Прилог со рецепти

reptilremote

ПРИЛОГ СО

РЕЦЕПТИ


Ролнички со

готови кори

Состојки

Состојки

повеќе лица

500g кори

4 јајца Супер јајце

400ml јогурт Суташ

150ml масло Дијамант

1 пециво

Фил:

2 пак. Топенос сирење Маестро

150g маслинки Принцип

Сусам

300 денари

Подготовка

Во длабок сад изматете ги јајцата , јогуртот ,

маслото и пецивото. Земете една кора ,

премачкајте ја со две лажици од смесата ,

преклопете ја на половина и повторно

премачкајте со две лажици од смесата.Едно парче

зденка пресечете го на половина, ставете го на

крајот од кората,едно до друго по должина,

додајте неколку исецкани маслинки .Потоа

страните завиткајте ги кон внатре и завиткајте како

ролат. Ставете ја ролничката во плех обложен со

хартија за печење , премачкајте одозгора од

смесата и наросете сусам. Постапката повторете ја

додека имате состојки.Печете во загреана рерна

околу 30 минути. Послужете ги додека се топли.


повеќе лица

190 денари

Шпагети со

сос од печурки

Состојки

Состојки

500g шпагети Дивела

1 главица кромид

Лук во прав Хармони

500g шампињони свежи

2 коцки за супа Маги

3 лажици брашно

Сол, бибер , магдонос, кора од лимон

Масло Дијамант

Подготовка

Во тава со загреано масло , ставете го кромидот

да се пржи на тивко. Додајте го брашното и

мешајте . Во меѓувреме ставетe ги коцките за

супа во 1 литар вода да се растопат. Од готовиот

бујон додавајте постепено во кромидот кој се

пржи со брашното со постојано мешање да

нема грутки.Потоа додајте ги исечканите

шампињони и оставете да врие на тивко околу

7-8 минути. Додајте сол, бибер , изрендана кора

од лимон, лук во прав. Шпагетите сварете ги

според упатството , исцедете ги од водата и

прелијте ги со готовиот сос .Одозгора наросете

со исечкан свеж магдонос.


Торта од

палачинки

Состојки

Состојки

3 јајца Супер јајце

300ml млеко Битолско

500g брашно Жито Лукс

Масло Дијамант

Фил: 500g шунка Екстра Меин

300g кашкавал Осоговски

3 јајца Супер јајце

Кисели краставички Подравка

500ml павлака Зот

100g урда Осоговска

Подготовка

Во длабок сад изматете ги јајцата, млекото

брашното и малку масло. По потреба додајте

брашно или млеко, ако е премногу течна или

густа смесата. Пржете ги палачинките во

нелеплива тава со малку масло.

Фил:

Ставете палачинка во чинија за сервирање и

премачкајте ја со претходно измешаната павлака

со удра ,малку изрендајте варено јајце и кисела

краставичка, потоа наредете кругови шунка, тенки

листови кашкавал.Постапката повторете ја додека

имате состојки .На крај премачкајте само со

павлака и декорирајте по желба.

повеќе лица

440 денари


4 лица

570 денари

Крем салата со

ракчиња

Состојки

Состојки

400g ракчиња Метро

3 компири

1 главица кромид

4 јајца

200g ајдамер Еко Шар

2-3 свежи пиперки

400g мајонез Полимарк

Сол, бибер

Подготовка

На загреано масло запржете ги ракчињата,

потоа тргнете ги на страна , да се оладат.

Кромидот ,кашкавалот, пиперките и јајцата

исецкајте ги со средна големина,потоа

промешајте ги. Одозгора изрендајте ги

претходно сварените компири , мајонезот ,

ракчињата , сол, бибер и промешајте да се

спојат состојките. Сервирајте по желба.


Пита

со мелено месо

Состојки

Состојки

Тесто:

5 јајца Супер јајце

150ml масло Дијамант

700ml јогурт Збрегов

700g брашно Жито Лукс

1 пециво Витаминка,

Сол

Фил: 500g мелено месо

1 главица кромид

Сол, бибер, буковец

Прелив:

2 јајца Супер јајце

300ml јогурт Збрегов

сол

Подготовка

Во тава со загреано масло испржете го претходно

исечканиот кромид, запржете го и додајте го

меленото месо.Додајте сол, бибер, буковец и

пржете на тивко.Потоа тргнете го на страна да се

лади.Во друг сад изматете ги јајцата, додајте сол,

масло , јогурт, пециво и на крај брашното. Оваа

смеса ставете ја во тава за печење , претходно

премачкана со масло. Врз смесата ставете го

меленото месо и распоредете го рамномерно. На

крај прелијте со изматените јајца со јогурт. Печете

во загреана рерна околу 40 минути. Сервирајте

додека е топло.

повеќе лица

330 денари


4 лица

380 денари

Ќофтиња

во тава

Состојки

Состојки

600g мелено месо

1 главица кромид

Зачин Вегета, сол

5-6 компири

250g ајдамер Еко Шар

Масло Дијамант,

150ml Томатело

5 јајца Супер јајце,

200ml јогурт Збргов

Подготовка

Кромидот исечкајте го ситно, додајте го во

меленото месо, ставете сол, бибер, зачин и

формирајте мали ќофтенца.Пржете ги на

загреано масло и редете ги во тава за

печење.Компирите сварете ги и исечкајте ги на

покрупни коцки и редете ги во тавата помеѓу

ќофтињата.Одозгора ставете го томателото, а

потоа прелијте со претходно изматените јајца со

јогурт.Тавата ставете ја во загреана рерна и

печете околу15-20 минути, потоа одозгора

ставте го изренданиот кашкавал и повторно

вратете во рерна уште 10-тина минути.




Мусака со пилешко

и печурки

Состојки

Состојки

1kg пилешки стек Перутнина

1,5 кg компири

250g шампињони свежи

200ml павлака Зот

200g кашкавал Осоговски

2 јајца Супер јајце

Сенф Полимарк

Сол, бибер, зачин Вегета

Масло Дијамант

повеќе лица

500 денари

Подготовка

Стекот исечете го на тенки листови, ставете сол,

бибер, зачин и малку масло.Премачкајте со сенф и

оставете ги неколку часа во фрижидер.

Тавата во која ќе печете премачкајте ја со масло.

Наредете кругови од компири , малку сол, па

ставете ги тенко исечените парчиња стек.Одозгора

ставете ги шампињоните исечени на

листови.Попрскајте малку масло, сол, бибер зачин

и ставете малку вода , околу половина

чаша.Покријте ја тавата со фолија и ставете да се

пече во загреана рерна околу 45 минути.Потоа

извадете ја фолијата, прелијте ги претходно

изматените јајца со павлаката, и одозгора ставете

го изренданиот кашкавал.Вратете ја тавата

повторно во рерна уште 10-тина минути или

додека да добие убава боја.


4 лица

500 денари

Полнети

шницли

Состојки

Состојки

Состојки:

4 поголеми шницли

100g шунка Екстра Меин

150g ајдамер Еко Шар

200g шампињони

200ml павлака Зот

Зачин Вегата,

Оригано

Сол, бибер

За похување:2 јајца Супер јајце

Неколку лажици брашно,

неколку лажици презла Сончева долина

450g златна мешавина Фриком

Подготовка

Шунката, кашкавалот и печурките исечкајте ги

ситно, а потоа помешајте ги со павлаката и

додајте оригано.

Шницлите добро исчукајте ги и наросете сол,

зачин и бибер.На секоја шницла ставете од

подготвениот фил, потоа страните завиткајте ги

кон внатре и завиткајте како ролат. Ролованите

шницли извалјакте ги прво во брашно, потоа во

изматените јајце и на крај во презлата со сусам.

Пржете ги во загреано масло и вртете ги од сите

страни додека да добиат убава румена боја.

Златната мешавина обарете ја малку и

сервирајте ја како прилог до шницлите


повеќе лица

630 денари

Розен

штангли

Состојки

Состојки

1 пак.Розен кори

450g шеќер

350ml вода

250g путер Олденбургер

200g чоколада Менаж

200g бисквити Краш

200g лешници Дариана

2 портокали

Глазура:

150g чоколада Менаж

100ml слатка павлака Халта

Подготовка

Во сад на оган , ставете ги водата и шеќерот да

повријат неколку минути. Потоа тргнете на страна и

додајте го путерот и чоколадата да се

растопат.Портокалите предходно ставете ги во

замрзнувач и изрендајте ги ситно и додајте ги во

смесата. Додајте ги мелените лешници и мелените

бисквити. Измешајте го добро филот и премачкајте

ги корите. Врз последната кора не ставајте фил,

ставете тежок предмет за да се соеднинат корите.

Оставете да одстои околу 2 часа , а потоа растопете

ја чоколадата со слатката павлака и прелијте ја

одозгора глазурата.


Чоколаден

десерт

Состојки

Состојки

Основа:

Lorem 300g урмиipsum

200g овесни снегулки Натура

50g путер од кикирики Меџик

5 лажици какао Краш

15 лажици вода

Фил:

500ml кокосово млеко Алпро

200g урми

5 лажици какако Краш

100g чоколада Менаж

100g путер од кикирики Меџик

Подготовка

пивеќе лица

340 денари

Во зовриена вода ставете ги урмите да отстојат. Во

блендер ставете ги овесните снегулки, путерот од

кикирики , какаото, урмите заедно со неколку лажици од

водата . Блендирајте ги состојките и смесата која ќе ја

добиете ќе биде малку леплива.Ставете ја во калап

обложен со хартија и распоредете ја како основа на

колачот.

Фил: Млекото од кокос ставете го на оган да зоврие ,

тргнете го на страна и во него ставете ги урмите, какаото,

чоколадата и путерот од кикирики. Промешајте и со

помош на рачен блендер измиксирајте го филот.Ставете

го врз основата и оставете го во фрижидер неколку часа .


повеќе лица

370 денари

Трилече

Состојки

Состојки

6 јајца Супер јајце

300g шеќер

2 ванили

1 пециво

300g брашно Жито Лукс

Прелив :

1l млеко Битолско

1l слатка павлака Халта

250ml млеко за кафе

Фарситура Карамел Ким 500g

Подготовка

Во длабок сад изматете ги белките заедно

со шеќерот во цврста пена.Потоа додајте

ги жолчките, ванилите, пецивото и

брашното. Смесата ставете ја во тава и

печете во загреана рерна околу 25 минути.

Во друг сад измешајте ги трите видови на

млеко. Ладното тесто извадете го од тавата

и во неа ставете половина од измешаните

видови млеко. Вратете го тестото во тавата

со течност и одозгора ставете ја останатата

мешавина на млеко.Оставете го неколку

часа да се впие целата течност , а потоа

премачкајте со готовиот карамел.


More magazines by this user
Similar magazines