11.07.2015 Views

ЗАШТИТА НА ПРАВА НА ПАЦИЕНТИ - ЕСЕ

ЗАШТИТА НА ПРАВА НА ПАЦИЕНТИ - ЕСЕ

ЗАШТИТА НА ПРАВА НА ПАЦИЕНТИ - ЕСЕ

SHOW MORE
SHOW LESS
  • No tags were found...

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

ЗАШТИТА НАПРАВА НА ПАЦИЕНТИЗАШТИТА НА ПРАВА НА ПАЦИЕНТИсо фокус на лицата корисници на дрогиза лица што употребуваат дроги1


Во подготовката на брошурата учествуваше:Коалиција „Сексуални и здравствени права намаргинализираните заедници“, СкопјеЗдружение за еманципација, солидарности еднаквост на жените на РМ - ЕСЕМаксим Горки 20/1-41000 Скопјетел: ++389 (0) 2 3298 295факс: ++389 (0) 2 3211 453esem@esem.org.mkwww.esem.org.mkБрошурата е дел од проектот:Човекови права во здравствената заштита2


Правото на здравје е меѓународно признато право. За првпат едефинирано од страна на Светската здравствена организацијакако „право на секое лице на најдобро физичко и менталноздравје што може да се постигне“.Правото на здравје е најтесно поврзано со заштитатана правата на пациентите што претставуваат збир од права,одговорности и должности според кои поединците бараати примаат здравствена заштита. Овие права во РепубликаМакедонија се предвидени со Законот за заштита на праватана пациентите.Лицата што употребуваат дроги и лицата зависни од дрогитреба да имаат еднаков пристап до квалитетни и достапниздравствени услуги како и сите граѓани. Овие лица се подвисок здравствен ризик, што вклучува предозираност и смрт,ширење на заразни болести (ХИВ, жолтица од типот Б и Ц) инарушено соматско и ментално здравје. Дополнително, какорезултат на нивната маргинализација, тие немаат доволнокапацитет да се борат за остварување на своите права, пришто е неопходно преземање на активности за информирање,унапредување и заштита на нивните права како пациенти.3


1. ИНФОРМАЦИИ ЗА ДОСТАПНИТЕЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ ЗА ТРЕТМАН НАОПИОИДНА ЗАВИСНОСТТретман со метадон во рамките на националнатамрежа на јавни здравствени услугиЛекувањето на лица што употребуваат дроги сосупституциона терапија со метадон се спроведува низ целатаземја преку службите за превенција и третман од злоупотребана дроги и тоа во: Тетово, Охрид, Битола, Гевгелија, Струмица,Кавадарци, Куманово, Штип и Велес.На ниво на град Скопје лицата зависни од дроги селекуваат со метадонска терапија во Центарот за превенцијаи лекување на злоупотреба на дроги и други психоактивнисупстанции во Кисела вода – Скопје (кој претставуваодделение на Психијатриската болница Скопје) и Службатасместена во кругот на поранешниот Клинички центар Скопје,а во надлежност на Центарот за превенција и лекување назлоупотреба на дроги и други психоактивни супстанции воКисела Вода – Скопје.- Од април 2012 започна прием на пациенти и програма затретман на зависност од дроги во рамките на Градската општаболница 8-ми Септември во општина Карпош во Скопје.- Лекувањето со метадон се спроведува врз основа наупатство за начинот на вршење на здравствената дејносткоја се однесува на примена на метадонот при третманот наопиоидна зависност.- Третманот со метадон во јавните здравствени установи ебесплатен.4


- За да се отпочне третман со метадон, потребно е да сеспроведат следните испитувања:• сеопфатен телесен и психијатриски преглед;• лабараторски испитувања (крвна слика, ниво намасти и шеќер во крвта, жолтица од типот Ц и ХИВ).- За лица од 16 до 18 години потребна е согласност одродител или старател за да се спроведе третманот.- За лицата под 16 годишна возраст не постои можност засоодветно лекување во постојниот систем за третман.- Со супституциона метадонска терапија се опфатени илица од КПУ Идризово – Скопје.5


Третман со бупренорфин во рамките на националнатамрежа на јавни здравствени услуги- Програмата за третман со бупренорфин се спроведува воЈЗУ Универзитетска Клиника за токсикологија – Скопје.- Третманот со бупренорфин во јавните здравствениустанови се наплаќа од 9 000 денари до 26 000 денари (по ценаутврдена од Фонд за здравствено осигурување) за болничколекување кое може да трае од 5 до 7 дена.- Еден до два месеци по болничкото лекување, пациентотсам ја плаќа препишаната терапија со бупренорфин.- По еден до два месеци од спроведувањето на третманот,по индивидуална проценка од случај до случај, петочленакомисија (според критериумите за спроведување на третамнотсо бупренорфин) одлучува дали пациентот ќе добие бесплатнатерапија за понатамошно лекување.- За да се отпочне третман со бупренорфин, потребно е дасе спроведат следните испитувања:• сеопфатен телесен и психијатриски преглед;• лабараторски испитувања (крвна слика, ниво намасти и шеќер во крвта, жолтица од типот Ц и ХИВ).- За лица од 16 до 18 години потребна е согласност одродител или старател за да се спроведе третманот.- За лицата под 16 годишна возраст не постои можност засоодветно лекување во постојниот систем за третман.- Во мрежата на здравствени установи кои овозможувааттретман на зависност од дроги се вклучени и неколку приватнипсихијатриски ординации, чии услуги се наплаќаат приватно.- Покрај третманот со фармаколошка терапија, воРепублика Македонија постојат терапевтски заедници и тоа:- ПОКРОВ Струмица;- РЕТО НАДЕЖ Скопје.6


2. ПРАВА НА ПАЦИЕНТИТЕНа сите граѓани на Република Македонија им сеобезбедува остварување на правата, утврдените потреби иинтереси во превенција и лекување на зависност од дроги.Лекувањето треба да биде достапно за сите бездискриминацијаНикој не смее да биде дискриминиран заради моменталнаили мината историја на употреба на дроги или зависност оддроги. Недискриминацијата значи дека сите лица зависни оддроги што сакаат да се лекуваат треба да имаат пристап дотретманот за лекување на зависност од дрога, без разлика нанивниот пол, раса, боја на кожата, јазик, вера, политичко иликое и да е друго мислење, национално или социјално потекло,припадност на национално малцинство, материјална положба,потекло по раѓање, сексуална ориентација или кој и да е другстатус.Пример:Затворена листа за прием на нови пациенти на метадонскатерапија ги става лицата што имаат потреба од третман назависноста во понеповолна положба со другите пациентикои имаат потреба од други здравствени услуги и непреченопристапуваат до нив, но и во однос на оние лица кои веќе се натретман со метадон или бупренорфин.7


Право на укажување на итна медицинска помош воместото на живеењеДоколку некое лице што е корисник на дроги има потребаод итни здравствени услуги, чие неизвршување за кусо времеби можело да предизвика непоправливо и тешко оштетувањена здравјето на пациентот или пак негова смрт, треба да мусе укаже итна медицинска помош во најблиската здравственаустанова која има организирано служба за итна медицинскапомош.Пример:Лице што употребува дрога од ромска етничкаприпадност не добива итна медицинска помош зарадиместото на живеење кое ѝ е познато на Службата за итнамедицинска помош како место во кое живеат Роми и е со лошаинфраструктура и хигиена.Грижа, лекување и рехабилитацијаНа пациентот треба да му се овозможи соодветна грижа,лекување и рехабилитација, според неговите поединечнипотреби и способности согласно достапните методи иможности на медицината, а во согласност со прописитеза здравствена заштита и здравствено осигурување. Истотака, психосоцијалната поддршка за лицата на третман назависноста е многу значаен дел во процесот на лекување.Пример:Лицата зависни од дроги треба да имаат индивидуаленплан за лекување кој ќе опфаќа индивидуално одредување надози на терапија и индивидуален план за работа со психијатар,психолог и социјален работник.8


Почитување на личноста и достоинствотоСо сите пациенти треба да се постапува со почитување ихуманост. Здравствениот работник треба да воспостави хумани(човечки) релации со пациентот.Пример:Повреда на личноста и достоинството на пациентите штосе зависни од дрога вршат здравствените работници коизаради фактот дека се зависници не се однесуваат како солица на кои навистина им е потребна медицинска помош.Здравствените работници ги обвинуваат лицата зависни оддроги за состојбата во која се наоѓаат, односно дека самитесе одговорни за здравствените проблеми како последица наупотреба на дроги. Лицата зависни од дроги често слушааткоментари: „Сам си се довел во ова состојба, никој не ти екрив“.Право на лична сигурностЗдравствената установа има обврска да им обезбедилична сигурност на пациентите за време на престојот воздравствената установа.Пример:Има случаи кога полицијата бара и приведува лица одкругот на болницата каде што пациентите се лекуваат одзависност. Ваквите ситуации создаваат страв и несигурност кајпациентите за користење на здравствените услуги, што влијаена квалитетот на третманот.9


Право на информираностЛицата што се на третман мора да бидат информираниза својата здравствена состојба, медицинската проценкана резултатите и исходот на интервенцијата и можнитекомпликации, препорачаните медицински интервенции,планираните датуми на нивно спроведување (програма затретман и рехабилитација), како и за предностите и ризицитепри спроведувањето, односно поради неспроведувањето напрепорачаните медицински интервенции.Пример:Во пракса здравствените работници одбиваат прием накорисници на дроги на третман со метадон со образложениедека листата е затворена без утврдување на временски периодза нивен прием на третман.Право на доброволно учество во одлучувањетоНеопходно е информациите што им се даваат на лицата натретман да се дадат на разбирлив начин соодветен на лицетошто треба да ги прими со цел лицето да даде информиранасогласност или да одбие одреден вид на третман илиинтервенција.Пример:Здравствените работници не даваат сеопфатни информациза алтернативни начини на лекување за кои пациентот, восоработка со лекарот, ќе одлучи кој вид на третман ќе гоизбере.Наметнување на задолжителен третман на зависност сосудска одлука е спротивно на правото за лекување врз основана информирана согласност на пациентот.10


Право на пристап до медицинско досиеПациентот може да изврши увид во своето медицинскодосие и да добие препис од документите во досието или даовласти друго лице во негово име да изврши увид, како и дадобие појаснување на податоците од медицинското досие.Никој, освен медицинскиот персонал, не смее да изврши увидво медицинското досие на пациентот без негова согласност.Право на доверливостПациентот има право на доверливост на личните имедицинските податоци кои мора да се чуваат во тајност и понеговата смрт. Исклучок од ова правило постои:• ако пациентот даде писмена согласност;• ако е неопходна медицинска интервенција напациентот во друга установа;• ако се неопходни за обработка од страна наздравствената установа што обезбедува здравствена услуга напациентот;• ако се користат во историски, научни, истражувачкиили едукативни цели, под услов идентитетот на пациентот дане може да се открие;• ако откривањето на податоците е во согласност содруг закон со цел за заштита на животите, безбедноста илиздравјето на други лица.Пример:Повреда на ова право постои во случај кога полицијата безобразложена наредба од надлежен суд влегува во здравственаустанова каде што се дели метадонска терапија и врши увид вомедицинските досиеја на сите пациенти што се на третман сометадонска терапија.Откривањето на податоци за зависност од дроги напациентот без негова согласност во јавност или на членовитена неговото семејство, претставува прекршување на правотона чување во тајност на медицинската документација напациентот.11


Право на приватностПациентот има право на услови што обезбедуваатприватност при медицинските интервенции, а особено приукажување на личната нега. Медицинската интервенцијатреба да се применува само во присуство на оние лица што сенеопходни за извршување на интервенцијата.Пример:Повреда на ова право постои кога пациентите примаатметадон пред шалтерите каде што може да се присутни итрети лица за кои нема потреба да го надгледуваат земањетона терапијата или во присуство на други пациенти.12


ОБВРСКИ НА ПАЦИЕНТИТЕЗа време на престојот во здравствена установа пациентот едолжен да:- се грижи за сопственото здравје;- даде вистинити и доволен број податоци за својатаздравствена состојба, согласно личниот капацитет иинформираност;Во случај на третман на зависност од дроги и земање натерапија неопходно е пациентот да му ги каже на лекаротвидот и количината на психотропната супстанција што јапримил со цел правилно одредување на видот и количината налекот.- им помага активно на здравствените работници што муукажуваат здравствена заштита;- постапува според советите на здравствените работнициза негова нега, третман и рехабилитација;- ги почитува правилата на однесување, односно куќниотред во здравствената установа;- прифати ангажман, доколку е тој дел од неговатарехабилитација и ресоцијализација во функција нареактивирање на неговите социјални вештини;- го почитува професионалното и човечкото достоинство наздравствените работници.13


КАДЕ ДА ПОБАРАТЕ ПОМОШ ДОКОЛКУНЕКОЕ ВАШЕ ПРАВО Е ОГРАНИЧЕНО ИЛИПОВРЕДЕНО?- Доколку сметате дека одредено право Ви е повреденоили ограничено во некоја од јавните болнички здравствениустанови (болница, клиника, завод), побарајте дали во рамкитена таа болница/клиника има ангажирано советник за заштитана правата на пациентите. Советникот може да Ви даде правенсовет или да Ви помогне да поднесете усна/писмена поплака.Доколку во болницата/клиниката нема советник или пакповредата се случила во неболничка здравствена установа(здравствен дом, здравствена станица), поплаката поднесете јадиректно до директорот на таа установа.- Директорот на установата, откако ќе ги испита наводитево поплаката, должен е да Ве извести за преземените мерки ворок од 15 дена.- Доколку сметате дека директорот не ги презелпотребните мерки, може да поднесете претставка доМинистерството за здравство, кое е должно во рок од 15 денада ги испита наводите во Вашата претставка и да Ве извести запреземените мерки.- Истовремено може да поднесете барање заспроведување на инспекциски надзор и до Државниотсанитарен и здравствен инспекторат, кој по спроведувањена надзорот има овластување да ѝ нареди на здравственатаустанова и на здравствениот работник да преземат соодветнимерки и активности во зависност од видот на повредата направото.- Во рамките на општините се формирани Комисии заунапредување и заштита на правата на пациентите. До нивможе да поднесете поплака, а тие се должни да ја разгледаат ида Ве упатат до надлежните органи за да може да Ви помогнатостварување на Вашите права.15


- Доколку не сте задоволни со ниту еден од одговорите наспоменатите органи, може да поведете судска постапка преднадлежен суд.- Доколку Ви е прекршено или ограничено право во областана здравственото осигурување, побарајте помош во Фондот заздравствено осигурување на Република Македонија и неговитеподрачни единици.16


КОЈ МОЖЕ ДА ВИ ПОМОГНЕ ДА СИ ГИОСТВАРИТЕ СВОИТЕ ПРАВА?Здруженија што работат во областа на заштита начовековите права на лица што употребуваат дроги и лицазависни од дроги се:ХОПС – Опции за здрав живот Скопје,ул. „Христо Смирненски“ бр. 48-1/6, Скопјеили hops@hops.org.mk- Дроп-ин центар за намалување на штети Капиштец,ул. „Киро Гавриловски“ бр. 3, Скопје02/3176 428- Дроп-ин центар за намалување на штети,ТЦ Мавровка, локал 2, Скопје02/3130 058- Дроп-ин центар за намалување на штети Шуто Оризари, Скопје,ул. „Вашингтонска“ бр. 76, Скопје075/528 260ДОВЕРБА – Здружение за унапредување на превенцијата,третманот и социјалното вклучување на лица кои злоупотребуваатдроги и други психотропни супстанции Скопје,ул. „Пролет“, бр. 9а Скопјеdoverba@yahoo.com02/3067 713Коалиција „Сексуални и здравствени права намаргинализираните заедници“,ул. „Партизански одреди“ бр. 23-1/7, Скопјеcoalition.mk@gmail.com02/3214 269ИЗБОР – Здружение за советување, лекување,ресоцијализација и реинтеграција на лица со проблем зарадиупотреба на дрога Струмица,ул. „Херој Карпош“ бр. 16, Струмицаizborsr@sonet.com.mk034/349 410Здружение ЗОНА Кавадарци,ул. „Благој Крстиќ“ б.б., Кавадарциzonakavadarci@yahoo.com043/417 79917


- НВО Опција Охрид.Адреса ТЦ „Охриѓанска“ бр. 23, Охридopcijaohrid@yahoo.comcontact@opcijaohrid.org.mk046/257 838- Центар за развој на граѓанското општество ВИА ВИТА Битола,ул. „Анести Пановски“ бр. 10/1/8, Битолаviavitabt@yahoo.com- Асоцијација за здрави животни стилови ПУЛС Куманово,ул. „Бајрам Шабани“ бр. 19, Кумановоinfo@pulskumanovo.org.mk031/423 375- Центар за развој и унапредување на јавниот живот Тетово,ул. „Кузман Јосифовски Питу“ бр. 51, Тетовоcrujzte@yahoo.com044/343 566- Здружение ХЕЛП Гостивар,ул. „Илинденска“ б.б., 1230 Гостиварили help_gostivar@yahoo.com- Младински клуб Штип,ул. „Васил Главинов“ бр. 20, Штипmladinski_1@yahoo.com032/382 356- НВО ПОДДРШКА,ул. „Иво Лола Рибар“ бр. 30, Гевгелијаpoddrska@yahoo.com.Општински организации на Црвен Крст- ОО на Црвен Крст – Велесул. „Маршал Тито“ бр. 166а, 1400 Велесm.hadzinaumov@yahoo.com- ОО на Црвен Крст – Прилепул. „Јоле Андоноски“ бр. 5а, 7500 Прилепm_nedelkoska@yahoo.com18- ОО на Црвен Крст – Кичевоул. „Јанко Михајлоски“ б.б., 6250 Кичевоenserjusuf@yahoo.com


Здружение за еманципација, солидарности еднаквост на жените на РМ - ЕСЕМаксим Горки 20/1-41000 Скопјетел: ++389 (0) 2 3298 295факс: ++389 (0) 2 3211 453esem@esem.org.mkwww.esem.org.mkБрошурата е дел од проектот:Човекови права во здравствената заштита19


*електронската верзија на прирачникотможе да ја преземете на нашата страна:www.healthrights.mkЗАПОЗНАЈТЕ СЕ СО:основите на човекови права во здравствена заштита прекуПрирачникот за човекови права во здравствената заштитамеѓународните и регионалните документи и механизми коиго гарантираат и штитат спроведувањето на правото на здравједомашното законодавство и начините за заштита на правотона здравје во нашата земјаправата и обврските на здравствените работници вообезбедување на здравствена заштитаправата и обврските на пациентите во остварување наздравствената заштита и здравственото осигурувањерелевантни публикации кои се однесуваат на различниздравствени прашања и пристап до здравствена заштитаинституциите кои работат на полето на обезбедување наздравствена заштита, здравствено осигурување и правназаштита во нашата земја.20www.healthrights.mk

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!