13.07.2015 Views

Број 22 17.11.2011 - Град Скопје

Број 22 17.11.2011 - Град Скопје

Број 22 17.11.2011 - Град Скопје

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Информативно гласило на ГрадБесплатенпримерокноември 2011 | 1| Број <strong>22</strong> | Година IV | 16.11.2011г.|ТУРБО КРУЖЕН ТЕК НА БУЛЕВАРОТМИТРОПОЛИТ ТЕОДОСИЈ ГОЛОГАНОВ


2 |Претходно...ТУРБО КРУЖНА КРСТОСНИЦАНА БУЛЕВАРОТ МИТРОПОЛИТТЕОДОСИЈ ГОЛОГАНОВТурбо кружен тек минатиот месец јазамени крстосницата меѓу улиците МитрополитТеодосиј Гологанов, Костурски хероии Мито Хаџивасилев Јасмин, пред Католичкатацрква. Ова сообраќајно решение,прво од ваков вид во Скопје, е белег накапиталниот проект за проширување иреконструкција на булеварот МитрополитТеодосиј Гологанов којшто почна на 13 мајгодинава. Градот Скопје успешно го завршиовој проект за само пет месеци, а на7 октомври проширениот булевар и официјалного отворија за сообраќај градоначалникотна Град Скопје, Коце Трајановски,претседателот на Владата на РепубликаМакедонија, Никола Груевски и градоначалниотна општината Центар, ВладимирТодоровиќ.- Проширувањето на постојната улицаМитрополит Теодосиј Гологанов се одвивашена потегот од улицата ФранклинРузвелт до улицата Костурски херои(еден крак) и кон улицата Мито ХаџивасилевЈасмин до свртувањето надеснокон улицата Народен фронт (втор крак).Сообраќајницата е проширена од деснатастрана во насока од општината Кар-


4 |струкција на булеварот Митрополит ТеодосијГологанов Градот Скопје потрошиоколу 96 милиони денари. Втората фазаод овој капитален проект продолжува соподготовка на инфраструктурен проектза проширување на булеварот МитрополитТеодосиј Гологанов од вкрстувањетосо улицата Франклин Рузвелт до улицатаМосковска. Градот Скопје ќе продолжида реализира проекти за растоварувањена сообраќајниот метеж во градот и деканаредниот капитален проект на којштоќе се посветиме ќе биде проектот запроширување на улицата Првомајска –најави градоначалникот Трајановски.Со проектот за проширување и реконструкцијана булеварот Митрополит ТеодосијГологанов, улицата 9.Мај е отворенакако еднонасочна, при што овој дел е семафоризиран.Еднонасочен сообраќај е воведени на улицата Костурски херои. УлицатаХристо Смирненски останува затворена засообраќај, исто како и улицата Христо ПопАрсов. На двете улици се монтираат заштитнистолпчиња.На новоформираниот коловоз сеизведени две проширувања за автобускистојалишта. Тротоарите се широки по 3,5метри и се покриени со бекатон плочки наповршина од 8 000 квадратни метри.Атмосферските води од новопроширенатаулица ќе се слеваат во постојнатаатмосферска канализација којашто ереконструирана, а се изведени и 32 новишахти и 68 нови сливници за одведувањена дождовницата. Во текот на градежнитеработи за проширување на булеварот МитрополитТеодосиј Гологанов беше извршеносогласување на подземните инсталации засите иматели, во посебни коридори по должинатана коловозот.Во средишниот дел од кружниот текна површина од 720 квадратни метри епоставена хидрантска мрежа од 50 метри,подигнат е тревник и се засадени 1 250цвеќиња. Поставени се и 16 поп-ап прскалкиза полевање на кружната површина.На потегот од семафорите кај АМСМ до игралиштетоза мал фудбал се работеше наповршина од 2 050 м2 при што е поставенахидрантска мрежа од 380 метри. ГрадотСкопје ќе насади нови 100 дрвја по должинатана сообраќајницата коишто ќе се полеваатсо систем капка по капка.НЕ ЈА БЛОКИРАЈ крстосницатаЗа да се регулира протокот на возила во кружната крстосница и да не дојде доблокирање на сообраќајот Градот Скопје на булеварот Митрополит Теодосиј Гологановза првпат во Скопје постави сообраќаен знак „Не ја блокирај сообраќајницата“, а сомрежа е обележен и коловозот.Коловозот е обележен со мрежа од дијагонални и ортогонални линии во црвенабоја. На сите приоди кон крстосницата е поставен и сообраќаен знак којшто ги информиравозачите дека просторот во крстосницата е обележан и ги предупредува да не јаблокираат, што многу често се случува кога има метеж во сообраќајот.Главна придобивка од новата сигнализација е зголемувањето на проточноста накрстосницата и зголемувањето на безбедноста во сообраќајот преку намалување наможноста за судар со возило коешто чека во крстосницата.


6 |Капитални проекти на Градот СкопјеНОВА ОГРАДА И ОСВЕТЛУВАЊЕ ЗАМОСТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“Претходно...Мостот „Гоце Делчев“ доби нова заштитнаограда и ново осветлување. Старатаограда на мостот беше демонтирана водолжина од 600 метри (4 пати по 150 метри)и беше поставена нова ограда изработенаод цевкасти профили.- Оградата ја составуваат 148 монтажниелементи со должина од 3,6 метри и височинаод 1,2 метри, коишто се поврзанисо столпчиња. Столпчињата се високи135 сантиметри и имаат декоративнаалуминиумска облога. Реконструкцијатана заштитната ограда на мостот „ГоцеДелчев“ ја изведоа екипите на градеж-


ноември 2011 | 7ната фирма „Бауер БГ“, а за овој проектГрадот Скопје потроши околу 30 милиониденари. На надворешните оградина мостот се монтирани 26 канделабри,по 13 на секоја страна. На 20 канделабрие поставена по една светилка воформа на топка, а на шест (на краевитеи на средината на мостот) се поставенипо 5 светилки во облик на фенер. Овиесветилки се во жолта боја и ќе се користатза декоративно осветлување и заосветлување на тротоарите. На десетте10-метарски столбови до внатрешнитеогради на мостот се поставени новипосовремени светилки, на декоративниконзоли. Столбовите се бојадисани восогласност со бојата на оградата и наканделабрите - вели градоначалникотКоце Трајановски.Тој додава дека за осветлување натрупот на мостот се заменети постојнитеи нефункционални неонки и се поставенинови, 152 неонки со жолта боја. За амбиенталноосветлување на контурите на мостотсе поставени 76 рефлектори POWER LED 3,5W коишто овозможуваат да дојде до изразсветлозлатната боја на столпчињата одоградата на мостот. За осветлувањето намостот „Гоце Делчев“ се погрижија екипитена „Електра-комерц“ Скопје, а за реализацијана овој дел од проектот Градот Скопјеодвои 3,7 милиони денари.


8 |Во Шуто ОризариРЕКОНСТРУИРАНАУЛИЦАТАПЕЛАГОНИЈАПретходно...Екипи на Градот Скопје минатиот месецја реконструираа улицата Пелагонија,во општина Шуто Оризари. Во текот на градежнитеработи беше отстранет стариот иоштетен асфалтен слој, беше нанесен тампон,а потоа и нов асфалт. Коловозот на овааулица е обновен во должина од 550 метри,на површина од 2 439 квадратни метри.- Поради лошата состојба на овој дел одулицата Пелагонија решивме дека таа еприоритет и ја реконструираме. Ние ќепродолжиме да реализираме проективо овој дел на градот за да се подобриживотот на граѓаните. Со овој зафат сереконструирани околу 550 метри одулицата Пелагонија, за што Градот Скопјеиздвои 3,2 милиони денари – велиградоначалникот Коце Трајановски.Во овој градежен зафат беа санирании рабниците на улицата, а канализацискитешахти беа нивелирани. Градежните работиги изврши јавното претпријатие „Улици ипатишта”.


10 |АСФАЛТ ЗА ВТОРИОТДЕЛ ОД УЛИЦАТАВОЛКОВСКАНа потегот од центарот на населенотоместо Волково до последната станицана автобусот со број <strong>22</strong>, улицата Волковскана крајот на септември доби нов лик. Сообраќајницатае проширена и реконструиранаво должина од 1 300 метри со што серешаваат долгогодишните проблеми наоколните жители. Обновената делница епродолжување на реконструираниот дел одулицата Волковска, од пругата до центаротна населбата Волково, што Градот Скопје гозаврши минатата есен.На вториот дел од улицата Волковскабеше саниран делот каде што се поставувашефекална канализација, коловозотбеше проширен и сега е широк 7 метри. Водолжина од 1 300 метри на оваа улица е нанесеннов асфалтен слој на површина од 9216 квадратни метри, a притоа се вградениоколу 2 000 тони асфалт.На проширување и реконструкцијана вториот дел од улицата Волковска работеаекипите на ЈП „Улици и патишта“. ГрадотСкопје за реализација на овој проект одБуџетот одвои околу 12 милионa денари.Проширувањето на вториот дел одулицата Волковска директно влијае врз зголемувањетона безбедноста во сообраќајотво ова населено место.


ноември 2011 | 11РЕКОНСТРУИРАНИ НЕКОЛКУ УЛИЦИВО НАСЕЛБАТА УСЈЕЕкипи на Градот Скопје го завршија проектот за проширување и реконструкцијана неколку улици во населбата Усје коишто пред неколку годинибеа раскопани заради поставување водоводна мрежа. Во изминативе двамесецa, се работеше на улицата број 1, којашто е реконструирана во должинаод 400 метри и сега е широка 4 метри. Асфалтирана е вкупна површина од 1600 квадратни метри.Во населбата Усје деновиве беа проширени уште четири улици -улиците број 2, број 3, број 4 и број <strong>22</strong> во вкупна должина од 600 метри.Притоа е саниран и прекопот од претходно поставената водоводна мрежа.За проширување и асфалтирање на улиците во населбата Усје Градот Скопјеод Буџетот одвои 3,3 милиони денари. На терен работеа екипите на ЈП „Улиции патишта“.ГРАДСКИТЕ ПЛАЖИ ЗАТВОРЕНИ ЗА ОВАА СЕЗОНАОфицијалната сезона на Градската плажа-Парк и на Градската плажа-Камен мост заврши. Инвентарот и опремата од плажите ќе бидат повлечении повторно ќе бидат поставени напролет, на почетокот на наредната сезона.Градот Скопје е задоволен од годинешнава искористеност на капацитетитена двете плажи. Голем број наши сограѓани и посетители поминааголем дел од летните месеци рекреирајќи се и разладувајќи се на брегот нареката Вардар.Посебен интерес привлекоа одбојкарските игралишта коишто беа полнидо доцните вечерни часови, во текот на целата сезона. Освен рекреативнотокористење, на овие игралишта се одржаа неколку квалитетни турнириво одбојка на песок.Градските плажи оваа сезона беа и место каде што се одржаа повеќекултурно-забавни хепенинзи.


12 |МОСТОТ ВО САРАЈЗАТВОРЕН ЗА СООБРАЌАЈЖелезниот мост на Вардар воСарај е затворен за сообраќај порадибезбедно одвивање на работите заизградба на новиот мост на реката.Сообраќајот во наредниов периодќе се одвива по заобиколниот пат, аможе да се користи и обиколницатаоколу Скопје за влез во Сарај и вооколните места.Поради отежнатите условина патот Градот Скопје ги известувавозачите и другите учесници восообраќајот да бидат крајно внимателнии да ја почитуваат поставенатасигнализација за што побезбедноодвивање на сообраќајот.НОВ ПАРКИНГ НА УЛИЦАТАВАСКО КАРАНГЕЛЕВСКИПаркиралиште за <strong>22</strong>0 возила одминатиот месец е отворено на улицатаВаско Карангелевски, во населбатаАеродром. Паркингот се протега наповршина од 2 415 квадратни метри,а за неговата изградба Градот Скопјеодвои 5 милиони денари.- Градот Скопје и натаму ќе работина решавање на сообраќајниотметеж во градот и на отворање новипаркинг-места за да се надминатпроблемите со коишто се соочуваатграѓаните – вели градоначалникотКоце Трајановски.Градежните работи на овој паркингги заврши јавното претпријатие„Улици и патишта”.ЗИМСКО РАБОТНО ВРЕМЕ КАЈ ЗОНСКОТО ПАРКИРАЊЕЈавното претпријатие „Градски паркинг“ од 01.11.2011 година го промениработното време на јавните паркиралишта на коишто е воведено зонското паркирање.Во зимскиот период, работното време на А, Б и Ц јавните површини на коиштосе применува зонското паркирање ќе биде од 7 до 21 часот, од понеделникдо петок, а во сабота работното време ќе биде од 7 до 14 часот.Работното време на Д јавните површини на коишто се применува зонскопаркирање ќе биде од 7 до 23 часот, од понеделник до сабота.Оваа измена на работното време се организира за зимскиот периодот. Вонедела и за државните празници, паркирањето во наведените зони е бесплатно.Јавното претпријатие „Градски паркинг“ ги известува граѓаните и дека на 1ноември заврши сезоната за изнајмување велосипеди.


ноември 2011 | 13КРЕДИТ ОД ЕБОР ЗА БУЛЕВАРОТПРВОМАЈСКА И ЗА СИСТЕМОТ ЗАКОНТРОЛА НА СООБРАЌАЈОТГрадот Скопје и Европската банказа обнова и развој (ЕБОР) на 14 октомврипотпишаа договор за кредит во вредностод 5,6 милиони евра коишто Градот Скопјеќе ги искористи за модернизација на контролатана сообраќајот и за реконструкцијана улицата Првомајска, една од клучнитесообраќајници во градот. Во име на ГрадотСкопје договорот го потпиша градоначалникотКоце Трајановски, а во име на ЕБОРдоговорот го потпиша Лин О’Греди, заменик-директорза финансирање на проективо општинската инфраструктура.- Во Европската банка за обнова и развојнајдовме сериозен партнер којштоги препозна приоритетите за коиштосе залагаме како локална самоуправа.ЕБОР ја поддржува модернизацијатана сообраќајниот систем во Скопје сокредит од 5,6 милиони евра со цел воведувањемодерен систем за контрола насообраќајот и реконструкција на улицатаПрвомајска. Ова е првпат една локалнасамоуправа во Македонија да обезбедифинансиска поддршка директно од меѓународнафинансиска институција, без државнагаранција. Со поддршката и средстватаод ЕБОР ќе биде воведен модеренсистем за управување на сообраќајот воСкопје, базиран на информациска технологија.Тој предвидува унапредувањена сообраќајот на подрачјето на градотсо воведување адаптивна контрола насообраќајот преку инсталација на новиконтролери на околу 70 раскрсници,оптичка мрежа за поврзување на семафорскитеконтролери, нови сообраќајниуреди, знаци со променлива содржина,камери за надзор на сообраќајот, поврзувањесо постојните АВЛ системи војавниот превоз и формирање Центар зауправување и контрола на сообраќајот.Со кредитот од ЕБОР ќе се финансира иреконструкцијата на еден од основнитесообраќајни коридори во Скопје, улицатаПрвомајска, односно улицата ќесе трансформира во сообраќајница со 4ленти, со реконструирани тротоари, велосипедскипатеки и нова сообраќајнасигнализација. Инвестициите во урбанатаинфраструктура се клучен приоритетза Градот Скопје. Проектот го поддржуваГрадот во неговата посветеност за подобрувањена квалитетот и безбедноста восообраќајот. Ова прво партнерство меѓуЕБОР и Градот Скопје ќе овозможи проектотда се имплементира во согласностсо највисоките меѓународни стандарди– рече градоначалникот Трајановски, напотпишувањето.Тој додаде дека имплементацијата напроектот е поддржан и со 880 000 евра техничкапомош обезбедена од Банката и одВладата на Австрија.Улицата ПрвомајскаФинансирањето на ЕБОР се надоврзувана програмата на ЦИВИТАС „Renaissance“,финансирана од ЕУ, а со којашто се иницирашево модернизацијата на сообраќајниотсистем во Скопје- Овој проект ќе обезбеди безбедност восообраќајот, како за возачите така и запешаците во главниот град на Македонија.Тоа ќе го намали времето на патување,како и загадувањето. Ние сме задоволниод соработката со Градот Скопје,во подготовката на овој важен проект заградот. Тој ќе биде одличен пример какодиректното кредитирање може да импомогне на општините во унапредувањена локалната инфраструктура и услуги -рече Лин О’Греди, заменик-директор натимот на ЕБОР за финансирање проективо општинската инфраструктура.


14 |Кампања„НАПРАВИ ПАМЕТЕН ПОТЕГ, КОРИСТИ ЈАВЕН ПРЕВОЗ”„Направи паметен потег, користијавен превоз” е името на кампањатакојашто почна на 13 октомври, а требада ги поттикне граѓаните помасовнода користат јавен превоз. Кампањата„Направи паметен потег, користи јавенпревоз” е финансирана од Градот Скопје,ЈСП и од СИЗ Македонија сообраќај– АМЕРИТ.- Целта на оваа кампања е да јаедуцираме јавноста за сите предностикоишто произлегуваат од користењетојавен превоз, бидејќи тој е најекономичен,најбезбеден и најмалку ја загадуваживотната средина. Оваа кампања есоставена од неколку видеоспотови ипостери коишто во наредниов периодќе се емитуваат во медиумите - речедиректорот на ЈСП, Мишо Николов, настартот на кампањата.Градоначалникот Коце Трајановскисе осврна на активностите коиштобеа преземени од Градот Скопје за подобрувањена јавниот превоз.- Во текот на 2011 година сопуштањето во сообраќај на 80 нископоднии 68 двокатни автобуси обновенисе 50 проценти од возниот парк на ЈСП.До крајот на 2011 година ќе пристигнатуште 16 минибуси за руралните срединина градот. Очекуваме во 2012 годинада пристигнат уште 67 двокатни автобусии 16 панорамски автобуси, а 67двокатни автобуси треба да пристигнати во 2013 година - најави градоначалникотТрајановски.


ноември 2011 | 15УРЕДЕНА ЖАРДИНИЕРАТА ВО ВЛАЕЕкипи на Градот Скопје деновиве го завршијахортикултурното уредување на жардиниератана булеварот Партизански одреди, на потеготод семафорите кај преминот „Влајко“ до семафоритекај Порта Влае, во должина од 1 500 метри.Во жардиниерата, којашто е со површина од 2 113метри, е засадена трева. Поставена е и хидрантскамрежа од 552 метри, а зеленилото ќе се полева сосистем капка по капка.Во средишниот дел на овој булевар имашеметална ограда, а со нејзината замена со жардиниерасе подобри безбедноста во сообраќајот и сеоблагороди и зазелени просторот.На уредувањето на жардиниерата работеаекипите на ЈП „Паркови и зеленило“, а Градот Скопјеод буџетот издвои околу 1,7 милиони денари.АКЦИЈА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ 2 500 САДНИЦИГрадот Скопје и оваа есен ја продолжува традиционалнатаакција за доделување садници на ситезаинтересирани куќни совети или урбани месни заедници.Во оваа акција Градот планира да додели 2 500садници (листопадни, зимзелени дрвца и грмушки).Заинтересираните куќни совети или месни урбанизаедници поднесуваат барање за доделувањесадници до Секторот за комунални работи на Град Скопје,на булеварот Илинден бб. Субјектите во барањетого наведуваат видот на садниците што бараат да им седоделат, бројот и точната локација на којашто планираатда ги засадат дрвцата. На барањето треба да стоипечат од куќниот совет или на месната урбана заедница.На заинтересираните куќни совети или месниурбани заедници, на коишто ќе им бидат одобренибарањата, во оваа акција ќе им се доделат најмногу по10 садници.Акцијата на Град Скопје за доделување садницисе организира четврта година по ред. Секоја година седоделуваат дрвца во вредност од два милиона денари,распоредени во две етапи, напролет и наесен. Доделувањетосадници ќе продолжи и следната година.


16 |НОВ ЦВЕТЕН ПАЗАР ВО СКОПЈЕСкопје доби нов Цветен пазар, на локацијатаспроти Домот на печатот. НовиотЦветен пазар е изграден на површина од242 квадратни метри и располага со 16цвеќарници. Цвеќарниците се поставенина платформа и се наредени во два реда,по осум од секоја страна. Изградбата накуќарките чини околу 3 милиони денарии е целосно финансирана од закупците, авложените средства ќе им бидат одбиениод закупнината што треба да ја платат занаем на просторот што го користат.Патеката меѓу цвеќарниците е покриенасо бекатон плочки. Цветниот пазарима довод на електрична енергија и е поврзанна водоводната и на канализацискатамрежа. На изградбата на платформата заЦветниот пазар работеа екипи на ЈП „Улиции патишта“, а монтажните цвеќарници гиизгради фирмата ДПТТУ „Конструктор“од Скопје.Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“хортикултурно го уредуваат просторотоколу Цветниот пазар. Околу платформата,на површина од 400 квадратни метри езасадена трева, а на потегот кон булеваротМитрополит Теодосиј Гологанов ќе се засадатјавори.


Екипи на ЈП „Улици и патишта“ работати на уредување на постојката на автобуситесо број 23, како и на паркингот штоќе го стопанисува ЈП „Градски паркинг“. ГрадотСкопје за реализација на овој проект,односно за изградба на платформата накојашто се поставени цвеќарниците, за паркинготпред Цветниот пазар, за уредувањена постојката на автобусот со број 23и за паркингот што ќе го стопанисуваЈП „Градски паркинг“ одБуџетот ќе одвои околу 6милиони денари.ноември 2011 | 17


18 |Совет на Град СкопјеПАРИЧНА ПОМОШ ЗАНАСТРАДАНИТЕ ВОЗЕМЈОТРЕСОТВО ТУРЦИЈАСоветот на Град Скопје на последната седницаодобри парична помош за настраданите вокатастрофалниот земјотрес што на 23 октомвриго погоди градот Ван, во југоисточна Турција. ГрадотСкопје, како Град на солидарноста, одвои 1,5милиони денари (25 000 евра) парична помош занастраданите и за санирање на штетите од земјотресотво градот Ван.Градот Скопје досега несебично помогна засанирање на штетите од налетот на цунами брановитево Индонезија, по земјотресот во Сечуан,Кина, земјотресот на Хаити, за санирање на штетитеод поплавите во Скадар, Албанија и по земјотресотво Јапонија.ИЗГРАДБА НА ФЕКАЛНАКАНАЛИЗАЦИЈА ВО СЕЛОЉУБОТЕНГрадот Скопје ќе учествуваво изградба на првата фаза одфекалната канализација во селоЉуботен. Советот на Град Скопје јаодобри соработката со ОпштинатаБутел за изградба на оваа фекалнамрежа, со што значително ќесе подобрат условите за живот налокалните жители.Вкупната проценета вредностна овој проект изнесува 7милиони денари во коишто ГрадСкопје ќе учествува со 5 милиони,а Општина Бутел со 2 милионаденари.ЌЕ СЕ ГРАДИ ЛИФТОВСКА ПЛАТФОРМА ВО МКЦЕден од главните приоритети на Градот Скопје е остварувањето социјална заштитана лицата со посебни потреби, односно подобрување на квалитетот на нивнотоживеење и создавање услови за независен живот. Во таа насока, Советот на Град Скопјеодобри средства за набавка на една вертикална и една коса лифтовска платформа залица со посебни потреби, во Младинскиот културен центар (МКЦ). Досега Градот Скопјеима изградено пристапни рампи за лицата со посебни потреби во 5 градски културниинституции, изградени се 18 пристапни рампи за лицата со посебни потреби во 12 средниучилишта, а поставена е и лифтовска платформа за лица со посебни потреби во СУГС„Михајло Пупин“.РЕШЕНИЈА ЗА СООБРАЌАЈНИТЕПРОБЛЕМИ ВО СКОПЈЕГрадот Скопје ја продолжува реализацијатана проекти со коишто ќе се надминатпроблемите со сообраќајната инфраструктура.Како еден од клучните проектикоишто ќе се реализираат за оваа цел е изградбатана подземната сообраќајница воцентралното градско подрачје.За да се реализира овој проект, Советотна Град Скопје одобри задолжување наГрад Скопје преку издавање обврзници вовисина од 5 милиони евра во денарска противвредност.Со проектот е планирано да сеизгради подземна сообраќајница којаштоќе ги поврзува булеварот Кузман Јосифовски– Питу со булеварите Илинден и Партизанскиодреди, со што ќе се овозможи директнаврска меѓу источниот и западниотдел на градот. Подземната сообраќајницаќе биде во должина од 900 метри и профилод 14 метри, и е предвидено истата дабиде опремена со системи за детекција наинциденти, на пожар, систем за видеонадзор,комуникациски систем за корисницитеи итните служби, С.О.С. станици, систем завентилација и знаци со променлива содржинаи бариери.Со изградбата на оваа подземна сообраќајницаќе се намали времето на патувањеод источниот до западниот дел наградот, ќе се зголеми брзината на патување,ќе се намали влијанието од сообраќајот врзживотната средина, ќе се намали бучавата,ќе се зголеми нивото на безбедност во сообраќајот,а ќе се намалат и временскитезагуби на некои крстосници.


ноември 2011 | 19СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ВО РЦ „КАТЛАНОВО“Градоначалникот на Град Скопје, КоцеТрајановски, на 19 октомври ги посети реновиранитепростории на Рекреативниот центар„Катланово“ што се наоѓа во Бањскиоткомплекс „Катланово“, а е во сопственост наСојузот на здруженијата на пензионеритена град Скопје. Реновирањето на овој комплексе резултат на потпишаната Спогодбаза соработка во повеќе области меѓу ГрадотСкопје и Сојузот на здруженијата на пензионеритена град Скопје (СЗП).- Градот Скопје, минатата година прекупотпишување на Спогодбата за меѓусебнасоработка со Сојузот на здруженија напензионерите на град Скопје ја официјализирашезаложбата да им се помага на пензионеритево унапредувањето на културниот,рекреативниот, спортскиот и едукативниотживот, како и во остварувањето други социјални,пензиско-инвалидски и права одздравственото осигурување. Во 2011 годиназа реновирање на одморалиштето во РЦ„Катланово“ Градот Скопје од Буџетот одвои350 000 денари, а идната година на сметкатана СЗП ќе бидат префрлени дополнителни500 000 денари, со коишто ќе продолжипроцесот на оспособување на просториитеза рекреација на пензионерите - рече градоначалникотТрајановски.Градоначалникот Трајановски ја искористипосетата на одморалиштето воКатланово за да се запознае со 11-те новипретседатели на скопските здруженија напензионери, избрани на последните пензионерскиизбори.Претседателот на СЗП, Крсте Андоновски,истакна дека досега се реновиранидел од просториите во одморалиштето, односново ходниците на првиот и на вториоткат се поставени плочки, а се реновирани итоалетите на првиот кат.- Откако постои нашето здружение,ова е првпат да добиеме средства за реновирањена одморалиштето каде што честопрестојуваме - потенцира Андоновски.Центарот за одмор и рекреацијае изграден пред 30 години и се наоѓа воБањскиот комплекс – Катланово. Има капацитетод 60 легла во 30 соби и овозможуваудобно и корисно рекреирање и одмор запензионерите. Во Центарот пензионеритеможат да користат бањски и медицинскиуслуги коишто ги нуди Катлановска Бања.Во Скопје има околу 80 000 пензионери коиштосе членови на општински здруженија,а сите припаѓаат на Градскиот сојуз на пензионери.ЗАЗЕЛЕНИБУЛЕВАРОТАЛЕКСАНДАРМАКЕДОНСКИСтраничното зеленилоод двете страни на булеваротАлександар Македонскиво Автокоманда минатиотмесец беше целосно реконструирано.Дотраенотозеленило беше отстрането,а на новата хумусна земјенаподлога беше засеана трева.Како дел од реконструкцијатана зеленитепојаси на овој потег, поставенае и комплетно нова хидрантскамрежа.


20 |„ПОЈАДОК НАМОСТ“ 2011Над 2 000 граѓани на 18 септември појадуваа и седружеа на Камениот мост во рамките на манифестацијата„Појадок на мост“ што годинава се одржа по вторпат. ГрадотСкопје ја организира оваа манифестација во чест на МалаБогородица, заштитничката на Скопје.- Ми претставува задоволство што гледам дека овааманифестација е прифатена од граѓаните и што годинава Веима во поголем број. Овој заеднички појадок, на симболотна градот Скопје, Камениот мост, е доказ за сплотеноста намакедонскиот народ со сите националности коишто живеатна овие простори - истакна градоначалникот Коце Трајановски.Присутните гости на мостот и годинава ги послужувааучениците од средното угостителско училиште „Лазар Танев“.Манифестацијата „Појадок на мост“ беше поддржанаод голем број донатори, ресторани, пекари, супермаркети,како и производители и увозници на храна и пијалаци коиштодонираа свои производи специјално за овој настан.Настанот беше збогатен и со настапи на поголем бројулични музичари.


ноември 2011 | 21„ЗВУЦИТЕ НАЧАРШИЈАТА“ 2011Kонцертите на класична музика,фолклорните настапи на реномирани културно– уметнички друштва, оркестрите нанародна музика, создавањето уметничкидела и ориенталниот танц беа само дел одсодржините што на скопјани им ги понудитрадиционалната културна манифестација„Звуците на чаршијата“, којашто се одржана <strong>22</strong> септември на неколку локации во Старатаскопска чаршија.Оваа манифестацијакојашто годинавапо шести пат сеоддржа во срцето наСтарата скопска чаршија,во организацијана Културно информативниотцентар, имаза цел со својот мултикултурени мултимедијаленкарактер да јаафирмира и анимираЧаршијата и да дадедополнителен импулсза нејзино културнореанимирање прекуотворање на портитена уметноста, кретивностаи на забавата.


<strong>22</strong> |СЕ ОДРЖА БЕЛА НОЌ 007Повеќе од 70 настани, разни изложби,концерти, филмски проекции, промоции, какои мултимедијалниот спектакл на акробатскатаатракција на светски познатиот состав GRUPOPUJA ја одбележаа најдолгата културна ноќ воСкопје - „Бела ноќ 007“ којашто се одржа на 17септември.Годинава, на повеќе локации низ градотсе прикажуваа филмски проекции. Во Градскотокино „Милениум“ имаше целодневен филмскимаратон, а проекции на отворено на огромноплатно беа прикажувани и во Градскиотпарк. Вљубениците во фотографијата имааможност да ја погледнат изложбата „Counterphotography“ на единаесетмина современијапонски уметници во Музејот на Град Скопје,а годинава за првпат имаше и организиранавелосипедска туристичка обиколка на културно-историскитезнаменитости во градот сотуристички водич.Белата ноќ беше исполнета и со големброј музички настапи. На повеќе локациископјани ги забавуваа улични изведувачи. ВоМКЦ се одржа целовечерна забава посветенана музичарот Дејвид Боуви, а пред платото наКИЦ концерт одржаа составите „Silicon carne”(Дижон, Франција), „Фонија” (Скопје) и „Theglasses” (Приштина).Во рамките на „Бела ноќ“ традиционалносе одржа Streetball кошаркарски натпревар,меѓу мешани кошаркарски екипи од среднитеучилишта на Град Скопје.


ноември 2011 | 23МОТ ИСПИША УШТЕЕДНА СТРАНИЦА ОДНАШАТА ТЕАТАРСКАИСТОРИЈАМеѓународниот театарски фестивал„Млад отворен театар“ годинава бешекомплетно распродаден. На 36-то изданиена МОТ, за 9-те претстави од интернационалниотдел на фестивалот, 9-те домашнипретстави, 3-те концерти, 2 промоции накниги и една инсталација се бараше и билети место повеќе. И годинава селектор напрограмата на фестивалот „МОТ 007“, штосе одржуваше од 21-28 септември, бешемакедонскиот режисер Дејан Пројковски.Фестивалот беше отворен со театарскатапретстава Турбо Парадизо на TheaterKosztolanyi Deszo, унгарски театар што работиво Суботица, Србија. Преостанатите 8странски претстави беа: Чекална од Farmin the Cave Theatre, Чешка; Брехт – ХардкорМашина од Theater Kosztolanyi Deszo, Србија;Злосторство и казна од Mladinsko Theatre,Словенија; Последниот танц на Нижинскиод Mladinsko Theatre, Словенија; Медеја одTheatre Studio Eski Masjid, Узбекистан; ГосподаГлембаеви од Theatre Atelje 212, Србија;Надеж, монодрама на Петар Милошевскиод Лондон и победничката претстава Ромеои Јулија од OKT-Vilnius City, Литванија.Звукот на коските што се кршат од Театратеатар; Брод за кукли од Wonderland театар;Љубовницата/The Mistress од Intimateтеатар, Метаморфози од Охридски театар;Класен Непријател од Wonderland театар;Роберто Зуко од 11-мина театар; Слугинкиод No Name театар; Јас, Љубам, Бог од БуденТеатар и Неверство од ЦК театар, беа деветтемакедонски претстави што ја збогатијасодржината на фестивалот.Жирито на фестивалот беше во составАлександра Бошковска, Ѕвезда Ангеловскаи Љубиша Никодиновски Биш. За најдобрапретстава од независните театри е избранаБрод за Кукли на Нела Витошевиќ од Вондерлендтеатарот, а победничката театарскапродукција, според гласовите на публиката,модерната верзија на Ромео и Јулијана литванскиот театар OKT-Vilnius City, добинаграда од 200 000 денари за продукција нанова претстава, што својата премиера ќе јадоживее на следното издание на МОТ.Во рамките на фестивалот се одржааи две промоции на книги „Театарот на движење“од Јозеф Наѓ и „0,1-Краток вовед вовечноста“ на Златко Славенски. На отворањетона фестивалот настапија легендите наамериканскиот арт рок Tuxedomoon, а вонаредните вечери настапија домашните LaColonie Volvox со гостинот Теодосиј Спасов иБиоскопија.Странските претстави се одржувааво МОБ, Кино Фросина, МНТ и во Драмскитеатар, независните театри ги играа своитепретстави во неконвенционални просторикако клубови, дискотеки, кабареа и фоајеана културни установи. Покровителина Млад отворен театар традиционално сеГрадот Скопје и Министерството за култура,а програмата ја реализира Младинскиоткултурен центар.


24 |ДЕТСКАТА МАНИФЕСТАЦИЈА „ОРО БЕЗ ГРАНИЦИ“ НАПОЛНИ 20 ГОДИНИОд 23 до 25 септември скопјани имааможност да уживаат во народните песни,музиката, танцот и раскошните носии сокои се претставија децата од Полска, Турција,Бугарија, Србија, Босна и Херцеговинаи од Македонија како дел од најмасовниоти најстар детски фестивал во земјава, „Оробез граници“. Фестивалот е во организацијана Детскиот културен центар „Карпош“ и годинаваго слави 20-годишниот јубилеј.Овој фестивал со своето долгого-дишно постоење зазема значајно местово културниот мозаик на нашиот град.-Овие млади луѓе ни упатуваат благороднии хумани пораки за градење мостовина пријателство, разбирање и почитувањемеѓу народите. Тие се пример како треба даградиме свет во којшто толеранцијата, творештвотои протокот на идеи и луѓе требада бидат основните принципи врз кои штомора да почива човештвото. Токму овиеуниверзални пораки кои што ги испраќа инегува Меѓународниот детски фолклоренфестивал „Оро без граници“ се основнатаидеја на неговото долгогодишно постоењеи успешност - истакна градоначалникотКоце Трајановски на отворањето на фестивалот.Во изминативе 20 години од организацијатана фестивалот „Оро без граници“Скопје и Македонија биле домаќини наповеќе илјади странски и домашни гости идеца – играорци.Во чест на Тоше ПроескиУЛТРАМАРАТОНЦИТЕ ПРИСТИГНАА И ВО СКОПЈЕОсумнаесетте македонски атлетичаришто учествуваа во традиционалниот ултрамаратонво чест на Тодор Проески-Тошена 15 октомври пристигнаа и во Скопје, а наплоштадот „Македонија“ ги пречека градоначалникот,Коце Трајановски.Трасата што ја трчаат ултрамаратонцитее во должина од 1.100 километриод Нова Градишка, Хрватска, местото нанесреќата каде што загина Тоше, прекуБелград каде што традиционално се среќаваатсо фановите на Тоше од Србија, низСкопје до неговото родно Крушево. Овојултрамаратон се реализира на иницијативана Фондацијата „Тоше Проески“, а се одржуватрадиционално секоја година.


Тереза Кесовија, Игор Џамбазов,Каролина Гочева, Ансамблот за народниигри и песни на Македонија „Танец“, ВиолетаТомовска и Калиопи беа само дел одврвните уметници коишто на 26 октомвриво Универзалната сала ги одбележаа 45-те години постоење на оваа Јавна установаод областа на културата на Град Скопје.Манифестацијата по повод 45-от роденденсе одржуваше под мотото „Универзална тогаш,сега и засекогаш“, а присутните имааи можност да го гледаат документарниотфилм снимен по повод овој јубилеј.Непосредно по катастрофалниотземјотрес во Скопје, во 1963 година, почнатае изградбата на Универзална сала, какотрајно одбележување на хуманата акцијана дарителите од странство. ОфицијалноУниверзална сала почна да работи на 1јануари Секој 1966 петок година. и сабота Извонредните на плоштадот сценски„Македонија“ и капацитетни скопјани услови, имаат заедно можност со сите дапридружни уживаат во настапите функции на децата објектот членови и амфитеатралнатасекциите Детскиот поставеност културен на гледалиштетоцентар „Кар-наовозможуваат пош“, како и во оптимални настапите на услови магионичари, публикатакуклари, да ја следи пантомимичари, реализацијата деца на од концертитена класична, забавна, фолклорна, етно,градин-блуз и џез музика, поетски манифестации,драмски претстави, модни ревии, презентации,конгреси, советувања, трибини,спортски манифестации и други приредби.Малата сцена со капацитет до 300 седишта,комплетно акустички решена, овозможувареализација на камерни претстави, кон-ките и училиштата и многубројни гости одземјава и од странство. Мултимедијалниотпроект насловен како „ВЕСЕЛ ПЛОШТАД НАЗАЈДИСОНЦЕ“ се реализира еден час предстемнување (од 19 до 20 часот). Детскиоткултурен центар „Карпош“ и „Универзалнацерти на сериозна и џез музика. Сценскиотпростор со којшто располага салата овозможуваповеќе варијанти на користење насцената со вкупна површина од 400 квадратниметри.Универзална сала располага со: гледалиштесо капацитет од 1500 седишта,комплетно озвучување, светлосен парк,ноември 2011 | 25УНИВЕРЗАЛНА САЛА ГО ПРОСЛАВИ 45-ОТ РОДЕНДЕНсала“, како јавни институции од областана културата во коишто работат и творатголемброј музички, театарски и танчарскигрупи, овој проект го реализираат на иницијативана градоначалникот на Град Скопје,можност Коце Трајановски.за аудио и видеозапис, концертени полуконцертен клавир, простор заоркестрација, комплетни сценографскирешенија, изложбен простор. Во Универзалнатасала се одржани над 5000 настаниод различни жанрови, на сцената продефилиралеоколу 50 000 домашни и странскиуметници, а присуствувале над 7 милионипосетители.


26 |ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ВИНСКИ ФЕСТИВАЛНа повеќе локации во центарот на градот17 МОДЕРНИ ТУРИСТИЧКИ ПАНОАГрадот Скопје постави 17 двостранирекламни паноа, тип City light витрини, со34 тродимензионални туристички мапи накоишто се прикажани најзначајните меставо нашиот град. Мапите се тројазични (намакедонски, албански и на англиски јазик)и содржат приказ на регионот со легенди иинформации за важните институции и другиобележја значајни за градот Скопје.Билбордите се поставени на различнилокации во централното градско подрачјеза да им помогнат на се побројнитетуристи полесно да се движат, и подоброда ја спознаат македонската метропола.Тродимензионалните 34 туристичкимапи се изработени со печат на хартија совисоки стандарди, отпорни на сонце и надворешнивлијанија, односно со UV заштита.Многубројните посетители на петтиотпо ред Интернационален винскифестивал „Вино-Скоп 2011“ што се одржувашеод 5 до 9 октомври на плоштадот„Македонија“ имаа можност да дегустираатвина од 30-тина домашни и странскивинарии и да уживаат во богатата музичкапрограма.- Традиционално, по петти пат,Градот Скопје дава придонес за промоцијаи афирмација на традиционалнотомакедонско вино, како пред домашните,така и пред странските посетители, а соединувањетона традицијата и иновацијатаво винарството со искрена љубов запроизводството на вино овозможува дасе оствари крајната цел - производствона квалитетно вино со најдобра вредностза секој купувач - рече градоначалникотКоце Трајановски, на отворањето нафестивалот.


ноември 2011 | 27„ВИНО-СКОП 2011“ФЕСТИВАЛ НА ОРГАНСКА ХРАНАПод мотото „ОД ПРИРОДАТА ЗА МЕНЕ“на 29 октомври на плоштадот „Македонија“се одржа првиот Фестивал на органска храна.Целта на манифестацијата беше да гонагласи огромното значење на природните,органски производи за унапредување наздравјето на сегашните и на идните генерации,но и за одржување на биодиверзитетот.Продажбата на сите производи нафестивалската територија се вршеше искучивосо таканаречените “Вински денари”(бонови), што се продаваа на определенитепунктови, а љубителите на овој пијалакна вистината можеа да купат и специјалноиспечатени чаши со грбот на фестивалот вопескарено стакло. Фестивалот „Вино-Скоп2011“ се реализира на иницијатива и подпокровителство на Град Скопје, а струченорганизатор е друштвото за угостителствои трговија „OLD GRIPS PUB“ Д.О.О. Скопје.На еднодневниот фестивал се претставија 30-тинапроизводители на органска храна од земјава и регионот,коишто обезбедија вкусна, природна, органскахрана за дегустација. Манифестацијата е во организацијана Град Скопје и на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, а во соработка соФедерацијата на производители на органски производина Македонија.


28 |ТЕКСТ ЦЕНТРАЛНО:есплатно користење компјутери, интернет, простор за одржување обуки и семинари за НВОСЕ ИЗБИРА НАЈДОБРИОТ УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ во СКОПЈЕГрадот Скопје ја продолжува традицијатаи по четврти пат во соработкасо агенцијата SWOT Research избираат„Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите“.За реализација на овој проектсе избрани 50 ресторани и 50 гостилницина територијата на Скопје, а локалитеќе ги оценуваат 300 посетители, таканареченинезависни и објективни тајникупувачи.Реализацијата на проектот, којаштое во тек, ќе се одвива во неколку фази испоред однапред одредени критериуми: првконтакт со гостите, изглед на просторијата,услуга на келнерите, квалитет на храната изавршен контакт со гостите. Врз основа надобиените резултати од истражувањето,ќе се изберат три најдобри ресторани и тринајдобри гостилници коишто постигналенајвисок вкупен резултат на испитанитеелементи на услугата. На најдобрите ќе имбиде доделено јавно признание во формаДенови на занаетчиството 2011ПРИЗНАНИЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТТРАЈАНОВСКИВо рамките на Деновите на занаетчиството во РепубликаМакедонија 2011 на 30 септември Занаетчиската комора наСкопје на градоначалникот Коце Трајановски му додели плакетаза подобрување на севкупните услови за развој и унапредувањена занаетчиството.- Занаетите во градот Скопје се развивале низ векови иго достигнувале своето совршенство, оставајќи во наследствотрајни вредности. Со отварањето на работилници и центри заобука, во коишто ќе се изучуваат занаетите, и во иднина ќе сеизработуваат производи што ќе бидат спој меѓу старото, традиционалнотои современото - изјави градоначалникот Трајановскина отварањето на манифестацијата „Занаетчиството иградот Скопје низ минатото и сегашноста“.Градоначалникот Трајановски потсети на проектите наГрад Скопје за развој и унапредување на занаетчиството, какошто се: Формирање полигон на центри за обука, Центарот закреативни индустрии - Скопје, Град на древните занаети, Градна ракотворците, уметниците и занаетчиите, Звуците на чаршијата,Пролетен и новогодишен базар, Најдобар угостителскиобјект меѓу најдобрите, Гурмански викенд во Скопје, Фестивална виното, Интернационална Тортијада, Фестивал на органскахрана и Месец на трговијата.на плакета, што ќе им ги врачи градоначалникотна Град Скопје, Коце Трајановски.Овој проект се спроведува веќе четиригодини по ред и се повеќе го буди интересоти кај угостителите, но и кај јавноста. Целта напроектот е да се разбуди свеста кај угостителитеи кај граѓаните за важноста на квалитетотна услугата, односно односот со клиентите воугостителската дејност, како и да се подигнеопштото ниво на квалитет во угостителскитеобјекти на територијата на градот.


ноември 2011 | 29ЛОКАЦИЈА:Младински културенцентар – МКЦI каттел: 02/ 3 <strong>22</strong>2 106e-mail:nvocentar@skopje.gov.mkБесплатно користење компјутери,интернет, простор за одржувањеобуки и семинари за НВОwww.skopje.gov.mk/nvoБесплатен Портал завашите информацииПОЗНАТИ ДОБИТНИЦИТЕ НА НАГРАДАТА „13 НОЕМВРИ“ ЗА 2011 ГОДИНАОдборот за доделување на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за 2011 година одлучи престижната награда за поединции група творци да им ја додели на:- Од областа на науката - д-р Никита Шекутковски- Од областа на образованието и воспитувањето - проф.д-р Љубинка Басотова- Од областа на уметноста - Бојку Фејзи и Димитар Масевски- Од областа на публицистиката - Борис Поп Ѓорчев- Од областа на спортот - Бошко Заборски- Од областа на хуманитарната активност - Александар Јаневски- Од областа на стопанството - Мичо ПоповскиНаградата „13 Ноември“ на Град Скопје во 2011 година за правни лица ја доби Здружението „Центар за истражување иинформирање за животната средина „Еко-Свест“, а Иван Антоновски, Таско Смилески и Александар Степановски се годинешнивеученици и студенти, добитници на оваа позната градска награда.Наградите на годинешниве добитници ќе им бидат врачени на свечената манифестација што традиционално се одржувана Денот на ослободувањето на Скопје.


30 |Одбележан Меѓународниот ден без автомобили, <strong>22</strong> СептемвриЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ И ВО СКОПЈЕГрадот Скопје активно го одбележаМеѓународниот ден без автомобили, <strong>22</strong>Септември и ги заокружи активностите штосе организираа по повод Европската неделана мобилност 2011 (од 16 до <strong>22</strong> септември).Дефилето на пешаци и велосипедисти на <strong>22</strong>септември почна напладне од фонтаната„Лотосов цвет“ во Градскиот парк и се движешепо улиците низ центарот на градот доцелта на плоштадот „Македонија“.- Годинава Градот Скопје се придружина големото семејство европски градовикоишто секоја година ја организираатнајраширената кампања за одржлива мобилност– Европската недела на мобилноство којашто членуваат и се активни неколкуилјади градови од Европа со над <strong>22</strong>0 милионижители. Мотото на годинешната недела„Алтернативна мобилност“ упатува наамбициозните цели што Европската унијаги постави пред земјите членки, а коиштотреба да се исполнат до 2020 година. Тие сеоднесуваат на намалување на емисијатана стакленичките гасови, зголемување наенергетската ефикасност и поголемо користењена обновливи извори на енергија.Градот Скопје е најподготвен за учество воваква голема манифестација и има со штода се претстави пред европската јавност.Тука,пред се, мислам на големите позитивнипромени во јавниот автобуски превоз,како што се набавените нови 149 автобуси,новата автобуска линија до Средно Водно,проектот за обновување на сите 290автобуски стојалишта, воведените дотацииза учениците, бесплатниот превоз за пензионеритеи друго. Моторите на автобуситесе со стандарди ЕУРО 4 и ЕУРО 5 со што директновлијаеме врз квалитетот на возду-


ноември 2011 | 31хот во градот. Посебен придонес за заштитана животната средина има и жичницата доМилениумскиот крст – објаснува градоначалникотТрајановски.Градот Скопје во изминатиов периодинтензивно работи на подобрување на условитево градот за користење велосипед.- Со особено задоволство го истакнувамангажманот на Град Скопје во создаденитеможности за организиран превозна лицата со хендикеп, коишто беа дел оддефилето и на кои им беа посветени активностиво еден од деновите на Европскатанедела на мобилност, под мотото „И јассе движам без автомобил, ако ми дадешможност“. Ги повикувам граѓаните да гокористат јавниот превоз и да го прифататмотото „Во град без мојот автомобил“, сошто ќе дадат личен придонес во заштитатана животната средина – додава градоначалникотТрајановски.Во рамките на седумте дена од Европскатанедела на мобилност Градот Скопјеорганизираше голем број активностикоишто беа во функција на промоција најавниот превоз, на велосипедскиот превоз,се промовираа можностите за дневен туризамво заштитените природни локалитети,се образуваа младите и им се делеа советиод областа на здравото живеење, сообраќајоти велосипедизмот, се зборувашеза влијанието на сообраќајот врз животнатасредина, за енергетската потрошувачка вообласта на сообраќајот, односно за мож-ностите за постигнување енергетска ефикасноство сообраќајот, за активностите зазаштита на озонската обвивка, за помошна лицата со потешкотии во движењето имногу други активности.Во текот на шест дена од неделата намобилност беа поделени 1 000 наградникупони на возачите на моторни возила забесплатен превоз во градските автобуси на<strong>22</strong> септември. Пополнетите наградни купониучествуваа во наградна игра во којаштобеа доделени пет велосипеди, 50 блок-картисо десет бесплатни возења во автобуситена ЈСП, како и 100 награди - карти за целодневнобесплатно користење на велосипедитешто се изнајмуваат на пунктовите завелосипеди.„СКОПЈЕ“ИНФОРМАТИВНО ГЛАСИЛОНА ГРАД СКОПЈЕПрвиот број на информативнотогласило „Скопје“ излезе на10 декември 2008Главен и одговорен уредникНеделчо КрстевскиРедакцијаОдделение за односисо јавност на Град СкопјеУредник на фотографијаРадомир Јовановиќ-РацоЛекторЛидија АнтоновскаИЗДАВА ГРАД СКОПЈЕза издавачотГрадоначалникКоце ТрајановскиБулевар Илинден ббТелефони02 3297 255меил-адресаgragjani@skopje.gov.mkДизајнНАМПРЕС - СкопјеПечатиНАМПРЕС - Скопје


32 |Мост „Гоце Делчев“

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!