11.07.2015 Views

MPPS Izvestaj za siromastija vo RM 2010.pdf

MPPS Izvestaj za siromastija vo RM 2010.pdf

MPPS Izvestaj za siromastija vo RM 2010.pdf

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

40 ИЗВЕШТАЈ ЗА СИРОМАШТИЈАТА И ЗА СОЦИЈАЛНАТА ИСКЛУЧЕНОСТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА 2010 ГОДИНАНационалниот координативен механизам (НКМ) има централна улогаво посветеноста на Глобален фонд за борба против сидата, туберколозата ималаријата, како и во донесувањето одлуки преку партиципативен процес.Секретаријатот на Националниот координативен механизам како засебенентитет е конституиран во текот на 2010 година и е администриран одЗдружението ХЕРА, под раководство на претседавачот на НКМ, и неговатаулога е технички да ја потпомогне и да ја организира работата на ова тело,како и неговите работни групи. Во текот на 2010 година, Секретаријатотзапочна со имплементација на активности за зајакнување на капацитетитена ова тело, со цел да се унапреди улогата на НКМ во сите процеси поврзанисо ХИВ на национално ниво, а процесот на зајакнување на НКМ е планиранода продолжи и во текот на 2011 година преку експертска организација затехничка помош на НКМ, со цел да се формира ефикасно националномултисекторско тело за успешно справување со ХИВ и со туберкулоза.На крајот на 2009 година се формира и „Заедно посилни“ - работна групаза поддршка и самопомош на лицата што живеат со ХИВ, која претставувапрва форма на самоорганизирање на оваа заедница во Р. Македонија.Групата функционира автономно во рамките на НВО ХЕРА, со намера воиднина да прерасне во самостојно здружение на граѓани. Од 10 члена вомоментот на основањето, бројот се зголеми на 14, заклучно со почетокотна 2011 година. Дел од членовите комуницираат индивидуално и со другиприпадници на заедницата заради обезбедување меѓусебна поддршка.Главна цел на „Заедно посилни“ е да обезбеди подобар, поквалитетен иподостоинствен живот за сите лица што живеат со ХИВ во Македонија. Во таасмисла, групата се залага за непрекината достапност до антиретровируснатерапија и квалитетна здравствена заштита, обезбедување меѓусебнаподдршка, самопомош и социјализација на ЛЖХИВ, како и заштита нанивните граѓански и човекови права. 32Република Македонија е земја со ниска преваленција на ХИВ, со најнизокброј на регистрирани ХИВ-позитивни случаи меѓу земјите во Југоисточниотрегион.Според податоците на Институтот за јавно здравје во периодот од 1987година, кога е регистриран првиот случај на ХИВ, до крајот на 2010 година воРепублика Македонија се регистрирани вкупно 134 лица кои живеат со ХИВ(ЛЖХИВ). Повеќе од половината од вкупниот број ЛЖХИВ се регистрирани32 Извештај за епидемиолошката состојба на ХИВ, Институт за јавно здравје 2010.

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!