Kia K2900 Партнер на кој му се верува Некогаш е предност да се биде мал, затоа што, на пример, за малиот бизнис треба мало возило, кое чини малку. А кој е подобар од креирањето мали нешта од Азијците! Пренатрупаноста на нивните градови ги натерала да размислуваат во „мали порции“ и често она што нам Европјаните на прв поглед ни изгледа неупотребливо мало, се одликува со голема практичност. Затоа, колку и да е тешко, предрасудите треба да се прескокнат и да се размислува со отворен ум. 54 Година 3 • Квартал 2
Ние во Македонија, за среќа, веќе поминавме дел од тој пат. По распаѓањето на СФРЈ, нашите мали стопанственици беа на големи маки околу решенијата за урбан транспорт - од една страна ги немаше добро етаблираните возила на TAM и Zastava (а и кога ги имаше беа ем толку застарени, ем толку скапи, што сами се отпишуваа од комбинација), а од друга никој не знаеше какви после долги години мачна екс плоатација ќе се покажат возилата кои се нудеа на пазарот. Се разбира, секогаш важи прави лото „ако не знаеш што е добро, купи го она што е скапо”, ама… Малите азиски камиончиња какво што е Kia К2900, тогаш со мака се пробиваше до умот на купувачите. Во споредба со она што го сакаа ше фовите на возните паркови и сопствениците на бизнисите во подем, кои, поучени од долгогодишните искуства, или пак, претпазливи зара ди неискуството, размислуваа конзерва тивно, без желба да експериментираат, малите ко рејски камиончиња изгледаа некако кревко, дури и смешно со своите двојни задни тркала со гуми колку на Фиќо. Но, со малку пари на рас полагање, маката ги натера да бидат храбри и да се решат својот голем ентузијазам околу развојот на бизнисите да го доверат на малиот корејски транспортер за кој не знаеја ама баш ништо. Да знаеја дека К серијата на Kia, која на домашниот пазар е позната како Bongo, се произведува од 1980 година и дека е присутна низ целиот свет, посебно во земјите во кои условите за експлоатација се многу потешки, како Азија и Јужна Америка, можеби поинаку ќе размислуваа и полесно ќе се одлучеа да зачекорат во неизвесноста на иднината потпирајќи се на издр жливоста на пет метри долгата конструкцијата со шасија, крута задна оска со лиснати пружини, погон на задните тркала и носивост од скоро еден ипол тон. Сега, иако поминаа многу години откако Kia K2900, тогаш уште со ознака K2500, се појави на нашиот пазар, сé уште гледаме некои од првите примероци на на шите улици со којзнае колку оставени километри зад себе. Во меѓувреме, Kia редовно ја освежуваше нивната понуда, која во моментов се состои од две каросериски верзии, со обична и двојна кабина и, како што и ознаката покажува, 2,9 литарски дизел мотор, кој располага со 125 коњски сили и 245 њутн-метри максимален вртежен момент. Со него, ова камионче тешко малку под два тона (што значи дека се вози со Б категорија) постигнува максимална брзина Година 3 • Квартал 2 55