ПРИЛОГ СО РЕЦЕПТИ

reptilremote

ПРИЛОГ СО

РЕЦЕПТИ


Освежителна

салата

Состојки

Состојки

2 свежи краставици

4 домати

1-2 пиперки

4-5 млади кромидчиња

1 младо лукче

4-5 ротквици

повеќе лица

350 денари

Прелив:400ml павлака Зот

100ml мајонез Полимарк

2 лажици маслиново масло Санса

1-2 лажички балсамико Аква Дејон

500g сирење Осоговско

Подготовка

Краставицата, доматите, пиперките се сецкаат на

мали коцки, a лукот, кромидот и ротквицата на

мали кругчиња. Се посолува и се става во сад за

сервирање. Во посебен сад се подготвува

преливот. Се меша павлаката со мајонезот,

маслиновото масло и балзамикото. Се преливаат

исецканите состојки и одозгора се ренда

сирењето. По желба се декорира.


повеќе лица

280 денари

Мафини

Состојки

Состојки

5 јајца Супер јајце

1 прашок за пециво Витаминка

150ml млеко Битолско

250ml павлака Зот

200g печурки Шампињони

200g сланина ПКБ

200g ајдамер Еко Шар

Подготовка

Во длабок сад измaтете ги јајцата, прашокот за

пециво, млекото и павлаката. Калапите за

мафини премачкајте ги со малку масло и

наполнете ги до половина со претходно ситно

исецканите печурки, сланината и кашкавалот.

Потоа прелијте ги со изматената смеса од јајца,

млеко и павлака. Калапите не ги полнете до

горе за да има место мафините да нараснат.

Печете ги во загреана рерна, околу 20 минути.


Панцероти

Состојки

4 јајца Супер јајце

1 квасец

Сол, шеќер

800g брашно Жито Лукс

250ml јогурт Збрегов

300g кашкавал кравји Еко Шар

500g месо свинско

Масло Дијамант

2 главици кромид

1 чаша бело вино

Сол, зачин Вегата

1 кисело млеко Шипка

250g млад кајмак Мегле

Подготовка

Квасецот се меша со 2-3 лажички брашно, малку

шеќер и млака вода. Кога ќе стаса квасецот се

замесува со брашното.Потоа се додаваат јајцата,

солта и јогуртот. Се замесува помеко тесто, се

расукува кора и со помош на калап се прават

форми, кои се полнат со ладен фил.

Фил: Свинското месо, исецкано на мали парчиња

се динста со 1 чаша бело вино, се додава масло,

сецкан кромид и зачин.Откако ќе се олади филот,

се додаваат кајмакот и ренданиот кашкавал. Вака

наполнетите панцероти, се пржат во загреано

масло.Се служат со кисело млеко.

повеќе лица

480 денари


4 лица

300 денари

Ориз со шунка

Состојки

Состојки

500g ориз Сончева Долина

350g кравјо сирење Осоговско

младо кромидче

300g шунка Екстра Меин

1 коцка за супа Маги

Путер Олденбург

Подготовка

Коцката за супа растворете ја во 1 литар вода.

Потоа додадете го оризот и заедно варете

додека оризот не биде готов. Во длабок сад

измешајте го сварениот и исцеден ориз,

сецканата шунка, сирењето и претходно

пропржените млади кромидчиња.

Измешаната смеса прелијте ја со водата во која

го варевте оризот и префрлете во огноотпорна

тава намачкана со убав слој путер. Печете во

загреана рерна и сервирајте по желба.


Ролат

со омлет

Состојки

Состојки

Тесто:

7 Јајца Супер јајце

150g Пршут Далматико

100ml Масло Дијамант

200g Кашкавал Еко Шар

250g печурки Шампињони

малку сол, бибер

малку магдонос

1 младо лукче

повеќе лица

260 денари

Подготовка

Во тава со загреано масло пропржете ги печурките

исечени на ленти, лукот и магдоносот, па потоа

додајте сол и бибер. Во длабок сад изматете ги

јајцата и додајте ги на печурките. Смесата ставете

ја во голема тава со загреано масло и испржете го

омлетот без мешање. Потоа префрлете го на

хартија за печење. Прекријте го омлетот со тенко

исечената пршута и кашкавал, па завиткајте го во

ролат со помош на хартијата. Оставете го во

фрижидер добро да се олади, а потоа сервирајте

по желба.


повеќе лица

520 денари

Пита со

пилешко

Состојки

Состојки

4 јајца Супер јајцe

500g печурки Шампињони

500g кори за пита, 200ml бело вино

500g Пилешки стек Перутнина

200ml газирана вода Горска

1 чешне лук, 1 главица кромид

800g кисела павлака Зот

2-лажици брашно Жито Лукс

200ml павлака за готвење Халта

Црн бибер,1 лажица црвен пипер Алева

Малку сол

Подготовка

Во тава со загреано масло малку продинстајте го ситно

сецканиот кромид, па додадете ги исецканите

шампињони. Кога и тие малку ќе се продинстаат,

додадете го ситно исецканиот лук, и виното. Оставете

на оган 10-ина минути додека виното не испари, па

додадете ја павлаката за готвење. Промешајте со

брашно и оставете 1-2 минути. Во друг сад на малку

масло продинстајте го меленото пилешко месо,

посолете, додадете црвен пипер, па оставете нека се

динста десетина минути. Кога ќе се олади месото,

додадете половина од киселата павлака измешана со

едно јајце. Во тепсија премачкана со масло, ставете три

кори секоја попрскани со масло, па ставете од смесата

со шампињони, прекријте со три кори попрскани со

масло, па смесата од пилешко. Редете по три кори и

наизменично од двата фила.

На крајот прекријте со две кори. Питата исечете ја на

квадрати, па прелијтеја со претходно изматени 3 јајца

и останатата кисела павлака со минералната вода.


Панга

со зеленчук

Состојки

Состојки

700g панга филети Метро

3-4 компири

1 златна мешавина Фриком

Маслиново масло Санса

Лук во прав Хамони

Рузмарин Хармони

Зачин Вегета

Малку сол

4 лица

300 денари

Подготовка

Исечкајте ја пангата на парчиња. Компирите

исецкајте ги поголеми на коцки и заедно со

мешавината и исецканата панга ставете ги во кеса

за печење. Зачините измешајте ги со маслиново

масло и ставете ги во кесата. Затворете ја кесата и

убаво протресете ја.

Печете 45 минути на 220 степени во добро

загреана рерна. Сервирајте веднаш.



Тавче гравче со

ќофтиња

Состојки

300g грав Дариана

Зачин Вегета

Црвен пипер Алева

1 главица кромид ,

1 морков

Сува везена пиперка Сика

Сол

Буковец , лук, магдонос

Брашно,

Масло Дијамант

За кофтиња:

500g мелено месо

Фант за ќофтиња

150ml вода

Подготовка

Гравчето се вари на тивко, со една главица ситно

исецкан кромид, исецкан морков и везена

пиперка. Додека се вари гравчето се подготвуваат

ќофтињата. Во 150ml млака вода се става фантот,

се промешува и се остава да отстои неколку

минути. Потоа се додава меленото месо и се

добро се промешува. Се формираат ќофтиња и се

пржат во врело масло.

Кога ќе се свари гравчето, се префрла во тава во

која ќе се пече со дел од течноста . Се додава

сецканото лукче, магдонос, зачин буковец, сол,

масло, брашно и црвен пипер.

Испржените ќофтиња , ставете ги врз гравчето и

печете околу 45 минути на 200 степени .

4 лица

300 денари


повеќе лица

300 денари

Шарлота

Состојки

Состојки

7 јајца Супер јајце

14 лажици шеќер

100g брашно Жито Лукс

1 пециво

300ml млеко Битолско

За фил:

1l Млеко Битолско

150g Шеќер во прав

250g Маргарин Дијамант

5 лажици густин

2 пудинга од ванила Подравка

500ml Слатка павлака Халта

Подготовка

Во длабок сад измaтете ги белките со шеќерот

во цврста пена, додадете го брашното и

пецивото. Смесата ставете ја во плех обложен со

хартија и печете го во загреана рерна. Откако ќе

се испече тестото се остава да се олади, се става

во садот на кој ќе ја сервирате тортата и се

попрскува со 300ml топло млеко.

Фил: Во еден сад разматете ги жолчките со

двата пудинга и густинот. Добро измешајте го со

малку млеко и ставете го да се вари со остатокот

од млекото за да стане како крем. Во друг сад,

изматете го маргаринот со шеќерот во прав и

додадете го во оладениот крем. Филот ставете

го врз тестото, а од горе декорирајте со

претходно изматена слатка павлака.


Летен

колач

Состојки

1l млеко Битолско

300g шеќер

250g маргарин Дијамант

200g гриз

2 лажици какао Краш

1 ванила

сок од лимон

400g Плазма

повеќе лица

280 денари

Подготовка

Во сад на оган, ставете го млекото заедно со

шеќерот да се вари. Додадете го маргаринот и

мешајте постепено додека да се стопи. Потоа

додадете го гризот и со постојано мешање варете

на тивко додека да добиете густа смеса. Кога ќе се

свари гризот, смесата поделете ја на два дела. Во

едниот дел ставете го какаото, а во другиот сокот

од лимон и ванилата.

Во правоаголна тава ставете еден ред плазма, па

врз нив кафеавиот дел, па повторно ред бисквити,

па белиот дел и на крај завршете со ред плазма.

Колачот ставете го во фрижидер да се олади и

послужете го ладен .


повеќе лица

450 денари

Капри

торта

Состојки

Состојки

10 јајца Супер јајце

450g шеќер

4 ќесички ванилин шеќер

60g густин

500ml млеко Битолско

250g маргарин Дијамант

150g шеќер во прав

600g јагоди

3 ќесички пудинг од ванила Подравка

1 кесичка пудинг од јагода

200g чоколадо за готвење Менаж

4 кесички шлаг Подравка

Подготовка

Со миксер изматете ги белките додека не добиете пенаста

смеса, а потоа постепено додавајте го шеќерот. Рерната

загрејте ја на 150 степени. Тавата обложете ја со хартија за

печење и ставете ги изматените белки да се печат во

загреана рерна на тивко.Чоколаден прелив: Растопете го

чоколадото за готвење и прелијте го врз испечената кора

од белки. Оставете да се олади и ставете ја во фрижидер.

Фил 1: Жолчките изматете ги со миксер со 100g шеќер,

додадeтe го ванилиниот шеќер, густинот и 1 пудинг од

ванила. Зaгрејте пола литар млеко и постепено во него

додавајте ги жолчките, со постојано мешање. Оставете го

филот да се олади. Со миксер изматете го маргаринот,

постепено додавајте го шеќерот во прав, а потоа и

оладениот фил со жолчки.

Фил 2: Во сад за готвење ставете 1 чаша вода и 200g

шеќер. Остaветеги да повријат и додадете ги јагодите.

Кога ќе зовријат додадете 2 ќесички пудинг од ванила и 1

ќесичка пудинг од јагода (измешани со малку вода).

Оставете го филот да се олади.Откога кората и филовите ќе

се оладат, започнете со филување. На кората прво се

нанесува жолтиот фил, па црвениот, а најгоре се става

шлагот. Декорирајте со јагоди.


Домашен

сладолед

Состојки

Состојки

Lorem ipsum

5 јајца Супер јајце

150g шеќер

1 кесичка ванилин шеќер

3 кесички шлаг пена Подравка

400ml млеко(ладно) Битолско

1 млечно чоколадо Милка

Малку лешници Дариана

пивеќе лица

210 денари

Подготовка

Во сад, погоден зa на пареа, се матат јајцата заедно со

шеќерот и ванилата, се додека смесата не стане густа.

Садот се префрла на пареа и со постојано мешање, се

готви додека зоврие. Смесата се дели на два дела. Во

едната половина се става млeчното чоколадо и се меша

се додека не се растопи. Двете смеси се оставаат

настрана да се оладат.

Во поголем сад, шлаг пените се матат со млекото и во нив

се додава белата смеса од јајца, а потоа и смесата со

чоколадо. Сладоледот се префрла во пластичен сад за

замрзнување и се остава во ладилник се додека

комплетно не се замрзне. Сервирајте го со рендана

чоколада и цели лешници.


4 лица

Освежителен

пијалок

Состојки

Состојки

220 денари

1 чаша замрзнато црвено овошје Фриком

1 чаша сладолед од ванила Фриком

1 чаша сладолед од чоколада Фриком

2 чаши млеко ИМБ

100g Млечна чоколада Милка

Подготовка

Замрзнатото овошје, ставете го во бледнер

и добро измиксирајте го. Потоа додадете

го сладоледот од ванила и чоколада,

малку промешајте и на крај додадете го

млекото.

Во чашите ставете коцки мраз и ставете од

пијалокот. Одозгора изрендајте од

чоколадата и послужете.


More magazines by this user
Similar magazines