29.05.2014 Views

Type CR/CS 434 ... CR/CRL 484 ... CS/CSL 484 - Stiga

Type CR/CS 434 ... CR/CRL 484 ... CS/CSL 484 - Stiga

Type CR/CS 434 ... CR/CRL 484 ... CS/CSL 484 - Stiga

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

11) Немојте да ја користите косачката со неисправни штитници, или

без штитници.

12) Не менувајте ги местењата на моторот и немојте да го користите

при превисоки вртежи.

13) На моделите со погонски тркала исклучете го погонот пред да го

стартувате моторот.

14) Моторот стартувајте го според упатствата и осигурете се дека

нозете се на сигурна оддалеченост од ножот.

15) Кога го стартувате моторот немојте да ја навалувате косачката.

Моторот стартувајте го на рамна површина без запреки и висока

трева.

16) Не ги приближувајте рацете или ноуете до или под подвижните

делови на косачката. Секогаш држете се настрана од

отворите.

17) Никогаш немојте да ја кревате или носите косачката ако моторот

работи.

18) Запрете го моторот и исклучете го кабелот на свеќичката:

– пред да пристапите кон било каква работа под платформата на

ножот или отворот за исфрлање;

– пред проверка, чистење или работа на тревокосачката;

– по удар во непознат предмет. Проверете дали тревокосачката е

оштетена и поправете ја пред да продолжите со работа;

– ако тревокосачката започне да вибрира на ненормален начин

(веднаш побарајте ја причината за вибрациите и однесете ја за

неопходни проверки во специјализиран сервис).

19) Запрете го моторот:

– кога тревокосачката ја оставате без надзор. Од моделите со

електричен стартер извадете го клучот;

– пред дополнување со гориво;

– секогаш кога го вадите или заменувате магацинот за трева;

– пред регулирање на височината на косење.

20) При гаснење на моторот, прво намалете ги вртежите, а по гаснењето

и по завршување со работа затворајте ја славинката на

доводот за гориво.

21) Кога косите, држете се на безбедно растојание од ножот. Тоа

растојание е должината на ракофатот за водење на тревокосачката.

D) ОДРЖУВАЊЕ И ОДЛАГАЊЕ

1) Сите завртки, навртки и лостови одржувајте ги соодветно

зацврстени за да сте сигурни дека косачката е безбедна за работа.

Редовното одржување е основен предуслов за безбедност и за одржување

на добрите перформанси на тревокосачката.

2) Никогаш немојте да ја одлагате тревокосачката со полн резервоар

во зграда каде испарувањата можат да допрат до отворен

пламен или извор на топлина.

3) Пред одлагање во затворена просторија, дозволете моторот да

се излади.

4) За да го намалите ризикот од запалување, одржувајте го моторот,

придушувачот на издувот, делот со акумулаторот и

местото каде го чувате горивото чисти и без остатоци од трева,

лисје или масни наслојки. Во таа просторија немојте да чувате

контејнери со отпадоци.

5) Проверувајте го дефлекторот и магацинот почесто за да утврдите

навреме дали се оштетени или истрошени.

6) Ако резервоарот треба да се празни, ова треба да се прави на

отворено и кога моторот е оладен.

7) Кога го вадите или склопувате ножот, носете груби работни ракавици.

8) После острењето, проверете ја урамнотеженоста на ножот.

Сите операции кои се однесуваат на ножот (расклопување,

острење, урамнотеженост, склопување и/или замена) се работа која

бара специфична надлежност како и примена на соодветни алатки;

поради безбедносни причини, потребно е сите операции да бидат

извршени во специјализиран центар.

9) Заради безбедност, не употребувајте ја машината ако некои

делови се во лоша состојба или оштетени. Деловите треба да се

заменат и никогаш да не се поправаат. Користете оригинални

резервни делови. Деловите со несоодветен квалитет може да ја

оштетат машината и да ја загрозат личната безбедност.

E) ТРАНСПОРТ И ДВИЖЕЊЕ

1) Секогаш кога е потребно движење, подигнување, транспорт или

наведнување на тревокосачката, потребно е:

– а да носите цврсти ракавици за работа;

– а да ја фатите тревокосачката на места кои нудат сигурно

прифаќање, водејќи сметка за тежината и за нејзиниот

транспорт;

– да ангажирате луѓе што соодветствуваат со тежината на

машината и на карактеристиките на превозното средство или на

местото каде што машината треба да биде поставена или

подигната.

2) За време на транспорт, обезбедете ја соодветно машината со

помош на јажиња или синџири.

MK

УПАТСТВА ЗА УПОТРЕБА

Прочитајте ги соодветните упатства за моторот и акумулаторот

(ако се доставени).

ЗАБЕЛЕШКА - Соодветноста меѓу ставките што се дадени

во упатството и соодветните слики (дадени на страниците 2 -

3) е претставена со број што претходи на соодветниот пасус.

1. ЗАВРШНА МОНТАЖА

ЗАБЕЛЕШКА - Тревокосачката може да биде опремена со

некои веќе монтирани компоненти.

ВНИМАНИЕ – потпирањето и целата монтажа треба да се

извршат на цврста и рамна површина со доволно простор

за поместување на машината и на амбалажата користејќи

секогаш соодветни алати.

Фрлањето на амбалажата треба да се изведува во

согласност со важечките локални закони.

Комплетирајте ја монтажата на машината следејќи ги

инструкциите што се дадени низ страниците на упатството, а

се однесуваат на секој дел за монтирање.

2. ОПИС НА КОНТРОЛИТЕ

ЗАБЕЛЕШКА - Значењето на дадените симболи на командите

е објаснето на страница 4 и понатаму.

2.1 Команда за забрзување

Забрзувачот се управува со рачка (1). Позициите на рачката

се посочени на соодветната плочка.

Некои модели имаат фиксна брзина, па според тоа не им е

потребен гас.

2.2 Рачка за закочување на сечивото

Кочницата за сечивото се управува со рачка (1) која треба да

се држи кон држачот за палење и во текот на работа на

тревокосачката.

Моторот се гаси со ослободување на рачката.

2.3 Рачка за вклучување на влечната сила

Кај моделите со спојка на погонот, притиснете го лостот (1)

кон ракофатот за движење нанапред.

Тревокосачката го запира движењето нанапред кога ќе го

отпуштите лостот.

2.4 Регулација на висината на косењето

Височината на косење се регулира со употреба на лостовите

(1).

Четирите тркала мораат да бидат на еднаква височина.

ОВА РЕГУЛИРАЊЕ ВРШЕТЕ ГО САМО КОГА.

3. КОСЕЊЕ НА ТРЕВАТА

ЗАБЕЛЕШКА - Оваа машина дозволува косење на тревникот

на различни начини. Пред да започнете со работа, потребно

е да ја поставите машината во основата како што имате намера

да косите.

ИЗВЕДУВАЈТЕ ЈА ОВАА ОПЕРАЦИЈА КОГА МОТОРОТ Е

ИЗГАСНАТ.

3.1a Поставување за косење и собирање на тревата

во вреќа:

– Подигнете го задниот штит (1) и приврзете ја вреќата

правилно (2) како што е посочено на сликата.

3.1b Поставување за косење и заден испуст на тревата:

– Извадете ја вреќата и проверете дали задните штитници

(1) останале стабилно спуштени.

41

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!