22.12.2015 Views

Никоб Инфо 33

Јуни 2013

Јуни 2013

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

ЕУ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ

ПРИВАТНИТЕ АГЕНЦИИ

ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ

ВО ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ

СТР. 3

ПОСТАПУВАЊЕ ПО НАРЕДБА

ШТО ТРЕБА ДА ЗНААТ

РАБОТНИЦИТЕ ЗА

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ,

ПРИ УПОТРЕБА НА СИЛА

СТР. 4

ГОДИНА IV. БРОЈ 33. ЈУНИ 2013

ТОПЛОТО ВРЕМЕ

ИМ ГОДИ НА КРАДЦИТЕ

Криминолозите со векови се прашуваат на кој начин може времето да влијае врз кривичните дела. Сега, неколкумина криминолози од

Хамбург направија споредба меѓу временската и криминолошката статистика.

Андреас Ломајер е криминолог и раководител во одделот за сузбивање на криминалот во полицијата во Хамбург. Тој и неговите колеги ја

истражуваат поврзаноста меѓу времето и одредени кривични дела. Денес, временската прогноза е составен дел од секојдневната работа на

полицијата, објаснува криминологот. Според некои полициски прописи, кога се прави проценка на некоја ситуација, треба да се земе

предвид и времето. И локацијата на криминалното дејство се менува драстично во зависност од времето. Но, се поставува прашањето - како

реагираат криминалците на времето? Со цел да најдат одговор на ова прашање Андреас Ломајер и неговите колеги направија споредба на

неброени временски прогнози со полициската криминална статистика.

„Дококу земете предвид 200 различни временски варијабли за секој час во последните 20 години, тогаш добиваме 36 милиони податоци,

плус 175.000 податоци од криминалната статистика", вели Андреас.

продолжува на стр.2

СЕКТРОН ВО ЧЕКОР СО СОВРЕМЕНАТА ТЕХНОЛОГИЈА

ТЕРМАЛНА КАМЕРА

FEVERSCAN M 3000D

ТАЈНИТЕ НА ДИЗНИЛЕНД

КОЈ СЕ ГРИЖИ ЗА РЕДОТ

И МИРОТ ВО ПАРКОТ

СТР. 3 СТР. 6

продолжение од насловна страница

НИКОБ

СО РАСТЕЊЕТО НА ТЕМПЕРАТУРАТА,

РАСТЕ И БРОЈОТ НА ДЕЛИКТИТЕ

Со цел да не се изгубат во „морето" од

податоци тие евалуираа околу 2

милиони податоци. Од овие податоци,

потоа, генерираа одделни изјави околу

различни деликти. Од овие истражувања

произлезе дека не постои некое

посебно време што е општо поволно за

различни криминaлни деjства. Меѓутоа,

постојат два вида деликти - едни, чија

зачестеност не зависи од времето, а

такви се сите видови грабежи, како

ограбување на продавница или

автомобил, или пак, продажба на дрога.

Другите видови деликти се зачестуваат

во зависност од времето. Овде спаѓаат

на пример телесни повреди.

„Колку времето e потопло, толку почесто

доаѓа до насилство. Ова може дури

релативно точно да се пресмета. По

еден степен целзиусов имаме 0,7

деликти повеќе на ден", вели Андреас и

додава - во топлите денови зачестуваат

и сексуалните деликти:

„Ваквите сознанија може само да се

потврдат, тоа не е ништо ново. Кога

времето се стоплува, станува поопасно

за дамите."

На зима грабежите се поретки

Деликтот кражба на велосипеди е

директно поврзан со временските

услови. Во лето тој е особено засилен,

вели Андреас Ломајер:

„На еден студен и врнежлив ден во

недела, во март, регистрирани се 19

кражби на велосипеди, додека на еден

вторник во јуни регистрирани се 63

вакви кривични дела.”

НАЈТЕШКО Е ДА СЕ ПРЕСМЕТА

ПОВРЗАНОСТА МЕЃУ ГРАБЕЖИТЕ И

ВРЕМЕТО.

„Со секој час, како што се стемнува, се

случува по еден деликт повеќе на ден.

Колку што времето станува постудено,

се намалуваат кривичните дела. Кога се

деновите пократки и постудени,

потешко може да се пресмета како се

одвиваат работите. Така на пример во

зима, кога има многу снег, се случуваат

шест кривични дела помалку на ден.”

СТАТИСТИКАТА ВО СЛУЖБА НА

СУЗБИВАЊЕ НА КРИМИНАЛОТ

МОЖЕ ЛИ КРИМИНАЛОТ НАВРЕМЕНО

ДА СЕ СУЗБИЕ ВРЗ ОСНОВА НА

ВРЕМЕНСКИТЕ УСЛОВИ?

Значи, на криминалците најмногу им

одговара кога е темно и топло. Така на

пример, во ноќта на 31 јануари кон 01

февруари 2011, беше многу ведро и

студено во Хамбург. Таа ноќ беа

регистринани само две кражби на

ретровизори и грабеж во една шупа, се

сеќава криминологот Андреас.

Како може уште подобро да се

искористат статистичките податоци во

навремено сузбивање на криминалот

покажува примерот во полицијата во

американската метропола Мемфис, во

сојузната држава Тенеси. Тие работат со

компјутерски симулации. Со помош на

податоци од минатото, агентите се

обидуваат да најдат корисни поврзници

за во иднина. За оваа цел тие го

користат софтверот на фирмата Ај-Би-

Ем, наречен Блу-Краш. Поимот означува

сузбивање на криминалот со користење

на статистика. Програмата прави

проценка за одредени делови во градот

- колкава е веројатност да се случат

грабежи, пресметки меѓу две банди,

трговија со дрога и други илегални

активности.

Овие проценки програмата ги

пресметува врз основа на податоци од

полициската статистика, економски

индикатори, информаци за јавни

настани, како концерти и временска

прогноза:

„Откако почна полицијата да го користи

овој софтвер во 2005 година, оттогаш

стапката на криминални дела во Мемфис

се намали за 30 проценти", вели

Андреас Ломајер.

На почетокот на месец јуни МВР

поднесе пријави против тројца

малолетници кои пустошеле во

домовите од скопските населби.

Тројцата скопјани извршиле 15

кривични дела од кои; три тешки кражби

во станови, два обиди за тешки кражби

во станови, една кражба во стан, две

тешки кражби во ПМВ, две тешки

кражби на моторцикли, четири тешки

кражби во останати објекти (книжари и

гаража), една кражба во куќа – кривични

дела предвидени и казниви по чл.236 ,

236/19 и 235 од КЗ на РМ,

информираат од МВР.

Г.С. (21) како и двајца малолетници од

14 и 13 годишна возраст кои се

штитеници на ЈУЗКП „25 Мај“ - Скопје

си заработија кривични пријави за

извршени тешки кражби кои ги

извршиле во периодот од ноември

минатата до мај оваа година во

скопските населби Кисела Вода и

Центар. Крадците провалувале во

становите, куќите и книжарите и си

присвојувале мобилни телефони, лап

топ, пари, женски ташни, паричници,

ранци, информираат од МВР. Инаку,

украдените предмети ги продавале на

пазарот за стари работи лоциран на ул.

“Лазар Личеновски“ на разни купувачи,

потоа на Бит Пазар како и на лицето С.Б.

(29) од ул. “Вашингтонска“, во чиј што

дом со наредба од Истражен судија од

ОСС 1 извршен е претрес и таму се

пронајдени разни предмети кои

потекнуваат од кривични дела :

акумулатори, лап топ, касетофони,

велосипеди и др. Заработените пари ги

користеле за купување на дрога како и

други свои потреби. Отсекот за тешки

кражби при СВР Скопје работи на

расчистување и на други кривични дела

тешки кражби, кражби во станови , куќи

и ПМВ со истите сторители, а по

целосно расчистување и документирање

на кривичните дела од страна на СВР-

Скопје ќе биде поднесена соодветна

кривична пријава, стои во соопштението

на МВР.Според експертите за борба со

криминалот, од вкупниот број кривични

дела извршени од малолетници

–најголем дел отпаѓаат на кривични

дела од областа на класичниот

криминал, но ако се анализира

структурата на кривичните дела, ќе се

забележи дека најголемиот дел

припаѓаат на кривични дела против

имотот. Учеството на малолетниците во

другите области е минимално. Така, во

кривичните дела против животот и

КРИМИНАЛ

МАЛОЛЕТНИЦИТЕ

РЕКОРДЕРИ ВО ИЗВРШЕНИ КРИВИЧНИ ДЕЛА

телото учествуваат со најмал процент.

Најголемиот вид на разбојништав кои ги

вршат малолетниците припаѓаат на

уличните разбојништва со употреба на

физичка сила и вербална закана, a

најчести жртви се нивни врсници, при

што им се одземаат мобилни телефони и

помали износи пари. Инаку, голем дел

од малолетниците се повеќекратни

повторници на имотни деликти.

Малолетничката деликвенција, како дел

од криминалот, преставува негативно и

неприфатливо однесување на

малолетните лица кое се изразува низ

конкретни инкриминирани дејствија на

тие лица со кои ги пречекоруваат

општествените стандарди, вредности и

норми на однесување. Неможноста да се

задоволат нивните основни потреби,

слабеењето на основната функција на

семејството, тешкотии во емоционално и

социјално созревање, недостаток на

самопочитта, негативно влијание на

врсници, желбата за доминација,

непочитување на авторитети, како и

неорганизирано користење на

слободното време, т.е. нивно подолго и

почесто престојување во просториите

за забава и угостителските објекти

каде се изложени на голем број

негативни влијанија, допринесуваат за

девијантното однесување. Во услови на

недоволно воспитување, насочување и

укажување на вистинските вредности,

постојат реални предуслови, тие

полесно да станат престапници.

Статистиката на Министерството за

внатрешни работи покажува дека 15

отсо од вкупниоте кривични дела го

вршат малолетни лица. Од вкупниот

број кривични дела извршени од

малолетници –најголем дел отпаѓаат

на кривични дела од областа на

класичниот криминал, но ако се

анализира структурата на кривичните

дела, ќе се забележи дека најголемиот

дел припаѓаат на кривични дела против

имотот. Учеството на малолетниците во

другите области е минимално. Така, во

кривичните дела против животот и

телото учествуваат со најмал порцент.

Најголемиот вид на разбојништав кои

ги вршат малолетниците припаѓаат на

уличните разбојништва со употреба на

физичка сила и вербална закана, a

најчести жртви се нивни врсници, при

што им се одземаат мобилни телефони

и помали износи пари.

Инаку, голем дел од малолетниците се

повеќекратни повторници на имотни

деликти.

ТЕРМАЛНА КАМЕРА

FeverScan M 3000D

СЕКТРОН - ТЕХНОЛОГИЈА

Клучни карактеристки:

> Двоен надзор (термалнен и визуелнен ) за лесено скенирање.

> Однапред одредени вредности, за абнормални телесни температури.

> Сива слика, за која се користи црвена боја за да се индицира високата температура.

> Прилагодлив диспеј, способен да прикаже широк спектар на температурен опсег.

> Можност за “spot-check” со маус за прецизно мерење на температурата.

> Прилагодени аларми за високи температури.

> Log file- кој ги снима податоците на алармот.

> Системот користи термална камерна глава, дисплеј софтвер и акустичен/систем за снимање.

Спецификации:

> Леќи 40mm

> Главна матрица Микро-болометр (аморфен силикон или ванадиум оксид)

> Оптег 8- 14 микоро метри

> Број на пиксели 320 X 240

> NEDT 0.08`C @ 30`C

Во 2009 година, Сектрон постави термална камера на скоспкиот аеродром. Термалната камера беше поставена за да ја регистрира

телесната температура на патниците, како еден од симптомите на новиот грип тип А (H1N1). Задолжителниот термо скрининг на

патниците беше задолжителен како здравствените власти би имале увид за потенцијално заболени лица кои пристигаа на

аеродромот. Се термо камерата, работеше посебно обучен кадар.

Проблематиката на приватното

обезбедување на национално ниво во

денешно време е изложена на

влијанието на различни трендови, од кои

како клучни може да се издвојат

Европеизацијата и секако

глобализацијата на економијата, како и

тенденцијата за хармонизација на

законодавствата и политиките. Во тој

смисол приватното обезбедување

повеќе не може да остане ограничено

само на една нација, туку побарува

проевропска и глобална перспектива и

тоа во однос на прилагодување на

легислативата кон овие побарувања.

Многу современи студии за

законодавствата кои ја регулираат

СВЕТ

ОБЕЗЕДУВАЊЕТО ВО ЗЕМЈИТЕ

НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА

дејноста обезбедување на лица и имот

покажувааат значителни разлики (во

нормативата и во праксата) во однос на

овој сектор, во различни земји членки

на ЕУ. Во опкружување каде нема

законски бариери за работење во

странски земји, како за агенциите така и

за работниците, загрижува фактот што

Европа се соочува со проблемот на

несоодветност или неусогласеност на

основните законски стандарди кои ја

регулирааат оваа дејност, вели

Секретарот на Комората за

обезбедување лица и имот во РМ, Сања

Керметчиева.

-Во теоријата постојат различни

пристапи кон класифицирање на

државите во соодветни категории по

однос на законодавството за оваа

дејност, но за оваа прилика би ја

презентирала најопштата, а таа ги

групира земјите во три категории:

првата категорија се земји со многу

рестриктивна-строга регулатива:

Белгија, Шпанија и Луксембург (еден

пример е дека строго се штити

националниот сектор од странска

конкуренција); втората категорија се

земји со многу либерална регулатива:

Велика Британија и Германија (законите

не се многу прецизни и се со

тенденција регулирањето на овој сектор

во определена мерка да го препуштат

во надлежност на други тела) и

последната категорија се земји кои се

наоѓаат некаде помеѓу првите две

екстремни категории, земји со средно

строго определена регулатива:

Франција, Италија, Холандија

(воспоставена јасна законска рамка),

истакнува Керметчиева.

Во табелата која следи се преставени

определени земји-членки на ЕУ, со

законите или други акти кои ја

регулираат дејноста обезбедување на

лица и имот и годината кога е воведена

регулативата. Во табелата се гледа дека

земји кои имаат најразвиена индустрија

на приватно обезбедување (на пример)

релативно скоро вовеле акт со кој

истото се регулира.

ЗАКОН - РЕГУЛАТИВА

Нема посебен закон, дејноста е регулирана со

Законот за трговски друштва

Закон за агенции за обезбедување и компании кои

имаат сопствено обезбедување

Закон за услуги на обезбедување

Закон за фирми за приватно обезбедување

Закон за активностите на фирмите за приватно

обезбедување и обезбедување на пренос на пари

Нема посебен закон. Дејноста е регулирана со

Закон за професиите и акт за дејности од приватно

обезбедување

Закон за дејствија на приватно обезбедување

Закон за индустријата приватно обезбедување

Закон за јавна безбедност

Закон за дејности на приватно физичко

обезбедување

Закон за фирми за приватно обезбедување и

приватна истрага

Предлог закон

Закон за приватно обезбедување

Закон и декрет за индустријата приватно

обезбедување; Закон за одржување ред; Закон за

за заштита на институции од национален интерес;

Закон за инсталација на алармни системи

Закон за приватно обезбедување

ГОДИНА

1990

1986

1983

1983

1927

1995

1997

2000

1931

1935

1940

1990

1997

1993

1992

1974

1980

1983

2001

ЗДРАВЈЕ

извор: preventus.mk

ЕМПАТИЈА - ШТО Е ТОА ?

Емпатијата е способност да се

распознаат емоциите кое ги доживува

некоја друга личност накратко кажано.

Кога разговараме и сме емпатични кон

некоја личност, се трудиме да бидеме

грижливи кон она што таа личност го

зборува со цел подобро да ја

разбереме. Односно, се обидуваме да се

ставиме во негова или нејзина кожа.

Емпатијата претставува една од

најважните интерперсонални

комуникациски способности при

социјалната комуникација. Оваа

способност, да се види светот преку

очите на другиот, не ја поседуваат сите

луѓе подеднакво. Некои ја имаат повеќе,

некои помалку. Во денешниот свет на

егоцентрици, емпатијата е се помалку

присутна што јасно укажува на

потребата што повеќе да ја развиеме кај

себеси и да го избегнеме „членството“

во групата „Јас и само Јас“. Ова не

значи дека треба да имаме длабоко

развиена релација со некоја друга

личност за да можеме да бидеме

емпатични спрема неа. И што е многу

важно да запомниме, не значи дека ако

сме емпатични кон другата личност и

добро сме го разбрале нејзиното

гледиште, мора и да се сложуваме со

истото. Да се биде емпатичен, значи да

и се даде на другата личност целосното

внимание со цел да чуете што има да

каже и да разберете што чувствува.

Емпатијата е отварање на себеси кон

другата личност во насока на подобро

разбирање на она што таа го доживува.

Тоа ги подразбира чувствата, мислите и

ставовите на другата личност. Или, што

би се рекло, да видиме како е во „туѓа

кожа“. Преку емпатијата ние се

замислуваме себеси на нивно место, па

со самото тоа си овозможуваме подобро

разбирање на ситуацијата. При овој

процес потребно е нашите емоции,

чувства и ставови, да ги тргнеме

настрана за да си обезбедиме пат кон

целосно разбирање на нечија друга

перспектива. Да си дозволиме да

бидеме отворени кон нивните идеи и

размислувања. На овој начин, си

овозможуваме вистинско разбирање на

нивните мисли, оттргнувајќи ги така

опасностите од преокупираност со

давање судови што е добро а што лошо.

Уште повеќе, откако ќе ни стане целосно

јасно за што се работи, може

попродуктивно да придонесеме со наши

идеи за решение на одреден проблем

или поефективно укажување за

алтернативен аспект во одредена идеја.

Кога другата личност ќе забележи дека

се трудиме да ја разбереме и да ги

согледаме работите со нејзини очи, ќе

стане помалку дефанзивна и поотворена

за комуникација. Кога ќе се поставиме на

начин кој јасно ја демонстрира нашата

подготвеност да го разбереме другиот и

објективно да го ислушаме, успешно се

справуваме со сите емоции и чувства

создавајќи на тој начин безбедна

околина за другата личност да не се

плаши заедно со нас да ги промисли

своите чувства без да се почувствува

загрозено. Кога ќе се оттргне опасноста

да се чувствуваат како на суд, ќе ја

снема и потребата да се биде

дефанзивен. Давајќи му емоционална

поддршка и простор да се чуе себеси

како го изразува она што го чувствува,

ние всушност му помагаме на другиот да

си ги разјасни работите и за себе не

само да ни ги објасни нам. Обично,

човек е толку преокупиран со нешто што

го мачи што има потешкотија да ги

согледа сите аспекти на ситуацијата.

Вака, им помагаме да истражат и нови

алтернативи за решавање на нивниот

проблем. Се разбира, ако почувствуваме

дека недоволно сме го разбрале она

што ни било кажано, треба да

поставуваме прашања со кои ќе ни се

разјаснат работите. Со ова, не само што

нам ни се разјаснуваат некои работи,

туку и на другата личност и

овозможуваме во безбедна околина да

си ги постави и сама тие прашања и да

даде пообјективен, растеретен одговор

на даденото прашање. Тоа ни дава и нам

можност подобро да ги разбереме и

зошто работите се онакви какви што се.

Само во безбедна околина може да се

разврзе искрена и објективна дискусија

која ќе биде продуктивна во однос на

проблемот кој што ја мачи другата

личност. Со изолирање на емоциите,

зборовите ја губат емоционалната

конотација, па се овозможува суштината

да исплива на површина. Кога некој ќе

забележи дека внимателно сме го

ислушале и сме се обиделе да го

разбереме неговиот аспект, веројатно ќе

му се појави и голема желба да го чуе

нашето мислење за истата работа. Не е

тешко да се заклучи дека емпатијата е

најдобриот начин за градење доверба и

солидни темели за вистинско разбирање

меѓу личностите. Таа е најдобар начин

да се разбере другиот. Вреди повторно

да се нагласи дека самото разбирање на

другиот преку неговиот аспект на

гледање на работите не значи и

прифаќање на неговото или нејзиното

гледиште, но значи многу во однос на

процесот на воспоставување на

вистинска комуникација, корисна и за

обете страни.

Елена Ангеловска - психолог,

магистрант по развојна психологија

извор: Закон за приватно обезбедување

Работник за обезбедување е должен

да постапи по наредба на овластено

службено лице на Министерството за

внатрешни работи. Работникот за

обезбедување не смее да изврши

наредба на овластено службено лице

на Министерството, како и наредба на

свој претпоставен работник, доколку

со тоа би извршил кривично дело.

При примената на овластувањата

работниците за обезбедување се

должни да ги почитуваат угледот и

достоинството на граѓаните, како и

основните човекови права и слободи.

Примената на овластувањата мора да

биде пропорционална на потребата

поради која истите се применуваат. Со

примената на овластувањата не смее

да се предизвикаат поголеми штетни

последици од оние кои евентуално би

настапиле доколку работниците за

ПОСТАПУВАЊЕ ПО НАРЕДБА

И ОБЕМ НА ПРИМЕНА НА ОВЛАСТУВАЊА

обезбедување не би ги примениле

овластувањата.

Работник за обезбедување исто така

има право да изврши проверка на

идентитет на лице, во следниве случаи:

1.при влез или излез од имотот што

работникот го обезбедува; 2. На лице

кое се наоѓа во превозно средство кое

влегува или излегува од имотот што

работникот го обезбедува; 3.лице кое е

затечено во вршење на кривично дело

или прекршок и 4.по наредба на

овластено службено лице на

Министерството за внатрешни работи.

Проверка на идентитет се врши со увид

во лична карта или друг документ за

лична идентификација што има

фотографија. Работникот за

обезбедување задолжително мора да ја

покаже и својата службена

легитимација.

ЗА МЕСЕЦ МАЈ 2013

Изминатиот месец во Дирекцијата за Продажба и Маркетинг се склучени вкупно 85 нови договори за

користење на услугата техничко и патролно обезбедување. Со оваа бројка месецот Мај е завршен со

одличен број на ново склучени договори во овој сегмент на нашето работење. Паралелено со почетокот

на емитување на новата реклама на НИКОБ продолжува кампањата во делот на техничко и патролно

обезбедување, која на клиентите им нуди дополнителни новитети и поволности, широк асортиман на

техничка опрема со цел задоволување на барањата и потребите на клиентите. Склучени се дополнителни

1 договори за миграција на RF со постоечки клиенти на НИКОБ. Во делот на физичко обезбедување

е особено значајно склучувањето на 2 нови договори за редовно физичко обезбедување со значајни и

големи клиенти, 4 договор за времено физичко обезбедување како и 8 ангажмани во делот на

вонредно физичко обезбедување за постоечки и нови клиенти. Реализирани се 4 нови монтажи на

техничка опрема особено во делот на имплементација на системи за видео надзор, контрола на пристап

и регистрација на работно време, противпожарни системи...... По направената анализа и сумираните

резултати во изминатиот месец се дадени вкупно 149 понуди за техничко и патролно обезбедување на

правни и физички лица, 33 понуди за видео надзор, 3 понуди за против пожарни системи, 8 понуди за

контрола на пристап и регистрација на работно време, 1 понуда за видео фонија, 6 понуди за редовно

физичко обезбедување, 5 понуди за вонредно физичко обезбедување и 1 понуда за транспорт на пари

и врденосни пратки.Во месец мај секторот за маркетинг работеше на изработка на нова рекламна

кампања, како и изработка на профили на социјалните медиуми.

ЗА МЕСЕЦ МАЈ 2013

ВКУПЕН БРОЈ НА ПАТРОЛНИ ИНТЕРВЕНЦИИ

3772

4125

2352

596

22

20

3

90,90 %

0,58%

За месец мај нови објекти со

физичко обезбедување се

Хелматекс-Струмица, хотел

Изгрев-Струга дополнителна

позиција, Телеком-Маџари

дополнителна позиција каде

што се ангажирани вкупно 6

работници за обезбедување.

Извршени се повеќе вонредни

ангажирања за мобилниот

оператор ВИП, Прокредит

Банка, Алфа Банка, хотел

Силекс Охрид. Како поголеми

ангажирања би ги издвоил

натпреварите во кошарка во

првата Македонска супер лига

помеѓу МЗТ-Работнички,МЗТ-

ФЕНИ, и двата натпревари во

ПЛЕЈ-ОФ помеѓу МЗТ-Кожуф

во салата Борис Трајковски

каде што вкупно се ангажирани

250 работници за

обезбедување.

Месец мај, Дирекција за

централизирано обезбедување го

заврши со 74 ново приклучени објекти

за техничко-патролно обезбедување, а

воедно со предвидената динамика

продолжува префрлањето на постојните

клиенти на новиот систем за пренос на

алармните дојави преку радио

предавател. Месецот се случија 22

провали од кои 20 во целост се

спречени и не е извршена никаква

кражба. Најчесто провалувани објекти

беа куќи, станови, магацини. Патролните

служби интервенираа на 114 реална

паники. Дојавите за паника во најголем

дел се однесуваа на кражби на роба во

продавници, проблематични лица во

угостителски објекти како и

разбојништва. Интервенциите се

реализираа навремено, а во најголем

дел сторителите се фатени на лице

место при извршување на делото и се

предадени на надлежните органи.

За месец мaj Дирекцијата за транспорт на

вредносни пратки има извршено 436 транспорти

и 45 сервисирања на банкомати на територија на

Република Македонија. Останува соработката со

едни од поголемите банки во државата како

Стопанска Банка, Халк Банка, Прокредит Банка,

Алфа Банка, ЦКБ како и реномираните фирми Т -

хом, Кам маркетите, Џонсон Мети, Здружение на

возачи на град Скопје, Патент Центар , Даути

комерц и др.

Дирекцијата за имплементација и сервис

за месец Maj 2013 има реализирано:

1. Монтажа на опрема – 107 налози

2. Домонтажа на опрема – 15 налози

3. Преселба – 7 налози

4. Приклучување на ДОЦ – 74 налози

5. Миграции - 6 налози

6. Сервис – 104 налози

7. Демонтажа на опрема – 8 налози

Во месец мај, 16 работници на Агенцијата за обезбедување НИКОБ добија

парични награди за покажаната професионалност и одговорно работење.

Наградени беа поради успешно спроведена акција која придонесе за расчистување на

разбојништвата, успешна реакција на голем број дојави и зголемен обем на работа, како

и за брзо реагирање и спречување на пожар и поголема кататсрофа по имотот на

клиентите.

11 работници на НИКОБ беа казнети во месец мај. Казните беа поради

непрофесионално и недолично однесување на работно место и несоодветно

постапување за време на работаниот ангажман, ненавремено информирање на

претпоставените во тимот, како и за недолично однесување.

МАРАТОН, КАКО ДА ГИ ОСВОИТЕ ДОЛГИТЕ ПАТЕКИ

ПЕШАЧЕТЕ И ДИШЕТЕ

Пред да почнете со трчање,

практикувајте да поодите некое време и

длабоко да дишете. Ова е најдобриот

начин да ги подготвите вашите нозе

пред трчањето. Исто така, оваа

подготовка треба да ја практикувате и

пред секојдневното трчање, не само

пред маратон. Со пешачењето се

релаксираат мускулите со што би

избегнале нивно грчење и затегнување

за време на трчањето.

РЕЛАКСИРАЈТЕ СЕ

Препорачливо е ден пред маратонот да

се одморите и релаксирате. Претходните

недели и денови што сте ги поминале во

подготовка се доволни за трчањето што

ви претстои. Затоа, последниот ден

поминете го во одмор и релаксација што

е последната подготовка за вашето тело

и ум. Одете на масажа, на фризер,

направете сè што ве опушта.

ПРОВЕРЕТЕ ЈА РАБОТАТА НА СРЦЕТО

Најдобар начин да го одредите темпото

е преку вашиот срцев ритам.

Одредувањето може да го направите

преку трчање со различно темпо и

мерење на отчукувањата на срцето.

Темпото во кое имате најдобар ритам на

срцето треба да го задржите во текот на

целиот маратон, бидејќи му овозможува

на вашето тело да ја произведе

потребната енергија и да ја оптимизира

брзината.

НАСПИЈТЕ СЕ

Без разлика дали се подготвувате за

маратон, редовно трчање или воопшто

не сте по трчањето, треба да се

наспиете. Всушност, спиењето доволно

часови треба да го практикувате секој

ден, бидејќи е еден од начините на кој

телото ја обновува силата и енергијата.

ТРЧАЈТЕ НА ДОЛГИ ПАТЕКИ ЦЕЛА

НЕДЕЛА

Претпоставувајќи дека сте се пријавиле

веќе на маратонот, претпоставуваме и

дека веќе сте трчале на подолги стази

изминатава недела. Ова е најважната

превентива од можни повреди во

трчањето.

ЈАДЕТЕ ЈАГЛЕХИДРАТИ

Јаглехидратите, не само што не се

забранети, туку се и препорачливи. Не

треба да се казнувате ако сте јаделе

тестенини или да си забранувате да

јадете пица или паста. Но, секако,

консумирајте ги во границите на

нормалата, без прејадување.

ОДРЕДЕТЕ СИ ЦЕЛНО ВРЕМЕ

Секоја недела треба да одредите време

и километри што сакате да ги поминете и

за кои би дале максимум од себе.

Зголемувајте на истрчаните километри, а

воедно намалувањето на времето за кое

тоа би го направиле, треба да го правите

постепено. На пример, додавајте по 3 до

5 минути секој ден на времето за кое ја

трчате рутата, истовремено додавајќи по

километар на истрчаната далечина.

НЕ ТРОШЕТЕ ЕНЕРГИЈА

Не се обидувајте да почнете со поголем

интензитет кога ќе започнете со трчање

на маратонот. Почнете побавно. Ако има

некои што се побрзи од вас, во ред е.

Планирајте го нивото на енергија кое ќе

го ослободите и на тој начин вашето

тело ќе може да ги направи потребните

промени за да не се истоштите

предвремено.

НОСЕТЕ СООДВЕТНИ ПАТИКИ

Не ги избирајте вашите најфенси патики

за трчање на маратонот, туку обујте

соодветни патики кои ви се удобни. На

овој начин ќе избегнете можна

иритација, тешкотии при трчањето и

неудобност за време на маратонот.

Во Дизниленд сè изгледа совршено. Тоа

е добро дизајниран свет од фантазијата,

но за сè да оди како подмачкано, овој

забавен парк користи некои тајни

техники.

МАЧЕШКО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ

Иако Дизниленд не потврдува, гласно се

шпекулира дека за отстранување на

несакани гости од животинскиот свет

паркот користи некогаш питоми мачки

кои денес се однесуваат како да се диви.

Денот тие го поминуваат во специјални

кафези, а ноќе шараат низ целиот парк

во потрага по натрапници. Наводно, овој

метод се употребува од 1957 година,

кога одговорните од паркот не успеале

да избркаат сто мачиња-скитници, па се

решиле да ги искористат „услугите“ на

подивените мачки.

СКРИЕНИОТ МИКИ МАУС

Ликот на Мики Маус може да се

забележи насекаде низ тематските

паркови на Дизни, но него го има дури и

онаму каде што никој не може да го види

на прв поглед. За Дизни работат

специјално обучени инженери-дизајнери

кои вешто успеваат да го скријат

познатиот лик на места каде што не се

РЕЛАКСАЦИЈА

ТЕЛОХРАНИТЕЛОТ НА МАДОНА

ВО ЉУБОВ СО ЌЕРКА И ?

Мега популарната ѕвезда, нескротливата и кралицата на попот, Мадона, сега ја запознаваме во

поинакво светло- на презагрижена мајка. Имено, таа тешко се помирува со фактот дека

нејзиното дете расте и се ужаснува од помислата дека 16-годишната Лурдес би можела да

има момче. Строгата мајка неодамна сепак попуштила, па на својата ќерка Лурдес и'

дозволила да излезе со Тимоте Шаламет, актер од серијата „ Татковина“. Сепак, Мадона, за

секој случај, како придружба испратила еден од своите телохранители. Лурдес и Тимоте

посетуваат иста уметничка школа во Њујорк, биле видени минатиот викенд на состанок во

една кафетерија. Момчето постојано нешто зборувало, а Лурдес се смешкала. Толку се занеле,

што Тимоте во еден момент ја фатил за рака ќерката на кралицата на попот, сведочел

присутен извор. На крајот на вечерта, Лурдес и Тимоте ја поделиле сметката ( 51 долар плус

напојница), а тогаш телохранителот го испратил до автомобилот со возач. Многумина многу ја

критизираат Мадона дека е престрога мајка. Меѓу другото, Лурдес и' забележува на мајка си

што не и' дозволува да преспива надвор од домот, ниту кај пријателки. Но, мајка и' цврсто се

придржува до принципот: додека си во мојот дом, ќе биде како што ќе кажам јас – пренесуваат

странските списанија.

ТАЈНИТЕ НА ДИЗНИЛЕНД -

КОЈ СЕ ГРИЖИ ЗА РЕДОТ И МИРОТ ВО ПАРКОТ

забележува. Така, дизниевиот јунак го

има на цветните тапети во амбулантата,

на бродот на Карипските пирати, па дури

и на ролеркоустерот Вселенска Планина

(Space Mountain). Само тие знаат колку

точно Мики Мауси има во Дизниленд.

Алкохол далеку од дофатот на децата

Никаде во Дизниленд не се продава

алкохол, освен во добро скриениот Клуб

33. Тој бил изграден во времето додека

Волт Дизни бил жив како место каде што

требало да се забавуваат

потенцијалните инвеститори. Денес таму

можат да влезат само 487 гости кои се

на список, а ред се чека и по 14 години.

Порано од тоа можат да влезат само

луѓе од политиката, славни ѕвезди и

други луѓе со силни врски.

ОПТИЧКИ ИЛУЗИИ

Во Дизниленд ништо не е баш онака

како што изгледа благодарение на

дизајнерите кои многу умешно креираат

оптички илузии. Така на пример,

планината Матерхорн всушност е еден

не многу голем рид, иако изгледа

огромен. Трикот е во тоа што дрвјата во

подножјето се повисоки и изгледаат

поблиску, а оние на врвот се пониски,

создавајќи илузија дека се таму далеку

во облаците.

РАБОТНИЦИТЕ ИМААТ АКТЕРСКИ

ЗАДОЛЖЕНИЈА

Во Дизниленд секој работник има

актерски задолженија. Секој од нив мора

да следи прецизен код на однесување

со кој нема да се задира во магијата на

паркот. Сите мораат да се однесуваат

како да се во светот на карактерот кој го

претставуваат со цел да не ја нарушат

сликата на посетителите за него, а

носење брада, долги нокти или

бојадисана коса не доаѓа предвид.

Запомни дека твојот најдобар пријател си самиот ТИ. Исто како што ги слушаш и

почитуваш пријателите, слушај се и почитувај се себеси без никакво осудување.

Дека еден учител е добар, не е знак бројот на ученици што ги има, туку бројот на

учители кои ги создава.

Што и да се случува околу тебе, немој да го сфаќаш тоа лично.

Луѓето не прават ништо заради тебе, туку заради самите себеси.

Твојот живот е манифестација на твоите соништа, тоа е уметност. И во секој

момент можеш да го промениш доколку не уживаш во него.

Некои врски се појавуваат за да ти помогнат во одредени животни лекции, а кога

лекциите ќе бидат научени, треба да знаеш да ги пуштиш и да продолжиш

понатаму.

Немој да очекуваш да добиеш, ако не си спремен да дадеш.

Трпе од Струга прв пат доаѓа во Скопје. Целиот збунет прашува еден полицаец:

- Бате, кај е Камени мост?

Полицаецот: аман бе, секоја будала тоа го знае!

- Па затоа и те прашувам!

На еден влав му здосадило да чита вицеви за влашката скржавост, па испратил

писмо до уредникот на еден весник:

- Со гадење ги читам навредливите вицеви за мојата скржавост. Ве

предупредувам!! Ако не престанете да пишувате такви навредливи вицеви, ќе

престанам да го позајмувам весникот од соседот.

Си биле хирург, архитект и политичар и разговараат за тоа кој е најстар занает на

светот. Хирургот вели:

- Бог од Адамовото ребро ја направил Ева. Значи тој бил првиот хирург и бил

многу добар.

На тоа архитектот вели:

- Чекај, Бог ја направил Ева дури шестиот ден. Сети се на почетокот, прво било

хаос па настанал ред. Кој би можел да направи ред освен архитектите?

Го прекинува политичарот:

- Добро луѓе, а што мислите, кој го направи хаосот?

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!