07.07.2014 Views

Австралиско државјанство - Australian Citizenship

Австралиско државјанство - Australian Citizenship

Австралиско државјанство - Australian Citizenship

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Австралиско државјанство

Нашата заедничка заложба

Од сега натаму,

се колнам на верност спрема Австралија и нејзиниот народ,

чии демократски убедувања ги споделувам,

чии права и слободи ги почитувам, и

чии закони ќе ги поддржувам и ќе се придржувам кон нив.

Австралиско државјанство

Нашата заедничка заложба

Сите информации потребни за полагање за австралиско државјанство се наоѓаат во оваа книга. Не треба да

купите или да се снабдите со други материјали од поединци или организации за да го положите тестот за

државјанство. Одделот не поддржува или советува дека било кој материјал ќе ви помогне за да го положите

тестот.

© Commonwealth of Australia 2009

Овој материјал е заштитен со авторски права. Овој материјал можете да го симнете од интернет, да го прикажувате,

да го печатите и да го умножувате само во неизменета состојба (при што треба да ја задржите оваа белешка) за ваша

лична употреба, за некомерцијална употреба или за употреба во склоп на вашата организација.Со исклучок на

употребите предвидени со Законот за авторски права од 1968 г. (Copyright Act 1968), сите други права се заштитени.

Барањата за натамошни овластувања треба да се упатат до:

Commonwealth Copyright Administration

Copyright Law Branch

Attorney-General’s Department

Robert Garran Offices

National Circuit

Barton ACT 2600

Телефакс: 02 6250 5989

Електронска пошта: commonwealth.copyright@ag.gov.au

Издава Националниот оддел за комуникации (National Communications Branch) при Одделот за доселување и

државјанство (Department of Immigration and Citizenship)

6 Chan Street Belconnen ACT 2617

ISBN 978-1-92446-96-2

Оградување:

Читателите што се по потекло Абориџини или од островите Торес Стреит ги предупредуваме дека овој материјал

содржи слики и/или содржина поврзани со покојни луѓе.

Содржина

Порака до вас 3

Поглавје со испитен материјал

Дел 1 – Австралија и нејзиниот народ 8

Дел 2 – Австралиските демократски убедувања, права и слободи 16

Дел 3 – Владата и законите во Австралија 22

Речник за поглавјето со испитен материјал 30

Прашања од испитот за вежбање 34

Поглавје со неиспитен материјал

Дел 4 – Австралија денес 38

Дел 5 – Нашата австралиска приказна 54

Речник за поглавјето со неиспитен материјал 72

За повеќе информации 74

Благодарности 76

Австралиското државјанство е привилегија што нуди огромни придобивки.

Кога станувате австралиски државјанин, вие се придружувате на една единствена национална заедница.

Порака до вас

Ви честитаме што одлучивте да станете државјанин на

Австралија. Потребни се храброст, труд и посветеност

за да се живее во нова земја и целосно да се учествува

во нејзиниот живот како државјанин. Го цениме вашиот

придонес кон нашето мирољубиво и демократско

општество.

Австралиското државјанство е важен чекор во приказната

за вашето доселување. Тоа што ќе станете австралиски

државјанин значи дека преземате трајна обврска спрема

Австралија и спрема сите работи за кои се зазема таа како

држава. Тоа е исто така и почеток на вашето службено

членство во австралиската заедница. Тоа е чекорот што ќе

ви овозможи да речете „Јас сум Австралиец“.

Австралиското државјанство е привилегија што нуди

огромни придобивки. Кога станувате австралиски

државјанин, вие се придружувате на една единствена

национална заедница. Нашата земја е изградена од

заедничкиот придонес на нашите домородни жители и на

оние што дошле подоцна од сите страни на светот. Ние ја

славиме таквата разноликост, а во исто време се стремиме

кон единствена и сложна нација.

Силата на австралиската заедница значи дека ние

заеднички работиме за да ги решиме проблемите и да ја

направиме Австралија таква прекрасна земја каква што е.

Ние имаме стабилен систем на власт и Австралијците ги

почитуваат овластувањата и законите на владата. Нашата

стабилност, нашата култура и нашите закони се оформиле

низ текот на нашата историја. Придружувајќи и се на

австралиската заедница, вие ќе ја наследите таа историја и

ќе бидете во положба да придонесете кон неа.

Австралија е древна земја. Таа е пространа и

неповторлива. Таа е земја на прашуми и на шуми, земја

на златни плажи и на суви пустини. Нашите домородни

култури се најстарите непрекинати култури на светот.

Ние исто така сме и млада нација, нација на доселеници.

Европското населување на Австралија почнало во 1788 г.

а ние до ден денешен и натаму срдечно ги пречекуваме

новите доселеници. Луѓе од повеќе од 200 земји го нашле

својот дом во Австралија. Како резултат од тоа, нашето

општество е едно од најразноликите на светот. Австралија

успешно ги спојува етничката и културната разноликост со

националното единство. Државјанството е врската што не

обединува сите нас.

Австралија е демократска земја. Државјанството ви дава

можност да земете целосно учество во изградбата на

нашата демократска нација. Тоа значи дека сте подготвени

да ги исполнувате вашите обврски како формален член

на австралиската заедница. Австралијците веруваат

во достоинството и слободата на секој човек, во

рамноправноста на мажите и жените и во владеењето на

законот. Австралиското државјанство значи дека ќе бидете

соживеани со овие вредности во вашиот секојдневен живот.

Заклетва при примањето на

австралиското државјанство

За сите австралиски државјани е важно да ги сфатат нашите

права и обврски и што значи тоа да се биде државјанин, без

разлика дали сме Австралијци по раѓање или по сопствен

избор. Тоа е многу важен дел од изградбата на нашата

нација.

Кога ќе дојдете на свеченоста на која ќе ви биде доделено

австралиското државјанство, ќе положите заклетва како

австралиски државјанин. Правејќи го тоа, вие јавно

преземате обврска спрема Австралија и ги прифаќате

обврските и правата на државјаните. Ако го сфатите

значењето на заклетвата, ќе можете подобро да разберете

што значи да се биде Австралиец и кои се обврските и

правата што ги налага државјанството.

Вака гласи заклетвата што ќе ја положите:

Од сега натаму, со завет кон Бога,*

се колнам на верност спрема Австралија и

нејзиниот народ,

чии демократски убедувања ги споделувам,

чии права и слободи ги почитувам, и

чии закони ќе ги поддржувам и ќе се придржувам кон нив.

* Секој поединец сам избира дали ќе ги каже зборовите „со завет

кон Бога“.

Додека ја читате оваа книга, ќе стекнете целосно

разбирање на значењето на заклетвата и како можете да ја

подобрите вашата улога во австралиското општество.

Порака до вас

3

Станувате австралиски државјанин

Историјата на доселеништвото во Австралија е подолга од 200 години. Во тој поглед ние се уште сме млада нација, а вие сте

дел од нашата приказна. Одлуките што ќе ги донесувате како државјанин на Австралија ќе помогнат да се обликува нашата

иднина.

Тест за добивање австралиско

државјанство

Тестот за добивање австралиско државјанство е

наменет да оцени дали имате соодветни познавања за

Австралија и за правата и обврските што произлегуваат од

државјанството.

Тестот за државјанство исто така е наменет да оцени

дали имате основни познавања на англискиот јазик.

Англискиот јазик е нашиот национален јазик. Способноста

да комуницирате на англиски јазик ви помага да играте

поактивна улога во австралиското општество. Тоа ви

помага во целост да ги искористите сите можности за

образование, вработување и другите можности што може

да ги понуди Австралија.

Тестот за државјанство се полага на компјутер, а се состои

од прашања на кои се понудени повеќе одговори, од

кои вие треба да го одберете точниот. Прашањата се на

англиски јазик. Тестот за државјанство содржи 20 прашања

што по случаен избор се одбрани од збирката со прашања.

За да го положите тестот мора точно да одговорите на 75

проценти од прашањата, односно на 15 од 20 прашања.

Тестовите за државјанство се полагаат во канцелариите

на Одделот за доселување и државјанство (Department

of Immigration and Citizenship) ширум цела Австралија.

Тестовите исто така се полагаат во одредени

временски периоди и на поголем број локации ширум

внатрешноста на Австралија, како и во некои дипломатски

претставништва во странство.

Со положувањето на тестот за државјанство ќе покажете

дека ја разбирате обврската што ја преземате со

полагањето на Заклетвата за австралиско државјанство.

Подготвување за тестот за австралиско

државјанство

За да се подготвите за тестот за австралиско државјанство

ќе треба да ја прочитате оваа книга со информации.

Книга со информации

Оваа книга со информации има едно поглавје со испитен

материјал и едно поглавје со неиспитен материјал.

Поглавје со испитен материјал

Сите информации што треба да ги знаете за да го положите

тестот за државјанство се наоѓаат во првите три дела од

оваа книга:

• Дел 1 – Австралија и нејзиниот народ

• Дел 2 – Австралиските демократски убедувања,

права и слободи

• Дел 3 – Владата и законите во Австралија

Ќе треба да ги знаете и разбирате информациите од

поглавјето со испитен материјал за да ги одговорите

прашањата од тестот за државјанство.

Поглавје со неиспитен материјал

Поглавјето со неиспитен материјал содржи важни

информации што ќе ви помогнат да ги разберете

историјата и културата на Австралија. Нема да одговарате

на прашања во врска со тие информации.

• Дел 4 – Австралија денес

• Дел 5 – Нашата австралиска приказна

Прашања за вежбање

На крајот на поглавјето со испитен материјал има 20

прашања за вежбање што ќе ви помогнат да се подготвите

за тестот за државјанство.

Речник

На крајот на поглавјето со испитен материјал и на крајот на

поглавјето со неиспитен материјал има речник (список на

клучните зборови и што значат тие).

Преведени примероци на оваа книга со

информации

Оваа книга е преведена на 37 јазици на заедницата за оние

идни државјани што подобро читаат на јазици што не се

англиски. Тие преведени примероци може да се симнат

само од местото на интернет за австралиско државјанство

www.citizenship.gov.au.

4 Австралиско државјанство: Нашата заедничка заложба

ДВД

Исто така може да се добие и ДВД диск со снимени

звучни и визуелни материјали на англиски јазик за да им

помогне на идните државјани да се подготват за тестот

за државјанство. На дискот ќе најдете приказ на клучните

точки од поглавјето со испитен материјал, како и дваесетте

прашања за вежбање за тестот. Овој диск е изработен како

помагало при учењето за оние клиенти што не знаат добро

да читаат на англиски јазик. Дискот може да се порача

или да се симне од местото на интернет за австралиско

државјанство www.citizenship.gov.au.

Помош при полагањето на тестот за

австралиско државјанство

Се очекува дека повеќето идни австралиски државјани

ќе поседуваат доволна способност да читаат на англиски

јазик за да можат да го решат тестот за државјанство

без туѓа помош. Оние луѓе на кои им е потребна помош

поради слабата способност да читаат на англиски јазик

може да добијат помош од службеник кој на глас ќе им ги

прочита прашањата и можните одговори. Помош исто така

ќе може да добијат и луѓето што слабо знаат да користат

компјутер, или луѓето што се онеспособени. Ако мислите

дека ќе ви биде потребна помош при полагањето на тестот

за државјанство, ве молиме известете го службеникот за

државјанство.

Нашата заедничка заложба: Курс по

австралиско државјанство

Можеби ги исполнувате условите да посетувате курс по

австралиско државјанство наместо да полагате тест на

компјутер.

Курсот за државјанство ги опфаќа сите информации од

поглавјето со испитен материјал од оваа книга. Сепак

ќе треба да покажете дека имате основни познавања

од англискиот јазик и дека ги разбирате основите на

Заклетвата за австралиско државјанство.

Повеќе информации за курсот може да се добијат од

местото на интернет за австралиско државјанство

www.citizenship.gov.au.

Свеченост за доделување на австралиско

државјанство

Свеченостите за доделување на австралиско државјанство

може да бидат мали и да вклучуваат само неколку луѓе, или

пак може да бидат многу големи и да вклучуваат стотици,

па дури и илјадници луѓе. Длабоките чувства и гордоста на

новите државјани и на државните службеници ги прават

овие свечености многу радосни.

На почетокот на свеченоста за доделување државјанство

може да ве поздрави претставник на домородните народи

кои се традиционални сопственици на земјата во вашето

подрачје. Ќе бидете поздравени и охрабрени и од други

водачи на вашата локална заедница или од претставници на

владата.

На глас ќе ја прочитате или повторите Заклетвата за

австралиско државјанство заедно со другите луѓе

што одбрале да станат австралиски државјани. Тоа

е најважниот дел од свеченоста. Нема да станете

австралиски државјанин пред да ја положите вашата

заклетва за верност кон Австралија. Слободно може со

себе да понесете света книга или запис што ќе го држите

в раце додека ја положувате Заклетвата, но не мора

задолжително да го сторите тоа.

Водачите од вашата заедница или претставниците

на владата ќе одржат куси говори за значењето на

државјанството. Ќе го добиете вашето Уверение за

австралиско државјанство (Certificate of Australian

Citizenship), а може да добиете и мал подарок од

заедницата. Сите присутни заедно ќе ја испеат

‘Advance Australia Fair’, австралиската државна химна.

По завршувањето на свеченоста за доделување на

австралиско државјанство, ќе имате прилика да

се дружите и заеднички да прославите со вашите

сонародници Австралијци.

Ви посакуваме успех во станувањето австралиски

државјанин и во водењето на мирен и плоден живот во

Австралија.

За повеќе информации

Може да се јавите на Информативната телефонска линија

за државјанство (Citizenship Information Line) на 131 880

(од понеделник до петок, од 8.30 часот претпладне до 4.30

часот попладне).

Ако ви треба услуга од преведувач, ве молиме јавете се на

131 450.

Исто така може да го посетите местото на интернет за

австралиско државјанство www.citizenship.gov.au.

Новите австралиски државјани при нивната свеченост за доделување

на австралиско државјанство

Порака до вас

5

Почеток на поглавјето со

испитен материјал

Дел 1

Австралија и нејзиниот народ

Од сега натаму, со завет кон Бога,*

се колнам на верност спрема Австралија и нејзиниот народ,

чии демократски убедувања ги споделувам,

чии права и слободи ги почитувам, и

чии закони ќе ги поддржувам и ќе се придржувам кон нив.

* Секој поединец сам избира дали ќе ги каже зборовите „со завет кон Бога“.

Австралија и

нејзиниот народ

На свеченоста за доделување на австралиско државјанство

вие ќе се заколнете на верност кон Австралија и нејзиниот

народ. Според тоа, важно е да ги разбирате австралиската

заедница и население, вклучувајќи го и нашето домородно

наследство. Исто така е важно и да разберете како се

развивала Австралија од своите неизвесни почетоци како

британска колонија до стабилна и успешна мултикултурна

држава каква што е денес.

Во ова поглавје ќе читате за некои од настаните што

придонеле кон нашата приказна. Тука има информации

за нашите држави и територии, а има и информации за

традициите и симболите кои со гордост ги препознаваме

како карактеристични одлики на Австралија.

Нашиот народ

Домородните Австралијци

Први жители на Австралија биле абориџинските народи

и луѓето од островите Торес Стреит. Тие се домородните

жители на Австралија. Домородните култури се најстарите

непрекинати култури на светот.

Историски гледано, абориџинскиот народ потекнува од

австралиското и тасманиското копно. Тие живееле таму од

пред 40.000 до 60.000 години.

Луѓето од островите Торес Стреит потекнуваат од

островите што се наоѓаат северно од Квинсленд. Тие имаат

свој сопствен културен идентитет.

Домородните народи споделуваат заеднички верувања

и традиции од кои се раководат до ден денешен. Тие се

длабоко поврзани со земјата, а таа поврзаност е изразена

во нивните приказни, уметност и танци.

Раните денови од населувањете на

Европејците

Европското населување почнало кога првите 11 бродови со

осуденици, кои подоцна станале познати како „Прва флота“

пристигнале од Велика Британија на 26 јануари 1788 г.

Во тоа време британските закони биле многу строги, а

затворите не можеле да ги примат многубројните луѓе што

биле осудувани на робија поради нивните престапи. За

да го решат тој проблем, британските власти одлучиле да

ги пренесат тие осуденици на другиот крај на светот; во

новата колонија Нов Јужен Велс.

Прв гувернер на колонијата Нов Јужен Велс бил капетан

Артур Филип (Captain Arthur Phillip). Тој се справил со

многу проблеми во текот на првите неколку години

од европското населување. Колонијата преживеала и,

како што пристигнувале нови осуденици и слободни

доселеници, таа растела и се развивала. Биле основани

уште колонии во други делови на земјата.

Раните слободни доселеници потекнувале од Велика

Британија и од Ирска. Тоа британско и ирско наследство

извршило огромно влијание врз австралиската историја,

култура и политички институции.

Во 1851 г., во колониите Нов Јужен Велс и Викторија било

откриено злато. Луѓе од целиот свет доаѓале во тие колонии

за да си ја обидат среќата и да се збогатат. Кинезите што

доаѓале во тоа време биле првата голема група доселеници

што не потекнувале од Европа. За 10 години бројот на

населението се зголемил повеќе од двојно.

Австралиската држава

Во текот на следните децении одделните колонии

разговарале за идејата да станат една држава.

Во 1901 г. колониите се обединиле во федерација на држави

наречена Комонвелт на Австралија. Во тоа време бројот

на населението во Австралија изнесувал околу четири

милиони луѓе. Тој број не ги опфаќал домородните луѓе.

Во текот на првата половина од 20 век стапката на

доселување се зголемувала и се намалувала. Имало

програми за активно поттикнување на британските

доселеници да се населат овде, а многумина и го

сториле тоа.

Бранот на доселување на луѓе од небританско потекло

дошол по Втората светска војна, кога милиони луѓе од

Европа морале да ги напуштат своите татковини. Голем број

од нив дошле во Австралија за да изградат нов живот.

Во понови години, нашите програми за доселување и за

бегалци во Австралија доведоа луѓе од целиот свет. Луѓето

доаѓаат овде за да им се придружат на своите семејства, да

си изградат нов живот во млада земја, или да избегаат од

сиромаштијата, војната или прогонувањето.

Денес Австралија има население од околу 22 милиони

луѓе. Повеќе од една четвртина од тие луѓе се родени во

странство. Австралија е многу збогатена од придонесот

што тие луѓе го даваат кон нашата држава. Иако ја славиме

разноликоста на австралискиот народ, ние исто така се

стремиме да изградиме сплотена и обединета нација.

Национален јазик на Австралија е англискиот. Тој е дел од

нашиот национален идентитет. Сите луѓе во Австралија се

поттикнуваат да го научат и користат англискиот јазик за

да им помогне да учествуваат во австралиското општество.

Комуницирањето на англиски е исто така важно и за

да се извлече најмногу од живеењето и работењето

во Австралија. Другите јазици исто така се ценат. Во

разноликото австралиско општество се зборуваат повеќе

од 200 јазици.

Дел 1 – Австралија и нејзиниот народ 9

Австралиските држави и територии

Комонвелтот на Австралија е федерација на држави и територии. Има шест држави и две копнени територии.

Канбера е главен град на Австралија, а секоја држава и копнена територија си има свој главен град.

Darwin

Northern

Territory

Queensland

Perth

Western Australia

Brisbane

South Australia

New South Wales

Sydney

Adelaide

Canberra

Australian Capital Territory

Victoria

Melbourne

Tasmania

Hobart

Држава

New South Wales (NSW)

Victoria (Vic.)

Queensland (Qld)

Western Australia (WA)

South Australia (SA)

Tasmania (Tas.)

Територија

Australian Capital Territory (ACT)

Northern Territory (NT)

Главен град

Sydney

Melbourne

Brisbane

Perth

Adelaide

Hobart

Главен град

Canberra

Darwin

Канбера исто така е и главен град на Австралија

10

Австралиско државјанство: Нашата заедничка заложба

Држави

Нов Јужен Велс (New South Wales) била првата

колонија што ја основале Британците. Сиднеј е главен

град на Нов Јужен Велс и најголем град во целата држава.

Мостот над сиднејското пристаниште (Sydney’s Harbour

Bridge) и Операта (Opera House) се национални симболи.

Нов Јужен Велс

Викторија (Victoria) е најмалата копнена држава.

Многу познати градби во Викторија биле изградени од

богатството стекнато во времето на златната треска во

педесеттите години на 19 век. Главен град на Викторија е

Мелбурн.

Викторија

Квинсленд (Queensland) е втора по големина држава.

Негов составен дел се островите Торес Стреит што лежат

северно, тропските прашуми, крајбрежните подрачја со

умерена клима, и често сушната внатрешност. Светски

познатиот Голем корален гребен (Great Barrier Reef ) се

протега долж неговиот источен брег. Главен град на

Квинсленд е Бризбејн.

Квинсленд

Западна Австралија (Western Australia) е

најголемата држава. Источниот дел на државата е

претeжно пустински, додека југозападниот дел располага

со плодни почви за земјоделие и лозарство. Во оваа

држава се одвиваат многубројни големи рударски

проекти. Околу три четвртини од населението на државата

живеат во Перт, главниот град.

Западна Австралија

Јужна Австралија (South Australia) има карпесто

крајбрежје и многубројни прочуени винарски региони.

Во главниот град Аделаида се среќаваат многу градби од

фината колонијална архитектура.

Јужна Австралија

Тасманија (Tasmania) е најмалата држава која од

главното копно е одделена со протокот Бас Стреит

(Bass Strait). Голем дел од нејзиното копно се состои од

недопрена дива природа. Главен град на Тасманија е Хобарт.

Тасманија

Територии

Територијата на Австралискиот (Australian Capital

Territory) Главен Град се наоѓа меѓу Сиднеј и Мелбурн.

Таму е сместен главниот град на државата, Канбера. Во

Канбера се наоѓаат важни државни институции, како

што се Парламентот (Parliament House) и Високиот суд на

Австралија (High Court of Australia).

Територијата на

Австралискиот

Северната Територија (Northern Territory) има тропски

подрачја во северниот дел и црвена пустинска почва во

јужниот дел. Поголемиот дел од нејзиното малубројно

население живее во главниот град Дарвин, и долж главниот

автопат што ги поврзува Дарвин и Алис Спрингс, кој е

најголемиот град во близина на центарот на Австралија.

Северната Територија

Дел 1 – Австралија и нејзиниот народ 11

Традиции и симболи

Значајни денови за Австралијците

Денот на Австралија (Australia Day)

Секоја година на 26 јануари го прославуваме Денот на Австралија. Денот на Австралија е државен празник во сите држави и

територии во Австралија.

На денот на Австралија, големите и малите заедници ширум цела Австралија го прославуваат сето она што е величествено во

врска со Австралија и со тоа да бидеш Австралиец. Тоа е најголемиот јавен настан во Австралија што се одржува секоја година.

Денот на Австралија е ден на кој ние им оддаваме почест на нашата историја и на сите луѓе што ја направиле оваа

нација величествена. На тој ден и се радуваме на сегашноста и се заложуваме за среќна и бериќетна заедничка иднина.

Од таа причина, на тој ден ширум целата држава се одржуваат многубројни свечености за доделување на австралиско

државјанство.

26 јануари е годишнината од пристигнувањето на Првата флота од Велика Британија во 1788 г. со која била основана населба

од осуденици од името на британските власти. Командант на Првата флота бил капетан Артур Филип(Captain Arthur Phillip).

Вечерта пред Денот на Австралија, австралискиот премиер ги објавува добитниците на наградата Австралиец на годината

(Australian of the Year Awards) во Канбера.

Секоја година на Денот на Австралија се одржуваат многубројни

свечености за доделување на австралиско државјанство

Парада по повод празникот Anzac Day

Празникот Anzac Day

Празникот Anzac Day се слави на 25 април секоја година. Празникот Anzac Day го добил името според кратенката за

Австралиските и новозеландските воени сили (Australian and New Zealand Army Corps) што се истовариле на Галиполе во

Турција во текот на Првата светска војна, на 25 април 1915 г.

Празникот Anzac Day е свечен ден на кој се сеќаваме на пожртвуваноста на сите Австралијци што се бореле и загинале во

војни, воени судири и во мировни операции. Исто така им оддаваме почест на храброста и преданоста на сите мажи и жени

што служат во воените сили.

Повеќе информации за Денот на Австралија, за Anzac Day и за други важни државни празници и прослави може да најдете

во дел 4, Австралија денес.

12

Австралиско државјанство: Нашата заедничка заложба

Австралиските знамиња

Австралија има три службени знамиња: австралиското државно знаме, австралиското абориџинско знаме, и знамето на

народот од островите Торес Стреит.

Секоја држава и територија исто така си има свое знаме. Тие може да се најдат на страница 11.

Австралиското државно знаме

Австралиското државно знаме е сино, бело и црвено.

Се состои од три важни дела:

• Знамето на Велика Британија, познато како Union

Jack, се наоѓа во горниот лев агол. Тоа знаме ја

претставува нашата историја како британска

населба.

• Ѕвездата на Комонвелтот (Commonwealth Star)

се наоѓа под Union Jack. Оваа ѕвезда има седум

краци, по еден за секоја од шесте држави, и еден за

териториите.

• Јужниот крст (Southern Cross), на десната страна, е

соѕвездие што може да се види на јужното небо.

Австралиското знаме е сино, бело и црвено

Австралиското абориџинско знаме

Австралиското абориџинско знаме е црно, црвено и

жолто. Има три важни дела, а најчестото толкување на

боите е следното:

• Горната половина е црна и го претставува

абориџинскиот народ на Австралија.

• Долната половина е црвена и ги претставува земјата

и духовната врска со земјата.

• Жолтиот круг го претставува сонцето.

Знамето на народот од островите

Торес Стреит

Знамето на народот од островите Торес Стреит е зелено,

сино, црно и бело.

• Зелените ленти ја претставуваат земјата.

• Синиот квадрат во средиштето го претставува

морето.

• Црните линии го претставуваат народот од

островите Торес Стреит.

• Белиот танчерски украс за глава во средиштето е

симбол за сите луѓе од островите Торес Стреит.

• Краците на белата ѕвезда ги претставуваат групите

острови во Торес Стреит.

• Белата боја е симбол на мирот.

Австралиското абориџинско знаме е црно, црвено и жолто

Знамето на народот од островите Торес Стреит е зелено, сино, црно

и бело

Дел 1 – Австралија и нејзиниот народ 13

Грбот на Комонвелтот

Грбот на Комонвелтот (Commonwealth Coat of Arms)

е службен симбол на Комонвелтот на Австралија. Тој

го претставува нашето национално единство. Тој ги

прикажува овластувањата и сопственоста на Комонвелтот

на Австралија.

• Штитот во средиштето ги претставува шесте држави

и федерацијата.

• Штитот од двете страни го придржуваат кенгур и

ему. Кенгурот е домородно австралиско животно, а

емуто е домородна австралиска птица.

• Над штитот стои златна Ѕвезда на Комонвелтот.

• Во заднината има златна мимоза, националниот цвет

на Австралија.

Грбот на Комонвелтот

Австралиски национален цвет

Националниот цвет на Австралија е златната мимоза. Тоа

мало дрво расте главно во југоисточна Австралија. Има

светлозелени лисја и многубројни златножолти цветови

напролет. Секоја од австралиските држави и територии исто

така има свој сопствен цветен заштитен знак.

Златна мимоза

Државните бои на Австралија

Државни бои на Австралија се зелената и златната, боите

на златната мимоза. Дресовите на нашите државни

спортски репрезентации обично се зелени и златни.

Државните бои на Австралија, зелена и златна

Австралиски национален скапоцен камен

Опалот е австралискиот национален скапоцен камен.

Според абориџинските легенди, виножитото ја допрело

земјата и ги создало боите на опалот.

Опал

14

Австралиско државјанство: Нашата заедничка заложба

Aвстралиската државна химна

‘Advance Australia Fair’ е австралиската државна химна. Таа се свири и пее при настани од национално значење.

Исто така се пее и на свеченостите за доделување на австралиско државјанство, при поголемите спортски натпревари

и во училиштата. Таа ја обединува нацијата и претставува јавен израз на нашата радост и гордост што сме Австралијци.

Advance Australia Fair

Australians all let us rejoice,

For we are young and free;

We’ve golden soil and wealth for toil;

Our home is girt by sea;

Our land abounds in nature’s gifts

Of beauty rich and rare;

In history’s page, let every stage

Advance Australia Fair.

In joyful strains then let us sing,

Advance Australia Fair.

Beneath our radiant Southern Cross

We’ll toil with hearts and hands;

To make this Commonwealth of ours

Renowned of all the lands;

For those who’ve come across the seas

We’ve boundless plains to share;

With courage let us all combine

To Advance Australia Fair. .

In joyful strains then let us sing,

Advance Australia Fair. .

*Можеби ќе ве прашаат за името на австралиската химна,

но нема да ве прашаат дали ги знаете зборовите на химната.

Дел 1 – Австралија и нејзиниот народ 15

Дел 2

Австралиските демократски

убедувања, права и слободи

Од сега натаму, со завет кон Бога,*

се колнам на верност спрема Австралија и нејзиниот народ,

чии демократски убедувања ги споделувам,

чии права и слободи ги почитувам, и

чии закони ќе ги поддржувам и ќе се придржувам кон нив.

* Секој поединец сам избира дали ќе ги каже зборовите „со завет кон Бога“.

Австралиските демократски убедувања, права и слободи

На свеченоста за доделување на државјанство ќе се

заколнете дека ги споделувате австралиските демократски

убедувања и дека ги почитувате правата и слободите на

австралиските луѓе.

Австралија е демократска земја. Демократијата е систем

на владеење во кој граѓаните слободно одбираат

претставници што ќе управуваат со земјата и ќе донесуваат

закони во нивно име.

Австралијците веруваат во мирот, почитувањето, слободата

и рамноправноста. Важен дел од тоа да се биде Австралиец

е да се почитуваат различностите и изборите на другите

луѓе, дури и ако не се согласувате со тие избори. Кон

сите луѓе треба да се однесуваме праведно и на сите

Австралијци да им дадеме еднакви можности и слободи, без

оглед на тоа од каде доаѓаат тие, какви се нивните традиции,

и дали се мажи или жени.

Тие демократски убедувања ги имаат оформено нашата

земја и култура и тие се причината поради која толку

многу луѓе сакаат да станат Австралијци. Според тоа, многу

е важно да ги разберете тие демократски убедувања,

и правата и слободите што ги почитуваат сите луѓе во

Австралија.

Нашите демократски убедувања

Парламентарна демократија

Австралискиот систем на владеење е парламентарна

демократија. Тоа значи дека сите Австралијци учествуваат

во управувањето со земјата. Овластувањата на владата

потекнуваат од австралискиот народ затоа што

австралиските државјани редовно гласаат за луѓе што ќе

ги претставуваат во парламентот. Само парламентот има

овластување да донесува закони и измени на закони и да

управува со земјата.

Во парламентарната демократија претставниците во

парламентот мора да му одговараат на народот, преку

избори, за одлуките што ги донесуваат.

Владеењето на правото

Австралиските закони се важни за сите луѓе што живеат

во Австралија. Австралијците ја признаваат важноста на

законите за одржувањето на мирно и средено општество.

Сите Австралијци имаат право да бидат заштитени од

австралиските закони.

Сите мора да ги почитуваат австралиските закони. Ако не

го почитуваат законот, полицијата може да ги уапси и да

бидат испратени на суд.

Сите Австралијци се еднакви пред законот и ниту

едно лице или група не е над законот. Тоа се нарекува

„владеење на правото“. Луѓето што држат важни позиции

во австралиската заедница мора да ги почитуваат

австралиските закони. Тука спаѓаат државните водачи,

водачите во заедницата и верските водачи, како и

деловните луѓе и полицајците.

Мирно живеење

Ние сме горди што живееме во мирна земја со стабилен

систем на власт. Веруваме дека промените треба

да настануваат преку разговор, мирно убедување и

демократски постапки. Го отфрламе насилството како

начин да се промени мислењето на некоја личност или

некој закон.

Почит кон сите поединци без оглед на

потеклото

Во Австралија се доселуваат луѓе од целиот свет. Многу

луѓе имаат поинакво културно наследство, со поинакви

уверувања и традиции. Во нашето демократско општество

сите ние сме слободни да ги следиме и споделуваме

тие уверувања и традиции се додека тие не ги кршат

австралиските закони.

Ние ја цениме таа слобода и очекуваме сите Австралијци

еден спрема друг да се однесуваат со достоинство и почит,

без оглед на нивната раса, земја на потекло, пол, сексуална

определба, брачна состојба, возраст, онеспособеност,

наследство, култура, политика, богатство или вера.

Ние многу ја цениме заемната почит спрема достоинството

на секој човек.

Сочувство за луѓето во нужда

Во Австралија постои дух на „другарство“. Тоа значи дека

им помагаме на другите и добиваме помош од другите во

време на нужда. Другарот честопати е пријател, но може

да биде и целосен туѓинец. Другарот може да му однесе

јадење на некој постар сосед, да одвезе пријател на

лекарски преглед или да посети некој што е осамен.

Поради таквиот дух на другарство, многу поединци и

групи им помагаат на други преку доброволна работа

во заедницата. И вие може да бидете доброволец.

Доброволната работа може да донесе големо задоволство.

Таа исто така е и одлична можност да споделите знаење,

да научите нови вештини и способности, и да го зголемите

вашето чувство на припадност кон австралиската

заедница. Нашата влада исто така ги поддржува

Австралијците што се во нужда преку социјална помош и

преку пружање други услуги.

Дел 2 – Австралиските демократски убедувања, права и слободи 17

Нашите слободи

Слобода на говорот и слобода на

изразувањето

Слободата на говорот им овозможува на луѓето да го кажат

и напишат она што го мислат и да зборуваат за своите идеи

со други луѓе. Слободата на изразувањето им овозможува

на луѓето да ги изразат своите гледишта преку уметноста,

филмот, музиката и книжевноста.

Во Австралија ние сме слободни да го кажеме и напишеме

она што го мислиме, приватно или јавно, во врска со

било која тема. Меѓутоа, не смееме да им наштетуваме на

другите луѓе.

Слобода за здружување

Австралијците се слободни да и се придружат на било која

организација одобрена од законот, како што се политички

партии, синдикати, верски, културни или општествени

групи. Луѓето исто така може да одберат да не се

придружат кон такви организации.

Австралијците може да се собираат со други луѓе за да

протестираат против некоја постапка на владата или против

некоја организација. Меѓутоа, сите протести мора да бидат

законски. Тоа значи дека мора да бидат мирни и притоа да

не се нанесуваат повреди на луѓе или штети на имот.

Слобода на веросиповед и световна власт

Австралија има јудејско-христијанско верско наследство,

а многумина Австралијци се искажуваат како христијани.

Австралија има државни празници во деновите на

христијанските верски празници како што се Вели Петок,

Велигден и Божик.

Меѓутоа, државната власт во Австралија е световна. Тоа

значи дека нема службена државна вероисповед.

Луѓето во Австралија се слободни да ја исповедаат онаа

вера што ќе ја изберат, се додека таквото исповедање на

верата не ги прекршува австралиските закони. Покрај

христијанството, во Австралија слободно се исповедаат

будизам, ислам, хинду, јудејство и многу други вери.

Австралијците се слободни по мирен пат да протестираат против

одлуките и законите што ги донесува владата

Не смееме да даваме лажни наводи, да поттикнуваме

други луѓе да го кршат законот или да нанесуваат штета

на угледот на друг човек. Постојат закони што го штитат

доброто име на луѓето од лажни информации.

Спротивно е на законот некој да се обиде да наведе други

луѓе да мразат или насилно да се однесуваат кон другите

поради нивната култура, етничка припадност или потекло.

Слободни сме да се среќаваме со други луѓе на јавни

или приватни места заради друштвени или политички

разговори. Може да ја критикуваме владата, мирно да

протестираме против одлуките на владата, и да водиме

кампањи за менување на законите.

Австралијците исто така се слободни да не исповедаат

никаква вера. Властите кон сите граѓани се однесуваат

еднакво, без оглед на нивната вероисповед или

убедувања.

Оваа мешавина од вери придонесува Австралија да биде

живо мултикултурно општество.

Повеќето вери имаат свои правила, но тие правила немаат

сила на закон во Австралија. На пример, постапката на

развод на брак, вклучувајќи го и старателството над

децата и поделбата на имотот мора да се придржуваат кон

законите што ги има усвоено австралискиот Парламент.

Сите Австралијци имаат право да бидат заштитени од

тие закони. Некои верски или културни обреди, како

што е бракот со повеќе од една личност истовремено, се

спротивни на австралиските закони.

Исто така мора да ги почитуваме слободата на говорот и

слободата на изразувањето на другите луѓе.

Весниците, телевизиите и радијата ја имаат истата слобода.

18

Австралиско државјанство: Нашата заедничка заложба

Нашите рамноправности

Рамноправност во Австралија

Во Австралија има голем број закони што осигуруваат дека

некој човек нема да биде третиран поинаку од другите

луѓе поради неговиот пол, раса, онеспособеност или

возраст.

Рамноправност на мажите и жените

Мажите и жените во Австралија имаат еднакви права.

Спротивно е на законот да се врши дискриминација

против некое лице поради неговиот пол.

И мажите и жените имаат право самостојно да избираат

кога станува збор за лични работи како што е бракот, и се

со закон заштитени од заплашување или насилство.

Луѓето во Австралија се слободни да ја исповедаат било која вера

И мажите и жените имаат еднаков пристап до образование

и вработување. И мажите и жените можат да гласаат и да

се кандидираат во парламентот. И мажите и жените може

да им се придружат на Австралиските одбранбени сили и

на полицијата. Судовите се однесуваат еднакво и спрема

мажите и спрема жените.

Еднакви можности

Австралијците не веруваат во класни разлики во нашето

општество. Наместо тоа, ние веруваме во праведно

општество во кое секој заслужува да добие „праведна

шанса“. Тоа значи дека она што некој ќе го постигне во

животот треба да биде резултат од неговата напорна

работа и дарби, а не од неговото богатство или потекло.

На пример, една личност треба да добие работа или

унапредување врз основа на нејзините вештини,

способности и искуство, а не врз основа на нејзиното

потекло.

Мажите и жените можат да им се придружат на војската, на

морнарицата и на военото воздухопловство

Во Австралија има многу случаи на нови доселеници

што станале водачи во бизнисот, во своите професии, во

уметностите, во јавните служби и во спортот благодарејќи

на нивната напорна работа и надареност.

Сите Австралијци имаат можност да се запишат на универзитет

Дел 2 – Австралиските демократски убедувања, права и слободи 19

Обврските и правата што

ги дава австралиското

државјанство

Како постојан жител на Австралија вие веќе сте го искусиле

живеењето во слободно и демократско општество. Кога ќе

станете австралиски државјанин, ќе имате нови обврски.

Исто така ќе имате и низа разновидни права.

Обврски – што ќе и дадете вие на

Австралија

Како австралиски државјанин, вие мора:

• да го почитувате законот

• да гласате на сојузните избори и на изборите во

државите и териториите, како и на референдуми

• да ја браните Австралија ако се јави потреба за тоа

• да бидете член на порота ако добиете покана за тоа.

Права – што ќе ви даде Австралија

на вас

Како австралиски државјанин, вие имате право:

Гласање на сојузните избори и на

изборите во државите и териториите,

и на референдуми

Гласањето е истовремено и значајно право и обврска за

сите австралиски државјани. Ние гласаме за луѓето кои

сакаме да не претставуваат во парламентот. Правејќи го

тоа, сите ние го кажуваме нашето мислење во врска со тоа

како се управува со земјата, и придонесуваме за иднината

на Австралија.

Како државјанин, вие редовно ќе гласате на сојузните

избори и на изборите во државите или териториите.

Повремено ќе гласате на референдуми, а тоа се гласања за

менување на австралискиот Устав. Повеќе информации за

австралискиот Устав може да се најдат во дел 3, Владата и

законите во Австралија.

Австралијските државјани на возраст од 18 години или

повеќе мора да го пријават името и адресата во гласачките

списоци. Штом сте запишани, гласањето е задолжително

за австралијските државјани на возраст од 18 години или

повеќе во сојузните избори и на изборите во државите или

териториите.

Гласањето на локалните избори во некои држави не е

задолжително.

• да гласате на сојузните избори и на изборите во

државите и териториите, како и на референдуми

• да се пријавите за работа во австралиските државни

служби или во австралиските одбранбени сили

• да се кандидирате на избори за парламентот

• да поднесете барање за австралиски пасош и

слободно да влегувате во Австралија

• да добиете помош од австралиски дипломатски

претставник кога сте во странство

• да ги пријавите вашите деца родени во странство

како австралиски државјани по потекло.

Обврски

Почитување на законот

Нашите претставници во власта донесуваат закони за

да ги зачуваат поредокот, слободата и безбедноста во

општеството и за да ги заштитат нашите права. Сите

Австралијци мораат да ги почитуваат законите што ги

имаат донесено австралискиот Парламент, парламентите

на државите и териториите, и локалните власти.

Повеќе информации за некои важни закони во Австралија

може да се најдат во дел 3, Владата и законите во

Австралија.

Со гласањето на сојузните избори и на изборите во државите или

териториите ние го кажуваме нашето мислење

Одбрана на Австралија ако се јави

потреба за тоа

Иако служењето во Австралиските одбранбени сили е

доброволно, многу е важно во случај на потреба сите

австралиски државјaни да се заложат со здружени сили да

ја бранат нацијата и нејзиниот начин на живот.

20

Австралиско државјанство: Нашата заедничка заложба

Членување во порота ако добиете покана

за тоа

Членувањето во порота е обврска на австралиските

државјани на возраст од 18 или повеќе години. Порота

е група од обични австралиски мажи и жени што ги

сослушуваат доказите во некоја судска постапка и

одлучуваат дали некое лице е невино или виновно.

Секој Австралиец што е запишан во гласачките списоци

може да добие покана да членува во порота.

Членувањето во порота помага да се осигура дека

правосудниот систем е отворен и праведен.

Права

Пријавување за работа во австралиските

државни служби или во Австралиските

одбранбени сили

Ако сте австралиски државјанин, може да се пријавите за

работа во австралиските државни служби и да работите

за австралиската влада, на пример, во Centrelink, Medicare

или Австралиската даночна служба (Australian Taxation

Office).

Австралиските државјани исто така имаат право да се

пријават за работа во Австралиските одбранбени сили

(војската, морнарицата и военото воздухопловство).

Кандидирање на избори за парламентот

Австралиските државјани на возраст од 18 или повеќе

години можат да се кандидираат на избори за парламентот

на сојузно ниво или на ниво на државите или териториите.

Служењето во австралискиот Парламент истовремено е и

чест и сериозна обврска.

Поднесување барање за австралиски

пасош и слободно влегување во

Австралија

Кога ќе станете австралиски државјанин, ќе имате право

слободно да живеете во Австралија.

Имате право да поднесете барање за австралиски пасош.

Како австралиски државјанин, слободно можете да

патувате во странство и да се вратите во Австралија. Не ви

е потребна виза за да се вратите назад во Австралија.

Добивање помош од австралиски

дипломатски претставник во странство

Австралија има амбасади, високи претставништва или

конзулати во многу земји. Кога сте во странство, може да

побарате помош од дипломатски претставник кога сте во

нужда.

Тоа вклучува итни случаи како што се граѓански немири

и природни непогоди. Дипломатските претставници исто

така може да издадат пасош во итен случај и да дадат

совети и поддршка при несреќен случај, при сериозна

болест или во случај на смрт.

Кога сте во друга земја, мора да ги почитувате законите на

таа земја.

Пријавување на деца родени во странство

како австралиски државјани по потекло

На австралиските државјани може да им се родат деца

во странство. Тие можат да ги пријават своите деца како

австралиски државјани. Во тој случај децата ги имаат

истите права и обврски на државјани како и децата родени

во Австралија.

Учествување во австралиското

општество

Австралија ги поттикнува сите државјани да земат

учество во општеството. Државјаните што земаат

учество во општеството даваат придонес за Австралија

на најразлични начини. Може да им се придружите на

заедниците во соседството и во локалното подрачје. Може

доброволно да вршите општествена работа и работа за

заедницата. Може да се приклучите кон некоја уметничка

или културна организација. Исто така можете активно да

учествувате во политичкиот живот.

Плаќањето данок е уште еден важен начин на кој директно

придонесувате кон австралиската заедница. Данокот се

плаќа од парите што ги заработувате, без оглед дали тоа е

од работно место, од бизнис или од вложени пари.

Многу бенефиции што ги уживаат Австралијците се

овозможени преку даноците. Парите од даноците

се трошат на услуги во кои спаѓаат здравството,

образованието, одбраната, патиштата и железниците, и

социјалното осигурување. Преку работење и плаќање

данок вие можете да ја поддржите владата да и ги

обезбедува тие важни услуги на австралиската заедница.

Тие услуги помагаат Австралија да биде мирна и напредна

држава каква што е денес. Владите на државите и

териториите и локалните општини исто така собираат

даноци за да плаќаат за услугите.

Плаќањето на данокот е регулирано со закон. Данокот и

од поединците и од бизнисите го собира Австралиската

даночна служба (Australian Taxation Office - ATO).

ATO работи за да осигура дека сите граѓани се свесни

за своите даночни права и обврски да го платат точниот

износ на данок.

Дел 2 – Австралиските демократски убедувања, права и слободи 21

Дел 3

Владата и законите во Австралија

Од сега натаму, со завет кон Бога,*

се колнам на верност спрема Австралија и нејзиниот народ,

чии демократски убедувања ги споделувам,

чии права и слободи ги почитувам, и

чии закони ќе ги поддржувам и ќе се придржувам кон нив.

* Секој поединец сам избира дали ќе ги каже зборовите „со завет кон Бога“.

22 Австралиско државјанство: Нашата заедничка заложба

Владата и законите во Австралија

На свеченоста за доделување на државјанство ќе се заколнете дека ќе ги поддржувате и почитувате австралиските закони.

Важно е да го разберете австралискиот систем на владеење, како се донесуваат законите во нашата парламентарна

демократија и како се спроведуваат тие закони. Исто така е важно да сфатите како вие, како државјанин, ќе можете да го

кажете вашето мислење во врска со управувањето со државата.

Како ќе го кажам моето

мислење?

Гласање

Во Австралија, државјаните на возраст од 18 или повеќе

години мора да се запишат во гласачките списоци за да

гласаат на сојузните избори. Преку гласањето го кажувате

вашето мислење во врска со тоа кој ќе ве претставува во

парламентот. Ако не сте исправно запишани во гласачките

списоци, не можете да гласате на избори.

Откако ќе бидете запишани во гласачките списоци,

задолжително мора да гласате на сојузните избори и на

изборите во државите или териториите. Ако не гласате

на избори, а немате оправдана причина за тоа, ќе треба

да платите казна. Задолжителното гласање е начин да се

осигура дека луѓето што ги избираме се навистина оние

што ги сака мнозинството од населението.

Австралиската изборна комисија (Australian Electoral

Commission - AEC) е сојузна агенција. Таа ги спроведува

сојузните избори и референдумите, и ги одржува сојузните

гласачки списоци. AEC помага на гласачите да им се

осигураат праведни и чесни избори. АEC е независна од

владата. Политичките партии или поединците во владата

не можат да влијаат врз одлуките на АEC. Изборите се

спроведуваат со тајно гласање, па според тоа слободно

и безбедно можете да гласате за било кој кандидат. Никој

друг не гледа за кого гласате. Можете да им кажете на

други луѓе за кого сте гласале, но никој не може да ве

принуди да кажете.

Како ние го воспоставуваме

нашиот систем на власт?

Федерација

Пред 1901 г., Австралија се состоела од шест одделни

британски колонии со самостојна власт.

Секоја колонија во рамките на своите граници си имала

свој устав и сопствени закони во однос на одбраната,

доселувањето, поштенските услуги, трговијата и превозот.

Луѓето сакале да ги обединат колониите и да формираат

една единствена австралиска држава поради поголем

број причини. Трговијата и превозот меѓу колониите

биле скапи и бавни. Спроведувањето на законот надвор

од границите било тешко. Посебните колонии исто така

имале и слаби одбранбени системи. Што е уште поважно,

почнал да се формира австралискиот национален

идентитет. Спортските тимови ја претставувале Австралија

на меѓународен план, и се развивала специфично

австралиска култура преку народните песни, стихотворби,

приказни и уметност.

Обединувањето на нацијата било тешка задача, но со текот

на времето идејата за една австралиска нација станала

реалност. Австралијците се гордеат со фактот дека нивната

нација не се создала преку револуции и крвопролевања,

туку преку преговори и референдум.

На 1 јануари 1901 г., колониите се обединиле во

федерација на држави наречена Комонвелт на Австралија.

Покренување прашања кај вашите

претставници

Во Австралија имате право да покренете прашања што ве

загрижуваат кај вашиот избран претставник. Така вашите

гледишта парламентот може да ги земе предвид кога

размислува за донесување нови закони или за менување

на постојните закони. На пример, ако имате препорака

за тоа како да се подобри системот за доселување, може

да закажете состанок за да разговарате за тоа со вашиот

локален член на парламентот. Исто така можете да

напишете и писмо во кое ќе ги наведете вашите гледишта.

На тој начин, обичните Австралијци можат да го кажат

своето мислење при донесувањето на законите и

правилниците на владата.

Дел 3 – Владата и законите во Австралија 23

Австралискиот Устав

Уставниот закон на Комонвелтот на Австралија од 1900г.

(Commonwealth of Australia Constitution Act 1900) е правниот

документ кој ги зацртува основните правила за власта

во Австралија. Австралискиот Устав првично бил усвоен

како составен дел на Британскиот парламентарен закон

(British Act of Parliament) во 1900 г. На 1 јануари 1901 г., кога

Уставот стапил на сила, австралиските колонии станале

една независна држава, Комонвелтот на Австралија.

Со австралискиот Устав бил установен Парламентот на

Комонвелтот на Австралија, сочинет од Претставнички

дом (House of Representatives) и од Сенат (Senate). Уставот

исто така го установил и Високиот суд на Австралија (High

Court of Australia), кој има овластување да ги применува и

толкува австралиските закони.

Австралискиот Устав може да се измени само преку

специјално гласање што се нарекува референдум.

На референдумот треба да има двојно мнозинство за да се

измени австралискиот Устав. Тоа значи дека мнозинството

гласачи во мнозинството држави, како и мнозинството

гласачи во целата држава мора да гласаат за измената.

Како се контролираат

овластувањата на владата?

Австралискиот Устав власта ја распределува на три

ограноци на власт. Целта на тоа е да се спречи една

личност или една група луѓе да ја преземе целата власт во

управувањето со Австралија.

Законодавна власт

Парламентот има овластување да ги донесува и

менува законите. Парламентот се состои од пратеници

што ги избира австралискиот народ.

Извршна власт

Извршната власт е овластување да се спроведуваат

законите во практиката. Егзекутивната власт ги опфаќа

австралиските државни министри и Генералниот

гувернер (Governor-General). Секој министер е

надлежен за еден или за повеќе оддели на владата.

Судска власт

Судиите имаат овластување да го толкуваат и

применуваат законот. Судовите и судиите се независни

од парламентот и од владата.

Тие овластувања се запишани во австралискиот Устав.

Кој е австралискиот шеф на

државата?

Австралискиот шеф на државата е кралицата на Австралија,

Нејзиното Величество кралицата Елизабета Втора.

Во Австралија, кралицата нема секојдневна улога во

владеењето. Кралицата го назначува Генералниот

гувернер како свој претставник во Австралија, по совет на

австралискиот премиер. Генералниот гувернер дејствува

независно од сите политички партии.

Во секоја од државите има Гувернер кој ја претставува

кралицата во улога што е слична на улогата на Генералниот

гувернер.

Уставна монархија

Австралија е уставна монархија. Уставна монархија е

држава во која шеф на државата е крал или кралица, но тој

мора да дејствува во согласност со уставот.

Австралискиот систем на парламентарна демократија

е базиран на британскиот систем кој бил развиван во

текот на долги векови. Во австралискиот систем водач на

австралиската влада е премиерот.

Австралискиот Устав

24

Австралиско државјанство: Нашата заедничка заложба

Улогата на генералниот гувернер

Генералниот гувернер:

• ги потпишува сите предлог закони што по

усвојувањето од страна на австралискиот парламент

стануваат закони (тоа се нарекува кралска

согласност - Royal Assent)

• потпишува законски одредби

• врши свечени должности

• го одобрува назначувањето на австралиската влада

и на нејзините министри, на сојузните судии и на

други државни службеници.

Генералниот гувернер исто така има специјални

овластувања познати како „резервирани овластувања“

(reserve powers) што може да ги користи само во

специфични околности.

Кои се некои од австралиските

водачи?

Шеф на државата (Head of State)

Кралицата на Австралија

Генерален гувернер (Governor-General)

Претставникот на шефот на државата во Австралија

Гувернер (Governor)

Претставникот на шефот на државата во секоја од

австралиските држави

Старата зграда на Парламентот во Канбера е пуштена во употреба во

1927 г.

Како се управува со Австралија?

Австралиската влада

Австралиската влада се нарекува уште и сојузна влада или

влада на Комонвелтот.

Австралискиот парламент има два дома:

• Претставнички дом (House of Representatives)

• Сенат (Senate).

Членовите на обата дома директно ги избира

австралискиот народ на сојузни избори. Кога гласате на

сојузни избори, обично избирате претставници за обата

дома.

Сојузен премиер (Prime Minister)

Водачот на австралиската влада

Премиер (Premier)

Водачот на владата во секоја од државите

Главен министер (Chief Minister)

Водачот на владата на териториите

Државен министер (Government Minister)

Член на парламентот одбран од страна на водачот на

владата да биде надлежен за некое подрачје од власта

Член на парламентот (Member of Parliament - MP)

Претставник избран од страна на австралискиот народ во

австралискиот парламент

Новата зграда на Парламентот во Канбера е пуштена во употреба во

1988 г.

Сенатор (Senator)

Избран претставник од една држава или територија во

австралискиот парламент

Градоначалник или Претседател на општина

(Mayor or Shire President)

Водач на локален општински совет

Општински советник (Councillor)

Избран член на локален општински совет

Дел 3 – Владата и законите во Австралија 25

Претставнички дом

Претставничкиот дом понекогаш се нарекува и Долен дом

или Народен дом.

Австралија е поделена на сојузни изборни единици.

Австралијците во секоја единица гласаат за една личност

што ќе ги претставува во Претставничкиот дом. Тој

претставник се нарекува Член на парламентот (Member of

Parliament (MP)).

Бројот на членови на парламентот за секоја држава и

територија зависи од бројот на населението на таа држава

или територија. Австралискиот народ избира вкупно 150

членови во Претставничкиот дом.

Најважната работа на Претставничкиот дом се состои од

тоа да ги разгледуваат предлозите за нови закони или за

измени на законите, да разговараат и да гласаат за нив.

Членовите на Претставничкиот дом исто така разговараат

и за прашања од национална важност.

Претставнички дом

Сенат

Сенатот понекогаш се нарекува Горен дом (Upper House),

Ревизиски дом (House of Review) или Државен дом (States’

House).

Сите држави се подеднакво застапени во Сенатот без

оглед на бројноста на нивното население. Од секоја

држава се избираат по 12 претставници. Секоја од двете

територии на австралиското копно избира по двајца

претставници. Вкупно се избираат 76 претставници и тие

се нарекуваат сенатори.

Сенаторите исто така ги разгледуваат предлозите за нови

закони или за измени на законите, разговараат и гласаат

за нив. Сенаторите исто така разговараат и за прашања од

национална важност.

Сенат

Влади на државите и териториите

Во Австралија има шест држави и две територии на главното копно. Секоја држава си има сопствен устав и сопствен

парламент. Владите на државите и на териториите се сместени во главните градови на државите и териториите.

Водач на државната влада е премиерот, а водач на владата на територијата е главниот министер.

Државните влади работат на сличен начин како и австралиската влада. Во секоја држава има гувернер кој ја претставува

кралицата на Австралија. Во Северната Територија генералниот гувернер назначува управител (Administrator). Улогата и

надлежностите на управителот се слични на оние на гувернерот на држава.

Како и во случајот со австралиската влада, народот гласа за да одбере претставник за своето подрачје. Тие претставници

стануваат членови на парламентот на државата или на територијата.

Локална власт

Државите и Северната Територија се поделени на подрачја на локална власт. Тие може да се нарекуваат градови, окрузи,

градски населби или општини. Секое подрачје си има свој сопствен општински совет. Општинските совети се надлежни

за планирање и за испорачување на услуги на нивната локална заедница. Граѓаните во секое подрачје на локалната власт

гласаат за да ги изберат своите локални општински советници.

26

Австралиско државјанство: Нашата заедничка заложба

Што прават трите нивоа на на власт?

Австралиската влада е надлежна за:

• оданочување

• управување со националната економија

• доселување и државјанство

• вработување

• поштенски служби и услуги и мрежа за комуникации

• социјално осигурување (пензии и семејни додатоци)

• одбрана

• трговија

• аеродроми и воздухопловна безбедност

• надворешни работи (односи со други земји).

Австралиската влада е надлежна за управување со националната

економија

Владите на државите и на териториите се надлежни за:

• болници и здравствени услуги

• училишта

• железници

• патишта и контрола на патен сообраќај

• шумарство

• полиција

• јавен превоз.

Локалните власти (и владата на Територијата на главниот

град на Австралија) се надлежни за:

• улични знаци, контрола на сообраќајот

• локални патишта, пешачки патеки, мостови

• одводи

• паркови, детски игралишта, базени, спортски терени

• терени за кампување и кампови за приколки

• проверка на храна и месо

• контрола на бучава и на животни

• собирање на ѓубре

• локални библиотеки, сали и центри за заедницата

• некои прашања поврзани со згрижувањето на деца

и на постари луѓе

• градежни дозволи

• социјално планирање

• локални прашања поврзани со животната средина.

Владите на државите и на териториите се надлежни за болниците

Локалните власти се надлежни за детските игралишта

Некои надлежности се поделени меѓу разните нивоа на власта. Советот на австралиските власти (Council of Australian

Government (COAG)) е формиран за да се поттикне соработката меѓу разните нивоа на власта.

Дел 3 – Владата и законите во Австралија 27

Каква улога играат политичките

партии во начинот на кој се

управува со Австралија?

Политичка партија е група луѓе што споделуваат слични

идеи за тоа како треба да се управува со една држава. Тие

работат заеднички за да ги претворат идеите на партијата

во закони. Главните политички партии во Австралија се

Австралиската работничка партија (Australian Labor Party),

Австралиската либерална партија (Liberal Party of Australia),

Народната партија (Nationals) и Австралиските зелени

(Australian Greens).

Повеќето членови на парламентот припаѓаат кон некоја

политичка партија. Некои членови на парламентот не и

припаѓаат на ниедна партија. Тие се нарекуваат Независни.

Во Австралија слободно можете да и се приклучите на

било која политичка партија ако одлучите така.

Како се формира

австралиската влада?

По изборите, политичката партија или коалицијата од

партии што освоила мнозинство претставнички места во

Претставничкиот дом ја формира австралиската влада.

Водачот на таа партија станува водач на австралиската

влада, односно сојузен премиер.

Партијата или коалицијата од партии што била втора по

бројот на претставнички места во Претставничкиот дом

е позната како опозиција. Нејзиниот водач се нарекува

водач на опозицијата.

Сојузниот премиер ги одбира членовите на парламентот

или сенаторите што ќе станат министри. Министрите

се надлежни за важни ресори на владата (наречени

портфолија), како што се вработување, домородни работи,

или државна благајна. Министрите со најважни ресори го

сочинуваат Кабинетот, кој е клучното тело што донесува

одлуки во австралиската влада.

Како се прават законите?

Австралиските државјани избираат луѓе што ќе ги

претставуваат во австралискиот парламент.

Австралискиот парламент ги изготвува и менува законите

за да и користат тие на државата.

Член на австралискиот парламент предлага нов закон

или променa на законот. Тој предлог се нарекува

„предлог-закон“.

Претставничкиот дом и Сенатот ги разгледуваат

предлог-законите, дискутираат за нив и гласаат дали

се согласуваат со нив или не.

Ако мнозинството членови во секој дом на парламентот

се согласи со предлог-законот, тој се проследува до

генералниот гувернер.

Кога генералниот гувернер ќе го потпише предлогзаконот,

тој станува закон. Тоа се нарекува „кралска

согласност“.

Парламентите на државите и на териториите донесуваат

сопствени закони на сличен начин.

Како се спроведуваат законите?

Судови

Судовите во Австралија се надлежни за толкување и

применување на законот. Тие се независни од владата.

Судовите одлучуваат дали некоја личност го прекршила

законот или не, и одлучуваат за казната. Секоја личност

има право на суд да биде застапувана од адвокат. Судовите

своите одлуки можат да ги засноваат само на доказите што

им се поднесени.

Судии на судови од повисок ранг и судии

на пониски судови

Судијата на суд од повисок ранг или судијата на пониски

судови е највисоката власт во судот. Судиите на суд од

повисок ранг и судиите на пониските судови се независни

и никој не може да им наложи каква одлука да донесат.

Судиите на суд од повисок ранг и судиите на пониските

судови ги назначува владата, но владата не може да им ги

одземе работните места ако не се согласува со нивните

одлуки.

Високиот суд на Австралија

28

Австралиско државјанство: Нашата заедничка заложба

Пороти

Во некои случаи судот користи порота за да одлучи дали

некоја личност го прекршила законот.

Поротата е група составена од обични луѓе што по случаен

избор се одбрани од целото население. Судијата и го

објаснува законот на поротата. Во судења за кривични

дела, ако поротата утврди дека некоја личност е виновна,

судијата одлучува за тоа каква казна ќе се определи.

Според законот, сите луѓе во Австралија се сметаат за

невини се додека судот да утврди дека се виновни.

Полиција

Полицијата ги одржува редот и мирот во заедницата. Нивна

работа е да ги штитат животите и имотите. Тие се независни

од владата. Ако полицијата верува дека некој го прекршил

законот, може да го уапси тоа лице и да го изведе пред суд.

Полицијата може да доставува докази до судот, но судот

одлучува дали некое лице е виновно или не е.

Државите и Северната Територија имаат свои сопствени

полициски сили. Тие се справуваат со криминалните дела

според законите на државата или на територијата.

Австралија исто така има и национална полиција што се

вика Австралиска сојузна полиција. Австралиската сојузна

полиција ги истражува злосторствата против сојузните

закони, на пример, шверц со дрога, злосторства против

националната безбедност, и злосторства против животната

средина. Австралиската сојузна полиција исто така е

одговорна и за општата полициска работа во Територијата

на Австралискиот Главен Град.

Полицијата и заедницата имаат добри заемни односи

во Австралија. Може да пријавите кривични дела и да

побарате помош од вашата локална полиција.

Важно е да сте запознаени со австралиските закони

бидејќи тоа што не го знаете законот не е оправдание за да

го прекршите.

Поткупувањето на полицаец се смета за сериозен престап.

Престап е дури и обидот да се поткупи полицаец.

Како и во другите земји, насилството врз друго лице е

противзаконско во Австралија и претставува многу тешко

кривично дело. Тука спаѓа и насилството во домот и во

бракот, познато како домашно или семејно насилство.

Домашното насилство опфаќа телесно, сексуално или

психичко повредување или наштетување, принудни

сексуални односи, принудно осамување, или економско

лишување.

Носењето оружја како што се ножеви или пиштоли е

незаконско во Австралија. Лицето што сака да поседува

пиштол, на пример, за да го користи на фарма, прво мора

да добие дозвола за носење огнено оружје од полицијата.

Сообраќајни прекршоци

Патните и сообраќајните прописи ги контролираат

властите во државите и териториите. Луѓето може

да добијат високи парични казни, или дури да бидат

испратени и во затвор заради кршење на сообраќајните

правила. За да возите кола во Австралија, мора да

имате локална возачка дозвола, а колата мора да биде

регистрирана.

Сите лица што се возат во кола мора да носат сигурносен

појас. Бебињата мора да бидат ставени во одобрено

седиште за бебиња. Сообраќајните прописи што се

однесуваат на брзото возење и на возењето под дејство

на алкохол или на дрога се многу строги. Исто така е

противзаконски да разговарате на мобилен телефон што

го држите в рака додека возите.

Заклучок

Нашите демократски институции имаат создадено мирно

и стабилно општество. Ние имаме богата и сопствена

култура за да ја споделиме. Како австралиски државјанин,

вие ќе станете дел од приказната на нашата нација и ќе

придонесувате кон нашата иднина. Државјанството е она

што не сплотува сите.

За да се подготвите за тестот за државјанство, решете

ги прашањата за вежбање за тестот што се наоѓаат на

страниците 34 и 35.

Кривични дела во Австралија

Во некои од најтешките кривични дела спаѓаат убиствата,

нападите, сексуалните напади, насилството врз луѓе или

имот, вооружените пљачки или кражби, одржувањето

сексуални односи со деца или со младинци што се

помлади од законски пропишаната возраст за согласност,

опасното возење на моторни возила, поседувањето и

користењето на дроги, и измамите.

Дел 3 – Владата и законите во Австралија 29

Речник за поглавјето со испитен материјал

Австралиски државни служби

државните оддели и луѓето што работат во нив

Пол доби работа во австралиските државни служби како службеник на Centrelink.

граѓански немири

демонстрации и бунтови од страна на голем број луѓе, кои обично протестираат против некоја одлука или правилник на

владата

Имаше граѓански немири кога владата усвојуваше непопуларни закони.

коалиција

Обединување на две или повеќе политички партии, обично за да се формира влада или опозиција

После изборите немаше ниту една партија со мнозинство седишта во Претставничкиот дом, па затоа две партии со

слични идеи се обединија за да формираат коалиција.

комисија

група луѓе што имаат некоја службена надлежност

Изборите ги организира независна комисија.

уставна монархија

земја во која шеф на државата е крал или кралица, но неговите овластувања се ограничени со уставот

Нашиот устав го создаде Комонвелтот на Австралија како уставна монархија, со кралот или кралицата на

Обединетото Кралство како поглавар на државата.

суд

место каде што се разгледуваат правни случаи од страна на судија на суд од повисок ранг или на судија на понизок суд

Кога луѓето го прекршуваат законот, може да одат на суд.

судење за кривично дело

судско сослушување на фактите поврзани со некое наводно кривично дело, за да се одлучи дали некој е виновен

или невин

По судењето за кривично дело, пљачкашот на банката беше пратен во затвор.

демократија

владеење на народот преку избрани претставници

Грејс беше среќна што живее во демократија каде што може да гласа за нејзиниот претставник во парламентот.

неазконска трговија со дрога

поседување или купување на дрога заради нејзина противзаконска продажба

Џес беше испратен во затвор поради противзаконска трговија со дрога.

економско лишување

вид на домашно насилство при што еден од партнерите во врската го спречува другиот партнер да добива пари

или да располага со нив

Лин искуси економско лишување бидејќи нејзиниот маж не и даваше пари.

избори

настан на кој граѓаните одбираат лица што ќе ги претставуваат во парламентот

Австралиските државјани на возраст од 18 или повеќе години мора да гласаат на избори.

30

Австралиско државјанство: Нашата заедничка заложба

изборни списоци

списоци на луѓе што имаат право да гласаат на избори или на референдум

Кога Џен пристигна на гласачкото место, службеникот го побара нејзиното име во гласачките списоци.

спроведување на законот

осигурување дека луѓето се придржуваат кон законите

Полицијата го спроведува законот и го одржува мирот.

извршна власт

власт и овластување да се спроведуваат законите, една од трите форми на власт според австралискиот Устав

Австралиските државни министри и генералниот гувернер имаат извршна власт да ги спроведуваат законите

што ги донесува австралискиот парламент.

федерација

обединување на колониите во една држава во која колониите задржуваат одредени овластувања

Во 1901 г., колониите се обединија во федерација наречена Комонвелт на Австралија.

Првата флота

група од 11 бродови што испловиле од Британија под команда на капетан Артур Филип (Captain Arthur Phillip) за да

основаат осуденичка населба во Нов Јужен Велсs

На Денот на Австралија се сеќаваме на пристанувањето на Првата флота во Сиднејскиот Залив на 26 јануари 1788 г.

цветен амблем

национален цвет

Цветниот амблем на Австралија е златната мимоза.

принудно осамување

вид на домашно насилство при што еден од партнерите во врската контролира со кого другиот партнер се гледа

или разговара, што чита и каде оди

Сенди беше во принудно осамување бидејќи нејзиниот маж не и дозволуваше да оди во посета кај пријатели и роднини.

од сега натаму

од сега и во иднина

На свеченоста за доделување на државјанство ветувате дека ќе и бидете верни на Австралија од сега натаму.

икона

добро позната слика

Операта е прочуена сиднејска икона.

Домороден народ

изворните жители на земјата – во Австралија, тоа се Абориџините и луѓето од островите Торес Стреит

Домородните народи на Австралија сочинуваат 2,5 проценти од австралиското население.

Јудео-христијански

и од еврејска и од христијанска вероисповед

Јудео-христијанските вредности се оние што се засноваат на поуките од Библијата.

Речник за поглавјето со испитен материјал 31

судска власт

власт и овластување да се толкуваат и применуваат законите, една од трите форми на власт според

австралискиот Устав

Судовите во Австралија имаат судска власт да го толкуваат и применуваат законот.

законодавна власт

власт и овластување да се донесуваат и менуваат закони, една од трите форми на власт според австралискиот Устав

Според уставот, парламентот има законодавна власт, односно власт да донесува закони.

слободи (слобода)

лична слобода и независност

Во нашето демократско општество луѓето имаат слобода на говорот, слобода на изразувањето, слобода на вероисповед

и слобода за здружување. Ние ги цениме тие слободи.

судија на понизок суд

судија (главен) во понизок суд

Судијата на понискиот суд утврди дека пљачкашот е виновен и го прати во затвор.

другарство

давање помош на други и примање помош од други, особено во тешки времиња

Кога колата ми се расипа, другите возачи ми помогнаа да ја истуркам во духот на другарството.

државна химна

државна песна

Државна химна на Австралија е ‘Advance Australia Fair’.

парламентарна демократија

систем на власт заснован на редовно избирање на претставници во парламентот од страна на граѓаните

Во парламентарната демократија луѓето гласаат за своите претставници.

постојан жител

Лице кое има виза неограничено да живее и работи во Австралија

Соседот на Абдул, Јапонец, е постојан жител на Австралија и работи во банка.

политичка партија

група луѓе што имаат слични идеи во врска со тоа како треба да се управува со државата

Членовите на политичката партија редовно се состануваат, на пример, за да разговараат за подобрување на јавниот

превоз.

во служба на јавноста

употреба на времето, енергијата или вештините и способностите за доброто на нацијата

Хозе вредно и служеше на јавноста така што им помагаше на бегалците полесно да се снајдат при населувањето во

Австралија.

референдум

гласање од страна на сите гласачи во врска со некоја предложена измена на австралискиот Устав

На референдумот од 1967 г., народот гласаше домородните Австралијци исто така да се бројат при пописот.

32

Австралиско државјанство: Нашата заедничка заложба

претставник

лице што дејствува или зборува од име на други луѓе

На мојот претставник во локалниот општински совет му се допадна мојата идеја и тој ја изнесе на состанокот на

општинскиот совет.

ревизија

разгледување на предлог за нов закон и одлучување дали тој да се прифати или отфрли

Сенатот, како Ревизорски дом, разговараше за предлог-законот за даноците предложен од Долниот дом.

тајно гласање

систем на гласање при кој луѓето гласаат во тајност така што никој не може да влијае на нив или да ги принуди да гласаат на

одреден начин

При тајно гласање никој не ве гледа додека гласате.

световен

одделен од верата

Во световното општество нема службена вероисповед.

основа

Изгради, воспостави, започна

Гувернерот Филип ја основа првата колонија во Нов Јужен Велс.

округ

подрачје на локалната власт

Патиштата во мојот округ се многу безбедни.

социјално осигурување

државни пензии или бенефиции за да им се помогне на невработените, на онеспособените, на постарите и

на други луѓе во нужда

Кога Транг ја загуби работата, мораше да поднесе барање за социјално осигурување.

да си ја пробаш среќата

да се обидеш да направиш нешто на среќа

Секоја година си ја пробувам среќата и се обложувам за $10 на некој коњ на Мелбурншкиот куп.

Доброволец

лице што го посветува своето време на друго лице или на организација без да очекува да му се плати за тоа

Раза е доброволец кој ги подучува луѓето англиски јазик во нивните домови.

Речник за поглавјето со испитен материјал

33

Прашања за вежбање за тестот

Австралија и нејзиниот народ

1. На што се сеќаваме на празникот Anzac Day?

a. На истоварувањето на Австралиските и

новозеландските воени сили на Галиполе, Турција

b. На пристигнувањето на првите доселеници од

Велика Британија

c. На пристанувањето на Првата флота во

Сиднејскиот Залив

3. Кој службен симбол на Австралија ја означува

сопственоста на Комонвелтот?

a. Државната химна

b. Австралискиот национален цвет

c. Државниот грб на Комонвелтот

2. Кои се боите на австралиското абориџинско

знаме?

a. Црна, црвена и жолта

b. Зелена, бела и црна

c. Сина, бела и зелена

Австралиските демократски убедувања, права и слободи

4. Која од овие изјави за австралискиот систем на

власт е точна?

a. Кралицата на Австралија ги избира пратениците во

австралискиот Парламент

b. Владата ја избира народот

c. Сојузниот премиер ги избира нашите членови на

Парламентот

5. Кој од следните примери е пример за слободата

на говорот?

a. Луѓето можат мирно да протестираат против одлуки

на владата

b. Мажите и жените се третираат рамноправно во

судовите

c. Австралијците се слободни да не исповедаат ниту

една вера

6. Која од овие изјави за власта во Австралија

е точна?

a. Власта забранува некои вероисповеди

b. Власта во Австралија е световна

c. Верските закони ги усвојува парламентот

7. Кој од следните примери е пример за

рамноправноста во Австралија?

8. Која од следните работи е обврска на

австралиските државјани на возраст од 18 или

повеќе години?

a. Да присуствуваат на состаноците на локалниот

општински совет

b. Да гласаат на избори

c. Да имаат важечки австралиски пасош

9. Која од следните работи е обврска на

австралиските државјани на возраст од 18 или

повеќе години?

a. Да вршат услуги за локалната заедница

b. Постојано со себе да носат пасош

c. Да бидат членови на порота ако добијат покана

за тоа

10. Која од следните изјави за пасошите е точна?

a. Австралиските државјани можат да поднесат

барање за австралиски пасош

b. Постојаните жители можат да имаат

австралиски пасош

c. На австралиските државјани им се потребни

пасош и виза за да се вратат во Австралија

a. Сите исповедаат иста вера

b. Мажите и жените имаат исти права

c. Сите и припаѓаат на иста политичка партија

Власта и законот во Австралија

11. Која од следните изјави за гласањето на

австралиските избори е точна?

a. Луѓето слободно и безбедно можат да гласаат за

било кој кандидат

b. Гласањето се врши со кревање рака

c. Луѓето мораат да си го напишат името на

гласачкото ливче

12. Што се случило во Австралија на 1 јануари

1901 г.?

a. Австралискиот Устав бил променет со

референдум

b. Австралискиот Устав стапил на сила

c. Биле основани Австралиските и новозеландските

воени сили

13. Како се вика правниот документ што ги

поставува правилата за власта во Австралија?

a. Австралиска федерација

b. Комонвелт на Австралија

c. Австралиски Устав

14. Што е тоа референдум?

a. Гласање за да се смени владата

b. Гласање за да се измени австралискиот Устав

c. Гласање за да се смени сојузниот премиер

15. Кој огранок на власта има овластување да

ги толкува и применува законите?

a. Законодавниот

b. Извршниот

16. Која од следните работи е улога на

генералниот гувернер?

a. Назначување на премиерите на државите

b. Потпишување на предлог-законите усвоени од

страна на австралискиот Парламент

c. Назначување на шефот на државата

17. Која од следните изјави за владите на

државите е точна?

a. Сите држави имаат ист устав

b. Секоја држава си има свој устав

c. Државите немаат устави

18. Како се вика партијата или коалицијата на

партии втора по бројност на членови во

Претставничкиот дом?

a. Влада

b. Опозиција

c. Сенат

19. Како се вика предлогот за донесување закон

во парламентот?

a. Кралска согласност

b. Предлог-закон

c. Расправа

20. Кој ги одржува редот и мирот во Австралија?

a. Јавните службеници

b. Полицијата

c. Адвокатите

c. Судскиот

Одговори:

1a, 2a, 3c, 4b, 5a, 6b, 7b, 8b, 9c, 10a, 11a, 12b, 13c, 14b, 15c, 16b, 17b, 18b, 19b, 20b

Прашања од за испитот вежбање за вежбање за тестот 35

Крај на поглавјето со

испитен материјал

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!