09.11.2022 Views

Binder11

  • No tags were found...

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Прилог со рецепти


Солени коцки

Состојки

3 тиквици

4 јајца Супер јајце

200ml павлака Зот

150g брашно Бианко

4 лажици пченкарно брашно

1 пециво

200g сирење Еко шар

200g шунка Пик

Сол, сусам

повеќе лица

320 денари

Подготовка

Тиквиците изрендајте ги, додајте сол,

промешајте и добро исцедете ги од водата.

Потоа додајте ги издробеното сирење,

исечканата шунка и сите останати состојки.

Измешајте ја добро смесата и ставете ја во

намрсена тава. Одозгора наросете сусам и

ставете да се пече во загреана

рерна околу 30 минути.

Исечете ја на коцки и послужете со павлака.


повеќе лица

400 денари

Полнети путер

перничиња

Состојки

450ml млеко Битолско

200ml масло Дијамант

1 лажица шеќер

1 лажица сол

1 квасец сув

800g брашно Бианко

150g путер Олденбург

200g сусам Сончева долина

350g кашкавал Осоговски

Подготовка

Во длабок сад ставете го загреаното млеко, додајте

го квасецот и шеќерот и оставете го малку да стаса.

Потоа додајте сол, масло и брашно. Замесете го

добро тестото и оставете го да надојде.

Кога ќе стаса тестото, поделете го на 15 топчиња.

Секое топче расукајте го, ставете рендан кашкавал и

преклопете го на половина. Од страните добро

притиснете за да не се отворат. Потоа потопете ги во

претходно растопениот путер и извлкајте ги во

сусам. Ставете ги во плех обложен со хартија и

оставете ги повторно да стасаат. Пред печење со

остар нож малку засечете ги одозгора. Печете ги во

загреана рерна додека да заруменат.

.


Пирошки

Состојки

1 kg брашно Бианко

400ml млеко Битолско

150ml јогурт Збрегов

1 квасец

1 лажичка сол

2 лажици шеќер

2 жолчки Супер јајце

100ml масло Дијамант

Фил:

250g шунка Пик

250g кашкавал Осоговски

150ml кечап Полимарк

За похување : 2 белки, 200g лебни трошки

Масло за пржење

Подготовка

Во длабок сад ставете го квасецот со сол и шеќер,

прелијте го со топло млеко и оставете го да стаса.

Кога ќе стаса додајте ги останатите состојки и

замесете го тестото. Добро измесеното тесто

покријте го со крпа и оставете го да нарасне.

Во посебен сад измешајте ги изренданите шунка и

кашкавал, заедно со кечапот.

Од стасаното тесто, расукајте кора, исечете ја на

квадрати и на секој од нив ставате од филот.

Завиткајте ги пирошките и од страна малку

притиснете за да не излезе филот. Потоа валкајте ги

во белка и презла. Пржете ги во загреано масло и

ставете ги на хартија за да се впие маснотијата.

повеќе лица

440 денари


4 лица

680 денари

Мусака

од колбаси

Состојки

1,5kg компири

600g колбаси Крањски Екстра меин

1 врзоп праз

200g сирење Еко шар

300g кашкавал Осоговски

200ml павлака Зот

3 домати

Пармезан

Сол, зачин, бибер

Масло Дијамант

Подготовка

Во тава со загреано масло ставете ги исечканите

колбаси на кругови да се пржат. Потоа додајте ги

исчеканиот праз и пржете околку десетина минути.

Ставете сол, зачин и бибер и тргнете ги на страна.

Компирите сварете ги и исечете ги на кругови, а

потоа во тавата во која ќе печете наредете половина

од компирите. Одозгора ставете ги пржените

колбаси со праз, потоа изрендајте го сирењето, па

кашкавалот, премачкајте со павлаката и на крај

наредете ги останатите компири. Доматите исечете

ги на кругови и ставете ги врз компирите и наросете

пармезан. Покријте ја тавата со фолија и печете во

загреана рерна околу 30 минути.


Полнети модри

патлиџани

Состојки

4 модри патлиџани

300g печурки

200g кашкавал Осоговски

200g сланина Златиборац

1 јајце Супер јајце

100g кечап Полимарк

Лук во прав Хармони

Сол

4 лица

400 денари

Подготовка

Модрите патлиџани исечете ги по должина и

издлабете ги. Извадената внатрешност од

модрите патлиџани исечкајте ја ситно и

ставете ја во длабок сад заедно со исечканите

печурки, изренданиот кашкавал и исечканата

сланина. Промешајте ги состојките и

додадете го кечапот, јајцето и лукот во прав.

Издлабените модри патлиџани наредете ги

во тава обложена со хартија за печење, може

да ги наросите со сол по желба и наполнете

ги со подготвениот фил. Ставте ги во загреана

рерна да се печат, се додека да омекнат и

добијат убава боја.


повеќе лица

360 денари

Уштипци

Состојки

800g мелено месо

4 јајца Супер јајце

400ml газирана вода Горска

8 лажици масло Дијамант

8 лажици брашно Бианко

1 главица кромид

1 пециво

Магдонос

Сол, зачин Вегета

Подготовка

Кромидот ситно исечкајте го и додајте ги

останатите состојки. Измесете ја смесата

добро и оставете ја да отстои во фрижидер,

околу 2 часа. Од смесата земете со мало

лажиче и пуштајте ги уштипците во загреано

масло да се пржат. Пржените уштипци,

ставаете ги на хартија. Послужете ги додека

се топли со прилог по ваша желба.


Салата

со ракчиња

Состојки

Состојки

400g ракчиња Метро

200g свеж спанаќ

150g сецкани бадеми Дариана

1 авокадо

1 главица кромид

1 лимон

маслиново масло Санса

сол, бибер Хармони

повеќе лица

560 денари

Подготовка

На загреано масло пропржете ги

ракчињата и оставете ги на страна да

се оладат. Во длабок сад издробете го

спанаќот, додајте го исечканото

авокадо, исечканиот кромид и бадеми.

Додајте ги ракчињата, сол, бибер, сок

од лимон и маслиново масло.

Промешајте ја добро салатата и

послужете ја.


4лица

620 денари

Ослич во сос

Состојки

1kg ослич филети Метро

Масло Дијамант

сол, бибер, сок од лимон

Сос:

300ml цеден сок од портокал

1 главица кромид

1 лажица путер Олденбург

300ml павлака за готвење Халта

1 лажица густин

Зачин Вегета

Подготовка

Филетите насолете ги од двете страни,

попрскајте ги со сок од лимон и пропржете ги во

загреано масло, а потоа тргенете ги на страна.

Во тава на оган ставете го путерот да се растопи

и додајте го исечканиот кромид, сокот од

портокал, малку вода и оставете го да врие на

тивко. Додајте сол зачин, бибер, растворениот

густин со малку вода и павлаката за готвење.

Оставте го уште малку на оган и потоа тргнете го

сосот на страна. Сервирајте ги филетите

прелиени со сос одозгора и прилог по желба.


Стек со

кашкавал

Состојки

1kg пилешки стек Перутнина

300g кашкавал Осоговски

700g павлака Зот

300g печурки

Масло Дијамант

Сол, бибер

4 лица

750 денари

Подготовка

Стекот исечкајте го на ситни парчиња, ставете

сол, бибер и оставете го малку да отстои.

Потоа ставете го да се вари со малку вода.

Исцедете го од водата и ставете го во

загреано масло да се пржи. Кога ќе се испржи

и зарумени, додајте ги исечканите печурки и

павлаката. Промешајте да се соединат

состојките и на крај додајте го ренданиот

кашкавал да се растопи. Сервирајте и

послужете додека е топло.


4 лица

820 денари

Свинско со сланина

и кашкавал

Состојки

1kg свинска кртина

1kg кромид

300g сланина Златиборац

300g кашкавал Осоговски

Лук во прав Хармони

Неколку суви пиперки

400ml пиво

Сол, бибер, зачин

Подготовка

Во тава за печење, ставете го исечканиот

кромид, исечканото месо и ситно исечканата

сланина. Додајте сол, зачин, лук, бибер,

издробени суви пиперки и добро промешајте.

Прелијте ги состојките со пивото и затворете ја

тавата со фолија. Ставетe да се пече во загреана

рерна околу час и половина. Пред крaј на

печењето, извадете ја фолијата и ставете го

одозгора ренданиот кашкавал. Вратете ја тавата

во рерна за да се растопи кашкавалот.


Топчиња од

мелено месо

Состојки

1kg мелено месо

2 главици кромид

10 јајца Супер јајце

Сол, зачин Вегета, бибер

презла

Масло Дијамант

повеке лица

510 денари

Подготовка

Во длабок сад ставете го меленото месо,

додајте го исечканиот кромид, сол, зачин, бибер

и добро замесете ја смесата. Потоа смесата

поделете ја на 10 дела. Секој дел расплескајте

го на рака ставте во средината едно варено јајце

и затворете го топчето од сите страни.

Подготвените топчиња валкајте ги во презла и

прежете ги во загреано масло од сите страни.

Може да ги послужите како закуска, исечени на

половина.


повеќе лица

470 денари

Колач со тиква

Состојки

500g мелена Плазма

200g путер Олденбург

2kg тиква

400ml млеко

200g шеќер

4 лажици брашно Бианко

2 јајца Супер јајце

250ml слатка павлака Халта

Подготовка

Тиквата излупете ја, исечете ја на парчиња и ставете ја

да се вари. Кога ќе се свари, испасирајте ја, додајте го

шеќерот, млекото, брашното и јајцата. Измешајте ја

смесата и оставете ја на страна.

Путерот растопете го и ставете го во мелената плазма.

Смесата ставете ја во тава за печење, распоредете ја и

добро притиснете со рацете. Врз неа ставете ја смесата

со тиквата и ставете да се пече во загреана рерна. Кога

ќе се испече и излади колачот, изматете ја павлаката и

премачкајте ја одозгора. Исечете парчиња и

декорирајте по желба.


Крем торта

Состојки

5 јајца Супер јајце

300g шеќер

200ml млеко Битолско

150ml масло Дијамант

1 пециво

1 ванила

500g брашно Бианко

повеќе лица

440 денари

Фил:

2 пудинга од ванила Подравка

1l млеко

6 лажици шеќер

Прелив:

200g чоколада Менаж

200ml слатка павлака Халта

Подготовка

Во длабок сад изматете ги јајцата со шеќерот, а

потоа додајте ги останатите состојки. Смесата

ставете ја во тава за печење ,премачкана со

масло. Тестото печете го во загреана рерна

околу половина час. Кога ќе го извадите од

рерна, направте поголеми дупчиња во тестото

со рачка од дрвена лажица. Потоа одозгора

ставете го сварениот пудинг според упатсвото.

Во тенџере на оган ставете ја слатката павлака

заедно со чоколадада да се растопи, а потоа

прелијте ја тортата. Кога ќе се излади, сечете

парчиња по желба и послужете.


повеќе лица

Колач со

нутела

Состојки

360 денари

4 јајца Супер јајце

300g шеќер

1 ванила

450ml млеко Битолско

200ml масло Дијамант

250g мелена плазма

250g брашно Бианко

1 пециво

200g нутела

мелена плазма

Подготовка

Во длабок сад изматете ги јајцата со

шеќерот и ванилата, а потоа додајте го

млекото и маслото. Додајте го брашното,

пецивото и мелената плазма. Изматената

смеса ставете ја во тава за печење,

обложена со харија. Печете во загреана

рерна околу 30 минути. Извадете го колачот

и веднаш премачкајте го со нутелата.

Одозгора по желба наросете мелени ореви

или мелана плазма. Исечете го на коцки и

послужете. Одозгора по желба наросете

мелени ореви или мелана плазма


Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!