ПАТ 41-42
You also want an ePaper? Increase the reach of your titles
YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.
во својата божествена убавина: таму каде што Бог се

открива во создавањето и во спасението. Како јас самиот

можам да живеам според ова? Како можам да ги убедувам

останатите?

Ги продолжувам вчерашните забелешки за

гордоста, за егоцентричноста, како извор на гревот, како

содржина на гревот, и за нејзината деструктивност и

смртоносна сила. Денес размислував за поврзаноста на

гревот, телото и похотата. Похота е во суштина истото она

барање на своето, истата гордост, која го насочува телото

кон себе самото, кон сопствена афирмација и задоволство.

Така, вистинското смирение е невозможно без победа

над телото и на крај се состои во одуховување на телото.

Но, борбата со телото може мошне лесно да се претвори

во гордост и во извор на гордост, ако не е втемелена во

барање на смирението и во стремеж кон него. Аскетизмот

може да биде задоволство само по себе, а не задоволство

во Бога. Знаците се јасни. Светлиот аскетизам е радосен,

едноставен и полн со доверба. Лажниот аскетизам, без

исклучок, живее во омраза кон телото, кон светот и кон

животот: се храни со презир, учествува во ѓаволското

богохулење кон созданието. За таквиот аскет, гревот (со

искушение и опасност) лежи во сè. А победата над телото

никогаш не станува аверзија, и секогаш води кон „чисто

око“. „Но, ако твоето око е расипано, тогаш целото твое тело

ќе биде темно“ (Мат. 6, 23).

ОТЕЦ АЛЕКСАНДАР ШМЕМАН

12