јазик во А4 формат. Документите нема да се

враќаат.

Доставените документи мора да ја следат содржинска структура појаснета подолу.

Потребни информации:

· Краток опис на концептот

· Именувано контакт лице за проектот, а по потреба и заменик лице за контакт Кратка лична презентација или презентација на компанијата

(способности, референции и, по потреба, област на дејствување, број на вработени, продажни цифри, облик на друштвото, итн.)

· Предностите на концептот (причините зошто да се имплементира, дополнителни информации што го поткрепуваат, основата на предложеното

решение, потекло на решението и видови на компетенции што се неопходни, знаења и ресурси врз коишто е засновано)

· Детален опис на концептот (бизнис идеја, случаи на употреба, бизнис модел, остварливост, итн.)

· Предности за корисниците (каква вредност ќе создаде за корисниците)

· Предности за бизнисот и предлог бизнис модел за партнерска соработка со Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија, доколку проектот е

избран за заемен развој и имплементација

· Првични пробни снимки, слики, основни поими што се корисни за опишување на концептот.

Дополнителни информации

Дополнително, сите учесници можат да достават документи со кои ќе се опише и објасни нивниот концепт (најмногу 20 страници во А4 формат).

Овие документи исто така се праќаат на специјално креираната адреса innovationpartner@telekom.mk. По истекување на рокот за пријавување

во прелиминарната фаза, сите пријави ќе ги разгледува и оценува панел од експерти од Македонски Tелеком и Т-Мобиле Македонија.

Највпечатливите концепти ќе се изберат да учествуваат во втората фаза од Натпреварот (финалната фаза). Изборот ќе се направи врз основа на

целите на Натпреварот и критериумите наведени подолу. Начинот на оценување ќе биде дефиниран од страна на компанискиот панел експерти.

За финалисти ќе се изберат вкупно три проекти коишто ќе учествуваат во финалната фаза за подготовка на имплементацијата на проектот.

Тројцата финалисти треба да направат визуелизација и презентација на нивните концепти како дел од финалето. Натпреварувачите можат да

користат медиум по сопствен избор (на пр. видео, PowerPoint, слики, Flash, итн.).

Избраните финалисти прифаќаати се согласуваат да учествуваат во сите неопходни обуки и дискусии за проектот. Финалистите ќе бидат

известени за датумите во разумен рок. Како дел од финалната фаза, финалистите од двете категории мора да ги презентираат своите наоди

пред експертската жири комисија. Финалистите преземаат обврска дека ќе учествуваат во презентациите.

Временска рамка

12 декември 2012 година: Почеток на Натпреварот за Партнер за иновации

15 февруари 2013 година: Поднесување на проектите за прелиминарната фаза

1 март 2013 година: Јавна објава на избраните проекти од прелиминарната фаза

12 април 2013 година: Јавна објава на финалните проекти одбрани за имплементација

Услови за учество

Квалификуваност: Се канат физички лица со наполнети 18 години, трговски друштва и институции кои ја делат нашата страст за претставените

фокуси и уживаат во разработката и имплементацијата на иновативни идеи и креативни концепти.


Краен рок за пријавите: Учесниците треба да го поднесат својот концепт најдоцна до 15 февруари 2013 година на адресата innovationpartner@

telekom.mk. Документите мора да се комплетни и да стигнат до Македонски Tелеком и Т-Мобиле Македонија во состојба во која ќе можат да

бидат обработени најдоцна до 15 февруари 2013 година. Ќе се потврди приемот на документите.

Одговорно лице: Секоја компанија или институција учесник мора да именува овластено лице кое ќе биде одговорно за пријава, како и заменик

овластено лице за контакт (физички лица).

Исклучоци: Вработените во Македонски Tелеком и компаниите поврзани со Македонски Tелеком и Т-Мобиле Македонија не смеат, заради

причини на еднаквост на можностите, да се пријавуваат на Натпреварот за Партнер за иновации.

Надомест на трошоци: Сите трошоци направени во врска со поднесувањето на пријавата или Натпреварот ќе ги поднесат самите

натпреварувачи и тие немаат право на враќање на средствата од Македонски Tелеком и Т-Мобиле Македонија.

Критериуми за евалуација

При оценувањето и селекцијата на идеи и концепти, фокусот во првата фаза ќе биде врз следниве критериуми за оценување:

· Креативност на идејата и концептот

· Облик и квалитет на презентацијата

· Севкупен впечаток и изводливост

· Свесност за проблемите (идентификација на недостатоците на производот/идентификација каде може да постои потреба од иновативно

решение)

· Оригиналност во насока на креирање нешто ново

· Флексибилност (развој на нови стратегии за решавање на проблеми)

· Изработка (приспособување на идејата кон реалноста)

· Концепциско ниво

· Техничко решение и имплементација

· Употребливост

· Придобивки за корисникот

· Придобивки за бизнисот и креирањето на вредност

· Предложениот бизнис модел за соработка со Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија

Жири комисија

Комисијата се состои од експерти во различни области и од сите релевантни области во Македонски Tелеком и Т-Мобиле Македонија. Со тоа се

гарантира објективно и компетентно оценување на поднесените пријави и идеи. Во секоја фаза, процесот на селекција ќе се одвива врз основа

на објективни аргументи.

Реализација на избраниот проект

Намерата е да се спроведе победничкиот проект или проектната идеја со платформата и инвестиција од Македонски Tелеком и Т-Мобиле

Македонија , во целост или парцијално, за оние делови за кои ќе се процени дека ќе водат до комерцијален успех. По потреба, победникот

се согласува неговата развојна работа да подлежи на детални пазарни, концепциски и/или производни тестови до оној степен до којшто

Македонски Tелеком и Т-Мобиле Македонија ќе смета дека е соодветно.

Иноваторите, како физичките лица, така и компаниите, можат да ползуваат најразлични придобивки: внимание на експертите, презентација

пред високо компетентна жири комисија, и, доколку сè е во ред, преку можноста вашиот проект да биде избран за имплементација, што може да

доведе до вкупна инвестиција од 100 000 евра за изработката на одбраните проекти, користењето на напредните платформи и големата база на

корисници, како и склучување партнерство со Македонски Tелеком и Т-Мобиле Македонија според соодветен модел, по избор на иноваторот

(стратешко партнерство, заеднички потфат, преземање, поделба на приходи итн.). Ова е огромна шанса да се искористи спојот помеѓу

глобалното присуство, напредните и созреани платформи, огромниот број корисници со динамиката и креативноста на средината.

Резерви од Македонски Tелеком и Т-Мобиле Македонија

Секој давање, активност или поддршка од Македонски Tелеком и Т-Мобиле Македонија во врска со Натпреварот подлежи на законските

одредби, особено одредбите од регулаторна и конкурентна природа и може да подлежи на одобрение од јавни органи. Македонски Tелеком и

Т-Мобиле Македонија исто така го задржува правото да го ограничи или да се откаже од Натпреварот доколку смета дека целите на Натпреварот

или не можат да се постигнат или можат да се постигнат несоодветно. Дури и во ваков случај, учесниците нема да имаат право на враќање на

трошоците што ги поднеле во врска со нивното учество.


Права на интелектуална сопственост, права на користење

Македонски Tелеком и Т-Мобиле Македонија ги задржуваат сите права на информациите доставени до учесниците во Натпреварот,

вклучително и правото да поднесуваат барања за заштита на правата на интелектуална сопственост (права на патенти, инвенции и трговска

марка). Правата на интелектуална сопственост на учесниците се однесуваат единствено во рамките на иницијално поднесените материјали во

рамките на Натпреварот.

Каква било дополнителна промена на идеите, концептите, материјалите, во којашто е вклучена активност од страна на Македонски Телеком

и Т-Мобиле Македонија и/или вработените/претставниците на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија ќе конституираат права на

интелектуална сопственост за Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија .

Доколку е применливо, учесниците се согласуваат нивните идеи и проектни резултати да подлежат на концепциски тест што ќе опфаќа пробна

целна група или компаративни тестови.

Учесниците коишто стигнале до финалето ќе имаат можност да постигнат договор за партнерство со Македонски Tелеком и Т-Мобиле

Македонија, регулирајќи ги во детали правата на интелектуална сопственост.

Доколку Македонски Tелеком и Т-Мобиле Македонија се заинтересирани за тоа, деталите ќе се договорат со условите од договорот за

партнерска соработка, помеѓу учесникот и Македонски Телеком / Т-Мобиле Македонија.

Учесниците во своите документи со поднесокот ќе наведат дали тој ги засегнува правата на учесникот или на трети лица, и тоа совесно и

разумно.

Правата на користење на наодите од пазарните, концепциските и/или производните тестови и компаративните наоди до коишто ќе дојде

Македонски Tелеком и Т-Мобиле Македонија во рамките на Натпреварот при анализата на пријавите со сопствени дејствија ќе му припаѓаат

само на Македонски Tелеком и Т-Мобиле Македонија и на засегнатиот учесник.

Заштита на податоците

Податоците на учесниците во Натпреварот се чуваат во текот на времетраењето на Натпреварот. Сите учесници се согласни да се користат овие

податоци за целите на проектот во согласност со релевантните прописи за заштита на податоци.

Доверливост и одговорност

Сите информации што учесниците ќе ги примат од Македонски Tелеком и Т-Мобиле Македонија во врска со Натпреварот се исклучиво за

употреба во Натпреварот. Не се прифаќа одговорност за точноста или целосноста на дадените информации.

Учесниците ги третираат сите примени информации од Македонски Tелеком и Т-Мобиле Македонија како доверливи. Нема да ги ставаат на

располагање на трети лица и ќе ги користат само за цели на Натпреварот. Трети лица се сите лица кои не земаат учество во засегнатата пријава.

Обврската за доверливост завршува пет години по завршувањето на Натпреварот. Деталите ќе се утврдат во договор за доверливост што мора да

го потпишат сите учесници.

Освен тоа, учесниците кои стигнале до финалето се согласни да ги третираат како доверливи нивните идеи и проектни резултати до крајот на

Натпреварот, да ги употребуваат само за целите на Натпреварот и да ги откриваат само на оние вработени кои треба да ги знаат за целите на

овој Натпревар. Учесниците во Натпреварот гарантираат дека сите вработени кои се сметаат за овластени лица ќе ја одржуваат доверливоста на

идеите и проектните резултати или делумните резултати за целото времетраење на Натпреварот.

За сите соопштенија за медиумите, јавните објави и рекламните кампањи или работата за односи со јавноста што ја наложува или извршува

учесникот во врска со овие Услови или Натпреварот е потребно претходно одобрение од Македонски Tелеком и Т-Мобиле Македонија.

Учесниците се согласуваат да бидат именувани и според Натпреварот за Партнер за иновации по завршувањето на Натпреварот и при описот на

нивната проектна идеја како дел од Натпреварот и мерките за комуникација што ќе ги преземат Македонски Tелеком и Т-Мобиле Македонија.

Измена и дополнување на договорните услови

Македонски Tелеком и Т-Мобиле Македонија го задржува правото да изврши разумни измени и дополнувања на договорните услови.

Писмена форма

Не се склучуваат дополнителни усни договори. Измените и дополнувањата на овие договорни услови важат само доколку се изработат во

писмена форма. Ова се однесува и ако условот за писмена форма се откаже.


Клаузула за неприменливост

Доколку, спротивно на очекувањата, се покаже дека една или повеќе одредби од овие договорни услови се неважечки, целосно или делумно,

неспроведливи или ќе ја загубат својата важност или спроведливост на подоцнежен датум, тоа нема да влијае врз важноста на останатите

одредби. Во овој случај, се смета за договорено дека неважечката или неспроведливата одредба ќе се замени со одредба која ќе биде

најблиска до смислата и духот и целта на оригиналната одредба ,доколку тоа е правно можно.

Меродавно право и судска надлежност

Овие договорни услови подлежат на македонското право. Сите спорови што ќе се јават од овој договор ќе ги решава надлежниот суд во Скопје,

Македонија.

Правен лек по одлуките за селекција

Со самото поднесување на нивните пријави, учесниците немаат законско право на награда. Одлуките од панелот и експертското жири на

Македонски Tелеком и Т-Мобиле Македонија се конечни. Се исклучува судска жалба по однос на нив.

Обврзувачка природа

Со поднесувањето на нивните документи, учесниците се согласуваат на условите за учество, кои се дел од нивната пријава.

More magazines by this user
Similar magazines