12.05.2022 Views

EUYC Северна Македонија: EU & EU Green Deal

Дидактички материјали

Дидактички материјали

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Дидактички материјали

EU Youth Cinema: Green Deal

Европската Унија

& Европски зелен договор

Предговор

Војната во Украина и санкциите покажуваат колку ЕУ и одредени земји-членки како

Австрија, Германија и Унгарија се зависни од руските фосилни горива. Од една страна,

проблем е да се зависи до овој степен од една земја, а од друга страна, станува јасно

колку ЕУ се’ уште се потпира на фосилни горива. Во поглед на претстојната климатска

катастрофа, Европската Унија се обидува да ја намали оваа зависност со Зелениот

договор на ЕУ од 2020 година кој има цел да ја трансформира цела Европа во климатски

неутрална до 2050 година.

Со нашата нова иницијатива EU Youth Cinema: Green Deal ние, исто така, преземаме

чекори во развојот кон поеколошки свесно општество на меѓународно ниво. Ние заедно

со наставниците и учениците кои учествуваат, правиме видлив придонес за климатски

неутрална иднина.

EU Youth Cinema: Green Deal, ко-финансиран од Европската Унија, претставува нова и

апсолутно напредна идеја посветена на одржлива Европа, кој ги претставува

соодветните цели на Европската Унија во филмски контекст.

Серијата настани првично ќе се одржи од мај 2022 до мај 2024 година во Австрија,

Хрватска, Северна Македонија, Словенија и Романија, а подоцна ќе биде достапна на

интернет низ целиот свет, со што преку една или друга активност нашата порака ќе

допре стотици илјади луѓе. Со различен мултикултурен пристап, програмата се базира

на внимателно избрана филмска колекција од 25 европски филмови, која ќе биде

претставена во киносалите на Синеплекс во 19 европски градови, но и преку атрактивна

стриминг платформа. Висококвалитетни дидактички материјали, тематски соодветни

работилници, предавања и дискусии со голем број на гости од висок профил го

заокружуваат овој уникатен проект.

Целата програма – на кино проекции и стриминг– е понудена без надомест. Можат да

присуствуваат училишта и младинските групи кои се регистрирани од страна на нивните

наставници или придружници со пополнување на онлајн формулар. Седиштата во

киното се ограничени и ќе бидат распределени според принципот прв дојден-прв

услужен. Понудата за стриминг важи за регистрирани училишта и групи без

ограничување во земјите споменати погоре.

Информациите и предлозите дадени во овој документ се со цел да се олесни и поддржи

подготовката за прикажување на филмот. Тие ги покриваат најважните теми и може да

се користат за подготовка и пред и по филмот. Покрај тоа, ние ќе ви обезбедиме работни

листови за секој од нашите филмови и истите ќе бидат достапни постојано.

Ви посакуваме успешна подготовка, едукативно и возбудливо време со EU Youth

Cinema: Green Deal!

Вашиот EU Youth Cinema: Green Deal тим

2

Содржина

1. Општ преглед на Европската Унија .................................................................................. 4

1.2. Важни чекори во евроинтеграциите ........................................................................... 5

1.3. Ден на Европа ............................................................................................................... 9

2. Европски зелен договор и одржливост во ЕУ ............................................................... 10

2.1. Европски зелен договор ............................................................................................ 10

2.2. Зелени задачи ............................................................................................................. 15

2.3. Цели за одржлив развој на ОН .................................................................................. 16

2.4 Што можам да направам во секојдневниот живот? ................................................ 18

3

1. Општ преглед на Европската Унија

1.1. Цели и вредности на Европската Унија

Темата на овогодишниот EU Youth Cinema: Green Deal е Зелениот договор на ЕУ. Поради

глобалната закана од климатските промени и климатската криза, Европската комисија

постави цел Европа да стане климатски неутрална до 2050 година. Оваа цел е тесно

поврзана со општите цели и вредности на Европската Унија.

Цели на Европската Унија

▪ промовирање на мирот, неговите вредности и благосостојбата на своите граѓани

▪ слобода, безбедност и правда без граници

▪ постигнување на одржлив развој базиран на балансиран економски раст и

ценовна стабилност и висококонкурентна пазарна економија со целосна

вработеност, социјален напредок и заштита на животната средина

▪ борба против социјалната исклученост и дискриминацијата

▪ промовирање на научен и технолошки напредок

▪ зајакнување на економската, социјалната и територијалната кохезија и

солидарност меѓу земјите-членки на ЕУ;

▪ почитување на богатата културна и јазична разновидност

▪ основање економска и монетарна унија чија валута е еврото

Вредности на Европската Унија

Сите земји-членки на ЕУ ги споделуваат вредностите на ЕУ: тие се залагаат за општество

во кое инклузијата, толеранцијата, владеењето на правото, солидарноста и

недискриминацијата се постојано разгледувани. Овие вредности го обликуваат нашиот

европски начин на живот:

Човековото достоинство

Човековото достоинство е неповредливо право. Тоа мора да биде почитувано,

заштитено и претставува темел на основните права.

Слобода

Слободата на движење им дава на граѓаните право да се движат и да живеат

слободно во Унијата. Индивидуалните слободи, како што се почитувањето на

приватниот живот, слободата на мислата, религијата, собирањето, изразувањето

и информациите, се заштитени со Повелбата на ЕУ за основни права.

Демократија

Функционирањето на ЕУ се заснова на репрезентативната демократија.

Европските граѓани генерално ги уживаат политичките права. Секој полнолетен

граѓанин на ЕУ има право да биде кандидат и да гласа на изборите за Европскиот

парламент. Граѓаните на ЕУ имаат право да се кандидираат и да гласаат во земјата

во која престојуваат или во земјата на потекло.

Еднаквост

Еднаквоста значи еднакви права за сите граѓани пред законот. Принципот на

еднаквост помеѓу жените и мажите ги поткрепува сите европски политики и е

4

основа за европската интеграција. И тоа важи во сите области. Принципот на

еднаква плата за еднаква работа беше заштитен со договорот уште од 1957

година. Иако еднаквоста се’ уште не е целосно реализирана, ЕУ постигна

значителен напредок.

Владеење на правото

Европската Унија се базира на владеење на правото. Тоа значи дека секој чекор

што го направила ЕУ се заснова врз спогодбите што се одобрени од сите земји на

ЕУ на доброволен и демократски начин. Правото и правдата се поддржани од

независно судство. Земјите на ЕУ му дадоа конечна надлежност на Европскиот

суд на правдата - неговите пресуди мора да се почитуваат од сите.

Човекови права

Човековите права се заштитени со Повелбата на ЕУ за основните права. Тие го

покриваат правото да бидат ослободени од дискриминација врз основа на пол,

расна или етничка основа, религија или верување, инвалидност, возраст или

сексуална ориентација, право на заштита на вашите лични податоци, и право на

пристап до правда.

Извор: веб-страница на Европската Унија| EU in brief

првпат беше дефиниран концептот на внатрешен пазар. Со Договорот од Мастрихт од

1993 година е основана Европската Унија. Во 2009 година, Договорот од Лисабон ги

распушти Европските заедници и ги интегрираше во Европската Унија.

1945 – 1959: Европа на мирот- почетоците на соработката

Создавањето на Европската заедница беше со цел да се стави крај на бројните крвави

војни меѓу соседните земји кои резултираа со Втората светска војна. Од 1950 година и

со Европската заедница за јаглен и челик, започна економското и политичко

обединување на европските земји со цел да се обезбеди траен мир. Шесте земјиосновачи

се Белгија, Германија, Франција, Италија, Луксембург и Холандија. 1950-тите

години беа обележани со Студената војна помеѓу Истокот и Западот. Во 1956 година, во

Унгарија започнаа протести кои беа задушени од советски тенкови. Договорот од Рим,

потпишан во 1957 Година, ја основа Европската економска заедница (ЕЕЗ) – заедничкиот

пазар.

Извор: Веб-страница на Европската Унија | 1945-1959

По нападите на бродоградилиштето во Гдањск во летото 1980 година, полскиот

синдикат Солидарност, со својот водач Лех Валеса станува познат симбол низ цела

Европа. Во 1981 година Грција стана десетта членка на ЕЕЗ, а пет години подоцна се

придружија Португалија и Шпанија. Во 1986 година донесен е Единствениот европски

акт. Договорот поставува основа за сеопфатна шестгодишна програма за решавање на

проблемите за слободна прекуграна трговија во рамките на ЕЕЗ, со што се создава

единствен пазар. Падот на Берлинскиот ѕид на 9 ноември 1989 година и отворањето на

границата помеѓу Источна и Западна Германија, која постоеше 28 години, предизвика

голема политичка пресвртница. Тоа кулминира со обединувањето на Германија во

октомври 1990 година.

Извор: Веб-страница на Европската Унија | 1980-1989

2010-2019: Декада на предизвици

Европа е погодена од светската економска криза. ЕУ им помага на неколку земји да ги

надминат нивните тешкотии и ја основа Банкарската унија за да обезбеди поголема

сигурност во банкарскиот сектор. Европската Унија во 2012 година ја доби Нобеловата

награда за мир. Хрватска во 2013 година стана 28-ма земја членка на ЕУ. Климатските

промени остануваат главен проблем, а лидерите решаваат да ги намалат штетните

емисии. На европските избори во 2014 година, повеќе евроскептични европратеници

беа избрани во Европскиот парламент. Како резултат на руската анексија на Кримскиот

полуостров, се воведува нова безбедносна политика. Религиозниот екстремизам се

шири на Блискиот исток и во други региони во светот; ова доведува до немири и војни,

како резултат на што многу луѓе се протерани од своите домови и бараат засолниште во

Европа. ЕУ се соочува со прашањето како да ги прифати овие луѓе, но истовремено

станува сцена на неколку терористички напади.

Извор: Веб-страница на Европската Унија | 2010-2019

Инфо ќоше:

Европската Унија e резултат на искуствата од двете светски војни и значително

придонесе за долготраен мир во заедницата на држави. Со текот на годините,

Европската Унија еволуираше, како што се покажа со главните чекори на европската

интеграција. Еден централен мотив остана ист низ годините- да го одржи мирот на

европскиот континент.

Задача 4: "Што значи Европската Унија за младите луѓе?" страница 13 од придружниот

материјал на ЕУ, е подготвена за елаборирање на значењето на европскиот мировен

проект.

Покрај тоа, придружниот материјал на ЕУ може да се користи за запознавање и

изучување на европските институции: Европскиот парламент (задача 5, страници 15-

16), Европскиот совет (задача 6, страници 17-18), Европската комисија (страница 19),

Европскиот суд на правдата (страница 21) и влијанието на граѓаните на Унијата

(страници 24-25).

Како подготовка, исто така, добра идеја е учениците да направат мало истражување на

институциите споменати погоре. Учениците можат однапред да истражуваат за

задачите и надлежностите на институциите (види исто така задача 7, страна 21).

EUandME:

На 9 мај 1950 година, францускиот Министер за надворешни работи Роберт Шуман во

говорот предложи создавање На Европска заедница за јаглен и челик (ЕЗЈЧ), чии членови

ќе го здружат нивното производство на јаглен и челик.

Основачите на ЕЗЈЧ (Франција, Германија, Италија, Холандија, Белгија и Луксембург) беа

првите европски земји кои ја формираа Европската Унија.

Во годината на Шумановата декларација, европските нации се’ уште се бореа да излезат

од урнатините на Втората светска војна, која заврши само пет години порано.

За да се спречат понатамошни војни, владите на некои европски земји се согласија да го

здружат производството на јаглен и челик. На овој начин, тие сакаа да направат уште

една војна меѓу Франција и Германија "не само незамислива, туку и материјално

невозможна" според текстот на Декларацијата на Шуман.

Тие со право претпоставуваа дека унија на нивните економски интереси ќе резултира со

зголемување на животниот стандард. Првиот чекор кон обединета Европа е направен.

Членството во ЕЗЈЧ беше отворено и за други земји.

Извор: Веб-страница на Европската Унија | Шумановата декларација

● никој, ниту еден граѓанин, да не биде изоставен.

Европскиот зелен договор е нашиот патоказ за одржлива економија на ЕУ. Ние ќе ја

постигнеме оваа цел гледајќи ги климатските и еколошките предизвици како можности

во сите области на политиката и правејќи ја транзицијата фер и инклузивна за сите.

Видео: Презентација на Европскиот зелен договор од претседателката на Комисијата,

Урсула фон дер Лејен, 11декември 2019

Европски зелен договор

Европскиот зелен договор е дел од шестте приоритети на Европската комисија (2019-

2024). Останатите приоритети се: "Економија во служба на луѓето", "Европа за

дигиталната ера", "Промовирање на нашиот европски начин на живот", "Посилна Европа

во светот" и "Нов поттик за демократија во Европа."

13

Извор:

Задача:

Европската Унија обезбеди неколку задачи на темите животна средина, клима и

енергија.

1. 52 чекори до позелен град

Возраст од 12-15 години и над 15 години

да се создаде дневник за мобилност кој ги наведува растојанијата (приближно во

километри) и средствата за транспорт со цел да се види колку е одржлив

транспортот.

Дневник за мобилност

автомобил јавен превоз велосипед /

скутер

пеш

Понеделник

Вторник

Среда

Четврток

Петок

Сабота

Недела

2.3. Цели за одржлив развој на ОН

На Самитот на Обединетите нации одржан од 25 до 27 септември 2015 година, беше

усвоена "Агендата за одржлив развој 2030" под насловот "Трансформирање на нашиот

свет: Агенда за одржлив развој 2030". Сите 193 земји-членки на Обединетите нации се

посветени на спроведувањето на Агендата 2030 година со 17 Цели за одржлив развој

(ЦОР) на национално, регионално и меѓународно ниво до 2030 година.

Агендата 2030 е прелиминарна кулминација на меѓународната дебата за одржлив

економски, социјален и еколошки развој што се одвива веќе некое време. Поради

својата универзална важност и поради својот холистички пристап кон развојот, кој дава

еднаков приоритет на трите димензии - економски, социјален и еколошки развој, а исто

така повикува на почитување на човековите права, владеењето на правото, добро

владеење, мир и безбедност, Агендата 2030 претставува новина.

16

17 цели за одржлив развој (Sustainable Development Goals - SDG)

Општествена одговорност на претпријатијата: создавање општествено и еколошки

одговорни компании може да доведе до поодржлив профит и раст, да отвори нови

пазарни можности и да обезбеди долгорочно создавање на вредност за

акционерите.

Преку промовирање на меѓународните правила и глобални стандарди во согласност

со Целите за одржлив развој и осигурување дека трговијата има корист за сите,

можеме да постигнеме одржлива Европа во одржлив свет.

Владеење и политичка кохерентност: владеењето на правото, демократијата и

основните права, мир, правда и силни институции, како и добро владеење и подобра

регулатива се принципите врз кои се потпираме. Сите засегнати страни – поединци,

бизниси, граѓанското општество и јавниот сектор мора да бидат вклучени.

ЕУ како глобален пионер: како најуспешен мировен проект во светот и извор на

многу од сеопфатните решенија за одржливост, ЕУ не само што го има потребниот

кредибилитет, туку има и практични пристапи кон решенијата што ги бара

одржливиот раст.

Инфо ќоше:

Целите за одржлив развој се тесно поврзани со целите на Европскиот зелен договор.

Како задача, учениците можат да ги мапираат паралелите помеѓу двата главни

проекти. Усогласени мерки на Европскиот зелен договор

Компјутери и електронски уреди:

▪ Исклучете ги екраните, активирајте го режимот на спиење на компјутерот.

▪ Исклучете ги сите уреди кои не се користат за да се избегне режим на мирување.

▪ Користете батерии за полнење.

▪ Користете лаптоп наместо десктоп компјутер бидејќи е енергетски поефикасен.

▪ Изберете производи кои имаат ознака за енергетска ефикасност.

▪ Како алтернатива на google.com, користете еколошки пребарувачи како

www.ecosia.org, која донира 80% од своите приходи на проектот за пошумување

во Бразил.

Хартија:

▪ Минимизирајте ја употребата на хартија и печатете само кога е апсолутно

неопходно.

▪ Користете само еколошки рециклирана хартија.

▪ Печатете и копирајте двострано.

▪ Можете да користите непотребни веќе испечатени страни за белешки.

▪ Користете тенки фонтови за печатење; ова може да заштеди до 30% мастило.

Кујна и исхрана:

▪ Внимавајте на пакувањето и кореистете торби наместо пластични ќеси.

▪ Користете кафе и чај кои се органски одгледувани и фер тргувани.

▪ Изберете големи производи за намалување на отпадот за пакување.

▪ Користете локални и сезонски овошја и зеленчуци.

▪ Купувајте храна и пијалоци кои се регионални, органски и соодветни за

поднебјето.

▪ Купувајте овошје и зеленчук секогаш кога можете.

▪ Побарајте биоразградлива амбалажа за производите за носење.

▪ Избегнувајте секаков вид на пластични чаши, пластични шишиња, алуминиумска

фолија, пластична фолија и стиропор кутии.

▪ Практикувајте барем еден ден во неделата зеленчук наместо месо за да ја

намалите потрошувачката на месо.

Превенција на отпадот

▪ Селектирајте отпад.

▪ Ако е можно, селектирајте органски отпад.

▪ Купувајте во торби наместо пластични ќеси.

Чистење:

▪ Користете нетоксични, биоразградливи и еко-сертифицирани производи за

чистење.

▪ Купувајте концентрати и поголеми единици за да избегнете отпад од пакување.

▪ Користете природни сапуни и памучни крпи наместо хартиени крпи.

19

Задача

Учениците можат да ги прочитаат препораките и да размислат кои од овие совети

можат да ги применат во нивниот секојдневен живот.

Тука се поставуваат важни прашања:

▪ Кои од нив се лесни за имплементација? Што е потешко?

▪ Колку е лесно да се најдат информации за производите за да се утврди колку

се одржливи?

▪ Особено кога станува збор за исхраната, евидентно е дека одржливо

произведената храна е поскапа во споредба со другите производи, со што не е

достапна за секого. Што треба да се промени за овие економски разлики да

немаат толку силно влијание врз одржливоста?

20

Прикачувања

Редакција:

Д-р Тобиас Спори, Д-р Магдалена Зеласко

Лекторирање: Глорија Димел

Консултација: Мила Јовановска

EU Youth Cinema: Green Deal

Генерален Координатор:

Association LET’S CEE Filmfestival

Mommsengasse 6/17

1040 Виена

ЕМБС: 024642345

21

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!