19.01.2015 Views

Download (4Mb) - Универзитет Гоце Делчев Штип

Download (4Mb) - Универзитет Гоце Делчев Штип

Download (4Mb) - Универзитет Гоце Делчев Штип

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

УНИВЕРЗИТЕТ “ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ” - Штип

ФАКУЛТЕТ ЗА МЕДИЦИНСКИ НАУКИ

- СТОМАТОЛОГИЈА -

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ

ВО СТОМАТОЛОГИЈА

доц. д-р Цена ДИМОВА

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

Штип 2011

Автор

Цена ДИМОВА

Наслов

Ургентни состојби во стоматологија

Рецензенти

Проф.д-р Никола КАМЧЕВ

Проф д-р Јордан ЈАНЕВ

Јазична редакција

Зора ГРОЗДАНОВСКА

Техничка подготовка и компјутерска обработка:

Цена ДИМОВА

Штип 2011

CIP - Каталогизација во публикација

Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", Скопје

616.31-083.98

ДИМОВА, Цена

Ургентни состојби во стоматологија / Цена Димова. - Штип:

Универзитет "Гоце Делчев", 2011. - 86 стр.: илустр.; 21 см

Библиографија: стр. 85

ISBN 978-608-4504-37-5

а) Стоматологија - Ургентни состојби

COBISS.MK-ID 88678666

1

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

ПРЕДГОВОР

Кога станува зборува во медицината за ургентни состојби вообичаено се

помислува на оние ситуации кога е загрозен животот на болниот и кога

терапијата мора да биде спроведена во истиот момент со манифестирање на

првите симптоми. Вака дефинрани ургентни состојби во стоматолошката

секојдневна практика ретко се случуваат и главно се однесуваат на појавата на

алергиски состојби или реакции, кога е можно да се појават несакани и многу

бурни реакции на одговор на организмот на внесување на раствори за локална

анестезија. Но, исто така, ургентна состојба може да се случи при појава на

срцев застој кај пациентот, во стоматолошката ординација или заботехничката

лабораторија, каде што животот на пациентот може да биде сериозно загрозен.

Покрај ова, во стоматолошката практика може да се јават состојби кои,

исто така наметнуваат потреба од ургентна терапија, иако можеби животот на

пациентот непосредно не е загрозен. Такви се дентогените инфекции,

крварењата, кои пак може да го нарушат општото здравје.

Затоа секој стоматолог и забен техничар мора да биде запознаен со

бројните можни компликации и евентуални ургентни состојби кои бараат

навремена терапија. Ова особено е важно не само да се помогне на пациентот,

туку и да се заштити самиот стоматолог и забен техничар и неговата

професионална етика.

Скриптата е наменета за студентите по Општа стоматологија на

Факултетот за медицински науки со цел стекнување на основно знаење за

ургентните состојби, а во согласност со програмата по предметот ургентни

состојби во стоматологијата, кој се слуша во десеттиот семестар, според

програмата за Општа стоматологија.

Скриптата, исто така, е наменета за студентите на Високата зравствена

школа за забни техничари – протетичари, со цел за стекнување знаење за

ургентните состојби, а во согласност со програмата по предметот ургентни

состојби кој се слуша во четвртиот семестар според програмата за Забен

техничар -протетичар.

2

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

Бидејќи ова е прва книга од вој вид во стоматолошката литература на

нашите прстори, со задоволство ќе бидат прифатени сите сугести на читателите

со намера да се најдат во некое идно издание.

Цели / компетенции на предметот:

итни состојби кои може да се случат во текот на стоматолошката

практика,

дијагнозаи диференцијална дијагноза на итните состојби во

стоматолошката практика,

терапија на итните состојби во стоматолошката практика,

превенција на итните состојби при стоматолошките интервенции.

Содржина на предметот:

Запознавање на студентите по Општа стоматологија и студентите на

Високата здравствена школа за забни техничари – протетика со дијагнозата

на итните состојби поврзани со стоматолошката практика, диференцијална

дијагноза и терапија на истите, постапки во дијагнозата и терапијата на

итните состојби во секојдневната стоматолошка практика, постапка во

дијагностиката и терапијата на болните состојби поврзани со одонтологијата.

Една од целите на предметот е запознавање со постапките при крвавење во

пределот на лицето и вратот, и со основите на дијагнозата на повредите во

пределот на лицето, вилиците и вратот.

Дел од предметот опфаќа и запознавање на студентите со итните состојби

што можат да се случат во текот на стоматолошката практика како синкопа,

колапс, епилептичен и хистеричен напад, дијагноза на истите, како и со

постапките кои се очекуваат од стоматологот во наведените ситуации.

Практичните вежби на студентите по Општа стоматологија се замислени и

организирани како работилници на работа во мали групи на следниве теми:

Општа и локална анестезија

Синкопа, колапс,

Срцев застој и пулмонален застој, крварења,

Акутна одонтогена инфекција

Повреди на заби и поврединамекитеткива

Повреди на вилиците

Постапки со ХИВ позитивни лица

Постапки со хептитис позитивни лица

Авторот

3

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

ВОВЕД ВО ПРЕДМЕТОТ УРГЕТНИ СОСТОЈБИ

Ургентни состојби во медицина:

- ситуации кога е загрозен животот на пациентот

- терапијата мора да биде спроведена во моментот на манифестирање на

првите симптоми.

Ургентнисостојби - дефиниција:

Поимот ургентност може да се дефинира како акутна патолошка состојба,

која за кратко време може да го доведе пациентот во витална или

функционална опасност со неизвесна прогноза.

Ургентни состојби во стоматологијата:

Во секојдневната стоматолошка практика може да дојде до ситуации со

ненадејни ургентни состојби кои можат да го загрозат животот на пациентот.

Вака дефинирани состојби односно ситуации кога е загрозен животот на

пациентот во стоматологијата се поретки, главно, се однесуваат на појава на

алергиски реакции каде што се јавува бурна и брза реакција на организмот кон

внесениот локален анестетик.

Од правен и од морален аспект секој лекар – стоматолог и секој

медицински работник е должен да ги препознае тие состојби и да му пружи

соодветна прва помош на пациентот.

Ургентните состојби во стоматологијата, иако можеби непосреднои

директно не го загрозуваат животот на пациентот, сепак во секојдневната

стоматолошка практика се јавуваат многу различни состојби кои бараат

ургентна терапија:

- болни состојби (пулпити, пародонтити, апсцеси, флегмони)

- дентогенитеинфекции

- крварењата

- фрактури на виличните коски

Етиолошките фактори кои доведуваат до ургентни состојби може да бидат:

- ендогени (предизвикани од акутна афекција со престанок на некоја

витална функција или со прогредирање на веќе присутна патолошка состојба),

4

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

- егзогени(предизвикани од надворешни трауматски, термички, или

медикаментозни причинители).

Без разлика на етиологијата на ургентната состојба кај пациентот доаѓа

до нарушување на некои витални функции:

- неуролошка функција,

- респираторна функција или

- кардиоваскуларна функција.

Тогаш е потребна брза интервенција на местото на акцидентот

(настанот), односно пружање адекватна и стручна прва помош, како најдобра

превенција на сите витални функции. Во наредните постапки ќе се применат

соодветни специфични медицински мерки.

Во зависност од првичната зафатеност и доминантност на ургентноста

според органскиот систем, ургентните состојби можат да бидат од различен

карактер и различен органски аспект и тоа:

1. Од непобитна важност се многу заболувања, односно интернистички

состојби (кардио васкуларни и респираторни) со ургентен карактер:

- пулмонална емболија

- акутен миокарден инфаркт

- кардиоваскуларен арест

- ургентна пулмологија

- асматичен напад

- алергиски реакции

- анафилаксија.

2. Инфективни состојби со ургентенкарактер:

- акутна хепатална инсуфициенција,

- сепса, септичен шок.

3. Неурохируршки состојби со ургентен карактер:

- интра кранијални крвавења

- повреди на ЦНС

- воени повреди.

5

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

4. Ургентни состојби од уво, нос и грло (ОРЛ) и очниболести:

- акутна инсуфициенција на дишните патишта

- увеит

- епистакса

- туѓи тела.

5. Хируршки состојби со ургентен карактер:

- тешки трауми

- крварење

- акутен панкреатитис

- акутен абдомен.

6. Ургентни анестезиолошки состојби:

- сетичен шок

- хеморагичен шок

- имунолошки статус на повредени.

7. Ургентни состојби во максилофацијалната хирургија:

- невролошки состојби со ургентен карактер (вртоглавица, акутен

цереброваскуларен инсулт, кома – мозочна смрт)

- епи–статус (епилептичен напад), акутна невролошка болест – повреди на

лицето, вратот и вилиците (луксации, фрактури, фиксации, сопирање на

крварење).

8. Ургентнисостојбивостоматологијата:

- компликации и инциденти во тек на општата анестезија

- општи компликации во тек на изведување на локална инфилтративна

анестезија

-локални компликации во тек на изведување на локална инфилтративна

анестезија,

- ургентни состојби во тек на екстракции на заби

- можни компликации од акутна одонтогена инфекција

- повреди на усната празнина

- повреди на гингивите

- повреди на подот на усната празнина

- повреди на јазикот

6

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

- повреди на образот

- повреди на усните

- повреди на забите

- повреди на лицето

- повреди на вилиците и вратот.

9. Повреди и инциденти при изведување на стоматолошка терапија и тоа:

- ендодонтска терапија (лекување на заби и корени)

- препарација на забни трупчиња

- изработка на коронки и мостови

- инциденти при изработка на парцијални и тотални протези.

КОМПЛИКАЦИИ И ИНЦИДЕНТИ ПРИ ИЗВЕДУВАЊЕ НА АНЕСТЕЗИИ

Компликациите кои настануваат при изведување на анестезиите можат да

се јават во тек на самата општа анестезија или локална анестезија, или после

апликацијата на локалната анестезија.

Причините при тоа можат да бидат различни. Дел од нив можат да

настанат од оправдани причини, значи без вина на лекарот стоматолог, кој ја

аплицирал локалната анестезија, како на пример повреда на крвен сад, поради

изменети анатомски соодноси, односно при разни анатомски варијации, но за

жал тие многу почесто се последица на груба и нестручна работа, како и поради

невнимание на самиот лекар стоматолог.

Инцидентите и компликациите можат да се јават и при давање на

општата анестазија, како и при инфилтрирање на локалната анестезија.

ОПШТА И ЛОКАЛНА АНЕСТЕЗИЈА

Во усната шуплина има обилно присуство на нервни завршетоци,

воедно и централниот нервен систем е во непосредна близина, што ја чини

оралната празнина прилично чувствителна на болка, затоа поголем дел од

оралнохируршките интервенции мора да се изведуваат во добра локална или

општа анестезија.

7

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

Под анестезија се подразбира, доведување на организмот или дел од

него, во состојба на нечувствителност на болка со помош на разни хемиски

средства - анестетици.

Состојбата на анестезираност може да се постигне заедно со губење на

свеста, кога станува збор за општа ансетезија (наркоза), или при зачувана свест

со анестезирање на само еден ограничен предел, кога се работи за локална

анестезија, односно постојат:

1. општа анестезија

2. локална анестезија

3. како и потенцирана локална анестезија

Потенцирана локална анестезија претставува таква анестезија каде што

со давање на средства кои болниот ќе го зашеметат и ќе се депримираат

центрите за свест, се постигнува анестезија, при што болниот е свесен, но

лесно поспан со успорени реакции.

Во однос на местото на давање на локалната анестезија постојат неколку

вида локална анестезија:

Површинска анестезија

Инфилтрациона анестезија

Спроводна или регионална анестезија

Спинална анестезија

Анестезија со ладење

Основни предности на локалната анестезија во однос на општата

анестезија се:

1. Можност за соработка со пациентот во тек на интервенцијата

2. Поедноставно изведување и отсуство на потреба за посебно

спецелијализиран персонал (анестезиолози)

3. Можност за напуштање на амбулантата веднаш по завршената

интервенција.

Фактори кои влијаат врз изборот на видот на анестезијата (локална,

интервенска, краткотрајна општа, ендотрахеална) можат да бидат, општи или

локални, на пример траењето на интервенцијата, возраста и конституцијата на

8

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

пациентот, емоционалната состојба, бременост, алергиски реакции на лекови,

општи заболувања на пациентот, посебно оние кои на било кој начин ја

компромитираат респираторната функција, присуство на инфекција во устата,

тризмус и др.

Доколку врз основа на овие факти, се донесе одлука да се примени општа

анестезија, потребно е да се одлучи дали таа анестезија може да се изведе на

стоматолошки стол, краткотрајна (интравенска) анестезија, или ќе мора да се

работи во болнички услови со ендотрахеална интубација. Во секој случај,

општата анестезија секогаш ја води лекар специјалист-анестезиолог.

ИНДИКАЦИИ ЗА ПРИМЕНА НА ОПШТА АНЕСТЕЗИЈА ВО

СТОМАТОЛОГИЈАТА И ОРАЛНАТА ХИРУРГИЈА

Кај болни кај кои е докажано (верифицирано) постоење на алергија на

локални анестетици;

Инцизија на абсцес или флегмона на еден или повеќе анатомски

простори;

Кај немирни деца, под шест години;

Кај нервно лабилни и преосетливи лица;

Кај ментално ретардирани лица;

Кај пациенти кај кои се изведуваат поголеми хируршки зафати;

Кај лица хемофиличари;

По барање на пациентот, исклучиво да му се работи интервенцијата во

општа анестезија;

При екстракција на повеќе заби од различни квадранти во една сеанса,

(кога би се работело со локална анестезија, би требало да се аплицира

поголема количина на локален анестетик).

Општа анестезија

Со општата анестезија или наркоза се постигнува потполна безболност и

неосетливост на целиот организам. За да се постигне наркоза потребно е

анестетичкото средство да дејствува на кората на големиот мозок и врз другите

9

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

делови на централниот нервен систем. Наркотичното средство не смее да

дејствува на продолжениот мозок, бидејки таму се наогаат главните витални

центри за дишење и крвоток. Со ова се условува создавање на поимот за

терапевтска ширина на анестетичното средство, тоа е онаа количина на

анестетичко средство кое после дејството на кората на големиот мозок,

дејствува на продолжениот и ‘рбетниот мозок.

Анестетичките среднства, кои се употребуваат за општа анестезија,

дејствуваат врз на нервните клетки во централниот нервен систем и нивната

функција ја депримираат. Притоа само се нарушува работата на нервната

клетка (настанува пареза или парализа) додека анатомската клетка останува

здрава.

Нарушувањето на клеточната функција е привремено и реверзибилно,

така што со отстранувањето на анестетикумот, многу брзо се воспоставува

нормална функција. Тоа е од големо значење, затоа што секоја уништена

нервна клетка не би можела да се надомести, и според тоа би останале трајни

последици, а анестезијата не смее да остави трајни последици врз болниот.

Анестетикумот селективно дејствува врз нервната клетка. Тоа не значи дека се

врзува само за нив. Напртив, со крвотокот доспева до сите клетки на

организмот, но дејството му е само на нервната клетка, поради нејзината

карактеристична функција и структура.

Теории за дејството на анестезијата

Постојат повеке теории кои се обидуваат да го разјаснат механизмот на

дејство на анестетичните средства, но ниту една до денес целосно не може да

ги разјасни сите настани во клетката за време на анестезијата.

Липоидната теорија се базира врз тоа дека анестетичкото средство е

липосолубилно, односно има својство да ги топи липоидните супстанции или да

се втопува во нив. Нервната клетка има карактеристични липоиди

(цереброзоиди) во својот состав, анестетикумот лесно влегува во неа, се

втопува во церебрузоидите, се нарушува функцијата на клетката и таа се

прализира,односно се депримира нејзината функција.

Адсорпциона теорија - по неа средството се адсорбира за клеточната

мембрана и со тоа се нарушува нејзината функција.

10

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

Теоријата на спречување на оксидацијата толкува дека

анестетикумот се врзува за клетката, ја спречува оксидацијата, односно го

нарушува нормалниот метаболизам и со тоа доаѓа до анестезија.

Електролитна теорија говори дека настанува наршување на односот

на електролитите во клетката и надвор од неа (од двете страни на клеточната

мембрана), заради што се нарушува нејзината функција.

Стадиуми на анестезијата

Општата анестезија протекува низ четири стадиуми:

- Стадиум на аналгезија

- Стадиум на ексцитација

- Стадиум на хируршка анестезија

- Стадиум на асфиксија или интоксикација (предозирање)

Во првиот стадиум – (стадиум на аналгезија) болниот е немирен, со

поматена свест, недоволно ориентиран и слабо комуникативен. Чувството на

болка е намалено, но не и потполно ислкучено. Работата на срцето е забрзана.

Мускулите не се релаксирани, а рефлексите (корнеални и рефлексот на

пупилите) се зачувани.

Во стадиумот на ексцитација болниот е вознемирен, мускулните

одбранбени рефлекси се засилени, поради исклучување на кортексот.

Зголемено лачење на жлездите, рефлексите за кашлање, голтање и за

повраќање се засилени. Крвниот притисок е зголемен, пулсот е забрзан,

дишењето неправилно. Очните јаболчници немирни, црнките лесно проширени,

корнеалниот рефлекс присутен. Со зголемување на концентрацијата на

анестетикумот, постепено болниот се смирува, дишењето станува рамномерно,

смирено, регуларно и болниот запаѓа во третиот стадиум на анестезија.

Во стадиумот на хируршка анестезија, се вршат сите хируршки

зафати, затоа што во него се исполнети сите услови за општа анестезија -

бессвесна состојба, безболност, релаксација на мускулатурата - а да се

зачувани сите физиолошки функции. Рефлексите постепено се гаснат,

зениците се стеснуваат и не реагираат на светло, корнеалниот рефлекс се

11

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

губи, дишењето се нормализира, пулсот се смирува, тензијата (крвниот

притисок) доаѓа на граници на нормалата.

Во четвртиот стадиум, асфиксија или интоксикација, доаѓа до

парализа на медуларните центри - центар за дишење и циркулација, како и

престанок на работата на срцето. Пупилите се многу широки и не реагираат

на светло, а и другите рефлекси се изгаснати.

Во денешниот степен на развој на медицината, општата анестезија

никогаш не смее да дојде до стадиум на асфиксија, затоа што тоа

е знак на недоволно внимание при дозирање на анестетикумот.

Болниот, по правило, се буди (стадиум на будење) понекогаш со нагон за

повраќање, со широки пупили кои реагираат на светлост, со лесен немир,

враќање на чувствата (реакција на болка) и свест.

Видови на општа анестезија

Во зависност од тоа на кој начин анестетичкото средство се внесува во

организмот, разликуваме неколку вида општа анестезија:

Инхалациона анестезија

Интравенозна анестезија

Ректална анестезија

Комбинирани анестезии

Инхалациона анестезија

При инхалационата анестезија анестетикумот се внесува во организмот

со вдишување преку дишните патишта. Притоа заедно со вдишениот воздух

доспева во белодробните алвеоли, а оттаму во крвните капилари и со крвта се

разнесува насекаде во организмот. Кога крвотокот ќе го донесе во централниот

нервен систем се врзува за нервните клетки и предизвикува општа анестезија.

12

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

Инхалационата анестезија може да се спроведе на неколку начини -

методи, во зависнот од тоа како анестетичкото средство се внесува во дишните

органи :

- Отворена метода

- Полуотоворена метода, односно полузатворена метода

- Затворена метода

Сл. 1. Отворен метод на инхалациона анестезија

Отворениот метод на инхалационата анестезија се карактеризира со

вдишување на анестетичкото средство од надворешниот простор со помош на

Schimmelbusch-ова маска (тракалезна маска направена од метал со жичана

решетка која се прекрива со 7-8 слоја газа). На неа се капе анестетичкото

средство чии пареии се вдишуваат при дишењето. Маската е така оформена да

го прекрие носот и устата и кога се става само преку неа може да се дише. Се

употребуваат лесно испарливи течности (етер, халoтан) кои можат да се

применат. Со оваа метода инцидентите се почести поради можноста од

предозирање (Сл.1).

Полуотворен - полузатворен метод на анестезија се врши преку

специјална (Ombredan-ова) маска, која овозможува при дишењето болниот да

вдишува анестетички пареи заедно со кислородот, а при издишување,

издишаниот воздух во најголем дел излегува во слободниот простор. Се

употребуваат Ogston-ова и Bellamy -Gardner-ова маска. Се применува често при

анестезија на деца. Маската овозможува и примена на гасовити анестетици како

азотоксидул и др. При оваа метода до некаде имаме можност да го

контролираме количеството на анестетикум, но не и неговото точно дозирање .

13

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

Затворениот метод на инхалационата анестезија , се карактеризира со

тоа што болниот дише во еден затворен систем кој целосно е исклучен од

надворешниот свет. Болниот вдишува кислород и анестетикум преку систем

цевки од боци и издишува, исто така, во затворен систем на цевки . За овој

метод на инхалациона анестезија е потребен апарат за анестезија со систем на

гумени цевки низ кои минуваат: кислород, анестетички гасови и пареи,

издишаниот воздух итн.

Предности на овој метод е во тоа што може добро да се дозира и целосно

да се искористи даденото анестетичко средство, кое делумно непроменето се

издишува во системот заедно со издишениот воздух и при повторно вдишување

може истиот да се искористи. Болниот не губи големо количество на топлина и

влага, Оваа анестезија најчесто се изведува во вид на ендотрахеална

анестезија.

Сл. 2. Воведување на ендотрахеален тубус на ендотрахелната анестезија

со помош на ларингоскоп

Ендотрахеалната анестезија се изведува на тој начин што болниот се

воведува во анестезија со интравенозно давање на кемитал или сличен

препарат и мускулен релаксатор - лептосукцин. Со помош на ларингоскоп (сл.2)

во трахеата се воведува за таа цел гумен или пластичен ендотрахеален тубус

(со разна димензија која одговараат на ширината на ларингсот, односно

трахеата). Подобри се тубусите со вградено балонче кое ќе се надуе откако

тубусот се воведе во трахеата со што целиот лумен на трахеата се затвора.

14

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

Ендотрахеалната анестезија најчесто е користена како инхалациона

анестезија поради својата сигурност загарантирана со можност за точно

дозирање на анестетичкото средство, неговото целосно искористување,

посотојана контрола на состојбата на болниот во зависност од концентрацијата

на анестетикумот.

Најчесто употребувани анестетички средства во инхалациона анестезија

се: етер, халотан, азотен оксидул, циклопропан и др.

Интравенозна анестезија

При интравенозна анестезија анестетичкото средство го внесуваме

директно во вена. За неа се потребни само шприц и игла за давање на

интравенозна инекција, и притоа многу брзо се постигнува потребната

концентрација во крвта за да дојде до анестезираност. Едноставната примена,

лесната подготовка, и брзо и лагодно воведување во остојба на анестезија при

што се прескокнува стадиумот на ексцитација, така што болниот нема

непријатно чувство на гушење, повраќање, страв итн, како и лесно будење без

повраќање и без сите непријатности кои болниот го следат после инхалациона

анестезија.

Оваа анестезија се применува освен за кратки хирушки интервенции во

стоматологијата и како базална анестезија по која потоа се продолжува со

инхалациона анестезија. Најчесто употребувани средства за интравенозна

анестезија се кемитал, пентотал (баритурати), евипан натриум, епонтол

(пропанидид), кеталар (кетамин хидрохлорид) и сл.

Интравенозната анестезија кога се применува како базална анестезија

при инхалационата анестезија се спроведува на тој начин што најнапред се

воведува болниот во состојба на анестезија со давање базална анестезија -

интравенозна апликација на Кемитал или сл., и на тоа се надоврзува

инхалациона анестезија. Овој начин на комбинирање на интравенознаинхалациона

анестезија денес е метод на избор.

15

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

Ректална анестезија

Ректална анестезија се изведува на тој начин што анестетичкото

средство - најчесто Авертин - се воведува во ректум каде се ресорбира и

доведува до анестезија. Денес, всушност, не се применува или само во

исклучителни случаеви.

Комбинирани анестезии

Видовите на анестезија и анестетички средства денес многу често се

комбинираат за да се постигне бараниот ефект на најпогоден начин. Најчеста

комбинација е базалната инравенозна анестезија со инхалациона анестезија.

Многу добра комбинирана анестезија е и потенцирана локална анестезија која

се применува на тој начин што освен локална анестезија се дава силно

средство за депресија на свеста, како петантин и сл., со што локалната

анестезија се потенцира со уште поголем ефект.

Хибернација е комбинирана општа анестезија, затоа што кога болниот се

воведува во општа анестезија се подвргнува на разладување со цел неговата

телесна температура да се спушти за неколку степени со што се депримираат

сите физиолошки процеси и се овозможува вршење на најкомплицирани и

долготрајни оперативни зафати.

Сл. 3. Акупунктура

Акупунктура е вид на анестезија која одамна се применува во Кина. Со

примена на специјални тенки игли, се прави перманентна дразба на одредени

нерви или нервни точки и патишта на телото (сл.3), со што се постигнува,

16

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

болниот да не чувствува болка при изведување на хируршка интервенција, а

при тоа е свесен и може да се разговара со него, а понекогаш за време на

операцијата зема и течности перорално.

Кеталар е анестетичко средство со силно анестетичко дејство кое

наполно самостојно може да се употребува за кратки и средни интервенции

(кеталарска анестезија). Примената е едноставна, при инрамускулна

апликација (болниот е во состојба под анестезјата по 5 - 7 мин.) или

интравенозно (уште побрзо анестезирање по 20 сек.). По потреба кеталарот

може да се додава со што се продолжува ефектот на анестезијата.

Водењето на анестезијата е многу тешка и одговорна работа, поврзана

со повеќе можни комплкации, кои можат директно да го загрозат животот на

болниот. Секогаш треба се изведува со големо внимание од добро обучен

персонал, способен адекватно да реагира. За да се избегнат можни инциденти

и компликации, потребно е болниот соодветно да се подготви за анестезија.

Подготовка на болниот за анестезија

Од подготовката на болниот пред анестезија во многу зависи и конечниот

успех на интервенцијата. Со анамнеза или објективен преглед, пред сè, треба

да се исклучат или докажат постоење на некои хронични заболувања

(кардијални и респираторни заболувања, како и заболувања со хеморагиски

синдром, дијбетес мелитус и др.) На овој начин, болниот навремено може да

се подготви, со цел за да се избегне било каков ризик по неговото здравје.

Болниот треба и психички да се подготви како за интервенцијата така и

за анестезија. Воедно од голема важност е и ставот на лекарот за да ја стекне

довербата на пациентот и да му влее самодоверба и да го ослободи од

стравот, или со премедикација ,за која цел се дава некој седатив.

Исто така, е потребно да се обезбеди целосен мир и добар сон пред

анестезијата и интервенцијата, што се постигнува со ординирање на некој

хипнотик, а за да се намали секрецијата, пред анестезијата може да се даде и

инекција атропин (0.001).

17

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

Општата анестезија треба да се изведува само кај пациенти со празен

желудник, бидејќи постои опасност од повраќање и аспирација на повратената

содржина. Затоа болниот не треба да јаде барем 12 часа пред интервенцијата.

Пред почетокот на анестезијата, пациентот треба се раскомоти (да

соблече капут, џемпер да ја попушти краватата), да биде поставен на

стоматолошкиот стол со главата екстендирана наназад, хоризонтално

поставена долна вилица, пожелно е пациентот своите раце да ги стави во

своите џебови, за да не ја попречи работата на лекарот при изведбата на

анестезијата. Евентуалните подвижни протетски изработки (забни протези) и

ортодонтски апарати треба да се извадат од уста. Во меѓувреме потребните

инструменти треба да бидат подготвени за да може интервенцијата да се

изврши во најкраток можен временски рок, посебно во ситуации на интравенски

анестезии, со оглед на траењето на анестезијата .

Анестезијата се изведува во целосна тишина затоа што слухот последен се

губи. Истото ова важи и за фазата на закрепнување - будење.

КОМПЛИКАЦИИ И ИНЦИДЕНТИ ПРИ ИЗВЕДУВАЊЕ НА

ОПШТА АНЕСТЕЗИЈА

Во текот на општата анестезија можат да настанат компликации од

страна на следниве органски системи:

- респираторниот систем

- кардиоваскуларниот систем

- гастро-интестиналниот систем

- централниот нервен систем

1. Компликациите во врска со дишењето, (од страна на

респираторниот систем) можат да бидат најчесто од механичка природа, но

можат да се случат иако поретко од централно потекло.

До обструкција на респираторните патишта најчесто доаѓа, поради

навлегување на туѓо тело (corpus allienum) во текот на интубирањето и

воведувањето на ошштата анестезија и тоа во горните дишни патишта како на

пример: пропаѓање на природен заб или корен, вештачки заб од протеза, дел од

18

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

протеза, вештачка соло коронка, аспирација на крв, гној, плунка, атонија на јазик

и сл.

Најдобра превенција на ваквите можни состојби е следново:

- претходен преглед на устата и одстранување на мобилните протези

пред воведувањето во општа анестезија

- поставување на телото на пациентот во соодветна положба.

- доколку се планира интервенција под општа анестезија да се препорача

екстракција на веќе разнишаните заби

- по извршената интубацијата да се направи стручно и правилно

тампонирање на фаринксот

- како и редовна аспирација на плунка и крв, односно евакуација на

насобраната содржина во оралната празнина во текот на интервенцијата под

општа анестезија.

Доколку дојде до обструкција, лечењето се состои во ендоскопско

одстранување на пречките и пропаднатите (навлезените) туѓи тела.

При централна респираторна депресија и ларингоспазам за време на

општата анестезија се преземаат мерки и постапки за евентуална трахеотомија,

вештачко дишење и оксигенација, како и поставување на респираторна машина.

2. Компликациите од страна на кардиоваскуларниот систем можат да

бидат во однос на срцевата работа и крвниот притисок и тоа состојби како што

се: аритмија, фибрилација, cardiac arest, хипотензија (намален крвниот

притисок) и хипертензија (зголемен крвен притисок).

Терапија: средства за корекција на тензијата (крвниот притисок), масажа

на срцето и вештачко дишење, дефибрилација.

3. Од страна на гастро-интестиналниот тракт честа и релативно

безопасна компликација е повраќање, како последица на лоша и несоодветна

предоперативна подготовка на болниот.

4. Од страна на ЦНС (централниот нервен систем) најчести

компликации се конвулзии, хипоксија и хируршки шок, поради губиток на голема

количина крв, плазма, преголем страв и сл.

Терапија: се состои во давање на трансфузија, инфузии, витамини и сл.

19

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

ЛОКАЛНИ АНЕСТЕТИЦИ И ЛОКАЛНА АНЕСТЕЗИЈА

Локални анестетици се хемиски супстанции кои дадени инфилтративо

или на површината привремено го блокираат спроведувањето на

импулсите низ самите нервни влакна. На тој начин тие причинуваат

локална аналгезија или локална анестезија на ткивото кое е инервирано од

соодветниот нерв или нерви без, при тоа, да биде оштетен самиот нерв,

односно регионални нерви. Покрај аналгезијата, локалните анестетички

средства во стоматологијата се користат и во дијагностички цели со цел за

да се одреди потеклото на болката во пределот на вилиците и лицето, како и

за постигнување на позитивен хемостатски ефект.

Дефиниција: Локален анестетик е хемиска супстанција која аплицирана

на површина на слузницата или дадена инфилтративно, привремено го блокира

спроведувањето на импулсите долж нервот, без истиот трајно да го оштети.

Состав на локалните анестетични раствори: Локалните

анестетички средства заедно со вазаоконстрикторот, стабилизаторот,

антисептично средство, пуфер и растворувач се составни делови на еден

анестетички раствор.

Анестетичните средства се употребуваат за:

постигнување на локална аналгезија и анестезија

во дијагностички цели

хемостатско дејство.

Карактеристики кои треба да ги поседуваат средствата за локална

анестезија се следниве:

Сите анестетични раствори се синтетски препарати

Сите имаат слабо базна реакција

Градат соли со јаки киселини кои се растворливи во вода

Солите имаат кисела реакција и релативно се стабилни

Изотонични и изојонични во крв

20

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

Компатибилност со вазоконстрикторот (адреналинот или сродни

супстанции),

Реверзибилно дејство

Отсуство на локално иритативно дејство на ткивото

Мала општа и локална токсичност

Висока потентност

Висок анестетски индекс = потентност/токсичност

Добра дифузија во ткиво (брзо дејство)

Долготрајно дејство

Брза биотрансформација во организмот

Да не предизвикува алергиски реакции

Да не го забавува зараснувањето на раните

Лесно да е растворлив во вода

Термичка стабилност.

Локални анестетици кои денес најчесто се користат во

стоматолошката практика припаѓаат во две групи:

естерска

неестерска (амидна) група

Покрај овие две групи можно е да постојат и споеви на

анестетиците од двете групи или пак како локални анестетички

средства да се користат и ароматични алкохоли (бензен алкохол).

Од анестетиците од естерската група кои денес се користат многу

поретко, се применуваат естерите на парааминобензоевата киселина

(прокаин, тетракаин и бензокаин).

Значително почесто денес во стоматолошката практика се користат

анестетиците од амидната група, меѓу кои попознати се: лидокаин, прилокаин,

бутанилкаин, картикаин и бупивакаин.

Во молекулите на локалните анестетици од двете групи постојат

различни делови кои им даваат различни својства на локалните анестетици.

Така секој локален анестетик поседува :

Липофилен дел - кој е носител на анестетичките особини

21

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

Интермедијарна група - што во суштина претставува хидрокарбонска

верига со естерска или амидска врска. Инетрмедиерната група ја

одредува природата на анестетикот

Хидрофилен дел - што е претставен со амино групата е во 90%

носител на растворливост во вода.

Локалните анестетички средства не треба да се аплицираат во

инфламирано ткиво бидејќи:

Анестетикот слабо или воопшто нема да дејствува, бидејќи во кисела

средина изостанува хидролизата, односно дисоцијацијата па не се

ослободува доволно липосолубилната база

Со инјектирањето инфекцијата може механички да се пропагира во

околните ткива

Се зголемува болката во воспалената регија, бидејќи течността од

анестетикот го зголемува притисокот на постоечкиот едем на околните

ткива и нервните завршетоци,

Во воспаленото ткиво постои вазодилатација и патолошка

пропустливост на капиларите и можно е поголеми количини од

анестетикот да продрат во циркулацијата и да предизвикаат токсични

реакции

Парааминобензоевата киселина е кофермент на некои бактерии и го

фаворизира нивниот раст, но е директен антагонист на

сулфонамидските препарати кои се применуваат во терапијата на

многу инфекции.

КОМПЛИКАЦИИ И ИНЦИДЕНТИ ПРИ ИЗВЕДУВАЊЕ НА

ЛОКАЛНА АНЕСТЕЗИЈА

Компликациите и инцидентите коишто настануваат при изведувањето на

локалната инфилтративна анестезија се делат на општи и локални.

Во општи компликации спаѓаат:

1. Токсична реакција од средствата (раствори) за локална анестезија:

- од анестетичното средство

22

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

- од вазоконстрикторната компонента во состав на средството

(растворот) за локална анестезија

2. Алергични реакции од средствата (раствори) за локална анестезија.

3. Епизодни бесвесни состојби:

- Синкопа

- Колапс

- Епилептичен напад

- Хистеричен напад

ТОКСИЧНИ РЕАКЦИИ ОД АНЕСТЕТИЧНАТА КОМПОНЕНТА НА

ЛОКАЛНИТЕ АНЕСТЕТИЧНИ РАСТВОРИ

1. а) Појавата на токсичната реакција (акутната интоксикација) од

анестетичното средство е условена од:

- употребената количина

- концентрацијата на растворот

- васкуларизацијата на ткивото во кое се инфилтрира растворот

- состојбата на ткивото

- брзината на апликацијата

- временскиот интервал на поновувањето на анестезијата

- погрешна(интравазална) апликација

- телесната тежина

- општата здравствена состојба

- индивидуалната осетливост на организмот.

Симптоми: знаци на интоксикација имаме од страна на централниот

систем (ЦНС) и од кардиоваскуларниот систем (КВС). Во почетокот се присутни

знаци за стимулација на ЦНС: нервоза, немир, еуфорија, тремор, конвулзии,

метален вкус во устата, шум во ушите, главоболка, маглење пред очите,

вртоглавица и др.

Потоа следи фаза на депресија: пациентот се поти, постанува

цианотичен, губи свест, со забавено и испрекинато дишење, крвниот притисок

23

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

(КП) паѓа, пулсот е филиформен и намален, а до колку не може да се опипа на

а. carotis, тогаш поставуваме дијагноза Cardiac arest што настанува поради

депресија и парализа на центарот за дишење, недостаток на кислород или од

настанатата хипотензија.

Симптомите на интоксикацијата од локалните анестетици настануваат

поединечно и постепено еден по друг, а можно е истовремено (заедно) и се со

различен интензитет. Овие симптоми може да се манифестираат веднаш по

анестезијата или по латенција од 5-30 минути. Нагли знаци секогаш настануваат

по интравазалните апликации.

Профилакса на интоксикацијата:

1. Секогаш да се применува (употребува) минимална количина и

концентрација со која може да се обезбеди добар анестетичен ефект

2. Да се избира што помал токсичен анестетик

3. Да се аплицира бавно и со задолжителна аспирација

4. Често да не се повторува анестезијата

5. При инфламации да се користат спроводни анестезии со што би се

избегнало инфилтрирање во воспалено ткиво

6. Да се води сметка за општата здравствена состојба; посебна

внимателност треба да се има при болни со хепатална инсуфициенција,

нарушен метаболизам, фебрилни состојби, хиповитаминози, хормонални

заболувања, сенилна доба, претерана дебелина и сл.

7. Обсервација на пациентот.

Терапија на акутна интоксикација

Терапијата во прв ред е насочена да ја ублажи ексцитацијата на ЦНС, да

ја смали хипоксијата на ткивата, да ја спречи депресијата на виталните центри,

да го превенира колапсот и да воспостави циркулација при застој на срцето.

1. При почетна манифестација на интоксикација се поставува пациентот во

хоризонтална положба, односно во т.н. Тренделенбургова положба-главата

пониско од екстремитетите, оксигенација преку маска и боца со О 2 под притисок

или со АМБУ реаниматор.

2. При први знаци на конвулзии - тоа може да биде потреперување на

веѓите, да се дадат барбитурати со ултракратко дејство, на пр. ампули кемитал

24

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

и.в. 100-500 мл. или некој миорелаксант како на пр. сукцинилхолин и.в. 80-100

мг до смирување на конвулзиите.

3. Контрола на пулсот и притисокот, (ако систолниот притисок падне под

70 мм Hg се дава 15 мг ефедрин)

4. При апнеа - вештачко дишење уста на уста

5. При застој на срцето, индиректна мануелна масажа на срцето

(Голема грешка е давањето на централни аналептици, како на пр. сoffeini и

рenatanol, зашто ја зголемуваат потрошувачката во мозокот)

ТОКСИЧНИ РЕАКЦИИ ОД ВАЗОКОНСТРИКТОРНАТА

КОМПОНЕНТА НА ЛОКАЛНИТЕ АНЕСТЕТИЧНИ РАСТВОРИ

Симптоми на интоксикација со адреналин, норадреналин или други

вазоконстриктори се: палпитација, хипертензија, тахикардија, главоболка,

тремор, страв, мачнина со гадење или повраќање и сл. Тешко е да се

издиференцираат симптомите на интоксикација со адреналин или анестетикум.

Сепак палпитацијата и главоболката се патогномични за труење со адреналин

односно вазоконстриктори. Овие симптоми можат да придонесат за

настанувањето на церебрални хеморагии и коронарна оклузија.

Превенција: за спречување на овие интоксикации треба да се

придржуваме на дозите, поточно една капка адреналин 1%о раствор на 10цм 3

АН-раствор и правилни индикации.

Терапија: хоризонтална положба на болниот, оксигенација, барбитурати,

вазодилататори (персантин, нитроглицерин, и адреноблокатори, ларгактил

и сл.). Голема грешка е давање во ваква состојба на хипотензивни средства

како на пр. алдомет, резорпин и сл.

АЛЕРГИЧНИ РЕАКЦИИ НА ЛОКАЛНИТЕ АНЕСТЕТИЧКИ

СРЕДСТВА

До манифестација на алергична реакција може да дојде при употреба и

на минимални дози на анестетик. Реакцијата може да протече под најразлична

клиничка слика, од лесни локализирани форми до општи системски и многу

сериозни состојби.

25

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

Најчесто се манифестираат во вид на:

- дерматити

- уртикарија (сл.4)

- ангионеуротски едем или Квинк-еов едем (Quincke oedema) - сл.5, 6

- астма

- изолиран едем на гл.тироидеа

- хипотензија

- пруритис

- алергичен ринитис

- анафилактичен шок - како најтешка и најсериозна компликација.

Сл. 4 Уртикарија

Сл. 5. Квинкеов едем

26

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

Сл. 6 Квинкеов едем

Но покрај овие добро познати состојби може да се сретнат и многу

атипични алергични манифестации:

- болки во зглобовите (артралгии)

- болки во абдоменот

- ренални и билијарни колики

- покачена температура

- хематурија и др.

Забележано е дека алергијата е почеста при употреба на анестетици со

‘’пара’’ положба, наспроти оние со ‘’орто’’ и ‘’мета’’ положба на NH 2 групата во

бензоловото јадро.

Алергичните реакции можат да бидат:

- рани – кои настапуваат веднаш и се најопасни и

- подоцнежни - кои се појавуваат по неколку часа или дена.

Анафилактичната реакција претставува најтешка и најсериозна

форма на раниот тип на алергија и таа може да настапи уште за време на

инфилтрирањето на анестетикот или непосредно по тоа. Може да протече со

два вида реакции:

1. од типот на ‘’серумска болест’’, карактеризирана со уртикарија и

грозница, и

2. со непосреден анафилактичен шок кој за неколку минути може да

заврши летално, доколку не се интервенира брзо и соодветно.

Симптоми на анафилактичен шок можат да бидат локални и општи.

Пациентот станува немирен со тешкотии во стомакот, притисок и зуење во

ушите, нагон за повраќање, губење на свест, свраб и црвенило по кожата, осип,

треска, грозница, уртикарија.

Поради присуството на хистамин, серотонин и брадикининот, кои се

главните медијатори на алергичната реакција, доаѓа до инсуфициенција на

периферниот крвоток, до спазам на артериите и зголемена пропустливост на

капиларите, од што резултира исхемија и едем на внатрешните органи, посебно

на белите дробови, срцето, бубрезите и мозокот.

27

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

Заради ова анафилактичниот шок се карактеризира со тежок вазомоторен

колапс, со диспнеа, едем на глотис и гушење, со филиформен и тешко опиплив

пулс дури и на а.carotis, со акутна хипотензија и несвестица.

Сите наброени симптоми не секогаш се појавуваат заедно, меѓутоа

појавата и на само еден симптом треба да биде опомена за лекарот дека може

да се работи за анафилактична реакција. Оваа состојба се смета за најитна во

медицината, па поради тоа од лекарот се бара брза интервенција.

Почетните симптоми се многу слични со другите бессвесни состојби и

состојбите на интоксикација, па тешко се издиференцираат. Меѓутоа кај

анафилаксата симптомите се многу побурни и потешки, а црвенилото и осипот

по кожата и едемот можат многу да ни помогнат во поставувањето на првата

дијагноза.

Од тие причини секоја амбуланта во која се работи со антибиотици,

анестетици и други медикаментозни средства потенцијални алергени, треба да

е опремена со антишок терапија.

АНТИШОК ТЕРАПИЈА

1) да се престане веднаш со натамошното давање на анестетикот,

антибиотикот и слично.

2) целта на понатамошната терапија е следна:

а. Да се ублажи реакцијата на организмот од алергенот

б. Да се подигне крвниот притисок и

в. Да се зголеми концентрацијата на кислородот во крвта

За таа цел се ординира веднаш:

1. антихистаминици (Synopen и сл.)

2. Sol. Adrenalini 1% 0 0,3-0,5мл. воден раствор 1:1000 I.M., во потешки

случаи се дава интравенски (I.V.) бавно, полека. Оваа терапија може да

се повтори до три пати во временски интервал од 15 мин. Адреналинот

е најважен и најделотворен лек за анафилаксата, па одложувањето на

неговата примена значи ‘’vitium artis’’ и неопростлива грешка.

3. кортикостероиди и.м (I.М). или и.в (I.V.)

- Urbason-за деца од 8 и 16 мг., а 20 и 40мг. за возрасни

- Dexamethason

- Coffeini

28

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

- Aminophillini

4. инхалација со кислород.

Превенција:

Откривањето на лицата кои се алергични на пенициллин, анестетик и

сличен медикамент-потенцијален алерген може да се изврши преку претходен

ТЕСТ преку субкутана проба или давање прво урбазон, па потоа анестезија.

АЛЕРГИЧЕН ШОК

Алергичниот шок претставува најтешка компликација после давање на

антибиотици (пенициллин), локални анестетизи анестетици и др. медикаменти -

потенцијални алергени. Настанува веднаш после неколку минути, а некогаш и

после десетина секунди од давањето на инекцијата и може да заврши летално.

Откривањето на лицата кои се алергични на пеницилин, анестетик и сл. може да

се изврши преку претходен тест, а ако не се спроведува тестирањето

систематски, мора да бидеме секогаш подготвени за брза и навремена

антиалергична терапија.

Симптоми: Реакцијата после дадената инјекција може да биде

моментна (веднаш) или по интервал од неколку саати до неколку дена.

Моментната реакција ако е дадена и.в. се јавува истовремено (додека е

иглата уште во вената) или непосредно по давањето. При и.м. инекции се јавува

после неколку минути (од 1-5минути).

Разликуваме општа и локална реакција.

Локалната реакција се манифестира со: јак оток, црвенило и сврбеж на

местото на инекцијата, а можно е и да настане некроза на тоа место.

Општата реакција - се состои во пореметена општа состојба: -

мачнина, повраќање, осет на страв со болки во стомак, тахикардија, бледа и

влажна кожа која подоцна станува цијанотична, паѓање на притисок, несвестица

со попуштање на сфинктерите (мокрење и дефекација) и смрт.

Во најголем број од случаите влошената состојба спонтано се подобрува,

но бидејќи нема можност за сигурна прогноза треба да се примени брза

антиалергиска терапија.

Антишок терапија:

29

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

Целта на терапијата е да се ублажи реакцијата на организмот од

алергенот, да се подигне крвниот притисок и да се зголеми концентрацијата на

кислородот во крвта.

За таа цел се даваат:

1) антихистаминици

2) кортикостероиди

3) Sol Adrenalini seu (или) Noradrenalini 0,5мг

4) инхалација на кислород

ЕПИЗОДНИ БЕССВЕСНИ СОСОЈБИ

Привремени и минливи (епизодни) состојби на губиток на свеста не се

ретка појава во стоматолошката ординација имајќи предвид низа непријатни

надворешни дразби на кои пациентот е изложен. Како причина на овие

непријатни сензации не се само просторот и мирисот на просторијата туку и

присутниот страв од престојниот преглед и интервенција. Исто така, можат да

бидат општа компликација при апликацијата на некоја локална анестезија при

стоматолошките процедури.

Овие реакции можат да бидат од различен карактер причина, од

психогениот стрес до невролошки причинети инциденти.

Заедничка карактеристика на епизодните бессвесни состојби е нивното

нагло започнување, со продромални знаци, но и без нив, краткотрајност и

најчесто успешност, заради едноставната тераписка процедура.

СИНКОПА

Синкопата е краткотрајно реверзибилно губење на свеста, која настанува

поради исхемија на мозокот.

Таа може да биде:

1) Вазодепресорна (вазовагална, психонеурогена, обична несвестица)

2) Ортостатска

3) Хипогликемична

4) Кардијална

5) Церебрална.

30

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

1) Вазовагалната синкопа е најчеста од сите синкопи. Губењето на

свеста настанува во седечки или стоечки став, а ретко во лежечки. Се

карактеризира со:

- нагол почеток

- кратко траење

- брзо повраќање на свеста.

До губиток на свеста доаѓа поради, силни психички дразби, условена пред

сè од неуровегетативна лабилност: страв од болка, крв, бели мантили,

инструменти, шприцеви и игли, од неподнесување, главно, на амбулантна

атмосфера.

Клиничка слика: почнува нагло со неколку продромални симптоми:

мака во стомак, вртоглавица, бледило и ладна пот на лицето, мрак пред очите и

губење на свеста.

Терапија: хоризонтална положба на пациентот со главата пониско од

екстремитетите, односно во Тренделенбургова положба (сл.7) да се ослободи

од облеката која го стега (крагна од кошула, вратоврска и сл.), да не го

притискаат каротидниот синус, да се изгасне рефлекторот, да се отвори прозор

за да се обезбеди свеж воздух, потоа пациентот да се испрска со ладна вода по

лицето, и удира со влажни компреси по образите за да се надразнат

рецепторите. Ова обично е доволно за пациентот да дојде при свест, па после

10-тина минути лежерно и постепено е потребно да се поврати во седечка

положба.

Сл.7. Тределенбургова положба

31

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

Наглото станување може да доведе до повторен развиток на синкопа.

Интервенцијата ако е започната треба да се заврши во полуседечка положба, а

ако е и натаму лоша состојбата да се одложи за друга сеанса.

Во потешки случаи се дава субкутано медикаментозна терапија: кофеин,

пентасол и сл.

Превенција: предоперативна психичка подготовка и соодветен приод

кон пациентот, ослободен од вишокот облека која го стега.

2) Ортостатска синкопа. Не се разликува многу по клиничката слика

од вазодепресивната. Од неа се разликува по тоа што вертикалната положба на

телото е главна причина за нејзината појава, а без психички причини и без

вегетативни појави (бледило, ладен зној, мака во стомак и сл.).

3) Хипогликемична синкопа. Релатовно е честа појава, а настанува

пред се поради снижување на гликемијата во крвта, поради што доаѓа до

недостаток на кислород во мозочните клетки. Се јавува кај дијабетичари кои

сами си го регулираат шеќерот со инсулин доведувајќи до нагли падови на

гликемијата, како и при гладни пациенти.

Симптоми: малаксаност, тремор, главоболка, мачнина во стомакот, глад,

возбуденост или депримираност и сл.

Терапија: гликоза, витамин Ц и сл.

4) Кардијална синкопа. Се јавува кај пациенти хронично болни од

некое заболување на кардиоваскуларниот систем (КВС), кај срцеви болни од

миокардитис, ендокардитис, инфаркт на миокардот и други срцеви заболувања,

при кои е смален минутниот волумен, односно срцето не е во состојба да ја

обезбеди потребната количина крв на мозокот, поради што и доаѓа до

бессвесна состојба. Кардијалната синкопа настапува побавно од

вазомоторната, и доаѓа без разлика на која е положбата на телото.

Симптоми: бледилото е изразено, со сивоцијанотична боја на лицето,

пулсот е слаб, срцевите тонови ослабени, а ако нападот трае подолго можни се

и клонични грчеви.

Терапија: хоризонтална положба на телото, ослободување од стеги,

масажа во пределот на срцето. Преостанатата терапија е слична како кај

вазомоторната.

32

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

5) Церебрална синкопа. Настанува поради нарушување на

церебралната циркулација при артеросклероза на мозочните артерии при

постари лица. Најчесто настанува, поради нагли промени на телото од

хоризонтална во вертикална положба, поради пад на крвниот притисок, односно

како последица на надразба на каротидниот синус со нагли движења на вратот

со тесен околувратник.

Терапија: хоризонтална положба на пациентот, а времетраењето и

преостанатата терапија е исто како и при вазомоторната синкопа.

КОЛАПС

Колапсот претставува потешка алармантна форма на бесвесна состојба,

која се јавува поради акутно попуштање на периферниот крвоток. Во тие случаи

крвта се повлекува во депоата, најмногу во сплениата. Поради смалената

количина на крв во циркулацијата, мозокот не добива доволно крв, а и поради

наглиот пад на крвниот притисок.

Се јавува при фрактура на вилици, долги и тешки екстракции, при големи

надворешни и внатрешни крварења, при тешки психички трауми и сл.

Клиничка слика: Нагло настанување на бессвесна состојба, со силно

изразено бледило на кожата и слузокожата, со стаклести очи, отворени и

проширени зеници кои не реагираат на светлоста. Лицето е облиено со ладна

пот, носот поприма шилест облик, а пулсот е слаб и филиформен. Колапсот

трае подолго како бессвесната состојба од синкопата.

Терапија: Хоризонтална положба на пациентот, вештачко дишење

(оксигенација), масажа и притискање на абдоминалните органи со двете раце за

да се истисне насобраната крв, како не би дошло до иреверзибилни промени во

мозокот при колапсот.

ЕПИЛЕПТИЧЕН НАПАД

Клиничка слика: Типично за епилептичниот напад е што започнува

одненадеш, со иницијален крик, брутален пад, тонични и клонични грчеви,

цијаноза на лицето, со пена на устата која обично е крвава, поради

прегризување на јазикот и со терминален сон.

Голем страв и силна болка можат да го испровоцираат нападот, како и

зголемена количина на анестетик и несоодветно изведена локална анестезија.

33

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

Стоматологот трба да е брз при интервенцијата и да е максимално

внимателен, ако се работи екстракција на заб, веднаш да се отстрани забот да

не западне подлабоко во устата, како и отстранување на сите тампони во

устата. Потребно е да внимава и на своите прсти, бидејќи за време на нападот,

пациентот нагло и силно ги стиснува забите и ги држи во таа положба додека

трае и целиот напад.

На пацинтот видливо се приметува јак замор, исцрпеност и збунетост, а

можно е по нападот и да заспие во терминален сон. После будењето пациентот

воопшто не се сеќава за настанот. Епилептичниот напад трае 5-15 минути.

Постапка: Пациентот треба да се ослободи од сите стеги, да му се сврти

главата на страна, и да се внимава да не се повреди на околните тврди

предмети.

ХИСТЕРИЧЕН НАПАД

Клиничка слика: Хистеричниот напад почнува одненадеж, но паѓањето

на пациентот никогаш не е брутално и нагло. Пациентот полека се слизнува,

тукуречи, се спушта низ стоматолошката работна столица, доколку е на неа, или

доклку стои во ординацијата внимателно се слизнува на подот.

Дури откако ќе се најде на сигурно тло, почнува потоа да мафта со

рацете, нозете и главата, длабоко да дише, може и да вриска и да отфрла дел

од својата облека. Телото трепери, ги укочува вилиците, ги фаќа и ги стега

лицата околу себе. Екстремитетите се укочени со приспоен палец покрај

шаката. Нападот трае пола до еден час.

Терапија: Одстранување на сите присутни лица од ординацијата,

потребно е да останат само лекарот и пациентот. Потоа, потребно е да се убеди

пациентот да стане и да се продолжи со започнатата интервенција.

Медикаменти не се потребни.

Преостанатите бессвесни состојби, како што се шок, кома или commotion

cerebri многу ретко се среќаваат во стоматолошките ординации, па затоа и тие

не се предмет на изучување туку истите се во доменот на максилофацијалната

хирургија, односно неврохирургијата.

ЛОКАЛНИ КОМПЛИКАЦИИ ПРИ ЛОКАЛНОТО АНЕСТЕЗИРАЊЕ

34

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

Овие компликации можат да настанат за време на анестезирањето или

после тоа.

А. За време на анестезирањето можни се следните компликации:

1. Анестезија на соседни нерви

2. Механички повреди на нервите

3. Повреда на крвни садови и интравазална анестезија

4. Повреда на мускулите и на други меки ткива

5. Инциденти со инјекционата игла (кршење, аспирација и голтање).

Б. Компликации после анестезирањето:

1. Продолжена анестезија или парестезија

2. Dolor post anestisionem (болка по анестезија)

3. инфекција

4. некроза

5. тризмус

6. поткожен емфизем

7. хематом.

А. КОМПЛИКАЦИИ ЗА ВРЕМЕ НА АНЕСТЕЗИРАЊЕТО

1. Анестезија на соседни нерви. До анестезија на соседните нерви

може да дојде, ако анестетикот се депонира на погрешно место, поради

неправилно применета техника, недоволно познавање на топографската

анатомија во пределот, како и поради анатомските варијации.

1. 1. Анестезираност на n. facialis. Оваа компликација настанува при

мандибуларната анестезија, ака со иглата се отиде премногу длабоко и ако

помине задната ивица на Ramus mandibulae и се навлезе во паротидната ложа.

Депонирањето на анестетикот на ова место доведува до привремена

периферна еднострана пареза на n. facialis, поради анестезирање на неговите

завршни гранки. Во тој случај настанува асиметрија на лицето, поради

еднострана одземеност на мимичната мускулатура, позната како “Bell-ов”

феномен, со следните симптоми: на одземената страна челото е глатко, без

набори, веѓата е опуштена, sulcus nasolabialis е избришан, аголот на устата

35

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

спуштен; долната половина на лицето, во целина, изгледа опуштена. Болниот

не може да го затвори окото (lagophtalmus), да го набрчка челото, да се насмее,

да свирне и сл.

Иако оваа незгода исчезнува по престанувањето на дејството на

анестетикумот, таа сепак е многу непријатна за пациентот кој е мошне

вознемирен. Затоа лекарот треба да го смири и да му објасни на болниот, дека

незгодата е од привремен карактер и дека настанатиот деформитет на лицето

ќе исчезне и ќе се врати во нормална состојба штом дејството на анестезијата

помине. Пациентот не треба да се испушти од амбулантата пред да попушти

анестезијата, а очниот капак треба повремено да се спушта преку окото за да не

се суши рожницата и за да не доведе до нејзино заматување. Не е потребна

никаква терапија, ниту пак е препорачливо повторување на анестезијата, а

интервенцијата до колку не е непходна или ургентна истата да се одложи за

друга сеанса.

1. 2. Анестезираност на n. auriculotemporalis. При мандибуларната

анестезија може да биде зафатен и n. auriculotemporalis, при што доаѓа до

анестезирање на темпоралниот предел, трагусот и предниот дел на ушната

школка. Здрвеноста (трпнењето) трае додека трае дејството на анестетикумот,

а не е потребна никаква терапија.

1.3. Анестезираност на n. oculomotrius, n. trochlearis, n. abbducens.

Анестезијата на моторните нерви во очната дупка кои ја инервираат

мускулатурата на очното јаболко може да настане како компликација за време

на инфраорбиталната анестезија до колку со иглата се помине преку margo

oritalis inferior (до колку со показалецот не се следи патот на иглата) или ако се

навлезе многу длабоко со иглата низ canalis infraorbitalis па може да се продре

во орбитата. Депонирање на анестетикум во орбитата може да предизвика

диплопија. Болниот се жали дека ги гледа предметите двојно. Оваа

компликација иако е непријатна, исчезнува без терапија по престанувањето на

анестезијата.

2. Механичка повреда на нервите. Настанува кога со иглата директно се

навлегува во нервното ткиво и се депонира анестетикумот, т.н. ендонеурална

анестезија. Пациентот чувствува јака болка, со осет како електрична стуја да му

поминува долж нервот, или се жали дека го пече. Можни се постанестезиони

неурити, неуралгии, парестезии, парези па дури и парализи.

36

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

- При мандибуларната анестезија по поминувањето на дејството пациентот

чувствува сензации со трпнење на долната усница.

- При инфраорбиталната анестезија истите сензации се чувствуват на

горната усница. Трпнењето трае додека нервот не се регенерира. А за

забрзување на процесот на регенерацијата ординираме: таблети анеурин, Б

комплекс, физикална терапија со solux, кратки таласи и др.

3. Повреда на крвните садови и интравазална анестезија. До оваа

повреда може да дојде и при најголемо внимание на лекарот, ако со иглата

дојдеме директно во контакт со некоја артерија, вена или капилар. При тоа

настанува крвавење во ткивото, кое трае се додека не се изедначи

екстравазалниот со интравазалниот притисок. Околу повредениот крвен сад се

создава хематом.

Превенција: При секое поместување на иглата да се вбризгува по

неколку капки анестетичен раствор со цел да се потиснат крвните садови пред

врвот на иглата, а и задолжително аспирирање пред секое депонирање на

растворот.

Депонирање на анестетичен раствор во крвен сад се нарекува

интравазална анестезија. Оваа незгода може секогаш да се избегне со

предходна задолжителна аспирација. До колку при аспирирањето се појават

неколку капки крв во шприцот, тогаш иглата малку ја повлекуваме назад и го

променуваме нејзиниот правец. До колку, сепак, се случи да се депонира

анестетичен раствор во крвниот сад доаѓа до колапс. А доколку анестетикот е

со вазоконстриктор, колапсот ќе биде потежок. Теарпијата е иста како при секој

колапс.

4. Повреда на мускули и други меки ткива. Најчесто доаѓа при спроводна

спроводна мандибуларна анестезија. при интраоралната метода кога со иглата

се оди ниско и повеќе медијално може да се повредат м. птеригоидеус

интернус, m. Temporalis и m.buccinator. При екстраоралната мандибуларна

анестезија, иглата го пробива m. Pterygoideus internus близу до неговата

инсерција на angulus mandibulae. По престанувањето на дејството на

анестезијата, пациентот ќе чувствува болки, во почетокот спонтани, а после 1-2

недели само при голтање. Болката поминува спонтано без терапија. Повредата

37

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

на преостанатите мускули, лигаменти и други ткива може да се избегни ако се

работи внимателно.

5. Инциденти со инекционата игла ( кршење, аспирација и голтање).

Оваа компликација иако е ретка, поради нејзината сериозност заслужува

посебно внимание. До кршење на иглата при анестезирањето доаѓа, поради

груба работа, непознавање на анатомските односи и техниката на

анестезирањето, ако е направена од лош материјал, ако е кородирана, ако не е

одбрана и употребена соодветна игла и ако пациентот е немирен.

Иглата се крши најчесто на делот што се поставува на шприцот. Кога ќе

се скрши може да се забележи дека еден дел од неа, сè уште, се гледа од

ткивото и тогаш лесно може да се извади со пинцета, пеан или некој друг

соодветен инструмент. Многу потежок е случајот кога иглата ќе се скрши

длабоко во ткивото, така што воопшто не се гледа. Во тие случаи иглата се вади

оперативно по предходно направени екстраорални рендгенграфии од различни

позиции за да се утврди точно нејзината локација. Најчесто кршење на иглата се

случува при изведување на мандибуларна анестезија во spatium

pterygomandibulare, при што се налага употреба на подолги игли.

Денес со употреба на пластичните шприцеви и игли за еднократна

употреба, оваа компликација е сведена на минимум, бидејќи иглите не се

стерилизираат и со тоа не се лесно кршливи, крти, така што до кршење на

иглата може да дојде единствено при груба и нестручна применета техника на

анестезирање.

Аспирирање и голтање на инекциона игла може да настане ако лекарот

работи невнимателно, или пациентот е немирен. Овие компликации се

случуваат при анестезирање од палатиналната страна, а лекарот е должен од

внмателност да ја придржува иглата за време на депонирањето на анестетикот,

а посебно при извлекувањето. Ако дојде до аспирирање на иглата ја вади

оториноларинголог, а ако се голтне - хирург.

В. КОМПЛИКАЦИИ ПО ЛОКАЛНОТО АНЕСТЕЗИРАЊЕ

1. Продолжена анестезија – ПАРЕСТЕЗИЈА. Оваа компликација се јавува

јавува кога иглата ќе помине низ нервот или при ендонеурална анестезија, кога

се депонира анестетикот во нервот. Оваа состојба трае се додека повреденото

нервно ткиво не се регенерира. Регенерацијата може да трае од три недели до

38

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

три месеци. терапија: солуџ, топли компреси, вит. Б1 и Б цомплеџ. Продолжена

анестезија може да се јави и од компресија на хематом врз нервот. Ова

претставува полесна форма, бидејќи со ресорпција на хематомот исчезнува и

парестезијата.

2. Dolor postanestesiam (болка по анестезија). Како последица на

инектирање во мускул, лигамент, паротидна жлезда, нерв, цепење на мускул,

нагли вбризгувања и сл. Терапија: апликација на сува топлина, солукс и сл.

3. Инфекција. Причина: употреба на нестерилни игли; нестерилни

шприцеви; нестерилен анестетичен раствор. Со иглата може да се пропагира

инфекцијата и во длабочина. Клинички знаци: едем, калор, долор, хиперемија,

Т 0 , можни се покрај локалните и општи знаци: малаксалост, грозница, Т 0 , потење

и сл. Терапија: антибиотици и дезинфекциони средства за уста.

4. Некроза е локално изумирање на ткивото. Причини: може и во меките и

во коскените делови, поради нечиста инфицирана игла анестетик, нагло

убризгување на анестетик , особено од палатиналната страна и субпериостално

депонирање на анестетик. Клинички знаци: јака болка. Терапија: испирање со

3% хидроген, витамин Ц, а по потреба и антибиотик.

5. Тризмус - обично после мандибуларна анестезија, поради афекција на

мускулус масетер, кога иглата поминува низ мускулот или се депонира во нив.

Но, може да биде и како последица на нечиста инфицирана игла и нечист

анестетик. Терапија : апликација на топлина, аналгетици, механотерапија.

6. Поткожен емфизем - е многу ретка појава после анестезирање, почеста

е после екстракција, груба и нестручна. Причина е нагло продирање на воздух

под ткивото. Клинички знаци: оток, крепитации под прсти, непроменета боја на

кожа. Не е потребна никаква терапија. За неколку дена се ресорбира и

исчезнува.

7. Хематома - најчесто при изведување на тубер анестезија кога се

повредуваат plexus venosus pterygoideus или а.а. alveolares. sup. posterior.

Tерапија: ладни облози во првите 24- 48 часа, а после топли облоги.

39

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

УРГЕНТНИ КАРДИОВАСКУЛАРНИ И РЕСПИРАТОРНИ СОСТОЈБИ

СРЦЕВ ЗАСТОЈ – CARDIAC AREST

РЕСПИРАТОРЕН АРЕСТ

Недостатокот на кислород во ткивата во организмот, а особено

недостатокот на кислород кој се пренесува преку циркулацијата и оди во

мозокот, може да доведе до срцев застој, а со тоа и нагло престанување на

нормалната циркулација воопшто. Тоа доведува и до губиток на свестта и

престанок на дишењето. Ова не смее да трае подолго од 5 мин. Бидејќи тогаш

можат да настанат трајни оштетувања во мозокот и на другите органи и

органски системи.

Срцев застој (Cardiac arest)

Сревиот застој претставува ургентна состојба и е потребна итна

интервенција од соодветно стручно лице. Акутен застој на срцето (cardiac arest)

всушност, претставува најдраматична состојба од сите ургентни состојби.

Срцев застој или клиничка смрт (lat. Instititio cordis) е нагло престанување

на нормалната циркулација, со немоќност на срцето правилно да се контрахира

во текот на систолата, или може да се дефинира како одсуство на контракција

или несоодветна контракција на срцевите комори коишто веднаш доведуваат до

престанок на циркулацијата на крвта. Суштината на срцевиот застој, всушност,

е застој на циркулацијата каде што најчувствителни се мозочните клетки. За 3 -

4 минути настануваат иреверзибилни промени.

Срцевиот застој се разликува од срцевиот удар, каде е присутно

нарушување на крвта во срцевиот мускул, иако срцевиот удар може да биде

причина за срцев застој.

ВАЖНО е за 10-15 сек. треба да се препознаат знаците за срцев

застој, за да се преземат мерки на прва помош, односно кардиопулмонална

реанимација.

Застојот во циркулацијата го оневозможува доставувањето на кислородот

во ткивата во организмот. Церебралната хипоксија или недостаток на кислород

во мозокот предизвикува губиток на свеста и престанок на дишењето. Поголеми

40

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

компликации на организмот се можни доколку срцевиот застој трае повеќе од 5

минути. За да се подобри здравствената состојба е потребна брза и квалитетна

интервенција.

Срцевиот застој е ургентна состојба која многу зависи од брзата

медицинска помош која би овозможила пациентот да се доведе во вонживотна

опасност. Кога срцевиот застој ќе доведе до смрт, оваа појава се нарекува

изненадна срцева смрт. Примарен облик на првата помош кај оваа ситуација е

механичка стимулација на срцето и дишење кои ја одржуваат циркулацијата, до

моментот кога ќе биде достапна целосна медицинска помош.Таа ќе зависи од

видот на нарушувањето, состојба на срцевиот ритам и најчесто се состои од

срцева дефибрилација или примена на медикаменти.

Клинички знаци на срцев застој:

- одсуство на пулс на големите артерии

- прекин на дишењето

- губиток на свеста

- промена на боја на кожата и слузниците.

1. Одсуство на пулс на големите артерии. Одсуство на пулс на

големите крвни садови (каротидна артерија) еден е од најважните клинички

знаци за застој на срцето.

Проверката на пулсот на а. carotis треба да се примени, бидејќи оваа

артерија е најголема и најпристапна - истата лежи помеѓу larynx и m.

Sternocleidomastoideus (Сл.8).

2. Прекин на дишење.

- настанува мнугу брзо по прекин на работа на срцето,

- по прекинот на дишењето може да се соогледа појавата на неколку

атипични, агонални респирации,

- по ослободување на дишните патишта треба да се провери дали

пациентот почнува спонтано да дише (дали има движење на градниот кош и

карактеристичното струење на воздух),

- пет секунди се проверува, потоа се отпочнува со артифициелна

респирација.

41

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

Сл. 8. Палпација на лева каротидна артерија

3. Губиток на свеста:

не е (патогномичен ) типичен знак што го каректеризира прекинот на

работата на срцето

често се јавува кај синкопа и колапс, кои често можат да се појават во

стоматолошката ординација

кога е предизвикан од акутен застој на срцето настанува веќе по 10-15

секунди од прстанување на работата на срцето

при синкопа по поставување на телото во легната (хоризонтална)

положба пациентот доага при свест, додека при застој на срцето и покрај

ставање на телото во хоризонтална положба или тресење на рамениците

пациентот не доага при свест.

4. Промена на бојата на кожата и слузокожата. Пациентот има

мртвечки изглед - настанува како последица на инсуфициенција на

периферната циркулација, при што ткивата стануваат цијанотични, посебно

усните, лицето и ушите. Бојата може да варира и да биде

- изразена сина и модра (кое укажува на настаната асфиксија)

- изразено сива (при примарен срцев застој), или

- бледа (при хиповолемија).

5. Дилатација на пупили. Не е ран знак на срцевиот застој кој настанува во

во стоматолошката ординација, бидејки настанува во период од 30-40 секунди

42

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

до две минути од појавата на првите знаци на акутен срцев застој.

Долготрајното дилатирање, фиксирање на пупилите, обично, означува појава на

иреверзибилни промени.

Терапијата опфака примена на мерки за прва помош со цел:

да се сочува централниот нервен систем од оштетување

да се воспостави срцева работа

да се избегнат натамошни компликации и влошувања.

Мерки:

Веднаш треба пациентот да се постави во легната положба.

Исто така, треба веднаш да се отпочне со мерки за:

- кардио-пулмонална реанимација со: артифициелна реанимација и

- надворешна масажа на срцето.

Причини кои доведуваат до срцев застој

Срцевиот застој не ретко може да заврши со летален исход (на пр.

гушење кое доведува до хипоксија, која предизвикува срцев застој). Чести се

слчаите кога не можат да се спречат причинителите за срцевиот застој, при што

доаѓа до смрт. Мегу постарите лица, главна причина за срцевиот застој е

исхемиската болест на срцето. При аутопсија 30% од смртните случаеви

предизвикани од срцевиот застој покажува симптоми на неодамнешен инфаркт.

Голем е бројот на причини кои доведуваат до срцев застој, пред сè тоа се

коморна фибрилација, брадиаритмија, асистолиа, исхемија на срце,

хипертрофија на миокард, миокардитис, срцева инсуфиенција. Исто така,

причините за срцевиот застој можат да бидат:

хиповалемија - недостаток на крв (обилни крварења)

хипоксија - недостаток на кислород

ацидоза - ненормална Рн на крвта

хиперкалемија или хипокалемија - превискоко или прениско ниво на

калиум во крвта (типично за бубрежни болни)

хипогликемија или хипергликиемија-ниско или превискоко ниво на

гликоза во крвта (најчесто поради неправилна употреба на медикаменти)

хипотермија - ниска телесна температура која клинички се дефинира

како температура под 35С 0

43

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

токсини - трициклични антидепресиви, фенотиазини, бета блокатори,

кокаин, аспирин

болест на перикард - собирање на крв и други течности во срцевата

марамица

тромбоза на срцето

емболија на белите дробови

физички трауми-намалена циркулација, поради физичка повреда на

срцето и големи крвни садови.

Клиничка слика. Настанува нагло, неочекувано иако постојат знаци кои

можат да упатат на негово настанување.

Срцевиот застој се одликува со нагло губење на свеста, поради престанок

на циркулација. Со престанокот на циркулацијата следи и престанок на

респирацијата и обично се регистрираат неколку длабоки респирации пред

престанок на дишењето. Се јавува цијаноза (помодрување) која станува

поизразена. Пулсот не може да се опипа, зениците се шират после 1 минута и

тоа тие најпрво се делумно, а после две минути целосно дилатирани. Времето

од престанок на циркулацијата до сèуште сочуваните животни функции на ниво

на клетките се нарекува клиничка смрт. После 4-6 минути настанува

иреверзибилно оштетување на мозокот и настанува биолошка смрт.

Дијагноза. Болниот е без пулс на големите крвни садови, без срцеви

тонови и притисок, бојата на кожата е бледа или цијанотична,одсуство на

респираторни движења. Механизмот на срцевиот застој (коморска фибрилација,

асистолија или брадиаритмија, електромеханичка дисоцијација) не можат да се

разликуваат без ЕКГ регистрирање. Кај сите пациенти кои преживеале срцев

застој, потребно е клиничко испитување, кое покрај анамнеза и физички

преглед, вклучува и 24 часовен ЕКГтест, тест на оптоварување со физички

напор, ултразвук и коронарографија.

44

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

Сл. 9. ЕКГ при срцев застој

Лекување. Треба веднаш да се пристапи со кардио-пулмонална

реанимација. Вештачкото дишење се спроведува со вдувување на издишениот

воздух со реаниматорен метод уста на уста, или уста на нос. Оралната шуплина

на болниот се чисти од страни содржини, прекu усните се поставува марамче

или нешто слично.

ПОРАСТ НА КАРДИОВАСКУЛАРНИ ЗАБОЛУВАЊА

ЗГОЛЕМЕН МОРТАЛИТЕТ

НАЈГОЛЕМ % КАРДИОВАСКУЛАРНИ ЗАБОЛУВАЊА

ПРИЧИНИИИ

- зголемено ниви на катехоламини

- зголемена срцева работа

- пушење

- стрес

СТОМАТОЛОШКИ ИНТЕРВЕНЦИИ

- присуство на страв,

- секреција на ендогени катехоламини

- забрзана срцева работа

- зголемен крвен притисок

( заради: - зголемен минутен волумен и периферен циркулаторен отпор)

ПОСЛЕДИЦИ:

- ПОЈАВА НА АНГИНОЗНА БОЛКА

- ПОРЕМЕТЕН РИТАМ

- поретко: влошување на основното заболување

ДИЈАГРАМ 1. КАРДИОВАСКУЛАРИ ЗАБОЛУВАЊА И СТОМАТОЛОШКИТЕ ИНТЕРВЕНЦИИ

45

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

Реаниматорот треба да биде поставен така што едната рака да ја стави

испод вратот, го подигнува вратот на болниот така што глава спонтано да падне

пониско и назад спрема рамениците. Со палецот и показалецот од другата рака

се затнуваат носниците, со дланката од истата рака се притиска челото и се

турка главата што повеќе назад, така што брадата треба да заземе максимална

положба. Длабоко се вдишува и се потпира на устата на пациентот и се вдувува

воздухот, внимавајки да устата на реаниматорот интимно да налегне на устата

на болниот за да не би дошло до губиток на воздух.

Потоа реаниматорот ги ослободува усните на пациентот за да може да

излезе примениот воздух. Првите десет вдувување се вршат брзо и постојано, а

потоа вдувувањето продолжува во ритамот на нормалното дишење (12-14 во

минута). Резултатот е успешен, односно се оценува со појава на синхроно

движење на градниот кош.

Надворешната масажа на срцето треба да започне веднаш штом

престане или силно ослабне работата на срцето. Се изведува со рамномерни и

силни притискања во пределот на спојот на горните две третини со долната

третина на стернумот (градна коска). Потребно е да се подигнат нозете на

болниот за да може крвта повеќе да се слее кон срцето и мозокот. Околу два

сантиметри над крајот на градниот кош со корен на дланката на едната рака и

преку него корен на другата рака. Рацете не се одвојуваат од пределот на

градниот кош на пациентот при наредни компресии.

Препорака: При соочување со лице кое е навидум во бесвесна

состојба, а на кое можеби ќе му биде потребна спасоносна итна терапија, за

да се утврди дали е во бесвесна состојба потребно е најпрво да се

воспостави:

ВЕРБАЛЕН КОНТАКТ или

Краткотрајна надворешна механичка или термичка дразба (со шака или

ладна вода)

при реакција - се исклучува бесвесна состојба

негативна реакција - епизоден карактер (синкопа, колапс)

негативна реакција - бесвесна состојба - кардиоваскуларна етиологија.

46

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

КРВАВЕЊЕ

Крвавење се нарекува секое излегување на крв од крвните садови.

Според причините разликуваме случајни, односно трауматско крвавење

предизвикано од механичка повреда на крвните садови, и крвавење, поради

болест на некои органи, како и крвавење поради нарушување на механизмот за

коагулација.

Според местото коешто крвави разликуваме:

надворешно крвавење- видливо крвавење од рана

внатрешно крварење - последица од повреди на внатрешните органи,

кога крвта се насобира во телесната шуплина (граден кош,

абдоменална празнина, череп).

Внатрешните крварења не се видливи, па на нив треба да се

посомневаме секогаш кога се забележливи општи симпроми на крварење.

Со оглед на видот на оштетените крвни садови кај надворешното

крварење разликуваме:

o артериско крвавење- крвта од раната излегува во млаз со светло

црвена боја. Често се јавува како пулзирачко крвавење. Најопасно е

што одеднаш излегува голема количина на крв

o венско крвавењев- крвта е темноцрвена, нема пулазција, се излева

рамномерно преку работ на раната.

o капиларно крвавење - станува збор за ситно крвавење кое престанува

спонтано

Сл.10 Точки на запирање на крвавење

47

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

ВИДОВИ КРВАВЕЊА

Крвавење (lat. Haemorrhagiо) претставува истекување на крв од

повреден крвен сад, артерија и вена.

Поделба на крварењето:

Според местото:

1. Внатрешно крварење (сл.11)

2. Надворешно крварење.

Според времето на настанување:

1. Примарно

2. Секундарно.

Според повредениот крвен сад:

1. Артериски

2. Венско

3. Капиларно.

Внатрешни крварења

Внатрешните крвавења може да се појават во абдоминалната празнина,

торакалната празнина, дигестивниот систем или ткивата кои ги опкружуваат

големите фрактурирани (скршени) коски, како што е бутната коска (фемур) или

карлицата (пелвис). Иницијално, внатрешните крвавења самостојно не

предизвикуваат симптоми, иако повредениот орган кој крвави скоро секогаш е

болен. Како и да е, индивидуата може да биде одвлечена од болката, поради

другите повреди или може да биде неспособна да ја изрази болката, поради

конфузија, слабост или несвесност.

Понекогаш, внатрешното крвавење може да стане очигледно. На пример,

крвта од дигестивниот тракт може да биде повратена или да помине преку

ректумот. Екстензивните губитоци на крв може да предизвикаат хипотензија,

правејќи ја индивидуата да се почувствува слаба или зашеметена.

48

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

Сл.11 Внатрешно крварење во абдоминална празнина

Индивидуата може да почувствува слабост за време на седењето или

стоењето и доколку крвниот притисок е многу низок, дури и да ја изгуби свеста.

Третман. Лицата кои не се обучени обично не се спосообни да го

сопрат интерното крварење, затоа лицето кое крвари треба веднаш да се

однесе во најблискиот ургентен центар. Доколку екстензивното крварење

предизвикува светкање пред очите или симптоми на шок, лицето кое страда од

крварење треба да се постави на под, во лежечка положба, со подигнати нозе.

Медицински третман треба да се пружи колку што е можно побрзо.

Надворешни крвавења

Надворешно крвавење е крвавење при кое крвта излегува надвор од

човечкото тело.

Артериско и венско крвавење - Крвавењето може да биде од артерии и

вени.

Артериската крв е со светло црвена боја и од крвниот сад истекува во

млаз, со малку прекини зависно од работата на срцето. Крвта од артеријата

истекува во млаз кога срцето се контрахира, стега, што се нарекува систола,

додека опуштањето на срцето се нарекува дијастола. Крвавењето од вена е

помалку опасно, крвта е со темно црвена боја, истекува полека и постојано со

иста јачина и без прекин.

49

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

Запирање на надворешно крвавење. Силното крвавење бара

моментална рекација, примена на постапки или постапки за запирање на

крвавењето на самото место на случување.

1. Притисок на артеријата. Крвавењето на главата и екстремитетите

можа да се запрат со притисок на артеријата која крвта ја носи до

поврденото место. За таа постапка се потребни вештини, точно

познавање на местата каде треба да се притисне. Местото на притисок

секогаш се наоѓа помеѓу срцето и повреденото место или рана (сл.10,12).

Во постапката за запирање на крвавењето на артеријата со прстите се

притиска на коската во подлогата. Никогаш не смее истовремено да се

притискаат двете вратни артерии.

Сл. 12. Крварење, притисок на артерија

2. Компресивен завој. Раната може да се притисне и со компресивен

завој (сл. 13), и тоа на следниот начин:

- на раната да се постави стерилна газа

- на раната да се стави завој точно над местото на крвавењето

- кружниот завој цврсто да се стегне и јазолот да се постави над

раната.

Компресивниот завој не треба да биде премногу стегнат (не смее да го

спречи протокот на крв во подрачјето пониско од завојот). После поставувањето

на компресивниот завој треба да се провери пулсот и бојата на раката пониско

од компресивниот завој. Компресивниот завој не се поставува на подрачјето на

вратот.

50

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

Сл. 13. Компресија на раната со компресивен завој

3. Притисок на раната. Со стерилна газа цврсто да се притисне местото

на крвавење. Ако раната е на раката или ногата , треба да се подигне

повредената и да се задржи на повисока положба.

Ако во раната има страно тело (нож, дрво, стрела), не смее да се вади.

Крвавењето ќе се запре со притискање на рабовите на раната околу страното

тело.

4. Подврзување на екстремитет. Подврзувањето на екстремитетите

предизвикува прекин на циркулацијата под местото на подврзување што може

да доведе до изумирање на ткивата и губење на екстремитетот. Зато

подврзувањето смее да се применува само во следните случаи:

ампутациска повреда (отсранет или отсечен дел од нога или рака) ако не

очекуваме повторно соединување на одвоениот екстремитет (сл. 14)

силно нагмечување и дробење на екстремитет кога неговото губење е

неизбежно

силно крвавење кое не може да се спречи на ниеден друг начин

Сл.14. Притисок на раната со стерилна газа на местото на крвавење

51

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

За подврзување се користат наменски широки гумени ленти или платнени

ленти со копче, но може да послужи и триаголна марама сложена на ширина од

5 cm, врска или дебело јаже. Не треба да се користат тенки материјали, бидејќи

можат да навлезат во ткивото.

Преврската се поставува на надлактицата или натколеницата. Се

затегнува со помош на стап додека крвавењето на престане. Се забележува

датумот и часот на поставувањето на преврската. Ако е оправдано и правилно

поставена, не смее да се вади ниту да се попушта пред доаѓање на итната

медицинска помош.

5. Автотрансфузиска положба. После примената на методите за

запирање на крвавењето на повредениот треба да се постави во положба на

автотрансфузија (сл.15). Во таа положба се спроведува и во итниот транспорт

на лицето со надворешно крвавење. Со тоа се постигнува слегнување на крвта

од ногата кон срцето и се надоместува изгубениот волумен на крв. Положбата

се користи само ако крвавењето е запрено, бидејќи во спротивност ќе се

зголеми. Лицето лежи на грб со нозете и рацете подигнати над срцето.

Положбата се постигнува со подигнување на нозете на подлогата во висина

20-30 cm. По запирањето на крвавењето се пристапува кон обработка на

раната.

Сл. 15. Повредениот во автотрансфузиска положба

Стерилна газа се натопува со средство за дезинфекција и внимателно се

чисти околината на раната и тоа од рабовите кон надвор, а не во насока на

раната бидејќи целата нечистотија од околината ќе ја внесеме во раната. Од

таа причина раната не смее да се чисти со вода. Потоа на раната се нанесува

средство за дезинфекција и се остава да десјтвува 30 секунди, па се става

стерилна газа, односно прв завој. Ако станува збор за екстремитет, треба да се

52

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

имобилизира, а повредениот што побргу да се пренесе во болница, бидејќи

секоја рана мора примарно да се обработи во текот на првите шест до осум

часа од повредувањето.

Доколку се сомневаме за внатрешно крвавење, потребно е да се викне

брза помош.

Знаци за внатрешно крвавење се:

- крварење од телесните празнини, како ушите, носот, ректумот и

вагината

- повраќање или искашлување на крв

- појава на модрици на вратот, градите, абдоменот или на ребрата

- рани кои го пенетрирале черепот, градниот кош или абдоменот

- абдоминална крутост, спазам на абдоминалните мускули

- фрактури, шок,

- анксиозност, жед или

- кожа која е ладна на допир.

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО ТЕК НА ЕКСТРАКЦИИ НА ЗАБИ

фрактура на заб

повреда на меки ткива

крварење

повреда на соседни заби

повреда на processus alveolaris

повреди на sinus maxillaris

повреда на содржината на can. mandibularis

повреда на а. и n.lingualis

луксација на долна вилица

фрактура на долна вилица

екстракција на зачетокот на перманентен заб.

53

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

1. ФРАКТУРА НА ЗАБ

Причини:

лоши морфолошки карактеристики на забот

присутна хиперцементоза на забниот корен

употреба на несоодветна клешта

лоша техника на екстрахирање на забот:

- лошо аплицирана клешта,

- несоодвстна техника на екстрахирање,

- брзи движења и др.

Сл. 16 Фрактура на коронка на заб

Фрактурата на забот може да биде во висна:

- на коронката (во емаилот – Сл.16-А, во дентинот - Сл.16-В, и во дентинот и

пулпата Сл. 16-С),

- на коренот и тоа во првата – гингивална третина на коренотна забот – Сл.17 -

А, во средната третина Сл.17- В и во апикалната третина на коренот на забот-

Сл.17-С.

Фрактурната линија може да биде коса, вертикална и хоризонтална.

Терапија:

атипична екстракција (со сепарација)

хируршка екстракција

ВАЖНО- Основно правило: фрактурирани корени не смее да се остават

во вилиците тие мора да се екстрахират.

54

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

Сл. 17 Фрактура на корен на заб

2. ПОВРЕДА НА МЕКИТЕ ТКИВА

Причини:

неконтолирана употреба на клешта (лоша апликација)

неконтролирана употреба на полуга (нефиксирана полуга)

Раскинатата слузница и гингива со големина од 5 мм мора да се сошие

(да се сутурира), во спротивно истата лесно се инфицира и некротизира.

Доколку раскинувањето на гингивата е помало од 5 мм се прави ексцизија

(отсранување) со ножички и скалпел. Нагмечената гингива, исто така, се исекува

(екцидира).

3. КРВАВЕЊЕ

Постекстракциско крвавење може да настане непосредно по екстракција

на забот или подоцна, како секундарно крвавење. После екстракцијата (по 5-10

мин.) настанува спонтана хемостаза и во алвеолата се формира цврст и

еластичен коагулум, кој адхерира на површината на алвеолата. Во спротивно

изостанува формирање на коагулум и истекува крв.

Причини за крвавење:

- општи (болести со хеморагичен сисндром, интернистички заболувања со

промени на крвните садови - дијабет, хепатални оштетувања,

атеросклероза, хипертензија)

- локални (повреда на меки ткива при екстракцијана заб)

Терапија: Артефицијална хемостаза со помош на хемиски, биолошки,

физички и механички методи во зависност од етиолошкиот фактор.

55

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

4. ПОВРЕДА НА СОСЕДЕН ЗАБ

- тип на повреда:

- фрактура на заб

- дислокација на соседен заб

- екстракција на соседен заб

- повреда на антагонисти.

- причини:

- невнимателна работа на докторот

- непрегледно работно поле

- употреба на несоодветни инструменти

- фузија на заби.

Терапија:

- при фрактура на забот во зависност од степенот на оштетувањето на

забот и состојбата на неговите корени терапијата може да биде:

- екстракција

- надоградба

- пломба

- при дислокација на забот: дигитална репозиција и имобилизација со

шина и лигатура

- при екстракција на заб: имедијатана реимплантација и имобилизација на

забот (45дена) и контрола на виталитетот на забот (можна е ревитализација и

реваскуларизација на забот).

5. ПОВРЕДА НА ПРОЦЕСУС АЛВЕОЛАРИС

Причини: настанува при екстракција на заб доколку клештата се аплицира

подлабоко,односно преку limbus alveolaris.

Острите ивици кои се создаваат на овој начин се отсрануваат со лир

клешта и се израмнуваат со фреза или турпија. При екстракција на горен трет

молар можно е и повреда на тuber maxillae.

56

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

Терапија:

- екстракција на заб со репозиција и имобилизација на фрактурираниот тубер.

- екстракцијата ќе се прекине со репозиција и имобилизација на

фрактурираниот тубер (45 дена).

- екстракција на заб со отстранување на фрактурираниот тубер (синус

пластика - синус аперта).

6. ПОВРЕДА НА СИНУС МАКСИЛАРИС

- степен на пнеуматизација на максиларниот синус (може да биде мал

среден и голем)

- однос на максиларниот синус со забите во горната вилица (има коскена

преграда од 2-4 мм со прв молар, втор премолар, втор молар, прв премолар,

трет молар и канин)

- хронични периапикални процеси (гранулом, циста) - доведуваат до

деструкција на коскената преграда.

спонтан синус аперта настанува при отсуство на коскена преграда или

спуштен максиларен синус (синус прокциденс – sinus proccides)

артифицијален синус аперта настанува при лоша техника на екстракција,

груба работа со полуга, груба киретажа.

Дијагноза на синус аперта

- сондирање

- дување на затворен нос

- при тоалета на екстракционата рана течноста излегува низ носот

- крварење од носот по екстракција

- назален говор (ринолалија)

- РТГ снимка - интраорална, екстраорална и ретроалвеоларна.

Терапија:

- конзервативна метода (здрав синус, длабока и тесна алвеола

- хируршки методи т.н. синус пластика (видови техники):

1. трапезоидно вестибуларно ламбо - Wassmund

2. ротирачко правоаголно вестибуларно ламбо - Lindenman

3. ротирачко правоаголно палатинално ламбо - Wasmund

4. двојно мукопериостално ламбо – Kazanian.

57

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

7. ПОТИСНУВАЊЕ НА КОРЕН ВО СИНУС МАKCИЛАРИС (Radix in

antro)

Причини - настанува при:

- екстракција длабоко фрактуриран корени

- при лоша и груба техника на работа со полуга

Дијагноза: се открива на РТГ

Терапија:

- отстранување на корен преку алвеола и синус пластика

- трепанација на facies anterior corpus maxillae

- задолжителна антибиотска терапија.

8. ПОВРЕДА НА СОДРЖИНАТА НА CANALIS MANDIBULARIS

Причини - настанува при:

- екстракција длабоко фрактуриран корени во долната моларна регија

- при лоша и груба техника на работа со полуга и при сепарација на

корени

Терапија:

- отстранување на фрактурираниот корен или врв од корен преку

алвеолата со соодветен инструмент

- хемостаза со длабока тампонада

- витаминска терапија (В1 - две недели) топли облоги, solux зрачење.

9. ПОВРЕДА НА ARTERIA ET NERVUS LINGUALIS

Причини - настанува при:

- екстракција на долниот трет молар со употреба на несоодветни

инструменти.

Клиничка слика: повреда на нервот со појава на секундарен неурит.

Терапија:

- витаминска терапија (витамин В1 - две недели) топли облоги,

- физикална терапија - солукс зрачење

58

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

10. ЛУКСАЦИЈА НА ДОЛНА ВИЛИЦА

Причини - настанува во услови на максимално отворена уста, при што

цапитулум мандибулае излегува од Fossa mandibularis ossisi temporalis

преку туберкулум артикуларе.

Клиничка слика: луксацијата може да биде унилатерална и

билатерална.

Терапија: - репозиција и имобилизација на долната вилица со

интермаксиларна фиксација (15 дена) и консумирање на течна храна.

11. ФРАКТУРА НА ДОЛНА ВИЛИЦА

Причини - настанува при:

- екстракција на долниот трет молар со употреба на леклис полуга (сл.18)

- екстракција на долниот прв молар кај деца

- оперативна екстракција на импактиран долен трет молар.

Клиничка слика:

- звук на кршење на коска

- асиметрија на лицето

- оток со присутни крепитации

- нарушена оклузија и артикулација.

Терапија: - репозиција и имобилизација на фрактурираниот дел на

дoлната вилица.

Сл.18 Вадење на долен терт умник

со Леклис -полуга

59

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

12. ЕКСТРАКЦИЈА НА ЗАЧЕТОКОТ НА ПЕРМАНЕНТЕН ЗАБ

Причини: при екстракција на млечен молар можно е и екстракција на

зачетокот на перманентниот премолар (сл.19).

Терапија: имедијатна реимплантација и имобилизација на зачетокот на

перманентниот заб.

Превенција: РТГ снимка и екстракција на забите со сепарација на

корените.

Сл.19 Можна екстракција на зачеток на заб поради криви корени на млечен молар

60

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

МОЖНИ КОМПЛИКАЦИИ ОД АКУТНА ОДОНТОГЕНА ИНФЕКЦИЈА

(АОИ)

ИНФЕКЦИЈА

Претставува успешно навлегување и размножување на микроорганизми

во организмот-домаќин што резултира, односно доведува до оштетување на

неговите ткива по пат на токсични и механички механизми.

Одбранбената реакција на организмот-домаќин на ваквата инвазија на

микроорганизми се манифестира како воспалителна реакција.

Според клиничката слика и текот одонтогени инфекција се делат акутни,

субакутни и хронични. Инфекциите кои водат потекло од заболувањата на

забите се одонтогени инфекции.

ЕНДОГЕНА АОИ

- гангренозни заби, гангренозни корени, заостанати корени,

полуимпактирани и импактирани заби, лесни заби и корени, повреда на меко и

коскено ткиво, заболувања на потпорниот апарат, разни видови на стоматити,

гингивитис, улцерации, декубитуси и др.

ЕГЗОГЕНА АОИ

Нестерилни инструменти и материјали, лоша подготока на оперативно

поле, лоша подготовка на рацете на хирургот и асистентот и други стручни

пропусти.

БАКТЕРИСКА ФЛОРА

Микороорганизмите кои доведуваат до појава на АОИ најчесто се дел од

нормалната бактериска флора која е присутна во оралната празнина.

Присутна бактериска флора:

- мешовита (анаеробна и аеробна ) бактериска флора 60%,

- анаеробна бактериска флора 35%,

- аеробна бактериска флора 5%.

61

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

Причинители:

АНАЕРОБИ ГРАМ + (Bacteroides, Fusobacterium)

АНАЕРОБИ ГРАМ - коки (Peptococcus, Peptostreptococcus)

АЕРОБИ ГРАМ + коки (Streptococcus,Stafilococcus).

Клинички форми на АОИ:

1. перикоронитис, 6. остеомиелитис

2. пародонтитис 7. целулитис

3. лимфаденитис 8. апсцес

4. остеитис 9. флегмона

5. периоститис 10. општи септички состојби.

1. ПЕРИКОРОНИТИС

- Карактеристики на предизвикувачот, односно инфектот (патогеност,

вирулентност, инвазивност, токсичност)

- Реактивност на организмот, односно способност за мобилизација на

заштитните реакции како “против удар” на дејството на патолошкиот агенс,

- Возраст на пациентот,

- Антропоморфолошки карактеристики на ткивото кое се развива

инфекцијата,

- Вегетатитевен нервен систем,

- Нарушена ендокрина рамнотежа,

- Состојба на имунолошкиот систем.

Сл. 20. Перикоронитис

62

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

2. АКУТЕН ЕКСУДАТИВЕН ПЕРИОДОНТИТИС (СЕРОЗЕН И

ПУРУРЛЕНТЕН)

Претставува клиничка форма на акутна одонтогена инфекција (АОИ) која

примарно се развива во почетокот само во апикалниот периодонциум, а

подоцна се инволвирани и другте делови на потпорниот пародонтален апарат

(Сл.21).

Инфекцијата потекнува од гангренозно инфицираната забна пулпа при

што микроорганизмите продираат преку форамен апикале од коренот на забот и

предизвикуваат воспалителен процес во апикалниот периодонциум.

Сл. 21. Акутен пароднтитис

3. ЦЕЛУЛИТИС

Претставува дифузна инфламаторна реакција на клетките и ткивниот

простор на сврзното ткиво, со тенденција на брзо ширење во поткожното ткиво и

кожата.

Причинителите на целулитисот се способни да ги совладуваат или пак да

ги избегнат одбранбените механизми на домаќинот и од тие причини

целулитисот покажува тенденција за дифузна пропагација во однос на околните

ткива, но исто така, може да се зафатени и ткивата кои се одалечени од

воспалителното жариште.

Целулитисот најчесто е резултат на периапикална инфекција или

последователна периодонтална инфекција, екстракција на заб, труматска

инфекција (после фрактура) и др.

63

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

4. АПСЦЕС

Претставува добро ограничено локално воспаление кое од околното

здраво ткиво е демаркирано со зона богата со разни клеточни и хуморални

фактори на одбраната на домаќинот.

Воспалителниот ексудат (гној) го сочинуваат неутрофилни леукоцити,

помешани со трансудат богат со албумини и глобулини.

Исто така, се присутни и лимфоцити, макрофаги и локални ткивни

елементи кои се наогаат во состојба на некроза и распагање.

Околното ткиво реагира со силно изразена одбрамбена реакција т.е.

акумулирање на леукоцити и други клеточни и хуморални фактори на одбрана

околу жариштето.

Сл. 22. Апсцес на тврдо непце

Сл. 23 Перимандибуларен поткожен апсцес

Сл. 24. Букален апцес

5. ФЛЕГМОНА

Претставува силен, бурен, акутен инфламаторен процес при кој

патогените микроорганизми во комбинација со несоодветната реактивност на

64

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

организмот создаваат гнојно фиброзен ексудат што ги уништува сите структури

во еден простор без тенденција да се ограничи.

Претставува малигна форма на АОИ со присутна можност од

компликации (тромбоза на sinus cavernosus, mediastinitis, сепса и др.).

Најчесто се јавува кај имунолошки компромитирани болни:

рековалесценти, слаба исхрана, исцрпеност од болест или физички напор, како

и кај болни кои се лекуваат со имуносупресивни лекови (кортикостероиди).

Сл. 25. Флегмона на орбита како

компликација на АОИ

Сл. 26. Флегмона на база на орална

празнина – компликација на АОИ

КЛИНИЧКА СЛИКА НА АКУТНА ОДОНТОГЕНА ИНФЕКЦИЈА

Општи симптоми:

грозница, покачена телесна температура, бледило на кожата, изразена

болка,

сувост на видливите слузници (дехидратираност),

забрзано и неправилно дишење,

промени во крвта (забрзана седиментација, леукоцитоза, нарушен

електролитен статус)

Нагласеноста на општите симптоми претставуваат показател на општата

одбранбена состојба на организмот, а тоа укажува на потребата од примена на

системски тераписки мерки.

Локални симптоми:

65

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

црвенило (rubor), оток (tumor), зголемена локална ткивна температура

(calor, болка (dlor), нарушена функција (function laesa).

Кај апсцесот отокот е ограничен, мек, палпаторно чувствителен, кожата е

зацрвенета, сјајна, затегната и топла (субкутан апсцес).

При флегмона отокот е дифузен без сјајни граници, палпаторно е тврд

како штица, кожата е затегната, мазна, сјајна, црвена. Постои регионален

лимфаденитис, односно регионалните лимфни јазли се зголемени,

подвижни и палпаторно чувтвителни. Чест локален симптом кој е

присутен е тризмусот.

ДИЈАГНОЗА НА АКУТНА ОДОНОГЕНА ИНФЕЦИЈА

1. анамнеза - субјективен наод

2. клинички преглед (екстраорален, интраорален) - објективен наод

3. рендгенолошки проследувања.

ТЕРАПИЈА НА АКУТНА ОДОНОГЕНА ИНФЕЦИЈА

Терапијата треба да опфати:

- нормализација на нарушените функции на организмот,

- подигање на имунитетот.

Цели на општа терапија:

- борба со инфекцијата и интоксикацијата на организмот,

- елиминација на општите и локалните фактори

Општа терапија:

- антибиотици,

- аналгетици,

- антипиретици,

- супституциона терапија (надомест на изгубените течности, електролити,

витамини, и хранливи материи).

Локална терапија:

A. Конзервативна терапија

B. Хируршка терапија.

66

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

КОНЗЕРВАТИВНА ТЕРАПИЈА - цел:

- ограничување на натамошната пропагација на инфекцијата

- редуцирање на болка

- смалување на инфламација.

Тераписки мерки:

- трепанација на забот и дренажа на гнојниот ексудат

- ладни облоги (екстраорално)

- топли чаеви (интраорално).

ХИРУРШКА ТЕРАПИЈА - (ubi pus, ibi evacua - каде има гној,

да се дренира) - цел:

- инцизија (интраорална , екстраорална)

- дренажа на гнојната колекција

- екстракција на забот причинител на акутната одонтогена инфекција

(елиминирање на етиолошкиот фактор кој довел до инфекција,

дренажа на гнојниот ексудат, елиминација на болката и помагање на

организмот во борба против инфекцијата).

КОМПЛИКАЦИИ ОД АКУТНА ОДОНТОГЕНА ИНФЕКЦИЈА

Компликациите од дентогените инфекции најчесто се должат на

неадекватен тераписки третман или пак доцна започнат, односно непотребно

одложуван тераписки третман.

ЛОКАЛНИ КОМПЛИКАЦИИ:

- губиток на голем број заби

- појава на акутен и хроничен остеомиелитис

- акутен синузитис

- инфекција и анкилоза на ТМЗ

- губиток и дефект на поголем дел од виличната коска.

ОПШТИ КОМПЛИКАЦИИ:

- тромбоза на sinus cavernosus,

- бактериски менингитис,

- апсцес на мозок,

67

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

- инфективен миокардитис,

- медиастинитис,

- сепса.

ВАЖНО:

општите компликации витално го загрозуваат животот на

пациентот и истите бараат соодветен третман во специјализирани установи.

ПОВРЕДИ НА УСНАТА ПРАЗНИНА, ЗАБИ, ВИЛИЦИ И ЛИЦЕ

- ПРВА ПОМОШ ПРИ ПОВРЕДИ НА ВИЛИЦИТЕ И ЛИЦЕТО

- СПРЕЧУВАЊЕ НА АСФИКСИЈАТА

- СОПИРАЊЕ НА КРВАВЕЊЕ

- ТРАУМАТСКИ ШОК

- ПОЛОЖБА НА ПОВРЕДЕНИОТ

ПРВА ПОМОШ ПРИ ПОВРЕДИ НА ВИЛИЦИТЕ И ЛИЦЕТО

Повредите на усната празнина, забите, вилиците и лицето најчесто се

должат на директно дејство на механичка сила на одделни делови од

орофацијалната регија.

Најчесто настанува при: сообраќајни несреќи, физички пресметки,

тепачки, пад, работа, спорт, употреба на огнено оружје, како и при изведување

на одредени стоматолошки интервенции, т.н. јатрогени повреди кои би биле

понатаму предмет на судскомедицински спорови.

ВАЖНО: Дијагноза и ургентна ефикасна терапија (можна асфиксија,

крварење од големите крвни садови на лицето и вратот - витално е загрозен и

животот на пациентот).

Постапки на прва помош (зависат од квантитетот и квалитетот на

повредата), односно од постапките зависи натамошниот тек и крајнит исход на

терапијата (при лесни повреди). Основна цел е да се спаси повредениот од

смрт (асфиксија, крварење, трауматичен шок).

68

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

Основни постапки на првата помош се:

- обезбедување на слободни дишни патишта

- кардиопулмонална реанимација (доколку е потребна)

- привремена хемостаза

- обезбедување на адекватен циркулаторен волумен

- положбан на повредениот (стабилна транспортна положба).

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА СЛОБОДНИ ДИШНИ ПАТИШТА

Опструкција на горните респираторни патишта претставуваат најсериозна

опасност по животот на повредениот при повреда на лице и вилици.

Причините за опструкција се многубројни и различни и истите можат да

бидат локализирани од усната празнина до трахеата,

- туѓи тела,

- земја,

- делови од протеза,

- крвни коагулуми,

- повратена содржина од желудник,

- заби и др.

Анатомски или физиолошки причини за опструкција:

- запаѓање на јазикот кон хипофаринкс (хиперекстензија на главата),

- секрети од усната и носната празнина.

Фаринкс:

- хематом,

- кардиодорзална дислокација на средниот лицев масив при фрактура на

горна вилица.

Јазик:

- едем или хематом во предел на коренот на јазикот,

- запаѓање на јазикот кон хипофаринкс (губиток на предната инсерција на

мускулите на јазикот – Сл.27)

- кардиодорзална дислокација на средниот лицев масив при фрактура на

горна вилица – Сл.28.

69

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

Сл. 27. Запаѓање на јазикот кон

Сл. 28. Кардиодорзална дислокација на

хипофаринкс

средниот лицев масив при фрактура на

Ларинкс

горна вилица

- фрактура на тиреоидна и/или крикоидна ‘рскавица, хематом.

Трахеа

- фрактура на колапс

- трауматска ларинготрахеална сепарација.

ДЕЛУМНА ОПСТРУКЦИЈА

- отежнато дишење, зголемена активност на помошната респираторна

мускулатура, цијанотична пребоеност на кожата.

- за, нарушена свест, аноксични грчеви и смрт (по 4-5 мин).

ЦЕЛОСНА ОПСТРУКЦИЈА:

- грчевити движења на респираторната мускулатура, цијаноза,

нарушена свест, аноксични грчеви и смрт (по 4-5 мин).

Тераписки постапки:

1. положба на повредениот: повредениот лежи на грб со зафрлена

глава наназад во хиперекстендирачка положба, друга поволна положба е

стабилна бочна положба или кома положба со лежење на бок со зафрлена

глава наназад (Сл.29). Оваа положба е поволна за отсранување на туѓи тела и

70

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

да не дојде до запаѓање на јазикот, всушност истата положба е и транспортна

положба.

Сл. 29. Стабилна бочна положба на повреден

2. отворање на устата и повлекување на долната вилица на

напред,

3. отстранување на содржината, односно туѓите тела од усната

шуплина и орофаринксот со прсти или помош на парче ткаенина.

4. фиксација на јазикот се постигнува со негово прошивање на спојот

на предната и средната третина во трансферзален правец (Сл.30). Доколку по

ослобудувањето и обезбедување на проводноста на дишните патишта се

воспостави спонтано дишење со задоволителен капацитет, истото треба

перманентно да се контролира.

Сл. 30. Протракција на јазик

71

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

Сл. 31 Ретро флексија на глава, отсранување на содржина во устата,

отворање на уста и повлекување на долната вилица.

5. Доколку истовремено настапи и срцев застој веднаш треба да се

започне со вештачко дишење и масажа на срцето, односно

кардиопулмонална реанимација.

ПРИВРЕМЕНА ХЕМОСТАЗА

Најголем дел од крвавењето при повреда на усната празнина забите и

вилиците и лицето се видливи и пристапни и од тие причини погодни за

примена на постапките на привремена хемостаза. Постапките на привремена

хемостаза треба да се преземаат веднаш по воспоставување на проодноста на

дишните патишта.

АРТЕРИСКИ КРВНИ САДОВИ:

а. carotis communis, a. carotis externa (а. facialis, а. maxillaris, а. lingualis,

а. Temporalis superfitialis)

ВЕНСКИ КРВНИ САДОВИ:

Plexus pterygoideus, v. lingualis, v. facialis, v. temporalis superfitialis.

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА АДЕКВАТЕН ЦИРКУЛАТОРЕН

ВОЛУМЕН

ПОЛОЖБА НА ПОВРЕДЕНИОТ (СТАБИЛНА

ТРАНСПОРТНА ПОЛОЖБА – Сл. 32).

72

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

Сл. 32. Транспортна позиција на лице со очувана свест (А), безочувана свест (В)

ПОВРЕДИ НА УСНАТА ПРАЗНИНА

Повредите на меките ткива на усната празнина најчесто настануваат при:

сообраќајни несреќи, физички пресметки, пад, спорт. Исто така, може да се

нанесени и со огнено оружје, каснување од животни или човек. Може да се

изолирани или во состав со повреди на вилиците.

За стоматологот од особена важност се јатрогени повреди, односно

настанување на повреди при изведување на одредени стоматолошки

интервенции, кои се резултат на примена на несоодветни оперативни техники.

Меѓу тие повреди преовладуваат рани (лацерации, посекотини, убодни

рани, лацероконтузни рани), контузија без хематом или со хематом,

екскоријации и опекотини.

Може да бидат изолирани или здружени со дентоалвеоларни повреди.

73

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

ПОВРЕДИ НА ГИНГИВАТА

Повредите на гингивата најчесто се јавуваат во пределот на фрактурната

линија при фрактури на алвеоларниот гребен или виличните коски, а исто така и

при повреди на забите (Сл.33).

Сл.33 Повреда на заб и гингива

Може да настанат и при некои стоматолошки интервенции најчесто во тек

на вадење на заби кога клештата се аплицира врз забот и гингивата, а при тоа

не е одвоен епителниот припој на гингивата од вратот на забот. Исто така, може

да се случи и во текот на некои оралнохируршки интервенции при формирање

на мукопериосталното ламбо (аикотомија, цистектомии, оперативно вадење на

заби).

Исто така, може да се случи и при препарација на кавитети или при

препарирање на забно трупче од протетски аспект.

Најчесто се во прашање лацероконтузии или лацерации. Проследени се

со крварење кое е слабо, а поретко со јак интензитет.

Терапија: сопирање на крвавењето и хуруршка обработка на рана.

Сопирање на крварењето се изведува со површна тампонада со помошна

стерилна газа, која се става преку раната и пациентот цврсто ја загризува.

Може да се изврши и термокаутеризација, потоа измивање со 3%

хидроген, епсилон аминокапронска киселина, топостазин, дициноне.

ПОВРЕДИ НА ЈАЗИКОТ И ПОДОТ НА УСТАТА

Настануваат во текот на стоматолошките интервенции најчесто, заради

недоволна фиксација или неправилно користење и примена на некои

инструменти (хорико и сепарир дискови), неадекватна примена на скалпел,

распаториум или нестручна апликацја на полуга по Бајн.

74

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

Сл. 34 Посекотина на јазик

Видови повреди на јазик: лацерации, посекотини (Сл.34), убодни и

загризни рани - каснатини. Раните на јазикот може да бидат површни и длабоки

каде што покрај, мускулите на јазикот може да бидат пресечени поедини нерви и

крвни садови.

Раните на подот на оралната празнина може да бидат површни кога

е зафатена само слузницата и подслузокожното ткиво, или длабоки кога се

зафатени следниве функционални елементи: вени на подот на устата,

изводниот канал на субмандибуларните и сублингвалните плункини жлезди, n. и

а. lingualis.

Терапија: При длабоки рани најпрвин се изведува прва помош којашто

подразбира привремена хемостаза.

ПОВРЕДИ НА УСНИТЕ

Повредите на усните може да се случат во тек на заболекарските

интервенции и тоа при препарација на забите со дијамантески борери и со

инструментите за препарација.

Најчести повреди кои настануваат се:

- рани (лацерации, посекотини, убодни рани,),

- екскоријации и

- опекотини.

Повредите на усните може да бидат:

- површни да ги зафаќаат слузница и подслузокожениот слој

- длабоки кога се пресечени сите структури - слузокожа, мускул, кожа,

артерија лаијалис супериои и инфериор.

- опекотини на усни или на аголот на устата - при долготрајна работа со

насадник или колењак (прегревање).

75

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

Сл. 35 Повреда (лацерација) на горна

усна

Сл. 36 Повреда на заб, гингива и горна усна

Терапија:

1. ХЕМОСТАЗА (дигитална компресија на краевите на усните со палец и

показалез од двете раце. Потоа со пеан се фаќа крвниот сад и се

подврзува.)

2. ХИРУРШКА ОБРАБОТКА НА РАНА (раната се шие по слоеви)

3.ПРЕМАЧКУВАЊЕ НА ОПЕКОТИНИ

ВАЖНО: да се адаптира мукокутаната граница (тоа е граница на румениот

дел на усната со кожата - вермлион)

ПОВРЕДИ НА ОБРАЗОТ

Повредите на образот настануваат исто како при другите видови во текот

на заболекарските интервенции и тоа при препарација на забите со

дијамантески борери и со инструментите за препарација. Раните се најчесто од

јатрогено потекло. Најчести повреди кои настануваат се:

- рани (лацерации, посекотини, убодни рани,)

- екскоријации и

- опекотини.

Повредите на образот може да бидат површни и длабоки.

Терапија: Површните рани: дебридман, хемостаза и шиење.

Длабоките рани: специјален хируршки третман

ВАЖНО: може да биде повреден ductus Stenoni и некои од гранките на nervus

facialis.

76

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

ПОВРЕДИ НА НЕПЦЕ

Повредите на непцето настануваат, исто така, во текот на заболекарските

интервенции и тоа при препарација на забите. Раните се најчесто од јатрогено

потекло. Најчести повреди кои настануваат се на мекото и тврдото непце и тоа:

- перфорации на меко непце (лацерации, посекотини, убодни рани,)

- лацерација на тврдо непце

- опекотини.

Најчесто настануваат при неадекватна апликација на полугата по Бајн,

при што доаѓа до нејзино слизнување и оштетување на слузокожата на непцето

(сл. 37). При повредите на непцето настануваат силни крварења поради

повреда на а. palatina anterior.

Сл. 37 Повреда на меко непце

Терапија:

- хируршка обработка со сутура во специјализирани установи

- ординирање на антибиотик.

Компликација:

- настанување на ороназална фистула коешто доведува до нарушено

голтање

- настанување на силно крвавење поради повреда на а. палатина

антериор.

77

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

ПОВРЕДИ НА ЗАБИТЕ

Видови повреди на забите:

парцијална и тотална луксација

фрактура на заби

expulsion dentis

фрактура на processus alveolaris

фрактура на tuber maxillae

luxatio mandibulae.

Повредите на забите најчесто настануваат како последица на дејството

на благи сили кои најчесто делуваат во пределот на фронталните заби.

Повредите на заби настануваат најчесто во детска возраст, така што може да

настанат како на млечните така и на трајните заби. Без разлика на бројните

етиолошки механизми за настанување, сите повреди на забите може да се

последица на дејство на директна и индиректна сила.

Сл. 38. Луксација на централен и латерален

инцизив со фрактура на процесус алвеоларис

Под дејство на ДИРЕКТНА СИЛА - настануваат различни повреди на

цврстите забни ткива. Под дејство на ИНДИРЕКТНА СИЛА - (преку забите на

другата вилица) настануваат повреди кои може да бидат ублажени со распоред

на силите.

Од аспект на зафатените ткива, повредите на забите може да се поделат

на:

- фрактури на коронката и на коренот, и

- повреди на пародонталните ткива (луксација и авулзија).

78

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

ПОВРЕДИ НА ЦВРСТИТЕ ЗАБНИ ТКИВА

ФРАКТУРА НА КОРОНКА (Сл.16):

А - ПРВА КЛАСА - емаил

В - ВТОРА КЛАСА - емаил и дентин

С - ТРЕТА КЛАСА - емаил, дентин, пулпа

ФРАКТУРА НА КОРЕН: (ЧЕТВРТА КЛАСА - Сл.17)

А - АПИКАЛНА ТРЕТИНА

В - СРЕДНА ТРЕТИНА

С - ЦЕРВИКАЛНА (ГИНГИВАЛНА) ТРЕТИНА

ТЕРАПИЈА НА ФРАКТУРИРАНИ ЗАБИ:

ФРАКТУРА НА КОРОНКИ:

А - ПРВА КЛАСА - емаил - естетски материјал

В - ВТОРА КЛАСА - емаил и дентин - подлога и естетски материјал

С - ТРЕТА КЛАСА - емаил, дентин, пулпа –-

- ендодонтски

- ендодонтско-хируршки

- естетски

ФРАКТУРА НА КОРЕН - ЧЕТВРТА КЛАСА -

Дијагноза,

РТГ,

Имобилизација со:

1. акрилатна шина,

2. метална шина,

3. трансдентален имплант:

ендодонтски

ендодонтско-хируршки

естетски

Сл.39 Имобилизација со метална шина

79

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

Сл. 40. Имобилизација со метална шина

Сл. 41. Имобилизација со акрилатен сплинт

ПОВРЕДИ НА ПАРОДОНТАЛНИТЕ ТКИВА

Најчесто се здружени со повреди на цврстите забни ткива. Клинички

манифестации:

луксации,

трауматска екстракција

Клинички форми на луксации:

контузија на заби,

сублуксација на заби,

екструзија (парцијална авулзија)

интрузија (втиснување) на заби.

Сите клинички форми на луксација, заради можните компликации бараат

имедијатна дијагноза и терапија.

Дијагноза се поставува врз основа на објективен преглед и ртг.

Терапија :

- мануелна репозиција

- имобилизација

* проверка на виталитет на забот секои 3-6 месеци

* кај делумна авулзија може да настане ревитализација и по 10 месеци.

80

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

Ги применуваме следниве тераписки методи:

Мануелна репозиција при:

- контузија на заби,

- сублуксација на заби,

- интрузија (втиснување) на заби

Реимплантизација при:

- екстракција (парцијална авулзија)

ТРАУМАТСКА ЕКСТРАКЦИЈА (авулзија на заби)

- на млечни заби (интрузија!!!)

- на трајни заби

Терапија

- ако се најде забот РЕИМПЛАНТИЗАЦИЈА

- ако не се најде забот:

- ортодонтска

- хируршка

- протетска

УСПЕХ НА РЕИМПЛАНТАЦИЈА зависи од:

- времето изминато од избивањето на забот до реимплантацијата

- начинот на чување на забот до реимплантацијата

- степен на развој на коренот на забот

- состојба на алвеоларната чашка

- претходна состојба на пулпата и пародонтот

- присуство на ортодонтски аномалии.

ВАЖНО: терапијата и терапискиот исход зависат од тоа дали забот е со

завршен или не завршен раст на коренот

81

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

ПОВРЕДИ НА ВИЛИЦИТЕ

Настануваат како последица на директна или индиректна јака механичка

сила во регија на долната третина на лицето или на средната третина на лицето

(собраќајни несреќи, спорт, физички пресметки, падови).

Најчесто настануваат како изолирани, но може да бидат проследени со

повреди на меките ткива на усната празнина и лицето.

Од особено значење се фрактурите на:

пр. алвеоларис на горна и долна вилица,

tuber maxillae

телото на долна вилица (во тек на некои оралнохируршки

интервенции, најчесто вадење на импактирани заби).

Сл. 42. Фрактура на горната вилица Ле Форт 1, 2, 3.

ФРАКТУРА НА ПРОЦЕСУС АЛВЕОЛАРИС

Најчесто настануваат при вадење на заби и употреба на неконтролирана,

голема сила со клешта или полуга.

Клиничка слика се гледа повисок или нерамен гребен, кој на допир е

мобилен.

Дијагноза: се поставува со преглед (инспекција, палпација) и на РТГ.

Терапија: хируршка.

82

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

ФРАКТУРА НА ТУБЕР МАКСИЛЕ

Најчесто настануваат при вадење на горниот умник (или вториот молар

ако е последен во низот) при употреба на погрешна примена на сила со клешта

или полуга (кон дистално).

Потребно е да се утврди:

Клиничка слика се гледа виснат тубер максиле, кој на допир е мобилен.

Дијагноза: се поставува со преглед (инспекција, палпација) и на РТГ.

Терапија: хируршка.

Сл. 43 Фрактура на тубер на максилата

поради неправилна употреба на полуга

Настанува:

ФРАКТУРА НА ДОЛНА ВИЛИЦА

РЕТКО при вадење на заби или корени 1,8 %. Во тој случај тоа се

јатрогени грешки при вадење на долниот умник - употреба на погрешно

насочена и применета, неконтролирана, многу голема сила со клешта или

полуга -Леклиз или Винтер (кон дистално - Сл.44).

НАЈЧЕСТО - ПРИ РАЗНИ ПОВРЕДИ СО НАЈРАЗЛИЧНА ЕТИОЛОГИЈА.

Сл. 44 Фрактура на долна вилица при вадење

на импактиран трет молар

83

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

Клиничка слика (СИМПТОМАТОЛОГИЈА):

- болка и оток

- крвавење од гингивата на местото на фрактурата

- хематом во сублингвална регија

- патолошка подвижност на фрагменти

- крепитација

- нарушување на оклузијата

- деформација

- парестезија.

Дијагноза: се поставува со преглед (инспекција, палпација) и на РТГ.

Терапија: конзервативна и хируршка.

Сл.45 Фрактура на долна вилица во симфизата

Сл.46 Хируршка терапија на фрактура на

долна вилица со остеосинтеза со плочки

84

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

ЛИТЕРАТУРА

1. Варагиќ В.(1982). Фармакологија, Медицинска книга, Београд.

2. Драговиќ М. (1988).Ургентна хирургија врата. Медицинска књига.

Београд, Загреб.

3. Juniper R. (1990). Emergencies in dental practice diagnosis and

management. Heinamann med books, Oxford.

4. Јојиќ Ј, Перовиќ Д. (1994).Орална хиругија. Научна књига, Београд.

5. Лучки Нада. (1981). Практикум из екстракције зуба. Научна књига,

Београд.

6. Петовиќ В, Гавриќ М.(2001). Ургентна стања. Издавачка куќа

“Драганиќ”, Београд.

7. Тодоровиќ Љ. (1990). Анестезија у стоматологии, Завод за уџбенике и

наставна средства. Београд.

8. Тодоровиќ Љ.(1992). Максиларни синус у хирургии орофацијалне

регије, Завод за уџбенике и наставна средства. Београд.

9. Ho M, Mills J. (1985). Ургентна медцина – савремена дијагностик и

лечење, Савремена администрација, Београд.

85

УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОГИЈА

СОДРЖИНА

Предговор 2

Вовед во предметот ургетни состојби 4

Компликации и инциденти при изведување на анестезии 7

Општа и локална анестезија 7

Индикации за примена на општа анестезија во стоматологијата и

оралната хирургија 9

Општа анестезија 9

Компликации и инциденти при изведување на

општа анестезија 18

Локални анестетици и локална анестезија 19

Компликации и инциденти при изведување на локална анестезија 22

Токсични реакции од анестетичната компонента на

локалните анестетични раствори 23

Токсични реакции од вазоконстрикторната компонента на локалните

анестетични раствори 25

Алергични реакции на локалните анестетички средства 25

Антишок терапија 28

Алергичен шок 29

Епизодни бессвесни сосојби 30

Локални компликации при локалното анестезирање 35

Компликации за време на анестезирањето 35

Компликации по локалното анестезирање 39

Ургентни кардиоваскуларни и респираторни состојби 40

Крвавење 47

Ургентни состојби во тек на екстракции на заби 53

Можни компликации од акутна одонтогена инфекција (аои) 61

Повреди на усната празнина, заби, вилици и лице 68

Повреди на забите 78

Литература 85

Содржина 86

86

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!