02.01.2018 Views

Лулзим ХАЗИРИ - КОГА ЉУБОВТА СЕ ТРОШИ КАКО КРЕДА

• No tags were found...

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

1

2

3

4

Издавачка куќа Готен

Пролет 25, Скопје

contact@gotenpublishing.com

www.gotenpublishing.com

За издавачот: Билјана Ставрова Алаѓозовска

Уредник: Владимир Јанковски

Превод од албански јазик: Линдита Ахмети

Лектура: Дејан Василевски

Графичко уредување и дизајн: Таби Азири

Печати: Арт и арт студиот Батев, Визбегово, Скопје

Тираж: 500 примероци

Ова издание финансиски го поддржа

Министерството за култура на Република Македонија

Лулзим ХАЗИРИ

5

КОГА ЉУБОВТА СЕ ТРОШИ КАКО КРЕДА

Поезија

2017

6

7

8

ОСАМЕНА РИБА ВО АКВАРИУМ

9

10

[ПРОЛОГ]

од билјето отаде стаклото кога ги гледа

издолжените лица со потечени очи

кои со потсмев ја следат

се прашува себеси

кој ли ја донел во овој аквариум

или бегајќи од златната јадица

самата си влегла

толку време поминало

што веќе и не помни

11

[ОВА СЕ ВИКА САМОТИЈА]

скиташ по улици за да начекаш човек

одеднаш се гледаш како си беседиш со прозорец со лисја со сонце

со наведната глава како клатно се враќаш низ добро изгазена патека

со ногавици влажни од утринската роса

кога разбудениот свет го пие кафето сонливо

со рацете в џеб го стегаш клучот

’рѓосан од потта

кој не отвора ниедна врата

клучалките ушите устите фатиле мов

време е кога вратите се отвораат со ѕвоно

12

[САМОТИЈА Е ОВА, А НЕ ГРДОТИЈА]

го снима сопствениот глас на магнетофон

додека создава песна или расказ

полемизира

разговара со облачето на кафето

со догорчињата во пепелникот

со жен(ск)ата додека води љубов пастувска

го примамува лентата

не се плаши зашто не е сам во собата

13

[И ОВА Е САМОТИЈА]

скиташ по улици за да начекаш човек

одеднаш се гледаш како си беседиш со прозорец со лисја со сонце

со наведната глава како клатно се враќаш низ добро изгазена патека

со ногавици влажни од утринската роса

кога разбудениот свет го пие кафето сонливо

со рацете в џеб го стегаш клучот

’рѓосан од потта

кој не отвора ниедна врата

клучалките ушите устите фатиле мов

време е кога вратите се отвораат со ѕвоно

14

[ОВА НЕМА ДРУГО ИМЕ ОСВЕН САМОТИЈА]

куќната врата ја остава отворена

со чекањето обесено како куќен број на порта

како палто на клин

чека писмо покана некаква тужба

има толку да каже не знае кому што

јазикот му е зачнат од сокот на зборовите

пајаците му ги заробиле прстите врз машината

прозорците му ги заковале со шајки

15

[САМОТИЈА Е ОВА НЕ Е ТВОРБА]

на работната маса изгризена од црви

седнува да запише една болка едно сведоштво

буквите му се редат како црни мравки

листот му го јадат како парче торта

им фрла одново и одново листови

16

ТАА НЕМА СОН

Во поларните ноќи

во исчекувачка тегоба

без зора и самрак

сон не ѝ доаѓа

преобразена веќе

во светликава аврора

над расфрлени надежи

по одајата

како истурена чанта кога клучеви бараш

Над спомените недопирливи

се чувствува летна вечер

сонлива од глас на штурец

крие сон на заборав

како светулка на дланка

не сфаќајќи

како го дофати каде му одлета.

Сонот му летна над клепките

како шареникава птица

во кафез златен

опколен остана

од тие светулки

на натопувани

желби

како абажур

кога ноќта

отаде ѕидовите нејзини

нема веќе ни почеток

ни крај...

и за чудо

Ни да се жали

ни глас да пушти

...нема сон!

17

18

ЅИДОТ НА ПОТПОРАТА

Стегни ми ја раката кога сум опиен

И кога мислам на Вавилонската кула

Кога сум неизмиен и искрен

И се качувам по ледени скали на небото

Каде што на еден ист кревет спијат

Надмениот што ’рчи на сон

И Циникот чие око сон не фаќа

Ако паднам не ме кревај

Откако помнам

Ова е моја цел

Не оставај проклетата рака отаде маглата

Да ме гаѓа со двоумење како утнатата песна

Којашто уште од синоќа спие во кошница

Кога сум измиен трезен и лажго

Кога бос ја чувствувам утринската роса

Од истутканата хартија правам песна

И Тебе мила

Ако те оставам со измет од гулаби

Кога сум љубоморен и ми чади главата

Врати се босонога

Со утринска роса меѓу прстите

За да ми ги навлажниш сувите усни од опој

Верувај ми дека ќе те сметам за поезија.

19

20

МОНОЛОГОТ НА СТАРАТА МОМА

голем товар Ѕверка в куќa

за мојот помалку свиткан грб

да живееш во Нејзината пештера

таму каде што креветот се стеснува од страсти

наспроти мојата убава Ѕверка што ја оставив на спиење

потоа...

како да го запишам чувството

да ми се одмори една нежна рака на слабината

да ги видам зборовите како меурчиња на шампањ

кои излегуваат од уста и не врескаат

потоа...

почнувам да го цртам

патот што води до едно космичко срце

за на крајот како сликарот со коси очиња

да ги освежам нозете низ тој оросен пат

да се изгубам во друга сфера

21

потоа...

изморена сум

од зборовите

чекањето

момците

резето од вратата в рака ми остана

ова чекање тежок товар

луѓето ги гледам преку ретровизор

сета сум станала ерогена зона

потоа...

се затворам во сивата соба

која ми ги чува со прашина допирите

се нишкам треперам и се губам

и плачам со музика

една експлозија ме претворува во честичка

уште една

потоа уште една

уште една

потоа...

22

УТРИНСКА ПЕСНА

Сит од ноктурна напишани среде бел ден

Осамнав со првите зраци

Заедно со првите петли фалбаџии

Ги вперив очите кон влажниот прозорец

Фосфоресцентната боја ги ширеше рацете

Далеку далеку дури до бескрајот

Семафорите ми намигнуваа

Колите брзаа како обезглавени

Минувачите едвај ги држеа откинатите глави

Со рацете пребаруваа низ џебовите полни со илузии

Од рабовите на џебовите им никнеа весници

Ефикасниот лек за комуникација

Во овој век на еклипси

Кога ноктурната се пишуваат среде бел ден

Сонцето обесено на зенитот

Го означуваше пазарниот ден

Кога со црни очила на носот

Петлите ќе ги барам

23

24

РАЃАЊЕ НА ПЕСНАТА

Осамените се како нула

Се собираат

Се одземаат

Никогаш Еден

Никогаш Два

Или Три

Нулата ги следи

А нула не се

Осамените времето не го јадат

Без мезе

Пишуваат писма

И никогаш не ги праќаат

Самотијата не удира печат на хартија

Те тера да се обесиш на јамка од стихови

И како изгребана плоча ти повторува

Песната се раѓа во самотија

Песната се раѓа во самотија

Песната се раѓа во самотија

25

26

НА БАРИКАДИТЕ

27

28

ЛИСТ ОД ЧАЈ ДРЖАМ В УСТА

доаѓаш од далечни егзотични краишта

црн во дрвени сандачиња

made in Третиот свет

како окован роб кој го чека купувачот

во новите колонии одамна откриени

те купуваме во лимена кутија

и не му ја мислиме како те береле

дали растеш на дрво како јаболко

или од земја никнуваш како билка

не се грижиме како чекорат берачите

кога смртта ги следи како агент

за нас едноставно ти растеш во кутија

те разменуваме за два метра синтетика

за еден сандак куршуми и две пушки

за чуварот на плантажата да ги варди берачите однатре жицата

и сонот на газдата под палмата

29

доаѓаш да нè обединиш во пет часот

(или седумнаесет како што велат на ТВ)

се собираме околу чајникот

кој подобро од штурецот песна си пее

се шеташ низ нашите ставени заби

заедно со зборовите што црв ги изеде

Јазикот ни го дебелееш за два прста

што не можеме ниту да ја свирнеме

мелодијата на победничката песна

„Лист од чај држам в уста“

која е хит на радио

од убавите кутии од чајот

правиме колекција

дури и ги креваме во поп-арт

таму далеку на децата на берачите

ако им паднат в раце

ги чуваат како музички кутии

30

НОВО ИСО ИЛИ ROCK AND ROLL

Кога со златна јадица од дното на стомакот

Го намачија до бескрај

Одлучи да се качи по скали на подиум

Да зборува со нов јазик

Којшто го знаеја сите во самотија

Јазикот на оние кои со врв на чевел

Пишуваа хиероглифи на црниот асфалт

Кога ја чекаа случката што никогаш не се случуваше

Зема дозвола под неонските светилки

Ги пушти косите на вербата до петици

Со црните очила им ја скрати светлоста на ласкањата

И како митски еретик со гитара в раце

Од јазикот тенок како жица бликаше пламен

А рефлекторот како ореол му стоеше над главата

31

Испружената рака му стигаше до крајот на салата

(се поздравуваше со сите одеднаш)

Гласот му се слушаше и отаде ѕидовите

Кои беа планирани да се уриваат

Нивните очи ја имаа бојата на неговите очи

Нивниот глас ја имаше бојата на неговиот глас

Му го држеа новото исо без прекин

Кога од дното на стомакот ќе викнеше

„Ова не е љубовна песна

Ова не е љубовна песна

Исо - Едноличен глас кој се издолжува без да се менува и што ги придружува и поддржува

главните гласови во полифонична песна или мелодија на јужна Албанија (Заб. на прев.).

32

НА БАРИКАДИТЕ

Нè остави

На барикадите

Со несоницата на Макондовците

Соништата потпрени едни врз други како река

Суетата на функцијата го отежна

Копнееше по сон на јагне

Покриен со ќебе на вината

Со монистата на жена му како бројници в рака

На барикадите поштата стигнува со доцнење

Пијалаците не се сервираат со соодветни кристални чаши

Нема илустриран печат ниту еспресо

Вестите смрдат на цензура

Како воен репортер на ТВ

Нè остави со болеста на чекањето на барикадите

Имаше лесна романтична душа

Врзуваше свилени вратоврски околу вратот

Страста за жената-нимфоманка го покри

Го повикуваше креветот го гореше нејзиното тело

Благородна беше нема збор

Верна со зборови

Нè остави сонливи и изгубени

За мирисот на утринското кафе

33

На барикадите нема фестивал

Таму се лизга над засирена крв

Куќата ја гледаш фатаморгана

Копнежот за децата го чуваш в џеб во паричник

А смртта ти спие под шлемот

Нè остави

Поцрнети в лице од чадот на надежта

Што гореше како камионска гума на патот

Посакуваше на море да добие бакарна боја

Без да се вцрвени и без да се сонча по реки однапред

Со затворени очи сонуваше кашмирски сништа

Дека беше болен и неколкупати опериран

Мајсторски трансплантирано дрво

На глава на ној имаше очи на овца

Срце зајачко си имаше

Опашка на гуштер имаше

Токму митолошка грдотија

34

КОЈ ЗБОРУВА ТАМУ

се мери со утринската сенка

неизмиениот

гордоста му виси

како цигарата на усната на хемфри богарт

кога сите се собираат на плоштад

да ги провираат прстите со гнев кон небото

колку што крв да им тече

тој ги собира другарите на веселба

им соли памет со лиценца

насекаде случајно го наоѓаш

како гурелавиот син ангел

прво со многу одек му пристигнува фирмата

потоа тој заедно со дванаесетмина зад себе

оној ден кога со цигара в уста ме поздравува

грбот ѝ го вртам на жена ми в кревет

во златната доба на Чичко кој им ласкаше

многу знамиња држеа в раце

повеќе за инает на Татко

што му се згрутчуваше крвта за една птица

35

во крвавите априли со синовите на Чичко

со зелени алишта одеа на лов

кога се одмораа под даб

јадеа месо од теле што уште цицало

со лисја ја бришеа крвта од чизмите

денес

по кафеани го викаат

на чело место му прават

го честат

да им зборува со огнен јазик

на таа маса за мене нема место

за мојата чаша и јазик леден

кристал

со шарениот филџан в рака

им кажува што јаделе синоќа

утрешнината не знаe да им ја чита

ниту во нежните им дланки

36

БИСТИ

Скулпторите не се оптоваруваат со верноста на линиите

а бронзените луѓе се сепак убавци

над нивните глави лисјата се вознемирени

и изѕемнатите љубовници под дрвјата во паркот

се вознемирени од нивната бронзена тишина

На сцената се крева завесата

кога ги влечат овие убавци со трактор

се крши тогаш нивниот метален поглед

и ги преплавува улиците плоштадите

со предавства лаги заговори омрази

Многу привлечни се занемарените бисти

кога некој измет на гулаб или чавка

им го валка правилниот нос

моите бисти комуналното не ги заштитува

и така ја повредува мојата гордост со шамија во рацете

а низ патеките во паркот еден дедо замавнува

„Тој крадец ми ги дрпна двете крави“

37

38

МАЧКИТЕ НА АЛЕП

Мачките на Алеп оглувеа една по една

И оглувуваат секој ден одново и одново

Од експлозиите кои ги наоѓаат во брлозите

Додека сонуваат многубројни топки од волна

Расфрлени на килимот со китки

Секогаш кога оглувуваа

Им бегаа домашните со бовча на рамото

Им остануваше само душкањето

И очите кои не сакаа да го видат брлогот

И патиштата кон фрлените празни конзерви

На војниците кои зборуваа јазици што не ги разбираа

Како што не ги разбираа ниту јазиците во конзервите

Арапски, руски, англиски, повторно арапски...

Алеп, оваа урнатина на конзерви и куршуми

Урнатина на живи јазици на мртви луѓе

39

Мачките на Алеп не дека не знаат да зборуваат

Да бараат леб, да бараат да бидат косовски мачки

Но тие оглувеле

Не го слушаат ниту сопствениот пискот

А не, пак, да слушаат

Странци

Што влегуваат и излегуваат со бес тука

Им останува да скитаат над урнатини како сенки

Да чекорат низ сенките на Алеп од УНЕСКО

По шадрваните што не се шадрвани

Низ плоштадите што веќе не се плоштади

Ниту улиците што не се веќе улици

Ни џамиите што не се веќе џамии

Муезините побегнале оглувени

Не го слушаат веќе ни нивниот глас

Или ги оглуви вревата

Таа врева што им ги разурна брлозите

40

Се слушаат само шепоти, разговори, песни и пцости

На сите јазици на светот

Како во Кулата вавилонска

Јазици кои ги оглушија мачките на Алеп

Им остана само инстинктот за опстанок

И за наоѓање на некој брлог за малку сон

Кога ноќта се простира и ги покрива како ѕвездено небо

Небо на кое му го нарушуваат редот нешта што изгледаат како ѕвезди

А се сателити, воени авиони или светулки од спомени

Мачките на Алеп можат да изгледаат и како деца

Се случува да се разбудат и на некој столб

Што некогаш бил да кажеме археолошки музеј

Оттаму се појавува приквечерината на Алеп

Сепија пепел и усмртена надеж

Пискот што светот не го слуша

Се будат среќни зашто повторно слушаат

Убедени дека нивното мјаукање ќе го чујат војниците

Оџите, хуманитарците, лекарите и магнатите...

Ова им трае колку еден сон на пеперуга

Колку мигот што носи парче од граната во нивниот дом

Мачките на Алеп оглувуваат една по една

Некои од детонации

Другите од молк...

41

42

ТАТКОВЦИ И СИНОВИ

(Монолог на татковците)

личат по малку на нас

тие ни се огледало со кое уживаме

се гледаме себеси како старееме пополека

кога почнуваат да зборуваат наопаку

одеднаш земјата под нозе ни се тресе

многу рано си ги поткусуваат сништата

не помнат зборови од песни

затоа пишуваат по фасади со спреј

не прават уметност на платно

сиот гнев го истураат на ѕид

колку се нечувствителни

немаат жичка ниту за романтика

спијат како мечки до пладне

го немаат видено сонцето како се раѓа

нивната музика има некои чешит звуци

и со Ирците се разбираат

не им е доволна само една жица

малку им се и дванаесет

43

на знамето што се вее

не се залетуваат како нас

како разулавени бикови в арена

кога еден ден ќе умреме

горди ќе ни дојдат зад погребната поворка

солза не пуштаат ниту за љубов

си ја имаат сопствената филозофија не е важно

кога ќе тргнат

по патот по кој се вративме ние

в џеб не ги држат лицата на љубените

и кога ги облекуваат нашите стари палта

им стојат шик

зашто си следат мода како ќе ми текне

сомнежот им стои на чело како знак на каин

на зборовите на нашите прсти не им веруваат

ни велат патните знаци ни ги заплеткавте

сето семе им го излеваат на жените на стомак

не сакаат ниту една капка да им капне на земја

44

НЕ МЕ ОСТАВААТ ДА ГО БАКНАМ СОМНЕЖОТ В ЧЕЛО

I

Кога ноќта седнува крснозе

И кога светилките очи отвораат

Го фрлам палтото на разочарувањето

Врз смрзнатите рамена

Самотијата ја земам за рака

Ја изнесувам на шетање

Со другарите се поздравувам ладно без зборови, со поглед

Патиштата се отвораат пред мене

Ми се множат убедувањата и видиците

Трепките ги треперам

Пепелот на здодевноста да не ми влезе в очи

Со солената љубомора одбирам бајати муабети

Се смеам со зорт, ги покажувам забите на иронијата

Туѓ сум си, осамен како циник

45

II

Ми рекоа ќе јадам со златна лажица

Ветувачите треба да ги потсетиме на ветувањата

Дали треба да им ги вадиме очите како на војниците на Самоил

Или сами да си ги вадат како Едип

Казната поштарот ја доставил на погрешна адреса

Подобро да го збришам паметењето

Да ставам овчи очи

Кашата да ја јадам со дрвена лажица

Очите ме мамат

Устата ги греши зборовите

Или се преправам

Не ме оставаат да го бакнам сомнежот в чело

46

III

Градот е физички работник што спие со немиени очи

Да го оставиме да спие изморен со прашина в лице

Тротоарите нека ги чуваат бакнежите свежи цела ноќ

Лентата на ноќта треба да ја оставиме да снима до утрината

И да ги слушнеме тогаш соништата со дигнати уши

Пијаните разговори со вкус на дрска грижа

Пиејќи го утринското кафе

Да се сомневаме во искреноста на воздишките

Сонливото зборување да нè тера да мислиме и да се сомневаме

Уличните чистачи нека ја бришат лентата в зори

Има лезет да го гледаш градот со немиени очи

Тогаш со мамурлакот на зората станувам едно со него

Растам, станувам голем колку зградата

Што од вчерашната болка главата ја врзала со крпа

Улиците треба да се мијат кога луѓето одат на работа

Сонцето да се рефлектира од црното огледало

В очи да ми влезе

Измореното тело да ми го осветли

47

IV

Станувам осветлена соба полна со мебел

Стар колку мислата скап

48

V

Добар е денот кога се будам на перница од коси

Добар е денот кога се будам напладне

Добар е денот кога не купувам весник

Добар е денот кога пијам кафе еспресо

Добар е денот кога не го мијам лицето наутро

Добар е денот кога имам на која да ѝ шепотам на уво

Добар е денот кога оставам трага на неистопен снег

Добар е денот кога нема што да очекувам

Добар е денот кога имам што да кажувам и не го кажувам

Добар денот е кога ја наоѓам гротеската во природа

Добар е денот кога нема со кого да се шегувам

Добар е денот кога ја одбегнувам редицата за утрешниот ден

Добар е денот кога не ми даваат ниту една пофалба

Добар е денот кога мирен ја набљудуваш росата на пајажина

Добар е денот кога ниту една сенка не ме следи

Добар е денот кога пишувам некое ноктурно и потоа легнувам да

спијам

Добар е денот кога го гледам градот со очи на безделник

Добар е денот кога на грдото и се насмевнуваш пред очи

Добар е денот кога уживам со себеси легнат

Добар е денот кога се будам гол

Од телото и срамот

Гол како Надежта

49

VI

Не ме држи овој град таков каков што сум намуртен рамнодушен

Кога одам по пат и доаѓам под светилка таа се исклучува

На Попова Шапка кога се качувам да го гледам Градот тој исчезнува

Да бегам оттука од ова асфалт црно небо

Каде што попрво ќе најдеш некоја илузија отколку изгубена паричка

Да ѝ се вратам на природата и да одам во планина

Да не си го земам со себе урбаното секојдневие

Вртоглавото циклично повторување на вревливите зборови

Да видам како цветат цвеќињата лисјата како жолтеат

Дали се кае пред да падне на земја солза дали пушта

(што убаво звучи оваа измама)

Или пак да се затворам во собите на уметноста лавиринт

Со наострен молив да правам калиграфија

Сонливите очи да станат побогати за еден ден

50

VII

Од мигот кога Армстронг се качи на месечината

Тогаш кога на ТВ ги видов нејзините дупки

Кои ми се видоа како пустина од книгата по историја

Во песните не го користев повеќе зборот месечина

Којашто ми беше синоним за убавото што блеска

Зборот ја изгуби убавината која ми спиеше во тетратка

Кога гледав преку стариот прозорец

51

52

ХАМБУРГ ‘

53

54

[ГУБИТНИЦИТЕ]

песочна земја е оваа земја

зградите нови цели од стакло

железни погледите на луѓето

како на неонацистичките плакати

преполни сомнеж

кон утрешнината што им ја нудат

кон славата на губитниците кои не ги забораваат

кон тие на кои копнежот им плива во очите

песокот што им се одлева од нозе како клепсидра

затоа цел ден простираат железни мрежи

да ѝ направат место на сопствената им солза

55

[СЕНТ ПАУЛИ]

импотенцијата на моралот дали се лекува

по станови полни со абажури

кои мирисаат на инцест

ќерката му ги покажува на татко си нежните гради

мајките-воајерки ги гледаат синовите како мастурбираат

Сент Паули го засмрдува целиот свет

оваа порнографска мека на фрустрираните

канализацијата се затнува од менструации

си стојат проститутките како покиснати кокошки

во една условена хармонија

на работа се вистински мајсторки

и на –10 Целзиусови степени тие се во гаќи

се покажуваат посветени на работата

се сметаат достојни на нивните поворки

да се поберат сите цвеќиња на Хамбург

заработуваат со одбивност трошат со надеж

во Сент Паули цените не се високи

со насмевка можеш и да се пазариш

ќе ти биде поевтино отколку во Амстердам

кога плаќаат се толку збунети

што лажните воздишки не им пречат

доволно е што кокошките на Сент Паули јајца не несат

си влегуваат со замижени очи на една врата

за макроата да не го видат Ад

само кога излегуваат ги гледаш облечени како Турци

Индуси Албанци Виетнамци Ерменци Занзибарци

Јапонци со фотоапарат на вратот...

56

[МЕТРО]

колку пари имаш в џеб

дали ќе ѝ го украдеш паричникот на мајка ти

колку пари имаш в џеб

дали можеш пак да фатиш пат за Индија

колку пари имаш в џеб

слаб џоинт или кокаин

колку пари имаш в џеб

скапа стана промената на крвта

колку пари имаш в џеб

нежното тело дали ќе му го продадеш на Турчинот

колку пари имаш в џеб

...илјадааа глеткииии...

...илјадааа огледалаааа...

...илјадааа брановииии гледааам...

колку пари имаш в џеб

карминот за усни за астролошки знаци

по ѕидовите на метрото залудно го трошиш

колку пари имаш в џеб

дневните сништа станале скапи

колку пари имаш в џеб

57

[КРАЛЕВИТЕ НА ПИВОТО]

со мрак под старото палто

ги следи како месечар

на сонливите светилки на таксијата

коишто се обидуваат ноќта да ја туркаат натаму

заспаните ламби на бандерите

од горе со камења го гаѓаат

никако да се врати в кревет

со згаснати страсти фрлени под него

како немиени алишта кои ги забораваме

улиците му се бескрајни

немаат ниту тротоари

кога се тркала по скалите на метрото

палтото го брани од повреди

таму каде што ќе легне ќе склопи око

со другото око ја мисли жената

како им стои над глава на децата

монистата на сонот со залутан глас им ги брои

со молив кој не ги памети бројките

пресметува за утрешната пијачка

мракот му влегол во око

на ентериерот на сите шанкови

затоа зборува со небото

58

СПОЗНАЈ И ЉУБИ

59

60

СИ ЈА БУДАМ ЉУБОВТА ВО СЕБЕ КОГА И ДА САКАМ

Си седам овде сам

И љубовта ја будам во себе кога и да сакам!

Било да си внатре или си киднала некаде

Било да ми го милуваш тилот или ме допираш во туѓо тело

Љубовта за тебе ја будам во мене кога и да сакам!

Седам со друга

И љубовта ја будам во себе кога и да сакам

Ја чувствувам крвта твоја во жилите или меката кожа

Ме забораваш како малата сипаница или ме чувствуваш

како месо под нокти

Љубовта за тебе ја будам во себе кога и да сакам!

Седам со луѓе

И љубовта ја будам во мене кога и да сакам

Зборуваат за тебе не сакајќи или ги прашувам постојано

Ме посакуваш или ме туткаш под перница со згасната возбуда

Љубовта за тебе ја будам во себе кога и да сакам!

Таа е светлина во мене

И ја будам кога и да сакам

Сакала ти или ѕвездите не сакале...

61

62

ЗБОРОВИТЕ КОИ НЕ СЕ КАЖУВААТ

Ти почнуваш еден збор кој никнува одеднаш, на таванот,

Додека облаци гледаш свиткани како бела волна на фурка

Отаде прозорецот што не се затвора од атер на свежината

што станува точка

И се растура врз кожата која гори без да се допре.

Се случува да го изгуби патот и пак да се врати:

„Не излегло од умот, не си го изџвакал добро“!

И ја криеш насмевката, како куче коската во земја,

Божем умот е тој што светот го држи во живот

Потоа ги собира честичките на најдени мониста расфрлени на земја

Искинати од ниска од силна рака

Си реди еден „идиот“, без да ги врзе добро, ги фрла во воздух,

Чека нејзините очи да ги фатат, да ги вратат од каде се дојдени...

Не е ни толку лесно да проследиш збор,

Додека си гол, како надеж исткаена наметка на жица.

Забележуваш дека зборовите не ти личат оттаму како порано,

Мрмори едно „ѓавол да го земе“, се вртиш, го чекаш нејзиното тело,

Да падне врз тебе, да земе форма на збор... кој не се изрече!

63

64

ТАА БАРА ТРОН

Те знам таква каква што си

Те знам и таква каква што сакам да те знам

Задржи ја на лицето таа измамничка шминка

И понатаму ќе те познавам

Таква каква што сакам да те знам

Иако умеам да те знам каква што се сомневаш дека те знам

Како моите слабости те знам

Твојот стремеж е сјајот

Златото славата и на крајот зборот

Не се заборава ехото на твоите штикли

Дојде да си го земеш намерно заборавениот „Сидарта“

Ноќ пред тоа кога ти ја тргнав шамијата

Солзите кога ти течеа како дожд

Денес разголените ѕидови од чадот на самотијата

Ти изгледаат како тапети на аристократски салони

Расфрлените нешта по собата

Немој да мислиш дека сум ги редел намерно

Анархијата живее во мене

Единствената античка вредност

Што ѝ недостига на оваа соба

Твојата паганска страст

65

Од ритамот на радиото кое пее како ќе му текне

Мебелот почнува да танцува рокенрол

Те канат како тајната на моите зборови

Ногата другата нога ја следи претпазливо

Ти ги познавам како твоите очи

Кои и кога сакаат пуштаат солзи

Десната нога секогаш попушта

Ја преминува линијата

Стануваме митолошки животни со три нозе

Мовливиот јазик добро ти го знам

И грбот кога ти го вртам

Мојата изгребена кожа

Од милувањата со ракавици

Со тревни бакнежи ми ја лекуваш

Ти навистина бараш место на тронот

Но знај дека јас сум како денешните кралеви

В рака ги држам само твоите конци

И мојата животинска гордост

66

ТАА МЕ ХРАНИ

Навечер како твоето соколово око

Сонот на каењето кога ми ги врзува очите

На врата не го ставам ладниот катанец

Надежта ја оставам да клечи на прагот

Дека ќе дојдеш денеска наутро

Да ми донесеш списанија цигари и бурек

Како вчера

Да ми ги носиш навлажнетите очи

Коишто ми се чини како да пливаат во страст

Во хаотичната жолта соба кога ќе влезеш

Книгите

Алиштата

Пепелниците полни со догорчиња

Ги чекаат твоите раце

Љубовните песни спијат на маса

Цел циклус

Напишан за Тебе ноќ пред тоа

Да си влезеш како лиска без да тропнеш

Дека ќе ми го прекинеш дадаистичкиот сон

Радиото да го пуштиш со намален глас

Меланхоличните звуци на утринското каба

Да пливаат лесно како чад

Уште полесно да си влезеш под јорган

Да се залепиш за моето тело

Како магнет

Да се сетиш на законот на физиката

67

Телата со спротивни полови се соединуваат

И да не губиме време кој каков пол има

Имаш огнено тело

Имам огин за љубов

Ова е доволно

Како вчера

Ти наутро ќе си дојдеш

Во собата која мириса на тутун

Да ѝ подариш малку арома од твојот парфем

За да се смеат смрзнатите од тишина ѕидови

Да ми го отвориш срцето како музичка кутија

А јас да се смеам како циник

Со искрени звуци

Како вчера

Карактеристична албанска мелодија што се изведува со кларинет.

68

ТАА МИ СЕ ПРИВИДУВА

Кога легнувам на кревет како паразит

Слушајќи ги музичките хитови што ги повраќа транзисторот

Кога спомените почнуваат да ги веат завесите

Со ритамот на тапаните се меша тропотот на твоите штикли

Над старата турска калдрма на твоето гратче

Кое лежи среде истокот и западот

Твоето драматично по тротоари

Отаде кој се простираат само чајџилници

Царство на мажи кои пливаат на чад и теин

Таму каде што твоето чекорење се смета за ерес

Курвинство

Тешко е кога тие се погорди од тебе

Те засенуваат

Екстремитетите ти ги скаменуваат

Те тераат средбите да ги остваруваш скришно

Се плашам да ти ги гледам рацете

Кои поставуваат цвеќиња како на гроб

На мојата чаша полна со алги

Тие раце кои со страв шетаат по мојата коса

Тогаш си ги собирам нозете

Ти правам малку место

За да го простираш царството на твојот задник

Кој стои како две бисти

Над твоите нозе

Кои среде илјада други ти ги познавам

Потоа си ја чувствувам миризбата на твојот парфем

Името што не му го знам

Ми се чини како да е тукушто покосена трева

Кога ќе те измори и те заспива...

Со цигара в уста почнувам да пишувам за тебе

А другарите кога ме читаат

Велат дека правам реторика

69

70

ТАА СПИЕ

ми ја спушта раката на половината

како река што тече кон море

исцрпена со едно око спие

со другото го сонува тоа што го нема

цел еден свет без страни

раката останала да ми виси како гранка

пепелот од цигарата ми паѓа на килимот

сите нешта ги запрев во миг

не сакам како пепел да ми клапне оваа магија

пораките од заспаното срце ми ги праќа

само роморот на крвта нејзина

што тече низ моите вени

71

таа веќе спие

зборовите ѝ зеле облик

камен што во слободен пад

низ јамата на мојата душа

не допира ништо

зборовите ѝ паднале во тишина

како килибарен чешел во долги коси

ќе останам да здивнам уште малку

во длабочината на нејзината душа

72

ТАА Е ЛЕДИНА

Островите во морето се полни со светлина

Сонцето заоѓа поубаво отколку во Јапонија

Од песокот на плажата што се распостила

Се накреваат дојките до небото

Црвеникави на летното зајдисонце

Побелува солта на наежената кожа

Од побелениот јазик на Златокосиот кој ја вкусува

Од прошетките по телото, топејќи ја

Младото грпче го тишти гревот под песокот

Окната на екстазата се прошируваат

Кога ја гледа долу главата на Златокосиот

Кој слегува долу до Планината

Да се опие во Дното на Папокот

73

Сонцето ѝ се помрачува, очите, ѝ треперат прстите

Сетилата ѝ остануваат без власт

Рацете ги зарива во песокот како во грев

Кога таа ја чувствува жедта на Златокосиот

Додека тивко пие вода

Во Темниот Поток на сушната ледина

Кога темнината им паѓа на рамената

Како платно од свила што сјае

Се кријат во островите на самотијата

Таму кај што сенките им стануваат едно

Таму кај што времето се мери со дланки

74

СПОЗНАЈ И ЉУБИ

Да сакаш без да познаваш

Како што се сака посвоено дете

Или како што гром го љуби дрвото заборавено во поле

Со сè сувите корени протерувајќи го

Да спознаеш сакајќи

Како што се љуби Господ со поглед на себе кога си безнадежен

Или детето како го љуби најдениот родител во војна по години

Со уплав и страст да не е некој друг

Да љубиш гледајќи

Како се љуби огнениот самрак на бескрајно море

Или зора која се спушта низ ридот кога си добро наспан

Со очи како чиста душа која никогаш не се заситува со него

Спознај и љуби

Кога се чувствуваш комарец во лет над вода

Роса на зелениот мов

Вселенски брод кој лебди во пространството без тежина

Или волк низ корија по овци скриени во дабјак

75

Да љубиш спознавајќи

Како Господ заситениот кој богатството го подарува

Родител по војна детето најдено во кал

Со заморен поглед но мирно и топло

Љуби и

Кога си комарец сит со крвта што ја капе во вода

Кога лебдиш после поминатиот страв како да го напушташ овој свет

Без страв дека ќе го изгубиш патот да се вратиш повторно без одек

Да гледаш со љубов

Како што сонцето на самрак гледа еден мирен човек во толпата

Како првиот зрак којшто тропа на чело без врева

Со очи жедни за светлина на челото со самрак...

Љуби како што се љуби огнениот самрак над пурпурната тишина

Или украдена зора кога си убаво наспан

76

МИРНИ ДНИ ВО ПРИШТИНА

77

78

I

Радиото како разулавено пее на едно ќоше

Љубовните песни спијат на маса

Ние легнати на ќебето со боја на цреша

На места изгорени од необуздани страсти

Се клештиме со шепот на лисја

Играме со ножните прсти

Ова е доба кога љубовта се троши како креда

Изморен те гледам в очи како кратковид

Со пливање на жаба се нурнувам во длабочина

Се мешам со соленоводните риби Солза

(нејзиниот свет се разликува од светот мој)

Ти ја подарувам детелината на среќата со четири лисја

Ти бараш повеќе од мене

Виножитото околу вратот невината Игра со зборови

Сè што не е во мои раце

(светот мој се разликува од нејзиниот свет)

79

II

Сакам да сум морска сол

Да се топам на твоето бело тело

Секое утро да се будам доцна покрај тебе

Изгубен во мрачната шума од твоите коси

80

III

Што можам да кажам Јас за Тебе

Што ме тераш стопати да слушам една иста песна,

Твојот дух ме тера да се подмладам напладне

Улиците на градот ми ги врзуваш јазол под нозе

Косите на Самсон ми ги кубеш во екстаза

Со твојата страст ме плашиш

Што можам да кажам за твојот Мирис од жена

Којшто ми се лепи на алишта на нос

Не смеам да го отворам прозорецот да излезам на улица

Од прстите го молзам преостанатиот сок на љубовта

Од мирисот на гревовите не смеам да го мијам

Зошто ми се топиш во вода ми се претворуваш во меур од сапуница

За да останам жив те пијам под градите

81

IV

Секоја ситница на твоето царство

Со вредноста на неоткриен споменик

82

V

Да ги отвориме портите на срцето

Ладните клучеви да ги фрлиме в река

Портите на љубовта да ги оставиме без ѕвоно

Да влегуваме и излегуваме без тропање

Во оваа доба ни требаат изненадувања

83

84

ЗИМА И ДРУГИ ГОДИШНИ ВРЕМИЊА

85

86

I

Кога тргнувам на долг пат напролет

сосема те заборавам о мирeн доме

Тргнувам по туѓи земји како по незнајни жени

По тие земји што ме внесуваат низ влезните врати

Како што ги примаат невестите благоустите љубовници

А ти остануваш со тишината на жената која го очекува мажот

Верна и скршена од грубоста негова

Жена си која ги одгледува и неродените деца

Жена што зема и не дава од љубовта

Ниту еден бакнеж од скрама

Еден благ поглед

Или еден допир

87

II

Кога тргнувам на пат в лето

Прво се сеќавам на тебе испотен доме

Побавен си од желката од полжавот

Тежок маж што не мрда од место ти доме

Те познавам јас, ти само медитираш крснозе

Го познавам твојот молк на пустиник

Што се откажал од љубовните страсти

Во тебе ништо не се менува

Исто небо над тебе, годишно време исто

Ѕидовите како и секогаш рамнодушни

Промената за тебе е апстракција

88

III

Наесен кога се оддалечувам од тебе

Ми исчезнуваш од очите мој шарен доме

Го немаш сивилото на облеката на европските куќи

Пепелавоста што ми се причинуваше во облачето од кафето

Каде и да го пиев

Не знаеја да ти ја одберат облеката

Погрешно ти ја земаа мерката

Вкусот не ти го научија

Креаторите те облекоа со детски бои

Твојот карактер се разликува од облеката што ја носиш

Своеглавоста ти се претвори во бунтовен молк

Како никогаш порано ти треба нов Синан архитект

Што ќе ме врати повторно во твојата прегратка

89

IV

А во зима во зима не можам да побегнам од тебе

Ми се лепиш како лапавица по ногавиците од панталоните

И покрај твојата заслепувачка белина не носам црни очила

Среќен сум кога ми го осветлуваш телото

Кога твојата светлина ми го замаглува окото

Кога се враќам во собата на топлите нозе

Кога пареата од чајникот ми се протнува низ ноздрите

Кога отворите и дупчињата на прозорецот и на чувствата

Ги затворам за да не влезе студот внатре

Кога со волнен шал ја врзувам главата за телото

Смрзнатите раце кога ги ставам во твоите топли џебови

Кога во секој детаљ барам и наоѓам планетарен склад

Кога грижата ја фрлам како празна кутија цигари

Зимата навистина е рајско годишно време

Годишно време на боговите

Твое годишно време

Мое годишно време

Само во зима не отфрлај ме од твојата топла матица.

90

РАЗОЧАРУВАЊЕ ПОД ПАЛТОТО

Се враќа од работа со заморот како стуткано списание

Во градскиот автобус простум ја чита телевизиската програма

Честитките поплавите судењата ги голта како што автобусот го голта патот

Заморот силно му се фаќа за исправените држачи

На излегување се сопнува

Патот до срцето на станот напамет го знае

Железната врата на лифтот се затвора како неговите трепки

Над софата се случува чиста детска игра

Еден дел од заморот го остава на маса покрај кафето

Гордиот часовник го затвора во истоштениот куфер на чувствата

Му пречи тропањето на срцето што му истура жолч

Бојата на немирот му е зелена како лисја од трева

На старото радио бара класична музика

Махлер Дебиси смиреноста кого било

Тие му се стари пријатели кои ретко го посетуваат

Старите радија повеќе зборуваат отколку што пеат

Нервите со ножици му ги сечат задушените зборови

Трпението му го зема под заложништво надежта на белата вечер

Тврдоглавоста му ја стегаат за врат

Стотина и триесет и три метални раце со несечени нокти

91

Хуморот му исчезна како венчален прстен со стројникување

Во слоевите на затворениот ковчег на проблемите

Клучот му падна од дупката од искинатиот џеб

Му остана само носталгијата која му се привидуваше

на облачето на кафето

И ироничната насмевка

Предвечер ги чита дел по дел Гогољ и Кафка и вели

Јас не сум Акакиј Акакијевич ниту Јозеф К

Играчка сум на моите деца со моите чисти раце

Јас сум Херметичен Воздух во Внатрешноста на Пирамидата

И не дозволувам да ме испитува ниту еден компјутер

Навечер со сопругата излегува да ги изведе нозете

По излози ги гледа своите деца одлично облечени

По пат за накај станот ги наводенува дождот до срцевина

Вечерва треба да го завршам „Палтото“ бездруго

Утре на жена ми ќе ѝ купам мантил

Моето палто сè уште е ново

Може да го издржи и овој дожд

92

ЈАЗИКОТ НА НЕШТАТА

93

94

ЖЕЛЕЗНИОТ КРЕВЕТ

Во зелениот вторник на пазар

Си купив еден железен кревет

Многу се изморив додека го заковав

Погрешив што го есапив пазарев за егзотика

Кога заморот легна врз него надолго и нашироко

Го извиси коњскиот стомак до земја

И го доби обликот на чамец што нема едрилици

Навечер го облеков со покривки

Измиени вар бели

Рачниот часовник му го обесив над главата

(се сетив на татко ми на којшто личам)

Мојот часовник си оди пет минути напред

На тревно зелено утро

Го измени релјефот стана река

Без чамец без кормилар без вода

95

Попладне кога се вратив испотен жива вода

Ме прифати како сугаре

Потта ми ја испи со бел памук

Не чкртнав многу датуми на календарот

Креветот стана маса магацин куќа

На него јадев пишував песни

Под него фрлав валкани алишта книги на херметици

Рачниот часовник од заборав стана ѕиден часовник

Му го мереше времето на егзотичниот кревет

Кој за инает канабето

Стои на железни нозе

96

КРЕДА

Малиот Гуѕим станал бунтовник

Од служителот на училиштето краде бели креди

За да црта по ѕидовите и асфалтот

Големо сонце

Со насмеани очи

Кога тргнува дома

Големиот Служител му го попречува патот

Му ги претресува џебовите

Чантата како куќа му ја превртува

Паѓаат книгите како од небо на асфалтот

Ги пребарува преградите на чантата како по излози

Исчезната креда по ѕидовите со очи

97

Утредента на училиште

Малиот Гуѕим

Пред учениците директорот го изведува

Крадец на креди го прогласува

Гуѕим на една нога закован за ѕид

Со малите раце зад грбот

Со затворени очи

Сонцето со насмеани очи го црта

Како Пикасо

Машко име, со значење храброст.

98

ТРАФИКА

Случајно ти излегува покрај патот

Обвиткан со списанија со слогани

Со гради на старлети полни со силикон

Стаклата помалку покриени со прав

Со избирачки плакати

Со букви полни со Европа

Слобода еднаквост изобилство лудило

Со еден збор политички кич лицемерство

Му го затвораат погледот на продавачот

Што рано го почнува пазарот без него

Сонливо меѓу весниците

Ги наоѓа парите на купувачите минувачи

Забрзани и верни

Кои време немаат да украдат ниту еден весник

Муштериите не ги познава

Од рацете гледа кој што купува

Војниците тинејџерите старите моми старците

И се вртат еднаш наоколу на трафиката

Ги собираат растурените мониста на храброста

За да прават голотија без цензура

Во небрано е продавачот на трафиката

Меѓу таа рашомонија на весници

Убиства поплава цинична насмевка

Поворки уценувања протести без врска

Затоа дава по еден примерок од малото прозорче

Колку да може да дише со полни дробови

99

100

ЈАЗИКОТ НА НЕШТАТА

Речникот на нештата е обемен

За да го разбереш не треба да бидеш полиглот

Имаат нервозен нежен мелодичен јазик

Може секој да го разбере со очи

За да го запознаеш јазикот на часовникот

Не треба да му ги извадиш шрафовите

Книгите имаат хер(м)етичен јазик

Затоа честопати ги фрлаат во огин

Јазикот на радиото е ѕвонлив

Среде ноќ буди цело маало

101

Одамна се обидувам да го научам напамет

Јазикот на немите нешта

Кој подобро се разбира во молк

И ако поживеам колку дедо ми

Ми се чини дека ќе починам со речник во рацете

Јазикот на нештата метафора

102

ЕПИСТУЛА СО ОМАЖ НА КРАЈОТ

103

104

ПИСМО ДО ТАТКО МИ

Навистина потполно личам на тебе на фотографијата

Истите црти ги имам во устата носот очите

Но перчинот на гордоста Ти го растури зад рамената

Јас ги носам долги косите на тврдокорноста

Пуштени до очите

До грбот одзади

На греда ја најдов твојата кожна чанта

Каде што ги држеше наставниот план и програмата по граматика

За тебе светост мајка татко

Таму ти ставив некои мои стихови

Коишто никогаш немаше да ти ги покажам

Затоа што ќе ме направеше резил

Чуму толкава иронија

Каква метафора

Но не е важно дали ова е продолжување

105

Ти му ги тргаше камењата на татко ти од патот

Кога тој одеше таму каде што сакаше да бидеш и Ти

Го набљудуваше од аголот со четири очи

Да не се сопне и ја изгуби рамнотежата

И ти ја товареше вината сирачка на грб

Додека те натераа да тргнеш на пат

Јас оцрнувам кога ти го поправам стариот автомобил

Зашто му го знам железниот јазик

Како што си ја знаеше Ти тежината на каменот

Од мене татко да не очекуваш таков вид внимание

Не си го извежбав занаетот на камењата

Кога надвор е ладно а ти влегуваш во топлата соба

Само пареата од очилата можам да ти ја избришам

Не сум твојата втора копија

Ниту двојник со лице на огледало

Јас сум продолжението на твојата мудрост

Да не направам некоја грешка на мојот писмен состав

106

ПИСМО ДО МАЈКА МИ

Вчера мајко песната ја заборавив

Со обидов ама не се сетив

Ѕвездите почнав да ги бројам

Погрешив

Не ги преброив

Нивниот огин ме ослепи

Ова секогаш ми се случува мајко

Ми се губи ѕвездата како овцата од Заветот

Другите не ги сакам ама не ме оставаат

Стојат мирни на небото намачкано со мед

А мојата ѕвезда ми бега и ми бега

Отаде темносивата шума си светка

Но ти не грижи се

Имам цврсти нозе и голем чекор

Темносивата шума ќе ја исечам со меч

Онаму ѕвездата ќе ја стигнам

Очите ќе ги заситам со нејзината светлина

Кога ќе се вратам на коњ

Ќе ти ја ставам на чело

107

108

ПИСМО ДО ЉУЉЕ

Зборовите кои сакам да ти ги кажам

Се зборови кои никогаш не сум ги кажал

Зборови кои не сум ги кажал никому

Не се наоѓаат во ниеден речник

Тоа се зборови наредени без правопис

Без запирка извичник без точка

Песните не ми ги собираат тие зборови

Кои не спијат со илјада и повеќе мои книги

Зборовите кои сакам да ти ги кажам

Се зборови како твоите очи црни како маслинки

Зборови кои ќе пливаат по густите твои коси

За твојата искреност

Која и каменот го тера да прозбори

Зборови кои и птиците ги скаменуваат

Да ги имаат на дофат

Стеблата ги принудуваат да летаат

Зборовите кои сакам да ти ги кажам

Ќе течат на Големиот Ден

Поројно и грмежливо

Како водопадите на Мируша

Зборови како Халеевата комета

Со огнена опашка

109

Зборовите кои сакам да ти ги кажам

Зборови кои носат оргазам

Тик-так зборови

Со вкус на мед што пече во грлото

Зборови кои добро ги знам

Ставени во адресирани пликоа

Зборови кои ми тежат

Ми го здебелуваат јазикот

Зборови како капки портокал во саѓосана уста

Овие зборови ниту Милер не ѝ ги кажал на Бренда

Во две илјади и повеќе писма во староста

Зборовите кои сакам да ти ги кажам

Ја имаат бојата на гласот на Боно Вокс

Зборови кои ме тераат да дезертирам од барикадите

И да дојдам во твојата прегратка како дисидент

110

ПИСМО ДО СИН МИ

преселбата на соседот од село

му ги тргна двоумењата на дедо од кечето

си избра земја на периферија

освен куќата подигна и штала

навикнат беше на коњи крави младенчиња

и тука годишните времиња беа тие истите

со еден поглед кон прозорецот ги познавав

претставата на дедо за пченичиштата

ја расипа оџакот кој никна во близина

штрковите го изневерија

над него не изградија гнездо

но врапчињата и понатаму стигнуваа

и возот за на фабрика секој ден доаѓаше

јаболката црвосаа

стебленцата на пченката раѓаа по еден кочан

куќата полека се поздравуваше од флората

исчезна сета таа безгранична заднина

отаде остана една нива и два хектара

со исечените стебленца на пченката со снег

се натрупа нивата со магазини, пекарници, отпадоци

ми се скрши гордоста хранета со ТВ книги

за на работа да ме буди сирената

високите оџаци повраќаа над покривот

еден час откако ќе ја измиев колата стаклото го покриваше пепелта

детето ми се роди со бронхитис

кој ниту Улцињ не му го лекува

дедо живееше деведесет години

тато едвај наполни педесет

јас имам триесет

и годишните времиња ги читам на календар

во соба го внесов врапчето да ми пее

111

112

МОЛИТВА ЗА ЉУЉЕ

Знам, ќе дојдат утре некои светлосни птици

Така мирно едно по едно излезени од тие ламби над главата

Ќе ги видиш бездруго со тие црни очи

Ќе ги изброиш едно по едно колку што трае едно клепнување

Да ги видиш како те опколуваат со блесоци на светлината

За да те носат кон пространството на сонот без тежина

Сонлив нека биде тој танц на крилјата на светлината

Колку сонот на светулката нека потрае тоа патување...

113

Знам, нема да ме изневерат светлосните птици

Ги хранев со позајмен леб

Ќе те вратат на крилјата на зелената ледина на копнежот

Ќе бидат исто толку

Ќе ги испратиш со трепкање на твоите очи полни со светлина

Мирно... една по една... како што ги испраќаш пријателите

И сонот нема да ми го раскажеш... да го заборавиме

Ќе ја паметиме само неискажаната реченица

„Успеавме“.

(Државна болница, Скопје, јули 2013)

114

ОМАЖ ЗА ТАТКО МИ

Секогаш кога ќе се присетам на тебе

Како дома ме следи

Твојот продорен поглед отаде очилата

Твојот отсуство го гледам во очите на мајка ми

Кога Петочната Вечер ги отвора прозорците

За твојата душа лесна како допирот

Ти читам Ја-Син ⁴ на албански

На тераса чичко ми чита на арапски

Со неговиот глас полн со патетика

Некако често јанѕа ме јаде

Зошто еднаш не ми рече тежок збор

Кога бев дете не ми удри шлаканица

Што ја заслужив на секој чекор

Јас не ја сакав твојата судбина

Ниту да гледам со диоптријата на твоите очила

Коишто ги чувам како една слатка казна

Да ме следат дома

Кога те барам Тебе се затворам во твојата соба

Каде што ќе го притиснеше времето како догорче од цигарата

Ги гледам ’рѓата и правот кои со јазик ја лижат секоја трага на твоите

прсти

Со еден здив чистам сè

Книгите

Наставниот план и програмата

Пресудите

115

За миг гледам со диоптрија

Раката не ми оди да пишувам

Правам кругови на небо и земја

Музиката на прстите ја слушам

Кога ми се приближува сонот на огледалата на креветот

Се молам низ заби за Тебе

Барем да те сонувам

Покрај стеблото на црешата на дворот

Правејќи планови за домот

Секое утро се будам трезвен

Со чувство на вина под перницата

Сонот нема кому да му го раскажам

Уште пред да измијам лице го заборавам

Многу сум ти должен

За мене направи многу

Додека беше жив

Барем да ти подарев внуче

Што ќе го држеше в скут

Да му ги покажуваше тапиите

Коишто јас не сакав ниту да ги погледнам

Зошто не се согласи барем еднаш со плановите на домот

И зошто за Тебе останав само дете

Што ми ги бакнуваше очите кога тргнував на пат

⁴ Ја-Син – суре од Куранот (заб. на прев.).

116

МОЕТО САФАРИ

117

118

ПРОЗАИЧНА ПЕСНА

(На Насер Ѓиновци, рокер)

до кога по патиштата на албанската книжевност

ќе талкаат стари автомобили

кои те оставаат среде пат со засукани ракави

со зацрнети раце

кога во албанската книжевност

ќе се изградат широки автопати

на кои јунаците од книгите без брчки на челото

ќе шетаат со турбо автомобили

кога ќе се заситиме од комфор

дали ќе ѝ се вратиме на лириката

да пишуваме за врбите покрај автопатот

за песната на врапчето

кој ќе влезе во автомобилот

од прозорецот што се отвора со копец

изметот на гулабите на стаклото

дали ќе го внесеме во песна

п. с.

оваа песна нема врска со футуризмот

ова е само една прозаична песна

како и да е

119

120

ТЕРСЕНЕ ПОЕТ

(На Теки Дервиши, поет)

купува скапи памучни кошули

за да пишува гневно на картон

потоа на интервјуа се фали дека пишува терсене

на станиолот од кутиите за цигари

така мазен како женска кожа

која сончевите зраци со очи не ја виделе

реди еротски стихови

во вторниците на пазар

купува компири и јаболка секаков зеленчук

поради сивите кеси

коишто ги дипли и ги мазни нежно

да повраќа урбани мотиви

слушајќи ја гитарата на Реј Кудер

стиховите ги реди како музички ноти

на партитурите на песните на Том Вејтс

вели дека пишува за себе

пишувам вели за да ме сакаат

не ѝ верува на песната

без да ја види издадена во весник

од граматичките броеви

ја познава само еднината

мака мачи со правописот

ë-тo и rr-то го тераат да отвори речник

по пијаната полноќ му доаѓа една муза

го изморува го мами го легнува на маса

121

на неа ејакулира како славниот Холмс

книгите не му ги горат на клада

не им ставаат ембарго

ниту пак ги наоѓаш во фиоките на библиотеките

по рафтовите на книжарниците не фаќаат прашина

имаат мал тираж не се наоѓаат лесно

само уредниците ги објавуваат повторно своите книги

неговите книги ги наоѓаш како прашина

во сомнителни куќи

на еретици анархисти кодоши

на неговата екстравагантна облека

му одговора нихилизмот

кон сеопштите уметнички вредности

на книжевните критичари им зборува со цинизам

божем ги фали

на книжевните вечери заспива од ракоплескањата

немилосрден и тиранин е кон себеси кога пишува

се обидува да не личи на никого

колку тешко

ги одобичнува нештата зборовите метафорите

без некој свој стриктен систем

со неговиот лепрозен јазик

плукнува на рустикалниот вокабулар

не верувајте му на овој поет

во сојузот на писателите не му дозволувајте пристап

Букви од албанската азбука.

122

ПИСМО ДО УРЕДНИКОТ

(На Муфаил Лимани, рокер и пријател)

изгледа уреднику

дека ти навистина се шегуваш со моите стихови

чувај се од бунтовничките букви

да не ти ја изедат работната маса

ако стиховите не ти можат ништо

јас сум уште полуд

колку и да изгледам кроток на прв поглед

душа од човек

ама сум итар

имам луди другари од подземјето

ќе ти го препречат патот

без леб ќе те остават

среде кафеана лом ќе те направат

затоа јас ќе чекам

но само уште еден број на весникот

потоа би те советувал

да излезеш од работа

од задната врата од „Рилиндија“

ова можеш да го сфатиш и како закана

ако сакаш и како поезија

ова е мојот стил

123

124

ЖЕНАТА НА ПОЕТОТ

песните таа последна му ги чита

метафорите му ги има претресено пред да ги засади

му бара да му донесе од пазар

мед јаболка нешто убаво

и носи некои симболи и реторика

му бара дипломи функција

сè што е негово и изгледа флуидно

на книжевните вечери промоции

ја зема со себе како накит

кој фустан да го облечам вечерва кој накит

не му ја забележува на вратот здодевноста

како свилена вратоврска која го задушува

125

ноќите со треска кога ѝ се губи

кога не ѝ оди во соба

кога не ги чита книгите што ги држи под кревет

оди и си ја води во работната соба како дете

на неговата игра со стихови за убавината

со сонливи галења им одговара

ништо трогателно нема во нејзиниот живот

сè ѝ се случува како во книгите

откако ќе го измори и го заспива

за добра ноќ му вели

немој да читаш до доцна

126

ЖИВОТ НА ВЕРТИКАЛА

(На Решат Ахмети, сликар)

некаде горе

некаде долу

ниту странично

ниту одзади

ниту горе ниту долу

врв нема

корените ги сонува

некаде на средина

на еден плоштад

осамен

без излез

во метеж

бара воздух

бара вода

постојано во потрага

во еден бескраен ред

RED DREAMS

(На Осман Демири, фотограф)

127

Многу бои се замесени од виножитото

Но прва чкрапна црвената

Како гром или рана птица

Сама ѝ претходеше на јатото.

Светна во цвеќиња, во крв, во огин

Чкрапна во срце, на коса, самрак

Но пред да допре на земјата

Чкрапна гласно во твоето око.

И не беше веќе само боја

Која се облекува со наметката на создавањето на вселената

Беше мигот на нејзиното раѓање во секој човек

Или мирниот огин на љубовта...

По сè изгледа беше една заборавена соба

Каде што црвената светлина никна само таму

За да се излее по двете заспани тела

Пробудени од алов сон кој спиеше над нив.

И не беше сал една соба куќарка

Каде жар-птицата пее загрижена

Ниту згаснат огин на огниште од сонливите очи

Ниту убаво тело што вее в занес!

Беше црвениот сон роден од будењето

Квасот на боите што не му чкрапна на самракот

Нејзината сенка скриена на еден агол од окото

Чкрапната како гром отаде виножитото.

128

НОСОРОГ

(На Шазим Мехмети, поет)

Тој стои сам во Савана

Далеку од толпата на своето Племе

Со рожнатиот врв на самотијата

Копа по сувата земја

По Поле Угар

Ја распретува земјата настојчиво

Како некој фанатичен археолог

Кога сонот му спие в раце

До надлактици нурнати в длабочина

Копа...

Копа...

Копа...

...по суво по смрт по прелог

Главата кон небото полека ја крева

Ги гледа облаците кои му патуваат во сеќавањето

Ги сонува монотоните капки на летниот дожд

Кои како пот или солза

Попрво ќе го почувствува во очите

Отколку во дебелата мешинеста кожа

И да чекори полека и напорно по Савана

Далеку од толпата на своето Племе

До виножитото што пие вода во реката

129

130

БИК

(На Абдулах Конушевци, поет)

Див и црно-сив

Секогаш во залет

Се лути во некој сон

Копјето го одбегнува

Сè уште сонот му е нереален

Станал за во циркус

На улиците на Шпанија веќе не му се плашат

Ралата висат како реликвии

Нема веќе ни Египет ни Индија

Оставете го да спие

Се испотил

Покријте го со ќебе

Разјарениот бик во арената

Кој го чека ред за касапница

131

ЕСЕН Е...

(На Линдита Ахмети, поетеса)

Паѓаат листовите од магнолијата оваа есен

Како што паѓаат остарените ангели во сон

Молкум се простираат на зелената трева

Се покриваат еден со друг грбот да не им мрзне

Потоа провејува ветар од сон ги скорнува

Зашто доаѓаат други ангели како болест жолти

Како од небо паднати се лелеат бавно

Легнуваат над земјата за почивка прават место

Есен е...

132

ПОИНАКОВ ГЛАС

Во далечната 1989 година, во едицијата на „Рилиндија“, беше издадена

прва книга Лулзим Хазири со наслов Песната се раѓа во самотија, што

претставуваше подвиг во албанската поезија.

Авторот од Гостивар, студент на машинскиот факултет на

приштинскиот универзитет, пишуваше поразлично од многумина

афирмирани творци. Немаше студирано книжевност, но разбуди

интерес кај проучувачите на книжевноста, немаше студирано јазик,

но неговиот уметнички јазик рефлектираше магија. Во време на

заморна морализација, тој се примамуваше од творци кои пишуваа

без морална почит и создаваше поезија од таа природа. Во неговата

поезија нема ниту еден експлоатиран симбол. Ја исклучуваше дури и

месечината од неговата поезија, како симболика на една платонска

љубов. Се забележуваше дека авторот имал голема среќа: имаше

прочитано книги што го привлекувале, што ги имаше одбрано сам, а

не книги што морал да ги чита, а кои брзо се забораваат, особено во

времиња кога книжевноста се гледа како можност за постигнување на

133

прекукнижевни цели. За творците, воопшто, катедрата се претвора во

еден вид затвор за тортура, од кого не учиш ништо. Други божества го

привлекуваат, други имиња владеат во неговата глава, други демони.

Повеќе од катедрата поетите учат од „universitas vitae“, како што вели

Цвајг. Хазири изгледа дека се спасил од ова бреме, но секако тој беше

поет кој беше творец и читател. Независно од ладовините што ги прави

големиот поет, тој одново не може да биде таков без голема култура.

Доколку поезијата на Лулзим Хазири ја читаме интертекстуално, а не

текстуално или контекстуално, ќе ги слушнеме „звуците на другите

текстови“, како што велат проучувачите на интертекстуалната школа.

Во времето кога се издаде Песната се раѓа во самотија создавав без

„носталгијата на печатот“. Повеќе го чувствував задоволството од

(повторното) читањето. Една книга напишана за себе, во самост, на

која треба да ѝ направиш место во катчето за книги што се читаат

повторно, заедно со другите книги: Кога вратите се отвораат со

ѕвонење, Излез од Сафари (избор) и др.

Значи, поезијата на Лулзим Хазири се чита за да се доживее, а не со

цел да се коментира, но критичарот не е само читател. Според Ролан

Барт, науката на книжевноста не може да нè научи за конечната

смисла на делото, затоа што книгата е свет по себе. „Да читаш значи

да го посакуваш делото, значи да го сaкаш делото, значи да одбиеш да

го удвојуваш делото надвор од секое друго говорење, освен говорот

на самото дело. (...) Да преминеш од читање во критика значи да ја

смениш желбата, значи да го посакуваш не веќе делото, туку својата

беседа. (...) Колку многу писатели заминале само поради тоа што

читале. Колку критичари читале само за да пишуваат.“

Или, пак, можеме да се послужиме со констатацијата на Јуриј

Лотман, според кого: „Раскажувајќи ја поезијата со обичен јазик ние ја

уништуваме структурата и, поради тоа, не успеваме на примателот да

му го пренесеме флуксот на информациите што ги содржи таа“. Оваа

информација, секако, е од повисок степен.

134

И пред да ги читам Барт, Лотман и многумина други што помагаат за

да се проучува книжевноста, но не помагаат да се создава книжевност,

во ниту еден случај не сум ја прочитал поезијата на Лулзим Хазири со

идејата дека ќе треба да ја коментирам. Сум пишувал поради почитта

кон читателите на поезијата, запознавајќи ги за нешто што ретко

доаѓа во светот на поезијата.

Секогаш ми се допаѓала и ми се допаѓа неговата јазична магија што,

ако се повикаме на Јосиф Бродски, ги отвора „портите на мислата“.

Поезијата овозможува повеќе отколку отворањето на тие порти: тоа

е повеќе од мисла – тоа е плурално, емоција, фигурација, гледиште за

светот. И повеќе од сите овие заедно. Поезијата е ништото за кое се

има потреба. Имаме потреба за поезијата на Хазири, кој не ни дава

нешто утилитарно, но создава естетско задоволство.

Да пишуваш за поезијата на Хазири никогаш не е доволен дискурсот

на критичарот. Ти се случува при таков обид да создаваш палимпсест.

За мене, сешто и многу нешта се книжевно дело што ја буди таа желба.

Такви дела се оние што ни откриваат нешто ново по секое читање.

Да пишуваш за поезијата на Хазири значи уште од почетокот да

бидеш внимателен во изборот на дискурсот, да одбегнеш секаков

вид конформизам. Тој е еден поинаков глас; творец кој носи нешто

ново во албанската поезија. На почетокот, можеби ја немал таа

намера. Неговата песна се раѓа во самост, се раѓа за да пее однатре.

Сепак, многу придонесе за албанската книжевност, поезија на урбана

чувствителност, третирање мотиви што се среќаваат во светската

книжевност, но не беа толку присутни во албанската книжевност.

Подметот на поетското творештво на Ласгуш Порадеци е стихот:

„Стара песна старинска, сосема малку ми се допадна“, а на Лулзим

Хазири е стихот: „До кога по патиштата на албанската книжевност ќе

скитаат стари возила“. Како што вели во еден негов стих, тој создаде

албанска книжевност со автопати. Новата поезија, како што се случува

со старите жанрови, особено со романот, може да се роди, не преку

135

потврдување, туку преку оспорување на голем дел од творештвото

што е напишано претходно. Различно од многумина други, Лулзим

Хазири не ја сметаше поезијата како памфлет за пишување со

вообичаени рефрени. Неговата поезија не ја трпи тривијалноста, не

го трпи отсуството на креативноста, не го трпи експлоатираниот

фигуративен јазик, не ги трпи крутите норми. Светот кој го опкружува

е тесен за неговата душа и бара повеќе токму од тој свет. Како што

вели Достоевски, тој не претендира да го смени овој свет, но со

неговата уметност го прави поубав. Хазири се инспирира и од грдото,

за кое пишува убаво. Неговата поезија честопати заличува на проза,

но кажува многу, како што вели Ферлингети. Во поезијата на Лулзим

Хазири обичните нешта заживуваат. Се создава чудна комуникација

помеѓу субјектот со објектот, кои не се едноставни бездушни објекти.

Креветот не е едноставно кревет. Тој е универзален симбол. Таму

се случило нешто и продолжува да се случува. Нешто што раѓа

спомен, копнеж, болка. Тој го зема бруто-материјалот од замореното

секојдневие од едноставното, вообичаеното и создава нешто што

е универзално, преку светов. Ова урбано секојдневие е згмечено со

преокупации, дилеми и урбана вознемиреност. Имаме здушеност на

човекот внатре, во не многу човекољубивиот простор за лиричниот

субјект, кој бара да го пресврти пакуваниот хаос како хармонија.

Овие преокупации, што се надоврзуваат со актуелното, истовремено

се и универзални теми. Творештвото на Лулзим Хазири, како што

велеше Борев, има два слоја: актуелниот и универзалниот слој. Затоа е

творештво што е прочитано од современиот читател и продолжува да

биде со отворен хоризонт на исчекување.

II

Хазири пишуваше поинаку за самотијата, љубовта, судирот таткосин,

проституцијата, хипокризијата, здушената тривијалност и др.

Пишуваше со урбан поетски дискурс. Ги напиша најубавите поезии

што можат да се напишат за Приштина, градот пред кого станува „на

нозе како пред знамето“. Онака како што Бодлер ги познава душата

136

и здивот на Париз или, пак, Џојс на Даблин, исто така и Хазири ги

познава душата и здивот на Приштина. Фаталната врска се случува

и кога поетот почна нов живот во неговиот нов роден крај, во

Гостивар. Листајќи ги неговите збирки (Песната се раѓа во самотија,

Кога вратите се отвораат со ѕвонење или изборот Излез од сафари)

ти се причинува Приштина далечна, за да можеш да ја засакаш како

жена која ти нанесува „болка како планина, која не гние како дуња во

орманот на заборавот“... И ваквите стихови, што се фиксираат веднаш

во сеќавањето, се многубројни, исто како и: „Навистина еден поглед е

љубов, но љубовта не е еден поглед“ и многу други...

III

Поезијата на Лулзим Хазири е преведена на повеќе јазици, застапена е во

многу национални и странски панорами и антологии. За неговото дело

пишувале албански и странски критичари. Вреднуван е со книжевни

награди. Наречен е „поетот созреан со рокенрол, кој стои отаде

нормите“ (M. Лимани); поет кој создава преку хиперсензибилност,

кој креира тематска самостојност, кој има автентично гледиште кон

проблемите и самостојност во изразувањето (Рамадан Муслиу); поет

кој изградил „нова утопија – албанската книжевност со автопати!“

(Миѓен Келменди); поет кој создава фигуративност што фокусира

ситуација, амбиент и преку глобална слика комуницира со својот

вознемирен свет (Али Алиу); поет кој ниже стихови настојчиво

„за една од главните теми на современата поезија – самотијата“; и

е „претставник на поколението со длабок очај и разочарување, со

морални, професионални, политички и татковински вредности на

постарото поколение“ (Абдулах Конушевци) и др.

IV

Книгите поезија на Лулзим Хазири се поинтелигентни од авторот. Тоа

се книги што продолжуваат да зборуваат со читателите од различни

времиња. Тоа се поинакви книги во време на здодевни рефрени за

137

рофјосан од магијата на јазикот; тоа се поинакви книги на поетични

кловнови кои „секој идеал го прават обичен, речиси смешен“...

Суровиот поет Лулзим Хазири е надвор од толпата, од говорите

и од инаугурациите. Тој „ги прави необични нештата, зборовите,

метафорите“. Фрла плунка во рустикалниот вокабулар; не се занесува

од целофани на лажни идеали или од реториката на злоупотребата.

Тој е еретикот и човекот со поинакви гледишта кој нè прави „како“...

V

Лулзим Хазири се истакнува и со неговите естетски и публицистички

написи. Тој е првиот критичар на албанскиот рок. Во таквите написи

некогаш е аналитичен, некогаш ироничен, некогаш циничен, но

секогаш го карактеризира длабоката хуманост. Светот, во неговото

гледиште, останува простор на комуницирање помеѓу културите што

во интеракција се збогатуваат перманентно.

Лулзим Хазири, како поет и есеист, го збогатува нашиот уметнички

систем со неговите творби, со неговите идеи, со неговото спознание,

но и со информациите што ги носи, како производ на неговата широка

култура. Треба да бидеме среќни што го имаме.

Салајдин САЛИХУ

138

ЗА АВТОРОТ

Лулзим Хазири (Lulëzim Haziri) роден 1962 год., Гостивар.

Поезија:

• Песната се раѓа во самотија

(Kënga lind në vetmi), Рилиндја, 1989;

• Кога вратите се отвараат со звона

(Kur dyert hapen me zile), Ватра, 1995

• Излез од Сафари

(Dalja nga Safari), Брези 9, 2005,

• Самотија обесена како број на порта

(Vetmi e varur si numër në portë), Логос-А, 2015.

Eсеи и колумни:

• Албански рокенрол!

(Rokenrolli shqiptar!), Шкупи, 2000

• Црно и бело

(Bardhë e zi), Носити Ш, 2010

Песните му се преведени на англиски, француски, румунски,

хрватски и македонски јазик.

Има објавено и неколку раскази.

Активен во полето на заштита на човековите права.

139

CIP - Каталогизација во публикација

Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски”, Скопје

821.18(497.7)-1

821.18(497.7)-1.09 Хазири, Л.

ХАЗИРИ, Лулзим

Кога љубовта се троши како креда: песни / Лулзим Хазири; [превод од албански јазик

Линдита Ахмети; графичко уредување и дизајн Таби Азири].

- Скопје: Готен, 2017. - 139 стр.: илустр.; 21 см

Поинаков глас / Салајдин Салиху: стр. 132-137. - За авторот: стр. 138

ISBN 978-608-4625-86-5

а) Хазири, Лулзим (1962-) - Поезија - Критики и толкувања

COBISS.MK-ID 105160202

140

СОДРЖИНА

ОСАМЕНА РИБА ВО АКВАРИУМ

[пролог]...........................................................................................................................10

[ова се вика самотија]...................................................................................................11

[Самотија е ова, а не грдотија]....................................................................................12

[и ова е самотија]...........................................................................................................13

[ова нема друго име освен самотја]...........................................................................14

(самотија е ова не е творба).........................................................................................15

Таа нема сон..................................................................................................................16

Ѕидот на потпората .....................................................................................................18

Монологот на старата мома.......................................................................................20

Утринска песна.............................................................................................................22

Раѓање на песната..........................................................................................................24

НА БАРИКАДИТЕ

Лист од чај држам в уста..............................................................................................28

Ново исо или Rock and Roll........................................................................................30

На барикадите................................................................................................................32

Кој зборува таму...........................................................................................................34

Бисти...............................................................................................................................36

Мачките на Алеп..........................................................................................................38

Татковци и синови.......................................................................................................42

Не ме оставаат да го бакнам сомнежот в чело........................................................44

ХАМБУРГ ‘92

(Губитниците)................................................................................................................54

(Сент Паули)...................................................................................................................55

(Метро)...........................................................................................................................56

(Кралевите на пивото).................................................................................................57

141

СПОЗНАЈ И ЉУБИ

Си ја будам љубовта во себе кога и да сакам............................................................60

Зборовите кои не се кажуваат....................................................................................62

Таа бара трон.................................................................................................................64

Таа ме храни...................................................................................................................66

Таа ми се привидува.....................................................................................................68

Таа спие..........................................................................................................................70

Таа е ледина....................................................................................................................72

Спознај и љуби..............................................................................................................74

МИРНИ ДНИ ВО ПРИШТИНА

I.........................................................................................................................................78

II.......................................................................................................................................79

III......................................................................................................................................80

IV......................................................................................................................................81

V.......................................................................................................................................82

ЗИМА И ДРУГИ ГОДИШНИ ВРЕМИЊА

I.........................................................................................................................................86

II.......................................................................................................................................87

III......................................................................................................................................88

IV......................................................................................................................................89

Разочарување под палтото..........................................................................................90

ЈАЗИКОТ НА НЕШТАТА

Железниот кревет.........................................................................................................94

Креда...............................................................................................................................96

Трафика .........................................................................................................................98

Јазикот на нештата.....................................................................................................100

142

ЕПИСТУЛА СО ОМАЖ НА КРАЈОТ

Писмо до татко ми.....................................................................................................104

Писмо до мајка ми......................................................................................................106

Писмо до Љуље...........................................................................................................108

Писмо до син ми.........................................................................................................110

Молитва за Љуље........................................................................................................112

Омаж за татко ми.......................................................................................................114

МОЕТО САФАРИ

Прозаична песна..........................................................................................................118

Терсене поет................................................................................................................120

Писмо до уредникот...................................................................................................122

Жената на поетот.......................................................................................................124

Живот на вертикала...................................................................................................126

Red dreams....................................................................................................................127

Носорог.........................................................................................................................128

Бик.................................................................................................................................130

Есен е.............................................................................................................................131

Поинаков глас..............................................................................................................132

143

144

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!