Прилог со Рецепти Ноември

reptilremote

Прилог со рецепти


Солен куглов

Состојки

500g брашно Жито Лукс

3 јајца Супер јајце

1 филџан јогурт Збрегов

1 филџан масло Дијамант

2-3 кисели краставички Подравка

1 морков

200g печурки шампињони

200g печеница Златиборац

100g маслинки

1 пециво

3 лажици семки микс (лен, тиква,

сончоглед) сол

Подготовка

Киселите краставички, морковот, шампињоните ,

печеницата и маслинките се сецкаат на поситни

коцки.

Јајцата убаво се матат со малку сол. Се додаваат

маслото и јогуртот. Во брашното се додаваат

пецивото и миксот од семки и сите состојки се

соединуваат. Во смесата се додава и сецканиот

фил. Кугловот се намрсува со масло, и во него се

става смесата за печење. Се пече во загреана

рерна околу 40 минути.

повеќе лица

260 денари


повеќе лица

290 денари

Ролат од готови

кори со мелено месо

Состојки

1 паковање готови кори

500g мелено месо

1 главица кромид

Масло Дијамант, сол, бибер Хармони, црвен пипер

Сика ,сусам, куркума

2 лажици кечап Полимарк

300ml газирана вода Горска

1 кесичка прашак за пециво

1 јајце Супер јајце

Ким за украсување

Подготовка

За прелив:

Киселата вода се меша со 50ml масло и со прашакот за

пециво.

За фил:

Кромидот се пржи заедно со месото и со зачините.

Пред крај се додава кечапот и убаво се промешува.

За секој ролат се потребни по 2 кори.

Корите се премачкуваат со преливот и се додва филот

од месо. Корите се виткаат во ролат и се редат во

намрсена тава за пачење. Постапката се повторува

додека не се потрошат сите кори и филот. Ролатите во

тавата се сечат и се попрскуваат со преостанатиот

прелив.

Пред печење се премачкуваат со изматеното јајце и се

украсуваат со ким.

Се печат во загреана рерна 40-50 минути.


Ракчиња со

авокадо

Состојки

400g исчистени ракчиња Метро

300ml павлака Зот

3 лажици мајонез Полимарк

1 зрело авокадо

Корнишони Подравка

1-2 чешниња лук

1 лажица путер Олденбург

Сок од лимон

Маслиново масло Санса

Сол, бибер

Магдонос за украсување

4 лица

530 денари

Подготовка

Ракчињата со лукчето се пржат на загреаното

маслиново масло додека не испари целата вода.

Потоа се додава путерот, половина сокот од

лимонот и се зачинува со сол и бибер.

Авокадото се пасира и се додава во киселата

павлака заедно со сецканите кисели краставички,

мајонезот и преостанатиот сок од лимонот. Кога

ракчињата ќе се оладат се додаваат во кремот од

авокадо и се украсува со магдонос. Салатата се

сервира ладна.


4 лица

420 денари

Полнети црни

патлиџани

Состојки

Состојки

4 црни патлиџани

600 g мелено месо

1 главица кромид

1 свежа пиперка

2 црвени домати

200g кашкавал Еко Шар

Масло Дијамант

сол, зачин Вегата, бибер Хармони , магдонос

Подготовка

Црните патлиџани се сечат по желба (по

должина или напречно), се наросуваат со сол и

бибер и се стваат во плех обложен со хартија,

кратко да се поптечат.

Во тава на загреано масло се пропржува месото

со претходно исечканиот кромид, пиперка и

домат. Од потпечените патлиџани се вади

средината, се соединува со месото и со така

подготвениот фил се полнат патлиџаните. Од

горе се ренда кашкавал, се зачинуваат со бибер

и магдонос и се печат во загреана

рерна околу 1 час.


Сочни

макарони

Состојки

Состојки

500g макарони Дивела

1 тиквичка

1 домат

1 главица кромид

Масло Дијамант

лукче, кари Хармони , оригано , бибер

Хармони

500ml неутрална павлака Халта

1 павлака Зот

4 лица

230 денари

Подготовка

Макароните се варат според упатството на

паковањето и се оставват да се исцедат.

Во меѓувреме тиквичката, кромидот, лукчето и

доматот се сецкаат на коцки и се пржат во тава на

загреано масло. Се зачинуваат со сол, бибер, кари

и оригано. Состојките се оставаат убаво да се

издинстаат. Се додава неутралната павлака и се

остава уште малку да повари. Филот се додава во

исцедените макарони и убаво се мешаат. Се

оставаат настрана, за убаво да се спојат вкусовите.

Пред сервирање се додаваат и неколку лажици

кисела павлака.


4 лица

380 денари

Редена

тава

Состојки

1 главица кромид

500g мелено месо

Масло Дијамант , сол, бибер Хармони, мешан

зачин Вегета

4 компири

150-200 g кашкавал Eко Шар

3 јајца Супер јајце

1 чаша јогурт Збрегов

1 чаша млеко Битолско

2 чаши Томатело

Подготовка

Кромидот се сецка на ситни коцки, се додава

месото и зачините. Состојките се мешаат (месат)

додека не се добие хомогена смеса од која се

прават поситни ќофтиња.

Компирите се сецкаат на помали коцки и се

проваруваат во солена вода, да не бидат

целосно сварени.

Земјената тава се намрсува со масло, се

распоредува доматното пире, па ред компири,

ред ќофтиња додека не се пополни целата тава.

Тавата се става во рерна да се пече .Пред крај на

печењето , тавата се прелива со изматените

јајца, млеко и јогурт, се редна кашкавалот и се

враќа во рерна да се допече додека не се стопи

кашкавалот и не добие румена боја.


Полнето

пилешко

Состојки

Состојки

4 парчиња пилечки стек Перутнина

400g спанаќ Фриком

150g сирење Осоговско

150g рендан кашкавал Осоговски

Маслиново масло Санса

Зачин Вегета

Лукче, сол

4 лица

520 денари

Подготовка

Пилешкиот стек се засекува од горната страна на

неколку места, се премачкува со маслиново масло

и зачинот , се остава да остстои така околу 1 час.

Во меѓувреме се запржува спанаќот, се додаваат

лукчето и солта, а кога ке омекне спанаќот се

додава и сирењето.

Стекот се реди на хартија за печење, а засеците се

полнат со филот од спанаќ. Се печат во загреана

рерна околу половина час. Пред крај се додава

кашкавалот и тавата се враќа во рерна додека

кашкавалот не се растопи.



Пилешко со

сланина и пире

Состојки

500g пилешки стек Перутнина

250g сланина Екстра Меин

500g свежи шампињони

Бибер и мешан сушен зачин

Масло Дијамант

За пире:

1 kg компири

40g пармезан Форгана

150ml млеко Битолско

3 лажици путер Олденбург

Сол, бибер и зачин

4 лица

500 денари

Подготовка

Излупените компири се варат и се пасираат. Се

додаваат млекото, путерот, зачините и

пармезанот. Пирето треба да биде погусто од

вообичаено.

Стекот и половина од сланината се сечат на коцки

и се пржат во загреано масло.Се додаваат

претходно исечканите и испржени свежи

шампињони . Се додаваат зачините и филот се

остава да се олади малку.

Тавата за печење се премачкува со масло и се

распоредува половина од пирето. Потоа се

распоредува филот од стек , сланина, печурки и

повторно пире. Одозгора се реди преостанатата

сланина и и се пече во загреана рерна околу 30

минути.


4 лица

470 денари

Зимска тава

Состојки

1,5kg праз

1 главица кромид

600g мелено месо

200g доматен сос Томатело

200g павлака Зот

3 јајца Супер јајце

125g моцарела Зотaрела

масло, сол, бибер, магдонос

Подготовка

Празот се чисти и се сече на кругови. Се става во

поголемо тенџере и кратко (околу 10 мин.) се

пропржува на загреано масло, потоа се остава

малку да се олади. Во посебна тава се пржи

главицата кромид, се додава меленото месо,

доматниот сос, солта и биберот.

Една подлабока тава се намрсува со масло, се

распоредува дел од празот и над празот се става

меленото месо. Постапката се повторува додека

не се потрошат состојките, а се завршува со

праз.

Одделно се матат јајцата и киселата павлака и

се прелеваат состојките во тавата. Одозгора се

ставаат парчиња моцарела, се наросува

магдонодот и се пече во загреана рерна околу

20-30 минути.


Свеж колач

Состојки

Состојки

5 јајца Супер јајце

15 лажици шеќер

10 лажици масло Дијамант

1 чаша млеко Битолско

3 чаши брашно Жито Лукс

1 прашак за пециво

2 лажици какао Краш

200g мелени ореви

Прелив :

250ml сок од портокал

Подготовка

повеќе лица

300 денари

Јајцата со шеќерот убаво се матат. Се додаваат

маслото и млекото, па брашното и прашакот за

пециво. Сите состојки убаво се соединуваат во

хомогена смеса. Смесата се дели на два дела. Во

едноит дел се додаваат какаото и мелените ореви.

Тавата за печење се обложува со хартија и се

распоредува белиот дел. Се додава, чоколадниот

дел и благо се промешува, да се добие шарена

смеса. Се пече 40 минути во загреана рерна. Сокот

од портокал, румот и ванилата се мешаат и се

прска испечениот и изладен колач. За глазурата се

растопува чоколадото за готвење со малку масло.


повеќе лица

410 денари

Ролована торта

Состојки

За пандишпан:

2 јајца Супер јајце

2 жолчки

4 лажици шеќер

1 чаша брашно Жито Лукс

1 прашак за пециво

1 ванила

За фил:

400ml слатка павлака Халта

250g маскапоне сирење Згрегов

Овошје по желба

За прелив:

100ml слатка павлака Хлата

100g чоколадо за готвење Менаж

Подготовка

Кога убаво ќе се изматат јајцата со шеќерот се додаваат 2

жолчки и се мешаат. Се додава брашното, прашакот за

пециво и ванилата и се меша во хомогена смеса. Тавата за

печење се обложува со хартија и се истура пандишпанот

да се пече. Кога ќе биде готов се остава да се олади малку,

па заедно со хартијата и со помош на крпа се витка во

ролат. Така завиткан се остава да отстои. За филот се мати

слатката павлака со маскапоне сирењето во цврст шлаг.

Пандишпанот се одвиткува од крпата и се филува. Над

пандишпанот се мачка шлагот со маскапоне сирењето и

од горе се реди овошјето. Повторно се витка ролат и се

остава да се стегне. За прелив се топи чоколадото за

готвење со слатката павлака. Кога ролатот ќе биде

целосно оладен и стегнат се прелева со истопеното

чоколадо.


Кафе

колач

Состојки

Состојки

2 јајца Супер јајце

4 лажици Lorem шеќер ipsum

1 ванила

5 лажици млеко Битолско

3 лажици масло Дијамамант

200g мелени ореви

5 лажици брашно

1 пециво

пивеќе лица

240 денари

Прв фил:

70 ml млака вода

1 лажица Нескафе

1 лажица рум

Втор фил:

100g чоколадо Менаж

50g мелени ореви

Подготовка

Јајцата се матат со шеќерот, се додава ванилата, млекото,

маслото, мелените ореви, брашното и пецивото .

Сите состојки се соединуваат.

Тавата за печење се обложува со хартија

и се распоредува смесата.

Се пече 20 минути на 200 степени. Готовиот топол колач

се прелева со филот од нес кафе. Вториот фил се прелева

на оладен колач откога ќе се растопи чоколадото. Се

украсува со мелени ореви.


повеќе лица

Тикварник

Состојки

Состојки

100 денари

1 kg тиква

2 јајца Супер јајце

1 чаша шеќер

Пола чаша млеко Битолско

1 чаша брашно Жито Лукс

2 лажици шеќер во прав

1 ванила

Подготовка

Тиквата се лупи и се вари додека убаво да

омекне, а потоа се додаваат 2 лажици

шеќер во прав и се блендира. Јајцата се

матат со шеќерот, млекото и брашното, па

се додава тиквата. Се пече во намрсена и

набрашнета тава на 200 степени додека не

почне да се одделува од тавчето.

Колачот се служи оладен, а се украсува по

желба.


More magazines by this user
Similar magazines