13.02.2015 Views

GT 10

GT 10

GT 10

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Специјализирано списание за градежништво и транспорт • Излегува четири пати годишно

Година III • Број 10

Komatsu PC 3000 и PC 2000 • Liu Gong CLG B 160

BOMAG BF600 C • Metso • JCB 4CX • Pavijet MG7

ИНТЕР АЛ-ПИН • BMC • OKT TRAILER • Würth • MAN

СОДРЖИНА

Претставуваме:

Издавач:

КУКОМ Скопје

Главен и одговорен уредник:

Благоја Дрнков

Графички уредник:

Филип Даскаловски

Постојани соработници:

Агрон Сулејман, Зоран Коцев,

Љупчо Михајловски

Маркетинг:

Благоја Дрнков,

Елефтерија Илиевска

Адреса на редакцијата:

„Коста Шахов“ 6 1/1

1000 Скопје

Сите права задржани ниту еден дел,

текст или фотографија не смее да се

репродуцира, или дистрибуира на било

кој начин или на било кој јазик без

претходна согласнос од редакцијата

на Г и Т.

Г и Т е тромесечна ревија.

Од уреднички агол..................................................................3

Komatsu PC 3000 и PC 2000

РУДАРСКИ „ЕКСПЕРТИ“...............................................................4

Liu Gong CLG B 160

ВРЕДЕН И МОЌЕН.........................................................................8

Caterpillar 627G

Стружење и товарење..........................................................12

BOMAG BF600 C (HSE)

Асфалт со квалитетен финиш.........................................16

Репортажа: Површински коп “Lira” - Прдејци

КВАЛИТЕТЕН камен УШТЕ од површината.......................18

Liebherr R 9100

Кога и најмалото е големо................................................22

JCB 4CX

Комбинација за штедење...................................................24

Мини асфалтен финишер (павер) Pavijet MG7

КРЕАТОР ЗА ФИНИ РАБОТИ......................................................28

Gourdon - приколки

Што има за товарење.........................................................30

Занимливости, вести...

Würth (Вурт)

Добар алат, занат вреди......................................................32

ИНТЕР АЛ-ПИН

Совршен гланц.........................................................................36

Металпрес ПН

Квалитетот не е случајност...............................................40

Trанспорт

www.g-t.com.mk

02 3223 531

2 Година 3 • Квартал 2

BMC транспортери

Сервис и во Скопје...............................................................42

MAN TGX

Ем најмоќен, ем најштедлив.............................................44

Mercedes Antos.

Mercedes го збогатува семејството камиони..........47

OKT TRAILER..

Простор за вашиот товар..................................................48

Од уреднички агол

Политика - напред, бизнис - стој!

1. Сите веќе добро

зна е ме: од политиката

ни за виси целокупниот

жи вот. И работата,

се како! Ја нема таа

све т ска финансиска

или ев ро пска должни

чка кр и за која може

да вли јае на домашни

те еко ном кси теко

ви, ка ко што тоа го

чини по ли ти ката! Од

неа за ви си стап ката

на еко ном ски от раст,

по то чно, од по добноста

на поли тич ки от

миг зависи проекцијата на растот (најчесто пре оптимистичка)

на економијата. Прстите на семоќ ната

политика знаат да се најдат и на местата каде што

наместо да мешаат би требало само да регулираат.

Примерите секојдневно грубо ги напаѓаат нашите

емо ции; работодавачите се финансиски исцрпени

до безизлез а на работници те просоторот за

реализаци ја на својот труд им е сведен до очај. Во

дадената си ту ација, најголем работодавач а воедно

и непри ко сно вен одредувач на судбините на сите

нас, е др жавата, или нај директно - повторно

политиката. Но чекајте малку, а дерегулацијата на

пазарот, инвестиции, прет при емачки иницијативи,

развојни циклуси,... па нели се тоа чисто економски

категории. Да, да, да секако, ама... ова е балканска

земја и уште во недоврше на транзиција, и згора на

тоа со вградена фабричка мана за одбојност

спрема капиталистичко уре дување на системот.

Околу откривање на причи нителот за болна та

економска состојба не треба многу да се мудрува,

тој се наметнува сам по себе - политиката. Повеќе

од очигледно е нејзиното де стру ктивно дејство. И

тоа во најгруба смисла на зборот: политиканско

однесување и фингирање на економијата.

2. Секаде низ Европа слушаме за економска криза.

Невработеноста во некои земји од Унијата достигнува

драматични размери; бројките достигнуваат и

до 20%. Банките се потешко се одлучуваат за пласмани

во стопанството, со тоа потенцијалните инвеститори

тре ба да вложуваат од сопствени фон дови

кои пак се се потенки и потенки. Инвести ции има се

помалку а со тоа и надеж за вработување на армијата

невработени. Состојбата не е секаде иста, но

генерално можеме да збориме за циклична (декадна)

криза на развиените западни економии.

Прика знава околу состојбиве, некако ни звучи познато.

Па ние кризава ја живееме веќе со децении.

Кај нас таа има хроничен карактер. Ние се на викнавме

да опстојуваме во погоре опишаниве услови.

Кај нас би претставувало преседан ако некој економкси

субјект се однесува “нормално“. Е сега, ако

се префрлиме во областите кои ние ги обра ботуваме,

односно на Гра дежништвото и Транс портот,

дали можеме да ги упо требиме истите ре ченици за

опис на состојбите! За жал – да. Можеби економската

состојба во една држава најсилно се

одразува токму во овие области од економското

живеење. Кога нема кранови да заи граат на градилиште,

цели гранки од стопанството се во акутен

грч. И во исчекување некои чинители од точката 1.

да преземат конкретни чекори за промена на

состојбите кон подобро, за доброто на сите нас.

Наместо директен интервенционизам и лично профи

терство, носителите на власта треба да створат

услови и потоа да регулираат. Ништо повеќе, ништо

помалку. Дали тоа ќе се случи, дали сме способни

тоа да го направиме Ќе мораме, ако сакаме економски

да оп ста неме. Само економскиот развој гаран

тира иднина за државата, останатото е гола политика.

3. А што подготвивме за овој број Пред се неколку

репортажи, но место во овој број најдоа и нашите

ре довни рубрики. Репортажите ги напра вивме

од прои зводните погони на Интер Ал-Пин, потоа

ка меноломите на Гостивар и Прдејци, новиот сервисен

центар за BMC возила,... Исто така се осврнуваме

и на приколките на OKT Trailer и Gourdon

како и на низа работни машини и транспортни возила.

Пријатно читање

Главен уредник

Благоја Дрнков

Година 3 • Квартал 2

3

Komatsu PC 3000 и PC 2000

РУДАРСКИ „ЕКСПЕРТИ“

Специјално за рударството компанијата има развиени неколку хидраулични

ескаватори меѓу кои се РС3000-6 и PC2000-8, со кои се решава проблемот за

оптимизација на ископување на руди и минерали во целост, како и заштита на

животната средина.

4 Година 3 • Квартал 2

Јапонската компанија Komatsu е водечки

светски производител на хидраулични багери.

Високите перформанси и инженерски технологии

кои се користат од страна на компанијата,

пред се врз база на утврдените добри критики

од клиентите, придонесуваат за создавање на

нови генерации со висок квалитет и ниски трошоци

на експлатација. Специјално за рударството

компанијата има развиени неколку хидра

у лични ескаватори меѓу кои се РС3000-6 и

PC2000-8, со кои се решава проблемот за оптимизација

на ископување на руди и мине рали во

целост, како и заштита на животната средина.

Рударските багери на Komatsu, моделот

PC3000-6 е наменет за ископување или товарање

во отворени окнокопи, за отстранување на

минерали и карпи, наоѓаат голема примена во

металургијата и индустријата. Овој модел може

да се користи и за големи количини на иско пување

во областа на градежништвото. Она што

ги карактеризира верижните багери, PC3000-6

се високи перформанси, широк опсег на работа,

комфорни услови за работа на операторот,

идеална распределба на тежината, ниска

потрошувачка на гориво и емисии на штетни

га сови и практична контрола на возилото со

врвна ергономија. За да се обезбеди уште пофле

кси билен избор на Komatsu спецификацијата

нуди широк спектар на опции. Она што

посебно треба да се истакне кај ваквата конструкција

секако е мулти-хидрауличниот систем.

Багерoт PC3000-6 може да биде опремен со

„лопата“ напред и назад се со цел за оптимални

делувања. Моќната кохезија на конструкцијата

со „раката“, освен за дизајнот на корпата,

секако е важна за високи оперативни зафати.

Ѕидовите на корпите се изработени од квалитетни

материјали, чии механичките делови, по

потреба, може брзо да се заменат, што придонесува

за високиот степен на оператиноста и

лесното одржување. Конструкцијата на багерот

PC3000-6 е дизајнирана на таков начин да се

намали бројот на компоненти, да се зголеми

делувањето и работниот век на багерот. Кабината

е високо крената, а големите прозорци

обезбедуваат добар преглед. Управувањето со

повеќе од 150 тони тешката машина е мошне

лесно со палка и контрола со лостови, визуелни

уреди на екранот, и користење на новите технологии,

што секако придонесува за зголемување

на оперативната ефикасност. Еластичната

суспензија која ги намалува вибрациите и

спе цијалната изолација на кабината придонесу

ваат за значително намалување на нивото на

бучавата на работното место на операторот,

кој постојано добива детални податоци за

условите на машината преку систем за следење

на ETM / ECS, кои воедно се користат за да се

одреди степенот на услугата и техничка анализа.

Активната анализа на работното искуство

во различни услови, техничките експерти на

Komatsu ја користат подоцна за воведување на

Година 3 • Квартал 2

5

нови подобрувања, како и дефинирање на нови

стандарди за квалитет во изградбата на

багери.

Мошне интересна е и понудата на мото ри те

за оваа машина. Дизелскиот Komatsu

SSA12V159 мотор е со моќ од 940 kW /1260 KS

при 1800 вртежи во минута. Со ниската потрошу

вачка на гориво и емисија на гасови ги испол

нува строгите EPA прописи. Освен моќните

дизелски агрегати може да работи и на електромотор

со моќ од 660/720 киловати и е многу

важен детал кога станува за длабочински

ископи, бидејќи емисијата на штетни гасови е

нула.

Специјално за рударството компанијата

раз ви нова хидраулична машина Komatsu

PC2000 -8. Новиот мотор Komatsu SAA12V140E3

монтиран на PC2000-8 е сосем оптимален за

тешки режими на работа. Опремен е со турбо

полнач со висока ефикасност со голем кулер

за воздухот, моторот развива моќност од 713

kW (956 КЅ), и штетни емисии во склад со Tier 2

(стандард Агенција за заштита на животната

сре дина на САД). Во споредба со моделот

PC1800-6, каде се користеше истиот мотор,

пот ро шувачката на гориво е намалена за 10%.

Маши ната располага со напредни опции и уреди,

кои придонесуваат за заштеда на енергија

при работа, вклучувајќи економски ефикасен

режим (E-режим) и индекс на економската состојба

(Eco-мерач). Е режимот се користи во два

модули на работа: висока моќност и односот

трошоци. Од друга стра на, таа има две други

модели, што му ово зможува на операторот да

избере оптимална варијанта од перформанси

и економичност на гориво за специфични

услови на работа.

Дизајнот на багерот во споредба со претходните

модели, исто така, во согласност со

те шки услови за експлоатација на јаглен придонесува

за подобрување на сигурноста на

одделните компоненти на машината во целина.

Во исто време, значително внимание се посветува

за намалување на оперативните трошоци.

Конкретно, во агрегатот има посебни

модули, радијатор, кулер за моторното масло,

хидраулични пумпи и моќен систем за транспорт.

Ваквата поставеност е важна за нама лување

на време, труд и мате ријали,

трошоци за поправка, одржување

и транспорт. Покрај тоа, конструкцијата

на багерот и вери ж-

на та рам ка се направени со таков

дизајн за да ба герот издржи

потешки товари. За поддршка се

користат триредни лежишта, за

голем капацитет на оптова ру вање.

Овде вреди да се напомене и

посебната заштита за моторот и

одделни компоненти поради

стр у ктурата на материјалот што

се копа.

Со оглед на големата разно

видност и твр дост на мине ралите

и на карпите, со различни

физички и механички својства,

машината може да се опреми со

корпа за работа со камења.

Koma tsu употребува материјали

6 Година 3 • Квартал 2

на ме нети за подобрување на квалитетот на

корпата, според Брин цврстината е најмалку

500. Материјалите се исклучително отпорни на

абење и не ги менуваат своите својства под

влијание на топ лината што се создава при

копање и тран с порт на материјалите од земјата,

а се зачувува формата подолго време. Благодарение

на уни кат ната форма обезбедува висока

ефикасна кор па, а забите остануваат остри

за долго време.

Многу елементи се додадени за обезбе дување

на максимални услови за непречена рабо

та на операторот. Кабината е голема и е

спе цијално дизајнирана, обезбедува голем

про с тор за нозете, за да може операторот да

се одмори, додека работи. Одлично е затворена

и има постојан притисок во истата за да се

спречи навлегување на прашина. Климата

ефика сно ја лади и грее кабината, а

модуларната конструкција овозможува

исклучително ниско ниво на бучавост и

вибрации во внатрешноста, на рамниште со

оние во патнички автомобили.

Градежниот багер Komatsu PC2000-8 ви

овозможува да го користите во различни рударски

и геолошки услови, по карпите со различна

моќ.

TEIKOM TIM - Bitola

Tel: ++389 47 231 105

Година 3 • Квартал 2

7

Liu Gong CLG B 160 – булодожер со гасеници

ВРЕДЕН И МОЌЕН

Булдожерот на гасеници CLG B160, LiuGong го разви и произведе користејќи

исклучиво домашни знаења и ресурси. Токму поради тоа, карактерот на овој

вреден работник, ја прати далекуисточната животна фиозофија: едноставност,

практичност, економичност и доверливост.

8 Година 3 • Квартал 2

LiuGong, кинескиот производител на градеж

на опрема, гледано во светски рамки, влегува

помеѓу 20-те најголеми светски производители.

Компанијата формирана во 1958

година има акумулирано големо искуство на

полето на работните машини за градежништво,

кое сега се користи за производство на машини

проиктирани во сопствените погони. Големите

производители, помеѓу кои секако припаѓа и

LiuGong, се добива впечаток дека никаде не

брзаат туку оставаат своите производи докажувајќи

се во пракса сами да го пробиваат

патот до корисниците. Моделот CLG B160 припаѓа

токму кон таа група машини, кои со поминување

на времето трпеливо ќе служат ис полнувајќи

ги и нај напорните работи, за воз врат

барајќи минимално внимание.

Возачко опкружување

Кабината на операторот е изведена во Hexahedron

форма. Тоа значи дека видливоста е

одлична и нема ниту еден елемент да го

попречи видното поле на работникот задолжен

да управува со булдожерот. Од друга страна,

командните палки за управување и менување

на степените на пренос се сместени на левата

страна додека за десната рака се предвидени

командите за манипулирање со секалото и

гребачот. Пред операторот, на контролниот

па нел се сместени 5 класични инструмени на

кои можат да се отчитаат сите релавантни работни

параметри. Со прекинувачите на кро вот

може да се регулира климатизацијата на ка бината

или пак да се активира останатата опрема.

Седиштето е воздушно ослонето, факт кој придонесува

за пригушување на механи чките вибра

ции, што директно придонесува за удобност

при ракувањето. Кај кине зите ефикасноста

на работата се става на прво место,

оста на тите задоволствата на операторот се

ос та вени за по завршување на работното време.

Така размислуваат кинезите, и никој не може

да им приговори, разултатите одат во нивен

прилог.

Механика

Компактноста на моделот “160“ се огледа во

вкупната должина од 530 цм. Булдожерот, во

перативна готовност тежи 17 тона а за погон

се користи дизел мотор Weichai Deutz од 160

КС. Вградениот менувач располага со 5 степени

на пренос за движење напред и 4 степе ни

за движење наназад. Механичка специфика

прет ставува померувањето на секалото по вертикална

рамнина кое е изведено само со еден,

централно поставен цилиндар (по желба на

купувачот померувањето на секалото може да

биде изведено и со два цилиндра). Кинеските

конструктори се посебно горди на ова решение

Година 3 • Квартал 2

9

бидејќи тоа придонесува кон поедноставување

на целата конструкција без нарушување на

функ ционалноста и ефикасноста на машината.

Широчината на секалото изнесува 339 цм а неговата

висина 115 цм. На задниот дел од булдожерот

е вграден гребач со три шила. Гасениците

се со широчина од 51 цм а погонот го

добиваат преку два главни цилиндри, додека

уште 7 помошни цилиндри се грижат за цврсто

држење на правецот. Хидрауличниот систем

пре ку своите пумпи обезбедува максимален

ра ботен притисок од 13.7 Mpa. Целата механичка

конструкција делува прилична еднос тавно

но воедно и убедливо робусно. Прои зводителот

во секоја прилика ја истакнува

цвр с ти ната на материјалите употребени при

из градба на булдожерот. Во секој случај, примарните

далекуисточни вредности се мак симално

запазени: доверливоста, трајноста и

ефи касноста биле основни параметри спо ред

кои се раководеле конструкторите.

Одржување

Одржувањето на булдожерот исто така претс

тавува еден од атрибутите со кои Liu Gong настапува

на пазарот. За илустрација ќе ви претставиме

само неколку сервисни пока за тели:

- резервоар за гориво – 350 литри

- масло за мотор – 24 литри

- систем за ладење – 40.5 литри

- резервоар за хидраулична течност – 108 литри

- пренос и конвертор – 122 литри

- осовини – по 66 литри.

Контакт:

ТЕХНОКОМЕРЦ АД Скопје

Тел. 02/3097-193

e-mail: tehnok@tehnokomerc.com.mk

10 Година 3 • Квартал 2

Caterpillar 627G – стругалка со влекач

Стружење и товарење

Овој модел на Caterpillar е наменет за извршување на земјени работи, ефикасно

ги собира земјените остатоци движејќи се со висока патна брзина, остварувајќи

притоа брз циклус на работа односно висока продуктивност по најниска цена на

чинење.

Изведувањето на земјените работи често

знае да се претвори во многу досадна и макотрпна

работа. Копањето, разместувањето потоа

рамнењето на земјените маси знае да одземе

многу од драгоценото време предви дено за

градење. За таа цел големите производители

конструираат специјални машини, способни за

извршување на повеќе операции одеднаш.

Токму таков е моделот Caterpillar 627G кој е

способен да гребе, израмнува, товари и растовара

земјени маси. Спецификата на оваа машина

е фактот што таа практично е составена од

два независни дела кои меѓусебно се поврани

со челични и хидраулични врски. Исто така и

двата дела се опремени со два независни мотори,

од кои тој кај влекачот е задолжен за влечење

на целата конструкација додека втори от

монтиран кај стругалката служи за товарење и

истоварување на собраниот материјал.

Возачко опкружување

Нормален трокрак управувач, конфорно

седиште и комплетирана инструментна табла

поставена под одреден агол, весело ќе го

дочекаат операторот на своето работно место.

Седиштето кое е хидраулично амртизирано,

додатно може да се подеси во зависност од

физикусот на истиот тој оператор. Со сите

операции се командува со едноставна палка,

налик на “џој стик“ од конзолите за играње.

Примената на безбедносните стандарди, во

Caterpillar одамна е поставена како стандард,

а во поново време истото важи и за вградувањето

на клима уред. Сите веќе сватија дека

во зависност од пружениот конфор и пријатната

атмосфера, директно зависи и е фектот кој го

пружа операторот. На тој факт, во моделот

627G е посветено посебно внимание.

Механика

Машината е придвижувана од тандем мотори.

C15 единицата е монтирана во влека чот а

турбо дизелот со Acert технологија располага

со максимални 365 КС кои ги пос тигнува при

зголемени потреби за сила. Вториот мотор е

вграден во стругалката, а слу жи за само то варење

односно за придвижу вање на спира лата

која ја има токму таа функција. Работата на

двата мотора се надгледува од ситемот Electronic

Monitoring Sistem кој бдее над сите

параметри, посебно на квалитетот и количината

на воздухот како и на количината на вбризганото

гориво, овозмо жувајќи притоа максимална

ефикасност на моторите.

Одржување

На десната страна на влекачот вградени се

скали за качување на плтформата од која по

отварањето на капакот може да се пристапи

кон контрола на сите важни течности. Сместени

во провидни садови, нивото на течностите од

резервоарите можат многу едноставно да се

проверат. И без тоа електронските системи за

контрола навремено ќе сигнализираат потреба

од контрола или пак на вистинското време

за сервисирање и промена на потрошливите

компоненти. Во делот на контрола и одржување

Caterpillar е еден од најподготвените и најорганизирани

производители.

Година 3 • Квартал 2

13

Рударски машини

Подземен комбајн

Не може ниту да се замисли цивилизацијата без рударството - практично човекот

стана човек кога наместо од камен, своите алатки започна да ги прави од метал.

А да дојде до металот, нему му требаа алатки…

14 Година 3 • Квартал 2

Иновативноста како движечка сила на цивилизацијата

доведе до надмоќта на човекот над

природата, од која сепак го црпи сето она што

му е потребно. Индустриската револуција за

чиј почеток се зе ма пронаоѓањето на парната

ма шина, про ме ни многу нешта - од една страна

таа овозмо жуваше човечката сила да биде

заменета на многу места кај што се бараше

теш ка работа, а од друга страна потребата за

јаглен кој се ко ри стеше како гориво за парните

машини го за брза целиот процес на индустријализацијата,

поч нувајќи од рударството.

Кон крајот на 19-от век се јавуваат и првите

рударски машини - колку и да звучи неверојатно,

сé дотогаш копачот и лопатата биле единс твени

те алатки кои чове кот можел да ги кори сти

во битката со по д зе мните длабочи ни во потрага

по руда та. Едни од првите би ле машините

за челно копање (continuous miners), кои работат

на сли чен принцип ка ко што и комбајнот го

жнее житото на пред ни от дел имаат бара бан

со ножеви како еж, кој се врти и ја ме ле жилата

со руда пр ед себе, која потоа се ис тура на подвижна

лен та на задни от дел од машината.

Првите вакви машини се појавиле во Англија и

биле пневматски задвижувани. Интересен е и

фактот што се упо тре бувале под Ла Манш. Има ле

можност да „па ту ваат” под земја до 1,5 милји

(2,4 кило ме три), копајќи по 70 метри на ден.

Наредните генерации веќе биле задвижувани

од електромотор, имале хидраулични команди

и спреови со вода за отстранување на пра ши ната,

додека подвижната лента останала пневматска.

Денешните ру дар ски машини за непрекината

ра бота имаат капацитет да ископаат и до

38 тони руда во минута, колку што пред почетокот

на нивната примена ваделе десетина

рудари дневно. Целосно се компјутеризирани

и во многу нешта потсетуваат на роботи

далечи н ски се контролираат, имаат сензори

кои ја про ве руваат длабочи ната на жилата

пред себе и системи за самодијагноза. Барабанот

им е че ли чен, а забите се направени од

волфрам кар бид. Иако тешки и над стотина

тони, лесно ма не врираат - се движат со гумени

тркала или гасеници, а сензорите кои го

детектираат при с уството на човекот во нивна

близина го активираат систе мот за заштита кој

веднаш ја запира нејзината работа, со што се

спречуваат несаканите нез годи.

Денес 45% од светското производство на

јаглен се врши токму со овие машини. Водечки

производители на рударските машини за непрекината

работа се Joy Mining Machinery,

Bucyrus International, Siemens, Sandvik, Eickhoff

и Caterpillar.

Година 3 • Квартал 2

15

BOMAG BF600 C (HSE)

Асфалт со квалитетен

финиш

Финишерот на гасеници го придвижува дизелски мотор од 163 КС, може да

обработува површина со широчина од 250 до 755 cm, нуди одлично возачко

опкружување а изгледа елегантно како дама подготвена за бал

Фирмата “ПРОГРЕС 98” од Гостивар во својот

спрег на машини за асфалт, покрај веќе постоечките,

вклучи уште една BOMAG машина.

Искуството при асфалтирање на фирмата

“ПРОГРЕС 98”, досегашната позитивна соработка

и квалитет на производите кој го нуди

германската фирма BOMAG, (преку својот

застапник “ФИМАКО”), беа клучни за фирмата

да се одлучи да инвестира во нова машина. По

претходната еднонеделна обука во фабриката

на BOMAG во Германија, во средината на месец

Април 2012, во Гостиварското село Чегране,

беше пуштен во работа новиот финишер за

асфалт од програмата на BOMAG, типот: BF 600

C (HSE).

Финишерот на гасеници спаѓа во класата

од 600 т/час, со хидраулична продолжна даска

до 5 м. + механички продолжетоци до 6,5 м. (со

тампер и вибратор) Даската на овој финишер

се одликува со т.н. “брзи спојки” за брзо и

лесно монтирање и демон ти рање на продолже

тоците; брзо автоматско електрично загрева

ње, хидраулично прекршување

(за косини), како и одлична

набиеност на асфалтот до 93%,

препознатлива за BOMAG.

Покрај одличните перформанси

на даската, фини ше рот

се карактеризира и со многу

други предности, како што се:

ECOMODE системот за заштеда на горивото;

SideView систем за латерално поместување на

кабината лево и десно (60 см.); Хидраулично

индивидуално по де сување на: кри лата на

бункерот /транс портните траки/ полжавите;

централна лубри ка ција; како и авто матска ниве

лација со ултра сонични сен зори од двете

страни.

На крај, не помалку значајна, е престижната

награда за дизајн “reddot design award” за

финишерот, BOMAG BF 600 C.

Година 3 • Квартал 2

17

Репортажа: Површински коп “Lira” - Прдејци

КВАЛИТЕТЕН камен УШТЕ

од површината

Фирмата “Ин Викта“ има концесија над 100ha за површински ископ на камен

кој со сепарација може да се издвои и да биде употребен за разни индустриски

намени.

18 Година 3 • Квартал 2

Во непосредна близина на

ав то патот кој води од Демир

Капија кон Гевгелија и понатаму

кон Грција, се наоѓа површински

коп, кој е наречен “Лира“. Она

што на прв поглед го издвојува

од останатите копови е впечатокот

на ислучителната пристапност

до копот. Покрај автопатот

Е75 со кој граничи, во непос редна

близина на копот е и же лезничката

пруга од коридо рот 10.

Лубезните домаќини посочи ја

дека уште позначајни од мес тоположбата

на копот се извон редните

карактеристики на еруптив

ниот камен дијабаз кој тука се

експлоатира. Вработе ните, а ги

има 15 на број, се целосно пос ветени

кон исполнување на преземените

обврски.

Всушност, иако “Лира“ е релативно нов коп,

под полна пареа се произведуваат веке сертифицирани

производи за асфалт, потоа за разни

индустриски намени, во градежништвото, за

железничките пруги,... .

Во блиска иднина раководството на копот

пла нира купување на 30 – тина транспортни камио

ни со што вкупниот процес на вадење, сепа

рација и транспорт до корисникот, ќе биде

заокружен. Планираната изградба на делни цата

на автопатот од Демир Капија до Смоквица,

ги поттикна одговорните да размислуваат во

на сока за сопствено производство на асфалт.

За таа цел веќе се набавени цистерни во кои ќе

бидат сместени полимерите, како и на “миксери“

за мешање на состојките.

Моментно во копот е ангажирана бројна

ме ха низација: бушилки, дампери, примарни и

секундарни дробилки, сепаратори, багери,...

За примарното дробење во копот Лира е

задолжена мобилната дробилка на гусеници

Metso LT105, поточно челустната дробилка

C105 која се вградува во овој Lokotrack. Примар

ното дробење на самата етажа каде што е

изминиран материјалот значително вли јае на

на ма лувањето на трошоците и поеднос таву вањето

на транспортот на материјалот.

Производството на финалните фракции за

асфалт, бетони, железница и т.н. се прави со

NW200GP – конусна дробилка GP200 и четири

етажно сито CVB1845 поставени на заедничка

шасија со тркала.

Година 3 • Квартал 2

19

индус трија га ра н тираат најниски оперативни

трошоци дури и при дробење на најабразивните

руди.

Со цел да се одговори на барањата на градеж

ната индустрија за брза инсталација, голема

подвижност и флексибилност при производ

ството на агрегати од најразлични фракции,

дро бил ките GP се достапни и во мо бил ни варијанти

на гусеници (гама LT-Lokotrack) или на

шасија со тркала (NW -NordWheeler) во ком бинација

со различни модели на сита од производната

гама на Metso.

NW200GP е многу повеќе од дробилка и сито

на заедничка ша сија, тоа е комплетирана

пос тројка за производство на 4 кали брирани

фракции. Електро каби не тот кој е составен

дел од NW ги содржи сите потребни компо ненети

за напојување, управување и контрола на

сите компоненти од преоцесот вклучително на

транспортерите, дозаторите...

Metso GP конусните дробилки се дизај нира

ни да излезат во пресрет на барањата за

ефи касен, доверлив и економски исплатлив

про цес на дробење. Инкорпорирајки ги најновите

достигнувања и технологија, GP дробилките

ги комбинираат ефикасноста во дробењето

и квалитетниот производот со најниски

про изводни трошоци по тон предробен материјал.

Традицијата од повеке од 100 години на

посветеност во дизајнирање и континуиран

развој на конусни дробилки во Metso, резултира

со дробилки адекватни на апликации кои поставуваат

барања за се поголеми капацитети во

рударството и се построгите стандарди за обликот

на производите во градежништовото.

Робустниот дизајн на GP дробиликите

овозмо жува ангажирање на големи моќности

при дро бењето кои се рефлектираат во голема

продук тивност. Бројот на потрошни делови е

сведен на минимум и соодветно избраните

материјали од компанијата лидер во оваа

Интелигентна Контрола

Од гледна точка на операторот системот

IC50 е од огромна корист. Визуелниот интерфејс

кој го нуди, напредната дијагностика и

едноставноста на управувањето со процесот

(single button process), извлекуваат максимум

перформанси од опремата во сите услови на

работа.

Едногласноста на сите вработени на копот

“Лира“ дека досега единствено со опремата од

Metso немале ниеден проблем, е доволен

доказ за нивото на подршка што ја дава Metso

Mining And Construction (Central East Europe) за својата

опрема преку претставништвото за продажба

и сервис во Македонија.

Metso Mining And Construction Technology

ul. Njudelhiska 2-1/6, 1000 Skopje

tel: +389 2 3063 667 / fax +3892 3061 989

mob: +389 78 321 103

e-mail: vasko.salamovski@metso.com

20 Година 3 • Квартал 2

Liebherr R 9100

Кога и најмалото е големо

Швајцарската компанија Liebherr, која со текот на годините

од семеен бизнис прерасна во глобална група од повеќе од

120 компании со 33 илјади вработени и годишен обрт од 7,6

милијарди евра, стана толку голема заради големата понуда.

Компанијата за која повеќе од нас мислат

дека е германска, бидејќи таму има 13 фабрики,

за разлика од матичната земја каде располага

само со една, иако својата историја долга само

63 години ја базира на производството на мобилни

дигалки, денес ги произведува практично

сите тешки машини за градежништвото, но и

делови за авионската индустрија, рударството,

па дури и фрижидери, а поседува и шест топ

хотели во Австрија, Германија и Ирска.

Бидејќи до ваквиот успех не се стигнува

случајно, не е случајно ни тоа што Liebherr е

про изводител на некои од најголемите рударски

машини во светот, како што се 600-тонскиот

дампер T 282 C или 800-тонскиот багер R 9800.

Но, Liebherr, како технолошки трендсетер, знае

да направи и мали нешта, иако кога рударството

е во прашање, и најмалото всушност е големо.

Таков е и багерот R 9100, најмалиот во рудар

ската понуда на Liebherr, која ја сочину ваат

вкупно 8 модели со работна тежина од 110 до

810 тони, мотори со силина меѓу 757 и 4.000

коњски сили и корпи со зафатнина меѓу 2,9 и

42 кубни метри. Јасно, најмалите наведени

вред ности се всушност карактеристиките на R

9100, кој може да биде опремен со корпа за

ко пање или корпа за товарање, во првиот случај

со зафатнина меѓу 2,9 и 7,7, а во вториот

меѓу 5,6 и 8,7 кубни метри. Кабината може да

му биде поставена во ниво или издигната над

конструкцијата висока 4 и широка 5 метри без

плат формата за качување, додека вкупната

дол жина на машината изнесува од 13,7 до 16, а

височината од 5,3 до 7,5 метри, во зависност

од типот и должината на раката и приклучокот.

Хидрауликата за раката има 3 електронски

контролирани аксијални пумпи од 350 бари со

проток од 435 литри во минута секоја, а за

вртење на машината се користи засебна пумпа

од 380 бари со проток на масло од 420 l/min.

Целиот хидрауличен систем содржи 1.250 литри

масло. Издржливиот 24-литарски V12 common

rail турбо дизел се напојува од резер воар

со 1.585 литри и преку двостепен планетарен

редуктор и гасеници може да го задвижува до

брзина од 3,5 km/h. Кабината е звучно изолирана,

климатизирана и со затем нети и армирани

стакла, а целата машина се контро лира преку

колорен LCD екран и камери на десниот и

задниот дел.

Можностите за опремување со додатоци ќе

ги задоволат специфичните барања на клиентите,

а треба да се напомене и дека сите до датоци

се конструирани и се произведуваат исклу

чиво во сопствените погони. Како и сите

машини на Liebherr, и R 9100 се карактеризира

со висока ефикасност, лесно сервисирање и

ергономично и комфорно опкружување на

опе ра торот, што придонесува за ниски трошоци

на работа.

Година 3 • Квартал 2

23

Комбинирана машина ровокопач -натоварувач –

JCB 4CX

Комбинација за штедење

Новата генерација на најпродаваната машина на светот, комбинирана градежна

машина ровокопач – натоварувач, сега на коросниците им нуди просечна заштеда

на гориво од 16% при дневни услови на експлоатација, што е постигнато со

примена на иновативни EcoDig, EcoLoad и EcoRoad состави со три хидраулични

пумпи.

24 Година 3 • Квартал 2

Со комбинираната

ро вокопач-натова рувач

машина, фирма та

JCB повторно се оддале

чува од конкурен цијата,

со претставувањето

на нова генерација

на машини кои на корисни

ците им нуди докажана

сестраност,

зголемена продуктивност,

еконо ми ч ност

при експлоа тацијата и

удобност при работа.

Искуство то на компанијата

JCB во

произ водство на комбинирани

машини,

датира од 1953 година,

кога е произведена

првата машина од овој

тип. Во текот на после

д ниве шест децении, компанијата секогаш ги

померувала гра ни ците во развојот на рово копач-натоварувачите,

и денеска произведува два

од секои пет продадени машини од овој вид во

светот.

На корисниците веднаш ќе им се допадне

новиот дизајн на машината, кој ја нагласува

ро бусноста и снагата, а сето тоа благодарејќи

на редизајнот на против тегот како и на новата

решетка на маската на моторот која остава

уште поголем впечаток на агресивност. Острите

линии на профилот на машината, допринесуваат

кон робусност на изгледот, додека косиот

капак на моторот обезбедува поголема

видливост пред машината.

Возачко опкружување

Дизајнот на моделот 4CX ги обединува по

острите линии во пределот на против тегот,

решетката на маската и капакот на моторот.

Изгледот на кабината е сличен како кај JCB

Fastrac, со подобрени канали за одвод на

водатата од кровот на кабината. Машината,

исто така, има независно подесливи работни

светла на предната и на задната страна на

кровот, со што се постигнува подобра видливост

на целото работно подрачје дури и во

услови на многу лоша видливост.

Кабината е освежена и во ентериерот, со

преминување на црна пластика во долниот дел,

вклучувајќи го и седиштето изработено од нови

материјали, се со цел, зголемување на удобноста

и намалување на абењето. Горниот дел на

кабината и стубовите, се обложени со светло

сива боја, што кабината ја прават по светла и

по пространа.

Година 3 • Квартал 2

25

Механика

Инженерите на компанијата JCB барале

ино вации во секој детаљ од кабината, и про нашле

нови материјали за обложување на редизај

нираниот управувач, кои сега нудат подобро

лежење во рака. На машината се обновени и

прекинувачите а командната табла е опремена

со воочливо заднинско осветлување. Висококва

литетните прекинувачи имаат ласерски гравирани

симболи кои овозможуваат јасна видливост

дури и ноќе.

Иновативноста во производство на градежните

машини, JCB ја постигнува со вградување

на автоматско греење на ветробранското стакло

кај сите 3CX и 4CX машини. Греењето на

стаклото ќе овозможи брзо топење на мразот

како и одмаглување при употреба во зимски

услови, што на операторот наутро му овозможу

ва веднаш започнување со работа.

Со новата серија, JCB исто така, се поврзува

и со своето минато. Кај сите модели, ќе може

да се порача и уред за подготвување на топли

напитоци кои потоа ќе можат да се сместат на

предвидените места за тоа. Уредот работи на

12V а се напојува директно од електричната

мрежа на машината.

Машината доаѓа со цела низа нови функции

во кои се вклучени:

- подобрена кабина за зголемен конфорт на

операторот

- нови, посилни сопирачки со про порционално

дејство и по до брување во поглед на потро шувачката

на гориво

- двосмерно хидраулично коло на копачката

страна, која овоз мо жува примена на широк

спек тар на работни алатки

- девет метри фабрички вграде но хидраулично

црево, за приме на на хидрауличните алатки на

кои им е потребна хидраулична инсталација

со мал проток, како на пр. хидрауличен чекан

од 25 кг, потопна пумпа,...

- греење на предното стакло, по прв пат употребено

кај градежните машини

- уред за подготвување топли напитоци во

каби ната

Најголемите промени на новата машина се

извршени во конструкцијата на хидрауликата.

Новите EcoDig, EcoLoad и EcoRoad хидраулични

системи сега користат три хидраулични

пумпи со што овозможуваат иста хидраулична

снага при помал број на вртежи на моторот,

факт со кој се овозможува просечна заштеда

на гориво од 16%. Операторот може да одбере

помеѓу два начина на работа (Eco и Low) со

што се оптимизира продуктивноста и зголемува

контролата над машината. Новиот хидрауличен

систем и намалениот број на вртежи на моторот,

исто така придонесуваат кон намалување

на издувните гасови и намалување на бучавата.

Новиот JCB 4CX доаѓа со постојните EcoRoad

опции: Smooth Ride System и TorqueLock.

TorqueLock ја намалува потрошувачката на гориво

до 25% додека ја зголемува брзината и до

15%, а Smooth Ride System го максимализира

задржувањето на товарот во корпата за време

на манипулирањето а се со цел зголемување

на удобноста на операторот.

26 Година 3 • Квартал 2

Одржување

JCB исто така ја редизајнира и положбата

на педалите во кабината, користејќи ги најновите

достигнувања во ергономијата, па сега

нив ната положба потсетува на таа кај автомобилите.

Користејќи го новиот хидрауличен систем,

веќе не се потребни одвоени резервоари

за сопирачките а со тоа се поедноставува сервисирањето

и се намалува потребата за дневни

проверки кои операторот мора да ги изврши.

Новата генерација на комбинирани ровокопач-натоварувач

машини доаѓа како резултат

на значајни инвестиции на JCB во развојот и

иновациите, при што најважна улога имаат

продуктивноста како и економичната експлоатација.

Било да се користи за натоварување,

изградба на патишта или копање, најновата гене

рација постигнува многу поголема ефикасност

при намалена потрошувачка на гориво.

TERRA Makedonija D.O.O.E.L.

Bulevar Makedonsko Kosovska Brigada b.b.

MK-1000 Skopje-Butel

Tel: +389 22 600 550

Fax: +389 22 600 555

E-mail: office@terra-mekadonija.com

Година 3 • Квартал 2

27

Мини асфалтен финишер (павер) Pavijet MG7

КРЕАТОР ЗА ФИНИ РАБОТИ

Овој мошне технолошки подготвен модел кој може да се приклучи на било кој

натоварувач со моќ над 20 КЅ е извонреден за поплочување на велосипедски

патеки, тротоари, паркинзи, улици, ровови за поставување кабли и цевки...

Uvoznik: MACO d.o.o. - Skopje

ul: Londonska 19 lok 23

tel: +389 2 3078 875

28 Година 3 • Квартал 2

Новиот компактен мини павер Pavijet MG7 е

најновата еволуција во областа на асфалтните

финишери. Мини павер Pavijet, кој доби потврда

за врвен патент, е во состојба да пополни

одредени области, подготвени терени, со

чакал, песок, камења, асфалт (топло / ладно),

па дури и бетон. Во конкретна смисла се мисли

на поплочување на велосипедски патеки,

тротоари, паркинзи, мали дупки на улици,

ровови за поставување кабли и цевки. Она што

е особено интересно е што со MG7 може да се

заобиколи било каква пречка, како што се

сообраќајни знаци, дрва, посебни патни обележја

и слично, благодарение на телескопски

поставената клупата. Она што секако го вбројува

во мошне функционалните оперативни машини

секако е можноста MG7 на пример прво

да ја пополни дупката со чакал или песок, а

потоа да заврши со асфалт.

Овој мал асфалтен финишер може да се кори

сти со било кој натоварувач или друг но сач,

со моќ од најмалку 20 КЅ (15 KW). Во прин цип

има многу можности поради својата универзалност

за монтирање, но ние го пре порачуваме

на некои од моделите на Bobcat. Во пот ребните

параметри секако треба да се на по менат

и протокот на масло (40/60 l / min) при ти сок

(180 bara) и стандардна ширина на

натоварувачот. Протокот на масло може и да

го регулираме, но доколку притисокот и ширината

на натоварувачот се поголеми би тре бало

да се направат потребните измени. Кога сме

кај параметрите вреди да се напоме не дека

работната ширина на MG7 е од 0,2 m до 1,9 m,

дебелината до 25 cm, работната насока-само

напред, работната страна-на де сно, да ле чинско

управување, хидрау ли чки от регу латор на

дебелината на слојот е во стан дард, како и

тркалата.

Посебно е интересно дека контролата на

ма шина е механички или со далечинскиот

упра вувач од мали димензии. Снабдување со

електрична енергија на материјалот е од

внатре во посебен „бункер“, а напојувањето

може да биде и директно од натоварувачот.

Поради ова Pavijet MG7 има многу предности

во однос на класичните асфалтни финишери.

Пред се тоа се ефективни вредности,

подобри од било кој друг мини павер, поради

тоа што има мотор. Евидентно е дека MG 7

има најдобрите широчина и дебелината на

поплочувачот, а работите ги завршува во најкраток

рок, поради извонредната брзина. Не

треба да се заборави и ефектот што ги надминува

без проблем пречките на патот , а и

поставувањето на секаков вид на материјал.

Оперативноста се зголемува благодарејќи на

лесната монтажа, пристапот до местата за

пополнување, нема потреба од одржување и е

со компактни димензии.

Година 3 • Квартал 2

29

Gourdon - приколки

Што има за товарење

Опремени со ултра модерни средства за производство, но и со сопствен развоен

центар, французите се посветени на континуиран развој и усовршување на

перформансите на своите производи

Кога една фирма сите сопствени капацитети

ги посветува на производство на приколки,

и тоа со успех го прави повеќе од 40 години,

тогаш е сосема јасно дека се работи за специјализирани

продукти наменети за задо волување

на потребите на разновидни профе сио

нални работни задачи. Токму земајќи ги

пред вид посебните потреби на корисниците,

Gourdon своите производи ги класификува по

неколку поголеми групи:

- приколки наменети за земјоделски работи

- приколки за употреба во обработка на зелени

те површини

- приколи за фарми

- приколки за уредување на природната околина

- приколки за потребите на јавните прет при јатија

И сосема очекувано, без разлика за која

спе цијализирна приколка се работи, некои

прин ципи при производството мора да бидат

запазени. Пред се тука се мисли на употре бените

материјали како и на запазување на вкупниот

квалитет на изработката.

Без разлика дали на задниот дел се вградени

една или пак две оски, носечката рамка е

изработена од решеткаста структура од високо

отпорен челик. Во зависност од намените, приколките

можат да бидат само за превоз на мате

ријалите или пак да им биде вграден хидра у-

личен систем само за подигнување на

то вар ниот дел, задно или пак странично истоварување.

Квалитетот на вградените хидраулични

компоненти е добро познат, доволно е

да се каже дека потекнуваат од француската

школа на конструирање, и се да биде со тоа

кажано.

Кај сите приколки предвидено е вградување

како на работни така и на паркирни сопирачки.

Исто така, во зависност од намената, приколките

можат да имаат повисоки страници на

товарниот дел како и посебни прекривки за

прекривање на товарот.

30 Година 3 • Квартал 2

Кај приколките наменети за превоз на зеленило,

во принцип, поради малата тежина на товарот,

се вградува единечна задна оска. Прево

зот на балираното зеленило се оставрува

преку нископодни платформи со вградена решеткаста

ограда. За потребите на полевање

предвидена е приколка со надграден резервоар

за вода и пумпа за прскање.

Од широката палета на приколки за заштита

на околината можеме да ги издвоиме цистерните

за вода со капацитет помеѓу 18 и 22 кубици

како и посебните цистерни со всисни пумпи,

наменети за превоз на отпадните води.

Комуналните градски петпријатија, исто така

за своте посебни потреби ќе можат да се

обратат на адресата на Gourdon. Без разлика

дали се работи за превоз на работни машини,

цистерни или пак за превоз на специјален

товар, французите подготвено ќе ги пречекаат

нивните побарувања.

Uvoznik: MACO d.o.o. - Skopje

ul: Londonska 19 lok 23 • tel: +389 2 3078 875

INDUSTRIAL POWER TOOLS

Würth (Вурт)

Добар алат, занат вреди

Големиот меѓународен концерн Würth, присутен во 86 земји, со повеке од 360

компании, ги снабдува професионалците во областа на монтажата со повеќе од

100.000 артикли. Соработката со Würth е гаранција за квалитет и ефикасност за

секој професионалец.

Работилничка опрема

Вурт нуди голем избор на работилничка

опре ма за комплетно опремување на еден

авто мобилски сервис.

Опрема за АВТО и КАРГО сервиси

Произвидите од програмата на Вурт се

изработени според DIN, ISO, UNI, NF, ASTM,

ASME, IFI стандардите пропишани за различни

подрачја на примена како што е и работил ничката

опрема, потребно за авто и ками онските

сервиси. Благодарејќи на своите стручни лица

Вурт има водечка позиција на пазарот на

монтажна опрема и техника, во светот.

Вурт во Македонија е присутен од 1995 година.

Тимот на млади луѓе кои се школувани во

централата во Германија, секогаш знаел да

донесе новини и решенија за секојдневните

про блеми во секое место на нашата земја.

Постојаното усовршување и дневниот контакт

со бројни корисници на нивната програма,

на луѓето од струката им обезбедува да имаат

компетентни соговорници кои ги познаваат

про цесите и техниката. На тој начин на купувачите

им се обезбедува постојано пратење на

најновите достигнувања од областа на монтажната

техника каде и да се наоѓаат.

Во сегментот на работилничка (гаражна опре

ма) Вурт има одлични решенија за автомобилски

работилници и дилери на автомобили

– ова е успех на WOW! Würth Оnline World

GmbH (WOW!) која беше основана во 2000

година.

Нејзините дијагностички системи, се само

не кои од примерите кои ја илустрираат компетентноста

и “know-how“ кој Вурт може да гo

обезбеди за автомобилските работилници, дилери

на автомобили и сервисни центри, со

висок квалитет.

Покрај широкиот спектар на дијагностички

и тест системи, WOW! исто така нуди рабо тилничка

опрема за автомобилски сер виси, сервиси

за мотоцикли, велосипеди и комерци јални

возила како што се дигалки со различна но сивост,

уреди за одржување на климатизација во

возилата, уреди за вулканизерски работилници,

тестирање на емисија на издувни гасови и

др. Покрај тоа, компанијата обезбедува услуги

и концепти за прашањата како што е планирање

на работилница, до целосно опремување со

опрема како и сите неопходни пневматски

алати од програмата мастер, и рачни алати од

програмата ЗЕБРА. И, конечно, на автомобилскиот

сектор достапни му се придобивките

од неговата иновативна платформа за учење

WOW! Аrgo.

Денес овие системски решенија на WOW!

се достапни во повеќе од 30 земји.

И, што е уште поважно, Würth во Македонија

ги интегрира сите сопствени знаења и можности.

Тие вклучуваат хемиско-технички произво

ди, алати, штрафовска роба, системи за скла

дирање, како и системски решенија за

па р ци јал ни услуги, козметички поправки итн.

Година 3 • Квартал 2

33

Концептот на лојалноста на клиентите

За успех во услугата (сервисот) треба јасен

план. Adolf Würth GmbH & Co KG, како поддршка

на своите клиенти со софистициран пристап

кон услугата тоа и го овозможува.

Концептот помага во само 7 чекори во поголемите

работилници капацитетот макси мално

да се искористи за повисоки приходи по

сервисирано возило.

Оваа постапка детално го опишува процесот

на сервисирањето, од закажувањето на

терми нот за сервисирање, неговиот прием со

ком плетно обавени процеси на детектирање

на де фектите, “движењето” на возилата во

сервисот, нивно локализирање и поправка, па

се до заминувањето од истиот, а се со цел

работата на сервисот да биде целосно оптимизирана,

а воедно и сопственикот на возилото

да биде задоволен од добиената услуга и да

биде сигурен во исправноста на возилото по

превземањето од сервисот. Овој концепт е сертифициран

од познатата германска ком па нија

DEKRA, со што тој станува модел на добро

организирани сервисни работилници насекаде

во светот.

Покрај досега напоменатото, интересно е

да се потенцира и WOW! Coolius сегментот кој

како и останатите делови може самостојно да

функционира и притоа да обезбеди комплетна

услуга во делот на сервисирање на клима уредите

без разлика дали станува збор за автомобил,

камион или автобус.

ВУРТ МАКЕДОНИЈА дооел

ул. Првомајска бб, 1000 Скопје

тел: 02/ 272 80 80

www.wurth.com.mk

34 Година 3 • Квартал 2

Hug Filtersystems

шампион за намалување

на емисиите

Hug Filtersystems и припаѓа на Швајцарската Групација која е една од светските лидери во

производство на филтри за честички кај дизел агрегатите. Filtersystems AG е филијала на Hug

Ingenering AG, која има над 25 години искуство во know-how издувните системи. Поради нивната

употреба, мобилните апликации како камиони, тешки машини и опрема, како и мали бродови

бараат добро развиени филтер-системи кои можат да гарантираат непречено функционирање.

Ова е причината зошто швајцарската компанија се одлучи за специјализирана дистрибуција на

своите филтер системи, кои се погодни за мотори до 650 kW.

Сите производи се развиени и произведени во Швајцарија. Ова ја олеснува работата и нуди

брзо и ефективено прилагодување за индивидуалните потреби на клиентите. Филтер системите

се нудат со активна или пасивна регенерација.

Година 3 • Квартал 2

35

ИНТЕР АЛ-ПИН

Совршен гланц

Домашните архитекти од сега ке можат да бидат многу по храбри при дизајнирањето

на новите градежни зданија. Стаклените површини за деко рирањето

на фасадите сега можат да се изработуваат и кај нас. Интер Ал Пин на почетокот

на 2012 година започна да работи со ултра модерна технологија за обработка

на стакло која нуди можнот да обработи табли стакло со димензии дури до 6 м

на 3м и да произведе термопан и триплекс стакло со димензии до 5,8 м на 2,5 м.

Нов погон за производство на алуминиумски

фасади и конструкции ,нов погон за обработка

на стакло, нов магацински простор, но... стар

пријател. Интер Ал- Пин на домашниот пазар е

присутеан веќе 16та година. За време на своето

16 годишно постоење Интер Ал Пин прерасна

во фирма која успешно функционира на градежниот

пазар во Македонија и на балканот.

Докжаниот квалитет и задоволните клиенти

значително го зголемија обемот и динамиката

на работа и ја наметнаа потребата од сериозно

проширување на производствениот процес.

Низ годините ја докажувавме нашата професионалност

и квалитет во областа на работата

со алуминиумски конструкции. Ги задово лувавме

и најстрогите критериуми на инвеститорите

и проектантите и активно учествувавме во визијата

за урбано и комфорно живеење.

Многу алуминиумски конструкции, бројни

структурални и полуструктурални фасади, извед

ба на вентилирани фасади како и вгра дување

на композитни панели...сето тоа се само

дел од активностите кои им се добро поз на ти

на професионалците ширум републикава па и

надвор од неа.

Со самиoт развој на алуминиумските конструкции

се јави потреба од комплетирање на

производствениот процес со стакло, бидејќи

развојот на стаклото, посебно на енергетското,

има значителен процент во подобрување на

техничките карактеристики и барањата што

тре ба да се задоволат, како естетските и акустичните.

Затоа донесовме одлука дека мора

сами да го изработуваме пакетот за да бидеме

Година 3 • Квартал 2

37

сигурни во производот што го нудиме на пазарот.

Го отворивме погонот за преработка на

сите видови стакло, посебно на високое нергет

ски стакла.

Но нели споменавме ставање во функција

на нова линија за производсство. Од сега во

Интер Ал Пин стаклото добива посебен третман.

А воедно отвара и нови можности. Носител

на системот на обработка е целосно автоматизирана

машина за сечење која може да ги

обработи сите најнови генерации на стакло и

која слободно можеме да ја наречеме „плотер“

на производството. Истата е способна за обработка

на монолитно стакло со дебелина до 19мм

и ламинирано стакло со дебелина до 18мм.

Ваков тип на машина најблизу до нас посе-

38 Година 3 • Квартал 2

дуваат фирми во Атина и Белград, па од таа

причина до сега бевме приморани квалитетно

обработено стакло само да увезуваме од

стран ство.

Со гордост Ве известуваме дека од сега па

натаму за секаков вид на квалитетно обработено

стакло може да се обратите објектот на

Интер Ал-Пин на „Качанички пат бб“.

Освен линијата за сечење на сите видови

монолитно и ламинирано стакло поседуваме и

линија за обработка на сите видови термопан

и триплекс стаклo. Процесот е максимално

автоматизиран и софистициран така што

капацитетот на линијата дозволува на секои 20

секунди да се излегува по еден готов термопан

За целиот процес на обработка на стакло да

биде заокружен во нашите нови производствени

хали постои соодветна технологија и за

скла дирање на готовите термопани и за подготовка

за транспорт.

Во посебна производствена хала е сместена

компетна линија на машини за обработка на

металните делови на конструкциите. Посеб но

вниманите се посветува на споевите меѓу

металните и стаклените површини. Ништо не е

препуштено на случајот, секој упоребен елемент

мора да ги задоволува строгите критериуми

за квалитет. А кога нарачката ке биде

изработена на ред доаѓаат специјализираните

екипи за мотажа. Резултатот е веќе многу добро

познат. Извонредни фасади со беспрекорен

финиш и современ изглед.

Качанички пат бб. 1000 Скопје

тел: +389 (0) 2 3033 001; 2033 009,

факс: +389 (0) 2 2033 002

website: www.interalpin.com.mk

Година 3 • Квартал 2

39

Металпрес ПН

Квалитетот не е случајност

Како етаблирана успешна компанија за чии вработени конкуренцијата е

предизвик, основата на бизнисот на Металпрес ПН е креирање совршенство за

своите клиенти.

40 Година 3 • Квартал 2

Металпрес ПН е компанија која се занимава

со производство, трговија и услужни дејности

од областа на металната индустрија. Под слога

нот „Квалитетот не е случајност, квалитетот

секогаш е резултат на интелигентни напори”,

Металпрес ПН веќе 20 години професионално

и ефикасно работи по светски стандарди и од

формирањето до денес бележи голем број

успеси во своето работење и се вбројува во

конкурентите за лидер на полето на металната

индустрија кај нас. Нуди практично сé што е

потребно од металната индустрија, а со своите

услуги и проекти гарантира квалитетен, траен

и естетски ненадминлив производ. Одлуката

на клиентите секогаш е на прво место, но доколку

постојат недоумици, нема место за грижа

- вработените, професионалци во својот делокруг

на работа, ќе изготват предлог идеја

специјално за сечии потреби и во сите фази на

изработката, од консултациите па сé до реализација

на задачата, ќе бидат верен партнер на

своите клиенти. Подготвени секогаш да ја

оправдаат довербата што клиентите ја имаат,

нивната креативност и перфекционизам ги

доведе до врвот, а амбициозноста, пак, е она

што ги прави сé подобри и поуспешни.

Металпрес

ул. Источна индустриска зона бб. - Маџари

1000 Скопје

Тел./Факс: +389 2 2551 604

Моб: +389 70 380 969

www.metalpres-pn.com

Година 3 • Квартал 2 41

BMC транспортери

Сервис и во Скопје

Увозник: Erka BMC 2007-доо. Охрид

42 Година 3 • Квартал 2

Современиот настап на пазарот на моторни

возила, бара комплетна услуга. Тоа едноставно

го бараат но и со право го очекуваат клиентите.

Тргнувајќи од овие премиси Ерка домашниот

увоз ник на возилата од турскиот производи тел

BMC покрај сервисот во Охрид, за своите клиен

ти обезбеди квалитетен сервис и во Скопје.

Сместен на стратешки крстопат, во непосредна

близина на рафинеријата Окта, серви сот

е це лосно подготвен за пружање на комплетно

одр жу вање на возилата од

својот прода жен про грам. Сервисот е

опремен и со неоп ходните резерви

делови а што е уште поважно и со

ква лификувани ра ботници подгот вени

да одго во рат и најсложе ните зада

чи. Би рекле нор ма лен тек на развојот

на една фир ма, која доаѓа како

одговор на зго лемениот интерес на

купувачите за целокупниот транспортен

програм на BMC возилата. Но во

исто време, отварањето на сер висот

во близина на своите клиенти, претста

вува и добар пример на стекнување

на до вер ба кај сегашните како и кај

потенцијалните клиенти. На тој начин,

покрај веќе докажаниот квалитет на произ водите,

сериозниот настап на домашниот увозник

добива нова потврда пре ку водење постојана

грижа за возилата кои во секое време треба да

бидат во одлична ра ботна кондиција.

Година 3 • Квартал 2

43

MAN TGX

Ем најмоќен,

ем најштедлив

Со својата најтешка серија TGX, германскиот конгломерат MAN постави нови

стандарди во долголинискиот транспорт

44 Година 3 • Квартал 2

Наменет главно за национален и меѓународен

транспорт на големи товари на големи

растојанија, MAN TGX е конструиран со внимание

посветено на повеќе важни каракте ристики

за поголема ефикасност во ваквиот вид

транспорт. Оптималното планирање на рутата

е овозможено со MAN TeleMatics системот,

трите кабини XL, XLX и XXL нудат многу простор

за престој на возачите, а сигурносните системи

за помош безгрижни патувања. Дел од нив се

системите за предупредување при напуштање

на лентата на возење (LGS, Lane Guard System)

и автоматскиот темпомат за одржување на

оддалеченост (ACC, Adaptive Cruise Control),

кои заедно со електронската програма за

стабилност (ESP), анти-блок сопирачките (ABS),

системот за контрола на притисокот на воздух

во пневматиците (TPM, Tyre Pressure Monitoring),

уредот за помош при кочење и активната

стабилизација при нишање (CDC), дополнително

се грижат за безбедноста во сообраќајот на

големи растојанија.

За овој камион, чиј заштитен знак е блес кавата

црна ма с ка,

MAN ги опти ми зираше

common-rail

погонските гру пи со

компоненти со низок

отпор на трие ње,

а инте ли гент ната

TipMatic тра н с ми сија,

која се коман дува

преку врт ливо копче,

овоз можува опти мизи

рано ав то мат ско

(или, доколку има

потреба, и ману елно)

мену вање на 12-

те степени на пре-

Година 3 • Квартал 2

45

3.000 Nm, кој ексклузивно се

вградува во TGX. EEV серти фикатот

на база на SCR технологијата,

со кој сега се испорачува и

најмоќниот камион во Европа, TGX

V8, му овозможува слободно возење

низ зоните каде важи заштитата

на околи на со овие стандарди.

За теренски задачи, пак,

кога се бара зголемена сила на

влечење на предната оска, верзиите

за гра дежниците мо же да

биде опремени и со HydroDrive

по гон, а за тежок транспорт на

располагање стојат и спе цијалните

верзии со четири оски.

MAN ја произведува TGX серијата

заедно со помалиот TGS во

своите фабрики во Минхен и Залцгитер,

а V8 моторот во Нирнберг.

нос. За линиски транспорт на располагање во

тежин ски те класи од 18, 24, 26, 28 тони, во

конфи гурации 4х2, 6х2-2, 6х2/2 и 6х2/4, со

воздушно или комбинирано воздушно-челично

ослонува ње и Euro 5 мотори со 360, 400, 440,

480 и 540 KS, додека бисер во понудата на MAN

е моќниот 16 литарски V8 мотор со 680 KS и

Повеќе информации можете да

добиете кај ексклузив ниот увозник за нашиот

пазар, МАН Импортер Македонија, која е

лоцирана во населбата Илинден.

46 Година 3 • Квартал 2

Mercedes Antos

Mercedes го збогатува

семејството камиони

Со објавувањето на името и неколку скици, Mercedes го најави новиот камион

Antos наменет за регионална дистрибуција

Со овој модел, Mercedes поттикнува созда вање на нова класа камиони специјализирани за

превоз на тешки товари на кратки релации, заради што и се одликува со подобрена управливост,

поголема ефикасност и видливост на сите страни. Стилски инспириран од новиот Actros,

новиот модел на камионското одде ле ние на Mercedes има кабина широка 2,3 метри, која

може да биде во две верзии - кратка и среднодолга. Ќе се испорачува во вкупно 67 варијанти,

како влекач и шасија, со меѓуоскини растојанија од 2.650 до 6.700 mm, a за погон ќе бидат

задолжени дури 13 Euro VI погонски групи, со максимална силина меѓу 238 и 510 KS. Автоматската

трансмисија се подразбира, а за безбедноста ќе се грижат многу системи, вклучувајќи го и Active

Brake Assist.

Премиерата на Mercedes Antos е закажана за есенскиот салон на комерцијални возила во

Хановер.

Година 3 • Квартал 2

47

OKT TRAILER

Простор за вашиот товар

Турската комапнија, формирана 1981 година, првично започнала со производство

на шасии за приколки со и без самоистоварување, за да денес прерасне во

универзален производител на транспортни надоградби чии производи го

освојуваат европскиот пазар.

48 Година 3 • Квартал 2

Превозот на нафтените деривати и течниот

гас, превозот на опасните хемикалии, потоа

пре возот на течните прехрамбени продукти,

зна еме дека подлежи на посебен режим и поба

рува исполнување на посебни стандарди.

Во случај кога еден производител ги поседува

сите потребни домашни и европски сертификати

тогаш бездруго се работи за темелен

пристап во осмислувањето и конципирањето

на производниот програм. Турската комапнија

OKT Trailer е една токму таква компанија која

стекантото 31 годишно искуство го користи во

функција на одржување на постигнатото високо

ниво. Всушност уште од првиот производ,

исфрлен на пазарот 1981 година семејната

фир ма од Ајдин, во средиштето на своите произ

води го поставува корисникот и неговите

спе цифични потреби. Не помало внимание се

посветува и на постојаноста на производите,

ефи касното одржување и снабденоста со резер

вни делови. Всушност со набројување на

при оритетите на производителот стигнуваме и

до објасбувањето за постојаниот раст на фирмата

и износот од 75% производи наменети за

извоз.

Од широката палета на приколки и над градби,

во случајов ќе се задржиме само на поголемите

групи.

1. Цистрени.

Конусните цистерни за превоз на горива изградени

се со тело од алуминиум и на зад ната

страна имаат тројни

осовини. Ма к си мални

от во лу мен за пренос

изнесува 38 илјади

литри. Скали те за

пристап се мон тирани

од задната стра на,

газната повр ши на е со

облик кој спре чува лиз

гање а отварањето е

пнеуматско. Сите три

задни оски од по луприколката

се со вградени

диск сопира чки

и секоја од нив има

носи вост од 9 тони. Потпирањето на предниот

дел е изведено со фиксни потпирачи кои по

потре ба можат да се подигнуваат. Полнењето

на цис терната може да се изврши под притисок

или пак од горната страна, со слободен пад.

Додатно може да се вгради и дизел-електричен

хидро мотор за потреби на пумпање. Чистењето

на цистерните е планирано со посебни средства

кои исто така ги испорачува произво дителот.

2. Силос - полуприколки

Полуприколките за транспорт на цемент се

специфични сами посебе. Посебниот облик

како и операциите за утоварување/истова рување

ги прават овие полуприколки посебни во

Година 3 • Квартал 2 49

4. Надградби

секој поглед. Изработката на OKT Trailer и во

овој случај е изведена од лесниот и цврст алуминиум.

Исто така овој тип полуприколки се

ис порачуваат со три задни оски кои можат да

бидат сопирани од дискови или пак од барабан

сопирачки. Товарниот волумен може да изнесува

31, 34, 37 и 42 м3 а истоварувањето на

цементот се контролира со сигурносни вентили.

Најголемата “Jumbo” изведба спосо бна е

за превоз на цели 56 кубни метри.

3. Кипери

Врз една носечка структура, турскиот произ

во дител вградува неколку видови отворени и

затворени полуприколки. Повторно носечката

решетка се потпира врз три двојни оски но тоа

што ги прави полуприколките универзални е

материјалот на носечките “корпи“. Во еден

случај тоа е челик со голема цврстина, при што

дебелината на ѕидовите изнесува 5 мм, а во

вто риот случај тоа е алуминиум при што дебелината

изнесува 6мм. За обичен транспорт капа

цитетот на носење изнесува помеѓу 24 и 27

метри кубни, додека изведбата за превоз на

градежни материјали може да понесе товар со

волумен до 35 м3. На располагање се става и

посебна затворена, карго изведба.

Бројот на надградби

кои можат да се порачаат

од произво дителот,

практично зависи

само од желбите

на нарачателот. Во

слу чај от со надградбите,

се користи носечката

меха ничка струк

тура од основното

во зи ло додека типот и

обли кот на надградбата

се поставува врз

таа но сечка платформа.

Ин те ре с но е да се

на по ме не дека тие над

градби можат да би -

дат опремени со хи -

драу лични кипери, а

истова рувањето мо же

да биде изведено кон задната страна или пак

странично. Големиот агол под кој се подигнува

надградбата гаран тира голема ефикасност на

работата.

5. Ниски платформи

Ниските платформи имаат стриктно одредена

намена. Или ќе бидат користени за превоз

на железни конструкции или пак железо подготвено

за градежништво. Овие полупри колки

можат да бидат изведени со две или пак со три

оски а максималната должина на това рниот

дел може да изнесува 13.6 метри.

Во склоп на овој тип полуприколки се нудат

и верзии за превоз на моторни или товарни

возила. За таа цел во задниот дел е вградена

рампа за влегување и излегување од товарниот

дел.

Ова е само еден дел од широката палета на

производи на производителот OKT Trailer кои

можат да се најдат кај ERKA, домашниот претставник

на турската фирма.

Фирма увозник: Erka BMC 2007 - доо. Охрид

50 Година 3 • Квартал 2

камионски кранови....Palfinger

УНИВЕРЗАЛНИ И

ЕКСПЕДИТИВНИ КРАНОВИ

Palfinger AG е австриски производител на уреди за хидраулично подигање

и товарење и особено познат по монтирани кранови со ракавец на камиони.

Компанијата во својата понуда има над 150 модели и пазарен удел од 35%, што

го чини светски лидер на ова поле

Година 3 • Квартал 2

51

Palfinger е еден од водечките производители

на системи и уреди за подигање и товарање.

Во основата на производот сеуште се кранови

кои се монтираат на камиони. Во овој сегмент,

компанијата тврди дека со речиси 150 модели

и пазарен удел од околу 35 проценти лидер на

светскиот пазар. Исто така, Palfinger се смета

за лидер во областа на системи за обработка

на контејнери, уреди за шумарството и

рециклирање. Други области каде компанијата

ги потврдува своите вредности се производството

на воздушни работни платформи, лифтови,

морски и крајбрежни кревалки, желез нички

апликации...

Palfinger е основан во 1932 година, специјали

зирана фирма за производство на монтирани

на камиони кранови, и на самиот старт како

приоритет, се стремат да бидат најдобрите во

индустријата. Пионерскиот дух, конкурен тноста,

динамиката и акцентот на клиентите, ја

тран с формира фирмата од една мала работилница

за машини, во водечки светски произ водител

на хидраулично подигање и товарање. Компанијата од ден во ден се екипира, технолошки

се надградува, а нуди производи со

врвни атрибути и денес има огромна дистрибутивна

мрежа, која вклучува повеќе од 4.000

продажни места и сервиси, во над 130 земји во

светот. Од 2005 година компанијата има свое

претставништво во Њујорк, а од 2006 година

Palfinger својот бизнис во Азискиот регион го

реализира преку канцелариите во Сингапур,

што секако влијае на трговијата и огромните

можности на брзорастечките пазари.

Palfinger во својата гама нуди мали кранови

(0.8 - 3.9 mt), лесни (4 - 10 mt), средни (11 - 34

mt), тешки (35 - 150 mt) и специјални модели.

Користењето на овој вид кранови има примарна

дејност- флексибилност . Поточно товарање и

транспорт на набавката до објекти во одре дени,

специфични средини. Вториот момент е

мож носта за намалување на цената на чинење

на товарање и транспортната услуга, преку нама

лување на бројот на транспортните средства

и обединување на товарите за различни клиенти

во една рута. За монтирање на крановите

52 Година 3 • Квартал 2

мо ра да се внимава изборот

на кабина, мо -

тор, соодветна дол жина

на каросеријата и

меѓуос киното растојание

на камионот. Потоа

секако е многу важен

и изборот на ни во

на опрема на во зи лото

и додатоците за удобност

на воза чот, се

раз бира, со при фа тлива

цена. По ба ру ва ч ката

на во зи ла та оп ре мени

со системи за това ра рање - рас то варање во

последно време се зго лемува. Овие системи,

тоа го потврдуваат и ана лизите и продуктивните

резултати, ја зголе муваат ефи касноста на

транс пор тните сред ства, но ако по е динечни те

елементи се правилно

избра ни. Изборот на

кран зависи од многу

елементи, од различни

те должи ни на ракавецот,

мес то то за монтажа

на камионот,

дополнителна опрема

на ракавецот (зглобови,

макари, далечински

уп ра вувач и др.).

Кранот е скап об је кт и

треба да биде избран

многу точ но, за да од -

говараат функциите на можностите на конкретната

ша сија-кабина. Освен тоа, кранот е објект

со повеќе функции, затоа начинот на користење

и специф ичните карактеристики се утврдени

со стандарди.

Година 3 • Квартал 2

53

Kia K2900

Партнер на кој му се верува

Некогаш е предност да се биде мал, затоа што, на пример, за малиот бизнис

треба мало возило, кое чини малку.

А кој е подобар од креирањето мали нешта од Азијците! Пренатрупаноста

на нивните градови ги натерала да размислуваат во „мали порции“ и често

она што нам Европјаните на прв поглед ни изгледа неупотребливо мало, се

одликува со голема практичност. Затоа, колку и да е тешко, предрасудите

треба да се прескокнат и да се размислува со отворен ум.

54 Година 3 • Квартал 2

Ние во Македонија, за среќа, веќе поминавме

дел од тој пат. По распаѓањето на СФРЈ, нашите

мали стопанственици беа на големи маки околу

решенијата за урбан транспорт - од една страна

ги немаше добро етаблираните возила на

TAM и Zastava (а и кога ги имаше беа ем толку

застарени, ем толку скапи, што сами се отпишуваа

од комбинација), а од друга никој не знаеше

какви после долги години мачна екс плоатација

ќе се покажат возилата кои се нудеа на

пазарот. Се разбира, секогаш важи прави лото

„ако не знаеш што е добро, купи го она што е

скапо”, ама…

Малите азиски камиончиња какво што е Kia

К2900, тогаш со мака се пробиваше до умот на

купувачите. Во споредба со она што го сакаа

ше фовите на возните паркови и сопствениците

на бизнисите во подем, кои, поучени од долгогодишните

искуства, или пак, претпазливи зара

ди неискуството, размислуваа конзерва тивно,

без желба да експериментираат, малите

ко рејски камиончиња изгледаа некако кревко,

дури и смешно со своите двојни задни тркала

со гуми колку на Фиќо. Но, со малку пари на

рас полагање, маката ги натера да бидат храбри

и да се решат својот голем ентузијазам околу

развојот на бизнисите да го доверат на малиот

корејски транспортер за кој не знаеја ама баш

ништо.

Да знаеја дека К серијата на Kia, која на домашниот

пазар е позната како Bongo, се произведува

од 1980 година и дека е присутна низ

целиот свет, посебно во земјите во кои условите

за експлоатација се многу потешки, како Азија

и Јужна Америка, можеби поинаку ќе размислуваа

и полесно ќе се одлучеа да зачекорат во

неизвесноста на иднината потпирајќи се на

издр жливоста на пет метри долгата конструкцијата

со шасија, крута задна оска со лиснати

пружини, погон на задните тркала и носивост

од скоро еден ипол тон. Сега, иако поминаа

многу години откако Kia K2900, тогаш уште со

ознака K2500, се појави на нашиот пазар, сé

уште гледаме некои од првите примероци на

на шите улици со којзнае колку оставени километри

зад себе.

Во меѓувреме, Kia редовно ја освежуваше

нивната понуда, која во моментов се состои од

две каросериски верзии, со обична и двојна

кабина и, како што и ознаката покажува, 2,9

литарски дизел мотор, кој располага со 125

коњски сили и 245 њутн-метри максимален

вртежен момент. Со него, ова камионче тешко

малку под два тона (што значи дека се вози со

Б категорија) постигнува максимална брзина

Година 3 • Квартал 2

55

од дури 140 km/h и троши нешто под 9 литри на

отворени и нешто над 10 во град. Серво

управувачот и диск кочниците напред го прават

лесно подвижен дури и кога е просторот за

товар широк 1,63 метри, длабок 36 сантиметри

и долг 3,1 кај верзијата со 3, односна 2,2 метри

кај верзијата со 6 седишта е исполнет до последниот

килограм, а практичноста во користењето

и лесното одржување ги гарантираат

многуте детали кои инженерите на Kia ги вградиле

благодарение на своето знаење и искуството

стекнато низ нивната експлоатација.

Kia K2900 е комерцијално возило кое го

про мени начинот на кој сите ние гледаме на

малите камиони. Како и зошто, најдобро знаат

тие што со години го користат.

abc - brother auto moto centar

Tel. 02 2650 156

Кредит без камата

345.000,00 ден

+ ДДВ повратен

Рата 5.100 ден.

• носивост 910 кг.

• гаранција 2 год.

• 5,8л/100 км

56 Година 3 • Квартал 2

Година 3 • Квартал 2

57

BYD К9

BYD започна со офанзива

на Европа

Додека сите се прашуваа кога конечно агресивниот

на зборови кинески производител BYD

ќе започне со продажба на своите автомобили

во Европа, како дел од договорот со данскиот

најголем јавен транспортен оператор Trafikselskabet

Movia, Кинезите веќе подготвија два

свои автобуси од моделот K9, кои ќе бидат

испратени во Копенхаген. Бидејќи BYD (чија

основна дејност е производство на батерии)

са ка да настапи како производител специјализиран

за електрични возила, и автобусите,

кои ако се покажат добри ќе се придружат на

флотата на данското транспортно претпријатие

веќе идната година, се електрични. Долги се 12

метри, имаат максимална брзина од 96 km/h и

се опремени со литиум-јонски батерии кои им

овозможуваат автономија од 250 km со едно

полнење, кое нормално трае 6 часа, додека со

употреба на специјални брзи полначи, за 30

минути нивниот капацитет се освежува за половина.

BYD веќе има продадено илјада вакви

автобуси на јавното сообраќајно претпријатие

од кинескиот град Чангша, каде и се наоѓа

фабриката во која се произведуваат. За прв

пат беа покажани на јавноста лани во септември

на посебна церемонија, на која присуствуваше

и Бил Гејтс.

58 Година 3 • Квартал 2

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!