КАТАЛОГ

reptilremote

Прилог со рецепти


Проја

Состојки

Состојки

20 лажици овесни снегулки

( иситнети во блендер)

5 јајца Супер јајце

4 лажици маслиновo масло Санса

200g урда Осоговска

400ml јогурт Суташ

150g спанаќ Фриком

1 прашак за пециво

ким за декорација

повеќе лица

150 денари

Подготовка

Јајцата се матат убаво, па се додаваат јогуртот и

маслиновото масло. Потоа се додаваат овесните

снегулки, спанаќот,урдата и прашакот за пециво.

Откога убаво ќе се измеша, смесата треба да биде

леплива. Се префрла во сад за печење обложен со

хартија и одозгора се наросува со ким. Се пече на

220 степени додека да добие убава боја . Пред да

се извади од садот во кој се пече се остава да

одмори, па се сервира изладена.


повеќе лица

440 денари

Потпечени солени

палачинки

Состојки

3 јајца Супер јајце

сол

250g брашно Жито лукс

1 прашак за пециво

6 лажици масло Дијамант

600ml млеко Битолскo

За бешамел сос:

- 2 лажици брашно Жито лукс

- 20g путер Олденбург

- 20ml масло Дијамант

- 500ml млеко Битолско

За фил:

- 350g шунка Екстра Меин

- 350g кашкавал Еко Шар

- 200g сирење Еко Шар

Подготовка

За палачинки: Јајцата убаво се матат заедно со

маслото и млекото, па се додаваат сувите состојки

брашното, пецивото и солта. Кога смесата убаво ќе се

соедини се печат палачинките на вообичаен начин.

За бешамел сос: Во подлабок сад се загреваат путерот

и маслото, па се додава брашното. Се промешува и

кога брашното ќе почне да добива румена боја, со

постојано мешање полека се додава млекото додека

сосот не се згусне. Се мешаат шунката, кашкавалот и

сирењето претходно исецкани на коцки. Секоја

палачинка прво се премачкува со бешамел сосот, па се

филува со шунката, кашкавалот и сирењето и се витка

од сите страни како ролат. Готовите ролати се редат во

подмачкано тавче, од горе се додава преостанатиот

бешамел сос и се потпекуваат додека дадобијат убава

румена боја.


Резанци

со туна

Состојки

350g резанци Гранде

1 конзерва сецкана туна Бадуко

1 тиквица

1 главица кромид

сол

црн пипер

останати зачини по желба

Маслиново масло по потреба Санса

Подготовка

4 лица

170 денари

Резанците се варат според упатството, се цедат и

се оставват настрана да се оладат додека се

подготвува филот.

Кромидот и тиквицата се сецкаат на ленти и се

пропржуваат во тава на маслиново масло. Се

додаваат резанците, туната, зачините . Сите

состојки убаво се мешаат и се сервираат топли. Се

декорира со копар.


повеќе лица

340 денари

Пица ролати

со готови кори

Состојки

Состојки

500g тенки готови кори

250g шунка Екстра Меин

250g кашкавал Еко Шар

200g печурки (саламурени)Шампињони

Кечап Полимарк

оригано

сусам за декорација

Течност за премачкување на корите:

250ml газирана вода Горска

70ml масло Дијамант

1 прашак за пециво

Подготовка

Тавата во која ќе се печат ролатите се намрсува

со масло. Шунката, кашкавалот и печурките се

сецкаат на коцки. За секој ролат се потребни по

2 кори.

Секоја кора се премачкува со течноста. На

втората кора се става кечап, оригано, шунката,

кашкавалот и печурките. Вака подготвените 2

кори се виткаат во ролат и редат во тавата за

печење.Постапката се повторува додека не се

потрошат сите кори. На крај ролатите во тавата

се сечат, се прскаат со преостанатата течност, се

наросува сусам и се печат 40 минути на 200

степени.


Ќофтиња

во тава

Состојки

Состојки

5-6 компири со средна големина

За ќофтиња: 500g мелено месо

1 главица кромид

200g Кашкавал Еко Шар

Пола китка магдонос

Сол, црн пипер

За бешамел: 2 лажици брашно Жито Лукс

20g путер Олденбург

20ml масло Дијамант

500ml млеко Битолско

Подготовка

За ќофтиња:Во меленото месо се додаваат ситно

сецканиот кромид, магдоносот и зачините и се меси

додека не се добие хомогена смеса. Од смесата се прават

ќофтиња со средна големина.

За бешамел сос: Во подлабок сад се загреваат путерот и

маслото, па се додава брашното. Се промешува и кога

брашното ќе почне да добива румена боја, со постојано

мешање полека се додава млекото додека сосот не се

згусне. Компирите се лупат и се проваруваат малку да

омекнат, па се сечат на кругови. Тавата за печење се

намрсува со масло и круговите компири се редат на

дното и од страна на тавата. Во средината се редат

ќофтињата, а меѓу нив се додава по еден круг компир за

да не се допираат. Кога ќе се наполни тавата се прелева

со бешамел сосот, од горе се наросува кашкавалот и се

пече во загреана рерна 40 минути на 200 степени.

4 лица

340 денари


4 лица

440 денари

Полнети пилешки

ролати

Состојки

Состојки

1kg пилешки стек Цекин

500g свежи печурки Шампињони

1-2 моркови со средна големина

1-2 главици кромид

500ml Томатело

Зачини по желба

Подготовка

Стекот се сече на парчиња по должина и се чука

со чекан за месо за малку да омекне. Се

наросуваат зачините и месото се остава малку

во фрижидер.

Во меѓувреме се сецкаат кромидот, морковите и

печурките и се пржат на загреано масло.

Стековите се полнат со зеленчукот и се редат во

тава за печење со малку вода и масло. Се печат

во загреана рерна на 250 степени. Пред да

бидат готови се додава томателото и тавата се

враќа во рерна уште 10-15 минути.


Салата

од ориз

Состојки

Состојки

500g телешко месо

1 шолја ориз Сончева долина

1 средна главица црвен кромид

Ловоров лист

сол и црн пипер по желба

лимон

масло Дијамант

магдонос за декорација

4 лица

280 денари

Подготовка

Телешкото месо се вари подолго време заедно со

ловорот за убаво да омекне. Кога ќе биде готово,

се пропржува во тава заедно со црвениот кромид

и зачините. Оризот се вари на вообичаен начин и

кога ќе биде готов се додава во тавата. Сите

состојки убаво се мешаат. Готовата салата се

сервира ладна со исцеден сок од лимон. Од горе

се наросува магдонос за декорација.



Компири со кремаст

прелив

Состојки

6-7 помали компири

200ml млеко Битолско

1 крем супа Маги

200g печеница Златиборац

1 средна главица кромид

Сол и црн пипер

повеќе лица

200 денари

Подготовка

Компирите се сечат на коцки, се зачинуваат по

желба и се печат во загреана рерна.

Во меѓувреме во тенџере се вари крем супата

според упатството и се додава млекото.

Печеницата се сецка на ленти, и се пржи во тава

заедно со кромидот. Пред да бидат готови

компирите во садот каде што се печат се додаваат

испржениот кромид, печеницата и сварената крем

супа. Сите состојки се мешаат си се оставаат да се

допечат 20-30 минути.


4 лица

440 денари

Јунешки шницли во сос од

зеленчук

Состојки

4 јунешки шницли

2-3 моркови

200g печурки Шампињони

1 супа од печурки Маги

1 коцка за супа Маги

целер

пашканат

1 чаша бело вино

сол, бибер, масло зачин Вегета

Подготовка

Шницлите се чукаат со чекан за месо и се

пропржуват во загреана тава од двете стани. Се

додаваат ловорот и виното и се оставаат

шницлите на оган за да испари алкохолот.

Говедската коцка за супа се вари според

упатството и се додава кај шницлите. Сите

состојки се динстаат заедно околу 2 часа.

Сос од зеленчук

Морковот, печурките, целерот и пашканатот

заедно со зачините се пржат во загреана тава.

Кога ќе бидат готови се прелеваат со веќе

сварената крем супа од печурки. Состојките се

мешаат додека сосот не се згусне.

Шницлите се сервираат во голем тањир и се

прелеваат со сосот од зеленчук.


Тирамису

Состојки

Состојки

1 кутија пишкоти Соко Штарк

1 шолја подготвено Нескафе

За палачинки:3 јајца Супер јајце

250g брашно Жито Лукс

малку сол

1 прашак за пециво

3 лажички масло Дијамант

100-150ml млеко Битолско

150ml газирана вода Горска

1 лажица какао Краш

екстракт од ванила

Маскарпоне крем:150g маскарпоне Збрегов

200ml слатка павлака Халта

100g бело чоколадо

1 лажица шеќер во прав

Подготовка

Најпрво се подготвува маскарпоне кремот.

Маскарпонето се мати со 1 лажица шеќер во прав.

Одделно се мати и слатката павлака. Белото

чоколадо се топи и се додава во павлаката.

Добиениот шлаг лажица по лажица се додава во

маскарпонето и убаво се меша. Кремот се остава

во фрижидер да отстои.

Палачинките се подготвуваат и се печат на

вообичаен начин, а пишкотите една по една се

потопуваат во кафето.

Секоја палачинка се премачкува со изладен крем,

се става пишкота и се витка во ролат.

Готовите ролати се редат во сад и се оставват во

фрижидер да се оладат.

повеќе лица

340 денари


повеќе лица

330 денари

Летен црвено-црн

колач

Состојки

За пандишпан: 6 јајца Супер јајце

6 лажици брашно Жито Лукс

6 лажици шеќер

1 прашак за пециво

1 ванилин шеќер

2 лажици какао Краш

50ml масло Дијамант

100ml млеко Битолско

Црвен фил:1kg мешано црвено овошје Фриком

1 литар вода

100g шеќер

2 пудинзи од ванила Подравка

Шербет

100g шеќер

150g вода

За декорација:250ml слатка павлака Халта

Подготовка

Прво се вари шербетот и се остава да се излади.

За пандишпанот, убаво се матат јајцата со шеќерот и

ванилата, па се додаваат останатите состојки брашното,

пецивото, какаото, маслото и млекото и убаво се мешаат

додека не се добие хомогена смеса. Добиената смеса се

пече во загреана рерна.

Црвеното овошје се вари со водата и со шеќерот малку

за да омекне. На крај се додаваат претходно разматените

пудинзи за смесата да се згусне.

Готовиот пандишпан се прелева со изладениот шербет,

па се додава топлиот фил од овошје. Откога колачаот

убаво ќе се олади се додава слатката павлака, претходо

изматена во шлаг.


Плетенка

со крем

Состојки

Состојки

Lorem ipsum

2 пакетчиња сув квасец Долчела

1 мала лажичка шеќер

500g брашно Жито Лукс

1 чаша млако млеко Битолско

Прстофат сол

50g путер Олденбург

1 ванилин шеќер

1 јајце

400g Нутела

шеќер во прав за декорација

пивеќе лица

290 денари

Подготовка

Сувиот квасец и шеќерот се додаваат во млекото и се

оставаат на страна. Кога ќе се активира квасецот се

додаваат сувите состојки брашното и солта. Смесата

убаво се меша додека не се добие меко тесто. Се меси на

набрашнета површина, па се остава да нарасне. Кога е

нараснато тестото се расукува и се премачкува со

нутелата. Се витка ролат и се остава малку во фрижидер.

Оладениот ролат се сече на половина или на три пати по

должина и се преплетува. Се префрла во сад за печење и

се остава уште еднаш да нарасне. Потоа се пече во

загреана рерна на помала температура околку 30-40

минути додека не порумени. На крај се наросува се шеќер

во прав и се сервира ладен.


повеќе лица

520 денари

Шарени

коцки

Состојки

Состојки

За пандишпан: 4 јајца Супер јајце

4 лажици шеќер

4 лажици брашно Жито Лукс

4 лажици какао Краш

4 лажици толчени ореви

4 лажици масло

1 прашак за пециво

1 ванила

За фил:1 литар млеко Битолско

3 пудинзи од ванила Подравка

1 лажица шеќер

400g Нутела

500ml слатка павлака Халта

За прелив: 200ml чоколадно млеко Битолско

За декорација:

толчени ореви

Подготовка

Најпрво се подготвува пудингот. Прашакот за пудинг

заедно со шеќерот се меша во малку млеко, а

остатокот од млекото се става на оган да се вари.

Разматениот пудинг се префрла во млекото и се меша

додека не се згусне. Пудингот се остава на страна да се

олади. Повремено се меша.Јајцата со шеќерот убаво се

матат, па се додаваат сите суви состојки заедно со

маслото и оревите. Добиената хомогена смеса се

префрла во подмачкан сад за печење и се пече 20тина

минути во загреана рерна. Откога ќе се испече,

пандишпанот се прелева со чоколадното млеко и се

остава да се излади. Во меѓувреме слатката павлака се

мати во шлаг и се дели на половина. Едната половина

се остава на страна, а во другата половина се додава

нутелата. Изладениот пандишпан се филува прво со

чоколадниот фил, па со шлагот од слатката павлака. Од

горе се наросуваат толчени ореви. Колачот се остава во

фрижидер убаво да се олади и се сече на коцки.


More magazines by this user
Similar magazines