22.12.2015 Views

Никоб Инфо 32

Мај 2013

Мај 2013

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

НОВА РЕКЛАМНА КАМПАЊА НА НИКОБ

ГО ОБЕЗЕБЕДИВТЕ ЛИ

ВАШИОТ ДОМ ИЛИ

ЌЕ БИДЕТЕ СОРАБОТНИК

НА КРАДЕЦОТ

СТР. 2

СЕКТРОН

НОВА ТЕХНОЛОГИЈА

ВИДЕО НАДЗОР

СО ИНФРАРЕД

СТР. 3

ГОДИНА IV. БРОЈ 32. МАЈ 2013

НИКОБ

ПРОФЕСИОНАЛНОСТА НА ПРВО МЕСТО

Министерството за внатрешни работи на 7 мај годинава, по повод чествувањето на „Денот на полицијата“, на агенцијата за обезбедување

лица и имот „НИКОБ“ и додели Благодарница. Оваа Благодарница од МВР следува после долгогодишната соработка на НИКОБ и

полицијата во заедничка борба и допринос за намалување на криминалот во Скопје.

„Министерството за внатрешни работи на агенцијата за обезбедување лица и имот НИКОБ и доделува 'Благодарница' заради

долгогодишна и успешна соработка со Секторот за внатрешни работи – Скопје, Комесаријатот за криминалистички истраги, Единицата за

општ криминал“ – пишува на Благодарницата.

Ова не е прв пат Министерството за внатрешни работи да ја препознае и нагарди професиналноста и способноста на работниците за

обезбедување во НИКОБ. Во 2009 година Комората за обезбедување лица и имот како и Министерството за внатрешни работи, доделија

награда за најдобар работник во приватното обезбедување, на работник од Дирекцијата за физичко обезбедување во НИКОБ.

ПРАВИЛНИК

ВРШЕЊЕ НА ТЕХНИЧКО

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ

СТАНДАРДИ НА ШВАЈЦАРСКАТА ГАРДА

КОЈ ГО ОБЕЗБЕДУВА

ПАПАТА И ВАТИКАН

СТР. 4 СТР. 2

НОВА РЕКЛАМНА КАМПАЊА НА НИКОБ

ГО ОБЕЗЕБЕДИВТЕ ЛИ ВАШИОТ ДОМ

ИЛИ ЌЕ БИДЕТЕ СОРАБОТНИК НА КРАДЕЦОТ?

На 6 април од страна на продукцијата М-

Ланд Про беше организирано снимање

на две реклами „Крадецот“, која што е

актуелна во моментов, и „Бизнисменот“

која ќе се емитува во наредниот период.

Рекламите беа изработени со врвна

филмска екипа и со најсовремена

продукциска опрема.

Крадецот е реклама за најпродаваниот

продукт на Никоб, техничко и патролно

обезбедување. Идејата со рекламата е

да им ги покажеме на нашите

потенцијални клиенти сите придобивки

од користењето на нашите алармни

системи. Крадецот е прикажан во четири

ситуации. Во првата тој го игнорира

фактот дека објектот е обезбеден и ја

провалува куќата. Патролата на Никоб

пристигнува на време и крадецот е

фатен. Во втората ситуација Крадецот

научен од претходната случка ја

одбегнува обезбедената куќа. Во третата

ситуација тој наоѓа необезбедена куќа и

ја обива без никаков проблем. И во

четвртата ситуација го гледаме крадецот

како се чувствува како дома во

необезбедена куќа.

За рекламата Бизнисменот поблиску ќе

ве запознаеме во периодот кога ќе се

емитува.

Екипа:

Идеја и креатива: Филип Јаневски

Режисер: Јане Ќортошев

Директор на фотографија: Димо Попов

Монтажа: Дарко Маневски

Музика: Димитар Маневски

Крадецот: Иво Ангеловски

Швајцарската гарда е швајцарска

платена војска, која уште од средниот

век им служела на големите европски

монарси, како и на папата, во чија

служба постои и денес. Гардистите

служеле како телохранители,

церемонијални гардисти и чувари на

дворецот. Денес, до некоја мера тие се

претставени во папската швајцарска

гарда. Тие имаат висок углед и голема

меѓусебна лојалност. Покрај домашните

и гардистички единици, некои единици

служеле како формации кои истапувале

и на бојното поле; регуларната

швајцарска платена војска како пешадија

служела во различни армии, како оние

на Франција, Шпанија и Неапол сѐ до 19

век.

Корпусот на папската швајцарска гарда

или само Швајцарската гарда (латински:

Pontificia Cohors Helvetica или Cohors

Pedestris Helvetiorum a Sacra Custodia

Pontificis, германски: Schweizergarde,

италијански: Guardia Svizzera Pontificia) е

еден вид на исклучок од швајцарските

правила за периодот од 1874 до 1927

година. Тоа е мала армија одговорна за

безбедноста на папата, вклучувајќи ја и

безбедноста на Апостолската палата и

влезот до внатрешноста на Ватикан.

СВЕТ

ШВАЈЦАРСКА ГАРДА

Нејзиниот официјален јазик е

германскиот. Таа служи де факто, ако не

и де јуре во армијата на Ватикан.

Историја [уреди]

Почетоците на швајцарската гарда

датираат од 15 век. Папата Сикст IV

(1471-1484) веќе склучил сојузништво

со Швајцарија и изградил касарни во Виа

Пелегрино по разгледувањето на

можноста за регрутирање на швајцарски

пешадијци. Спогодбата била обновена

од страна на папата Инокентие VIII

(1484-1492) со цел да се искористат

против војводството Милано. Папата

Александар VI (1492-1503), подоцна ги

користел швајцарските гардисти за

време на сојузништвото со францускиот

крал. Во време на папството на

семејството Борџија, започнале

италијанските војни во кои швајцарските

пешадијци биле постројка во првите

воени редови, понекогаш за Франција, а

понекогаш и за Светата римска империја.

Пешадијците се вооружиле кога дознале

дека францускиот крал Шарл VIII е

Неапол. Меѓу учесниците во војната

против Неапол биле кардиналот

Џулијано дела Ровере (идниот папа

Јулие II) (1503-1513), кој бил добро

запознат со Швајцарците, бидејќи бил

епископ на Лозана неколку години пред

тоа. Походот бил неуспешен, делумно

поради новото сојузништво склучено

меѓу папата Александар VI и

Французите. Кога кардиналот Џулијано

дела Ровере станал папа во 1505

година, побарал од швајцарското

извршно тело да го заштитува постојан

корпус од 200 швајцарски пешадијци.

Во септември 1505 година, првиот

контингент од 150 војници го започнал

маршот до Рим, под командата на Каспар

фон Зиленен и влегле во градот на 22

јануари 1506 година. Овој датум денес

се смета за датум на кој е основана

папската швајцарска гарда.

„Швајцарците ја гледаат тажната

ситуација на црквата, Бог, мајката на

христијанството и си замислуваат колку е

тешко и страшно тоа што некој тиран,

алчен за богатство може без казна да ја

нападне заедничката мајка на

христијанството“, тврди Улрих Цвингли,

швајцарски католик којшто станал

подготвен и организира поход против протестантски реформатор.

СЕКТРОН - ТЕХНОЛОГИЈА

НОВО ОД СЕКТРОН

КАМЕРА ДЕН НОЌ СО IR ОСВЕТЛУВАЊЕ

Системи за Видео Надзор / Samsung IP

видео надзор

SNO-5080R

HD IP камера Ден/Ноќ со IR осветлување

H.264/MPEG4/MJPEG;

резолуција 1.3Mpx (1280×1024@22

кад/сек);

1/3'' PS CMOS сензор;

варифокален auto-iris објектив 2.8~10

mm;

вградено IR осветлување до 30 м,

0.3 lux (color)/0 lux (IR on);

двонасочно аудио;

алармен влез/излез;

Day/Night функција со механички IR

филтер;

дигитален филтер на шум (SSNRIII),

оптимизациа на сликата во темните зони

од кадарот (SSDR);

подобрена осетливост на светлина

(Sens-up x2-x60);

аналоген излез;

за надворешна монтажа (IP66);

СВЕТ

ШВАЈЦАРСКА ГАРДА

Папата Јулиј II, подоцна ги одликувал со

титулата „заштитници на слободата на

црквата“[1].

По бројот на припадници, гардата била

се побројна како што изминувале

годините, па била дури и распуштена.

Тоа се случило на 6 мај 1527 година,

кога 147 од 189 гардисти, вклучувајќи

го и нивниот командант, загинале

борејќи се против непокорните трупи на

императорот на светата римска империја

Карло V за време на ограбувањето на

Рим со цел да му се овозможи на папата

Климент VII да избега низ Пасето ди

Борџо, придружен од останатите 40

гардисти. Последното бојно поле се

наоѓа на страната на базиликата Свети

Петар, во близина на Campo Santo

Teutonico (германски гробишта).

Швајцарската гарда им служела на

папите од 1500-те години. Формално,

таа има должност во папската

резиденција заедно со палатинската

гарда и благородната гарда, и двете

биле распуштени во 1970 година, во

времето на папата Павле VI. Денес

папската швајцарска гарда има

формална улога на поранешните

единици. На крајот од 2005 година,

имало 134 членови во швајцарската

гарда. Во овој број се вклучени од

командантот (има воен чин полковник),

капелан, три офицери, еден постар

водник ("feldwebel"), 30 офицери без чин

и 99 „халберди“, кои по ранг се еднакви

на простите војници (вака се наречени

поради нивната традиционална

халберда).

Денешната папска швајцарска гарда

Правила за служба [уреди]

На денот на јубилејнииот 500. роденден

на швајцарската гарда (22 јануари

2006), папата Бенедикт XVI донесе нови

Персонални, дисциплински и

административни правила

(германски:Personal-, Disziplinar- und

Administrativreglement). Тоа се шестите

по ред правила. Претходните правила

биле донесени во 1858, 1878, 1914,

1959 и 1976 година. Со новите правила

не се извршени некои позначајни

промени, туку постојните правила се

усовршени и осовременети. За да може

да служи во швајцарската гарда, секој

кандидат мора да биде католик, да биде

неженет, да има швајцарско

државјанство, како и да има завршено

воена школа. Кандидатот мора да има

меѓу 19 и 30 години, да биде повисок од

174 cm и да има завршено најмалку

средно образование. Жени не може да

служат во гардата.

Секој кандидат мора да се пријави за да

служи во гардата. Откако ќе бидат

примени, новите гардисти положуваат

заклетва пред папата. Заклетвата се

положува на 6 мај (овој ден е денот кога

во 1527 година градот Рим бил

ограбен) секоја година. Церемонијата на

положување на заклетвата се одвива во

Сан Домасо во Ватикан. Воениот капелан

на глас ја чита заклетвата на јазикот на

гардистот (најчесто на германски, а

поретко на француски и италијански).

(на германски) "Ich schwöre, treu, redlich

und ehrenhaft zu dienen dem regierenden

Papst [name] und seinen rechtmäßigen

Nachfolgern, und mich mit ganzer Kraft für

sie einzusetzen, bereit, wenn es erheischt

sein sollte, selbst mein Leben für sie

hinzugeben. Ich übernehme dieselbe

Verpflichtung gegenüber dem Heiligen

Kollegium der Kardinäle während der

Sedisvakanz des Apostolischen Stuhls. Ich

verspreche überdies dem Herrn

Kommandanten und meinen übrigen

Vorgesetzten Achtung, Treue und

Gehorsam. Ich schwöre, alles das zu

beobachten, was die Ehre meines Standes

von mir verlangt."

(на македонски) „Се заколнувам во

верност, чесност и достоинство во

служењето за папата [името на папата] и

неговите легитимни наследници, и се

посветувам себеси за нив со сета моја

сила, подготвен да се жртвувам, ако тоа

е потребно, и по цена на мојот живот.

Исто така го претполагам ова ветување и

кон членовите на колегијата на

кардинали за време на периодот Седе

ваканте на апостолската столица. За тоа,

се обврзувам пред мојот командант и

останатите претпоставени со почит,

верност и послушност. Се заколнувам во

покорност пред сите барања присутни во

достоинството на мојот ранг.“

Службата во гардата трае најмалку 2

години, а може да трае и до 25 години

(се потпишува договор). Најголемиот

број на гардисти ја напуштаат гардата по

истекот на минималниот предвиден рок.

Униформи

Официјалните униформи се обоени во

сино, црвено, портокалово и жолто со

впечатлив ренесансен изглед. И покрај

тоа што обично заслугата му се

припишува на Микеланџело,

командантот Жил Репонд (1910-1921)

ги создал денешните униформи во 1914

година. Според портретот на папата

Јулие II, кој бил насликан од страна на

Рафаело Санти, се смета дека и тој

можеби со своите слики имал влијание

врз денешните униформи. Денес, тие се

со големи здолништа, кои биле типични

за периодот на ренесансата. Многу јасна

глетка од современите униформи може

да се забележи на фреската на Јакоб

Копи на византиската императорка

Луцинија Евдоксија, наспроти папата

Сикст III. Тоа е всушност, предвесник на

денешните трибојни униформи со чизми,

бели ракавици, со висока плисирана јака

и црна беретка или црн морион (во

сребрена боја во некои случаи).

Водниците носат црна горна облека со

пурпурни гамаши, додека останатите

офицери се облечени во целосно

пурпурна униформа. Работната

униформа е пофункционална, и е

поедноставна, обоена во сино, за

разлика од трибојната свечена

униформа. Се носи со кафеав каиш,

рамна бела јака и црна беретка. Новите

регрутирани гардисти, и оние кои се на

вежба може да носат целосно сина

униформа со кафеав каиш. За време на

студено и бурно време, гардистите

облекуваат темносина наметка над

регуларната униформа. Оригиналните

бои (сина и жолта) биле воведени од

страна на папата Јулие II, којшто ги зел

традиционалните бои на неговото

семејство дела Ровере. Папата Лав X ја

додал црвената, која била одраз на

неговото семејство Медичи.

Над главата обично се носи црна

беретка за обавување на секојдневните

должности, додека црн или сребрен

морион со црвен, бел, жолт или

пурпурен пердув од ној се носи за време

на одржување на церемонии, како што е

давањето на заклетва или дипломатска

посета на некој шеф на држава.

Кројачите на униформите работат во

касарните на швајцарската гарда.

Ренесансниот стил на униформа тежи

околу 4 kg и е можеби најтешката

униформа која ја носат припадниците на

некоја армија денес. Униформите се и

доста тешки за изработка. За една

униформа се потребни дури 32 часа за

истата да биде готова.

Детето е татко на човекот! – оваа

реченица е нерaздвоиво поврзана со

психоанализата. Она што се случува во

детството е од пресудно значење за

формирањето на личноста на

поединецот. За да се сфати како

психоаналитичарите го објаснуваат

развојот на личноста треба да се објасни

поимот либидо. Пишува Елена

Ангеловска - психолог, магистрант по

развојна психологија...

Либидото ја претставува сексуалната

енергија која потекнува од метаболизмот

на организмот. Тоа е поврзано со

половиот нагон, слично како што во

гладта е поврзана со нагонот за јадење.

Сепак либидото не треба да се сведе на

сексуална, потреба, сексуален нагон или

нешто слично, во конкретната смисла на

зборот. По оправдано би било либидото

да се поима како животна енергија. Во

текот на психичкиот развој либидото е

насочено кон различни делови од

телото, различни луѓе и различни

активности.

Според, Фројд личноста се развива низ

три предгенитални фази: орална, анална

и фалусна, по што следува период на

латанција и потоа доаѓа гениталната

фаза. Наj aдекватниот однос на

средината кон детскиот развој доведува

до фиксација на либидото на некоја од

триве споменати фази. За развојот на

личноста од пресудно значење е

периодот од непосредно по раѓањето на

детето па се до некаде околу 5 година

од животот.

ОРАЛНА ФАЗА

Започнува веднаш по раѓањето и трае

една до првата година. За неа е

карактеристично дека детето светот го

доживува преку устата, и дека

ЗДРАВЈЕ

ОРАЛНА, АНАЛНА И ФАЛУСНА ФАЗА ОД ЖИВОТОТ

СПОРЕД ФРОЈД

предметите сака да стави во устата со

цел да ги осознае. Во оваа фаза

либидото е насочено кон устата. Доколку

постои нe адекватен однос кон детето во

оваа фаза, подоцна може да се развие

патолошко однесување кај возрасниот,

како што е на пример, алкохолизам,

пушење и слично. Некои луѓе кои во

екстремно стресни ситуации извршиле

регресија на ниво на орална фаза,

започнуваат да го цицаат палецот од

раката. Кај “нормалните” луѓе, особините

како што се наивниот, лековерност,

комуникативност, сарказам, се поврзани

со искуствата (на поединецот) од оваа

фаза.

АНАЛНА ФАЗА

Оваа фаза започнува од првата година и

трае нeкаде до околу третата година од

животот. Тоа е период во кој детето учи

да го контролира исфрлањето на

непотребните материи од организмот. Во

оваа фаза либидото е насочено кон

аналниот отвор. Во оваа фаза детето ги

задржува фекалиите во цревата и потоа

ги испушта при што доживува

задоволство од растеретувањето

(олеснувањето) од непотребните

материи. Лицата кои имаат фиксации во

оваа фаза во патолошка смисла може да

манифестираа страв од микроби,

садизам итн. Кај “нормалните” луѓе во

извор: preventus.mk

аналната фаза се наоѓаат зачетоците на

особините како што се: педантност,

точност, уредност, одговорност,

принципиелност итн.

ФАЛУСНА ФАЗА

Оваа фаза почнува некаде од третата

година и трае до петтата година од

животот. Либидото е насочено кон

родителот од спротивниот пол но извор

на задоволство се гениталиите од

сопственото тело. Така машкото дете се

вљубува во мајката, а девојчето во

таткото. Ова фаза е многу важна за

правилната сексуална ориентација. Кога

машкото дете се вљубува во мајката

зборуваме за Едипов комплекс. Детето

доживува силни чувства кон мајката и

сака да е со неа. При тоа таткото го

доживува како ривал и развива

непријателски чувства кон него. Се

јавува страв од кастрација на половиот

орган и поради тоа чувствува голема

анксиозност и страв. Со цел да ја

надмини оваа непријатна состојба детето

се идентификува со таткото и започнува

да го имитира. На тој начин машкото

дете ја прифаќа својата сексуална

ориентација и осознава дека инцестот е

нешто што е забрането. Кај девојчињата

се јавува Електриниот комплекс.

Девојчето се вљубува во таткото и

развива непријатни чувства кон мајката.

Неа ја доживува како ривал.

Девојчето смета дека е казнето за

својата љубов кон таткото и затоа е

кастрирано.

Поради тоа чувствува интензивно

чувство на завист. Заклучува дека,

доколку се однесува како мајката таткото

ќе ја сака и затоа детето се

идентификува со мајката и ја имитира

(облекува нејзини чевли, алишта итн).

извор: Закон за приватно обезбедување

ВРШЕЊЕ НА ТЕХНИЧКО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ

Техничко обезбедување се врши со

употреба на технички средства и уреди

заради спречување на противправни

дејствија насочени кон лица и имот, а

особено за заштита од:

1. недозволен пристап во објекти и

простории што се обезбедуваат;

2. неовластено користење и отуѓување

на предмети што се обезбедуваат;

3. неовластено внесување на огнено

оружје, експлозивни, радиоактивни,

запаливи и отровни материи;

4. провалување, диверзија или насилен

напад на објектот што се обезбедува;

5. неовластен пристап до податоци и

документација;

6. напад на возила за транспорт на пари

и други вредносни пратки и

7. напад на работници за обезбедување

кои вршат пренос на пари и други

вредносни пратки.

Работите горенаведени се вршат само во

објектот што се обезбедува, односно до

границата на просторот што се

обезбедува, во текот на транспорт и

пренос на пари и други вредносни

пратки и за време на вршење телесна

заштита на лица. Техничките средства и уреди од став може да бидат поврзани во

систем на техничка заштита.

ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА И ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ВРШЕЊЕ ВИДЕО НАДЗОР

Техничките средства и уреди не може да се користат на начин на кој надвор од

објектот што се обезбедува или надвор

од границата на просторот што се

обезбедува се нарушува приватноста на

други лица. Кога обезбедувањето на

одреден објект или просторија кои се

користат за јавна употреба се врши со

технички средства и уреди за видео

надзор, правното лице кое го врши

обезбедувањето е должно на видливо

место да истакне известување за тоа

дека се врши видео надзор, согласно

прописите за заштита на личните

податоци.

КВАЛИТЕТ И ИСПРАВНОСТ НА

ТЕХНИЧКИТЕ СРЕДСТВА И УРЕДИ

Во вршењето на техничко обезбедување

правните лица употребуваат технички

средства и уреди кои имаат пропишан

квалитет согласно важечките стандарди

на Република Македонија, односно

меѓународните технички стандарди кога

не постојат пропишани стандарди во

Република Македонија. Правното лице

кое врши техничко обезбедување е

одговорно за исправноста на вградените

технички средства и уреди, нивното

редовно одржување и поправка,

согласно закон и склучениот договор.

ЗА МЕСЕЦ АПРИЛ 2013

Изминатиот месец во Дирекцијата за Продажба и Маркетинг се склучени вкупно 96 нови договори за

користење на услугата техничко и патролно обезбедување. Со оваа бројка месецот Април е завршен со

одличен број на ново склучени договори во овој сегмент на нашето работење. Паралелено со почетокот

на емитување на новата реклама на НИКОБ продолжува кампањата во делот на техничко и патролно

обезбедување, која на клиентите им нуди дополнителни новитети и поволности, широк асортиман на

техничка опрема со цел задоволување на барањата и потребите на клиентите. Склучени се

дополнителни 4 договори за миграција на RF со постоечки клиенти на НИКОБ. Во делот на физичко

обезбедување е особено значајно склучувањето на 4 нови договори за редовно физичко обезбедување

со значајни и големи клиенти, 1 договор за времено физичко обезбедување како и 4 ангажмани

во делот на вонредно физичко обезбедување за постоечки и нови клиенти. Реализирани се 7 нови

монтажи на техничка опрема особено во делот на имплементација на системи за видео надзор,

контрола на пристап и регистрација на работно време, противпожарни системи...... По направената

анализа и сумираните резултати во изминатиот месец се дадени вкупно 138 понуди за техничко и

патролно обезбедување на правни и физички лица, 40 понуди за видео надзор, 3 понуди за против

пожарни системи, 8 понуди за контрола на пристап и регистрација на работно време, 3 понуда за видео

фонија, 9 понуди за редовно физичко обезбедување, 1 понуди за вонредно физичко обезбедување и 2

понуди за транспорт на пари и врденосни пратки.Во месец април секторот за маркетинг работеше на

изработка на нова рекламна кампања, како и изработка на профили на социјалните медиуми.

ЗА МЕСЕЦ АПРИЛ 2013

ВКУПЕН БРОЈ НА ПАТРОЛНИ ИНТЕРВЕНЦИИ

3723

3664

1937

542

27

24

2

88,88 %

0,72%

Во месец април нови позиции со

физичко обезбедување се Џонсон

Мети, Амбасада на Италија,

Нексенс и хотел Изгрев во Струга

каде што вкупно се ангажирани 4

работници за обезбедување.

Извршени се повеќе вонредни

ангажирања за салонот за

автомобили на Порше, Прокредит

Банка, Халк Банка, како и

ангажирањето во Македонската

кошаркарска лига КК.МЗТ-

КК.Лирија,КК.МЗТ-КК.Фени,

КК.МЗТ-КК.Куманово во салата

Борис Трајковски каде што за

трите натпревари се ангажирани

200 работници за обезбедување.

Како поголем настан би го

споменал натпреварот во ракомет

помеѓу репрезентацијата на

Македонија-Шпанија во салата

Борис Трајковски каде

ангажиравме 100 работници за

обезбедување.

Месец април, Дирекција за

централизирано обезбедување склучи

договори со нови клиенти кои целосната

безбедност за нивниот имот и добра

одлучија да му ја препуштат на НИКОБ.

Воедно со предвидената динамика

продолжува префрлањето на постојните

клиенти на новиот систем за пренос на

алармните дојави преку радио

предавател. Месецот се случија 27

провали од кои 24 во целост се спречени

и не е извршена никаква кражба. Најчесто

провалувани објекти беа куќи, станови и

деловни простории. Патролните служби

интервенираа на 1937 паника. Дојавите

за паника во најголем дел се однесуваа

на кражби на роба во продавници како и

за проблематични лица во угостителски

објекти. Интервенциите се реализираа

навремено, а во најголем дел

сторителите се фатени на лице место при

извршување на делото и се предадени на

надлежните органи. Вкупниот број на

реакции на паника беше 542.

За месец април 2013 година Дирекцијата

за транспорт на пари и вредносни пратки

има извршено 472 транспорти и 38

сервисирања на банкомати на територија на

Република Македонија. Останува

соработката со едни од поголемите банки

во државата како Стопанска Банка, Халк

Банка, Прокредит Банка, Алфа Банка, ЦКБ

како со реномираните фирми Т- хом, Кам

маркети, Џонсон Мети, Здружение на возачи

на град Скопје, Патент Центар , Даути

Комерц и др.

Дирекцијата за имплементација и

сервис за месец Април 2013 има

реализирано:

1. Монтажа на опрема – 129 налози

2. Домонтажа на опрема – 27 налози

3. Преселба – 3 налози

4. Приклучување на ДОЦ – 87 налози

5. Миграции - 13 налози

6. Сервис – 73 налози

7. Демонтажа на опрема – 5 налози

Во месец април, единаесет работници на Агенцијата за обезбедување

НИКОБ добија парични награди за покажаната професионалност и одговорно

работење. Наградени беа поради успешно спроведена акција која придонесе за

расчистување на разбојништвата, успешна реакција на голем број дојави и зголемен

обем на работа, како и за брзо реагирање и спречување на пожар и поголема

кататсрофа по имотот на клиентите.

Шест работници на НИКОБ беа казнети во месец април. Казните беа поради

непрофесионално и недолично однесување на работно место и несоодветно

постапување за време на работаниот ангажман, ненавремено информирање на

претпоставените во тимот, како и за недолично однесување.

ПИЛАТЕСОТ И БИТКАТА ПРОТИВ ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ

Дали пилатес е решение за вишокот на

килограми? Повеќе типови на вежбање

помагаат да се намалат килограмите и

да се добие поубаво и поцврсто тело.

Пилатесот е уникатен режим на

вежбање каде што целта не е само да се

изгубат одреден број на килограми...

Идејата е да се зацврстат и оформат

мускулите, да се добие убава форма на

телото и флексибилност. Пилатесот е

важен дел од работата која е потребна

за вашето тело да го добие обликот кој

го посакувате. Преку најразлични

специјализирани движења, позиции и

вежби, телото се здобива со потребната

физичка активност, се согоруваат

калориите, зацврстуваат мускулите, се

зголемува флексибилноста на телото и

подобрување на неговата фигура. Со

тоа се подобрува и надворешниот

изглед.

Со пилатесот се вежба целото тело, а

најмногу внимание се посветува на

големата група на мускули во

средиштето на телото, абдомнот,

долниот дел од грбот, колковите и

задникот. Пилатесот не е само збир на

вежби туку метод чија главна цел е

покрај вежбањето, да се создаде

соединување на умот и телото, така што

без да се вклучува умот, телото да се

движи со ефикасност, рамнотежа и

грациозност. Пилатесот се практикува во

специјализирани установи, во група со

специјализиран тренер.

Што се однесува до килограмите,

доколку се вежба добро и упорно, а

паралелно се внимава и на исхраната,

тие гарантирано ќе се намалат, а вие ќе

се чувствувате здраво, релаксирано и

убаво. Сепак пилатесот не е многу

ефикасен за луѓе кои сакаат да симнат

поголема бројка на килограми. За таква

намена се прапорачуваат подинамични

вежби како трчање, пливање, аеробик,

фитнес и др.

Дишење

Со циркулацијата на крвта таа ги буди

сите клетки во телото и ги отстранува

отпадните материјали поврзани со

заморот. За крвта правилно да ја изврши

оваа функција таа мора да биде

исполнета со кислород и прочистена од

отпадни гасови со помош на правилното

дишење. Според ова правило, ако го

прекинете дишењето за време на

вежбата, правите грешка во тренингот.

Целосно и темелно вдишување и

издишување е дел од секоја Пилатес

вежба. „Стиснете ги вашите бели

дробови како да цедите мокра крпа,“

наводно велел тој. Пилатес дишењето

треба да се прави со концентрација,

контрола и прецизност. Правилното и

ефективно дишење, не само што ги

оксигенира мускулите тоа исто така ја

намалува напнатоста на вратот и

рамената, тврдат оние кои вежбаат

според овој метод. Пилатес дишењето е

опишано како задно странично дишење

што значи дека на вежбачите им е

наложено да дишат длабоко во задниот

и страничните делови на градниот кош.

Кога вежбачите издишуваат, наложено

им е да водат сметка на внатрешните

стомачни и мускулите на дијафрагмата и

да ја одржат нивната работа додека

издишуваат. Пилатес се обидува

правилно да ја координира оваа рутина

на дишење со движењето, вклучувајќи

инструкции за дишење со секоја вежба.

Јозеф Пилатес рекол, „Дури и ако не ги

следите другите инструкции, научете да

дишете правилно.“

РЕЛАКСАЦИЈА

КРИС БРАУН

СИ ГО ИСФРЛИЛ

ТЕЛОХРАНИТЕЛОТ

ОД АВИОН

Гана, Бермуда (Бенг Шоубиз) – Контроверзниот рнб пејач, повеќе (озогласено) познат како

љубовта на Ријана, Крис Браун, наводно го исфрлил од авион неговиот долгогодишен

телогранител Биг Пет. Крис го напуштил неговиот телохранител во Бермуда откако авионот

направил мала пауза на карипскиот остров бидејќи двајцата се скарале додека биле во

авионот. Еден од вработените на аеродромот објасни за весникот Бермуда Сан: “Не сум

сигурен за деталите на тоа што се случило за време на летот, но авионот слета, го

сервисираа, се беше при крај и се подготвуваа да заминат. Тогаш имаше задржување.

Чуварот од обезбедувањето (Биг Пет) се симна прв. Стоеше надвор и зборуваше со пилотот.

Тогаш Крис Браун и уште еден тип се симнаа. Мораа да влезат внатре за царинска контрола.

Потоа, излегоа надвор на цигара. Телохранителот влезе внатре во зградата на аеродромот и

рече дека не се враќа во авионот.” Телохранителот му рекол на членот од персоналот дека

имал “недоразбирање” со Крис. Биг Пет бил принуден да се качи на комерцијален лет до

њујоршкиот аеродром ЏФК откако бесниот пејач го исфрлил од неговиот приватен авион.

Крис патувал назад од концерт на спортскиот стадион Акра во Гана, Западна Африка. Биг Пет,

од друга страна, останувал покрај Крис низ неговите претходни темпераметни испади и дури

има примено и шише по глава за време на тепачката на Крис со Дрекј во клуб минатиот јуни.

"ЛОНДОНГРАД

ОД РУСИЈА СО КЕШ"

ОД МАРК ХОЛИНГСВОРТ И СТЈУАРТ ЛАНСЛИ

Романот на Холингсворт и на Лансли, именуван "Лондонград - од Русија со кеш" ја раскажува сторијата за тоа како

Лондон станал познат како Лондонград и како колосалните богатства на оние што учествувале во неговиот подем може,

наскоро, да се претворат во прав. По распаѓањето на комунизмот во Русија, Лондон стана втор омилен дом на руските

милијардери. "Лондонград" е вистинска сторија, од добро упатени извори, за тајните мултимилијардерски зделки и

злобни непријателства, за претседатели и топмодели, олигарси и аристократи, за приватни млазни авиони и за мегајахти.

"Лондонград" е книга која открива како се создава и одржува огромно богатство, за луксузот кое тоа богатство може да

го купи и за моќта и интригите што тоа ги продуцира.

Никогаш не се смирувај за помалку од она што заслужуваш.

На девојка не и е потребен некој кому таа не му е потребна.

Не го критикувај она што не можеш да го разбереш.

Совет е нешто кое го бараме кога веќе го знаеме одговорот,

но посакуваме да не го знаеме.

- Девојко, зошто го уди син ми?

- Цело време ми викаше дека сум дебела.

- А ти што мислеше, ако го удриш дека ќе ослабиш?

Отишол Цветко на доктор, и видел дека на вратата пишува: „За услуги првпат се

наплаќа 1000 денари, за вторпат - 500 денари“.

Цветкo влегол и рекол: - Добар ден докторе. Еве, јас пак дојдов.

Ги комплицираме работите кога е навистина едноставно: пронајди што е тоа што те

прави среќна и кој е тој што те прави среќна и ќе бидеш среќна.

Луѓето кои извршуваат самоубиства, не сакаат да стават крај на својот живот,

сакаат да стават крај на својата болка.

Кога беше последниот пат кога направивте нешто по прв пат?

Момче и девојка водат љубов и во еден момент момчето забележало слика на

еден маж на нејзината маса. - Дали е ова мажот ти? - Не! - одговорила таа.

- Љубовник? Нене... - Брат?

- Ма не.

- Па добро, кој е?

- Јас, пред операцијата со која го сменив полот!

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!