24.10.2014 Views

ОВДЕ - Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

ОВДЕ - Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

ОВДЕ - Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

7

III. Студиска Програма

Научно подрачје и поле: Природно-математички науки/биологија

Модули: пет модули: биологија, екологија, биосистематика, биохемија-физиологија и

молекуларна биологија.

Обем и организација на студиската програма: Докторските студии траат три

години. Докторските студии се состојат од обука за истражување и изработка на

докторската дисертација. Обуката за истражување опфаќа предмети за стекнување на

генерички и напредни знаења од методологијата на истражувањето, како и предмети од

подрачјето, полето на истражување, како и специфични предмети од потесната област

на истражувањето. Изработката на докторската дисертација опфаќа: подоготвка на тезa

- оригинално истражување од областа; пријавување на тезa и нејзина одбрана; работа

на дисертацијата; поднесување извештаи за прогресот во работата; оценка на

дисертацијата и јавна одбрана на дисертацијата.

Јазик на изведување на наставата: Македонски.

Задолжителни и изборни активности: (семинари, конференции, трибини и сл.):

Постои можност да се заменат кредитите од работилница за истражувачка практика со

учество на научни конференции со реферат.

Структура на студиите, динамика на студирање и обврски на студентите:

Студиите траат шест семестри. Во првите два семестри студентите посетуваат настава

и ги полагаат задолжителните и изборните предмети. Кон крајот на вториот семестар,

студентот започнува со припрема на предлогот за докторската теза, како и

прелиминарните истражувања кои опфаќаат тестирање на методите и техниките. Во

текот на третиот семестар, студентот ја поднесува пријавата на темата за докторската

дисертација. По одобрувањето на темата, студентот започнува со своите истражувања.

Кон крајот на секој семестар, почнувајќи од вториот, предвидени се задолжителни

семинари и работилници на кои студентот ќе ги презентира своите резултати и

напредокот во сопствените истражувања. Воедно на крајот на учебната година

студентот, задолжително доставува извештај за реализираните активности во однос на

дисертацијата. Запишувањето на семестрите е поврзано со реализираните активности

согласно наставна програма.

Можност за организирање вонредни студии: Се очекува да дел од студентите бидат

во постојан работен однос, поради што наставата по задолжителните и изборните

предмети ќе се одвива во текот на попладневните часови и во текот на викендите. Во

случаи да одреден предмет биде избран од помалку од 5 студенти, тогаш наставата ќе

се одвива со консултации (менторски систем).

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!