Komatsu PC 3000 и PC 2000 РУДАРСКИ „ЕКСПЕРТИ“ Специјално за рударството компанијата има развиени неколку хидраулични ескаватори меѓу кои се РС3000-6 и PC2000-8, со кои се решава проблемот за оптимизација на ископување на руди и минерали во целост, како и заштита на животната средина. 4 Година 3 • Квартал 2
Јапонската компанија Komatsu е водечки светски производител на хидраулични багери. Високите перформанси и инженерски технологии кои се користат од страна на компанијата, пред се врз база на утврдените добри критики од клиентите, придонесуваат за создавање на нови генерации со висок квалитет и ниски трошоци на експлатација. Специјално за рударството компанијата има развиени неколку хидра у лични ескаватори меѓу кои се РС3000-6 и PC2000-8, со кои се решава проблемот за оптимизација на ископување на руди и мине рали во целост, како и заштита на животната средина. Рударските багери на Komatsu, моделот PC3000-6 е наменет за ископување или товарање во отворени окнокопи, за отстранување на минерали и карпи, наоѓаат голема примена во металургијата и индустријата. Овој модел може да се користи и за големи количини на иско пување во областа на градежништвото. Она што ги карактеризира верижните багери, PC3000-6 се високи перформанси, широк опсег на работа, комфорни услови за работа на операторот, идеална распределба на тежината, ниска потрошувачка на гориво и емисии на штетни га сови и практична контрола на возилото со врвна ергономија. За да се обезбеди уште пофле кси билен избор на Komatsu спецификацијата нуди широк спектар на опции. Она што посебно треба да се истакне кај ваквата конструкција секако е мулти-хидрауличниот систем. Багерoт PC3000-6 може да биде опремен со „лопата“ напред и назад се со цел за оптимални делувања. Моќната кохезија на конструкцијата со „раката“, освен за дизајнот на корпата, секако е важна за високи оперативни зафати. Ѕидовите на корпите се изработени од квалитетни материјали, чии механичките делови, по потреба, може брзо да се заменат, што придонесува за високиот степен на оператиноста и лесното одржување. Конструкцијата на багерот PC3000-6 е дизајнирана на таков начин да се намали бројот на компоненти, да се зголеми делувањето и работниот век на багерот. Кабината е високо крената, а големите прозорци обезбедуваат добар преглед. Управувањето со повеќе од 150 тони тешката машина е мошне лесно со палка и контрола со лостови, визуелни уреди на екранот, и користење на новите технологии, што секако придонесува за зголемување на оперативната ефикасност. Еластичната суспензија која ги намалува вибрациите и спе цијалната изолација на кабината придонесу ваат за значително намалување на нивото на бучавата на работното место на операторот, кој постојано добива детални податоци за условите на машината преку систем за следење на ETM / ECS, кои воедно се користат за да се одреди степенот на услугата и техничка анализа. Активната анализа на работното искуство во различни услови, техничките експерти на Komatsu ја користат подоцна за воведување на Година 3 • Квартал 2 5