24.12.2015 Views

Никоб Инфо 30

Март 2013

Март 2013

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

ЗДРАВЈЕ

извор: preventus.mk

СТРЕСОТ ВЛИЈАЕ

НА НАДВОРЕШНИОТ ИЗГЛЕД

За визуелниот впечаток важна е убавата

кожа. Според дерматолозите стресот е

најголем непријател на кожата. Прв знак

за она што се случува во нашиот

организам е кожата. Кога таа ќе ја изгуби

својата боја, сјај и затегнатост, значи

дека се случува некој биолошки

дебаланс. Се почеста причина за ваквата

состојба е стресот кој од внатре

излегува надвор на површината на

кожата. Жените се поотворени од

мажите и многу полесно зборуваат за

своите проблеми... Кога станува збор за

депресијата и за други психички тегоби,

тие почесто бараат стручна медицинска

помош. Сепак, и понежниот пол не е

поштеден од болеста на модерното

општество. Жената е изложена на стрес

во текот на работно време. Попладне се

посветува на семејството и на

домашните обврски, а тоа честопати го

зголемува веќе насобраниот стрес. На

секојдневниот стрес не се имуни, ниту

невработените. Резултатите покажуваат

дека 51% од невработените мајки се

изложени на неговото влијание. Стресот

е причина и за нередовниот и

неправилен месечев циклус кај жените.

Мозокот ги регулира хормоните од кои

зависи менструалниот циклус, а кога е

под влијание на физички и ментален

стрес, доаѓа до нарушување во

месечниот циклус. Според научниците

во менопауза, порано влегуваат жените

кои се поизложени на стрес, бремените

се соочуваат исто така со многу стресни

состојби. Истражувањата покажуваат

дека екстремниот стрес за време на

бременост може да резултира со раѓање

на деца до пониска родилна тежина, па

дури и до предвремено породување.

Хормоните на стресот може да преминат

од мајката на детето, па тие деца се

поподложни, на психички падови кога ќе

пораснат. Стресот е сериозна закана за

здравјето, но ја загрозува и женската

убавина. Стресот го зголемува лачењето

на потните и лојните жлезди, а тоа

предизвикува појава на мозолчиња. При

нервоза, телото ја насочува крвта во

виталните органи, а во кожата се

забавува регенерацијата на клетките и

се зголемува бројот на слободни

радикали. Поради тоа, кожата побрзо

старее и го губи својот сјај и

еластичност. Стресот ги поттикнува

постојните алергии, при што се јавува

црвенило на кожата и јадеж по лицето и

телото. Поради стресот здравјето и

убавината плаќаат висока цена.

Изберете здрав природен начин да му се

спротивставите. Стекнете здрави навики,

консумирајте здрава храна, пијте повеќе

течности, спијте доволно, рекреирајте

се. За намалување на стресот можете да

користите чаеви на база на валеријана,

маточина и нане, кои ја намалуваат

психичката напнатост, вознемиреност и

раздразливост.

Стресната работа е поопасна за мажите

Стресната работа двојно ја зголемува

опасноста од срцев удар кај мажите,

покажува најновото истражување.

Жените, кои се подложени на стрес на

работните места, не се соочуваат со

истата опасност, се наведува во

истражувањето на британските

научници. Годишно во Велика Британија

околу 170,000 луѓе добиваат срцев

удар, а повеќе од 67,000 умираат.

Научниците откриле дека има два главни

фактори кои влијаат врз здравјето на

оние кои се подложени на стрес на

работното место - самите работни

задачи и секојдневната контрола.

Според истражувањето, луѓето кои

имаат високо стресна работа, која бара

огромни напори од нивна страна и

истовремено не се подложени на

стриктна контрола имаат два пати

поголема опасност од срцев удар од

оние на ниско стресни позиции.

Препорака од истражувањето е

работодавачите да се обидат да го

намалат стресот на своите вработени, за

да им го зачуваат здравјето.

извор: Закон за приватно обезбедување

НАБАВКА И ПОСЕДУВАЊЕ НА

ОГНЕНО ОРУЖЈЕ ЗА

ФИЗИЧКО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ

Правно лице кое врши физичко

обезбедување огненото оружје го

набавува согласно прописите за

оружјето. Лицето не смее да поседува

огнено оружје во број што е поголем од

една половина од вкупниот број

вработени работници за обезбедување.

Во случај кога вкупниот број вработени

работници за обезбедување во правното

лице за приватно обезбедување ќе се

намали, правното лице е должно да

изврши намалување на огненото оружје

пропорционално на намалувањето на

вкупниот број вработени работници за

обезбедување. Во случаите кога се

врши намалување на огненото оружје,

правното лице привремено го

онеспособува (деактивира) или го

продава вишокот на огнено оружје,

согласно прописите за оружјето.

Огненото оружје кое е привремено

онеспособено (деактивирано) согласно

став (4) на овој член, се чува во

просториите на правното лице и

доколку, согласно одредбите на овој

закон, се исполнети условите за

оспособување (реактивирање) на

огненото оружје, истото се оспособува

(активира) на барање на правното лице.

УПОТРЕБА НА ОГНЕНО

ОРУЖЈЕ ЗА ФИЗИЧКО

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ

Работник за обезбедување во вршењето

на приватно обезбедување може да

употребува само огнено оружје што е во

сопственост на правното лице со кое има

засновано работен однос. Одговорното

лице во правното лице издава налог за

носење на огнено оружје на

работниците за обезбедување кои имаат

дозвола за носење на оружје, издадена

согласно прописите за оружјето.

Работниците за обезбедување

задолжително го носат со себе налогот

за носење на огнено оружје и дозволата

за носење на оружјето и на барање на

овластено службено лице на

Министерството ги даваат на увид, како

и огненото оружје што го носат.

Работниците за обезбедување кои

вршат физичко обезбедување може да

носат огнено оружје и муниција само во

објектот што го обезбедуваат, односно

до границата на просторот што се

обезбедува. По исклучок , кога во

налогот за носење на огнено оружје

точно е утврдено местото и периодот во

кој ќе го носат огненото оружје и

муницијата, работниците за

обезбедување кои вршат физичко

обезбедување може да носат огнено

оружје и муниција и надвор од објектот

што го обезбедуваат или надвор од

границата на просторот што се

обезбедува кога:

1. вршат транспорт и пренос на пари и

други вредносни пратки, само за време и

во правецот на одвивање на

транспортот, односно преносот;

2. вршат телесна заштита и

3. вршат мониторинг-патролно

обезбедување.

ЗАБРАНА ЗА НОСЕЊЕ НА

СОПСТВЕНО ОГНЕНО ОРУЖЈЕ

Работник за обезбедување за време на

вршење на физичко обезбедување не

смее да носи сопствено огнено оружје

кое го поседува согласно прописите за

оружјето.

100

95

75

25

5

0

NIKOB_INFO_30_Pages

Monday, April 01, 2013 2:24:23 PM

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!