31.03.2020 Views

Katalog ARS Studio_Mart 2020_najznacajni dela od istorijata

Katalog ARS Studio_Mart 2020_najznacajni dela od istorijata

Katalog ARS Studio_Mart 2020_najznacajni dela od istorijata

SHOW MORE
SHOW LESS
  • No tags were found...

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

• март 2020 •


2

ИСТОРИЈА


ИСТОРИЈА

Џон В. А. Фајн Јуниор

Балканот во раниот среден

век

Оваа книга претставува општ преглед на

историјата на Балканот во раниот среден век.

Хронолошки, книгата го опфаќа периодот од

доаѓањето на Словените во втората половина

на VI и раниот VII век, па сè до 80-тите години

на XII век.

Џон Халдон

Социјална историја на

Византија

Книгата содржи поврзани есеи што се

однесуваат на социјалната историја

на Византиската Империја, нуди ново

теоретско и емпириско истражување

во проучувањето на византиското

општество и вклучува корисни поимници

на социолошки/теоретски изрази и

византиски/средновековни термини.

990,-

1490,-

1020,-

840,-

Мири Рубин, Волтер Симонс

Христијанството во Западна

Европа 1100-1500 година

Овој том му нуди на читателот низа статии

што ги резимираат некои од највозбудливите,

најкреативните и трансформативни

историски дела на верските култури населени

во Западна Европа меѓу 1100 и 1500 година.

Мајкл Енголд

Четвртата крстоносна војна

Настани и објаснување

На 12 април 1204 година војниците од

Четвртата крстоносна војна и нивните

сојузници од Венеција го пљачкосале

градот Константинопол. Дали овој настан

што ја разнишал цивилизацијата, но

не ставил крај на империјата, е еден од

„настаните што ја прават историјата?“

3


ИСТОРИЈА

990,-

760,-

Френклин Л. Форд

Општа историја на Европа

Европа од 1780 до 1830 година

Oваа книга вклучува нарација, но таа содржи

опсервации, и претходи и следува по анализата

за европското општество околу 1780 година,

а потоа околу 1830 година. Во делото не се

занемарени хрониката на јавните настани,

договорите и битките, како и законските

одредби и извршните одлуки. Исто така, не

се испуштени евидентирањето на европската

мисла и уметничките достигнувања.

Питер Ф. Шугар

Југоисточна Европа под

Османлиска власт, 1354-1804

Историја на источноцентрална

Европа, книга V

Систематското проучување на историјата на

Источноцентрална Европа, надвор од овој регион,

почна во последната генерација или последните

две. Досега на ниту еден јазик не била напишана

опсежна историја за овој регион.Оваа едиција

треба да му обезбеди на научникот што не е

стручен за историјата на Источноцентрална

Европа и на студентот кој размислува за ваква

специјализација, вовед во темата и утврдување на

претходно стекнатото знаење.

990,-

990,-

Уредено од Гопал Балакришнан

Мапирање на нацијата

Почнувајќи со моќните изјави на Лорд

Актон и Ото Бауер – класични либерални

и социјалистички ставови – Социјално

мапирање на нацијата изобилува со

мисли поврзани со следниве прашања:

дебатата меѓу Ернест Гелнер и Мирослав

Хрох; критиката на Гопал Балакришнан

на Андерсоновите Замислени заедници;

гледиштето на Парта Чатерџи за

ограничениот пристап кон националноста; и

придонесите од Мајкл Ман, Ерик Хобсбаун,

Том Неирн и Јирген Хабермас.

Дејан Ѓокиќ

Југословенството

Истории за пропаднатата

идеја, 1918-1992

Зборникот „ЈУГОСЛОВЕНСТВОТО, истории

за пропаднатата идеја 1918-1992“ во

редакција на Дејан Ѓокиќ, дава спектар на

погледи на повеќе автори околу идејата на

југословенството, нејзиното реализирање

во рамките на монархистичка (прва) и

социјалистичка (втора) Југославија, сѐ до

нејзиниот дефинитивен крај утврден со

меѓународното право.

4


ИСТОРИЈА

Дејан Ѓокиќ

Неостварлив компромис

Југославија во меѓувоениот период

Во оваа книга станува збор за Југославија

меѓу двете светски војни (1918-1941)

односно се анализираат обидите за

пронаоѓање компромис во врска со обликот

на држава меѓу Србите и Хрватите во текот

на овој турбулентен период. Оваа книга

го оспорува популарното мислење според

кое заедничката држава беше осудена на

пропаст како последица на конкурентските

национални идеологии на Србите и Хрватите,

кои беа создадени уште пред создавањето на

Југославија.

Ентони Д. Смит

Потеклото на нациите

„Кога е нација?“ Ова прашање, поставено

од Вокер Конор (Walker Connor) (1990) пред

една декада, доби нов живот и значење.

Дебатата за „староста“ и за потеклото на

нациите од старомодна повторно стана

прашање што предизвикува сериозна

научна загриженост. Ова преиспитување

делумно потекнува од последните

случувања во разбирањето на нациите и на

национализмот.

990,-

890,-

1990,-

990,-

Сураија Фароки

Пристапувајќи кон османлиската

историја

Запознавање со изворите

Овој наслов претставува возбудливо и јасно истражување

на начините на кои примарните и секундарните извори

може да се употребат за да се толкува историјата. Со

разгледување на архивските и раскажувачките извори,

авторката ги поттикнува читателите да усвојат критички

пристап кон нивните откритија и дека сè што е запишано

во официјалните документи не мора нужно да биде точно

ниту вистинито. Покрај тоа што книгата е водич за оние

што се подготвуваат да започнат со свое истражување,

и искусните може да откријат многу нови и возбудливи

нешта во ова искрено толкување на полето.

Доналд Кватерт

Османлиската Империја,

1700-1922

Османлиската Империја била една од

најважните незападни држави што

опстанале од средновековниот во

модерниот период и имала витална улога

во европската и светската историја. Ова

ново истражување ги испитува главните

трендови во доцните години на Империјата

и се осврнува на родовите прашања и на

темите што предизвикувале остра дебата

како што е прашањето за третманот на

малцинствата.

5


ИСТОРИЈА

Кара Хатерсли-Смит

Византиска јавна

архитектура меѓу IV и раниот

XI век од н.е., со посебен

осврт на градовите во

византиска Македонија

Целта на ова дело е да се опишат и да се

објаснат промените во јавната архитектура на

гратчињата во византиска Македонија и на

градовите меѓу IV и раниот XI век од н.е.

Џејмс Еванс

Велика Британија и

формирањето на Југославија

Преговарање за балканската

национална припадност и

идентитет

Овој труд претставува анализа на

британските ставови во однос на

формирањето на југословенската држава во

1918 година, како и во однос на долготрајното

незадоволство и острите дебати што му

претходеле на југословенскиот конститутивен

Устав од јуни 1921 година.

870,-

1290,-

990,-

890,-

Уредници

Оливер Шмит

Ева Ане Франц

Албанската историја

Состојба и перспективи за

истражување

Истражувањето на албанската историја има

традиција што трае повеќе од еден и пол

век. културолошко-научната албанологија

се применува во голем број држави во

Европа и во северна Америка, но поретко

се изучува на високообразовните установи.

Ова тврдење би го оправдало обидот да се

направи преглед на основните прашања и

резултати од истражувањето на историјата на

Албанците.

Едгар Хеш

Историја на Балканот

Балканскиот Полуостров од античкиот

период до денес има вистинска функција

на поврзување на Европа и Ориентот и

прерасна во фасцинантна културна област

со сопствен идентитет. Прегледот на

историјата на Балканскиот Полуостров од

страна на Едгар Хeш на читателот му ги

доближува обележјата и особеностите на

овој регион.

6


ИСТОРИЈА

Филип Тер

Темната страна на

националните држави

„Етничкото чистење” во

современа Европа

Дваесеттиот век се карактеризира со

организиран терор како ниедна друга

историска епоха. „Етничките чистења“ не

се највисоко на оваа скала на теророт. Тоа

делумно може да се темели врз мотивацијата

на актерите што донеле одлуки за тоа и

го спровеле. Во етничките чистења цел е

насилното отстранување на една група од

некоја област.

Михаило Ст. Поповиќ

Мара Бранковиќ

Жената меѓу христијанскиот и

исламскиот културен круг во XV век

Српската принцеза Мара Бранковиќ (околу

1418-1487 г.), ќерка на српскиот деспот Ѓураѓ

Бранковиќ (1373/75-1456), била „една од

најзначајните личности што произлегле од

„мешањето“ на владетелските фамилии, кои

се здружиле со цел да опстанат на Балканот

за време на османлиското освојување на

Византиската Империја и периодот потоа во

текот на XV век.

990,-

1290,-

2920,-

1190,-

Матијас Бехер

Меровинзи и Каролинзи

Во денешно време постојано расте интересот

за историјата. Заинтересираните, учениците

и учителите си поставуваат прашања за

доверливите информации, комплексната и

комплицирана содржина, што се прегледно

и лесно читливо претставени во томовите

под наслов „Историски преглед“. Тие ги

поставуваат настаните и нивната поврзаност

со историската епоха на антиката, средниот

век, новото време и глобалната историја

на јасен начин и од аспект разбирлив за

денешното истражување.

Јоханес Кодер

Византискиот животен

простор

Ј. Кодер кратко, јасно и прегледно

ги претставува главните фактори на

историската географија на Византија:

природниот простор, климата, поставеноста

на патиштата и власта, населувањето

и населението во византискиот

средновековен период. Дваесет и три карти

го дообјаснуваат напишаното во текстот.

7


ИСТОРИЈА

Плумб Џуфи

Дилеми за Албанија

Студии за албанското

средновековје

Содржината на оваа книга е замислена

и реализирана во 1991-1992 година кога,

како стипендист на Фондацијата „Хумболт“,

авторот работел на Институтот за византиски

студии на Универзитетот во Келн (Германија),

под раководство на професорот Питер

Шрајнер.

Ферит Дука

Османлиските векови

во албанскиот простор

(истражувања и документи)

Османлискиот период бил и останал еден

од најинтересните периоди на албанската

историја. Во овој временски период се

случиле важни процеси и појави што на еден

или друг начин, ги одредиле подоцнежните

карактеристики на албанското општество.

Проучувањето и познавањето на овој период,

овозможува да се одредат и перцепциите и

сликата што ја имаме ние за средновековното

предосманлиско минато на Албанците.

1190,-

990,-

890,-

1290,-

Илбер Хиса

Албанците и другите

Веќе долго време еден дел од

историографијата на XIX век, како во земјата,

така и во соседството, ги сметал Албанците

како еден „старо-нов“ народ што, иако бил

одамна вкоренет на некогашниот Илирски

Полуостров, малку подоцна делумно станал

дел од историјата на XI век со својот етноним,

барем за оние што биле познати и признати

како пишани историски извори.

Иво Банац

Националното прашање во

Југославија

Потекло, историја, политика

Изданието на книгата се случува во период

кога Југославија исчезнува како држава. Се

забележува јасна сличност меѓу пропаста на

Титова Југославија и пропаста на претходната

кралска Југославија, која е предмет на

обработка во книгата. Сличноста конкретно

се состои во неспособноста, и во едниот и во

другиот случај, да се воспостави искрена и

рамноправна соработка меѓу јужнословенските

и другите националности на Балканот што

живеат на културниот и историски простор што

се наоѓаше во рамките на Југославија.

8


ИСТОРИЈА

Џастин Макарти

Смрт и егзил

Етничко чистење на

османлиските муслимани,

1821-1922 година

Оваа студија за муслиманскиот морталитет

и миграција потекнува од истражувањето на

населението на Османлиската Империја во

Првата светска војна. Не само во текот на

Првата светска војна туку низ целиот XIX век

муслиманскиот народ во Анадолија, на Крим,

Балканот и на Кавказ претрпел огромен

морталитет.

Норман М. Најмарк

Огнови на омраза

Етничко чистење во Европа

во ХХ век

Карактерот на масовното насилство во

Европа драматично се промени во текот

на XX век. Светските војни од 1914 до

1918 година и од 1939 до 1945 година ги

отворија портите за граѓанските војни,

народноослободителните војни и за

етничките судири. Методите на етничкото

чистење, од друга страна, останаа

непроменети во текот на последните сто

години.

990,-

990,-

990,-

990,-

Т. Х. Холингсворт

Историска демографија

Демографијата е составена од исти елементи

како и најпопуларните приказни: секс и

смрт. Ако на ова се додаде човековата

одушевеност од броевите и неговата

прастара страст за минатото, тогаш може да

заклучиме дека историската демографија е

навистина привлечна наука.

Мирослав Хрох

Општествени предуслови за

националната преродба во

Европа

Компаративна анализа на општествениот

состав на патриотските групи кај помалите

европски нации.

9


ИСТОРИЈА

М. С. Андерсон

Општа историја на Европа

Европа во XVIII век 1713-1789

година

Периодот кој е опфатен во оваа книга бил

период во Европа кога се случиле и промени,

понекогаш насилни и драстични, и кога

имало стабилност која била на граница

со стагнација. Силите кои се стремеле за

напредок и напред влијаеле врз континентот,

но нивното влијание било променливо и

нееднакво во сите делови на Европа.

Филип Џенкинс

Историја на Соединетите

Американски Држави

Историчарите често аргументирале во однос

на прашањето наречено „американски

ексепционализам“, идеја според која

Соединетите Американски Држави на

некој начин подлежат на правила и на

трендови што се разликуваат од правилата

и од трендовите што доминираат во други

напредни земји.

825,-

990,-

990,-

870,-

Вемунд Арбак

Етничкото ривалство и

борбата за Македонија, 1870-

1913

Во ова дело се употребени материјали и

документи што се објавени претходно. Не

станува збор за воведување нови и сериозни

докази. Вредноста на напишаното главно

лежи во начинот на кој се систематизираат

и се комбинираат изворите, особенo оние од

Бугарија и Грција. Оние што се занимаваат

со македонското прашање врз основа на

првичните извори, особено се навраќаат

кон основата што ја нудат или грчките или

словенските студии.

Е. Џ. Хобсбаум

Нациите и национализмот од

1780

Нациите и национализмот од 1780 година

е широко прифатеното испитување на Ерик

Хобсбаум за прашањето на национализмот.

Книгата се осврнува на настаните во

источна Европа и советските републики во

доцниот XX век кои повторно ја истакнуваат

централната важност на национализмот

во историјата на политичката еволуција и

немири, и обрнува внимание на влијанието

на драматичните промени што се случиле

на крајот на XX век.

10


ИСТОРИЈА

Иво Банац

Со Сталин протов Тито

Информбировски расцеп во

југословенското комунистичко

движење

Во пролетта 1948 година Сталин ја нападна

Комунистичката партија на Југославија,

претворајќи го на тој начин својот гнев кон

Титовото водство во ненадеен и ненамерен

расцеп. Иако нè делат само четири децении од

објавувањето на Резолуцијата на Информбирото,

можеме да кажеме дека тоа Сталиново обвинение

што доведе до расцеп, односно до првиот расцеп

во комунистичкиот државен систем.

Пол Гард

Балкански дискурс

Зборовите и човекот

Во последната деценија на минатиот век,

по распадот на советската империја и

по распадот на Југославија, Балканците,

речиси заборавени во текот на четириесет

години, повторно им го привлекоа

вниманието на француската и западната

јавност. Во текот на десет години јавноста

во првите редови ги постави војните во

Хрватска (1991), потоа оние во Босна (1992-

1995) и во Косово (1999), заедно со нивните

ужаси.

990,-

990,-

1640,-

890,-

Рој Медведев

Сите луѓе на Сталин

Оваа книга содржи шест кратки биографии,

политички портрети на луѓето кои во

различно време биле најблиска придружба

на Сталин: К.Е. Ворошилов, А.И. Микојан,

М.А. Суслов, В.М. Молотов, Л.М. Каганович

и Г.М. Маленков. Сите овие луѓе одиграле

важна улога во историјата на СССР и на

Комунистичката партија на Советскиот сојуз.

Сталин, „шефот“ во партиските кругови, се

потпирал токму на овие луѓе; тие нему му

биле од суштинско значење за основањето

на неговата тоталитарна диктатура.

Жорес А. Медведев

Рој А. Медведев

Непознатиот Сталин

Сталин бил лидер, диктатор и тиран. Но

под покривката на „култот на личноста“ на

деспотот, постоела и вистинска личност. Тој

навистина бил немилосрден и одмаздлив,

но имал и други карактеристики: Сталин

бил мислител, пресметлив, вреден човек

со челична волја и значителен интелект;

несомнено бил и патриот, посветен

на одржувањето на историската руска

државност. Ова е „непознатиот Сталин“ што

е тема на оваа книга.

11


ИСТОРИЈА

1520,-

990,-

Малком Андерсон

Државите и национализмот

во Европа по 1945 година

Книгата Државите и национализмот ги

разгледува постојаните контроверзии

што ги опфаќаат идеите за нацијата и

национализмот и покажува дека сѐ уште

постојат во XXI век во Европа. Почнувајќи

со дефинирање на термините и јасно

и прецизно поставување на теориите

и концептите, оваа книга го анализира

влијанието на национализмот по Втората

светска војна.

Кристофер Хаугего

Античката историја низ

монети

Оваа книга е наменета за студентите и

професорите по античка историја кои сакаат

да знаат како проучувањето на монетите

може да им биде од интерес. Неговата

цел е да покаже како карактерот, схемите

и однесувањето на монетите влијаат врз

големите историски теми и за воведување

на главните нумизматички пристапи преку

посочување кон некои од поубедливите

примери.

840,-

840,-

Лоренс Кепи

Разбирање на римските

натписи

Вредноста на натписите како историски

материјал е толку голема што тешко дека

може да се пренагласи. Настрана од

современите фалсификати, кои се ретки и,

главно, лесно може да се откријат, тие се

современи и авторитетни документи чии

текстови, ако се читливи, не може да се

променети и чија кумулативна вредност во

рацете на научниците, кои се навикнати да

ракуваат со нив во целост, е извонредна. Тие

се единствен најважен извор за историјата и

за организацијата на Римското Царство.

Марк ван де

Миероп

Историја на античкиот

Блиски Исток околу 3000-

323 година пр.н.е.

Историјата на Блискиот Исток не треба да

биде само историја на почетоци или да

нè интересира само затоа што ни ги дава

најраните докази за прашањата што ги

поставуваат историчарите. Постојат и многу

други аспекти. Станува збор за историја

од околу три илјади години, период што

е малку подолг од тој што нè одделува од

Хомер.

12


ИСТОРИЈА

Мајкл Паларет

Балканските економии (1800-

1914)

Книгата Балканските економии (1800 –

1914) претставува компаративен преглед за

економскиот напредок на Србија, Бугарија,

Босна, Црна Гора и на Македонија во векот

пред Првата светска војна. Мајкл Паларет

користи претежно примарни извори на

јазиците што се зборуваат во регионот за да

потврди дека овие земји, веројатно, искусиле

економски пад, а не економски раст, барем

од средината на XIX век.

Тимоти Д. Барнс

Константин и Евсевиј

Ова дело не е биографија на Константин

ниту сеопфатна студија на Евсевиј

Кесариски како автор и мислител. Делото

генерално не е ни историја во времето на

Константин. Најдобро може да се опише

како интерпретативен есеј. Константин и

на Евсевиј Кесариски се опишани како

индивидуалци, авторот прави обид да

опише прецизен профил за секој од нив

посебно, а потоа ја опишува нивната заемна

поврзаност.

990,-

840,-

1460,- 1970,-

Ричард К. Хол

Балканските војни 1912-1913

Вовед во Првата светска војна

Со Балканските војни од 1912-1913 г. отпочна

ерата на конфликти во Европа на почетокот

на XX век која траеше се до 1918 г., при што

се поставија и основите на прoблемите што

ја измачуваа Европа се до крајот на векот. Во

книгата Балканските војни 1912-1913: Вовед

во Првата светска војна, авторот Ричард Хол,

ги истражува причините, почетокот, текот

и разврската од Балканските војни, кога

Османлиската Империја војувала против

балканскиот сојуз составен од Бугарија,

Грција, Црна Гора и Србија.

Антонело Фолко Бијаџини

Италија и Балканските војни

Италија и Балканските војни претставува

симболичен труд што со помош на воените

извори за научни цели дава важен

придонес во обемната истражувачка

програма и вреднување на документите

издадени од италијанските служби што

биле ангажирани, од различни причини,

во областа на Балканот, кој од крајот на XIX

век станува област од посебен интерес за

италијанската надворешна политика.

13


890,-

Антонело Бијаџини

Историја на современа Турција

Ова дело се заснова врз тенденцијата со

поопсежна активност на издавачките и на

истражувачките проекти да се интерпретираат

историските факти. Книгата „Историја

на современа Турција“ им се обраќа на

студентите, како и на широката публика во

обидот да се раскаже една од најсложените

и најфасцинантни истории, онаа на Турците

со далечно потекло од Централна Азија,

во градењето голема мултиетничка и

мултинационална империја, која уште на

почетокот на XX век претставува голема сила,

како и формирањето на Турската Република по

Северскиот договор од 1920 година.

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!