EUYC Северна Македонија: EU & EU Green Deal
Дидактички материјали
Дидактички материјали
You also want an ePaper? Increase the reach of your titles
YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.
Предговор

Војната во Украина и санкциите покажуваат колку ЕУ и одредени земји-членки како

Австрија, Германија и Унгарија се зависни од руските фосилни горива. Од една страна,

проблем е да се зависи до овој степен од една земја, а од друга страна, станува јасно

колку ЕУ се’ уште се потпира на фосилни горива. Во поглед на претстојната климатска

катастрофа, Европската Унија се обидува да ја намали оваа зависност со Зелениот

договор на ЕУ од 2020 година кој има цел да ја трансформира цела Европа во климатски

неутрална до 2050 година.

Со нашата нова иницијатива EU Youth Cinema: Green Deal ние, исто така, преземаме

чекори во развојот кон поеколошки свесно општество на меѓународно ниво. Ние заедно

со наставниците и учениците кои учествуваат, правиме видлив придонес за климатски

неутрална иднина.

EU Youth Cinema: Green Deal, ко-финансиран од Европската Унија, претставува нова и

апсолутно напредна идеја посветена на одржлива Европа, кој ги претставува

соодветните цели на Европската Унија во филмски контекст.

Серијата настани првично ќе се одржи од мај 2022 до мај 2024 година во Австрија,

Хрватска, Северна Македонија, Словенија и Романија, а подоцна ќе биде достапна на

интернет низ целиот свет, со што преку една или друга активност нашата порака ќе

допре стотици илјади луѓе. Со различен мултикултурен пристап, програмата се базира

на внимателно избрана филмска колекција од 25 европски филмови, која ќе биде

претставена во киносалите на Синеплекс во 19 европски градови, но и преку атрактивна

стриминг платформа. Висококвалитетни дидактички материјали, тематски соодветни

работилници, предавања и дискусии со голем број на гости од висок профил го

заокружуваат овој уникатен проект.

Целата програма – на кино проекции и стриминг– е понудена без надомест. Можат да

присуствуваат училишта и младинските групи кои се регистрирани од страна на нивните

наставници или придружници со пополнување на онлајн формулар. Седиштата во

киното се ограничени и ќе бидат распределени според принципот прв дојден-прв

услужен. Понудата за стриминг важи за регистрирани училишта и групи без

ограничување во земјите споменати погоре.

Информациите и предлозите дадени во овој документ се со цел да се олесни и поддржи

подготовката за прикажување на филмот. Тие ги покриваат најважните теми и може да

се користат за подготовка и пред и по филмот. Покрај тоа, ние ќе ви обезбедиме работни

листови за секој од нашите филмови и истите ќе бидат достапни постојано.

Ви посакуваме успешна подготовка, едукативно и возбудливо време со EU Youth

Cinema: Green Deal!

Вашиот EU Youth Cinema: Green Deal тим

2