12.07.2015 Views

Број 30 26.07.2013 - Град Скопје

Број 30 26.07.2013 - Град Скопје

Број 30 26.07.2013 - Град Скопје

SHOW MORE
SHOW LESS
  • No tags were found...

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

земјотресотјули 2013 | 5


6 |Скопје се се ќава...КАДЕ ЌЕ ЖИВЕЕМЕ СЕГА КОГАНЕМАМЕ ГРАД?Лазар ДракулТивко јулско утро. Атмосфератаво патничкиот авионшто леташе на релација Атина -Париз беше вообичаена. Пилототги проверуваше координатитена летот уште еднаш, иакосе то тоа и на сон го зна е ше.Веќе наближуваше кон Скопје.На радиостаницата почна да јабара фреквенцијата за да ја чуеконтролата на летање задолженаза ле то ви те над о вој дел наМакедонија. Во слушалките допирашесамо некакво шуштење.Тоа мал ку го збу ну ва ше, нознаеше дека и техниката знаепонекогаш да затаи.- Контрола на летање, далисе слушаме, прием?Од таму повторно шуштење.Се обиде уште еднаш,но исходот беше ист. Никаковконтакт. Копилотот ја повториис та та пос тап ка, но и тој не успеада оствари контакт. Пилототфрли поглед на часовникоти забележа дека е точно 5 часоти 17 минути, а потоа погледнаниз про зо ре цот и она што гови де до лу му го зе ма зди вот.- Менувај ја фреквенцијата,ов де неш то се слу чу ва! - мувикна на копилотот.- Контрола на летање,според моите пресметки требада се на о ѓа ме над Скоп је, нодолу гледаме само некаква прашина.Скопје го нема, можетели да ни ка же те што се слу чу ва,прием ?Ова беше прва информацијашто допре во светскатајав ност во мо ментот на го лематакатастрофа што го погодиСкопје. Вака ја започнува својатаприказнаЛа зар М. Дракул,писател,дол го го ди шенновинар и фоторепортерна„И лус тро ва наполитика", сведоки учесникво спасувањетона граѓанитекои во првиотмо мент по земјотресотна 26јули 1963 годинасе најдоа под урнатините.ЛИЧНАТА ПРИКАЗНА„Во таа трагедија најлошобе ше што во гра дот не ма шемногу млади луѓе што можеа дапомогнат по првиот удар . Тогашрет ко кој о де ше во Ох рид,Преспа или Дојран, туку повеќетоодеа по селата и градовитево внатрешноста. Во тој период,сеуште беа живи селата. Скопјето гаш бе ше пус то и праз но. Воградот останаа само тие што немаше ка де да о дат. Е ден од нивбев и јас. Живеев на улицатаОрце Николов. Во 1962 годинасе случи поплавата, а пролетта1963 го ди на Скоп је го по годислаб зем јот рес од кој пад на аоџаците на многу куќи. Но, тојземјотрес бргу го заборавивмебидејќи поплавата предизвикапоплавување на приземјата наобјектите, па зимата и пролеттасите беа ангажирани со сушењена душемињата и покуќнинаташто скапуваше од водата, такашто многу не му придадовмеваж ност на тој знак. Ден предкатастрофалниот земјотрес,ништо не наговестуваше декаќе се случи најголемата трагедијана нашиот град.Првиот знак кај менесе јави околу 4 часот наутро.Имено, во блиското соседствоимаше едно врзано куче коепостојано лаеше, обидувајќисе дури да го искине синџиротсо кој бе ше вр за но. Тоа ми бешемалку невообичаено, заштодотогаш кучето никогашне беше агресивно. Излеговво дво рот да про ве рам што се


8 |ни во големи кошови"– се сеќаваДракул.СРЕДБАТА СО ТИТО„Тито уште наредниотден го посети Скопје со својатаделегација, а средбата со негоми остави голем впечаток. Вовреме кога беше потребна исклучителнахраброст да му сеобратиш на таков великан, јассе осмелив да проговорам и муреков:- Дру же, да ли мо же нештода ве пра шам? – и зус тев.- Прашајте слободно друже!– ми од го во ри тој.- Каде ќе живееме сега когане ма ме град? – пра шав низсолзи.- Не мој те да се гри жите.Јас уш те де нес ка ко га ќе севра там во Бел град ќе о ти дам воградското собрание и ќе упатама пел за по мош на Скоп је,а утре ќе повикам да помогнати си те дру ги др жа ви – ми од говоритој.Животот во прифатилиштатапод шаторите почнада се одвива, колку-толку,нормално. Секоја средба меѓулуѓето започнуваше со прашување то да ли се си те жи ви, а потоасе друго. По извесно времепристигна голема воена единицаод СССР, но сеј ќи со се бе иогромна механизација. Руситезапочнаа со расчистувањетона урнатините кај поранеш ни отп л о ш т а д„Сло бо да“,вадејќи тулапо ту лаод купиштата шут.Гра ѓа ни тене го разбираанивниотметодна работа, сметајќи дека такасе губи драгоцено време. Но, наовој начин, од под урнатинитебеа извлечени уште преживеани.Исклучително силен впечатокми остави средбата со тогашниотпретседател на КП наСССР Никита Хрушчов. Стоевво неврзан муабет со управникотна прифатилиштето воГрадскиот парк. Одеднаш преднас запре автомобил, без никакванајава, ниту пак обезбедување,и од него излезе НикитаХрушчов.- Здравствујте товариши!Како сте?Во првиот момент останавместаписани пред лидеротна најголемата држава во светот,но бр зо се со зе мав ме и муодговоривме дека сме добри.Тој не од ме ри, мал ку се нас мевнаи не по ви ка да го прид ружувамево неговата посета напри фа тилиште то.Хруш човуште еднашдојдево Скопје,нопо доцнабешесменет одсво ја тафун кција",раскажува Дракул.„По извесно време Скопјепочнаа да го посетуваат имногу други светски делегации,новинари, патници-намерници.Градот полека почнада се прет во ра во ог ром но градилиште,каде што од пепелотна урнатините почнаа да никнуваатнови објекти. Беа изграденицели населби со монтажнибараки, во кои скопјанипочнаа да се сместуваат и повторносе врати животот онамукаде што природната стихијаза миг го зап ре. Многуброј ни теработни акции само го забрзаарастот на нашиот главен град,а кобниот 26 јули 1963 годинаостанува како датум паметникза сите генерации минати и идни",ја завршува својата приказнаЛазар М. Дракул, херојотна де нот во вре ме то ко га за дасе би де хе рој, тре ба ло да се имавис тин ско ср це... Хе рој кој заслужуваголема благодарност!„5 и 17"Своите сеќавања за земјотресот,Дракул ги сместилво ро ма нот „5 и 17", пр во то иединствено прозно дело за кобниот зем јот рес. Во не го, на автентиченначин се опишуваатнастаните и судбините чиј сведокбил тој, а глав ни ли ко ви сеедна старица и дете.


јули 2013 | 9Кирил Спасовски„Ме разбуди тресење.Несвесен што се случува, гослуш нав брат ми ка ко ви ка„скокај низ прозорецот, брзоскокај низ прозорецот!!“ Живеевмево куќа во населбатаКи се ла Во да. Мај ка ми во паникасамо вика „деца, деца.“без можност нешто конкретнода нап ра ви, да ни да де со вет.Надвор соседи во пижами, избезумени,во паника. Од центарот на гра дот кон Ки се ла водасе движеше огромен облакод прав. Земјата се уш те се тресеше,луѓето панично викаа...Земјотрес, земјотрес!!! Катастрофа!И мав 17 го ди ни, бев уплашен,збунет, вознемирен. Но,немав време да се занимавамсо се бе, бев заг риженза роднините,другарите... каде се,дали се добри, далине кој од нив е повреден.Се надевавдека сите се добри!Го земав велосипедоти тргнав дави дам што се слу чилосо моите родниникои тогаш живејаво Ча ир . По пат ситебрзаат, урнатини,паднати дуќани,преполовени згради.Моите родниниЗЕМЈОТРЕС, ЗЕМЈОТРЕС!!!КАТАСТРОФА!за сре ќа беа жи ви и здра ви, ноистовремено ме информираадека најголеми штети се направениво центарот на Скопје,каде што живееја неколку моидругари. До ден-денес се сеќавамка ко на глас ги из го ва равнивните имиња, стравувајќи занив и за нив ни те жи во ти. Глеткатабеше ужасна, не можев ине са кав да ве ру вам во она штого гледам! На денешната улицаМакедонија беше урната зградаво која живееше мојот школскидругар , Зоран Јашмак, којбеше затрупан во урнатините.Му го слуш нав гла сот. Мно гулуѓе беа насобрани на местото,ка де што од под не кол ку ре дицибетон слушавме како барапомош. Со голи раце се обидувавмеда ги отстраниме малкупо малку купиштата бетон, нонаеднаш се слушна силен звук,бетонот се лизгаше, а гласот намојот другар го снема.Ништо не можевме дасториме. Следната година когатргнавме на училиште, тој иСмиља Симиќ не се појавија научилиште, ни кажаа дека починалепод урнатините.Луѓето не запреа, помошбеше потребна насекаде. Продолживсо велосипедот конКарпош, попат ме запре еденчовек кој копаше под урнатините,„момче застани те молам“ми рече. Неговата мајкабеше под урнатините, а тој сеобидуваше да крене една плочапод ко ја се на о ѓа ше таа. Тој јакреваше плочата, а јас ја влечевжената, давајќи се од себе, нонекако ја излековме. Се тресевод у мор и воз бу да, но на крајбев среќен. Жената офкаше,незнам дали имаше посериозниповреди, но беше безбедна.Тој ден ова бе ше честа слика воСкопје. Луѓето се помагаа, сегрижеа едни за други...Спиевме на ќебиња, вошатори, учествувавме во акции...сакавме да го расчистименашето Скопје.“(Раскажува Кирил Спасовски.денес 67 годишен пензионер )


10 |Скопје се сеќава...ПРВИОТ НОВИНАРСКИИЗВЕШТАЈ ОД РАЗУРНАТИОТ ГРАД„Утринава во 5:15 часотземјотрес со катастрофалниразмери и ураганска силаго разурна поголемиот дел одглавниот град на Македонија,Скопје. Три силни потреси, одкои пр ви от во 5:17, а пос лед ниотво 5:43 ча сот, го прет во ри јао вој у бав град на бре гот на рекатаВардар во застрашувачкаглетка на рушевини и пустош“– со овие зборови новинаротЈован Поповски го започнувапрвиот новинарски извештајсо кој му ја ви на све тот за разурнувачкиотземјотрес што госрам ни со зем ја Скоп је на 26 јули1963 година.Тоа коб но јул ско ут ро во5 часот и 17 минути живототна Скопје и на неговите жителизасекогаш се промени. Страотнитеслики од разурнатитезгради и куќи, жртвите затрупанипод урнатините и луѓетокои мо лат за по мош, хо ророти у жасот на у ли ци те на Скопјезасекогаш ќе останат запамете ни на тој пе ко лен ден. Вотие мо мен ти важ но би ло да сереагира брзо и трезвено. Некојтре ба ло да ја пре не се вестаза нес ре ќа та што ги снај дескопјани. Морало да се побарапомош. Новинарската легендаЈован Поповски е првиот којќе ја пренесе веста за разорниотзем јот рес што го по го ди нашиот град. Вес та ја ис пра ќа насрпскиот весник „Политика“,ис то то ут ро, во 6 ча сот и <strong>30</strong> минути.Немајќи друга можност,тој се качил на една телефонскабан де ра крај ке јот на Вар дар ипомогнат од поштарот кој воспоставилврска со Белград, горапортирал првиот извештај.Бидејќи немал подготвен текст,Поповски ги искористил довикувањатана граѓаните коисе соб ра ле о ко лу не го и му гиноселе вестите за градот кој самошто исчезнал пред нивнитеочи.Не му би ло теш ко неколкучаса да остане качен набандерата и да пренесува новивести, кои потоа се ширеле низсве тот. Со о вој чин све тот бр зодознал за несреќата, и се успеалопобр зо да се соз да дат можностиза да се покаже интернационалнасолидарност.Веднаш откако веста заоваа катастрофа го обиколиласветот, меѓународната заедницапокренала огромна акција запо мош, во раз ме ри речиси невиденидотогаш.Се вратил оптимизмот ина деж та на о вој град, а соб раниоти обединет свет со неизмернаверба и љубов помагалво градењето на новото Скопје,кое стана симбол на човековатапожртвуваност, хуманост и солидарност.


јули 2013 | 11КАКО ЈА ВОСПОСТАВИВМЕ ПРВАТАТЕЛЕФОНСКА ЛИНИЈАТоме Николовски„Ут ро то на 26 ју ли 1963година од земјотресот сериознобеше оштетена и скопскатапошта. Како раководител натогашниот оддел за телекомуникации,меѓу првите се најдовпред објектот кој во ваквитеситуации беше од исклучителнаваж ност. Тоа бе ше глав натапош та и од неа за ви се а си теконтакти кои можевме да гивоспоставиме со градовите воМакедонија, поранешна Југослави ја, но и со све тот.На Скопје му требашеит на по мош од се ка ков вид иколку подолго траеше неговатаизолираност од неговотопоблиско и подалечно опкружување,толку беше полошо.Зашто, практично, сите што сенаоѓавме во градот, на еден илидруг начин, бевме настрадании загрозени: потребна беше итнамедицинска помош, лекови,лекари, елементарно снабдувањесо храна и вода, евакуацијана граѓаните на сигурни засолништа,возила од секаков видбез кои не мо же ше да се за мислиефикасна комуникација неопход на во тој мо мент. Да, нокако да се воспостави комуникацијаво такви услови?Ние имавме меѓуградскацентрала која мораше да ја оспособиме,да ги извлечеме врските од згра ди те. Во тоа времефункционираше уште еднацентрала, за воени цели, со којание не мав ме врс ка, а ко ја најверојатноја инсталирале уштеГерманците за Втората светскавојна.Во тие пр ви ми го ви, гоповикав нашиот монтер кој истотака беше пристигнат, Јанкосо прекар Кметот, водњанец, исе до го во рив ме со не го и со другитеколеги да пронајде погоднабан де ра во бли зи на, а од неада се вос пос та ви врс ка со Белград,со помошта на телефон.Тоа беше обичен, индукторскителефон на вртење, нотој ни заврши големаработа. Јанко пронајдебандера во близината,се ис ка чи на неа, и долговреме работеше. Ниедолу со нетрпение очекував ме што ќе се случи.По извесно време,Јанко радосно ни соопштидека воспоставилврс ка со Бел град. Потоаспушти еден кабел,долу под бандерата, зада мо же по лес но да секомуницира. Таа врскапос лу жи за да мо жат дасе јавуваат новинаритеи да из вес тат за нес реќата. Прв на тоа мес тосе нај де и на ши от новинарЈован Поповски,дописник на белградска„Политика“, кој, како сега да гослушам, возбудено говореше:„Скопје е разурнато до темел,Скоп је ве ќе не пос то и“, и во таасмисла. Потоа, присуствуваа идруги новинари, од Загреб и оддругите југословенски градови.Бидејќи бевме пошта исите новинари доаѓаа кај нас,утредента оспособивме еднабарака во која тие се собираа.Помалку е познато дека по покана на гра дот Скоп је, кај наспрестојуваше еден од најголемитесветски експерти за телекомуникации,швеѓанецот ИнгвеРап“.(раскажува Томе Николовски,пензионер , поранешен раководителза телекомуникации во„Македонски пошти“)


12 |Скопје се сеќава...53 ЧАСА ПОД УРНАТИНИТЕДолго време по уривањетона хотелот „Македонија“ сеслушале гласови на преживеанитекои барале помош. Екипарудари од Југославија со натчовечкинапори трагале по преживеанитеи работеле на точнолоцирање на гласовите. Еденод спасувачите е и рударотСретен Рајковиќ од Костолац.Заедно со Слободан Пајковиќ,член на алпинистичка екипа,тој според бележењата на југословенскитеновинари, слеголво под ру мот на хо те лот во којсе урнале неколкуте катови одобјектот.Во целосен мрак, спа сителитесе служеле со батерискиламби. Во мракот, копајќи,наишле на потисната човечканога. Станувало збор за маж.Човекот бил жив, се слушаленеговите гласови. Низ отворотуспеале да оспособат пристапна дигалката. Човекот со згмеченанога лежел неподвижно итешко дишел.-Има ли жи ви? – пра шалнекој од спасителите.– Жи ви сме, ние сме ту ка- ре кол жен ски глас, на францускијазик.- И ма жот ми е ту ка, Белгијцисме.Спасувачите почналеуште позасилено да работат.Наскоро отворот бил толкуши рок, што же на та била изнесенана светлината на денот.Станувало збор за белгискатабрачна двојка, сопругата ЗизиЖакмер и нејзиниот маж ЖанЖакмер . Тие 53 часа се наоѓалепод урнатините на хотелот„Македонија“. И двајцата лежелево креветите, неподвижни.Бидејќи била помалкуповредена,таа пр ва би ла изнесенанадвор , натротоарот. Со тежокна пор им сенасмевнала на двајцатаспасители и сеонесвестила. Потоабила префрлена воболницата.Жан, кој лежелна кре ве тот сосмачкана нога, внимателного симналеод креветот прекриен со мал тер игреди и го извадиленадвор , на тротоарот, ка де што веќебила извлеченанеговата жена. Тојса мо им мав нал нанасобраните луѓе, извикувајќиедно големо „благодарам“. Иакотешко зборувал, успеал самода праша: „Каде се наоѓаме?Што е ова? Зем јот рес? Бом бардирање?Или вулкан?“Тој сме тал де ка би ле извадениод првиот кат, иако билепропаднати во подрумот одхотелот. Потоа, како и неговатажена претходно, со специјалновозило бил префрлен доимпровизираната болница подшатори. Во болницата биле подконтрола на словенечкиот лекард-р Драго Плешивичник.Жан Жак мар по професијабил биолог и заедно сосопругата дошол во Скопје и воМакедонија да ги проучува музејскитевредности и експонатиод неговата струка.


јули 2013 | 13ЖИВ СУМ,АКО ТРЕ БА И ТРИ ДЕ НА ЌЕ ЧЕ КАМПортирот на хотелот„Македонија“, Божо Стојановски,на чу ден на чин ус пе ал да гопреживее скопскиот земјотреси апокалипсата која го снашлаовој скопски хотел. Од работното мес то на кое се на о ѓал,тој, заедно со некои од гостите,пропаднал во подрумот. Споредзаписите на белградскитеизвестувачи, тој, барајќи помош,извикувал: „Спасете ме,жив сум, ако тре ба и три де наќе чекам“. Спасителите вложилеголеми напори за да дојдатдо него. Се додека го слушаленеговиот глас, постоела надежза негово спасување.Се урнал заедно со своетопортирско место во подрумот,а неговата положба билаисклучително тешка. Бил стиснатмеѓу гредите и штиците одплафонот, во склопчена формакоја му оневозможувала секакводвижење. Едната од гредитего потиснала врз вратот. Спасителите,со специјални пилија сечеле целата граѓа која сенаоѓала во просторијата, за дадојдат до него.Ко га по дол ги и нат човечкинапори успеале во тоа, говрзале со планинарско јаже, апотоа започнале да копаат поднего за да ослободат доволнопростор за извлекување на телото.Наскоро тој бил извлеченна тротоарот. Стојановски изгледализбезумено. Очигледно,доживеал голема психолошкатраума. Очевидците велат декадури посакал и да се самоубие.И ме то на ше фот на рецепцијатана хотелот „Македонија“,Ратомир Петровски, иден денес се спомнува поврзаносо големата, несебична помошко ја тој ја пру жал на настраданитеи помагал за нивноспасување. Станал синоним запожртвуваност и хуманост.На необичен начин билеспасени и паркетарот на хотелот„Македонија“, 31-годишниотВесељ Авди и неговатасопруга која му помагала. Припрвиот удар на земјотресот, тоји неговата жена веќе започналеПоглед на плоштадот од хотелот „Македонија“со вршењето на секојдневнитеработи. Наеднаш, им се загубилаподлогата под но зе те и пропадналево барот на хотелот. Сенашле, како што самите го опишува ат тој миг, во смрт на преграткасо распарчениот мебел итулите.Тешко дишеле, во просторијатанемало доволно воздух.За чу до, вто ри от у дар одкатастрофалниот земјотреснаправил мал отвор во баротво кој што про пад на ле и тоа,всуш ност, им го спа си ло животот,бидејќи можеле послободно да ди шат. По е ден час, сокрајни напори, заедно со жената,успеале да се извлечат одпросторијата и да се спасат. Сеобиделе да им помогнат на некоиод присутните во просторијата,но сите околу нив веќебиле мртви.Двајцата се префрлениво Косовска Митровица, мажотво болница, а сопругата кајнекои нивни пријатели. Ова сесамо неколку од големите човечки дра ми што се слу чи ле воеден од најразурнатите објективо скопскиот земјотрес, скопскиотхотел и ресторан „Македонија“.


14 |Скопје се сеќава...ЗАГИНА ЦЕЛОТО МОЕ СЕМЕЈСТВО„Мојот татко беше свештеник, тој по чи на во 1959 година.Останавме да живеемесо мај ка ми, сес тра ми Ру жа сосин че то Вла до и брат ми Јо ванкој бе ше пом лад од ме не. Другатасестра Драгица, со ќеркичкатаБети живееше посебно,со сопругот Цеве. Сестра миРужа, која работеше како наставничкапо француски јазикво училиштето „11 Октомври“зема кредит и со материјалнапомош од мајка ми уплативместан во но ва та згра да штосе градеше на улицата 29 Ноември, број 46, во бли зи на наденешната Универзална сала.Зградата ја ѕидаше приватенпретприемач.Во но ва та згра да се вселивме е ден ме сец пред скопскиот зем јот рес од 26 ју ли 1963го ди на, на четвртиот кат. Ни којод нас не мо же ше ни ту да претпоставикаква трагедија ќе нисе слу чи и кол ку таа згра да, којане била солидно градена, ќебиде фатална за нас. Вечерта,на 25 ју ли, сес тра ми Дра ги цасо ќеркичката и зетот шеталеЉупчо Поповво Градскиот парк и навратијаво но ви от стан, кај нас, на гости.Бидејќи се задржаа долго,сестра ми со ќерката остана даспи е кај нас, а зе тот Це ве за мина,за ние да би де ме по ко мотни,бидејќи бевме повеќемина.Изутрината, ме разбудистраотен удар од земјотресот,најпрвин вертикален, а потоаи хоризонтален. Зградата какода е од хар ти ја про пад на вотемелите, а јас се струполив заедносо неа. Бидејќи зградатасе изместила од силата на ударите,главната плоча не паѓаланадолу вертикално, туку подкос а гол. Тој а гол ме спа сил, бидејќисе создал празен просторме ѓу ѕи дот и кре ве тот на којспиев. Но, затоа, таа фаталнаплоча, како што паѓаше надолу,покоси се под себе.По земјотресот, останаасамо купишта урнатини, не повисо ки од два мет ра. Ко га паднавсе нај дов во гор ни от делод урнатините, и со натчовечкисили успеав да излезам наповршината. Бев полесно повреден и и мав проб ле ми со дишење то. За жал, це ло то мое семејствозагина во урнатините.Тоа беше ужасна трагедија којане мо же со ниш то да се о пи ше,и чи ја цр на сли ка на смрт та доден денес ме прогонува.Колку човек требаше даби де си лен за да ја издр жи таанесреќа. Загинаа мајка ми Велика (51), сес тра ми Дра ги ца(27), нејзината ќерка Бети (2),брат ми Јо ван (21) и сес тра миРужа (31). Додека другите веќебеа починати, Ружа беше поклопенасо плочата, но се уштедаваше значи на живот. Своетосинче Владо (6,5) таа мајчинскиго беше стиснала на градите иго заштитила овозможувајќиму да ди ше. Ко га со спа су вачите им приј дов ме за да ги извлечемена површина, сестрами се о би де неш то да ми ка же,изусти нешто нејасно и почина.Вла до и го зе мав ме од ра це те изаедно со неа ги извлековме одпод урнатините.Потоа, целиот животВла до бе ше со ме не, го из раснавзаедно со моите две деца.Заврши медицина и стана почитуванхирург по интерна медицина.Успешно се занимавашесо спор т, иг рај ќи те нис".(раскажува Љупчо Попов, пензионер, електро-инженер )


јули 2013 | 15ВИСТИНСКО ЧУДО ЕКАКО ПРЕЖИВЕАВМЕСтанислав Фајдигер„Ро ден сум во Скоп је иси от мој жи вот го по ми нав воградот на Вардар . Во предземјотресноСкопје сета наша младостсе одвиваше на корзото,во кината, во театарот. Секојапрошетка во околината наградот претставуваше исто такавозбуда и задоволство. Сеживееше мирен, релаксирани спокоен живот. По потеклосум Словенец, татко ми Антон,е дој ден во Скоп је во 1918 го дина.Тоа коб но ут ро на 26 ју ли1963 го ди на ко га се слу чи земјотресотживеевме на улицатаНи ко ла Тес ла или 762, во зградата број 6, во на сел ба та Карпош.Земјотресот предизвикатолку силен удар што зградатасе ни ша ше ка ко да е од кар тон.Започнаа да се превртуваатпредметите, да паѓа малтерот,вратите се заглавија и не можевмеда излеземе. Со крајнисили успеавме да ги пробиемевратите и да излеземе на улицата.Никој од моето семејствоне загина.На улицата не пречекавистински ужас. Имаше уштенеколку удари, земјата се тресеше,сета околина беше обвиенаво прав. Ко га по из вес но времеправта слегна, глетката бешеуште поужасна. Не можевмеда веруваме на сопственитеочи, бидејќи зградата наспротинас, со број 11, со два та пр виката беше речиси пропаднатав земја. Имаше пискотници иповици за помош, се ширешезлокобна неизвесност и страв.Во згра да та зад нас, на чијброј де нес не се се ќа вам, глеткатабеше уште пострашна.Бидејќи надворешните ѕидовибеа урнати, се гледаа катови ивнатрешноста на разурнатитеста но ви. Во нив се гле да а редициод кревети со умрените,потиснати со бетон. Таа сликанема никогаш да ја заборавам.Смртта луѓето очигледно ги затекналана спиење.Сликата во зградата број13 која се наоѓаше во близина,а која најмногу настрада, бешеисто така морничава. Урнатини,споени или сосема уништени ка то ви, се бе ше прав и пепел.Подоцна, зградата во којаживеев ја санираа, се вративменазад и повторно живеевме вонеа. Потоа го продадов станотво Кар пош и се га жи ве ам воблизина на Соборната црква.На местото каде што се наоѓашезгра да та со број 11, пос то е­ше идеја повторно да се крененов станбен објект. Мештанитене дозволија, сметајќи дека еподобро тука да остане зеленилото.Ко га де нес, по тол ку времерамислувам, вистинска среќае што јас и мо е то се меј ствопреживеавме. Токму нашатазгра да издр жа и не се ур на воземјотресот. Непредвидливи сепатиштата во животот".(раскажуваСтанислав Фајдигер ,пензионер )


16 |Скопје 26


јули 1963јули 2013 | 17


18 |Скопје се сеќава...„ДЕВОЈЧЕ ИМАТЕ, ДЕВОЈЧЕ!“Сузана Стаматовска„Се сеќавам на топлатајул ска ноќ, 25 ју ли 1963 го ди накога ме хоспитализираа на одделениетоза гинекологија воДржавната болница. Бев бремена во сед ми ме сец, а јас, сопруготи мојата 5-годишна ќеркасо нетрпение го очекувавменовороденчето кое на свет требаше да прис тиг не на 18 ок томври.Си го замислував мирнотодоаѓање на новото чедо и нашиотспокоен живот во семејниотдом на улицата Козара 34,близу Државната болница. Но,судбината сакаше поинаку....Це ла ве чер не мо жев дазаспијам преплавена со мислиза иднината. Одеднаш, сеслушнаа страшни звуци - мјаукањена мачки, виење на кучиња и стра от ни кри ци од другитеживотни кои се слушаадури од Зоолошката градина.Јата птици се креваа во хаотиченлет над зем ја та. Бе ше мугра,мно гу се ис пла шив и се прашувавшто се случува. А потоастрашна, злокобна тишина.Потоа силен татнеж....Треперевод страв. Одеднаш земјатапочна силно, многу силно дасе тре се и сфа тив - зем јот рес....Во животот немав почуствуванота ков страв... Јас, док то рите,медицинските сестри и ситедруги пациенти како избезумениизлеговме од зградата,сите стравувајќи за својот живот,завладеа сеопшта паника истрав... По мал ку вре ме го здогледавмојот сопруг, кој дотрчаисплашен до мене, сакајќи да сеувери дека сум добро. Почувствувавголемо олеснување когави дов де ка тој е жив и здрав,но истовремено бев многу загриже на за тоа да ли се доб ромојата ќеркичка и моите родители, кои то гаш беа на кра токодмор во Катланово. Стоевметака на плочникот пред болницатаво исчекување, кога одеднашпочувствував силни породилниболки.Во це ли от тој ха ос мипријде докторот, угледниот д-рАнтиќ и породувањето започнана плочникот пред болницата,во трев ни кот под ед но др во,без никакви инструменти. Исамиот стравувајќи за својотживот поради непрестајнитеземјотреси, докторот сепакја покажа својата професионалности породувањето бешеуспешно. Прекрасно бешечувството на олеснување когами рече: „Девојче имате, девојче!"Бе ше 7 ча сот и 20 ми ну ти,2 часа по катастрофата која госнај де Скоп је, а спо ред си те информациимојата ќерка е првотоновороденче кое дојде насвет во Скопје по катастрофалниотземјотрес. Беше многу малечка,мојата Сузана се роди сотежина од само килограм и стограма и не можеше самостојнода ди ше. Но, се ох раб рив ме ине загубивме надеж, сопруготвед наш зе ма ед на слам ка и започна да и да ва веш тач ко дишење за да ја одр жи во жи вот.Во тој мо мент се по ја ви и тат коми, кој ис пла шен до шол пешод Катланово и ни кажа декатој, мај ка ми и мо ја та 5 го дишнаќер ка се доб ри и на си гурно,на наша огромна радост“,раскажува скопјанката ЗлаткаКрстевска.Малата Сузана заедно сонејзината мајка потоа биле пренесе ни во бол ни ца во Ниш, насигурно. Скопјанката СузанаСтаматовска (родена Крстевска)денеска е среќно омаженаи гор да мај ка на две де ца. Многуса ка да им по ма га на дру гите,а вљу бе ник е во сво ја та професија(градежништвото) и восвојот роден град Скопје.


јули 2013 | 19РЕМИТО ШТО ЗНАЧЕШЕ ПОБЕДА„Сеќавањата кои први минавираат кога ќе помислам наскопскиот земјотрес од некоичудни причини не се поврзанисо разурнатиот лик на градот,ни ту пак со тоа коб но ут ро коесите не разбуди од утринскиотсон... туку со сплотеноста,чувството на заедништво, солидарностаи силниот мотив дасе продолжи понатаму“, раскажуваТомо Тасев, скопјанец одМаџир маало.„Јас то гаш бев 14 го дишномом че и го о бо жу вав фудбалот. И до ден де нес се растреперувамкога ќе се сетамна закажаниот натпревар меѓуфудбалските клубови „Вардар“ и „Ди на мо“ од Заг реб, којсе одр жа са мо по е ден ме сецод катастрофалниот земјотрес.Иако сé уште ја чистевмеправта од разурнатите зградии Скопје се уште живееше сопоследиците од 26 јули, вестаде ка не ма да се од ло жи о војспортски настан беше применсо огромна возбуда. Ова воеднобеше и првиот настан одја вен ка рак тер кој се слу чи воСкопје по земјотресот...Не бе ше лес но да се дој дедо билет, имајќи предвид декаво Скоп је и ма ше и го лем бројволонтери од цела поранешнаЈугославија кои помагаа во расчистувањена градот. Долгатаколона пред билетарницата неме о бес храб ри да дој дам до дваби ле та, за ме не и за тат ко ми...и тоа на Јуж на три би на!Натпреварот почна воодлична атмосфера... но онашто си те не ра зо ча ра и збунибеше недостигот на нашиотнајдобар голгетер ПетарШулинчевски. Така, сосемаочекувано во првото полувремего при мив ме и пр ви от гол.Навивањето не стивнуваше...но, разочарувањето беше присутно кај си те нас...На почетокот на второтополувреме се случи чудо. Целатаатмосфера ја доживеа својатакулминација кога на теренвлета Шулинчевски, за кого отпоследознавме дека неговотодоцнење се должи на отежнатотопа ту ва ње од Ре сен до Скопје,бидејќи тој потекнува токмуод тој град. Силните овации испортското навивање најверојатно беа мо тив за не го да да дегол и да го израмни резултатот.Не мо жам да ви ги о пи шам радоста и сре ќа та во тој мо мент.Се чувствувавме како да смепобедиле тој ден, иако натпреваротзаврши нерешено. Тојгол за нас значеше победа!"


20 |ОД ГЕРМАНИЈА СО СРЦЕ ЗА СКОПЈЕтим пристигна во Скопје. Брзосе организиравме и се поставивмево Градскиот парк, кадешто ја монтиравме нашата опрема.Паметам само дека бешемно гу жеш ко и де ка мно гулуѓе што останале без покривнад главата спиеја во паркот,на отворено. Нашата задачабеше да поставиме станицаза пречистување вода со чијапомош обезбедувавме водаза сите потреби. Ја поставивмеи народната кујна и почнавмеда подготвуваме храна - појадок,ру чек и ве че ра, по 10 000порции дневно.Во меѓувреме,во Бон до несоаодлука даизградиме и 40бараки, на локацијаво ЃорчеПетров. Баракитеги донесоасо воз, а нив натаизградба јазавршивме воноември – раскажуваКонрадМец, долгогодишенактивистна Црвениоткрст.Гер манскитехуманитарци во Скопјеза прв патсе соочиле сопоследиците одка тас тро фа ленземјотрес.- Гр а д о тбеше разурнаткако во војна.За среќа никадене гореше.Во Германија поВтората светскаОд лево: Питер Гилинг, Армин Баер, Лоте Милер и Конрад Мец (втор од десно)војна останаамногу урнатинии ние бевме навикнати на такваситуација, но кога дојдовме воСкопје се соочивме со нештодру го. За прв пат во мо јот животто гаш се срет нав со ур натини од зем јот рес, тоа за ме небе ше страш на сли ка. Но, онашто ис то та ка ми ос та на во сеќавањедо ден-денешен е пријателствотошто веднаш се развисо луѓето што доаѓаа во нашатана род на куј на. Во врс ка со нашетоготвење совети добивавмесамо од жените. Мажите систоеја настрана – се сеќава активистотАрмин Баер .Армин Баер , Питер Гилинг,Кон рад Мец и Ло те Милерсе членовите на германскиот Цр вен крст кои во 1963го ди на уш те на <strong>30</strong> ју ли пристигналена помош во разурнатотоСкопје и заедно со своитеколеги поставиле станица запрочистување вода и народнакујна за нашите сограѓани коиво катастрофата ги загубилесвоите домови. Се вклучиле иво ак ци ја та за по мош на настраданитеи ги транспортираледо болниците. По повододбележувањето на 50-годишнинатаод скопскиот земјотрес,тие престојуваа во Скопје и сепотсетија на деновиве поминатипод отворено небо, во хуманитарнатаакција за помош наСкопје и на настраданите воприродната катастрофа.- Ко га стиг на вес та за катастрофалниотземјотрес германскиотЦрвен крст веднашдонесе одлука да помогне. По52 ча са па ту ва ње со воз, на <strong>30</strong>јули, доцна вечерта, нашиот


јули 2013 | 21Потребните состојки заподготовка на оброците хуманитарцитеги набавувале од Кумановои од Тетово.- Готвевме многу зеленчук,компири и многу месо.Она што за нас бе ше мно гу чудное што скоп ја ни ка фе то гопиеја со многу шеќер – раскажувааттие.Со нивното возило доболниците биле транспортираниповредени граѓани, извлечениод под урнатините. Занив е ин те рес но и тоа што вовремето на Студената војна воСкопје се сретнале екипите наЦрвениот крст на тогашнитеИсточна и Западна Германија,но дека работеле како еден, заобнова на Скопје.ЕКСКУРЗИЈА КАКО НАГРАДАПо четири недели деноноќнаработа, домаќините занивните пријатели од Германијаорганизирале екскурзија воОхрид.- Автобусот беше многустар и очекувано, некаде на половинапат до Охрид прегреа.Додека возачот бараше начинда го поправи, нашиот водач неоднесе да прошетаме во блиското лоз је. Се сла дев ме со многувкусно грозје. И околнитепредели беа толку убави, штодо де нес ка се се ќа вам на нивка ко вче ра да бе ше. За сре ќа,возачот го поправи автобусот ибезбедно стигнавме во Охрид.Поминавме прекрасен и исполнетден – се пот се ту ва Мец.ЕД НАШ ВО ЦР ВЕН КРСТ,ЦЕЛ ЖИ ВОТ ВО ЦР ВЕНКРСТХуманитарците одгерманскиот Црвен крстпо завршувањето на акција та за по мош на Скопјеучествувале и во другихуманитарни мисии на територијатана поранешнаЈугославија, во Бања Лука,во Бар и во Ко тор . Тие велатдека хуманоста секојчовек ја носи во срцето идека не можат да живеатбез да помагаат.- Ед наш во Цр вен крст,цел жи вот во Цр вен крст – нагласуваМец.


22 |Одбележуваме 50 години од катастрофалниот земјотресСКОП ЈЕ СЕ СЕ ЌА ВА И СЕЗАБЛАГОДАРУВАОваа година, Скопје ископјани одбележуваат 50 годиниод катастрофалниотскопски земјотрес што однесе1.070 животи и разурна речиси80 проценти од нашиот град.По тој по вод, Гра дот Скоп је вокоординација со Универзалнатаса ла и со дру ги те јав ни културниинституции организиранеколку месечни активностипод мотото „Скопје се сеќава”,што и ма ат за цел дапотсетат на немилиотнастан, на загубите и надоживеаната болка, нода пот се тат и на не измернатахраброст, хуманости пожртвуваностна скоп ја ни да се из боратсо природната сила,да ги надминат последици те и да поч нат да гоградат новото Скопје.Скопскиот земјотреси катастрофата што го снајдеградот и нашите сограѓанипокрена дотогаш невидена меѓународнаакција за помош нанастраданите, за расчистувањена урнатините и за обезбедувањебезбедни услови за животза оние што останаа без покривнад главата. Помош, какошто се сеќаваат нашите повозраснисограѓани, стигнувала одсекаде, дури и од најоддалеченитеместа на нашата планета.Светот испраќал храна, вода,лекови, постелнина и покуќнина,помагал во изградба нацели населби, помагал паричнои материјално, испраќал добровол ци кои не се ште де ле запо мош на Скоп је и на скоп ја ни.Токму затоа, по повод одбележувањетона 50-годишнинатаод скопскиот земјотрес,Скопје и скопјаниќе испратат едно големоБЛАГОДАРАМ за подаденатарака, за споделенатамака, за укажанатапомош на 90-тина земјии организации од светоткои придонесоа Скопједа ста не цен тар на светскатасолидарност. Сите


јули 2013 | 23држави и организации што јаупатија својата несебична помошпо катастрофалниот земјотрес од Гра дот Скоп је ќе добијатблагодарници, и тоа:АвстралијаАрапска Република ЕгипетСириска Арапска РепубликаПовеќенационална државаБоливијаБрегот на Слоновата КоскаБосна и ХерцеговинаСвета СтолицаБоливарска Република ВенецуелаРепублика ГвинејаГрузијаСојузна Демократска РепубликаЕтиопијаРепублика ЗимбабвеИзраелИндонезијаИракИсламска Република АвганистанИсламска Република ИранИсламска Република ПакистанЈапонијаКанадаКипарКонгоРепублика КостарикаКралство БелгијаКралство ДанскаКралство КамбоџаКралство МарокоКралство НорвешкаКралство ХоландијаКралство ШведскаКралство ШпанијаКувајтЛибанЛиберијаЛибијаЛихтенштајнЛуксембургСоединетите МексиканскидржавиМонакоМонголијаНародна ДемократскаРепублика АлжирНародна РепубликаКинаНов ЗеландОбединети АрапскиЕмиратиОбединето Кралство на ВеликаБританија и Северна ИрскаРепублика АвстријаРепублика АзербеџајнРепублика АлбанијаАргентинска РепубликаРепублика БелорусијаРепублика БугаријаРепублика ГанаРепублика ГрцијаРепублика ЕквадорРепублика ЕрменијаРепублика ЕстонијаРепублика ИндијаИрскаИсландИталијанска РепубликаРепублика КазахстанРепублика КиргистанРепублика КолумбијаРепублика КосовоРепублика КубаРепублика ЛатвијаРепублика ЛитванијаРепублика МалиРепублика МалтаРепублика Мјанмарска УнијаРепублика МолдавијаРепублика НигеријаРепублика ПолскаРепублика ПортугалијаРепублика РоманијаСловачка РепубликаРепублика СловенијаРепублика СрбијаРепублика ТаџикистанРепублика ТунисРепублика ТурцијаРепублика УгандаРепублика УзбекистанУнгаријаРепублика ФинскаРепублика ФранцијаРепублика ХрватскаЧешка РепубликаРепублика ЧилеРуска ФедерацијаСенегалСоединетите Американски ДржавиСојузна Република ГерманијаСуданТанзанијаТуркменистанУкраинаОриентална Република УругвајФедеративна Република БразилХашемитско Кралство ЈорданРепублика Црна ГораШвајцарска конфедерацијаШри ЛанкаУНИЦЕФОбединети нацииМеѓународен црвен крст и ЦрвенаполумесечинаСкопје се сеќава...ДИЈАМАНТОТ НА ЕИКО„Младата студентка Еико Музикиод Јапонија испрати прилогза помош на настраданитево Скопје – дијамант, поточнодијамантски прстен што го добилакако семејно наследство, акој се пренесувал со генерацииво нејзиното семејство. Таа билатолку потресена од снимкитеза Скоп је кои ги ви де ла на националнатајапонска ТВ станица,што ја на те ра ло да се от ка жеод највредното нешто што гопоседува.“


24 |АКЦИЈАШИТЕ РАСЧИСТУВАА УРНАТИНИКАЈ СТАРАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦАРасчистуваа урнатини,извлекуваа повредени и санирааповреди. Ваква симулацијана расчистување урнатини поземјотрес на 26 јули изведоаволонтерите од Здружението заволонтерско работно и едукативноангажирање во сфератана екологијата „Акцијаши“, наплатото кај Старата железничкастаница. Нивната симулацијабеше дел од програмата наГрад Скопје за одбележувањена 50-годишнината од катастрофалниотземјотрес што гопогоди Скопје во 1963 година.- Со нашите активностисакаме да испратиме порака захуманост и за солидарност и даго популаризираме волонтерствотомеѓу нашите сограѓани,особено меѓу нашите најмлади– ве ли Го ран И ли ев, член на управниотодбор на „Акцијаши“.Акцијашите во 05:17 часотги раз бу ди си ре на, по штотие се упатија кон Старата железничкастаница каде што јаизведоа симулацијата на расчистувањеурнатини по земјотрес,помош на настрадани исанирање повреди, во соработкасо активистите на Црвениоткрст на Град Скоп је.Еден ден порано, акцијашитекај градската плажа„Парк“ подигнаа камп за елементарнинепогоди и ги почнааактивностите по повод одбележувањетона 50-годишнинатаод катастрофалниот скопскиземјотрес од 1963 година. Вокампот беа сместени околу 150волонтери и членови на бригадитешто директно учествувалево расчистувањето на урнатинитепо скопскиот земјотрес,од повеќе делови на поранешнаЈугославија.


јули 2013 | 25ЦВЕЌЕ ЗА ЗАГИНАТИТЕ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТНа 26 ју ли, на град скитегробишта во Бутел, официјалнистрански и домашни делегацииположија цвеќе предСпоменикот на загинатите воземјотресот во Скопје, што сеслучи пред точно педесет години. Во знак на по чит, ве нецположи и официјална делегацијана Градот Скопје, предводенаод градоначалникот КоцеТрајановски и претседателот наСоветот на Град Скопје, ИренаМишева.По чит на жрт ви те во катастрофалниотскопски земјотрес,со положување цвеќе изразии делегација од Кабинетотна претседателот на Владата наРепублика Македонија, делегацијаод Кабинетот на претседателотна Собранието на РепубликаМакедонија, предводенаод Трајко Велјановски, делегациисоставени од претставнициод политичките партии,делегации од сите општини воСкопје, претставници од Црвени от крст на град Скоп је ина Република Македонија, делегацијанаАРМ, претставни циод јавнитепрет при јатијаи јавнитекултурниустанови наГрад Скопје,прет став нициод ин ституцииво нашаваземја играѓани.Цвеќиња на гробовитена загинатите во земјотресот,положија и официјални делегацииод странство, меѓу кои:делегација од Република Албанија;Република Австрија;Кралството Белгија; РепубликаБугарија; Народна РепубликаКина; Република Хрватска;Република Чешка; РепубликаФранција; Сојузна РепубликаГерманија; Унгарија; ИсламскаРепублика Иран; Италија; Јапонија;Кралството Холандија;Република Полска; Рускатафедерација; Република Србија;Република Словенија; КралствотоШведска; КралствотоШпанија; Швајцарија; РепубликаТурција; Украина; Обединетотокралство на ВеликаБританија и Северна Ирска;Соединетите американски држави,како и делегација од Европскатаунија, Обединетитенации и УНИЦЕФ.Во традиционалната крводарителска акцијаКРВ ДАРУВАА 190 КРВОДАРИТЕЛИСто и деведесет крводарители даруваа крв во традиционалната крводарителска акција штона 26 ју ли се одр жа во Цен та рот за да ру ва ње крв, смес тен во ДХО „Да ре Џам баз“. О ва а кр во дарителскаакција што традиционално ја организира Црвениот крст на Град Скопје веќе со годиние показател на хуманоста и солидарноста на скопјани, за помош на оние на кои им е потребнаскапоцената течност.Во рамките на одбележувањето на 50-годишнината од скопскиот земјотрес, Црвениот крстна Град Скопје од Црвениот крст на Германија, од областа Баден-Витемберг доби донација – возилоопремено со санитетска опрема.


26 |Одбележуваме 50 години од катастрофалниот земјотресИЗЛОЖБА „СКОП ЈЕ, 26 ЈУ ЛИ 1963“ВО МУ ЗЕ ЈОТ НА ГРАД СКОП ЈЕПо повод одбележувањетона 50-годишнината од скопскиот зем јот рес на 26 ју ли воМузејот на град Скопје бешеотворена изложба на предметии фотографии што сведочатза оваа природна катастрофа,на авторката Зоја Богдановска,виш кустос историчар . Изложбатаја отвори градоначалникотКоце Трајановски кој на присутнитепретставници на меѓународнатазаедница им доделиблагодарници за огромната помошшто му ја да до а на Скоп јево далечната 1963 година.- Денеска Скопје и неговитежители одбележуваат 50години од трагичниот скопскиземјотрес. Земјотресот го разориСкопје, однесе многу животии остави лузни, пустоши тага зад себе. Откако вестаза оваа катастрофа го обиколисветот, меѓународната заедницаја поч на ак ци ја та за по мош.Скопје стана град на интернационалнатасолидарност. Затоа и де нес, 50години потоа,ов де во Музејот на градСкоп је, кој енем споменикна тоа вре ме,се навраќамеи се сеќавамена тој нас танкој е вре жанво историјатана на ши от град. Од прав та наземјотресот во еден кус периодсе подигнаа нови населби иобјекти од јавен карактер , сонесебична помош од народии вла ди на др жа ви од си те меридијани.Се врати оптимизмоти на деж та на о вој град, а


јули 2013 | 27обединетиот свет со неизмернавер ба и љу бов, по мог на воградењето на новото Скопје,кое стана симбол на човековатапожртвуваност, хуманост исолидарност. Во изградбата наСкопје учествуваа сите националности,Македонци, Албанци,Турци, Власи, Роми, Евреи,Срби, Хрвати, Бошњаци, Црногорции други, рамо до рамо,ед ни со дру ги од ут ро до мрак.Гра дот Скоп је не зап ре и не мада престане да се развива какоурбана средина, и во естетскаи во функционална смисла, затоа што пред нас се но ви предизвициза создавање инфраструктурниуслови за подобарживот на граѓаните на Скопје.Токму затоа сметам дека овојден е сим бол на по че то кот намодерната урбанизација, нафаќање чекор со современитетекови на европската архитектура.Ја користам оваа можностод мое име, како градоначалникна Град Скоп је и од и ме тона жи те ли те на Скоп је, да им сезаблагодарам на земјите кои мудадоа живот на опустошенотоСкоп је. Во ед но са кам да сезаблагодарам и на сите кои сосвојата хуманост спасија и извлекоамногунаши сограѓаниод под ур натините- речегра до на чал никотКо це Трајановски,наотворањето наизложбата.Из ложбата низ предмети и фотографиигопренесува земјотресотниз неколку сегменти,почнувајќи од првите миговипо катастрофата, сè до изградбатана првите монтажни населбиво коишто, пред почетокотна зимата, беа сместенибездомните скопјани. Изложбатае збогатена со музејски експонатисместени во витрини иво неколку амбиенти конструиранина локации во Музејот.Презентирани се и предметиод времето на земјотресот, подаренина Музејот од наши сограѓани.Благодарение на соработкатасо Сеизмолошкатаопсерваторија при Природноматематичкиотфакултет и насоработката со Кинотеката наМакедонија, Црвениот крст наград Скопје, како и Амбасадатана Шпанија, Амбасадата на Бугаријаи Генералниот конзулатна Кралството Данска, изложбатае збогатена со предметишто ја надополнуваат приказнатаза скопската трагедија.


28 |Мултимедијален перформанс на плоштадот „Македонија“СКОПЈЕ СЕ ПОТСЕТИ НАКАТАСТРОФАТА ОД 1963 ГОДИНАНа плоштадот „Македонија“ на 26 ју ли се одр жа ед но часовенмултимедијален перформансво знак на одбележувањена 50-годишнината од катастрофалниотземјотрес што водалечната 1963 година до темелго ур на на ши от град. Во мул тимедијалниотнастан беа вклучениМакедонската филхармонија,балетани од Македонскатаопера и балет и професионалниактери, а приказната за Скопје јараскажуваше и тематски обработенвидео и фото-материјал.Пред собраните граѓани и предмногубројните гости од земјаваи од стран ство се об ра ти гра доначалникотна Град Скопје, КоцеТрајановски.- Оваа 50-годишнина занас претставува јубилеј на полувековнатаистрајност на неколкугенерации скопјани вонапорите од градот да создадатподобро место за живеење. ДенескаСкопје се сеќава на ранитеутрински часови, кога на 26 јули1963 го ди на, во 5 ча сот и 17минути, по серија потреси, бешеуништено се она што генерациископјани од сите националностиго создаваа дотогаш, кога згаснааживотите на 1 070 жителина главниот град на РепубликаМакедонија, кога околу 3 000 нашисограѓани беа повредени, аоколу 200 000 останаа без своитедомови. Исчезнаа многу домови,училишта, болници и културно–историски споменици, коибеа о бе леж ја на Скоп је и кои сосвојата убавина го красеа гра­


јули 2013 | 29дот. Згаснаа илјадници надежи,семејни планови, индивидуалнисонови за високо образование,планови за создавање семејства,за миг Скоп је се прет во ри во напуштен град. Се зас та на, за момент.Но, жителите на Скопјене се предадоа. Со сета енергијаведнаш се зафатија со спасувањечовечки животи од под урнатините,со санирање на штетата одуривачката моќ на природата.По таа катастрофа, човечкитевредности, хуманоста, солидарностаи меѓуетничкиот соживотдадоа импулс за интензивиранаградителска посветеност. Скопјестана симбол на почетокотна модерната урбанизација, одправ та на зем јот ре сот во кус периодсе обиде повторно да фатичекор со современите текови наевропската архитектура. Подплатформата „Скопје се сеќава”,годинава Градот Скопје прекуниза манифестации, се обиде дасе потсети на далечната `63-таго ди на, за ни ко гаш да не се повтори.Скопје немаше да го добиеепитетот Град на солидарностадоколку помош не пристигнешеод сите страни, притоа уривајќиги сите граници меѓу државитево светот. Им се заблагодарувамна присутните претставници одМеѓународната заедница кои несебичноја покажале хуманостана дело - истакна градоначалникотТрајановски.Од името на меѓународнатазаедница пред присутнитесе об ра ти д-р Бер транд Демулан.- Пред по ло ви на век деструкцијатапривлече вниманиена интернационално ниво,со силна поддршка од државитечленки на Генералното собраниена Организацијата наобединетите нации и се донесерезолуција којашто се однесувашена собирање поддршказа итна помош за реконструкциски це ли. За лу ѓе то од Скопјереконструкцијата на градотбеше од историско значењеисто како и самиот земјотрес.Во 60-те го ди ни, ко га на скопскитедеца ќе им дадеа задачада направат пишан есеј на тема„Што би бил најголемиот настанво нивните животи”, осумдесетина про цен ти од тие де ца ќе избереада пишуваат за пост-земјотреснатареконструкција наградот, наместо за земјотресот.Ми претставува голема чест штотокму јас во името на Организацијатана обединетите нации јапримив благодарницата од градоначалникотна Град Скопје.Ова е признание за Организацијатана обединетите нации, занив на та моќ да се о бе ди нат и даобезбедат поддршка за луѓето одСкопје. Сакам да Ве уверам декаОрганизацијата на обединетитенации е насочена да го поддржува Гра дот Скоп је, ка ко и РепубликаМакедонија во нивнитенамери да успеат во развојот одшто бенефитот ќе го почувствуваатсите граѓани - потенцирашеДемулан.Петте композиции коиштона сцената на плоштадот„Македонија“ ги изведе Македонскатафилхармонија претставувааеден вид скелет наперформансот, преку кој се раскажувашеприказната за Скопјепред земјотресот, Скопје вовремето на катастрофата и понеа, како и повторното раѓањена градот. Членовите на Македонскатафилхармонија ги изведоаделата Увертира кон операта„Волшебната флејта“ од В. А.Моцарт, Adaxo од Симфонијабр. 5 од Г. Ма лер , му зич ко тодело од Т. Прокопиев, насловенокако „Лабин и Дојрана“,музичко парче од Симфонијабр. 5 од Л. В. Бе то вен, ка ко иУвертира кон операта „Моќ насудбината“ од Џ. Верди.Во сеќавање на жртвитеод земјотресот, уметницитена сцената и присутните наплоштадот застанаа простум икон не бо то пуш ти ја 1 070 лантерни.Додека лантерните сеподигнуваа кон небото, имињатана настраданите во земјотресотсе испишуваа на големиот ек ран на сце на та.


јули 2013 | 31во женска конкуренција и Антониќ/Галешевод Србија, во машкаконкуренција. На третотоместо се пласираа двојките Малинова/Сланчеваод Бугарија, воженска конкуренција и Колев/Митев од Бугарија,во машкаконкуренција.Бал канскотосениорскопрвенствово одбојка напесок „Скопје2013“ се одр жаво организацијана Град Скоп је ина Одбојкарскатафедерацијана Македонија.Покровител натурнирот е градоначалникот наГрад Скопје, Коце Трајановски.На турнирот, покрај дверепрезентативни машки и двеженски одбојкарски двојки одМакедонија, учествуваа екипиод 8 балкански држави: Србија,Романија, Албанија, Турција,Босна и Херцеговина, Бугарија,Црна Гора и Молдавија. Скопјеза прв пат бе ше до ма ќин на сениорскоБалканско првенствово одбојка на песок, со најголемброј учесници, над 50 натпреварувачии околу 10 официјалнилица, делегати и меѓународнисудии. Натпреварите се играапред преполни трибини.


32 |

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!