21.01.2015 Aufrufe

Univerzitet "Sv. Kiril i Metodij" - Skopje Filozofski fakultet Institut za ...

Univerzitet "Sv. Kiril i Metodij" - Skopje Filozofski fakultet Institut za ...

Univerzitet "Sv. Kiril i Metodij" - Skopje Filozofski fakultet Institut za ...

MEHR ANZEIGEN
WENIGER ANZEIGEN

Sie wollen auch ein ePaper? Erhöhen Sie die Reichweite Ihrer Titel.

YUMPU macht aus Druck-PDFs automatisch weboptimierte ePaper, die Google liebt.

Univerzitet "Sv. Kiril i Metodij" - Skopje

Filozofski fakultet

Institut za defektologija

Predmet: Medicinski osnovi na invalidnosta 1

Tema: Lipidozi

Mentor:

Doc. d-r. Vladimir Trajkovski

Izrabotil:

Nata{a Levkoska

Dekemvri 2005, Skopje

S O D R @ I N A :

Вовед....................................................................................................................................... 3

Лизозомални ензими, функција и нивно нарушување ....................................... ...4

Превенција ............................................................................................................... 6

Дијагнозата овозможува високо ­ ризичните парови да знаат дали плодот е

здрав или заразен .................................................................................................... 7

Харлеров синдром............................................................................................................... 8

Помпеова болест................................................................................................................. .9

Гошерова болест ................................................................................................................ 10

Крабеова болест................................................................................................................. 11

Ниман – Пикова болест..................................................................................................... 12

Заклучок .............................................................................................................................. 12

Користена литература ...................................................................................................... 13

2

V O V E D

Малите растројства во клетките се предизвикани од мали и ситни органели –

лизозоми, наречени уште и „клеточен дигестивен систем“. Лизозомалната функција

е зависна од присуството на лизозомалните ензимите. Ензимите се биолошки

катализатори кои ги носат речиси сите хемиски реакции во телото. На еден начин,

тие се “алати“ кои телото ги користи за изведување на сите метаболички активности

и добивање на метаболни продукти. Тие се класифицирани примарно според

нивната функција, а лизозомалните ензими се класирани во групата на хидролази,

деградациони ензими за разградба на разни супстрати ­ масти, протеини и

јаглехидрати. Ензимите можат да се одликуваат со:

· Ниска специфичност –делуваат на повеќе различни групи на супстрати;

· Групна специфичност – само на една група на слични супстрати;

· Апсолутна специфичност – дејство исклучиво на еден супстрат;

· Оптичка и конформациона специфичност;

Различните видови на лизозмалните ензими спаѓаат во различни групи од

горенаведените, но заедничка карактеристика им е тоа што делуваат само во

присуство на вода. Ако овие деградирачки ензими случајно се најдат во

цитоплазмата (над 90% вода) може да настане оштетување само на некој дел од

клетката меѓутоа главно настанува иреверзибилна автолиза на клетката (1).

3

Лизозомални ензими, функција и nivno нарушување

Ензимите се различни видови на протеини. Нивната функција е да ги

катализираат сите хемиски реакции во телото. Ензимот е долг ланец на аминокиселини

кои се наоѓаат во точен, прецизен ред наречен аминокиселинска секвенца.

Поради различната наелектризираност на аминокиселинските остатоци, во самата

верига доаѓа до поврзување на одредени нејзини делови со помош на електростатски

сили во случајов, но ова поврзување е можно и со водородни, хидрофобни,

дисулфидни и други видови на врски. Како резултат на тоа, аминокиселините во

составот на ензимот се врзуваат една за друга предизвикувајќи свиткување на

ланецот и формираат тридимензионална форма т.е добиваат специфична и уникатна

конфирмација која овозможува правилна положба на ензимот при неговото делување

врз субстратот. Било каква промена во обликот на ензимите, предизвикува тие лесно

да ја изгубат својата улога и да станат неактивни, поради што е оневозможено

формирањето на ензим­супстрат активиран комплекс т.е ензимски катализираната

реакција станува оневозможена. Ако некој од лизозомските ензими не бил

синтетизиран или е синтетизиран со оштетување (присутна абнормалност во

градбата), супстратот врз кој лизозомалниот ензим треба да делува нема да се

разгради и ќе се акумулира во лизозомите. Ако лизозомите станат преблокирани со

вакви супстрати, настанува акумулација и по појава на првите маси оштетени клетки,

кај пациентот започнуваат да се јавуваат симптоми.

Поради оштетувањата на ниво на ензими, сите лизозомските болести се

биохемиски слични, но клинички тие можат да бидат многу различни. На пример, кај

некои болести, острите невролошки проблеми се главни, додека пак кај други,

4

скелетните неправилности се главниот проблем. Некои пациенти умираат во раното

детство, некои во периодот на адолесценција, други живеат сосема нормален живот.

Некои, краткиот век на живеење несвесно го поминуваат со луѓето и настаните околу

нив, наспроти оние кои живеат долго и кои имаат поголеми проблеми од различен

аспект како психички и емоциенални проблеми, а исто така имаат и поактивен живот.

Причината за овие разлики лежи во штетата предизвикана од акумулацијата,

односно од тоа каде таа е најизразена. На пример, мозокот и нервниот систем се

богати со липиди. Ако телото се ослободи од овие масти, нервниот систем сериозно

ја смалува својата функција, додека пак, органите со малку липиди ( коските на

пример ) се поштедуваат. Во друга рака, сврзното ткиво, кое пак му помага на телото

т.е. на органите, да останат заедно, е богато со јаглехидрати. Ако дојде до

нарушување на количината на јаглехидратите во телото, може да дојде до сериозни

скелетни заболувања.(2)

Што може да предизвика лизозомска болест(3)

Тип на болест Дефектен ензим Супстрат кој се акумулира

5

Од поодамна, се знае дека лизозомалните болеси (сите горенаведени) се вродени

дефекти, генетски наследни од родителите на децата.

Превенција

Сеуште нема лек за некоја од овие лизозомски болести иако се направени голем

број на интервенции и обиди за изнаоѓање решение. Еден од ефективните начини за

борба против болеста е т.н. терапија за замена на ензимите. Направени се напори за

заменување на ензимите кои недостигаат со пресадување на нормални органи кои ќе

6

произведуваат ензими со што ќе се подобри функционалноста на организмот или пак

со замена на генот што не функционира со што телото ќе се снабдува со сопствен

ензим.

Превенцијата е можна доколку носителот на болеста оди редовно на скенирања

со што може да се заштитат луѓето од преносливата болест, а преку тоа, исто така,

може да се идентификуваат оние кои се носители на овие заболувања.За Тај ­

Sa{ова болест, детекцијата е возможена од 1971 година. Ова е пред се овозможено

заради тоа што : оваа болест обично ја зафаќа одредена, мала популација; со

едноставен тест може да се идентификуваат носителите; овозможува превземање

мерки кај брачните двојки забоелни од оваа болест се со цел нивните деца да не

бидат заразени. Со овие три критериуми на носителот на болеста му се овозможува

заштита, но и пред се заштита на популацијата, се со цел да се намали бројот во

иднина.

До 1988 година се скенирани повеќе од 600.000 волонтери кои се обиделе да

се заштитат. Илјадници носители на болеста се откриени и идентификувани, стотици

заразени двојки се идентификувани и стотици трагедии се спречени. Најважно од

сево ова е дека стотици деца се донесени здрави на овој свет пред се поради

навремените испитувања и изложувањето на превенција.(2)

Дијагнозата овозможува високо ­ ризичните парови

да знаат дали плодот е здрав или заразен

Најчесто се испитува во 16­тата недела од бременоста, со помош на

амниоцентеза ­(сo става еден вид на игла во утерусот, низ абдоминалниот ѕид, преку

7

која се вади околу една унца ( 28, 349 грама ) амино флуид кој го опкружува фетусот.

Со вадењето на ликвидот и навремено тестирање може да се дојде до резултати.

Всушност, брзината со која ќе се знае дали има зараза или не зависи од самата

јачина на болеста. Резултатите некогаш се готови од 24 до 48 часа зависно од

тестирањето, т.е. доколку се делува веднаш на флуидот. Но исто така, штом флуидот

се извади можно е да се стави во посебни марами каде што ќе биде набљудуван со

недели се со цел да се зголемат ќелиите за да се изврши тестирањето. На крај, со

овој метод резултатите се добиваат од 16тата до 20тата недела од бременоста.

Во поново време е оформен нов метод со кој се врши тестирање директно на

плацентата. Се зема мал дел од самата плацента преку половиот орган на жената.

Овој метод има предности за разлика од предходниот и

тоа : може да се изведе во

10тата недела од бременоста и пристапување кон испитувањето веднаш, без чекање

да се развијат ќелиите.(2)

Преваленција на липидозите

Hurler­ov sindrom

Ретка херидитарна и конгенитална метаболичка болест со карактеристики на

џуџест раст, груби црти на лицето, заматување на корнеата, хипертелоризам, широк

булбозен нос, широки дланки, вкочанети зглобови, хепатоспленомегалија,

сензоневрална глувост, протузиран јазик, кифоза, широка карлица, умбиликална и

ингвинална хернија, ментална ретардација, ангина пекторис и чести инфекции на

градите. (сл.1)

8

Инфантилната форма започнува од 6 до 12 месеци. Инциденцијата е 1 : 10 000

за двата пола и заболените од овој синдром најчесто умираат пред да наполнат 10

години поради срцеви и респираторни инфекции. Се наследува автосомно

рецесивно. (3)

Hurler синдром

(sl.1)

Помпеова болест или тип 2 гликоген, е една од 49 – те познати лизозомни

пореметувања и е причинето од дефицит и комплетен недостаток на ензимот

наречен ацид – алфа 1,4 – гликозидаза. Ако овој ензим не ја извршува својата

функција, гликогенот се таложи во телесните клетки и предизвикува оштетување на

мускулите. Сите 3 форми на болеста имаат заеднички симптоми на мускулна

слабост. Болеста се развива различно во зависност од тоа колку рано ќе започне :

­ Инфантилна форма – обично се појавува во првите неколку месеци од животот.

Доенчето е слабо и има проблеми со држење на главата исправено. Болеста се

развива рапидно и децата обично умираат од срцеви слабости и пореметувања во

респираторниот систем, и тоа пред нивниот прв роденден.

9

­ Возрасна форма – симптомите како што се одењето или качувањето по скали

бавно напредуваат со тек на годините. Во овој период помпеовата болест се случува

да биде поистоветувана со некои други хронично мускулни заболувања како што е

мултиплата склероза. (3)

Sl. 2

Gaucher-ова болест е автосомно рецесивно заболување со нарушен метаболизам

на гликоцереброзиди. Се разликуваат:

· акутна - инфантилна форма која е инкомпатибилна со живот и децата брзо

умираат и

· хронична или адултна форма, компатибилна со живот чија патогенеза се

одликува со болки вокоските со патолошки фрактури (сл.3.)

Sl.3

10

· Жолто­темна боја на кожата на отворени делови од телото. Анемија,

спленомегалија, лимфаденоипатија, пингвекули на склерите.

Дијагноза примарно се поставува врз основа на клиничката слика со наод на

Гошерови клетки во пунктат од коскена срцевина (сл.4)

Сл.4

Krabbe – ова болест

Е дегенеративна болест на CNS, во доенечкиот период и се должи на

недостаток на ензимот галактоцереброзидаза, па настанува таложење на

галактоцереброзиди во ткивата. Болеста се јавува во првите месеци од животот и се

карактеризира со хиперрефлексија, иритабилност и во последната фаза –

хипотонија. Има изразено слепило, глувост и ментална ретардација и леталноста

настапува по две години од раѓањето.

11

Niemann – Pick – ова болест

Доенчињата со овој синдром се карактеризираат со

хепатомегалија, црвена дамка ва макулата на окото,

катаракта и заостанат развој. Носитерлите на овој

синдром живеат најмногу до 4 годишна возраст. Оваа

болест е почеста кај евреите. (сл.5)

Сл.5

З А К Л У Ч О К

Доколку дојде до било каква промена на обликот на ензимите, тие можат да

станат неактивни. Ако некои од лизозомските ензими не бил синтетизиран,

супстратот, врз кои треба да делува лизозомалниот ензим, нема да се разгради и ќе

почнат кај пациентот да се појавуваат првите симптоми. Во последните 15 години

откриено е дека, постоење на абнормалности или чест дефицит на некој

лизозомален ензим, предизвикува специфична болест за секој ензим поединечно.

Овае е научно потврдено за околу 50­тина вакви познати болести.

12

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА :

­ S. Xekova - Stojkova, Biohemija univerzitet Sv. Kiril i Metodij skopje 1999

199-208 str. (1)

­ Artur Robinson, Mery G. Linden, Klinical Genetic,Boston;Oxford 1993 (2)

­ http://www.lysomed.be/images/disease/MPS­I_PhotoHurler.jpg ( 3)

­ http://www.glycoforum.gr.jp/science/word/glycopathology/GD­A05E.html

­ http://www.md.huji.ac.il/mirror/webpath/PERI022.jpg

­ http://www.molmed.lu.se/images/gaucher­cell.jpg

­ http://www.lysosomalleaming.com/images/disease/ph_disease_lagheadfloppybaby.jpg

13

Hurra! Ihre Datei wurde hochgeladen und ist bereit für die Veröffentlichung.

Erfolgreich gespeichert!

Leider ist etwas schief gelaufen!