13.02.2015 Views

GT 13

GT 13

GT 13

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Специјализирано списание за градежништво и транспорт • Излегува четири пати годишно

Година IV • Број 13

Текнокс • VOLVO • KOMATSU D375A-6 • BOMAG

ГЛОБАЛ МОТОРС • RASCO

PALFINGER • DOOSAN • Metso • MAKITA • WÜRTH

GOOD YEAR • Трансмет • INTER AL PIN

СОДРЖИНА

Претставуваме:

Од уреднички агол........................................................................................3

„Текнокс“–генерален претставник на Caterpillar ..........................4

VOLVO СЕ ВРАЌА ВО МАКЕДОНИЈА.................................................................7

KOMATSU D375A-6 ............................................................................................10

Издавач:

КУКОМ Скопје

Главен и одговорен уредник:

Благоја Дрнков

Графички уредник:

Филип Даскаловски

Постојани соработници:

Агрон Сулејман, Зоран Коцев,

Сашо Наумовски

Маркетинг:

Благоја Дрнков,

Елефтерија Илиевска

Адреса на редакцијата:

„Коста Шахов“ 6 1/1

1000 Скопје

BOMAG И FAYAT GROUP НА BAUMA 2013 .....................................................14

ГЛОБАЛ МОТОРС -

НОВА КОМПАНИЈА ПО СТАПКИТЕ НА СТАРАТА...........................................18

RASCO - ЛЕТНА ПРОГРАМА.............................................................................21

PALFINGER..........................................................................................................24

DOOSAN..............................................................................................................26

Metso, Регионален сервисен центар...................................................28

Занимливости, вести...

MAKITA HM1203C ................................................................................................32

Рафинерија за масла, Модрича................................................................36

WÜRTH ORSY MOBIL...........................................................................................40

Сите права задржани ниту еден дел,

текст или фотографија не смее да се

репродуцира, или дистрибуира на било

кој начин или на било кој јазик без

претходна согласнос од редакцијата

на Г и Т.

Г и Т е тромесечна ревија.

GOOD YEAR.........................................................................................................44

Трансмет –

КАЛЦИТСКО - Доломитски варовник од Чардаковец.......................46

INTER AL PIN........................................................................................................48

ХОМОЛОГАЦИЈА..................................................................................................52

Trанспорт

„Daimler“на индискиот пазар...................................................................54

www.g-t.com.mk

02 3223 531

2 Година 4 • Квартал 1

TATRA - ГОРДОСТА НА ЧЕШКА..........................................................................56

UNIMOG................................................................................................................58

Од уреднички агол

Блага зима!

1. Стара вистина: градежната

операти ва е

директно зависна од

временските услови.

Компаниите своите

ра боти ги изведуваат

нај често на отворено,

па оттука никако не

може да се избегне

факторот – временски

(не)прилики. Токму од

начинот на ослободувањето

од овој услов,

зависи и ефикасното

одвивање на работниот

процес. Добро

ни е познат фактот дека и при екстремни услови

има компании кои непречено си ги извршуваат

поставените задачи. Пошироко гледано, всушност

со нивото на ослободување од овој фактор, и тоа

не само во градежништвото, се покажува совладаниот

техничко-технолошкиот развој на едно

општество.

Кажано поедноставно, колку ефикасноста на

изведбените работи на еден гредежен субјект

помалку е зависна од временските влијанија, толку

е тој на повисоко организациско-техничко ниво.

Гледано од тој аспек, добро подготвените изведувачи

оваа година не беа во можност да ги истакнат

своите капацитети поради едноставната причина

што оваа градежна сезона временските прилики

воопшто не беа драматични. Благата зима со само

неколку денови во кои температурата паѓаше под

нулата, им овозможи на сите оние кои имаа

договорена работа, на време и да си ја завршат.

Отанува само претпоставката, како ќе се завршеше

зимската градежна сезона да имавме подолги

периоди со негативни температури.

Некои работат и на екстремно студено време,

примери има низ целиот север на континентот а за

Русија и да не говориме. Ако сакаме и ние да

извезуваме градежништво, како што тоа на време то

со успех го правевме во бившата држава, за потсетување

нека послужи податокот што македонските

компании беа ангажирани дури и во Сибир, потребно

е нашите компании да се оспособат за

работа при екстремни температури. Тоа прилаго дување,

во смисла на прифаќање на новите технологии

претставува основен предуслов за конкурентски

настап на тие пазари. За воља на вистината и во

моментов имаме домашни комапнии кои работат

надвор, во Казахстан на пример, но тие се премалку

за да говориме за организиран настап и за дејност

која на нашето општеството би му овозможило

сигурен извоз, односно сигурен прилив на средства.

2. Ако истава тема, работење при екстремни

услови, ја пресликаме и во транспортот, ќе видиме

дека и тука владеат слични или дури пак идентични

принципи на работа. Прилагодувањето кон таквите

специфични барање на глобалната економија,

едноставно претставува услов без кој опстанокот

на пазарот е речиси невозможен. Во услови кога

домашната економија е во евидентна депресија,

извозот на услугите претставува, можеби не единствен,

но секако еден од малкуте опции.

И сега се наметнува прашањето како и каде да

се пласира таа услуга. Можеби вистинското прашање

би било: со што Одговорот е повторно во

голема блискост со високата технологија, со прифаќање

на новата реалност на економскиот амбиент.

Имено. Таа технологија воопшто не е ефтина,

а парите за нејзино купување се се поскапи!

Од оваа позиција многу пати сме пишувале дека

државната политика е таа која треба да створи

предуслови а потоа економските законитости ќе си

го направат своето и ќе ги присилат компаниите на

адекватно однсеување. Се додека не се детектираат

дејностите каде што лежи голем економски

потенцијал, и се додека тие дејности не се подигнат

на ниво на државна стратегија, излез од ќорсокакот

во кој се наоѓаат нашите Градежници и Транспортери

– е речиси невозможен. Во спротивно овие

дејностите ќе ја доживеат судбината на текстилната

индустрија која своевремено од многу важен

извозник на индустриски производи се претвори во

ефтина работна сила на странските компании.

Време е некој сериозно, со државна стратегија, да

се позанимава со економските гранки во кои имаме

што да му понидиме на регионот и на светот. За

добро на сите нас.

Пријатно читање

Главен уредник

Благоја Дрнков

Година 4 • Квартал 1

3

„Текнокс“–генерален претставник на Caterpillar

Светот кај нас

Претставувањето на големите мултинационални компании подразбира

изполнување на строги норми и стандарди, а уште повеќе и усвојување на

принципи на однесување во кои интересот на клинетот се става како апсолутен

приоритет.

4 Година 4 • Квартал 1

Фирмата Teknoxgroup SA, Lugano од

Швајцарија е основана во 1990 година и примар

но се занимава со застапување на Caterpillar

во просторите на бившата југословенска

федерација и Албанија. Само три години подоцна

кај нас се формира огранок со исто

име и со иста функција, а сега Текноксгруп

Македонија може да се пофали и со нов

објект (лоциран во индустриската зона,

Визбегово) во кој на едно место клиентите ќе

можат да користат најралични услуги: купување

на гра деж ни машини и механизација

од марката Caterpillar, купување на користени

машини од истата марка, технички консултации

околу спе ци фичните потребина клиентите,

потоа врвно опремен сервис како и

снабдувањесо оригинални резервни делови

директно од магацин.

Како што и приличи на претставник на една од

најголемите мултинационални корпо ра ции од

областа на работните машини, домашните

клиенти припаѓаат во групата на најголеми

фирми од тешката индустрија. На списокот на

корисници на “Текногруп“ се и Бучим, Фени,

РЕК Битола, Макстил,... Од овој импозантен

список на македонските најголеми имиња од

тешката индустрија, би можеле да извлечеме

еден многу пририден заклучок: без тешката

механизација на Caterpillar, нема и тешка индус

трија.

За беспрекорна кондиција на машините потребен

е и високо култивиран однос спрема

истите. За таа цел ексклузивниот претставни ка

на Caterpillar кај нас, има организирано сервис

со стручно обучени работници, и се рабира,

богато снабден магацин со резервни делови.

Сервисот, со целосна посветеност кон интересите

на клиентите, има организирана 24

часовна дежурна служба и тоа 7 дена во

неделата. За временски период од 48 часа, а

максимално до 15 дена, и најголемиот оригинален

резервен дел може да биде испорачан.

Кога сме веќе кај сервисот да напоменеме дека

во него работат специјално обучени ра ботници

кои при извршување на работните операции

користат исклучиво оригинален алат од

Caterpillar. Специјалистите од “Текноксгруп“ ќе

знаат да излезат и на терен и на лице место со

Година 4 • Квартал 1

5

своето знаење и искуство да помогнат ангажираните

машини да бидат во совршена кондиција

а исто така да сугерираат и начини за

нивна поефикасна работа.

Како логичен след на ваквиот пристап е

понудата и на останати услуги потребни за

бес прекорно служење на механизацијата, добар

пример за тоа се пневматиците на Michelin

и GoodYear.

Текноксгруп претставува одличен пример

како се претставува една странска мултинационална

компанија, всушност, поинаку и не

би можело да функционира еден така сложен

систем од понуда на производи и услуги за и

околу истите.

Текноксгруп Македонија Дооел

Качанички пат ул.20 бр.23

1000 Скопје, Република Македонија

Тел. +389 2 2527 205

contact-mk@teknoxgroup.com

www.teknoxgroup.com

6 Година 4 • Квартал 1

VOLVO CONSTRUCTION EQUIPMENT

VOLVO СЕ ВРАЌА ВО

МАКЕДОНИЈА

Иако тврдењето од насловот и не е докрај точно, бидејќи Volvo никогаш ја нема

напуштено Македонија, сепак назначувањето на фирмата Волма за задолжена

за продажба на машините од реномираниот шведски производител на нашиот

пазар, ни дава за право да кажеме така.

Компанијата Волма, која порано работеше

само со сервис и резервни делови, во целост е

подготвена за настап на македонскиот пазар

со сета сериозност која застапувањето на една

марка како што е Volvo Construction Equipment

бара. А тоа и не е така малку, бидејќи

градежната филијала на Volvo има корени кои

датираат наназад до 1832 година. Да, добро

прочитавте, Volvo CE е постара од 180 години,

време за кое се променија многу нешта во

историјата на човештвото, но основната идеја

на нејзиниот основач Јохан Теофрон Мунктел

останаа иста - компанија базирана на квалитетот,

иновациите и техничкото искуство, нешта

кои со тек на времето станаа синоним за целокупната

шведска индустрија. Всушност, оваа

компанија денес е најстарата во светот која сé

уште е активна на полето на градежната машинерија.

Времето после втората светска војна кога

потребата трактори, односно општо за земјоделска

и секаков вид градежна механизација

порасна, беше одлична бизнис можност гру пата

Volvo да го прошири своето делување и на

ова поле, купувајќи ја компанијата Bolinder-

Munktell, во чиј квалитет, како на компанијата

сама за себе, така и на нејзините производи,

се увери во текот на соработката во претходни

те десетина години. Помодерната историја

овозможена со застанувањето на моќната индус

три ска група зад компанија ќе биде одбележана

со усовршување на постоечките производи

и компоненти за нив, како и технологијата

на производството, што доведе со проширување

на гамата со нови производи.

Прв таков, направен во 1954 година, беше

самоутоварувачот со тркала H-10, направен на

основа на „свртен“ земјоделски трактор со

кабина поставена наназад, така што големите

тркала му беа погонски, а малите, кај тракторот

предни, а кај оваа машина задни, управувани.

Заедно со трицилиндричниот дизел мотор со

35 коњски сили и петстепената механичка

тран с мисија, сето ова беше добра механичка

основа овој концепт да се задржи до седум десеттите

години, кога беа конструирани првите

зглобни утоварувачи на Volvo. На нив и претходеа

зглобните кипери, кои беа и првите машини

во светот конструирани со заштитни

кабини за операторот, чија функционалност

беше проверувана на едноставен начин - со

предизвикување на нивно превртување од

8 Година 4 • Квартал 1

врвот на еден ископ сé до дното на бездната.

Средината на седумдесеттите компанијата

ги дочека со ново име - Volvo BM, под кое го

започна својот поход како во окрупнувањето,

така и во освојувањето на светските пазари.

Преземањето на производителот на дампери

AB Kockum Landsverk и овозможи засилување

на присуството како во Европа, така и во Северна

Африка и Блискиот Исток, а споју ва ње то

со компанијата Clark Michigan во групата VME

и на северноамериканскиот и бразилскиот

пазар. Но, тука не се застана - во 1991 година

познатиот шведски производител на багери

Åkermans и германскиот производител на градежна

механизација Zettelmeyer Baumaschinen

GmbH стана дел од групата, која во 1995

година го промени името во денешното - Volvo

Construction Equipment, како резултат на откупувањето

на половината од компанијата VME

која ја поседуваше Clark Michigan од страна на

AB Volvo.

Но, ниту тука не се застана со окрупнувањето

- истата година беше преземен францускиот

производител на компактна градежна машинерија

Pel-Job, во 1997 година водечкиот канадски

производител на грејдери Champion Road Machinery,

а само една година потоа и филијалата

за градежна механизација на Samsung Heavy

Industries, по што следеше период на консолидирање

на сопствените редови за да се

овозможат услови повторно да се тргне со нов

бран преземања.

Прв на списокот, во 2007 година, беше најго

лемиот кинески производител на градежна

механизација Shandong Lingong Construction

Machinery, а истата година и канадскиот производител

на машинерија за шумска експлоатација

Technologies Direct и одделението за патна

инфраструктура на Ingersoll Rand, произво дителот

на познатите марки Blaw-Knox и ABG,

станаа интегрален дел од Volvo Construction

Equipment.

Ова, во кратки црти, е компанијата чиј имиџ

Волма треба да го негува на македонскиот

пазар. Што тоа значи, веќе ви е јасно.

ВОЛМА д.о.о.е.л. Скопје

Булевар Партизански Одреди 66б/2 - 1м

1000 Скопје

Година 4 • Квартал 1

9

KOMATSU D375A-6

МОЌНО И ЕФИКАСНО

Кој може нека му се трга од патот, а кој не, нека му ја мисли!

10 Година 4 • Квартал 1

Komatsu, како марка, е добро познато име

во светот на тешката механизација и секогаш

кога ќе се изговори, се помислува на нешто од

големо, поголемо. Нормално, затоа што во

про из водствената програма на Komatsu практично

нема ништо мало, а и тоа што е мало, има

големи можности.

За овој број се одлучивме да ви претставиме

еден од нивните булдожери, моделот D375A-6,

кој е еден од најголемите во гамата вакви продукти,

за нашиот регион сочинета од 10 модели

со оперативна тежина меѓу 8 и 108 тони.

Моделот за кој зборуваме е во

70-тонската категорија, со

дол жина од 10,5 метри и оперативна

тежина од точно 71,6

тони, за чија подвижност се

грижи високоефикасен шестцилиндричен

Euro Stage IIIA

мотор од 23 литри и 474 kW,

односно 636 коњски сили.

Пре носот на силата е преку

водено ладена планетарна

тран с мисија со повеќеламелна

спојка, со три степени на

пренос напред и исто толку

назад, од кои третиот може да

биде редуциран. Во највисокиот,

Komatsu D375A-6 постиг нува

мак симална брзина од 11,8 km/h

кога вози нана пред и 15,8 во

возење наназад.

Ножот со димензии 5,14х 2,27 m,

кој со еден потег зафаќа 22 m³

земја, камења или што и да му се

најде на патот, може да биде

опремен и со Topcon 2D или 3D

систем за контрола заради зголемување

на ефикасноста. Хид рау

личниот систем со макси мален

проток од 366 литри во минута и

притисок од 280 бари овозможува

максимално подигну ва ње на ножот

од тлото за 1,69 метри и или

спуштање до макси мална дла бочина

под тлото за 735 mm. Плугот може да

биде со три или со едно големо сечило. Во

првиот случај, длабочината до која се спуштаат

2,9 метри долгите сечила на овој 6,8 тони

тежок плуг изнесува 1,14 метри, а во вториот

скоро 1,5 метри.

Познато е дека булдожерите на Komatsu се

најисплатливи во своите класи. Тоа е постигнато

со примена на висококвалитетни компоненти

и единствени конструкторски решенија,

како што е хидростатичкиот систем за управување,

со помош на кој оваа тешка машина

Година 4 • Квартал 1

11

која може да се сврти на простор со радиус од

4,2 метри (мерено според трагите на гасе ниците).

За безбедноста на операторот е задолжена

Dash 8 кабината со тубуларна конструкција,

која важи за една од најбезбедните

во светот. Нејзината звучна изолација при донесува

бучавата во неа да биде на ниво на

семеен патнички автомобил. За подобра контрола

над работата се грижи големиот TFT

екран, а пакетот додатоци за зголемување на

ефикасноста се заокружува со сателитскиот

систем за следење, кој овозможува и дале чинска

проверка на статусот на машината од

било која точка во светот.

Кај ваква машина сé е големо, па такви се и

количините течности - во резервоарот за гориво

на Komatsu D375A-6 собира 1.200 литри, за

ладилникот се потребни 120 литри течност за

ладење, за моторот 86 литри масло, за трансмисијата

и системот за управување вкупно 150

литри, за финалниот пренос по 65 литри на

секоја страна, а за хидрауликата 138 литри.

TEIKOM TIM - Bitola

Tel: ++389 47 231 105

12 Година 4 • Квартал 1

BOMAG И FAYAT GROUP НА BAUMA 2013

НОВИ ПРОИЗВОДИ И

НОВИ ТЕХНОЛОГИИ

Минатата 2012-та за Bomag GmbH од Бопард беше уште еднa мошне успешна и

задоволителна година со повеќе од 581.000.000 евра продажба.

Проширената палета производи за асфал т ни работи, која сега вклучува и финишери

и гребалки, успешно стартуваше уште во 2006 година. Високата побарува

чка за Bomag гре балките (фрезите) јасно покажува дека клиен тите веруваат

во квалитетот на овој произ во дител како број 1 во технологијата за набивање и

специјалист за опрема во индуст ријата за изградба на патишта.

14 Година 4 • Квартал 1

На претстојниот најго

лем саем за гра дежна

опрема во светот,

BAUMA, кој се одржува

во Минхен, Германија,

од 15 до 21 април, на

отво рениот простор (штанд F1009) Bomag ќе

прет стави иновации и светски премиери во

секој од своите производни сектори - лесната

опрема, набивањето на ас фалт и земја и специ

јал ните машини. Под слоганот „Град ска

акција“, посе ти телите на Bomag демо прос торот

ќе можат да ги видат и тестираат робус нос

та, ерго но мијата и ра кувачките карак теристики

на целата гама на модели од лесната

опрема на Bomag, кои се совр шено прилагодени

за употреба во град ски услови и тесни

градилишта. Меѓу дру гото, Bomag ќе ги претстави

новите опти ми зирани, црно обоени ревер

зибилни плочи (BPR), произведени за употреба

во најтешки услови. Исто така, Bomag ќе

лансира три нови модели на набивачи (тампери),

BVT65, ВТ65 и ВТ60, кои се направени

да ги задоволат нај тешките барања и се

подготвуваат да станат најновите единици на

Bomag кои ќе ги постават стан дардите на

пазарот.

BAUMA 2013 исто така е избрана за светската

премиера на новата, 5-та серија на артикулирачки

тандем валјаци во класата од 6 до 8

тони. Овие компактни, економични и лесни за

користење и управување валјаци се наменети

за мали и средноголеми градежни работи. Со

нова поголема и поудобна кабина, поголемиот

резервоар за вода, Ecomode системот за

заштеда на горивото, новата генерација на

TIER 4/level IIIB мотори, како и уникатниот Asphalt

Manager 2 систем комбиниран со сателитска

навигација, Bomag ќе ги задоволи сите

идни барања на пазарот. BAUMA ќе ја види и

светската премиера на новиот финишер BF

900 C, чиј нов погон на полжавите и скреперите

овозможува големи количини асфалт (до 900

тони на час) да бидат дистрибуирани и поставени

на подлогата рамно и ефикасно. Со мак-

Година 4 • Квартал 1

15

си мална широчина на даската до 13 метри,

оваа единица произведува импресивни полагачки

резултати.

Одделот за машини за земјени работи на

Bomag исто така има голем број на иновации

во понудата. Вниманието ќе биде насочено

кон новата генерација валјаци со еден бандаж

во класата од 5 до 8 тони (моделите BW 145 и

BW 177), кои ќе бидат за првпат прикажани на

BAUMA. Овие компактни и економични машини

ги исполнуваат и најтешките барања за набива

ње, степен на искачување и ефикасност.

Уште една светска премиера ќе ги чека посетителите

во одделот за специјални машини -

Bomag ќе го лансира новиот стабилизатор/

рециклатор MPH 600, кој се карактеризира со

својата уникатна flex-mix технологија. Бес крајно

приспособливиот ротор овозможува мешавината

да се промени и прилагоди на ло калните

услови, што го прави MPH 600 нов лидер

во индустријата во однос на ефикасноста и

продуктивноста. Покрај тоа, Bomag ќе ја прикаже

и новата серија на распрскувачи на адитиви,

вклучувајќи го и предводникот на оваа

серија, моделот ВЅ 160000 Profi, со капацитет

од 16 m³ и целосна автоматска контрола на

мерење.

Сепак, ова не е сé што Bomag и групацијата

Fayat ќе прикажат на овој саем. Пазарот може

да очекува уште многу возбудливи производи

кои ќе бидат објавени на BAUMA 2013 година.

Marini асфалтни бази

Светска премиера на нов производ

На претстојниот саем во Минхен, Marini ќе

ја изложи новата асфалтна база eTower 3000.

Оваа асфалтна база не е само економична

(заради што ја има и ознаката „е“), туку е исто

така и прилагодлива. Економична е бидејќи

фокусот е ставен на преносливоста и нама-

16 Година 4 • Квартал 1

лените трошоци. Димензиите на еTower базите

се такви, што може да се транспортираат со

обични камиони - нема потреба од специјален

транспорт и големи конвои. Прилагодливоста

се согледува во тоа што покрај основните

карактеристики на eTower верзиите кои се

стандардни за производство на асфалт, неколку

технички дополнувања ја прават оваа

асфалтна база погодна за различни пазари и

побарувања. Такви се, на пример, реци клирачкиот

сет, кој дава можност за рециклирање на

асфалт во прстенот на сушарата (до 30%), дирек

тно во мешалката (до 20%), или ком би нирано

заедно и до 40%, како и Aquablack сетот,

односно генераторот за пенест битумен за

производство на „топол“ асфалт.

Година 4 • Квартал 1

17

ГЛОБАЛ МОТОРС

НОВА КОМПАНИЈА ПО

СТАПКИТЕ НА СТАРАТА

Од почетокот на оваа година, овластен и единствен дистрибутер на

JCB градежна, индустриска и земјоделска механизација, е Глобал Моторс од

Скопје. Согласно дистрибутерскиот договор, оваа нова компанија ги презеде

активностите околу продажбата на механизацијата, резервните делови и

сервисирањето, а во блиска иднина ќе започне и со наем на механизација и

машини од светски познатата марка што ја застапува на македонскиот пазар.

18 Година 4 • Квартал 1

реорганизирање и поставени се

корени на една здрава, ветувачка и

кон клиентите ориен тирана компанија.

Во соработка со лизинг куќите

на полето на финансиските услуги,

се дава можност малите и средни

градежни претпријатија да ја обноват

својата меха ни зација и опре ма,

а со ориентација кон гра дежните

компании кои се суштински специјализирани

за нискоградбата, во периодот

што следи ќе се прошири

портфолиото на про изводи - машини,

опрема и услуги, кои сега се

нудат кон повеќе пазарни сег менти.

Глобал Моторс е официјален застапник на

следниве светски познати марки за механизација,

опрема, додатоци и делови:

Со својот претходник Терра Македонија е

постигнат договор за континуитет на услугите

према клиентите, посебно во гарантните услови

и преземените обврски за сервисирање и

добавување. Локацијата е во истиот сервиснопродажен

центар, благодарение на неговиот

сопственик Превоз Комерц, кој како лојален

купувач и искусен стопанственик на тој начин

помогна да се задржи континуитетот во квалитетот

на услугите кон големиот број корисници

на машини од оваа марка во Македонија.

Со веќе споменатите предуслови, одличната

организација, искусниот тим, позицијата на

пазарот, опременоста, достапноста и желбата

да се услужат сите претходни, сегашни и идни

клиенти, се очекува Глобал Моторс да ги

оправда своите, но и очекувањата на деловните

партнери. За таа цел направено е темелно

Главен акцент е ставен на брзата достапност

на нови и користени машини, резервни делови,

додатоци, масла, мазива и потрошен материјал,

кои можат да се добијат во сервисно-продажниот

центар, а дистрибутивните возила за

брза испорака и подвижните работилници се

само дел од услугите со кои оваа, нова и мала,

но одлично поставена компанија, ќе наметне

нов квалитет во работењето на пазарот. Организираното

постпродажно следење со резервни

делови, средства за дневно одржу вање и

сервисни услуги на нивните партнери треба да

им обезбеди доза на сигурност и доверба во

инвестираните средства во нова механизација

Година 4 • Квартал 1

19

и опрема. Патронажната сервисна служба,

0-24 достапноста на терен, SOS бројот и многу

други големи и мали работи само го потврдуваат

високиот квалитет на услугите и производи

кои ќе ги добиете од јако мотивираниот

тим на Глобал Моторс, кој, следејќи ги принципите

и правилата на JCB, се раководи според

слоганот: „првата машина ја продава продажбата,

а следните постпродажбата“, така што од

компанијата чие име е со големо значење и од

седумте сегашни вработени, најсилно што

може да се почувствува е искреноста, во вистинска

смисла на зборот.

Глобал Моторс - Скопје

бул. Македонско-косовска бригада 60

населба Бутел, 1000 Скопје

тел.: (02) 2600-550, факс: (02) 2600-555

продажба тел.: (02) 2600-554, сервис и

резервни делови тел./факс: (02) 2600-552

email: info@global-motors.mk

веб: www.global-motors.mk

20 Година 4 • Квартал 1

RASCO - ЛЕТНА ПРОГРАМА

ЛЕТОТО Е ПРЕД НАС

Сообраќајниците, каналите за наводнување и шумските патишта бараат редовно

одржување во тек на летната сезона, а заради нивните специфичности,

постои потреба за различни орудија за обавување на тие работи. Rasco, како

претпријатие со повеќе од 20 години искуство во производството на комунална

опрема, подготвено одговара на тие предизвици.

Година 4 • Квартал 1

21

Во производствената програма на Rasco,

од опре мата за летно одржување се наоѓаат

про фесионални крански косилки за трактори

и универзални возила Unimog, ротосекачи,

четки за коловози и секако, малото универзално

во зило Muvo.

Главни заеднички карактеристики на сите

rasco крански косилки се ефикасноста, флекси

билноста, робусноста и моќноста. Исто времено,

модуларноста при одбирањето на работ

ните глави овозможува кранската рака на

ко силката да може да се користи за повеќе

различни активности. Во широката палета

трак торски косилки се наоѓаат бочни и задни

ко силки со домет од 5 до 10 метри, зависно од

потребите на корисникот. Бочните косилки

овозможуваат најголем дофат (до 10 метри) и

извонредна прегледност во работата, а задните

косилки, кои имаат максимален дофат до 6

метри, се одликуваат со едноставно монтирање

и демонтирање.

Предната косилка PRK е наменета исклучиво

за Unimog возилата и е погодна за примена

на автопатиштата, благодарејќи на можноста

за косење на левите и десните страни на тревна

тите површини покрај коловозот. PRK поседува

одлична прегледност во работата и можност

за едноставно монтирање и демонтирање.

Нап редните системи на управување со кранската

рака на косилката осигуруваат мирна,

уедначена и стабилна работа. Промената од

работна во транспорт на положба е брза и

едно ставна, а задната светлосна и ротирачка

сиг нализација овозможуваат одл

ич на видли во ст во сооб ра ќ ај от

и непречено и сигурно дви жење.

Ротосекачот RS је едноставна,

ефикасна и моќна машина

за сечење и мелењена гранки,

помали грмушки, плевел и трева,

со цел одр жување на проодноста

на патиштата, посебно низ

шуми, покрај железничка пруга и

на наси пите на каналите. Наменет

е за вградување на трактори.

Четката за коловоз MKN 2000 е

едно ставна и издржлива машина

наменета за чис тење на улици,

патишта и големи бетонски или

асфалтни површини. Посебно е

погодна за чистење на остатоците од средствата

за поси пување на патиштата по зимскиот

период и асфалтната прашина после глодање

на повр ши ната, како и нејзино чистење пред

ново асфал тирање и пред бележење на хоризонт

алната сигнализација. Во својата полна

конфи гу рација (со вградена бочна четка и кеса

за собирање на прашината), MKN станува

градски чистач. Тој е уред со флексибилна

примена, на менет за вградување на различни

типови возила. Управувањето со четката се

врши од кабината на возилото, што овозможува

сигурно ракување.

22 Година 4 • Квартал 1

Целовито решение за летно одржување на

градовите е малото универзално возило Muvo,

кое со своите различни додатоци едноставно

и брзо се трансформира, во зависност од потребите

на корисникот. Со приклучните уре ди

за чистење, Muvo претставува моќна чистилка

за ефикасна работа во урбани услови. Со брза

замена на предниот приклучок, Muvo се претвора

во уред за миење на јавни сообраќајни

површини, плоштади и улици, или во уред за

косење на тревници.

Rasco е водечки производител на профе сионална

комунална опрема, кој своите производи

ги извезува во 26 европски земји, нудејќи

им на своите купувачи извонредна вредност за

вложените пари и ефикасна сервисна услуга.

Како горда семејна компанија, Rasco произ ведува

квалитетни и високоиздржливи професионални

машини. Клучната цел на компанијата -

пот полното задоволство на купувачите, се

зао кружува со ефикасната сервисна служба,

како во гарантниот рок, тако и после него.

Покрај опремата за летно одржување на

сообраќајниците, асортиманот на Rasco производите

вклучува и снежни плугови, посипувачи,

комунални надградби, управувачки единици,

системи за напредно управување со операциите

за одржување на сообраќајната инфра струк ту

ра (ARMS - Advanced Road Management System),

како и малото универзално возило Muvo.

За сите информации во врска со Расцо производите можете

да се обратите: РАСЦО Македонија

ул. Иво Рибар Лола 74/2/1

Тел/Факс: 02/308 3334 • Моб: 078 38 33 33

e: toni.mitkovski@rasco.mk • www.rasco.hr

ПОВЕЛЕТЕ ВО НОВИОТ САЛОН НА

ул. Сава Ковачевиќ б.б. ламела 1, сутерен

( т.ц. Илинденка - стара ф-ка Цветан Димов)

Тел: +389 02 3178 025

INDUSTRIAL POWER TOOLS

PALFINGER

ДИНАМИЧНИТЕ ВРЕМИЊА

БАРААТ ДИНАМИЧНИ

РЕШЕНИЈА

Ако порано се мислеше дека живееме во динамично време, сега тоа се подразбира.

А динамиката на животот сама по себе бара и динамични решенија, посебно за компаниите

кои се занимаваат со широк опсег на делување. Предизвикот да им излезат во пресрет со

снабдување со неопходната опрема го прифатија бројни светски, регионални и локални

компании со звучни, помалку познати, но и сосема непознати имиња, но не сите успеаја во тоа.

Причината не треба да се бара далеку - има нешта кои им требаат на сите, но и нешта кои

практично тешко може да се продадат на двајца различни клиенти. Заради тоа, во динамичните

времиња можат да успеат само оние кои размислуваат динамично, оние кои имаат за секого по

нешто.

24 Година 4 • Квартал 1

Palfinger е една таква ком панија,

чиј опис на делување тешко

може да се дефинира во

една кратка реченица. Затоа и

овој текст можеби ќе ви изгледа

малку несредено, како многу

нешта едноставно да се нафрлани

на едно место, но што да

се прави! Таква е динамиката

на вре мето во кое живееме, а

ние, исто како и вие, мора подготвено

да ја следиме.

Името Palfinger е релативно

непознато за поширок круг луѓе,

иако производите со нив ното

лого практично се секаде околу

нас. Нив ниот широк асортиман

се базира на разни хид ра улични

решенија за транспорт и логистика

на сé и сешто за многу различни

области - од еколо гијата

и собирањето на отпад, преку

гра дежништвото, шумарството

и енер гетиката, па сé до помошните

инсталации за товарање и

специјални транспорти. Произведуваат

разни специјализирани

надградби, платформи и до полнителна

опрема во зависност

од деј но ста, за сите типови камиони,

приколки и полу при колки:

товарни сандаци, дигалки,

кипери, над градби за влечните

служби, шумарството, гра дежни

ш твото, пристаништата и кому

налните деј ности, за кои најинтересни

се подигнувачи те на

контејнери и рол-контејнерите, кои се карактеризираат

со „Z“ профилирани страни ци,

изра бо тени од обичен или Hardox челик, во

стандардни димензии, со должина од 5.500,

6.000 и 6.500 mm, широчина од 2.300 и височина

од 2.000 mm. Со програмата на киперски

над градби се опфатени двострани, тростра ни,

та ка наречени half-pipe и останати модели

задни кипери за возила од 3,5

до 41 тон бруто тежина. Зависно

од изведбата, стра ни ците се

направени од челичен лим,

Domex или Hardox. Голе миот

број типски модели кои опфаќаат

различни изведби со зафатнина

од 2,24 па сé до 19,32

кубни метри, постојано се зголемува.

За влечните и пајак службите

се наменети возилата со

хидраулични фиксни, лизгачки

и нагибни платформи, со или

без дополнителна опрема, а за

шумарските претпријатија возила

та за превоз на трупци со

платформи со раз лични должини

и изведби, со или без подница,

направени по жел ба на

купува чи те. Можат да би дат опре

ме ни и со алу ми ниумска помош

на шасија, со која се добива

за 1.200 kg поголема корис на

носивост во од нос на кла сичната

чели чна помошна ша си ја.

Интересни за мно гу прет при јатија

ќе бидат и спе цијал ните изве

д би, како што се изменливите

надградби со сис тем за брза

замена на тростран кипер со

миксер, на при мер, а треба да

ги споменеме и спе ци јалните

„висечки“ ра ботни кранови монти

рани на ками он со кои се

вршат контроли и попра в ки на

долните дело ви од мостовите,

во зилата кои можат да се движат по патиш та и

железничка пру га, дигалките кои се вградуваат

на трак тори...

За сите информации

можете да се обратите во:

РАСЦО Македонија

ул. Иво Рибар Лола 74/2/1

Тел/Факс: 02/308 3334 • Моб: 078 38 33 33

e: toni.mitkovski@rasco.mk • www.rasco.hr

Година 4 • Квартал 1

25

DOOSAN INFRACORE PORTABLE POWER

МАЛИ НЕШТА ЗА ГОЛЕМА

ПОМОШ

Човештвото практично не може да се замисли без малите нешта кои се од голема

помош - да ги нема, животот би ни бил многу покомплициран.

Кога се појави пред повеќе од половина век, направи револуција на сите полиња со својата

ефикасност, праќајќи ја тешката фи зич ка работа во историјата. И тогаш, и сега, малото багерче

Bobcat со своите минимални димензии и максимална употребливост ги при влекува погледите

на сите. Оправдано, за тоа што иако изгледа како играчка, има сериозна продуктивност, на многу

места дури и поголема од големите машини. Од тој аспект, интересно е да се запознаеме и со

неговите „братучеди”, односно други машини кои имаат слични ка рак теристики.

Uvoznik: MACO d.o.o. - Skopje ul: Londonska 19 lok 23 tel: +389 2 3078 875

26 Година 4 • Квартал 1

Bobcat денес е под капата на јужноко рејскиот

конгломерат Doosan, кој е водечки произ

водител на машини во својата земја, со

годишни приходи кои надминуваат 20 милијарди

долари. Во својата историја долга скоро

120 години има повеќе подеми, меѓу кои најзначајни

се учеството во индустрија ли за цијата

на земјата кон средината на шеесеттите години

и сериозното окрупнување последнава деценија.

Како продукт токму на тоа, во 2005 година

настана и нејзината филијала Doosan Infracore,

која всушност како Korea Machinery Industries,

тогаш под државна управа, беше и носител

на споменатата индустријализација, која

претежно земјоделската земја ја лансира на

врвот на светските индустриски велесили.

Сфаќањето на потребата на модерните

економии за постојано прегрупирање за да се

задржи предноста во напредокот, империјата

Doosan тогаш и додели сериозна задача на

својата филијала специјализирана за градежна

машинерија, која, настаната од поранешниот

Daewoo Heavy Industries & Machinery, започна

со градење на својот имиџ преземајќи бизниси

со голем потенцијал од повеќе глобално познати

компании. Еден од нив беше токму и Bobcat,

по што Doosan групата стана седми по

голе мина светски производител на градежна

машинерија.

Иако денес се занимава и со производство

на компоненти за нуклеарните електроцентрали,

како конгломерат чија срж на бизнисот

е базирана на зголемување на продуктивно ста,

односно олеснување на изведбата на инфраструктурните

работи, нормално е некаде во

неговата голема производствена програма да

се најдат и други мали машини кои се од голема

помош. Дел од нив се групирани под заедничкиот

назив Doosan Portable Power. Оваа

програма на производи, главно наменета за

сите кои својата работа на вршат надвор од

фабричките хали, било тоа да е рударството,

градежништвото, или пак, на пример, филмската

индустрија, вклучува преносни компресори,

генератори, системи за осветлување,

лес ни компактори и пневматски алати. Главни

карактеристики им се компактноста и високата

издржливост, бидејќи се користат за сите намени

и треба да работат во сите можни услови.

Ака го илустрираме тоа со бројки, ќе значи

дека гамата компресори на Doosan содржи седум

групи производи со капацитет од 2 па до

45 кубни метри во минута, меѓу кои и такви со

технологија за работа без масло. Генераторите,

пак, ги има десетина, со излезна моќност

меѓу 20 и 500 kVA, компактори те за секоја

намена, а пневмат ските алати премногу за набро

јува ње. Интересни се си с те ми те за осветлување,

кои ги има два -

конвен ци онал ни, ба зи рани на

метални кон струкции (кули) со

реф лектори и иновативниот

балон ски систем кој го штити

светлосното тело од временските

непогоди. Тежок само 8

kg, сместен на столб со височина

меѓу 2 и 7 метри, може да осветли

површина од 2.000 квадратни метри,

но и да изд ржи ветар со брзина

од 100 km/h.

Интересно зат во рен круг - од

нук леарни цен трали,

па до светлечки

ба лони, нели!

Година 4 • Квартал 1

27

Metso, Регионален сервисен центар

Елиминација на застојот

Кај рудниците математиката е јасна: ако има застој, има помалку ископана руда,

а тоа директно значи помала заработувачка односно најчесто и - чиста загуба.

За среќа на корисниците, во Metso имаат разработено цел систем како да се

пресретнат проблемите и елиминираат можните загуби.

Токму затоа некои фирми се – големи.

Големината се постигнува со разработени системи

на работа со кои превентивно се елиминираат

можните загуби. Лесно е да се каже, но

практиката покажува дека овој систем бара

акумулација на огромно знаење и искуство, бара

перфектно познавање на сопствените маши

ни и елиминирање на можните застои кои

директно би значеле и загуби за корисникот.

Во системот на Metso нема место за евентуалности

или пак негативни изненадувања.

Тие се толку сигурни во својата монтирана

механизација што се подготвени, зависно од

интересите на клиентот, да понудат низа

алтернативни гаранции со чија помош се нуди

најефикасно искористување на ресурсите.

Описот на конкретните понуди ќе ни даде

целосна слика за понудените гарантни опции

што се нудат за новите машини.

Но во Metso, уште повеќе од самите гаранции,

придаваат важност на функцио ни рање на

нивниот сервисен центар. Доволен е само повр

шен поглед за да се

увиди перфек тната организираност

на функциони

рањето. Најпрв ин, сер висниот центар на

Metso функционира како регионален и тоа со

работно време од 24 часа непрекинато во

текот на целата година. Одговорните од фирмата

тврдат дека всушност тие само се прилагодуваат

на потребите на корисникот на чие

располагање го ставаат својот стручен тим и

дежурната интервентна екипа. Освен за интервенции

или пак за редовно одржување, од Metso

уверуваат дека нивните екипи всушност

даваат и техничка поддршка, односно дека

сто јат на услуга за решавање на евентуалните

проблеми.

Раководејќи се спрема мотото дека, “нерабо

тењето е загуба а времето е пари“ нивната

професионална сервисна реакција се сведува

на временски рок од само 24 часа. Во случај на

потреба од резервен дел, ако тој е со тежина

до 250 кг. на негова испорака не треба да се

чека повеќе од 48 часа.

Во основните принципи на организирање

кај нив стои запишан и принципот на чување на

витални резервни делови кај самиот корисник,

момент кој ја објаснува екстремно брзата реакција

и сведување на застојот на најмала можна

Година 4 • Квартал 1

29

мера. Производниот процес не смее да запре,

тоа е приоритет над приоритетите во системот

на одржување кај Metso.

Уште една техничка пикантерија одушевува

во системот на одржување на опрема, а тоа е

пакетот кој се нарекува договор за превентивно

одржување.Пример: Секоја втора среда во

ме сецот рудникот се стопира на 24 часа, машините

се контролираат и одржуваат а Metso

гарантира дека следните 4 недели тие ќе функционираат

беспрекорно. Изразено во број ки

ова би изгледало вака: 24 х 12 = 228 oh (оперативни

часови) планиран застој или сведено

во проценти 97% временска искористеност на

опремата.

Светските принципи на работа се универзални,

цената на ископаната руда т.е. метал

исто така се формира на светските берзи, а

нашите руд ници мора да се прилагодат на

наметнатите светски текови. Алката која недостасуваше

во работењето на нашите ридници

беше сигур носта и одржувањето на опрема, а

токму тој систем за прв пат на нашиот пазар го

понуди Metso.

Видови на гаранции:

• Стандардна гаранција од една година.

Овој тип на гаранција доаѓа како стандардна

опција за сите нови машини, нарачани, купени

и монтирани од Metso. Во овој гарантен период

производителот се обврзува во рекордно

кра ток временски рок да ги отклони сите евентуални

недостатоци во работењето на новите

машини, вклучувајќи ту ка и замена со ори ги -

нал ни резервни де лови.

30 Година 4 • Квартал 1

• Продолжена гаранци

ја со пакет превентивно

одржување.

Овој вид гаран ција се

договара со купувачот

и обез беду ва продолжен

гаран тен рок на

машината кој може да

изнесува максимално

5 години. Продолжената

гаран ци ја е посеб

но погод на за кори

с ниците *кои сакаат

на среден рок да се

обезбедат за си гурно

функцио ни ра ње на

ново купената ме ханизација.

• Специјална гаранци

ј а, гаранција за перформанси.

Само производител

длабоко

уверен во квалитетот на своите продукти може

да даде гаран ција која се однесува на гарантира

ње и задржување на техничките пер форманси

на машината. За ралични корис ници оваа

га ранција претставува да се биде или не. Во

неа се гарантира квалитет на финален производ

и количина.

• Оперативно одржување. При овој тип на

гарантирање на машината, патем речено за

прв пат понудена во нашата земја, произ водителот

не ја наплатува посебно гаранцијата

туку во процесот на работата во која е таа

вклучена ја превзема целовкупната одго ворност

за ефикасноста на машината во одреден

период на експлоатација, односно ја превзема

одговорноста за целокупното произ водство.

Мора да се каже дека поделената одговорност

значи и поделена добивка, но како и да е, останува

заклучокот за пружање на партнер ска

рака од Metso при користење на машината.

По таков или сличен принцип во соработка

со Метсо функционираат: во Македонија се

рудниците САСА, ФЕНИ, БУЧИМ, ЛИРА; во

Србија рудникот АЛПИНЕ-Љубовиа; во Црна

Гора е БЕМАКС - Подгорица; во Бугарија е

АСАРЕЛ, ЧЕЛОПЕЧ и ГОРУБСО; во БиХ рудникот

ББМ - Вареш како и други во регионот.

Година 4 • Квартал 1

31

MAKITA HM1203C

INDUSTRIAL POWER TOOLS

СЕЧЕ БЕТОН КАКО СИРЕЊЕ!

Ако сакате да се пробивате низ ѕидовите како дух, да го парчосувате и дробите

цврстиот бетон како парче сирење, да го откорнете стариот дрвен под или

едноставно комплетно да ја демолирате целата стара куќа како да ја издувал

волкот од приказната за трите прасиња, а притоа да не затрепери ниту едно

мускулче на вашите раце, вистинскиот избор се машините за интензивно ударно

дупчење од асортиманот на Makita.

32 Година 4 • Квартал 1

Ние, како стручни од друга област (пишување

текстови), ретко кога имаме можност (а и желба,

да бидеме искрени) во вистинска смисла на

зборот да ја почувствуваме работната атмосфе

ра во областа за која пишуваме - градежништвото.

Нашата работа главно се сведува на

пренесување на карактеристиките на маши ните,

но не и на чувството како е да се работи со

нив, оти, едноставно, не ни знаеме како да

ракуваме. На ваша среќа, овој пат имаме запис

токму од тоа - како еден обичен корисник на

алатите на Makita го има доживеано работењето

со нив. Сето кажано во поднасловот на

текстов е буквално од збор до збор неговото

сведочење за тоа.

Моделот на електричниот ударен чекан што

тој го има користено е HM1203C, наменет за

употреба при изведување на демолирачки акти

в ности кај водоинсталатери, електричари,

паркетари, столари, ѕидари и слични занимања,

односно секаде каде е потребно брзо,

моќно и прецизно раздробување, распар чу вање,

раздвојување и отстранување на различни

материјали во текот на подготовката на градеж

ниот терен за нови градежни активности,

ремоделирање, замена и реновирање.

- Инженерите на Makita ја направиле оваа

алатка на моќен деструктор со најповолен

сооднос моќност/тежина на пазарот и усо вршиле

со идеалната конструкција на дизајнот

кој едноставно „спие“ во рацете, а ја пара,

корне и „откостува“ која било градежна работна

површина. Заради едноставната употреба

како во хоризонтална, така и во вертикална

положба, со право можам да и го доделам

епитетот мал, моќен и добро контролиран деструктор,

ни кажа понатаму нашиот соговорник,

додавајќи:

- HM1203C истовремено е моќен џин кој не

ги прободува ушите со звукот што го произведува

во текот на работата, брз коњ кој знае

да премине од сталожен кас во интензивен

галоп и динамит кој може да го распарчи и

најцврстиот бетон. Едноставно, тоа е машина

која знае и умее да извлече песна и насмевка

на усните во текот на работата, а не силен

стисок на вилиците.

Зошто има таков впечаток, станува јасно

кога ќе се погледнат спецификациите -

HM1203C постигнува максимален број од 1.900

удари во минута, кои се дистрибуираат преку

ефикасно реализираниот трансфер на енергија

со помош на петстепен ротирачки прстен,

кој овозможува прецизна, моќна и континуирана

достава на ударниот момент во пет квантуми

Година 4 • Квартал 1

33

- 950, 1.200, 1.450, 1.700 и 1.900 удари во минута.

И покрај тоа што е тешка само 9,7 килограми,

моќниот 7-амперски мотор обезбедува ударна

енергија од 25,5 Ј и ударно забрзување на

вибрациите од неверојатни 15,5 m/s². Една од

напредните подобности на оваа машина е мож

носта за промена на аголот на поставено ст

на ударното вретено во 12 различни пози ции.

За крај, да кажеме и дека оваа алатка од

Makita има автоматски систем за проверка на

исправноста, кој не дозволува нејзина употреба

во случај на прекумерна истрошеност на

четкичките на електромоторот. Освен тоа, за

заштита при работата се грижи и функцијата

за ограничување на торзиониот момент, а синхронизираноста

на секвенциите на ударите за

време на ротацијата со цел да се минимизира

можноста за суперпонирање, обезбедува до

50% побрзо време на ударното дупчење и

зголемен век на траењето на ударното вретено.

34 Година 4 • Квартал 1

Рафинерија за масла, Модрича

Модрича е веќе во Европа

Од рафинеријата во Модрича, кон европските пазари тргна моторно масло кое

ги исполнува Euro 6 нормите за квалитет кои на снага ќе стапат после две год.

36 Година 4 • Квартал 1

Развојот на новите моторни возила е дик тиран

од два големи услови: намалена емисија на

штетни издувн гасови и драстично намалување

на потрошувачката нагориво. Како би се задоволиле

овие два поврзани технички услови

потребно е тие мотори да работат во медиум

кој овозможува минимални механички отпори

помеѓу триечките површини. Ако кон ова го

додаме сознанието кое говори за општ тренд

на намалување на работниот волумен на

моторите, што условува примена на турбо

технологијата,веќе станува јасно дека за испол

нување на овие комплексни барања е

потребно моторно масло, кое во секој поглед

мора да ги прати зголемените механички и

термички оптеретувања.

Современите мотори поради рециркулација

на издувните гасови работат на пониски работни

температури што пак предизвикува зголемена

оксдидација на металните делови во

внатрешноста на моторот. Овој штетен хемиски

процес кој ги нагризува металните делови и

драстично го намалува работниот век на моторот,

додатно ја усложнува улогата на маслото

за подмачкување.

Новата генерација на масла за подмачкување

развиени во Рафинеријата Модрича, која е

дел од големата групација, “NESTRO“ во целост

е подготвена да го прати трендот на развиток

на новите генерации на мотори кои ги исполнуваат

сега важечките Euro 5, но и идните

Euro 6 норми против загадувањето на околината.

Новите Optima масла се изработени со

ниска содржина на сулфур, фосфор и пепел, а

се изработени од специјални базни масла добиени

од рафинериите на веќе споменатата

руска групација.

Како резултат од примената на најсовре мената

технологија овие масла се каракте ри зираат

со висока стабилност на оскидирање, која

пак обезбедува продолжување на периодот

на замена на маслото, притоа одржувајќи висо

ката чистота на виталните делови на моторот.

Уште една карактеристика е вредна за

истак нување а тоа се високите вредности на

индек сот на вискозност кои како резултат даваат

сигурен заштитен филм во широко подрачје

на работни температури и притисоци.

Пред да бидат понудени на пазарот овие

масла поминуваат вистинска ’тортура’ во сопствените

лаборатории во Модрича. Тие се ставаат

во различни мотори да работат под полно

Година 4 • Квартал 1

37

оптеретување неколку циклуси од по 100 часа.

Откако ќе ги поминат сите испитувања маслата

се испраќаат на верификација кај сите светски

производители на мотори и кај сите познати

автомобилски производители.

Ваквиот темелен пристап на Рафинеријата

Модрича и овозможи да го зголеми својот извоз

во членките на европската унија од 2% во 2009

до 20 % во минатата година.

Во моментов во Модрича се ангажирани

вкупно околу 600 работници од кои една петина

се со високо образование, а новата инвестиција

околу изградба на нов производен капацитет

за течни мазива, која е веќе започната, оваа

бројка значително ќе ја зголеми со истовремено

намалување на сите останати трошоци. Резултатите

од ваквиот економски пристап веќе се

чувствуваат како во квалитетот на производите

така и во нивната ценовна конкурентност а се

огледаат преку пробивот на сите светски

пазари.

бул.Крсте Мисирков 7, п.фах 135, 1000 Скопје

телефон: (02) 2774 140

Продавница: бул. Партизански Одреди бр 109

телефон: (02) 3063 651

38 Година 4 • Квартал 1

WÜRTH ORSY MOBIL -

ПОВЕЌЕ ПРОСТОР ЗА ВАШИТЕ ПОТРЕБИ

СÉ СВОЕ СО СЕБЕ НОСАМ!

Оптимален квалитет сé до најмалиот детаљ - тоа е паролата по која ORSY mobil

e развиен и произведен од Würth групата од Германија.

40 Година 4 • Квартал 1

Со помош на оваа технологија, вашето службено

возило ќе се претвори во совршена

подвижна работилница, почитувајќи ги сите

специфични елементи за секоја работа посебно.

Во повеќето случаи, купувачите бараат

прак ти чни решенија за сите секојдневни потреби.

Во зависност од дејноста, ORSY mobil

може да има различни варијанти. Würth поседува

долгогодишно искуство и ги разбира потребите

на купувачите на терен, бидејќи се грижи

скоро за три милиони купувачи ширум

све тот. Würth ORSY mobil е пионер на полето на

опремување на возилата, со решенија докажани

во многу ситуации кои поставија стандард

за останатите компании.

За секоја функција, алат или материјал,

пред виден е одговарачки елемент. Посебно

адаптираните верзии во комбинација со совети

те од ORSY mobil експертите даваат совршено

решение. Потребен е само еден ден за да

се опреми возилото според желбите на купувачите.

Секако, монтажата може ја изврши и

самиот купувач, но се препорачува таа да биде

изведена од стручните лица на Würth.

ORSY mobil им нуди на купувачите многу

повеќе од опрема за возила, а претставниците

за продажба на Würth широк дијапазон на

услуги и се грижат во возилото секогаш да има

доволно артикли во оптимални количини. Вака

опременото возило, освен што е подвижна работилница,

има и функција на изложбен простор,

па организацијата на просторот во него

остава впечаток на професионалност и компетенција.

Со други зборови, ORSY mobil

станува синоним за врвен квалитет, кој придонесува

за вкупниот впечаток кој ќе го

оставите на своите купувачи.

Возилото опремено со ORSY mobil елементите

е работно место на кое секој ќе се чувствува

комотно, но и сигурно. Напредните

краш-тестови (DIN 75410; FMVSS 208) пока жуваат

дека елементите во возилото оста нуваат

на своите позиции и артиклите и алатите не

стануваат смртоносни проектили што често се

случува кога возилото не е професионално

опремено. Со ORSY mobil сте безбедни, поефикасни

и ќе заштедите време кое може да го

употребите за други активности.

Година 4 • Квартал 1

41

Стручност со која Würth ќе ви излезе во

пресрет на сите ваши потреби и сервис

- Од простор за складирање до мобилен корисен

простор: рационално работење и поголема

економија за вашата компанија

- Возилото секогаш се гледа во релација со

вашите работни процеси

- Варијабилната опрема за возилата е направена

од интелигентен микс на челик, алуминиум

и PVC, со кои тежината се редуцира за

30% и воедно обезбедува стабилност и сигурност

- Заштедете гориво и направете оптимална

искористеност на лимитираниот простор

Најдобрата референца е задоволството на

купувачот

Благодарејќи на партнерски ориентирана

долго годишна соработка, во Würth се подготвени

и способни постојано да ги прилагодуваат

своите производи и услуги за да ги задоволат

сите потреби. Компаниите од сите

об лас ти веруваат во квалитетот на опремата за

возила и специфичните знаења од индустријата.

Затоа, Würth секоја година опремува преку

10.000 возила за задоволните купувачи.

ВУРТ МАКЕДОНИЈА дооел

ул. Првомајска 93, 1000 Скопје

тел: 02/ 272 80 80

www.wurth.com.mk

www.orsymobil.com

42 Година 4 • Квартал 1

GOOD YEAR

MADE TO FEEL GOOD!

GoodYear, како име ценето низ целиот свет, придонесува малку луѓе да

размислуваат за нејзините производи - самиот факт што се користат пневматици

од оваа марка делува релаксирачки и воопшто овозможува корисникот

безгрижно да се концентрира на возењето.

Како еден од најголемите производители на

пневматици во светот, GoodYear вработува

при ближно 71 илјади луѓе во своите 55 фабрики

во 22 држави. Располага и со два центра за

иновации, во САД и Луксембург, каде се раз виваат

најнапредните производи со кои се поставуваат

нови стандарди како на пазарот, така и

во технологиите за производство.

Широкиот асортиман производи кој опфаќа

буквално сé - од пневматици за патнички, до с -

тав ни и товарни возила, преку градежништвото

и стопанството, па до воздухопловството, ги

задоволува потребите на различни сегменти

корисници низ целиот свет. Во Европа, палетата

производи под продажните марки Good-

Year, Dunlop, Fulda, Sava и Debica се пласира

преку широкораспространетата продажна и

дистрибутивна мрежа, а високото профе си о-

нално ниво на сите учесници во синџирот од

производството до продажбата го гарантира

тврдењето од поднасловот на овој текст.

За тоа да биде така, GoodYear се погрижи

сите негови корисници да бидат и добро информирани

за групите производи од областа за

која се интересираат. Во ова спаѓаат и повеќе

начини на едуцирање и професионален развој

- од посета на фабриките, преку разни собири,

па до GoodYear академијата. Со своето високо

техничко знаење, специјалистите на GoodYear

им помагаат во техничката поддршка на крајните

корисници, посебно на оние кои располагаат

со големи флоти, со што се соз дава

добро партнерство меѓу нив.

Еден од начините на комуникација и

поддршка на корисниците што ги применува

GoodYear е и лансирањето на специјализираната

веб страна At Your Service за регистрација

на гумите за тешки градежни машини и рударска

механизација. Наменета е за претпријатија

и поединци кои работат во рудници, каменоломи,

фабрики, пристаништа, терминали, гради

лишта, депонии и на други места со тешки

услови за работа, заради кои на корисниците

им се потребни најдобрите совети како исправно

да се изберат и користат пне вматиците кои

најмногу одговараат за соод вет ната намена.

44 Година 4 • Квартал 1

Пневматиците за градежната ме ха ни зација

се најскапите произ води на гумарската индустрија

и GoodYear ги развиваат согласно

нив ната намена, бидејќи нивните тех ни чки

особе ности и специјал на та технологија

која се упо тре бу ва за нив не може

генерално да пок рие широк опсег

дејности. За тоа, само со вис тинските

совети за избор и користење на овие

пнев матици може да се зголеми продукти

вноста и да се продолжи нивниот век

на траење, а со тоа и да се намалат

трошоците за работа.

Услугите кои ги нудат специјалистите

на GoodYear се многу важен

дел за воспоставу вање парт нер ски

односи со клиентите, зара ди што и

со регистрирање на оваа веб

страница сите корисници на Good-

Year произ водите ќе си ја обе з бедат

неопходната техничка под дршка. И

не само тоа - секој месец 30-мина од

новите корисници кои ќе се регистрираат

на адресата http://otr.goodyear.eu/registration,

ќе добијат професионален

маноме тар за ме рење

на притисокот на воздухот во пневматиците.

Контакт: tatjana_mocnik@goodyear.com

blage_aleksov@goodyear.com

Година 4 • Квартал 1

45

Трансмет – површински коп

КАЛЦИТСКО - Доломитски

варовник од Чардаковец

На оддалеченост од само 14 км од центарот на Скопје сенаоѓа месноста,

Чардаковец, во кој се наоѓа површински коп со кој стопанисува домашната

компанија, Трансмет.

46 Година 4 • Квартал 1

Веќе три години со површинскиот коп во

месноста Чардаковец стопанисува комапнијата

Трансмет. Лоцираноста во непосредна

близина на главниот град, на оваа локација и

овозможува брза испорака на ископаниот и

обработениот камен. Тој може да биде искористен

за сите фракции на бетон, за тампонирање

како и за ниско носечките слоеви на асфалтни

површини. Освен брзата испорака

ово з мо жена од одличната комуникација, поради

фактот што копот се наоѓа непосредно до

магистралниот пат кон граничниот премин

Блаце, квалитетот на ископаниот камен претставува

одлучувачки фактор за постојан раст

на побарувачката.

Инаку, поради тоа што теренот е брдовит,

каменот се ископува со минирање кое го извршуваат

лиценцирани минери, токму како што

предвидува и законот. Така ископаниот камен

се транспортира до двете примарни дро бил ки,

се сепарира и потоа се транспортира до

крајниот корисник.

Зависно од потребите, дали се работи за

бетон, тампонирање или асфалт, каменот се

испорачува во различни фракции. Одговорните

прават се да им излезат во пресрет на

специфичните потреби на градежниците но

истите не кријат дека голема надеж полагаат

во изградбата на автопатот кој ќе ги поврзува

Скопје и Приштина. Местоположбата на површинскиот

коп им дава полно право да се

надеваат на драстично зголемување на побарувачката,

а тие подготвено ќе го очекуваат

моментот на започнување на градежните рабо

ти на оваа важна делница.

Здравата логика не учи дека нема подобар

материјал за изградба од тој што се зима од

истата локација на која и се наоѓа градилиштето,

а копот на Трансмет се наоѓа токму во

непосредна бли зина на идниот автопат.

ул. Костурски Херои бр.38, кат 2, лок. 1, 1000 Скопје

Тел/Факс: 02/ 27 20 411 / email: info@transmet.com.mk

Година 4 • Квартал 1

47

АЛУМИНИУМСКИ ФАСАДИ

ШЛАГ НА ТОРТАТА

Секој мајстор е горд на своето дело, но публиката тоа му го признава само ако

изгледа импресивно.

ул. 20 бр. 138 н.м. Бразда Ч. Сандево

тел: +389 (0) 2 3033 001; 2033 002,

факс: +389 (0) 2 2033 009

website: www.interalpin.com.mk

48 Година 4 • Квартал 1

Навистина, кој од нас би пробал торта која

изгледа обично, без разлика колку готвачот

тврди дека е вкусна А кој пак од нас не би се

настрвил на убава и со шлаг богато декорирана

торта, без размислување каков вкус всушност

таа има Такво е човечкото око, незаситно

на убавото и одбивно на стереотипното. Така

е во гастрономијата, но така е и во секоја

област од човековото живеење.

Секое време си носи свој белег, а кога

архитектурата е во прашање, белег на 21-век

се модерните стаклени фасади со кои новоградбите

се обвиткуваат од „глава до петици”.

Стаклото како визуелно ефективен материјал

започна почесто се користи дури откако се

најде соодветен начин за негово ефективно

прицврстување на конструкцијата, без притоа

со дебели елементи да се наруши целокупниот

изглед. Идеална комбинација за тоа претс тавуваат

алуминиумот и PVC материјалите, кои

пак имаат само еден, но голем недостаток -

доколку се неквалитетно направени или изведени,

тогаш трајноста им е доста кратка.

Така, повторно во приказнава се навраќаме

на мајсторот, кој се јавува како клучна фигура.

За фирмата Интер Ал-Пин, која веќе 16 години

се занимава со алуминиумски конструкции за

структурални и полуструктурални фасади, пишу

вавме лани ова време - сега е ред да на пишеме

нешто и за материјалите кои ги упо требуваат

за оваа намена. Како етаблирана

ком панија која веќе нема потреба да ги

докажува своите професионални капацитети,

Интер Ал-Пин користи исклучиво европски

производи со признат квалитет и сите можни

сертификати. Алуминиумските фасади во комбинација

со стакло, кои веќе ги има повеќе низ

Македонија (ФОН, гимназијата Нова, хо телот

ТЦЦ Гранд Плаза, Телеком, Еуро лизинг…),

кажуваат повеќе од илјада зборови, но за

употребените материјали треба да кажеме

ние, токму на овие страници.

Година 4 • Квартал 1

49

Еден од добавувачите на Интер Ал-Пин е

грчката фирма Elvial, која е една од најбрзо

растечките компании што се занимава со екструдирани

алуминиумски профили. Целосно

заокружениот процес на производство ги покрива

истражувањето, развојот, конструи ра њето,

производството и дистрибуцијата на напредни

алуминиумски системи од еднос тавна и

сложена конструкција за примена во градежниш

твото. Комплетно роботизираниот погон

за производство овозможува Elvial да поставува

стандарди на европскиот пазар во поглед

на модерниот, технолошки напреден и пријателски

кон човековата околина организиран

интегриран систем, ориентиран кон купувачите

и нивните потреби.

Одличниот дизајн на производите и искуството

што го имаат инженерите на Elvial

претставуваат комбинација која на архитектите

им дозволува голема слобода во реализирањето

на идеите за естетиката на објектите кои ги

проектираат, без притоа многу да размислуваат

за квалитетот и безбедноста, кои се гаран

тирани. Комплетната програма на сертифи

цирани производи вклучува класични, но и

радикални решенија кои знаат да ја предизвикаат

фантазијата на архитектите, на задоволство

на градежниците на кои функцио налноста

им овозможува висока продуктивност и

на инвеститорите, кои се обезбедени со

издржливоста на производите на Elvial.

Сé поголемите барања на пазарот за

недвижнини претставуваат доволен мотив оваа

дваесеттина години стара компанија да

продолжи со импресивната стапка на раст, и

покрај економските проблеми во која запад на

матичната земја. Токму заради тоа и стра тегијата

за развој предвидува поголемо регионално

присуство, што конкретно за нас значи и

дека почесто ќе гледаме новоградби со прекрасни

фасади, изведени од Интер Ал-Пин.

50 Година 4 • Квартал 1

Светла за предупредување и известување.

Погодни за обележување на градежни работи, работа на пат, сообраќајни незгоди...

Достапни во бела, жолта, портокалова, сина, црвена и зелена боја.

контакт

Тешко кршливи, магнетни и водотпорни.

mob. 078 800 111

Достапни со мобилно полнење на батериите.

viktor@team.com.mk

продажба за македонија АМП Теам Скопје

www.fijenbv.nl / escape light

ХОМОЛОГАЦИЈА

ШТО НÉ ШТИТИ ОД

НАС САМИТЕ!

Тенденција на секој стопанственик е со помалку ангажирани средства да

постигне повеќе. Но, каде е границата под која не може да се оди

Изборот на материјали и машини постојано

е еден вид лотарија - да се избере поевтиното,

без притоа да се наруши квалитетот на работата,

е умешност која исклучиво се базира

на искуството на оној што бира. Но, опасноста

дека најевтиното може всушност да биде

најскапо е секогаш присутна, заради тоа што

понекогаш ниту искуството на тој што продава,

ниту пак на тој што купува, не се доволни за да

се препознае неквалитетот.

Ова посебно е важно во градежништвото,

каде со лош избор на материјали и машини се

загрозува безбедноста и на оние што работат,

и на оние што подоцна ќе ја користат градбата.

Затоа, за да бидеме сигурни дека сé што се

нуди на нашиот пазар ги исполнува условите,

секоја држава има организирано комплексен

систем за контрола и заштита.

Кога возилата, односно деловите и уредите

на возилата се во прашање, за тоа е задолжено

бирото за метрологија, кое, согласно законите,

е орган за одобрување кој во процесот на хомо

логација врши проверка дали се испол нети

пропишаните услови утврдени со меѓу на родните

ECE регулативи и EC/EEC директиви прифатени

во нашата земја. Целта на хомо лог а-

циската проверка е да се спречи увоз на возила

кои влијаат на безбедноста во сообраќајот и

на екологијата во земјата во која се увезуваат.

На овој начин се зголемува активната и пасивната

безбедност на возилата во сообраќајот

и се обезбедува строга контрола на еколошките

стандарди, со што директно се штити

жи вотната средина. Исто така, преку процесот

на хомологација се заштитува домашниот пазар

од неквалитетни возила и делови.

Според нашите правила, во Република

Македонија можат да се увезуваат возила за

специјална намена со Euro 1 европски стандард

за емисијата за издувни гасови од следниве

категории:

- возила со фиксна надградба на бетономешалка

(не од контејнерски тип)

- возила со фиксна надградба на пумпа за

бетон

52 Година 4 • Квартал 1

- возила опремени со скалила или пос та менти

кои можат да се издигаат (на пример за работа

на улично осветлување)

- возила дигалки (во оваа група не влегуваат

возила кои се проектирани и изработени покрај

дигалката да превезуваат и стока)

- возила посебно конструирано за чистење на

улици (во оваа категорија не влегуваат возилата

кои се со камионска шасија), потоа канализација,

аеродромски писти и слично

- возила за собирање и пренесување на смет

- возила со фиксно вграден генератор за

електрична енергија

- возила со вградени подвижни радиолошки

уреди

- возила подвижни амбуланти (медицинска или

забарска)

- репортажни возила (радио, тв и слично)

- возила подвижни лаборатории

- возила подвижни специјализирани рабо тилници,

уникатни или не

За увоз, односно хомологација на горе на ведените

возила, потребно е да се поднесе барање

за единечно одобрување до бирото за

метрологија, во прилог на кое се доставуваат

доказ за исполнетост на техничките барања

(ТÜVMünchen, TÜVRheinland или од овлас тениот

застапник на марката на возилото во

Република Македонија кое треба да се увезе) и

доказ за подмирени царински обврски.

За возилата проектирани и изработени

исклучиво за потребите на армијата, полицијата

или противпожарните служби, возилата што

се наменети за работа на капитални градилишта,

површински копови, каменоломи,

пристаништа или аеродроми, работните машини,

возилата чија што најголема конструк цискиопределена

брзина не поминува 6 km/h,

посебните превозни средства што ги управуваат

пешаци, возилата што се наменети за

рекреација надвор од јавните патишта, велосипедите

со електричен помошен мотор, машинската

опрема посебно конструирана за користење

во шумарството, шумската машинска

опрема вградена на шасијата на возила за

земјоделска работа, менливата машинска опрема

што е потполно дигната од тлото кога

возилото на која е закачена се употребува на

пат, возилата кои привремено се увезуваат

поради учество на натпревари, саеми и други

приредби организирани во Република

Македонија, при што привремениот увоз на

овие возила може да трае најмногу 30 дена,

возилата кои не се наменети за возење во

сообраќајот на патиштата и кои не се регистрираат,

возилата кои се наменети исклучиво

за натпреварувања и прототипните возила што

се употребуваат на патиштата со одговорност

на производителот поради извршување на

посебни програми за испитување, под услов

да биле планирани и изработени посебно за

таа намена, се исклучени од овој процес и за

нивниот увоз не е потребно да се изврши

хомологација.

„Daimler“на индискиот пазар

Производство

организирано директно

кај купувачот

На третиот по големина светски пазар на камиони, Daimler својата присутност ја

обезбедува со нов производен погон од кој ќе излегуваат годишно по 70 илјади

тешки камиони со носивост помеѓе 25 и 31 тон.

54 Година 4 • Квартал 1

Од почетокот на производството на својата

фабрика во јужна Индија, што се случи минатата

година во септември, за првите сто дена

од работењето се произведени 1.098 тешки

камиони со носивост помеѓу 25 и 31 тон. Овој

податок го изнесоа одговорните од Daimler

како биланс од тримесечното работење организирано

во новата фабрика во градот Ченаи.

Фабриката е подигната на територија на која

се очекува жестока битка во делот на продажба

на тешкиот ками

онски програм но

истовремено и ка ко

одговор на присут ната

кон ку ренција ко ја

владее на третиот по

голе мина светски пазар

на тешки то вар ни

возила. Моментно во

овој сегмент, на ин дис

киот пазар до ми нира

TATA со паза рен

удел од 70%, до дека

од останатите ета блира

ни марки при сутни

се и Ashok Leyland и

Eicher. Токму тоа се и

главните кон ку ренти

од кои Daimler ќе се

обиде да оттргне што

поголем дел од пазарот.

Планови те на герман

ците одат во правец

да до 2020 година,

кога Индија ќе прерас

не во втор нај голем

по т ро шувач на камиони

во светот вед наш

после Кина, Daimler

да се етаблира како

еден од најсериозните

снабдувачи.

Во првата година од

производството, капаци

тетот на фабриката

изнесува 36 илјади во зила но веќе идната

година од лентите на индискиот производен

погон годишно би тре ба ло да излезат не

помалку од 70 илјади еди ници.

Во 2011 година на индискиот пазар се

пла сирани 330 илјади камиони од тешкиот

про грам, оттука и зголемениот интерес на

произ в о дителите за присутност на овој ек с-

тре мно го лем и перспективен пазар.

Година 4 • Квартал 1

55

TATRA

ГОРДОСТА НА ЧЕШКА

Tatra е еден од ретките производители на камиони кој не потекнува од западните

земји, а има стекнато светска репутација.

56 Година 4 • Квартал 1

Ако за некои други бивши индустриски имиња

од социјализмот можеше да се каже дека

станале светски познати со помош на до минацијата

која им ја имаше обезбедено до говорната

економија во земјите од совет ската

влијателна сфера, Tatra овој епитет го има заслужено

со своите конструктивни решенија.

Чешкиот производител на камиони има традиција

која датира од 1850 година, кога во

местото Копривнице, тогашен Неселсдорф,

запо чнале да се произведуваат пајтони. Одминувањето

на времето на Франц Јозеф и промената

на нијансите во раскошот на Виена

доведува до свртување во производствената

стратегија најпрво кон железницата, а потоа и

кон патниот сообраќај. Во 1897 година во

Копривнице е направен првиот автомобил, со

што, после Daimler и Peugeot, оваа компанија

станува третиот најстар автопроизводител во

светот, а една година подоцна и првиот камион.

Брилијантните идеи на конструкторите во децениите

што следат визионерски ја издигнуваат

компанијата која тогаш, по блискиот планински

масив во Словачка, го добива името

Tatra. Иновативните технички решенија и проширувањето

на дејноста на други полиња (автобуси,

тролејбуси, а кратко време и во ави онската

индустрија), создадоа моќна база која и

другите знаеја да ја искористат - слабо поз нат

е фактот дека за легендарната Буба на Volkswagen,

конструирана од Фердинанд Порше,

се употребени многу „позајмени“ тех нички и

дизајнерски решенија од автомобилите на

Tatra.

Обновувањето на производството после

вто рата светска војна како државно прет пријатие

ја враќа Tatra со заслуги стекнатите позиции.

Со уникатните конструкторски решенија,

како што се независното ослонување и

воздушно ладените мотори, возилата на Tatra

се закитуваат со репутација на екстремно

издржливи, што Чесите го користат како насока

за идната производствена стратегија и во

1971 година се посветуваат на тешките камиони,

а новиот милениум го пречекуваат зафатени

со возилата за специјална намена.

Гамата на Tatra денес се состои од шест

основни типа возила, во конфигурации од 4х4,

6х6, 8х8, 10х10 и 12х12, направени со стратешко

партнерство со DAF и Paccar. И порано, и

сега, камионите на Tatra ги имаат истите карак

терни особености: голема носивост, универ

зална употребливост, лесна подвижност и

висока продуктивност, произлезени од издржливата

и ефикасна конструкција на компонен

тите и возилата, кои со шесте победи на

релито Париз-Дакар ја докажаа својата надмоќ

над екстремните услови на експлоатација.

Како компанија целосно е свртена кон потребите

на крајниот корисник како во воениот,

така и цивилниот сектор, со силен акцент на

возилата специјализирани за одредени намени

- градежништвото, рударството, шумарската

индустрија, противпожарните служби…

Година 4 • Квартал 1

57

Mercedes

UNIMOG

Пред 60 години, точно на 3 јуни 1951, првиот

примерок на Unimog со ознаките на Mercedes

Benz се симна од производствената линија во

фабриката во Гагенау. Со своите извонредни

оф-роуд способности и неверојатната прилагод

ливост за секаков вид работа, универзалниот

мото-уред, како што всушност звучи преводот

на неговиот полн оригинален назив UNIversal-

MOtor-Gerät, претставува единствен концепт

на возило развиено изворно за унапредување

на земјоделието во повоена Германија. Unimog

со своите повеќенаменски особености

требаше да им овозможи на фармерите со

едно во зи ло да ги задоволат сите свои потреби

- на нива, во шума, или на пат, сеедно. Заради

тоа, оригиналниот модел имаше траги на тркалата

широки точно 1.270

mm, односно колку два

реда компиров насад.

Производството на Unimog

започна кон крајот на 1947

година, кога Daimler го

заврши развојот на сво јот

OM636 дизел мотор со 25

KS, но во погоните на

Boehringer, бидејќи во тоа

време сојузничките окупаторски

сили на Mercedes

Benz не му дозволуваа да

произведува возила со

погон на сите тркала.

Заради тоа, се смета дека

вистинскиот живот на Unimog

започна по обновувањето на разрушената

фабрика во Гагенау во 1951 година, датум кој

Daimler ги одбележува како јубилеен за Unimog.

По повод 60-годишнината од тоа, на основа

на шасијата на најголемиот модел од серијата

U 5000 беше креиран славенички прототип со

футуристички, но и помалку застрашувачки

изглед на голем инсект подготвен да го зграпчи

својот плен. Колку со него се навестува

иднината на екстракорисното возило тешко е

да се каже, но во секој случај Unimog заслужува

да му се даде посебно место и во историјата, и

во иднината, за што најдобро ќе посведочат

повеќе од 300-те илјади негови купувачи во

текот на овие шест децении.

58 Година 4 • Квартал 1

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!