Мини асфалтен финишер (павер) Pavijet MG7 КРЕАТОР ЗА ФИНИ РАБОТИ Овој мошне технолошки подготвен модел кој може да се приклучи на било кој натоварувач со моќ над 20 КЅ е извонреден за поплочување на велосипедски патеки, тротоари, паркинзи, улици, ровови за поставување кабли и цевки... Uvoznik: MACO d.o.o. - Skopje ul: Londonska 19 lok 23 tel: +389 2 3078 875 28 Година 3 • Квартал 2
Новиот компактен мини павер Pavijet MG7 е најновата еволуција во областа на асфалтните финишери. Мини павер Pavijet, кој доби потврда за врвен патент, е во состојба да пополни одредени области, подготвени терени, со чакал, песок, камења, асфалт (топло / ладно), па дури и бетон. Во конкретна смисла се мисли на поплочување на велосипедски патеки, тротоари, паркинзи, мали дупки на улици, ровови за поставување кабли и цевки. Она што е особено интересно е што со MG7 може да се заобиколи било каква пречка, како што се сообраќајни знаци, дрва, посебни патни обележја и слично, благодарение на телескопски поставената клупата. Она што секако го вбројува во мошне функционалните оперативни машини секако е можноста MG7 на пример прво да ја пополни дупката со чакал или песок, а потоа да заврши со асфалт. Овој мал асфалтен финишер може да се кори сти со било кој натоварувач или друг но сач, со моќ од најмалку 20 КЅ (15 KW). Во прин цип има многу можности поради својата универзалност за монтирање, но ние го пре порачуваме на некои од моделите на Bobcat. Во пот ребните параметри секако треба да се на по менат и протокот на масло (40/60 l / min) при ти сок (180 bara) и стандардна ширина на натоварувачот. Протокот на масло може и да го регулираме, но доколку притисокот и ширината на натоварувачот се поголеми би тре бало да се направат потребните измени. Кога сме кај параметрите вреди да се напоме не дека работната ширина на MG7 е од 0,2 m до 1,9 m, дебелината до 25 cm, работната насока-само напред, работната страна-на де сно, да ле чинско управување, хидрау ли чки от регу латор на дебелината на слојот е во стан дард, како и тркалата. Посебно е интересно дека контролата на ма шина е механички или со далечинскиот упра вувач од мали димензии. Снабдување со електрична енергија на материјалот е од внатре во посебен „бункер“, а напојувањето може да биде и директно од натоварувачот. Поради ова Pavijet MG7 има многу предности во однос на класичните асфалтни финишери. Пред се тоа се ефективни вредности, подобри од било кој друг мини павер, поради тоа што има мотор. Евидентно е дека MG 7 има најдобрите широчина и дебелината на поплочувачот, а работите ги завршува во најкраток рок, поради извонредната брзина. Не треба да се заборави и ефектот што ги надминува без проблем пречките на патот , а и поставувањето на секаков вид на материјал. Оперативноста се зголемува благодарејќи на лесната монтажа, пристапот до местата за пополнување, нема потреба од одржување и е со компактни димензии. Година 3 • Квартал 2 29