11.07.2015 Views

Тука - FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Office in Skopje

Тука - FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Office in Skopje

Тука - FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Office in Skopje

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

4. Обнова на социјалдемократијата, или „Tретиот пат”4.1. Вредности на обновената социјалдемократијаЗа разлика од десницата, која глобализацијата ја гледа какозакана занационалниот интегритет и традиционалните вредности,социјалдемократијата зазема позитивен став кон неа. Таа во неа гиоткрива можностите за создавње нови економски и културни регионикои понекогаш ги сечат границите на нациите-држави. Сувереноста не еповеќе работа на сé, или ништо. Границите стануваат помеки од порано,а националните влади ќе можат да раководат со својата моќ врзграѓаните во својата држава, меѓутоа само преку заемна активнасоработка со нивните провинции, региони и со транснационалнитегрупи и асоцијации. Глобализацијата го менува секојдневниот живот,создавајќи нови транснационални системи и сили.За разлика од десницата која гледа опасност во новиотиндивидуализам за моралот во општеството и за зачувувањето натрадиционалните вредности, социјалдемократијата во него гледаможност за градење на социјалната кохезија врз нови основи. Правата ипривилегиите од страна на социјалната држава се приспособуваат наиндивидуите, а не на семејствата. Се гради нова рамнотежа меѓуиндивидуалните и колективни одговорности.За разлика од десницата која во еднаквоста гледа закана заслободата, односно дека слободата и еднаквоста се исклучуваат,социјалдемократијата смета дека еднаквоста и слободата се надополнуваатмеѓусебно. Мерките за постигнување еднаквост, исто такаја зголемуваат областа на слободи достапни за секој поединец. Бидејќислободата за социјалдемократите значи автономија на постапките,основниот услов за неа е вклученост на поединецот во поширокатаоштествена заедница. Вклученоста, во нејзината најширока смисла, сеоднесува на граѓанството и на граѓанските и политички права идолжности кои сите членови на општеството треба да ги имаат не самоформално, туку и вистински во нивните животи.Напуштајќи го колективизмот, политиката на „третиот пат” баранова врска меѓу индивидуата и заедницата и редефинирање на праватаи обврските. Старата социјалдемократија преферираше да ги третираправата како стекнати и безусловни права. Но, зголемувањето наиндивидуализмот, треба да ги мултиплицира индивидуалните обврски.Добивањето надомест во периодот на невработеност, треба да бидеусловено со исполнување на обврската за активно барање работа, а23

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!