<strong>22</strong> |СЕ ОДРЖА БЕЛА НОЌ 007Повеќе од 70 настани, разни изложби,концерти, филмски проекции, промоции, какои мултимедијалниот спектакл на акробатскатаатракција на светски познатиот состав GRUPOPUJA ја одбележаа најдолгата културна ноќ воСкопје - „Бела ноќ 007“ којашто се одржа на 17септември.Годинава, на повеќе локации низ градотсе прикажуваа филмски проекции. Во Градскотокино „Милениум“ имаше целодневен филмскимаратон, а проекции на отворено на огромноплатно беа прикажувани и во Градскиотпарк. Вљубениците во фотографијата имааможност да ја погледнат изложбата „Counterphotography“ на единаесетмина современијапонски уметници во Музејот на Град Скопје,а годинава за првпат имаше и организиранавелосипедска туристичка обиколка на културно-историскитезнаменитости во градот сотуристички водич.Белата ноќ беше исполнета и со големброј музички настапи. На повеќе локациископјани ги забавуваа улични изведувачи. ВоМКЦ се одржа целовечерна забава посветенана музичарот Дејвид Боуви, а пред платото наКИЦ концерт одржаа составите „Silicon carne”(Дижон, Франција), „Фонија” (Скопје) и „Theglasses” (Приштина).Во рамките на „Бела ноќ“ традиционалносе одржа Streetball кошаркарски натпревар,меѓу мешани кошаркарски екипи од среднитеучилишта на Град Скопје.
ноември 2011 | 23МОТ ИСПИША УШТЕЕДНА СТРАНИЦА ОДНАШАТА ТЕАТАРСКАИСТОРИЈАМеѓународниот театарски фестивал„Млад отворен театар“ годинава бешекомплетно распродаден. На 36-то изданиена МОТ, за 9-те претстави од интернационалниотдел на фестивалот, 9-те домашнипретстави, 3-те концерти, 2 промоции накниги и една инсталација се бараше и билети место повеќе. И годинава селектор напрограмата на фестивалот „МОТ 007“, штосе одржуваше од 21-28 септември, бешемакедонскиот режисер Дејан Пројковски.Фестивалот беше отворен со театарскатапретстава Турбо Парадизо на TheaterKosztolanyi Deszo, унгарски театар што работиво Суботица, Србија. Преостанатите 8странски претстави беа: Чекална од Farmin the Cave Theatre, Чешка; Брехт – ХардкорМашина од Theater Kosztolanyi Deszo, Србија;Злосторство и казна од Mladinsko Theatre,Словенија; Последниот танц на Нижинскиод Mladinsko Theatre, Словенија; Медеја одTheatre Studio Eski Masjid, Узбекистан; ГосподаГлембаеви од Theatre Atelje 212, Србија;Надеж, монодрама на Петар Милошевскиод Лондон и победничката претстава Ромеои Јулија од OKT-Vilnius City, Литванија.Звукот на коските што се кршат од Театратеатар; Брод за кукли од Wonderland театар;Љубовницата/The Mistress од Intimateтеатар, Метаморфози од Охридски театар;Класен Непријател од Wonderland театар;Роберто Зуко од 11-мина театар; Слугинкиод No Name театар; Јас, Љубам, Бог од БуденТеатар и Неверство од ЦК театар, беа деветтемакедонски претстави што ја збогатијасодржината на фестивалот.Жирито на фестивалот беше во составАлександра Бошковска, Ѕвезда Ангеловскаи Љубиша Никодиновски Биш. За најдобрапретстава од независните театри е избранаБрод за Кукли на Нела Витошевиќ од Вондерлендтеатарот, а победничката театарскапродукција, според гласовите на публиката,модерната верзија на Ромео и Јулијана литванскиот театар OKT-Vilnius City, добинаграда од 200 000 денари за продукција нанова претстава, што својата премиера ќе јадоживее на следното издание на МОТ.Во рамките на фестивалот се одржааи две промоции на книги „Театарот на движење“од Јозеф Наѓ и „0,1-Краток вовед вовечноста“ на Златко Славенски. На отворањетона фестивалот настапија легендите наамериканскиот арт рок Tuxedomoon, а вонаредните вечери настапија домашните LaColonie Volvox со гостинот Теодосиј Спасов иБиоскопија.Странските претстави се одржувааво МОБ, Кино Фросина, МНТ и во Драмскитеатар, независните театри ги играа своитепретстави во неконвенционални просторикако клубови, дискотеки, кабареа и фоајеана културни установи. Покровителина Млад отворен театар традиционално сеГрадот Скопје и Министерството за култура,а програмата ја реализира Младинскиоткултурен центар.