24.12.2015 Views

Никоб Инфо 30

Март 2013

Март 2013

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

ХОБИ - БРИЖИТА АНГЕЛОВСКА

СО КАРАТЕ НАУЧИВ

ДА ГИ КОНТРОЛИРАМ

ДУХОТ, ТЕЛОТО И УМОТ

СТР. 3

НИКОБ – СОВЕТИ

САМОЗАШТИТА

И ПРЕВЕНТИВА

КОГА ПАТУВАТЕ САМИ

СТР. 2

ГОДИНА IV. БРОЈ 30. МАРТ 2013

НИКОБ СЕ ГРИЖЕШЕ

ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА

СТРУМИЧКИОТ КАРНЕВАЛ

Три илјади маскирани учесници и неколку илјади гости беа дела од карневалската свита во Струмица месецов што помина. И годинава за безбедноста на оваа голема

манифестација се грижеа работниците за обезбедување од Агенцијата за обезбедување лица и имот НИКОБ.

Кога сте дел од обезбедувањето на така огромна манифестација и ноќта помине без ниту еден сериозен инцидент, тогаш тоа е најголемиот успех што сте го постигнале.

Ова не е прва година НИКОБ да го обезбедува Карневалот во Струмица, но ангажманот од година во година е поразличен. Различен број на гости, различно движење

на карневалската поворка, па и секогаш поброен и поброен аудиториум за чија безбедност едниствено може да гарантираат само високи професионалци, тим каков што

е НИКОБ.

опширно на стр.2

СЕКТРОН – АЛАРМНИ СИСТЕМИ

ДАЛЕЧИНСКО БЕЗЖИЧНО

ПАНИКА КОПЧЕ

200 РАБОТНИЦИ ОД ФИЗИЧКОТО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ

ГО ДРЖЕА ПОД КОНТРОЛА

НАВИВАЧКИОТ ДУХ НА КОШАРКАРСКИТЕ

НАТПРЕВАРИ ВО СКОПЈЕ

СТР. 3 СТР. 2

100

95

75

25

5

0

NIKOB_INFO_30_Pages

Monday, April 01, 2013 2:24:18 PM

Продолжение од насловната страница

НИКОБ НА СТРУМИЧКИОТ КАРНЕВАЛ

Обезбедувањето на Карневал е доста

одговорна и многу сериозна работа,

повеќе што се работи за културна

манифестација на која луѓето се дојдени

да се забавуваат, објаснуваат од НИКОБ.

Обезбедувањето на таков вид

манифестација, од јавен карактер е

обемна и одговорна активност, па затоа

мора да почне од изготвување на

комплетен план.

Целокупниот историски преглед

недвосмислено укажува дека големите

собири, по разни основи секогаш биле

предмет на закана . безбедувањето на

јавните собири претставува комплексна

и сложена активност, со која треба да се

гарантира сигурноста во повеќе

сегменти. Треба работниците за

обезбедување да ги имаат под контрола

учесниците во манифестацијата,

поканетите гости, луѓето кои се присутни

на собирот, нормален тек и непречено

одвивање на јавниот собир.

Обезбедувањето на манифестацијата,

заштита на посетителите, публиката и

другите учесници за да се спроведе

успешно , потребна е безбедносна

проценка и темелно разработен план.

За да може обезбедувањето успешно да

функционира потребно е прецизно да ја

одреди границата, односно зоната која

ќе биде третирана како ресртерктивен

простор, битен за функционирање на

манифестацијата. Важно за одлично

завршената задача на НИКОБ беше и тоа

што работниците ангажирани за

обезбедување на Карневалот беа во

постојана работна комуникација со

радио врски.

Една од битните карактеристики при

обезбедувањето на манифестации, кои

траат подолго време е една сосема

физиолошка појава која задолжително

се јавува кај работниците за

обезбедување е заморот. Од тие

причини НИКОБ секогаш резрерва за да

може раководителот на обезбедувањето

со свежи сили да интервенира доколку

дојде до комплицирање на ситуацијата

или се случат некакви енсакани

инциденти.

Ваков тип на манифестација како што е

Карневалот е многу поразлична за

разлика од другите типови на јавни

собири, политички или спортски на

пример. Јавниот собир од типот на

карневал – културно забавна

манифестација најчесто е интерес на

криминални групи или поединци кои

користејќи ја приликата на поголема

група луѓе на едно место се обидуваат

да реализираат, провални кражби, џебни

кражби, кражби од возило и слично.

Битен факт кој треба да се има предвид

е психологијата на масите, иако овде не

станува збор за спортски натпревар

сепак НИКОБ од искуствата кои ги има

секогаш го зема предвид и тој елемент.

Големите јавни собири кои се

оддржуваат на отворен и затворен

порстор во последниве десет години

наложуваат добро познавање на

однесувањето на масите. Масата

најчесто го прифаќа гестот и ритамот на

најбучниот поединец, предводник на

толпата .

Од големо значење е брза проценка и

соодветно правилно дозирана реакција.

Неадекватен одговор, брза употреба на

сила и други средства на присилба или

преобемен зафат, може да бидат

контрапродуктивни.

Натпреварите на кошаркарските клубови

Работнички, Фени, Пелистер, како и

натпреварите во АБА Лигата на

кошаркарските клубови МЗТ, Олимпија и

Игокеа во салата Борис Трајковски и овој

месец беа предизвик за 200 работници

од Дирекцијата за физичко

обезбедување на НИКОБ. И овој пат

тимот кој работеше на овие натпревари,

најпрофесионално одговори на

предизвикот како да се справи со

бројната публика и адреналинот кој

беше во салата. При обезбедувањето на

натпреварот важно е да се обезбеди

контрола над навивачките групи и по

потреба да има простор за да се

организира кордон. Согласно законските

процедури за интервенција при

насислтво, работникот за обезбедување

исто така треба да ги отстрани или да ги

изолира потенцијалните предизвикувачи

на нереди лица под дејство на алкохол и

дрога. Сепак таа работа на спортските

натпревари најчесто ја извршуваат

полициските службеници кои се

составен дел од обезбедувањето на

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ

ДВЕСТЕ РАБОТНИЦИ ОД ФИЗИЧКОТО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ

ГО ДРЖЕА ПОД КОНТРОЛА НАВИВАЧКИОТ ДУХ НА КОШАРКАРСКИТЕ НАТПРЕВАРИ ВО СКОПЈЕ

натпревари со висок ризик. Спортските

манифестации претставуваат посебно

ризична категорија и во зависност од

порценката, Агенцијата за обезбедување

е должна да преземе пошироки

заштитно безбедносни мери за да се

попречи евентуално инцидентна

состојба, велат од Дирекцијата за

физичко обезбедување на НИКОБ. За

одржување на јавниот ред и мир на

спосртски натпревари од повисок ризик,

работниците за обезбедување мора да

планираат и превземаат повеќе

активности, за доколку дојде до немири

да може да ја конторлира маста. Прво

правило е да се разделат навивачките

групи, по можност на различни трибини.

Тоа најдобро се постигнува уште кога се

продаваат билетите за натпреварот.

Многу често кога обезбедуваме спортски

натпревари крајно сме внимателни уште

при самото влегување на навивачите во

салата. Скоро секогаш има обиди во

салата да се прошверцуваат аклохолни

пијалаци, петарди, други опасни

запаливи материи, и други тврди

предмети погодни за фрлање и

нанесување на телесни повреди.

Дирекцијата за физичко обезбедување

на НИКОБ досега бележи само успеси и

позитивни резултати од натпреварите

што ги обезбедува. Се разбира мора

овде да ја потенцираме одличната

соработка со полицијата која ја имаме за

време на натпреварите. Секогаш пред

натпревар разработуваме план за врска

меѓу обезбедувањето, полицијата и

организаторот на натпреварот, со цел да

се постигне подобра контрола над

масата и ситуацијата.

Сосема е јасно дека не постои можност

сите планирани кривични дела да бидат

спречени. Исто така, не постои ни емтод

сите планирани активности на

загрозување да бидат предвидени. Но

сосема е сигурно со добра превентивна

заштита и правовремено превземање на

превентивни емрки и активности може

битно да се стесни просторот за

дејствување на криминогените

структури, да с енамали ризикот и

штетите да се сведат на минимум. Секој

поединец треба да знае кои се

превентивни мерки треба да ги употреби

за лична самозаштита. НИКОБ ви

предочува неколку совети на кои би

можеле да ги примените, посебно кога

одите на патување.

На можноста да се соочите со закана,

трба да гледате како на реалност.

Голема предност е ако сте психолошки

подготвени за секој чекор што треба да

биде преземен во ваква ситуација.

Доколку напаѓачот биде откриен од

самиот почеток, уште пред да ви се

приближи, вашите шанси за успешна

самозаштита рапидно се поголеми.

Доколку отседнете во хотел, не го

давајте бројот на вашата соба на

непознати. Најубаво и најбезбедно е да

одберете соба во внатрешниот дел на

хотелот. Кога собата е празна

НИКОБ СОВЕТИ

САМОЗАШТИТА И ПРЕВЕНТИВА КОГА ПАТУВАТЕ САМИ

препорачливо е светлата да останат

запалени, а завестите од хотелската соба

нека бидат повлечени. Клучот ос собата

постојано нека биде со вас. Во фоајето и

доека чекате лифт, секогаш кога е

возможно стојте со грбот свртени кон

ѕидот. При самото доаѓање утврдете

колку излези има хотелот. Кога патувате

во странство одбегнувајте во возилото

да качувате автостопери, возете со

затворени прозори и заклучени врати.

Кога застанувате на бензинска пумпа и

треба да купите нешто додека ви точат

гориво, задолжително изаклучете го

автомобилот. Доколку направите пауза

за ручек по пат и седнете во некој

ресторан на автопатот, возилото

задолжително да ви биде во видниот

домет. Патувајте преку ден, доколку

релацијата е долга, а вие во автомобилот

сте сами. Доклку ве стаса заморот на

долги релации никогаш не преспивајте

во автомобилот, пред да тргнете на пат

утврдете ја рутата и информирајте се за

пренокиштата кои може да ги најдете по

пат. Доколку застанете да преноките на

некое место, патниот багаж не го

оставајте во автомобилот, туку нсоете го

со себе. На паркингот од хотелот или

мотелот, во автомобилот не оставајте

вредни предмети на видно место, кои

можат да бидат мамка за крадците.

100

95

75

25

5

0

NIKOB_INFO_30_Pages

Monday, April 01, 2013 2:24:20 PM

НИКОБ ХОБИ

СО КАРАТЕ НАУЧИВ ДА ГИ КОНТРОЛИРАМ

ДУХОТ, ТЕЛОТО И УМОТ

Брижита Ангеловска е дел од тимот на

НИКОБ од 2009 година. Уште од

нејзиниот почеток е дел од тимот на

Дирекцијата за физичко обезбедување.

Оваа млада жена вистински

професионалец, горда мајка и успешна

сопруга која за себе вели дека има цврст

карактер, а тоа го добила благодарение

на нејзиното хоби на кое му има

посветено добар дел од нејзиниот живот.

Брижита долги години тренира борбена

вештина карате, вели дека со редовните

тренинзи успеала да го контролира

духот. Во разговорот со неа зборува за

тоа каква борбена вештина е каратето и

зошто е добро да се тренира.

-Карате е популарна боречка вештина

која потекнува од Окинава и e донесена

во Јапонија во почетокот на 20 век.

Голем број луѓе ја користат оваа форма

на вежба за да ја одржат нивната форма

и да изградат сила. Од кондиционен

аспект, треба да направите голем број

серии на удари со нога и напади,

нормално, овие движења треба да се

направат против некој вид на отпор. Со

зголемувањето на нивото на отпорот, ги

зголемувате и вашите муслкули и коски.

Една од позитивните работи е што

временски можам да работам подолго, а

притоа да не ми се намали концентрацијата.

Да не зборувам за другите

позитивни работи кои моментално не

можам да ги набројам. Една од нив е

душевната хармонија што ни е толку

потребна на сите нас, вели Брижита.

Со изучување на која било боречка

вештина се стекнува поголема

самодоверба, но се намалува и стресот.

Живееме во време што е многу

динамично и тоа влијае на нашето

здравје. Затоа мислам дека секој од нас

треба да си најде или да си има

„издувен вентил“, а тренингот е

веројатно еден од најдобрите начини за

тоа, раскажува Брижита.

Најчесто прашање кое ми го поставуваат

моите пријателки е дали е потребна

физичка подготвеност за да се започне

со тренинг со карате. Па секој пат

започнува со прв чекор, зарем не. Секоја

физичка активност во денешно време е

важна, па јас велам дека тоа „немам

кондиција“ за многу е само изговор за

да не се почне со вежбање. Втората

препрека посебно за жените е „немам

време“, но кога нешто се сака се наоѓа

начин, а кога не се сака се наоѓа изговор

– ни рече во разговорот Брижита.

Конкретно за каратето и не е потребна

некоја голема физичка подготвеност или

кондиција, раскажува таа. Овој спорт

повеќе вложува во духовноста и

психологијата на човекот, со каратето

учите како да го контролирате умот,

телото и духот. Со техниките што ги

изучуваат тие ќе научат како да ги

пронајдат виталните и најлесно

ранливите точки на човечкото тело и

како најбрзо и едноставно да се

совлада кој било напаѓач. Затоа велам

дека диспропорционалноста на силата,

особено физичката, не игра никаква

улога. На секоја жена вечната борба е

таа физички убаво да изгледа, под тоа

мислам да биде физички здрава. Со

боречката вештина карате можам да

им порачам на сите жени дека овие

вештини го зацврстуваат горниот дел

од телото, нозете, грбот и стомачните

мускули. Комбинирањето на боречки

вештини со добра диета ќе ви помогне

да ги исполнете вашите зацртани

цели.

Една јапонска поговорка вели:

„Подобро целиот живот да тренирате

некоја одбранбена вештина и никогаш

да не ја употребите, отколку еднаш да

ви затреба, а да не знаете да ја

примените“ раскажува Ангеловска.

СЕКТРОН - ТЕХНОЛОГИЈА

АЛАРМНИ СИСТЕМИ

ДАЛЕЧИНСКО БЕЗЖИЧНО ПАНИКА КОПЧЕ

Сектрон нуди комплетен спектар од алармни системи за градење на современи, флексибилни и функционални системи

за потребите на своите корисници. Фирмата е авторизиран претставник за Македонија на водечки производители на

алармни системи, меѓу кои Paradox, Inferno, Visonic, ELKRON, CQR. Производите кои ги нудиме се со висок квалитет и со

неверојатни цени. Тимот на Сектрон на своите потрошувачи им ги нуди сите услуги како што се градење на алармни

системи – изготвување на проект, дистрибуција на материјали, градење, обука за работа со системот, гаранциона

подршка. Поради големата разновидност на фирми партнери, со кои соработуваме, сме во состојба на секој корисник да

му предложиме решение, кое ќе ги задоволи и неговите најспецифични барања.

REM101 - Далечинско безжично паника копче

-Водоотпорен

-Функцијата паника копче му овозможува на корисникот веднаш да испрати сигнал до мониторинг центарот

-LED визуелен индикатор при употреба и за статусот на батеријата

-Вклучува врвка за околу врат за лесна достапност и опција за на рака или за прикачување на појас

-Вклучува лесно заменлива CR2032 батерија, со траење на батеријата од 3 години

-На располагање во 2 бои: црна и бела

-Опсег на работа, во типична станбена средина: 30m со MG6250, MG6160, MG6130 и RX1, 45m со MG5000 / MG5050,

K32LX и K641LX, 60m со RTX3

-Работна фреквенција 433MHz или 868MHz

Додека траеле преговорите во Лондон

за судбината на Јужна Родезија помеѓу

Велика Британија и земјите членки на

Комонвелтот, поранешни акглиски

колонии, на англиксот министер за

надворешни работи, лордот Карингтон

воопшто не му било тешко сите конци

околу преговорите да ги држи во свои

раце. Имено британската разузнавачка

служба монтирала во хотелските соби на

африканските шефови на делегации

микрофони и ги следела нивните

договарања, ставови, услови

преговарачките позиции, што Тие ќе

прифатат, а што не. Во такви услови на

шефот на дипломатијата Карингтон

воопшто не му било тешко преговорите

успешно да ги насочи во полза на

Британија иако од спротивна страна

имал искусни политичари како што биле

Роберт Мукабе и Џошуе Нкомо.

*Поранешните директори на ЦИА Колби

и адмирал Тунер, наведуваат дека радио

прислушната служба и криптографија во

иднина ќе ја заменат класичната

шпионажа и 75% до 90% од

информациите ќе бидат собирани на овој

начин.

*Американската фирма „Ливинг

лимитид“ за потребите на индустриското

СВЕТ

БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ НИЗ ИСТОРИЈАТА

разузнавање во средината на 70-

те години подготвила минијатурни

транзисторски емитери вградени

на грбот од умрена мува со

можност за емитирање од 4 часа.

Поентата е, мувата да се уфрли во

конференциска сала или

просторија во која ќе се

одржуваат бизнис разговори за

кои постои интерес. Бидејќи пред

вакви деловни средби на високо

ниво постои можност да се

изврши против прислушен

преглед, на умрените муви никој

не би им обрнувал внимание.

100

95

75

25

5

0

NIKOB_INFO_30_Pages

Monday, April 01, 2013 2:24:20 PM

ЗДРАВЈЕ

извор: preventus.mk

СТРЕСОТ ВЛИЈАЕ

НА НАДВОРЕШНИОТ ИЗГЛЕД

За визуелниот впечаток важна е убавата

кожа. Според дерматолозите стресот е

најголем непријател на кожата. Прв знак

за она што се случува во нашиот

организам е кожата. Кога таа ќе ја изгуби

својата боја, сјај и затегнатост, значи

дека се случува некој биолошки

дебаланс. Се почеста причина за ваквата

состојба е стресот кој од внатре

излегува надвор на површината на

кожата. Жените се поотворени од

мажите и многу полесно зборуваат за

своите проблеми... Кога станува збор за

депресијата и за други психички тегоби,

тие почесто бараат стручна медицинска

помош. Сепак, и понежниот пол не е

поштеден од болеста на модерното

општество. Жената е изложена на стрес

во текот на работно време. Попладне се

посветува на семејството и на

домашните обврски, а тоа честопати го

зголемува веќе насобраниот стрес. На

секојдневниот стрес не се имуни, ниту

невработените. Резултатите покажуваат

дека 51% од невработените мајки се

изложени на неговото влијание. Стресот

е причина и за нередовниот и

неправилен месечев циклус кај жените.

Мозокот ги регулира хормоните од кои

зависи менструалниот циклус, а кога е

под влијание на физички и ментален

стрес, доаѓа до нарушување во

месечниот циклус. Според научниците

во менопауза, порано влегуваат жените

кои се поизложени на стрес, бремените

се соочуваат исто така со многу стресни

состојби. Истражувањата покажуваат

дека екстремниот стрес за време на

бременост може да резултира со раѓање

на деца до пониска родилна тежина, па

дури и до предвремено породување.

Хормоните на стресот може да преминат

од мајката на детето, па тие деца се

поподложни, на психички падови кога ќе

пораснат. Стресот е сериозна закана за

здравјето, но ја загрозува и женската

убавина. Стресот го зголемува лачењето

на потните и лојните жлезди, а тоа

предизвикува појава на мозолчиња. При

нервоза, телото ја насочува крвта во

виталните органи, а во кожата се

забавува регенерацијата на клетките и

се зголемува бројот на слободни

радикали. Поради тоа, кожата побрзо

старее и го губи својот сјај и

еластичност. Стресот ги поттикнува

постојните алергии, при што се јавува

црвенило на кожата и јадеж по лицето и

телото. Поради стресот здравјето и

убавината плаќаат висока цена.

Изберете здрав природен начин да му се

спротивставите. Стекнете здрави навики,

консумирајте здрава храна, пијте повеќе

течности, спијте доволно, рекреирајте

се. За намалување на стресот можете да

користите чаеви на база на валеријана,

маточина и нане, кои ја намалуваат

психичката напнатост, вознемиреност и

раздразливост.

Стресната работа е поопасна за мажите

Стресната работа двојно ја зголемува

опасноста од срцев удар кај мажите,

покажува најновото истражување.

Жените, кои се подложени на стрес на

работните места, не се соочуваат со

истата опасност, се наведува во

истражувањето на британските

научници. Годишно во Велика Британија

околу 170,000 луѓе добиваат срцев

удар, а повеќе од 67,000 умираат.

Научниците откриле дека има два главни

фактори кои влијаат врз здравјето на

оние кои се подложени на стрес на

работното место - самите работни

задачи и секојдневната контрола.

Според истражувањето, луѓето кои

имаат високо стресна работа, која бара

огромни напори од нивна страна и

истовремено не се подложени на

стриктна контрола имаат два пати

поголема опасност од срцев удар од

оние на ниско стресни позиции.

Препорака од истражувањето е

работодавачите да се обидат да го

намалат стресот на своите вработени, за

да им го зачуваат здравјето.

извор: Закон за приватно обезбедување

НАБАВКА И ПОСЕДУВАЊЕ НА

ОГНЕНО ОРУЖЈЕ ЗА

ФИЗИЧКО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ

Правно лице кое врши физичко

обезбедување огненото оружје го

набавува согласно прописите за

оружјето. Лицето не смее да поседува

огнено оружје во број што е поголем од

една половина од вкупниот број

вработени работници за обезбедување.

Во случај кога вкупниот број вработени

работници за обезбедување во правното

лице за приватно обезбедување ќе се

намали, правното лице е должно да

изврши намалување на огненото оружје

пропорционално на намалувањето на

вкупниот број вработени работници за

обезбедување. Во случаите кога се

врши намалување на огненото оружје,

правното лице привремено го

онеспособува (деактивира) или го

продава вишокот на огнено оружје,

согласно прописите за оружјето.

Огненото оружје кое е привремено

онеспособено (деактивирано) согласно

став (4) на овој член, се чува во

просториите на правното лице и

доколку, согласно одредбите на овој

закон, се исполнети условите за

оспособување (реактивирање) на

огненото оружје, истото се оспособува

(активира) на барање на правното лице.

УПОТРЕБА НА ОГНЕНО

ОРУЖЈЕ ЗА ФИЗИЧКО

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ

Работник за обезбедување во вршењето

на приватно обезбедување може да

употребува само огнено оружје што е во

сопственост на правното лице со кое има

засновано работен однос. Одговорното

лице во правното лице издава налог за

носење на огнено оружје на

работниците за обезбедување кои имаат

дозвола за носење на оружје, издадена

согласно прописите за оружјето.

Работниците за обезбедување

задолжително го носат со себе налогот

за носење на огнено оружје и дозволата

за носење на оружјето и на барање на

овластено службено лице на

Министерството ги даваат на увид, како

и огненото оружје што го носат.

Работниците за обезбедување кои

вршат физичко обезбедување може да

носат огнено оружје и муниција само во

објектот што го обезбедуваат, односно

до границата на просторот што се

обезбедува. По исклучок , кога во

налогот за носење на огнено оружје

точно е утврдено местото и периодот во

кој ќе го носат огненото оружје и

муницијата, работниците за

обезбедување кои вршат физичко

обезбедување може да носат огнено

оружје и муниција и надвор од објектот

што го обезбедуваат или надвор од

границата на просторот што се

обезбедува кога:

1. вршат транспорт и пренос на пари и

други вредносни пратки, само за време и

во правецот на одвивање на

транспортот, односно преносот;

2. вршат телесна заштита и

3. вршат мониторинг-патролно

обезбедување.

ЗАБРАНА ЗА НОСЕЊЕ НА

СОПСТВЕНО ОГНЕНО ОРУЖЈЕ

Работник за обезбедување за време на

вршење на физичко обезбедување не

смее да носи сопствено огнено оружје

кое го поседува согласно прописите за

оружјето.

100

95

75

25

5

0

NIKOB_INFO_30_Pages

Monday, April 01, 2013 2:24:23 PM

ЗА МЕСЕЦ ФЕВРУАРИ 2013

Изминатиот месец во Дирекцијата за Продажба и Маркетинг се склучени вкупно 91 нови договори за

користење на услугата техничко и патролно обезбедување. Со оваа бројка месецот Февруари е завршен

со значителен број на ново склучени договори во овој сегмент на нашето работење. Продолжува и

понатаму кампањата на НИКОБ во делот на техничко и патролно обезбедување, која на клиентите им

нуди дополнителни новитети и поволности, широк асортиман на техничка опрема со цел задоволување

на барањата и потребите на клиентите. Паралелено со овие активности склучени се дополнителни 4

договори за миграција на RF со постоечки клиенти на НИКОБ. Во делот на физичко обезбедување е

особено значајно склучувањето на 2 нови договори за редовно физичко обезбедување со значајни и

големи клиенти, 4 договори за времено физичко обезбедување како и 9 ангажмани во делот на

вонредно физичко обезбедување за постоечки и нови клиенти. Реализирани се 3 монтажи на техничка

опрема особено во делот на имплементација на системи за видео надзор, контрола на пристап и

регистрација на работно време, противпожарни системи. По направената анализа и сумираните

резултати во изминатиот месец се дадени вкупно 149 понуди за техничко и патролно обезбедување на

правни и физички лица, 41 понуди за видео надзор, 3 понудa за против пожарни системи, 2 понуди за

контрола на пристап и регистрација на работно време, 4 понуди за видео и аудиофони, 8 понуди за

редовно физичко обезбедување, 1понуди за вонредно физичко обезбедување. Во јануари секторот

работеше на повеќе маркетинг анализи во однос на настапот на Никоб во претстојниот период, план и

стратегија за нова рекламна кампања како и реализирање на тековните маркетинг активности.

ЗА МЕСЕЦ ФЕВРУАРИ 2013

ВКУПЕН БРОЈ НА ПАТРОЛНИ ИНТЕРВЕНЦИИ

3663

2971

1527

521

14

12

2

85,71 %

0,38%

Нови објекти со физичко обезбедување

се следните: ТТК-Банка 5 филијали

од кои 3 се во Скопје, а по една

во Тетово и Куманово, како и една

нова 24 часовна позиција во Дојран-

Стил во Дојран. Исто така нов објект

со физичко обезбедување е СИМПЕКС

- од Битола каде што имаме 12

часовна позиција. За овој ангаж-ман

вкупно се ангажирани вкупно 11

работници за обезбедување. Извршени

се повеќе вонредни ангажирања за

Прокредит Банка, Можности, Сивус,

Џонсон Мети, ДМ-Маркети. Како

поголеми ангажмани би ги издвоиле

натпреварите во домашното кошаркарско

првенство кошаркарските

клубови Работнички, Фени и

Пелистер, како и натпреварите во АБА

Лигата КК.МЗТ против КК.Олимпија и

КК.Игокеа во салата Борис Трајковски.

За сите овие натпревари беа

ангажирани вкупно 200 работници

за физичко обезбедување.

Месец февруари, Дирекцијата склучи

договори со нови клиенти кои целосната

безбедност за нивниот имот и добра

одлучија да му ја препуштат на НИКОБ.

Воедно со предвидената динамика

продолжува префрлањето на постојните

клиенти на новиот систем за пренос на

алармните дојави преку радио

предавател. Месецот се случија 14

провали од кои 12 во целост се

спречени и не е извршена никаква

кражба. Најчесто провалувани објекти

беа куќи, станови и деловни простории.

Патролните служби интервенираа на 521

реална паника. Дојавите за паника во

најголем дел се однесуваа на кражби на

роба во продавници како и за

проблематични лица во угостителски

објекти. Интервенциите се реализираа

навремено, а во најголем дел

сторителите се фатени на лице место при

извршување на делото и се предадени

на надлежните органи. Вкупниот број на

патролни интервенции изнесуваше 1527.

Во месец февруари Дирекцијата има

извршено 383 транспорти и 59 сервисирања

на банкомати на територија на Република

Македонија. Останува соработката со едни од

поголемите банки во државата како Стопанска

Банка, Халк Банка, Прокредит Банка, Алфа

Банка и Централна Кооперативна Банка (ЦКБ)

како и реномираните фирми Т - хом, Кам

маркетите, Џонсон Мети, Здружение на

возачи на град Скопје, Патент Центар, Даути

комерц и други. Од овој месец проширена е

соработката со ЦКБ и Стопанска Банка.

Дирекцијата за имплементација и

сервис за месец февруари 2013 има

реализирано:

1. Монтажа на опрема – 115 налози

2. Домонтажа на опрема – 8 налози

3. Преселба – 5 налози

4. Приклучување на ДОЦ – 93 налози

5. Миграции - 6 налози

6. Сервис – 76 налози

7. Демонтажа на опрема – 5 налози

Во месец февруари, тринаесет работници на НИКОБ добија парични награди

за покажаната професионалност и одговорно работење. Наградени беа поради

успешно спроведена акција која придонесе за расчистување на разбојништвата, за

анггажирање и нанвремена реакција за спречување на кражби и провали, успешна

реакција на голем број дојави и зголемен обем на работа.

Петнаесет работници на НИКОБ беа казнети во месец февруари. Казните беа

поради непрофесионално и недолично однесување на работно место, неоправдано

доцнење на работа, несоодветно постапување со задолжени средства, причинувајќи

материјална штета . Казните главно се парични и изнесуваат од 10 до 15 отсто

кратење од личниот доход.

Скокањето со јаже претставува една од

наједноставните активности преку кои

можете да ја одржувате вашата

кондиција. Скокањето на јаже не е само

детска игра туку и одлична вежба за

согорување калориите, а со тоа и

ослободување од маснотиите. Овој

тренинг овозможува мускулите да ја

достигнатсвојата максимална сила за

кратко време. Тоа е исто така многу

добра алтернатива за редовните

кардиоваскуларни аеробни вежби. Една

од најдобрите работи во врска со

скокањето на јаже е тоа што е многу

едноставно и со само малку добра волја

може да се отпочне со вежбање. Се што

ви е потребано се удобни патики и

доволно долго јаже. Најдобри патики за

скокање јаже се оние за џогинг со дебел

ѓон. Што се однесува до јажето, тоа може

да биде од различни материјали, важно е

да се обрне внимание на должината.

Откако ќе ги совладате основите на

скокањето јаже обидете се да бидете

креативни и да ја ослободите

фантазијата – почнете да скокате на една

нога, а за дополнителна инспирација

пуштете ги вашите омилени музички

спотови и фрлете се во ритам. Тоа може

да биде многу забавно и сигурно ќе ви го

подигне духот!

Кога скокате држете ги рацете блиску до

телото со лактите скоро допрени од

ЗА ДОБРА КОНДИЦИЈА

СКОКАЈТЕ СО ЈАЖЕ

страните. Подлактиците држете

нанадвор под прав агол и вртете го

јажето со правење мали кругови со

шаките. Стапалата, глуждовите и

колената движете ги истовремено.

Опуштете се. Не се напнувајте. Уживајте

во скокањето. Држете го телото

исправено, со главата и погледот

насочен напред. Започнете полека.

Доскокнувајте на прстите од стапалата

со благо свиткани колена. Откокнувајте

3-5 см од подот. Обидете се да скокате

во ритам на некоја музика и да го

задржите тој ритам. Кога ќе го

совладате добро скокањето

импривизирајте со применување на

нова техника. агревање: Загрејте се така

што ќе направите последователни

потскокнувања во место. Потоа

истегнете ја мускулатурата на телото

особено на нозете.

Подготвителна фаза: Во првите две

недели мора да ставите акцент на

правилната техника на скокање а не на

брзината. 1 недела – применувајте

потскокнување најмногу до 5 минути во

текот на еден ден. Во зависност од

нивото на подготвеност, започнете од 1

до 5 потскокнувања или од 5 до 25

потскокнувања пред да застанете да се

одморите. Скокајте и одмарајте во

сооднос 1:2 (на пример. скокате 30

секунди се одмарате 60 секунди). 2

недела – како што се подобрува

техниката на скокање и издржливоста

така се зголемува и бројот на

потскокнувања од 10 до 20 при секое

скокање. Соодносот на скокање и одмор

сега е 1:1 (на пример. скокање 60

секунди одмор 60 секунди). При крајот

на втората недела би требало да бидете

способни да скокате континуирано од

100 до 300 скока без грешка. 3 недела

– после две недели скокање со јаже би

требало да можете да скокате до 5

минути, притоа со 120 потскокнувања

во 1 минута за да го достигнете

основното фитнес ниво. Продолжете да

скокате од 3 до 5 пати неделно. За да

имате поголем напредок скокајте до 10

минути на континуирано скокање. За да

го достигнете ова ниво ќе Ви бидат

потребни од 3 до 6 недели.

Продолжете да скокате од 3 до 5 пати

неделно притоа 140 до 180

потскокнувања во 1 минута. Пред да

започнете со било кој приграм за

скокање со јаже, конслултурајте го

Вашиот лекар за Вашата здравстена

состојба.

100

95

75

25

5

0

NIKOB_INFO_30_Pages

Monday, April 01, 2013 2:24:23 PM

СКИЈАЧКАТА ТИНА МАЗЕ

НЕ ОДИ НИКАДЕ БЕЗ ТЕЛОХРАНИТЕЛИ

РЕЛАКСАЦИЈА

АКТЕРОТ СТИВЕН СИГАЛ

ТЕЛОХРАНИТЕЛ НА ПУТИН

Тоа што ми се случува мене е навистина многу грдо, но претпоставувам дека тоа е

дел од спортот. Нема зборови со кои би опишала како се чувствувам, вели

Словенката. Словенечката скијачка Тина Мазе доби смртни закани пред стартот на

трката во супервелеслалом во германскиот скијачки центар Гармиш -

Партенкирхен, на која го освои четвртото место. Заради сериозноста на заканите

организаторите на Светскиот куп веднаш и обезбедија телохранители, кои имаа

задача да не ги тргнат очите од скијачката, која 24 часа претходно го подобри

рекордот по бројот на освоени поени во една сезона во најелитното скијачко

натпреварување.

-Навистина е многу непријатно да добиете смртни закани, изјави првиот човек на

Организацискиот комитет во Светскиот куп, Питер Фиушер. Тој откри дека

анонимните закани упатени кон Тина ги примил локалниот скијачки клуб. -Тоа што

ми се случува мене е навистина многу грдо, но претпоставувам дека тоа е дел од

спортот. Нема зборови со кои би опишала како се чувствувам. Во почетокот се

обидов да не размислувам за тоа и да се концентрирам само на трката. Но, не

можев, бидејќи ова е нова ситуација за мене и навистина не знам како да

реагирам, изјави Мазе. Мазе, трката во супервелеслалом ја заврши со 43 стотинки

заостанување во однос на победничката Ана Фенингер од Австрија. Но,

Словенката уште минатата недела се закити со големиот кристален глобус во

Светскиот куп, а моментно има рекордни 2.074 бодови во генералниот поредок.

За време на отворањето на едно училиште за боречки вештини во предградието

на Москва, децата помислија дека славниот глумец Стивен Сигал е телохранител

на претседателот. Владимир Путин во друштво на еден од најпопуларните

холивудски глумци во Русија, Стивен Сигал, го отвори училиштето за боречки

вештини "Sambo-70", а учениците го бутнаа Сигал на страна за да се ракуваат со

претседателот. После општата еуфорија, Путин ги смири страстите и кажа дека

физичкото образование е и повеќе од важно, заради што и планира да му го врати

"комунистичкиот сјај". "Мислам дека би било сосема во ред да се потсетите на

позитивното искуство од минатите децении кога "GTO" физичкото образование

беше задолжително. Секако, сега е друго време и сето тоа треба да биде

прилагодено на денешните околности", кажа Путин додека Сигал, како главен

промотер на неговата кампања, потврдно климаше со главата. "GTO", скратено од

"Готов к труду и обороне", што во превод значи "подготвен за работа и одбрана",

Сталин го воведе во Русија на почетокот на 30-тите години и се до распадот на

СССР училишниот предмет беше задолжителен во кој децата се "челичеа за

напорна работа", но стекнуваа и основни знаења од боречките вештини. Рускиот

претседател смета дека младите Руси би требало повеќе да се посветат на

физичките активности бидејќи тоа е еден од најдобрите начини за физичката

подготвеност и здравствената состојба на нацијата да бидат на задоволувачко

ниво. Путин и Сигал се запознаа во 2003 година на меѓународниот филмски

фестивал во Москва и оттогаш се многу добри пријатели.

ТЕЛОХРАНИТЕЛИТЕ НА ПУТИН ИСФРЛЕНИ

ОД САМИТОТ ВО ЈУЖНА АФРИКА

Мал инцидент се случил на самитот на БРИКС во Дурбан, откако припадниците на јужноафриканското

обезбедување не им дозволиле влез во зградата на телохранителите на Путин. Како што пренесува руската

телевизија РТ, Путин влегол во зградата со неколку телохранители, но потоа се појавиле луѓе во воени

униформи кои што не им дозволиле на бодигардите да влезат со претседателот на Русија. Јужноафриканските

телохранители постојано викале „Надвор, надвор“, па Русите морале да ја напуштат зградата, но подоцна им

бил овозможен влез во неа. Исто така, за време на овој самит на шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров

и на други членови на делегацијата вратата им ја затвориле „пред нос“.

Политичарите и пелените имаат едно нешто заедничко. Треба да се менуваат

редовно и тоа поради истата причина.

Сексот е како играње табланет.

Ако немаш добар партнер, тогаш мораш да имаш добра рака.

Всушност, ние никогаш не пораснуваме,

само учиме како да се однесуваме во јавност.

Знаење е знаењето дека доматот е овошје;

мудрост е да не го ставиш во овошна салата.

Сакам да умрам мирно во сон, како дедо ми.

Не, врискајќи како сопатникот во неговата кола.

Светлината патува побргу од звукот.

Затоа некој луѓе изгледаат бистри сè додека не ги слушнеш како зборуваат.

Му вели некој човек на Господ: - Цел живот бев праведен и не грешев, па дозволи

ми малку да уживам пред смртта. Отсекогаш сум сакал да одам на Хаваи, ама

многу ми е страв да летам со авион, а на брод добивам морска болест. Може ли да

ми направиш мост до Хаваи и таму да отидам со автомобил?

Господ му одговорил: - Тоа навистина нема смисла, каде би биле потпорните

столбови, морето е немирно, да возиш дотаму би било опасно. Навистина, тоа што

го бараш е многу тешко и технички неизводливо. Можам ли да ти исполнам некоја

друга желба?

- Добро, вели човекот. Би сакал да ги разберам жените, зошто зборуваат едно, а

мислат друго. Зошто плачат. Зошто не нè' разбираат. Зошто не можат да бидат

отворени и искрени. Зошто не гледаат некои работи или погрешно ги толкуваат.

Тоа сакам. Да ги разберам жените!

Господ на тоа му одговорил: - Сакаш мостот со две или со четири ленти да биде?

Малиот Трпе ја прашува баба му: - Кај е тато?

- Ене го во тоалет има проблем со триперот и не може да го најде растворот.

А од купатило се слуша: - Не го плаши детето имам проблем со твитерот не можам

да си го најдам пасвордот!

100

95

75

25

5

0

NIKOB_INFO_30_Pages

Monday, April 01, 2013 2:24:26 PM

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!