Liebherr R 9100 Кога и најмалото е големо Швајцарската компанија Liebherr, која со текот на годините од семеен бизнис прерасна во глобална група од повеќе од 120 компании со 33 илјади вработени и годишен обрт од 7,6 милијарди евра, стана толку голема заради големата понуда.
Компанијата за која повеќе од нас мислат дека е германска, бидејќи таму има 13 фабрики, за разлика од матичната земја каде располага само со една, иако својата историја долга само 63 години ја базира на производството на мобилни дигалки, денес ги произведува практично сите тешки машини за градежништвото, но и делови за авионската индустрија, рударството, па дури и фрижидери, а поседува и шест топ хотели во Австрија, Германија и Ирска. Бидејќи до ваквиот успех не се стигнува случајно, не е случајно ни тоа што Liebherr е про изводител на некои од најголемите рударски машини во светот, како што се 600-тонскиот дампер T 282 C или 800-тонскиот багер R 9800. Но, Liebherr, како технолошки трендсетер, знае да направи и мали нешта, иако кога рударството е во прашање, и најмалото всушност е големо. Таков е и багерот R 9100, најмалиот во рудар ската понуда на Liebherr, која ја сочину ваат вкупно 8 модели со работна тежина од 110 до 810 тони, мотори со силина меѓу 757 и 4.000 коњски сили и корпи со зафатнина меѓу 2,9 и 42 кубни метри. Јасно, најмалите наведени вред ности се всушност карактеристиките на R 9100, кој може да биде опремен со корпа за ко пање или корпа за товарање, во првиот случај со зафатнина меѓу 2,9 и 7,7, а во вториот меѓу 5,6 и 8,7 кубни метри. Кабината може да му биде поставена во ниво или издигната над конструкцијата висока 4 и широка 5 метри без плат формата за качување, додека вкупната дол жина на машината изнесува од 13,7 до 16, а височината од 5,3 до 7,5 метри, во зависност од типот и должината на раката и приклучокот. Хидрауликата за раката има 3 електронски контролирани аксијални пумпи од 350 бари со проток од 435 литри во минута секоја, а за вртење на машината се користи засебна пумпа од 380 бари со проток на масло од 420 l/min. Целиот хидрауличен систем содржи 1.250 литри масло. Издржливиот 24-литарски V12 common rail турбо дизел се напојува од резер воар со 1.585 литри и преку двостепен планетарен редуктор и гасеници може да го задвижува до брзина од 3,5 km/h. Кабината е звучно изолирана, климатизирана и со затем нети и армирани стакла, а целата машина се контро лира преку колорен LCD екран и камери на десниот и задниот дел. Можностите за опремување со додатоци ќе ги задоволат специфичните барања на клиентите, а треба да се напомене и дека сите до датоци се конструирани и се произведуваат исклу чиво во сопствените погони. Како и сите машини на Liebherr, и R 9100 се карактеризира со висока ефикасност, лесно сервисирање и ергономично и комфорно опкружување на опе ра торот, што придонесува за ниски трошоци на работа. Година 3 • Квартал 2 23